Goce Ristovski: Poetska prestolnina na svetot

Page 121

СВП 50 - ГОДИНИ 240

бев принуден на бис да читам до замалување На „Струшките вечери на поезијата“ во 1992 италијанскиот поет Бруно Ромби испрати Поетско послание од Струга до поетите во светот. Добитникот на „Златниот венец“ засади дрво во Паркот на поезијата. Пред отворањето на манифестацијата учесниците го посетија Охрид. Лауреатот Ференц Јухас, од името на учесниците на СВП му предаде апел на претседателот Киро Глигоров упатен до Мировната организација во Лондон за признавање на Македонија.

1992

златен венец Ференц Јухас

Роден во Биа, Унгарија, на 16. 8. 1928 г. Еден од најголемите унгарски и европски поети на 20 век. Првата поетска збирка Крилатиот пастув ја објавил во 1949, а потоа Татко ми (1950) и Расипничка држава (1954). Неговите први десетина поетски книги во периодот (1946 до 1970) се издадени во два тома под наслов Љубовта на Вселената. Потоа бил објавен нов избор во два тома Момчето што се преобрази во елен (1971) и Порта на тајната (1972). Книгата Златниот меч на спа­ сот е објавена во 1973. Дела: Мртвиот кос (најголем унгарски еп, 1985); Црниот орелски крал (1988); Враќањето на покојникот (1988) и Подземна лилија (1991).

ОХРИДСКИТЕ ИЗВОРИ (фрагмент) Каде сте поети, пријатели мои? Каде сте вие поети смерни? Другари обвиснати за гривата на песната, собирачи на сината пепел на елегиите во чабури златни, и вие каде сте бескрилни летачи, избирачи на црниот цветен прашец на депресиите и на страстите во зеленобенкавата корушка на птичји јајца, на мовлестото чело од песната, во коренот на пипалците, во мовлестиот венец на пипалците, ко жива круна од трње, со румена шепа, со нокти бели, со стуткани мрежести капи, со прсти како големи свитоци од папируси, потпирачи на зората со златни столбови, со крвави плочки што го залепувате залезот! Онаа охридска зора, оној охридски залез! А не шуми со зелена стаклена уста високото магливо езеро, о, отворени врати низ кои влегува празнината како провев со снежење од подземниот свет, о, затворени врати зад кои стои летото, забраната на наврапитоста, чадорести цвеќиња, а во меѓувреме ми растат мустаците и брадата, ми растат ноктите, на нозете и на рацете, расте длабочината на ружината градина на напуштеноста, височината од мириси, вирот од цутови среде мегданот од тишина, каде сте поети, пријатели мои, вие со презимиња на ски зашто златниот член на вашите презимиња е на ски, балкански скити, Антевци, Петревци, Ганевци, Тодоровци

241 СВП 50 - ГОДИНИ


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.