Goce Ristovski: Poetska prestolnina na svetot

Page 137

поезијата секогаш победува

СВП 50 - ГОДИНИ 272

273 СВП 50 - ГОДИНИ

Награда „Браќа Миладиновци“ 2000

Славе Ѓорго Димоски

Роден е во с. Велестово, Охридско, во 1959 г. Поет, есеист, преве­ду­вач. Гимназија завр­ шил во Охрид, а Филолошки фа­култет во Скопје. Ра­боти како професор по ли­­тература. Поетската реч на Славе Ѓорго Ди­мо­ски се одликува со рази­ гра­на имагинација и пре­финетост на раздипле­ ната мисла, со допад­ли­ва анимација на фантази­ јата за раскошна слобода на експресијата. При­ мер е на творец со животворен допир до збо­рот. Фе­номен е на природно пеење и мис­ле­ње. Прет­ се­дател е на Уп­рав­ниот одбор на СВП. Дела: Сти­ хо­збирки: Гра­ви­ри, 1979; Проект, 1982; Студен по­рив, 1985; Последните ракописи, 1988; Спо­ ре­ден пат, 1991; Предмети и аргументи, 1994; Форми на страста, 1999; Темно место, 1999; Мерач на зборовите, 2007; книги за деца: Алиса, 1989; Кристален сон, 1990; Збороигри, 1991; Стихотека, 2000; избори: Брод од пареа, 1991 и Мај­ чин јазик (на руски, Москва, 1996).

ТЕМНО МЕСТО Слегов Долу. Долу е темно место. Господине, имате ли Пламен! Госпоѓо, имате ли Ветар! Долу е Господ. Дреме како буф. Господине, имате ли Господ! А Вие Госпоѓо - Девица Марија! Слегов меѓу Овидие и Данте. Господине, Вие ли сте Река! Госпоѓо, имате ли Вода! Ја изгубив сопствената ноќ. Господине, имате ли Планина! Госпоѓо, донесете ми Коњ! Славе Ѓорго Димоски

Во 1976 година дојдов првпат во Струга и сум многу импресиониран од важноста која

им се дава на поетите. Пред да дојдам во Струга, бев навикнат да бидам затворен, повлечен поет. Струга значеше пресвртница во мојот живот. Сум се обидел да ја по­ пуларизирам Струга на најразлични начини и на разни поетски манифестации и фестивали во светот. Сега работам на пет македонски поети и раскажувачи, што ќе ги претставам во посебен број на списанието Град - Куртурал Ревиев, посветен на СВП, а заедно со Томе Момировски подготвувам обемна и сеопфатна антологија на маке­ донската литература - се пофали Стенли Баркан од САД Она што некогаш беше несопирлива желба, веќе е стварност. Дојдов во градот на поезијата да го прочитам она што како поет го чувствувам, кон човекот воопшто. Прочитав песна на волшебниот мост на поезијата и се најдов над брановите на Дрим што пенливо тече во сите води на светот за да ја разнесе пораката на оваа зближувачка манифестација на сите народи на светот. Мошне сум импресиониран од љубезноста на граѓаните и од срдечноста на новите пријатели. Се уверив дека во деновите на СВП оваа убава земја живее со овие поетски средби. Моите впечатоци остануваат длабоко всадени во моето постоење - се исповеда полскиот поетот Мирон Бјалошевски. „Струшките вечери на поезијата“ во 2001 година одбележаа 40-годишен јубилеј. По тој повод, Братислав Ташковски, претседател на Управниот одбор на СВП напиша:

Со сигурност, временскиот период стегнат во четирите децении е мал за освојување

на иднината, но за Македонија, македонскиот народ, јазик и култура, ова е можеби најважниот дел од нејзиното етаблирање како држава и култура меѓу државите и кул­ турите. Се покажа дека литературата како стратешка гранка од македонската култура е спасителка на нашето постоење како дух и творечки гениј. Поезијата особено, бидејќи, таа на себе ја презеде најголемата тежина. Убеден сум дека иднината на нашата култура, токму на поезијата ќе ў отстапи најголем простор во идното оформување на македон­ ската Златна книга на постоењето. Токму на тие релации, токму во таа возвишеност, денес се сеќаваме на херојските почетоци на „Струшките вечери на поезијата“ и должни сме да им изразиме голема почит и благодарност на оние македонски поети кои во


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.