Goce Ristovski: Poetska prestolnina na svetot

Page 32

СВП 50 - ГОДИНИ 62

ти си ми езеро икона Во 1963 година „Струшките вечери на поезијата“ ја збогатија својата програма

со нови содржини и се зголеми бројот на учесниците. Фестивалот е одржан од 27 септември до први октомври, со учество на 48 поети и критичари од сите републики на некогашна Југославија. За првпат во програмата беше организирана тематска вечер: Простори и неспокојства на која настапија поети од Македонија со необјавени песни. Организирано е и литературно утро на кое учествуваа писатели за деца од Македонија и од другите републики. На завршната вечер се доделени три награди за најдобри необјавени песни, за првпат прочитани на „Струшките вечери на поезијата“, и една награда на публиката - кажува Стрезовски. Манифестацијата продолжила со настап на учесниците на литератур­ ното читање во разурнатото Скопје, што само два месеца пред одржувањето на СВП беше погодено од катастрофалниот земјотрес, За Скопје во 1963 година Луси Албертини од Франција испеа песна.

ТЕКОВИ

Скопје 1963

Кога земјата се тресе, Часовникот запира Потресот го приковува часот, Земјата се движи, земјата се отвора. Живиот се вкочанува Вон секое траење. Времето испипува И се запира, Облаците во оро, флуиден морски валс, Животот се сонува Животот се пробдејува. А едно утро, Обло или чудно, Во својата граѓа, животот Си го вклучува тресењето. Белеј, 1963 Луси Албертини , Франција

63 СВП 50 - ГОДИНИ


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.