Goce Ristovski: Poetska prestolnina na svetot

Page 145

СВП 50 - ГОДИНИ 288

политичко единство на европа врз нејзината културна димензија 2004 златен венец

Струга и на кој настапија поети од Македонија во знак на поддршка на Струга. Она што беше завршен дел во Струга беше продолжение на она што се случуваше претходние денови. Почна со собирот на стружани пред Домот на по­ езијата кога со свеќи во рацете, фестивалскиот оган и Т’га за југ го означија почетокот на фестивалот. Имаше поетски читања и митинзи, но се дебатираше и на тема Струга, от­ пор, поезија. Она што беше дел од официјалната верзија на СВП кои во своето 43. издание се случуваа во Скопје и Охрид беше традиционалното чествување на добитникот на „Златниот венец“ на СВП во катедралната црква Св. Софија во Охрид каде што се одржа портретот на лауреатот, пор­ тугалскиот поет Васко Граса Моура. Средба со лауреатот Васко Граса Моура се одржа во хотелот Инекс Горица во Охрид и чествување за Пабло Неруда, по повод 100-годиш­ нината од раѓањето, во галеријата Уранија во Охрид. Меѓународниот поетски митинг Мостови се одржа на Камениот мост во Скопје, каде беа врачени наградите „Златен венец“, на Васко Граса Моура и наградата „Мостови на Струга“ на Ангело В. Суарез од Филипини, што се додели за првпат. Како резултат на иницијативата што произлегува од заедничката коминике помеѓу Министерството за култура на Република Македонија и УНЕСКО, потпишано во 2003 година, меѓу другото е востановена и нова награда „Мостови на Струга“. Оваа награда се доделува за најдобра дебитант­ ска книга на млад поет од целиот свет. Наградата се доделува по јавен конкурс што го распишуваат СВП, и кој е дистри­ буиран преку националните комисии на УНЕСКО во земји­ те членки. Избор од поезијата на добитникот на наградата, како на сите учесници на конкурсот се објавуваат во посеб­ ниот поетски избор Мостови, што се објавува мултилинг­ вално: на мајчиниот јазик на поетот, на македонски јазик и на еден светски јазик. Веројатно единствената вистинита работа што може да се каже за поезијата е дека секогаш имплицира вид интимност со неш­ то друго. Нешто тешко описливо, но може да се смета како различна форма на спознанието на животот и на смртта; на мис­теријата над нив; Зона на самракот на човековата состојба која не може поинаку да се допре или изрази. Да, знаеме дека и усмената и пишаната поезија можат да постојат низ секакви околности: војна и мир, мистицизам и размисла, живот и смрт, страст и љубов, презир и омраза, бајки, дури и детски песни - рече Васко Граса Моура по добивањето на венецот. Ќе кажам само две-три реченици што се малку повеќе опти­ мистички. Имено, таа вавилонска победа не може лесно да се добие. Затоа, мислам дека поетите мораат и натаму да се состануваат на „Струшките вечери на поезијата“ за да биде целосна таа победа - потенцира венценосецот Миодраг Павловиќ од Србија.

Васко Граса Моура

Роден е во Порто на 3. 1. 1942 година, а живеел во Фоз до Доуро до 1954, кога неговото семејство се сели и останува да живее во Матозињос. Студирал на колеџот Бротеро и дипломирал право во 1966 година, за потоа да работи како адвокат во своето родно место во текот на неколку години. Поет, раскажувач, есеист, дра­матург, хроничар, преведувач. Во својство на Др­ жа­вен секретар, бил дел од IV и VI преодна влада (1975). Бил директор на програмите на РТП (1978), ад­министратор и одговорен уредник на националната куќа на печатот - Каза да Моеда (1979-1988), комесар на Португалија за Универзалната изложба на Севилја 92 (1988), генерален комесар за Прославите на португалските откритија (1988-1995) и директор на Одделот библиотеки и унапредување на читањето на фондацијата Гулбенкјан (1999). Како поет, ќе прослави со книгата Модус што ќе менува (1963), по која следеа, меѓу остана­ тите, Англиска седмица (1965), Декември и други песни (1976), Рецитативи (1911), Инструменти за меланхолијата (1980), Концерт во поле (1993), Семејни сонети (1995), Песни со личности (1997), Тестамент на вгм (2001). Како раска­ жувач ги објавил: Четири последни песни (1987), Бродолом на Сепулведа (1988), Заминувањето на Софонизба во шест и дванаесет наутро (1993), Смртта на Никој (1998), Љубов моја, ноќе беше (2001). Како есеист, ги објавил книгите: Луис де Камоеш: неколку предизвици (1980), Повеќе гласови (1987), Портрети на Изабел у други обиди (1994). Освен тоа, објавил и две пиеси: Смена на момчињата на удар (1987) и Актот на Мофино Мендес (1994); еден дневник: Проживеани околности (1995); три книги хроники: Хартии од дневник (1997), Против Бернардо Соареш и други опсервации (1999) и Страници од Порто (2001); и една книга за деца: Чизмите на наредникот (2001). Како преведувач, Васко Граса Моура ги има преведено, меѓу останатите, Шекспир, Рилке, Гарсија Лорка, Волтер Бенјамин и Нов живот и Божествената комедија од Данте Алигиери. За последната ја има добиено наградата Песоа во 1995 година.

289 СВП 50 - ГОДИНИ


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.