Goce Ristovski: Poetska prestolnina na svetot

Page 30

СВП 50 - ГОДИНИ 58

струга е волшебното име на Според евиденцијата на Ј. Стрезовски, досега на „Струшките вечери на пое­

зи­јата“ учествуваа неколку илјади поети, есеисти, литературни критичари и научници од областа на литературата од следните земји: Австралија, Австрија, Азербејџан, Албанија, Алжир, Ангола, Аргентина, Бангладеж, Бахреин, Белгија, Белорусија, Боливија, Босна и Херцеговина, Бразил, Велика Британија, Бугарија, Венецуела, Виетанам, Габон, Гана, Гвинеја, Грција, Германија, Данска, Египет, Ерменија, Естонија, Етиопија, Заир, Зам6ија, Изреал, Индија, Ирак, Иран, Ирска, Исланд, Италија, Јапонија, Јордан, Југославија, Јужна Кореја, Казахстан, Кариби, Канада, Кина, Кипар, Колумбија, Конго, Косово, Куба, Кувајт, Латвија, Летонија, Либан, Либија, Луксембург, Малта, Малезија, Мароко, Маурициус, Молдавија, Монголија, Непал, Нигерија, Нов Зеланд, Норвешка, Пакистан, Палестина, Перу, Полска, Португалија, Порторико, Романија, Русија, САД, Салвадор, Сан Марино, Сенегал, Северна Кореја. Сирија, Панама, Словачка, Словенија, Србија, СССР, Судан, Тајланд, Таџикистан, Тунис, Турција, Украина, Уругвај, Унгарија, Филипини, Финска, Франција, Хаити, Холандија, Хондурас, Хрватска, Црна Гора,Ч ешка, Чиле, Швајцарија, Шведска, Шкотска, Шпанија. Многу поети од овие земји и по неколу пати учествувале на „Струшките вечери на поезијата“. На фестивалот се претставени избори од современата поезија на: Италија, Полска, СССР, Романија, Чиле, САД, ОАР, Финска, Алжир, Палестина, Унгарија, Индија, Грција, Франција, Австрија, Венцуела, Чехословачка, Египет, Кина, Австралија, Шведска, Белгија, Англија, Швајцарија, Луксембург, Германија, Данска, Албанија, Кореја, Шпанија, Бугарија, Русија, Португалија, Мароко, Индија, Холандија, Изреал, Кариби, Турција, Украина, Норвешка, Азербејџан, Бахреин, Гвинеја, Индонезија, Југославија, Кувајт, Малави, Мексико, Мозамбик, Палестина, Панама, Перу, Тајван, Узбекистан, Чехословачка. Издадени се и посебни антологии на овие поезии на македонски јазик. Меѓународното признание, наградата „Златен венец“ се доделува на меѓународниот поетски митинг Мостови на истекот на реката Црн Дрим пред повеќеилјадна публика.

поезијата Откако дојдов првпат во Струга во да­

лечната 1984 година, станав зависник од овој град, како наркоманите од дрога. Секогаш нагласувам дека СВП е најдобар од сите фестивали во светот. Затоа, кога ми рекоа да ја прочитам пораката до све­ тот, имав можност тоа што го чувствував за Македонија да го пренесам и на ваши­ от народ. Реков дека Струга е волшебно­ то име на поезијата - се довери поетот Хусто Хорхе Падрон од Шпанија. При „Струшките вечери на пое­ зијата“ постои Меѓународна поетска библиотека со книги од сите досегашни учесници со нивна посвета на библио­ теката. Фондот на оваа библиотека секоја година се зголемува со подарување дела од учесниците. Струшките вечери на поезијата во текот на овие години создадоа значајна документација за меѓународниот поет­ ски архив: книги, ракописи, фотографии, филмови, магнетофонски ленти што му се достапни на секој научен истражувач во оваа област и на секој љубител на поезијата. „Струшките вечери на поезијата“ секоја година издаваат репрезентативни книги поезија од добитникот на награ­ дата „Златен венец“ во оригинал и во препев на македонски јазик, како и ан­ тологии на земјите учеснички кои се претставуваат на посебна вечер на фестивалот.

59 СВП 50 - ГОДИНИ


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.