Goce Ristovski: Poetska prestolnina na svetot

Page 63

СВП 50 - ГОДИНИ 124

креативен подвижник на поетите од целиот свет

125 СВП 50 - ГОДИНИ

ЈАС ПАК ЌЕ ДОЈДАМ ВО СТРУГА Годините си се тркалаат една по друга Повторувајќи го својот поранешен пат... Јае пак ќе дојдам во Струга. Можеби некогаш јас ќе дојдам пак во овој тивок кат...

ЖЕНА ВО ИВЕРНАЖОТ Се прелева чашата во ноќта. Истура пороен дожд. Ноќ и дожд. Дожд и ноќ. Ивернаж. И една жена сама во ноќта и ивернажот Под далечниот татнеж на там-тамите змијулесто се извива на дождот како во прегратки на маж. Една жена во ноќната стара и чкрипава кола, една жена од бучавата на дождот пробудена, една жена од радост излудена танцува во ноќта, на дождот, сама и гола. А, дождот врне како лекување на тешки рани, како ослободување од темни сили и страсти, врие како шепотење, како милување: Стани! Расти! Дожд врие и нема крај на овој ивернаж, додека жената змијулесто се извива на дождот како во прегратка на маж, Дожд врие и чудни приказни плете, како раѓање и плач на прво дете. Ацо Шопов

Кој еднаш дошол во Струга на

„Струш­ките вечери на поезија“, кој во утро рано се измил со езерските води заплиснат од огнената топка што се шета по сртот на планин­ ската убавица Галичица, кој на­пла­ дне ја почувствувал свежината на бе­лите пени на истекот на Дрим од Ох­ридско Езеро, кој барем за миг ги загубил своите човечки неспо­ којства загледан во бескрајната шир на белото езеро и кој навечер стапнал на поетскиот мост - пак ќе дојде. Роберт Рождественски, пр­ виот добитник на „Златниот ве­ нец“ ја напиша сентименталната песна Јас пак ќе дојдам во Струга, каде Весели, поетите ги пишуваат свои­те стихови тажни.

И тогаш ќе се почувствувам пак како нежно-нежно Ми паѓа на дланка да го љубам Оној миг што ми останува навистина и вистински убав... Светлината што ги плиска далечините, На овие простори појавувањето, На оваа земја запознавањето Пронаоѓањето на планините, Оддалечувањето на границите И вечноста на штотуку родените И древноста на ѕидините И пеењето на птиците... Тешко е тоа да се заборави. Тоа И не смее да се заборави!... Туку јас во Струга дали навистина пак ќе дојдам? Најверојатно, тоа ќе биде така: Таму, по уличките мали, тишината веќе зела Да броди по ноќната мрака. Над проѕирниот Црн Дрим Почнала да свети полна Месечина, бела. Таму реката Ги внесува во летото Од ѕвездите Лушпите и латиците влажни. Таму, Весели, поетите Ги пишуваат Своите стихови тажни. Роберт Рождественски, Русија


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.