Goce Ristovski: Poetska prestolnina na svetot

Page 6

СВП 50 - ГОДИНИ 10

ветената земја поетска Течат стихови во Струга како водите на Дримот.

„За да се зачуваш ти, биди тек! Течење биди ти над нештата. Течење биди ти под поврвноста. Водата, од којашто животот е дојден“ - како што вели во песната, вдахновен од оваа вода во незапирлив тек, бугарскиот поет Љубомир Левчев, добитник на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ во 2010 година.

ЦРН ДРИМ Изворот ти го бакнувам, Црн Дрим, Облаците - двојници пливаат таму и се молат. Стеблата на легендите растат пругоре и прудолу. И ти си слегуваш од небото, А бликотиш од земјата, Црн Дрим. Како ли да ја приложам твојата замисла неисполнива? Пред да се помолам јас, ти веќе си се влеал Во целокупноста на охридскиот кристал. И само во потсвеста моја единствено на ум Ми бие срцето на Свети Наум. Клокотат изворите студени и темни: - За да се зачуваш ти, биди тек! Течење биди ти над нештата. Течење биди ти под поврвноста. Водата, од којашто животот е дојден. Следата, по којашто смртта е дојдена. Течење биди. Биди сега, биди тогаш, Кога и на котва ако те распнат, Синџирите ти ќе ги прегризеш, проклетството, дното И пак ќе воскреснеш под мостовите на Струга. Сè истиот во една епоха веќе друга. (1993) Љубомир Левчев, Бугарија

Еден таков еминентен собир на поети од разни земји што дојдоа во прекрасната

Струга за да ја искажат својата лирска порака до современиот свет, навистина претставува една од најбитните манифестации за збратимувањето меѓу луѓето. Тоа збратимување во Струга станува по најнепосреден пат - со директно ка­ жување на најинтимните чувства вплетени во стихови. За неколку години, длабоко сум уверен во тоа, Струга ќе стане центар на најголемата поетска манифестација на земјината топка. Сум учествувал на голем број поетски манифестации во светот, но ми се чини дека за Струга најмногу би се оправдал епитетот „Вечен град на поезијата - ќе рече Ѓерѓ Шомљо, поет од Унгарија На струшките мостови се плетат зборовни тантели на многубројни свет­ ски јазици и се бојадисуваат нишките стихови во боите на виножитото, тој волшебен мост меѓу земјата и небото, и се испраќаат со кајчиња книжевни дури

11 СВП 50 - ГОДИНИ

до Сарагското Море, по патот на јагулата. Јагулата е граблива риба со змијулесто тело, долга околу еден и пол метар, има шилеста глава, ситни крлушки во ли­ гавата кожа. Црна е по боја, живее во Охридско Езеро во Бел Дрим и во Црн Дрим. Кога ќе созрее полово, заминува преку Црн Дрим, во близина на Мексиканскиот Залив, каде што ги остава своите ларви. По три години ларвите стигнуваат до европското копно. Женките продолжуваат низводно по реките во внатрешноста на копното, а мажјаците остануваат во морето, кај устијата на реките. По патот на јагулата, како своевидни поетски посланија - за тоа што било, за ова што е и за тоа што ќе биде - патуваат поетските воздишки. Чуден е патот на песната, како и патот на јагулата: од каде тргнува, каде запира и до каде втасува. Од Андите дури до Македонија, Со голем коњ, Испански од Ински Камен, и застанува во Струга, каде што зборува светот на поетскиот јазик, како што испеа Рут Карденас од Боливија, 1994 година, на 32. година на СВП. ОД АНДИТЕ ДО МАКЕДОНИЈА Поканета од тишината слегов од Андите до Македонија. Со голем коњ Испански од Ински камен изминав, изминувајќи се себе, ветар и шума, и застанав во Струга да чујам како зборува светот на поетскиот јазик. Нејзиниот древен јазик од 32 години, најпрвин многузвучно одговара: живот! наместо смртта што ја опколува границата... Заслепена од оваа светлост вечно ореолна - Се соземам себеси Ја тресам од себе Правта од долгото патување, Го топам во Охридско Езеро мојот таинствен плач а веќе гола од сенки, лесна како ништо, поткрепена од саканата рака се сместувам ведра во изрежаните лица на нејзините горди луѓе, уверена дека мојата болка овде ќе биде песна. Струга, 27 август 1994 Рут Карденас, Боливија


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.