ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗИРАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ДОБИЕНИ ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ВО РАМКИТЕ НА ПРО

Page 1

Проектот го имплементира Ромски центар Романо Вило Roma Center Romano Vilo

ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗИРАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ДОБИЕНИ ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ

,,ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ’’

ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗИРАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ДОБИЕНИ ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНОИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ’’

Проектот е финансиран од Европската Унија

1

Проектот е под-грант на: Национален Ромски Центар, Симбиозис 12 и ОРМ Бела Кула


СОДРЖИНА

Содржина 1. ВОВЕД

4

2. ЦЕЛИ И АКТИВНОСТИ НА ПРОЕКТОТ

5

2.1 Цели на проектот. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 5 2.2 Активности. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 5

3. ПРАВНА РАМКА

6

4. МЕТОДОЛОГИЈА

8

5. АНАЛИЗА НА ДОБИЕНИТЕ РЕЗУЛАТИ ОД СПРОВЕДЕНИОТ ПРАШАЛНИК ЗА СЕКОЕ ПРАШАЊЕ ПОЕДИНЕЧНО

10

5.1 На прашањето ,, На која улица се наоѓа вашиот објект’’? . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 10 5.2 На прашањето ,,На чие име се води вашиот објект’’? . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 11 5.3 На прашањето ,,Дали вашиот објект е бесправно изграден пред стапување на сила на Законот”? . . . . . . . . . . . . . . . . . . 12 5.4 На прашањето ,,Дали го искористивте правото на бесплатен геодетски елаборат преку АКН за утврдување на фактичката состојба на вашиот бесправен објект”? . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 13 5.5 На прашањето ,,Дали го искористивте продолжениот рок до 31.12.2018 година за поднесување на барање за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти’’? . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 14 5.6 Прашањето ,,Дали имавте пречки при обезбедувањето на потребната документација за поднесување на барањето”?.15 5.7 На прашањето ,,Доколку имавте пречки кои беа тие”? . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 16 5.8 На прашањето ,, Дали имате добиено позитивно решение на вашето барање за легализација на бесправно изградени објекти и дали тоа е”? . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 16 5.9 На прашањето ,,Дали вашиот објект е вклопен во урбано планската документација на вашиот град”? . . . . . . . . . . . . . 18 5.10. На прашањето:Со кои проблеми се соочувате поради тоа што вашиот објект не е вклопен во урбано планската документација? . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 19 5.11. На прашањето „Дали во близина на вашата куќа има парк или зелена површина”? . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 19 5.12 На прашањето ,, Од колкава важност е за вас и вашето семејство да имате уреден парк или детско забавно катче во близина на вашата куќа? . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 20 5.13 На прашањето ,,Дали имате превземено иницијатива за вклопување на бесправно изградените но легализирани објекти во урбано планската документација”? . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 20 5.14 Резултатите од прашањето,, .Колку сте задоволни од соработката со надлежните органи за вашиот проблем со невклопувањето на вашиот легализиран објект во урбано планската документација? . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 21

6. ЗАКЛУЧОК

22

7. ПРЕПОРАКИ

23

2

ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗИРАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ДОБИЕНИ ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНОИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ’’


ИЗРАБОТИЛ

Христина Митева Танаскоска | Автор Проектот „Вклопување на бесправно изградени објекти” e под грант од ,,Национален Pомски Центар’’- Куманово во партнерство со ,, Симбиозис 12’’-Куманово и ,, Бела Kула’’Кичево, финансиран од страна на Европска Унија.

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност нa ,,Ромски Центар Романо Вило’’-Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

ЗДРУЖЕНИЕ ,,РОМСКИ ЦЕНТАР РОМАНО ВИЛО’’ Ул. „Цветан Димов” бр.59- Кочани 075 553 444 romanovilo.kocani@gmail.com www.romanovilo.org.mk ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗИРАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ДОБИЕНИ ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНОИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ’’

3


ВОВЕД

1

Домувањето преставува основна, егзистенцијална човекова потреба која со својата приоритетност се наметнува како еден од поважните животни проблеми. Што се однесува до легализацијата, Кочани е еден од водечките градови по нејзина спроведеност. Во период од 2011-2015 година добиено е позитивно решение за легализација на 95% на бесправно изградени објекти, но некои од нив не се вклучени во деталниот урбанистички план. Потребата е да обебедиме подршка на ромското население за вклопување на бесправно изградените објекти во деталениот урбанистички план, а со тоа ќе се подобри и квалитето на домување во ромските населби. За таа цел беше потребно да се направи едно истражување на терен преку изготвување, пополнување и анализирање на резултатите на анкетен прашалник на тема ,,Вклопување на бесправно изградени објекти” со што би се се увидела фактичката состојба и би се добиле релевантни бројки во однос на тоа точно кој дел од ромската населба не е вклопен во урбано планската документација како и тоа колку од граѓаните од ромската населба имаат добиено позитивно решение а колку сеуште чекаат. Во рамките на проектот ,,Вклопување на бесправно изградени објекти’’ беа реализирани повеќе активности а самата публикација на овој финален извештај е во самата завршница од реализацијата на проектот. Целна група на самиот проект беа жителите на град Кочани од ромска националност.

4

ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗИРАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ДОБИЕНИ ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНОИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ’’


2

ЦЕЛИ И АКТИВНОСТИ НА ПРОЕКТОТ

2.1 ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ

• Главната цел на проектот е да придонесеме кон подобрување на условите за домување на ромското население. • Специфична цел на проектот е да обезбедиме подршка на ромското население завклопување на бесправно изградени објекти во деталниот урбанистички план, се со цел да се подобри квалитетот на домување во ромските населби. • Главната цел на прашалникот е да го идентификува бројот на легализирани бесправно изградени објекти, и колку од тие објекти се лоцирани во неурбанизирани делови.

2.2 АКТИВНОСТИ

• Работни средби со општина Кочани и секторот за урбанизам при општина Кочани за запознавање со целите и активностите на проектот ; •

Подготовка на анкетен прашалник;

Спроведување на анкета;

Анализа на наодите од прашалникот и изготвување на финален извештај;

Организирање на трибина за презентација на наодите од прашалникот;

Печатење на извештајот;

• Состаноци со општината и секторот за урбанизам со цел за поделба на извештајот и пренесување на заклучоците од реализираните активности и добиените резулатати; •

Промоција, поделба и застапување;

ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗИРАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ДОБИЕНИ ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНОИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ’’

5


ПРАВНА РАМКА

3

Согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти кој започна да се применува од 04.03.2011 година, граѓаните имаа можност да поднесат барање за утврдување правен статус на бесправните објекти. Рокот за поднесување на барањата беше шест месеци од денот на влегувањето во сила на Законот, заклучно до 04.09.2011 година. Со измените на Законот рокот за комплетирањето на поднесените Барања беше продолжуван се со цел да се излезе во пресрет на граѓаните кои немале можност да поднесат барање во определениот рок. Поради ова беа предвидени неколку можности за поднесување на барање за легализација: • од 04.03.2011 година заклучно со 04.09.2011 година • од 19.12.2015 година заклучно со 31.05.2016 година и • од 01.01.2018 година заклучно со 31.12.2018 година. Правната рамка за „вклопување на бесправно изградени објекти” e поставена со носење на самиот Закон за постапување со бесправно изградени објекти. Законот предвидува и стандарди за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планската документација. Во членот 19 од Законот министерот кој раководи со органот надлежен за вршење на работите од областа на уредување на просторот ги пропишува стандардите за вклопување на бесправни објекти во урбанистичко –планската документација. Овој правилник за стандарди влегува во сила на 15.04.2011 година. Со овој правилник се пропишуваат стандардите за вклопување на бесправно изградените објекти во урбанистичко-планската документација (генерален урбанистички план, детален урбанистички план, урбанистички план за село, урбанистички план за вон населено место, локална и државна урбанистичко планска документација). Покрај Правилникот за стандарди за вклопување на бесправни објекти во урбанистичко планска документација правната рамка за вклопување на

6

ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗИРАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ДОБИЕНИ ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНОИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ’’


3

ПРАВНА РАМКА

бесправно изградени објекти е составена и од Закон за просторно и урбанистичко уредување. Согласно Правилникот за стандарди за вклопување на бесправни објекти во урбанистичко планска документација предмет на правилникот е кои бесправни објекти можат да се вклопат во урабанистичко планската документација. Ова е согласно самиот текст на Правилникот. Ваквата правна рамка начелно ги пропишува стандардите за вклопување на бесправно изградени објекти.

ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗИРАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ДОБИЕНИ ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНОИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ’’

7


4

МЕТОДОЛОГИЈА

Во рамките на проектот ,,Вклопување на бесправно изградени објекти’’ беа анкетирани 300 испитаници од ромското население коишто живеат во ромската населба во Кочани.

ПОЛ

БРОЈ

ПРОЦЕНТ

МАЖИ

236

78.66%

ЖЕНИ

64

21.34%

Табела 1

Структура на испитаници по пол

64

машки женски

236

Графикон 1

8

ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗИРАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ДОБИЕНИ ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНОИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ’’


4

МЕТОДОЛОГИЈА

Според добиените резултати се заклучува дека лицата од женски пол во ромската населба во Кочани сеуште не се чувствуваат сигурни во давањето информации во врска со нивниот дом како и комуникација со институции воопшто.

ПОЛ

БРОЈ

ПРОЦЕНТ

МАЖИ

2

50%

ЖЕНИ

2

50%

Табела 2

Анкетирањето беше извршено од страна на 4 анкетари (2 машки и 2 женски лица) припадници на ромската заедница во соработка со координаторот на проектот се со цел на граѓаните од ромска националност да им биде овозможено објаснување на прашањата на ромски јазик доколку е потребно и да им се обезбеди чувство на сигурност кај граѓаните од ромска националност за заштита на нивните податоци како и да бидат мотивирани да дадат точни релевантни одговори на прашањата. Анкетниот прашалник се состои од 14 кратки прашања со понудени одговори за заокружување и дополнување коишто анкетарите имаа за задача дополнително да ги дообјаснат доколку е потребно.

ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗИРАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ДОБИЕНИ ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНОИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ’’

9


5

АНАЛИЗА НА ДОБИЕНИТЕ РЕЗУЛАТИ ОД СПРОВЕДЕНИОТ ПРАШАЛНИК ЗА СЕКОЕ ПРАШАЊЕ ПОЕДИНЕЧНО

5.1 НА ПРАШАЊЕТО ,, НА КОЈА УЛИЦА СЕ НАОЃА ВАШИОТ ОБЈЕКТ’’? Испитаниците наведоа имиња на седум улици од ромската населба и тоа највеќе од улицата ,,Стамен Манов бб’’ чијашто оправданост ја покажаа резултатите од следните прашања со што се потврди нашата хипотеза дека токму овој дел од ромското маало се соочува со најголеми проблеми и дека токму овој дел не е вклопен во урбано планската документација. УЛИЦА

БРОЈ НА ИСПИТАНИЦИ

ПРОЦЕНТ

Стамен Манов ББ

104

34.67%

Митко Беќарски

76

25.33%

Стамен Манов ( Полатски пат)

45

15%

Славчо Стоименов

25

8.33%

Гроздан трифунов

20

6.67%

Стив Наумов

15

5%

Шукри Шајн

15

5%

Табела 3

Структура на испитаници по улица

15

15 Стамен МАНОВ

20 104 25

Митко Беќарски Стамен Манов (полатски пат) Славчо Стоименов Гроздан Трифунов Стив Наумов

45

Шукри Шајн 76

10

Графикон 2

ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗИРАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ДОБИЕНИ ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНОИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ’’


5

АНАЛИЗА НА ДОБИЕНИТЕ РЕЗУЛАТИ ОД СПРОВЕДЕНИОТ ПРАШАЛНИК ЗА СЕКОЕ ПРАШАЊЕ ПОЕДИНЕЧНО

5.2 НА ПРАШАЊЕТО ,,НА ЧИЕ ИМЕ СЕ ВОДИ ВАШИОТ ОБЈЕКТ’’? Oд 64 те испитанички само 13 одговориле дека се во нивна сопственост а 287 лица од машки пол се во сопственост на објектот со што продолжува традицијата сопственоста на заедничките објекти да се впишуваат само на името на едниот брачен сопружник во овој случај мажот.Резултатите од ова прашање како и останите можат да бидат основа за едно понатамошно истражување во однос на родова нееднаквост и женски права.

ПОЛ

БРОЈ

ПРОЦЕНТ

МАЖИ

287

95.67%

ЖЕНИ

13

4.33%

Табела 4

Структура на сопственост на објектот по пол 13

машки женски

287

Графикон 3

ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗИРАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ДОБИЕНИ ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНОИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ’’

11


5

АНАЛИЗА НА ДОБИЕНИТЕ РЕЗУЛАТИ ОД СПРОВЕДЕНИОТ ПРАШАЛНИК ЗА СЕКОЕ ПРАШАЊЕ ПОЕДИНЕЧНО

5.3 НА ПРАШАЊЕТО ,,ДАЛИ ВАШИОТ ОБЈЕКТ Е БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕН ПРЕД СТАПУВАЊЕ НА СИЛА НА ЗАКОНОТ”? 195 лица од испитаните се изјасниле со ,,ДА’’ а 105 со ,,НЕ’’. Овде се појави потребата од дополнителен трет одговор којшто првично не беше понуден а тоа е ,,Делумно’’. Повеќето од тие 105 граѓани одговорија со ,,не” бидејќи нивниот објект имал дозвола за градба но имаат извршено нелегална доградба којашто не е според првичниот план и дозвола и за истата таа доградба имаат поднесено барање за легализација. Ова беше воочено кај жителите на улицата ,,Митко Беќарски” кадешто скоро сите рекле дека нивниот објект не е бесправно изграден но истите тие граѓани на следното прашање одговорија дека имаат поднесено барање за легализација со што се потврди хипотезата дека станува збор за доградба. ДАЛИ ВАШИОТ ОБЈЕКТ Е БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕН ПРЕД СТАПУВАЊЕ НА СИЛА НА ЗАКОНОТ?

ПРОЦЕНТ

ДА

195

65%

НЕ

105

35%

Табела 5

Дали вашиот објект е бесправно изграден пред стапување на сила на Законот?

35% ДА

НЕ

65%

Графикон 4

12

ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗИРАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ДОБИЕНИ ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНОИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ’’


5

АНАЛИЗА НА ДОБИЕНИТЕ РЕЗУЛАТИ ОД СПРОВЕДЕНИОТ ПРАШАЛНИК ЗА СЕКОЕ ПРАШАЊЕ ПОЕДИНЕЧНО УЛИЦА

ДА

НЕ

Стамен Манов ББ

95

9

Митко Беќарски

2

74

Стамен Манов ( Полатски пат)

24

21

Славчо Стоименов

25

0

Гроздан трифунов

19

1

Стив Наумов

15

0

Шукри Шајн

15

0

Табела 6

5.4 НА ПРАШАЊЕТО ,,ДАЛИ ГО ИСКОРИСТИВТЕ ПРАВОТО НА БЕСПЛАТЕН ГЕОДЕТСКИ ЕЛАБОРАТ ПРЕКУ АКН ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА НА ВАШИОТ БЕСПРАВЕН ОБЈЕКТ”? 35 лица одговориле дека го искористиле своето право, 258 не, а 7 лица се изјасниле дека не биле запознаени со ваква можност. Според анализа на табела 6 се воочува дека на улицата ,,Стамен Манов’’ живеат највеќе од граѓаните од социјално ранливите категории за кои впрочем беше и оваа олеснителна околност. УЛИЦА

ДА

НЕ

НЕ БЕВ ЗАПОЗНАЕН

Стамен Манов ББ

95

9

4

Митко Беќарски

2

74

2

Стамен Манов ( Полатски пат)

24

21

1

Славчо Стоименов

25

0

0

Гроздан трифунов

19

1

0

Стив Наумов

15

0

0

Шукри Шајн

15

0

0

Табела 7 ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗИРАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ДОБИЕНИ ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНОИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ’’

13


АНАЛИЗА НА ДОБИЕНИТЕ РЕЗУЛАТИ ОД СПРОВЕДЕНИОТ ПРАШАЛНИК ЗА СЕКОЕ ПРАШАЊЕ ПОЕДИНЕЧНО

5

5.5 НА ПРАШАЊЕТО ,,ДАЛИ ГО ИСКОРИСТИВТЕ ПРОДОЛЖЕНИОТ РОК ДО 31.12.2018 ГОДИНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРАВЕН СТАТУС НА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ’’? 288 лица одговорија со,,ДА’’ односно успешно имаат поднесено барање а 12 лица не поднеле барање и се изјасниле со ,,НЕ’’. Дали го искористивте продолжениот рок до 31.12.2018 година за поднесување на барање за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти’’

ПРОЦЕНТ

ДА

288

96%

НЕ

12

4%

Табела 8

4%

Дали го искористивте продолжениот рок до 31.12.2018 . за поднесување на барање на утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти?

ДА

НЕ

96% Графикон 5

УЛИЦА

ДА

НЕ

Стамен Манов ББ

95

9

Митко Беќарски

2

74

Стамен Манов ( Полатски пат)

24

21

Славчо Стоименов

25

0

Гроздан трифунов

19

1

Стив Наумов

15

0

Шукри Шајн

15

0 Табела 9

14

ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗИРАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ДОБИЕНИ ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНОИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ’’


АНАЛИЗА НА ДОБИЕНИТЕ РЕЗУЛАТИ ОД СПРОВЕДЕНИОТ ПРАШАЛНИК ЗА СЕКОЕ ПРАШАЊЕ ПОЕДИНЕЧНО

5

5.6 ПРАШАЊЕТО ,,ДАЛИ ИМАВТЕ ПРЕЧКИ ПРИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО”? E всушност надоврзување на претходното прашање и е добиен ист одговор односно 288 лица се изјасниле дека немале пречки при обезбедувањето на потребната документација а 12 лица коишто се изјасниле дека имале пречки се истите лица коишто не биле во можност да поднесат барање. Дали имавте пречки при обезбедувањето на потребната документација за поднесување на барањето?

ПРОЦЕНТ

ДА

288

96%

НЕ

12

4%

Табела 10

4%

Дали имавте пречки при обезбедувањето на потребната документација за поднесување на барањето?

ДА

НЕ

96% Графикон 6

УЛИЦА

ДА

НЕ

Стамен Манов ББ

97

7

Митко Беќарски

75

1

Стамен Манов ( Полатски пат)

43

2

Славчо Стоименов

25

0

Гроздан трифунов

20

0

Стив Наумов

13

2

Шукри Шајн

15

0

Табела 11 ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗИРАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ДОБИЕНИ ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНОИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ’’

15


5

АНАЛИЗА НА ДОБИЕНИТЕ РЕЗУЛАТИ ОД СПРОВЕДЕНИОТ ПРАШАЛНИК ЗА СЕКОЕ ПРАШАЊЕ ПОЕДИНЕЧНО 5.7 НА ПРАШАЊЕТО ,,ДОКОЛКУ ИМАВТЕ ПРЕЧКИ КОИ БЕА ТИЕ”?

а) оставина б) согласност од сопственикот на земјиштето в) немање важечка лична карта/ патна исправа г) не сум државјанин на Република Северна Македонија д) друго ѓ)немав пречки 12 те лица коишто претходно се изјаснија дека имале пречки ги изнесоа своите проблеми и тоа: а) две лица од улицата ,,Стамен Манов’’ имале проблем со оставина и по едно лице од улиците,, Стив Наумов’’ и Митко Беќарски’’ б) три лица од улицата ,,Стамен Манов ‘’имале проблем поради согласност од сопствeникот на земјиштето како и две лица со објект на улицата ,,Стамен Манов(ПОЛАТСКИ ПАТ) д) две лица од улицата ,,Стамен Манов’’ имаат објект изграден во 2014 и 2016 година Едно лице се изјаснило како дека не било информирано за можноста и за Законот

5.8 НА ПРАШАЊЕТО ,, ДАЛИ ИМАТЕ ДОБИЕНО ПОЗИТИВНО РЕШЕНИЕ НА ВАШЕТО БАРАЊЕ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ И ДАЛИ ТОА Е”? a) позитивно б) негативно в) делумно усвоено г) сеуште немам добиено решение 2 47 лица се изјасниле дека имаат добиено позитивно решение, две лица се изјасниле дека имаат добиено делумно усвоено, а 51 лице во моментот на пополнувањето на анкетата сеуште немаа добиено решение.

Дали имате добиено решение на вашето барање за легализација на бесправно изградени објекти и дали тоа е?

2

51

247

позитивно

16

делумно усвоено

сеуште немаат добиено решение

Графикон 7

ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗИРАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ДОБИЕНИ ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНОИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ’’


5

АНАЛИЗА НА ДОБИЕНИТЕ РЕЗУЛАТИ ОД СПРОВЕДЕНИОТ ПРАШАЛНИК ЗА СЕКОЕ ПРАШАЊЕ ПОЕДИНЕЧНО

УЛИЦА

a) Позитивно

в) Делумно

г) немам добиено решение

Стамен Манов ББ

75

0

29

Митко Беќарски

71

2

3

Стамен Манов ( Полатски пат)

31

0

14

Славчо Стоименов

25

0

0

Гроздан трифунов

20

0

0

Стив Наумов

10

0

5

Шукри Шајн

15

0

0

Табела 12

ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗИРАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ДОБИЕНИ ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНОИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ’’

17


5

АНАЛИЗА НА ДОБИЕНИТЕ РЕЗУЛАТИ ОД СПРОВЕДЕНИОТ ПРАШАЛНИК ЗА СЕКОЕ ПРАШАЊЕ ПОЕДИНЕЧНО 5.9 НА ПРАШАЊЕТО ,,ДАЛИ ВАШИОТ ОБЈЕКТ Е ВКЛОПЕН ВО УРБАНО ПЛАНСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА НА ВАШИОТ ГРАД”? 157 лица одговориле со ,,ДА’’, а 143 одговориле со ,,НЕ’’ Дали вашиот објект е вклопен во урбано планската документација на вашиот град?

ПРОЦЕНТ

ДА

157

52.33%

НЕ

143

47.67%

Табела 13

Од оние што се изјасниле со ,,не’’ 104 се лица од улицата ,,Стамен Манов’’ ( што е еднаков на вкупниот број испитаници од таа улица), 38 се лица од улицата,, Стамен Манов(полатски пат)’’ и едно лице е од улицата ,,Митко Беќарски’’. Со ова се потврдува хипотезата и се потврдуваат претходно добиените резултати дека сите 104 испитаници од улицата ,,Стамен Манов бб имаат изградено бесправен објекти иститите тие објекти не се вклопени во урбано планската документација.

Дали вашиот објект е вклопен во урбано планската документација на вашиот град?

143

ДА 157

НЕ

Графикон 8

18

ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗИРАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ДОБИЕНИ ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНОИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ’’


5

АНАЛИЗА НА ДОБИЕНИТЕ РЕЗУЛАТИ ОД СПРОВЕДЕНИОТ ПРАШАЛНИК ЗА СЕКОЕ ПРАШАЊЕ ПОЕДИНЕЧНО

5.10. НА ПРАШАЊЕТО:СО КОИ ПРОБЛЕМИ СЕ СООЧУВАТЕ ПОРАДИ ТОА ШТО ВАШИОТ ОБЈЕКТ НЕ Е ВКЛОПЕН ВО УРБАНО ПЛАНСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА? а) со водоводно-канализационата мрежа б) со снабдувањето со електрична енергија в) со немањето улично осветлување г)неасфалтирани улици д) со сите наведени ѓ) не се соочувам со проблеми е) друго Воглавно сите испитаници имат заокружувано по повеќе одговори вклучувајќи го и одговорот под д) . Само три испитаници имаат заокружено само под а), 14 испитаници имаат заокружено под б) и еден испитаник има заокружено под в) Со ова се потврдуваат многуте проблеми со коишто секојдневно се соочуват граѓаните од овие улици.

5.11. НА ПРАШАЊЕТО „ДАЛИ ВО БЛИЗИНА НА ВАШАТА КУЌА ИМА ПАРК ИЛИ ЗЕЛЕНА ПОВРШИНА”?

Само 25 лица се изјасниле со ,,ДА’’ а дури 275 со ,,НЕ’’. Дали вашиот објект е вклопен во урбано планската документација на вашиот град?

ПРОЦЕНТ

ДА

157

52.33%

НЕ

143

47.67%

Табела 14

ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗИРАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ДОБИЕНИ ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНОИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ’’

19


5

АНАЛИЗА НА ДОБИЕНИТЕ РЕЗУЛАТИ ОД СПРОВЕДЕНИОТ ПРАШАЛНИК ЗА СЕКОЕ ПРАШАЊЕ ПОЕДИНЕЧНО

5.12 НА ПРАШАЊЕТО ,, ОД КОЛКАВА ВАЖНОСТ Е ЗА ВАС И ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО ДА ИМАТЕ УРЕДЕН ПАРК ИЛИ ДЕТСКО ЗАБАВНО КАТЧЕ ВО БЛИЗИНА НА ВАШАТА КУЌА? а)од голема важност ( 234 лица се изјасниле дека можноста за уреден парк и зелена површина и е од голема важност) б) сеедно ми е (64 лица се имаат изјаснето дека им е сеедно, но појаснето дека најпрво им е битно да се решат поитните проблеми како водовод-електрична енергија, осветлување итн.) в) не ми е од важност (2 лица)

5.13 НА ПРАШАЊЕТО ,,ДАЛИ ИМАТЕ ПРЕВЗЕМЕНО ИНИЦИЈАТИВА ЗА ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИТЕ НО ЛЕГАЛИЗИРАНИ ОБЈЕКТИ ВО УРБАНО ПЛАНСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА”?

188 лица се изјасниле со ,,Да” а 112 лица се изјасниле со ,,Не”. Дали имате превземено иницијатива за вклопување на бесправно изградените но легализирани објекти во урбано планската документација?

ПРОЦЕНТ

ДА

188

62.67%

НЕ

112

37.33%

Табела 15

При анализата на податоците се утврди дека од тие 188 лица коишто се обиделе да превземат иницијатива за решавање на нивните проблеми 63 се лица од улицата ,,Митко Беќарски’’ , 43 лица од ,,Полатски пат’’ и 82 лица од улицата ,,Стамен Манов’’ . Во однос на тоа како биле примени на разговор и колку се задоволни од одговорот што го имаат добиено од надлежните институции се надоврзува и последното прашање од анкетниот прашалник.

20

ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗИРАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ДОБИЕНИ ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНОИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ’’


5

АНАЛИЗА НА ДОБИЕНИТЕ РЕЗУЛАТИ ОД СПРОВЕДЕНИОТ ПРАШАЛНИК ЗА СЕКОЕ ПРАШАЊЕ ПОЕДИНЕЧНО

5.14 РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПРАШАЊЕТО,, .КОЛКУ СТЕ ЗАДОВОЛНИ ОД СОРАБОТКАТА СО НАДЛЕЖНИТЕ ОРГАНИ ЗА ВАШИОТ ПРОБЛЕМ СО НЕВКЛОПУВАЊЕТО НА ВАШИОТ ЛЕГАЛИЗИРАН ОБЈЕКТ ВО УРБАНО ПЛАНСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА? Се прикажани во табела 16 и графикон 9 кадешто се забележува дека 18 лица се изјасниле дека се многу задоволни и 44 лица се изјасниле дека се задоволни а 70 лица се изјасниле дека се делумно задоволни. Овие бројки не се за замарување бидејќи покажуваат 44% задоволство кај граѓаните од соработката со надлежните институции, но сепак бројката од 56 % незадоволство укажува дека сеуште има многу за работа и меѓусебно разбирање како и начин на комуникација.Се потврдува потребата од застапнување на проблемите на граѓаните кај надлежните институции и покачување на процентот на задоволство Колку сте задоволни од соработката со надлежните органи за вашиот проблем со невклопувањето на вашиот легализиран објект во урбано планската документација?

ПРОЦЕНТ

МНОГУ ЗАДОВОЛЕН

18

6%

ЗАДОВОЛЕН

44

14.67%

ДЕЛУМНО ЗАДОВОЛЕН

70

23.33%

НЕЗАДОВОЛЕН

168

56%

Табела 16

Колку сте задоволни од соработката со надлежните органи за вашиот проблем со невклопувањето на вашиот легализиран објект во урбано планската документација?

18 44

168

многу задоволни

задоволни

70

делумно задоволни

незадоволни

Графикон 9

ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗИРАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ДОБИЕНИ ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНОИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ’’

21


ЗАКЛУЧОК

6

Водени од визијата на самата ромска организација ,,Ромски центар Романо Вило од Кочани, а тоа e поддршка за развој на демократско општество во кое Ромите и други лица соочени со ексклузија од општеството се еднакви во правата и можностите и мисијата преку директна работа со луѓето и анализа на опкружувањето да ја засилиме инклузијата почитувајќи ги сите еднакви пред законот и во средината каде живеат произлезе и идејата за самиот проект ,,Вклопување на бесправно изградени објекти”. Секој граѓанин којшто го има испочитувано законот за легализација има право на домување во урбана средина и потребата од вклопување во урбано планската документација е повеќе од неизбежна. Според покажаните резултати целите коишто беа издеферинцирани за овој проект беа целосно постигнати и беа добиени очекувани резултати. Во однос на идентификување на точниот број на невклопени објекти во урбано планската документација бројот што е добиен е добиен по пат на анализа на 300 испитаници односно 300 објекти. Според тоа што сите лица анкетирани од улицата ,,Стамен Манов бб’’ се изјаснија дека не се вклопени во урбано планаската документација а и по разговор со надлежните се донесе заклучок дека токму тој реон е неурбанизиран и за истиот ќе треба да се изработи нов урбанистички план. При анализата на самиот прашалник произлегоа и повеќе индикатори и за други проблеми коишто можат да бидат предмет на интерес на некое друго истражување како на пример родовата нееднаквост, женски права, низок степен на писменост којашто беше забележана од страна на ангажираните анкетари коишто дадоа повратна информација од терен дека граѓаните имале многу проблеми со читањето и пополнувањето на прашалникот и истите граѓани многупати побарале објаснување на јазик разбирлив за нив, а тоа турски јазик. Ова е од голема важност за Бирото за образование и Државниот просветен инспекторат коишто веројатно ќе превземат соодветни мерки за подобрување на писменоста и инклузија на ромските ученици во образовниот процес. Непознавањето на ромскиот јазик и неговото писмо би можело да биде предмет на интерес на некое друго истражување. Во продолжение, се воочува и потребата од застапување на самиот проект кај надлежните институции како и понатамошна соработка и дискусија за добиените резултати како и изнаоѓање решение.

22

ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗИРАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ДОБИЕНИ ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНОИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ’’


7

ПРЕПОРАКИ

Наодите од добиените резултати ги покажуваат недостатоците од недоволна информираност на граѓаните од ромска националност за тековните прашања на јазик разбирлив за нив како и незадоволство од соработката со надлежните органи и општината и се покажани проблемите со кои граѓаните од ромска националност секојдневно се соочуваат.По анализата на добиените резултати како и по одржувањето на трибината со граѓаните, претставници на надлежните институции и гостите говорници се донесоа повеќе заклучоци како и соодветни препораки со надеж за брзо решавање на проблемите на граѓаните од ромското маало и овие улици .

1 2 3 4 5 6

Избирање на претставник од ромското маало од улицата ,,Стамен Манов бб којшто ќе биде мост помеѓу граѓаните, општината како и самата невладина организација и којшто и по завршувањето на овој проект ќе остане инволвиран во овој проблем и биде задолжен околу информирањето на граѓаните за донесувањето на новиот урбанистички план како и навремено информирање за можноста за присуство на отворената трибина при претставувањето на самиот план како и изнесувањето на проблемите. Вклопување на бесправно изградените објекти во урбано планската документација на улицата ,,Стамен Манов бб’’ и ,,Стамен Манов (полатски пат). ‘’ коишто се изјаснија дека нивните објекти не се вклопени во урбано планската документација.

Вклопување на бесправно изградените објекти во урбано планската документација на улицата ,,Стамен Манов бб’’ и ,,Стамен Манов (полатски пат). ‘’ коишто се изјаснија дека нивните објекти не се вклопени во урбано планската документација.

Соработка помеѓу ромските невладини организации во Кочани за залагање за решавање на проблемот со вклопување на бесправно изградените објекти во урбано планската документација.

Поголемо залагање за спроведување на деталниот урбанистички план за делот во ромското маало по негово донесување.

Подобрување на соработката помеѓу надлежните органи и граѓаните од ромска националност

ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗИРАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ДОБИЕНИ ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНОИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ’’

23


Дизајн и печатење: Амазон-Р ДООЕЛ Кочани 24

Август 2019

ИЗВЕШТАЈ ОД АНАЛИЗИРАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ДОБИЕНИ ПО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ ,,ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНОИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ’’


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.