KURATICA

Page 1

КУРАТИЦА

Издавач: МЕСНА ЗАЕДНИЦА КУРАТИЦА

Рецензенти: проф. д-р Васил ГРАМАТНИКОВСКИ проф. д-р Наум ЦЕЛАКОСКИ

Издавачки одбор: Јонче ЛУШКОСКИ (претседател) Миладин КРСТАНОСКИ Митре БОЖИНОСКИ Јаковче РИСТЕСКИ Леон АВРАМОСКИ Тане АНДОНОСКИ Војо АВРАМОСКИ Ѓуро НАЈДЕСКИ Лектура и коректура: Рада АВРАМОСКА Васка САЗДАНОСКА Графичко обликување: Ристе ТАСЕСКИ: Божин РИСТЕСКИ

Печати: Печатница, книговезница и картонажа „Коста Абрашевиќ — Охрид Тираж: 1000 примероциПечатењето е завршено во Охрид во декември 1986 година ДИМИТАР СМИЛЕСКИ

МЕСНА ЗАЕДНИЦЛ


ОПШТИНА ОХРИД ' бр.__ „197 год. с. КУРАТИЦА Охрид 1986

КУРАТИЦА

П РЕ ДГОВОР

Пишаните документи за една населба претставуваат трајна основа за жителите од таа населба и за поширокиот аудиториуљ читатели и проучувачи на населбите и населението, од каде што можат да се црпат драгоцени податоци за историјата, геог-рафијата, етнологијата, стопанството и други области, во завис-ност од соодветниот интерес. Монографијата, како што е оваа, останува траен документ за минатото и за сегашноста на ед-на населба, за сегашните и за идните генерации. Тргнувајќи од ваквите претпоставки, месната заедница од селото Куратица, заедно со другите општествено-политички структури во селото, во почетокот на 1986 година, ја покрена иницијативата за издавање на една ваква книга, без некој посебен повод, едноставно поттикнати од желбата селото да има свој траен документ, врз кој натаму ќе ја доградува својата историја. Од тие причини се зафативме со издавање на една монографија за селото Куратица, се разбира во рамките на ограничените фи-нансиски средства што ни беа на распол,агање, зашто една колплетна монографија со уште повеќе податоци, факсимили од ав-тентични документи, фотографии и слично, бара доста повеќе финансиски средства и пообемна работа. Секако не можеме да сметаме дека во трудов е се опфатено што претставува карактеристика на животот на селото Кура-тица. Но, сепак сметаме дека е создадена една добра основа за натамошни проучувања и за поголема заинтересираност на идните генерации, повеќе да се свртуваат кон својот роден крај и да гд откриваат неговото минато и сегашност.


Во оваа прилика сакам да се заблагодарам, пред се, на мес-ната заедница од Куратица што ми ја довери оваа не така лесна задача за првпат во јавноста да презентирам еден ваков труд за селото, како и на другите институции и поединици кои ми по-могнаа да дојдам до што повистинити податоци, а се цитирани во книгава. Посебна благодарност им должам на моите рецензенти кои со своите стручни и добронамерни сугестии го дадоа својог" придонес во конечната физиономија на книгава. АвторотДИМИТАР СМИЛЕСКИ

МЕСНА ЗАЕДНИЦА ОПШТИНА ОХРИД ' бр.__ „197 год. с. КУРАТИЧА Охрид 1986

КУРАТИЦА Издавач: МЕСНА ЗАЕДНИЦА КУРАТИЦА

Рецензенти: ПРОФ. Д-Р ВАСИЛ ГРАМАТНИКОВСКИ ПРОФ. Д-Р НАУМ ЦЕЛАКОСКИ


Издавачкн одбор: ЈОНЧЕ ЛУШКОСКИ (ПРЕТСЕДАТЕЛ) МИЛАДИН КРСТАНОСКИ МИТРЕ БОЖИНОСКИ ЈАКОВЧЕ РИСТЕСКИ ЛЕОН АВРАМОСКИ ТАНЕ АНДОНОСКИ ВОЈО АВРАМОСКИ ЃУРО НАЈДЕСКИ Лектура и коректура: РАДА АВРАМОСКА ВАСКА САЗДАНОСКА Графичко обликување: РИСТЕ ТАСЕСКИ: БОЖИН РИСТЕСКИ

Печати: ПЕЧАТШША, КНИГОВЕЗНИЦА И КАРТОНАЖА „КОСТА АБРАШЕВНЌ — ОХРИД ТИРАЖ: 1000 ПРИМЕРОЦИ ПЕЧАТЕЊЕТО

КУРАТИЦА ПРИРОДНО-ГЕОГРАФСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Географска положба и селско подрачје Селото Куратица се наоѓа на 20 километри североисточно од Охрид или на 5 км. северно од патот Охрид — Ресен. Сместе-но е во пазувите на планинскиот масив Мазатар (Бајрак 1635 м) на надморска висина од 1080 метри. Селото е расположено во тесна карстна долина околу една суводолица која надојдува за време на посилни врнежи и прави штета врз домовите и нивје-то. Заради конфигурацијата на теренот селото има издолжен об-лик во насока северозапад — југоисток и спаѓа во селата


со збиен тип на куќи, со мали дворишта. Се дели на три краеви: Горна Маала, Долна Маала и Средна Маала. Во Долна Маала се наоѓа селската црква Св. Никола пред чиј влез е заедничката гробница на загинатите борци во Наро-дноослободителната војна од ова село. Во непосредна близина на црквата се наоѓа Килимарницата изградена во текот на 1982 година, шго работи во состав на 33 „Рашанец" од Охрид. Во Средна Маала се наоѓа селската чешма со спомен-плоча во чест на паднатите борци од НОВ, што се користи само за на-појување на добитокот бидејки селото се снабдува со вода за пиење преку водоводот изграден уште во 1962 година. Тука е Задружниот дом изграден во 1950 година, Основното училиште и две селскн продавници. До селото се стигнува по асфалтен пат што претставува и единственага врска на Куратица со моторно возило, со остана-тите населби во општината Охрид и подалеку. Селското подрачје на Куратица зафаќа површина од 2336Д хектари. Од север се граничи со подрачјата на Велмеј и Лешани, од запад со селските подрачја на Сирула и Расино, од југ со Опеница и од исток со Речица. Синорот со околните села минува низ следните места: со Велмеј Никотинец, Крапчи Дол и Долги Рид, со Лешани — Бак-лишта, Долни Вирој, Крива Бука, Висока Чука, Булајчки Гари-шта и Дено Вода, со Сирула — Краста, Ишкојца, На Река, Прплец, Кутли и Кокошарник, со Расино — Гумниште, Ореов Дол, Дебранка и Ванатино, со Опеница — Делвнно, Сакој и Мар-ково Долче и со Речица — Влашка Чешма, Мијалец, Медејнца, Дел Гумно и Маркој куќи. Во овие рамки влегува селскиот имот на Куратица што се состои од 681,9 ха обработливи површини, 154,2 ха пасишта, 1273,6 ха шуми и 226,4 ха неплодно земјиште1). Сообрајна поврзаност на селото Единствената сообраќајна врска преку која може да се дојде до селото Куратица со возило е асфалтниот пат што кај Прентов Мост се издвојува од патот Охрид — Ресен, во дол-жина од 5 км. Овој пат за првпат е пробиен со ангажирање на работоспособното население од Куратица и од околните села за време на бугарската окупација во 1942 година, а пред тоа, са-монницијативно на отворањето на патот работел Косте Колески од Куратица. Патот е асфалтиран во 1980 година од страна на ГРО „Гранит'' — ИИИ градилиште од Охрид. 0 СРМ низ катастарската евиденција, Скопје 1982 8 Во поглед на сообраќајната поврзаност селото нема неко-ја позначајна стратегиска положба, меѓутоа, во минатото, кога бил развиен караванскиот сообраќај, веројатно имало важна сообраќајна улога, со оглед на тоа што се наоѓало во близина на стариот карвански пат што преку Сирулски рид минувал се-верно од Куратица и преку Мазатар водел за Битола. Кај мес-ностите Трно Селиште и Игралишта имало анови каде што се одморале кираџиите. Тие анови веројатно ги лржеле Куратича-


ни, што го покажува и податокот дека еден дел од родот Ко-товци носат презиме Анџијовци. Порано .врската на Куратица со општинскиот центар Ох-рид била обезбедувана преку неколку патни насоки, главно со кохБИ, преку селата Опеница, Расино и Сирула. Најважниот пат за Охрид водел иреку месностите Чичеец, Терзица, Висој и Ка-лишта, иа преку селото Опеница слегувал во Охридското Поле. Овој пат и денес го носи името „градски пат". Друг пат водел преку Костеник за Расино, а оттука преку Вапила за Охрид и Струга. За Струга исто така преку Ванатино водел пат за Раскрс, над Расино, преку Смоленец водел за Ливоишта, а оттука за Требеништа и натаму за Струга. Стариот пат по кој карваните и кираџиите од Охрид и Струга оделе за Битола преку Мазатар доаѓал преку Сирула и Сирулски Рид, а во синорот на Куратица минувал низ меснос-тите Трно Селиште, Вишеслоец, Игралишта, Висока Чука и Влашка Чешма, преку Плаќенска планина. Со селата Лешани и Злести, Куратица е поврзано со патот што води преку Крстец, со Брежани е поврзано со пат преку Мазатар, со Речица — преку Медејнца (стар пат), со Расино — преку Ридој и Костеник, со Прентов мост — преку Високо Дрво, со Сирула — преку Пропаски Рид, Кутли и Влашки Рид, со Велмеј — преку Крстец, Калимански Дол и Дрење и со Оиенн-ца преку т.н. „градски пат". Селото би имало поголемо сообраќајно значење доколку се реализира долгогодишната иницијатива на Месната заедни-ца од Куратица, која е присутна и сега, за поврзување со асфал-тен пат со подрачјето на Дебрца преку најблиското село Леша-ни. Овој пат ќе биде и од посебно значење за поврзување на Дебрца со магистралииот пат Охрид, односно Св. Наум — Ре-сен — Битола, што е во тек на изградба. Релјефни, климатски и хидрографски карактеристики Во поглед на релјефот подрачјето на селото Куратица е планинско. Највисоката точка се наоѓа на планинскиот масив Мазатар (Бајрак 1635 м) а најниската точка се наоѓа во меснос-та Грмешница на југоисточниот дел од селото (940 м) на почетокот на Марково Долче. Геолошката основа на поголемиот дел од селското подрач-је го сочинуваат метаморфни и седиментни палеозојски и мезо-зојскп карпи, но ретко на мали површини се среќава магматска скала — дијабас. Метаморфните скали заземаат најголемо про-странство, а најзастапени се аргилошисти, филити, микашисти, серициски и хлористички шкрилци. Седиментните скали се мал-ку застапени и се претставени главно со варовник, а на мали по-вршини и со доломит. Подрачјето на селото Куратица располага и со манганови и железни руди. Климата во подрачјето на селото Куратица е умерено кон-тинентална со свои локални карактеристики со оглед на над-морската висина на селото и конфигурацијата на теренот. Сред-ната годишна температура изнесува 9,5 С° со апсолутен годи-шен максимум од 33,2 °С и апсолутен минимум од -20,3 °С. Највисоките температури се јавуваат во текот на јули и август и најниските во


декември и јануари. Летата се куси и свежи а зимите не се така долги, но ладни и со снег. Пролетта е блага и рано почнува со врнежи, а исто така и есента е свежа и врне-жлива. Вкупната годишна количина на врнежи во подрачјето на селото Куратица изнесува 1104 мм., а релативната влажност е над 70%. Во текот на пролетта просечната количина на врнежи изнесува 220,4 мм, во лето 150,6 мм, во есен 367,3 мм и во зима 366,5 мм. ) Ветровите во подрачјето на селото Куратица дуваат од различни насоки и со различна силина. Најкарактеристични ло-кални ветрови се: „север", кој е ладен и сув и донесува врнежи од снег, потоа „дебранец", кој исто така се јавува во зимскиот период и носи вијулици, а и дожд. Од летните ветрови каракте-ристичеи е „сончалник" кој дува од исток и носи свежина. Во однос на хидрографијата за подрачјето на селото Кура-тица може да се рече дека е прилично суво и покрај тоа што низ планннските предели се сретнуваат повеќе извори со чиста пла-нинска вода што извира во текот на целата година. Единствено поголем хидрографски објект претставува Црнечка река што се напојува со вода од неколку извори од планината Мазатар. На оваа река се поставени и селските воденици од кои сега за ра-бота е оспособена само една. Поголеми извори се наоѓаат во месностите: Извори (од каде што селото се снабдува со вода за пиење), Влашки коли-би, Елешник, Станча падина кај Прпалоно, Висока Чука кај Шабурките, под Никотинец и други помали извори. Преданието кажува дека и во месноста Пропас постоеле големи извори со вода, но двајца овчари се заклале со ножици-те, а мајка им од гнев ги затнала изворите со волната. Според едни, водата излегла во синорот на Злести, а според други во синорот ка с. Белчишта, во месноста Кременатец. Порано бавчите во селото и нивите се наводнувале од чеш-мата од Горномаалско речиште и од Долномаалско речиште. Се-га таа вода е каптирана во селскиот водовод што е изграден во 1962 година. Тоа значи дека во подрачјето на селото Куратица нема наводнување на посевите и затоа е застапено одгледувањето на „суви" житни култури, а градинарските растенија успевааг поради високата релативна влажност на воздухот и почвата. Од хидрографски аспект е карактеристично што при пого-леми врнежи од дожд или поради топењето на снегот напролет, надојдуваат суводолиците од сите страни и го полнат сувиот поток што минува низ селото. Надојдената вода прави штета врз куќите и обработливото земјиште во околината. Растителен и животински свет и педолошки состав Како резултат на застапениот геоморфолошки состав на земјиштето не е изразена разновидноста на растителниот свет во подрачјето. Во оваа насока најзастапени се шумските преде-ли со даб, бука, јавор, леска и смрека, а повисоките места се карактеристични со планински сувати што служат за напасување на стоката. Во пониските делови од подрачјето се карактерис-тични овошните насади претставени со: сливи, јаболка и лозо-ви насади на јужниот дел од селото.


Во подрачјето на селото Куратица порано бил застапен и костенот за што сведочи и сегашниот топоним „Костеник" во југозападниот дел од подрачјето. Застапеноста на високите планински предели овозможува да се јавува разновиден животински свет. Пред се, карактерис-тична е појавата на повеќе диви животни како што се: волкот, мечката, јазовецот, лисицата, срната, зајакот, дивата свиња и други животни чие присуство овозможило во ова село прилично да се развие ловот. Куратичани се и најпознатите ловци во по-драчјето на општината Охрид. Од птиците во овој реон најмногу се застапени врапци, ќо-сови, сојки ,гулаби, прлици, јастреби и орли. Врз основа на проучувањата на Зе.мјоделскиот институт од Скопје од 1969 година постојат три видови почви; кафејави, ру-ди шумски почви и кафеави почвина варовннк). При нашите теренски истражувања во текот на мај 1986 година во подрачјето на селото Куратица регистриравме 198 месни имиња. Според нивната јазичка припадност може да се рече дека поголемиот дел од нив се месни имиња од словенско потекло, а помал дел имаат добиено туѓи јазични влијанија. Со цел да можеме полесно да ги регистрираме месните имиња во подрачјето на селото Куратица, според нивното лексичко зна-чење, ке ги поделиме во неколку групи: 3) Податоците се земени од Шумско стопанските основи за шумско-стопанската единица „Мазатар ИИ" 1984 — 1993 г. од РСШО „Галичица" — Охрид 1. Имиња на места добиени од лични имиња, презимиња или прекари. — Богдано Млаче, Богдански Рид, Боин Присој, Бојов Дол, Вељо Брдо, Давидова Долина, Дебранка, Делвински Рид, Делвинска Падина, Дено Вода. Дојчиница, Долгомански Рид, Ѓорѓо Падина, Ѓуро Дупка, Зенгуро Ливада, Зенго Чешма, Кај кутелон Секулоски, Кај лазојне попој, Кај изворон Голабов, Кај нивјено Колески, Кај солиштана Ганоски, Кај тумбено Апосто-лоско, Калимајнца, Калимански Дол, Кали Падиње, Колчаро Лес-ка, Колчаро Падинка, Коче Присој, Климо Плевна, Кордо Чука, Крстано Тумба, (Крстан бил убиен од некој арамија), Лушко Ливатче, Лушко Осојнца, Марко Долче, Марко Нивиште, Мар-кој Куќи, (според преданието тука живеел Марко Крале), Марко Речиште, Мемедица, Мешој Куќи, Милички Ричок, Миов Дол, Мусиче, Никотинец (Никота), Нико Извор, Петко Присој, Петкој Нивје, Петро Ливада, Радин Гроб, Радов Дол, Радој Нивје, Ралја Нива, Ратко Дол, Ристо Клајнче, Сарко Дол, Скржески Рид, Силјано Падинка, Сталјо Гумно, Станча Краста, Станча Па-дина и Стојно Ливатчиња. 2. Имиња на места сврзани со релјефот. — Бели Орници, Влашки Рид, Високи Кутли, Висока Чука, Вишеслоец (Голем и Мал), Вишно Долчиште, Грамадиште, Добри Дол, Долги Рид, Долчи-шта, Кај Гарчињана, Краста, Кусо Ритче, Мала Падина, Мала Планина, Мини Дол, На Крастиче, На Ридој, Осон, Падински Рид, Падиње, Полце, Пропас, Пропаски Рид, Рамна Падина, Рамни Опали, (од опал), Стрмна Падинка, Куле, Црнец (црна земја), Цуцуле, Широко Нивиште и Штрбино. 3. Имиња на места сврзани со хидрографијата. — Виришта, Влашка Вода, Влапжа Чешма, Долгоманско Речиште, Извори, Кај вирон смрден, Кај шабуркине, Клабучина, Мијалец, На ре-ка; Речиште и Тина.


4. Имиња ка места сврзани со растителноста. — Баклишта, (ба-кла - вид грав), Брестиште, Брепжи Дол, Булајца (булка — ту-тенка, болжурика), Булајчки гаришта, Високо Дрво, Врбица, Гра-шишта (од грав), Грашко Осојнца, Грмешница (грм), Даблушка, Дрење, Елешник (од евла), Елешнички Рид, Жаркоец, (жарка-ње), Кај Кискана, Кај Церон, Кај Черешната, Каралазој, Капин Дол, Капиница, Клење, Костеник (порано имало костени), Кри-ва Бука, Ореов Дол, Папрадиште, Рашанец, Сакој, Слачила, Си-ливадишта, Трно Селиште (било село), Чекуткојца, Чичеец (чич- диво трнливо растение, чичек), Вишумарица и Шумколница. 5. Имиња на места сврзани со животни. — Ишкојца, Јазмиње дупки направени од животно — има јазовци), Крапчи Дол(крап - риба), Магареј Падиње, Орлошец, Пропас (пропаска — внд планинска чавка), Пропаски Рид и Цуцуле (цуцулпупунец). 6. Имиња на места што одразуваат економски појави. — Маза-тар (правење на овчја маст), Мазаноо, Медејнца и Терзиица. 7. Имиња па места добиени од нивната некогашна намена. — Бачилишта, Влашко Бачило, Влашки Колиби, Градиште, Гум-ниште, Игралиште, Катуништа (била сточарска населба), Ка-сапница (место каде што се колат животни), Кошаришта, Раса-дишта, Стари Кошари, Урија и Чифлик. 8. Имиња на места сврзани со религиозно и култно значење. — Бранејнца Вакоска, Гробон Турски, Јазмиње (ајазмо — света во-да), Калуѓерски Присој, Капештец (свето место), Манастириште, Св. Богородица, Св. Богородица Пречиста, Св. Димитрија, Св. Никола, Св. Петка и Св. Симеон. 9. Месни имиња сврзани со објекти и предмети. — Бучка (бу-тин), Гноишта, Дел Гумно (кај копине Јоноски), Кај Дупкана што дуват, Кај каменон, Кај караулана, Кај плочана, Кај постон тал-јански, Кај разбојне, Кокошарник, Кошариште, Крапчи Дол (крап — вид пила за сечење трупци), Кулишта, Кутли, Скала, Црвен камен и Шишибутин (тур. подуен бутин). 10. Имиња на места сврзани со местото каде што се наоѓаат. — Горномаалско речиште, Горни Кулишта, Горно Село, Долни Ви-рој, Долномаалско Речиште, Долни Кулишта, Кај Бајрачено, Кај Варницине, Кај Церон, Кај Черешнана, Кај Чифлигон и Крајно Долче. 11. Имиња на места сврзани со делови од човечкото тело. — Пичкина Краста и Пичкоец. 12. Имиња на места сврзани со климатски појави. — Грмешни-ца (од грмење), Кај Прпачено и Прплец (провев, виор, виулица). 13. Имиња на места сврзани со патишта. — Крстец, Крстечки Рид и Колник (коловоз). Од сето ова досега кажано можеме да заклучиме дека нај-големиот дел од имињата на местата во подрачјето на селото Куратица се добиени од лични имиња и презимиња, како и спо-ред рељефот, растителноста, својата некогашна намена и спо-ред нивното религиозно и култно значење. Со неопределено значење останаа топонимите Ванатино, Гибаци, Делвино, Клапа и Пумпулица, а како што се забележува во прегледот одредени топоними можат да се прифатат со двојно значење.


ИМЕ И ПОСТАНОК НА СЕЛОТО

Потекло на нмето на селото Во секојдневниот говор кај месното население и во цело-то охридско подрачје, селото се нарекува со името „Курајца" или „Кураица", а поретко и „Куратица". Со името „Курајца" е запишано (како додаток) и на топографската карта со размер 1:25000 изработена во 1973 година — лист Охрид, покрај офи-цијалното име „Куратица". Засега најстар пишан документ за името на селото претс-тавува Опширниот пописен тефтер за Охридскиот санџак од 1582 година, каде што селото е запишано како „Куратица"4.") Кон крајот на ЏВИ в. и почетокот на ЏВИИ век во кодика-та на Слепченскиот манастир е запишано како „Куратица"5), во 1888 година Верковиќ6), а иодоцна и КЧнчов7) селото го запишале како „Куратица". Во 1892 година во своите белешки од Охрид Браиислав Нушиќ го запишал како „Коратица"8), а со ова име се среќава и во административните акти непосредно по војната. Меѓутоа, пикој од досегашните наведени автори и документи не го објаснува значењето на името на селото. Во врска со потеклото на името на селото Куратица, кај постарите жители од ова село постојат различни мислења. Не-кои сметаат дека селото го добило името заради тоа што е сместено во терен што личи на корито и би требало да се вика ..Коратица" Според други името на селото доаѓа од турскиот збор „кури", што значи „сув, а, о", па оттаму и мислењето дека селото порано се викало „Суво село" или „Суви дол". Постои и мислење дека селото го добило името по лично-то име Курат или Курт. Од научниците прв и единствен што досега се зафатил со р - чувањето на знаечњето на името на селото Куратица е пол-скиот славист Влоѓимјеж Пјанка, кој го застапува мислењето де-ка името на селото во основа има влашко потекло и доаѓа од манскиот збор „цурат" што значи „бистар, брз, чист". Ова, ред Пјанка, доаѓа оттаму што селото се наоѓа на чист пла-нински поток9) Ч ИНИ — Скопје, Охрид и Охридско низ историјата книга ИИ, Скопје 1978, 31 ; Селигцев М. Македонское кодики ЏВИ — ЏВИИИ веков, Софил 1933, 68 ■ Веркович Ст. Топографическо - зтнографическии очеркт» Максдонии, С. Петербург 1889, 295 Кбнчов В. Избрани произвденил, том И, Софил 1970, 482 Нхтииќ Б. Крај обала Охридскога Језера, Белешке из 1892 год. Београд 1894, 50 • Пјанка В. Топономастиката на Охридско-Преспанскиот базен, Скопје 1970, 96


Можеби е во право Пјанка кога истакнува дека името на селото е од романско потекло заради тоа што одредени топони-ми во подрачјето на селото (Влашки колиби, Влашка чешма, Влашка вода, Влашко бачило, Влашки рид, Катуништа) даваат до знаење дека некогаш тука живееле Власи кои ги паселе ов-ците по планинските предели на Мазатар и Плаќенска планина. Можно е селото да го носи името и од поранешната локација Горно Село во чија непосредна близина имало извори со чиста планинска вода, меѓутоа денес низ селото не минува „чист планински поток", туку постои само суводолица која повремено на-дојдува. Има податоци кои укажуваат на друго значење на името на селото Куратица. Така на пример, во Етимолошкиот речник на Петар Скок10) се наоѓа зборот од латинско потекло „куратус, курат" м. (17 в. — западни кралеви), што значи „свештеник, жупник" со објаснување дека оттаму доаѓа и зборот ,,куратија"1'. (17 и 18 век) што значи„жупа". Аналогно на тоа зборот „Кура-тица" би значел „жупица" или „мала жупа". Зборот „жупан" во словенските јазици значи управител на област кај Јужните Словени во минатото. Оттаму и доаѓа името „жупанија" за об-ласта со која раководел Жупанот.11) Ако се има предвид конфигурацијата на теренот каде што е сместено селото Куратица постои можност, овој дел, во перио-дот на доселувањето на Словените да претставувал посебна об-ласт или жупа. Оттаму сметаме дека името на селото Куратица значи „мала жупа" или „жупица". Старини и преданија Во подрачјето на селото Куратица нема некои позначајни археолошки пронајдоци со чија помош може повеќе да се до-знае за животот на ова подрачје во минатото. Но, со системат-ско истражување на постојните археолошки локалитети веро-јатно ќе се добијат нови драгоцени сознанија што можат да по-могнат во расветлувањето на прашањето за постанокот на се-лото и за неговото минато. Засега, најинтересен локалитет што го свртува вниманието, во оваа насока, претставува месноста Горно Село што се наоѓа на околу 700 метри североисточно од селото. Според кажува-њата на постарите луѓе, на овој локалитет, порано, се наоѓало селото Куратица, во непосредна близина на големиот извор со вода за пиење, што денес е каптиран за потребите на селото. Тука се заселиле двајца овчари. Подоцна кога се доселиле и дру-ги семејства кои главно се занимавале со одгледување на овци, била изградена малата црквичка Св. Богородица. Обработливоѓ0) Ѕкок Р. Етимологијски рјецник Хрватскога или српскога језика , кнј. ИИ, Загреб 1972, 240 11: Речник на Македонскиот јазик со српскохрватски толкувања, Скопје 1986, стр. 182 то земјиште тогаш се наоѓало во месноста Осон, на североисток од овој локалитет. Денес, на теренот каде што се наоѓало Горно Село не мо-жат да се видат некои позабележителни траги од темели на ку-ќи, оевен темелите на црквата Св. Богородица, каде што е пс-дигната икона. Поголем дел од нивјето се сопственост на семејст-вата Колевци, Тасевци, Дервушовци и Лушковци. При обра-ботката на


земјата се наоѓаат парчиња од керамиди, но друг материјал што може да послужи за утврдување на староста на оваа населба, не е пронајден. Вториот интересен археолошки локалитет е Кулишта што се наоѓа на едно возвишение на околу 2 км. југоисточно од се-лото. Се кажува дека овде некогаш постоел утврден град што се снабдевал со вода за пиење од изворите во Елешник и Влаш-ки Колиби, на 2 км. северно од овој локалитет. Ова е утврде-но по земјените водоводни цевки што се пронајдени на овој простор. Самиот локалитет претставува купишта расфрлани ка-мења во облик на круг со пречник од околу 10 х 10 метри, при што се забележуваат остатоци од одбранбени ѕидови со дебели-на од над еден метар. Пристапот до ова утврдување е можен само од северната страна каде што се забележуваат и траги од некогашен пат, а додека од другите страни ридот стрмно се спушта. За овој локалитет меѓу жителите во Куратица се присутни преданија за баснословно богатство што е закопано во бочви и дека тука се закопани златни топови, фигури од крави и сл. од злато. Веројатно заради тоа во внатрешноста на ѕидините што веќе е обрастена со дабова шума, има повеќе дупки од неорганизирано копање на Куратичани, при што меѓу другото, се про-најдени обетки, кантарче и пари со буквите КиМ кои се пре-дадени во музејот во Охрид. Меѓутоа, во музејот овие предме-ти не се наоѓаат во официјалниот инвентар. Со оглед на тоа што парите претставуваат најсигурни споменици од кои може да се дознае кога постоела дотичната населба, според Миков12) мо-нетите од овој вид со буквите М и К можат да бидат само ви-зантиски, па според тоа може да се претпостави дека Кулишта, всушност, претставува византиско утврдување, што веројатно се користело за обезбедување на стари карвански патишта што ми-нувале тука. На стрмните падини на ридот Куле што се наоѓа спротив-но од Кулишта, на југоисток, на западната страна од ридот, се наоѓа локалитетот Градиште, без траги од градби, освен една пештера со подѕидан влез во месноста Маркој куќи'3). 12) Миковт» В. Извори за историлта и географилта на нашигЧ градове и села, Софил 1935, стр. 75 13) Преданието кажува дека тука живеел Марко Крале. Со својот коњ скокал од спротивниот рид Мазаноо, преку долината, кога се враќал во својата куќа што била во пештерите. Во подрачјето на селото Куратица има и други локалитети кои покажуваат дека некогаш претставувале некакви живеалишта, но без некои позначајни материјални докази. Такви се Трно Селиште што се наоѓа на околу 1,5 км. северозападно од селото, на стариот пат што преку Мазатар и Црни Врв водел за Битола. Според кажувањата на постарите овде некогаш било село со анови за одмор на кираџиите и карваните што минувале тука. Друг локалитет е Игралишта што исто така се наоѓа на стариот пат и имало анови, потоа Катуништа каде што постоела сточар-ска населба и локалитетите Влашки Колиби и Влашко Бачило, каде што живееле Власи — сточари. За повеќе месности од подрачјето на селото се сврзани пре-данија и легенди за тоа како тие го добиле името и за настани што можеби навистина се случиле. Така на пример, месноста Радин Гроб го добила името по тоа што тука се наоѓа гробот на


некоја девојка Рада. Преданието кажува дека таа три го-дини била болна на постела и кога дошол Св. Никола, летен (ко-га во селото се носат крсти) побарала да биде облечена во нају-бавото руво и да замине со другарките по крсти. Како да почувствувала дека се ближи крајот на нејзиниот млад живот, па заради тоа ги замолила другарките на местото каде што ќе умре и да ја закопаат. Нејзината последна желба била исполнета и денес на ова место се наоѓа нејзиниот гроб а нејзиниот имот е даден на црквата. Секоја година кога крстите ќе поминат Ра-дин Гроб, застануваат попот да отпее молитва во чест на Рада. На 2 км. југоисточно од селото Куратица се наоѓа мала цр-квичка Св. Димитрија. Тука била поставена икона од Св. Ди-митрија. Турчинот Муртеза кој бил полјак во селото пукал со пушката во иконата и за кусо време ослепел. Старите веруваат дека го казнил светецот Постанок на селото ( Пишаните документи и случајно пронајдените археолошки материјали не даваат податоци за тоа како постанало селото Куратица и кои биле неговите први жители. Исто така не може ништо поконкретно да се дознае дали покрај Горно Село постоело и некое Долно Село или друга населба со друго име. Заради тоа, нашите проучувања, во оваа насока, ќе ги поставиме зрз основа на искажувањата на постари луѓе сообразени со исто-риските прилики во ова подрачје, и во поширокиот регион. Искажувањата да постарите водат кон тоа дека порано се-лото било вр Горно Село Всушност првите жители биле овчари што ги напасувале своите стада по пространите високопланински пасишта на Мазатар и Плаќенска Планина. Но, кога, покрај ов-чарството, започнале да се занимаваат со одгледување на некои земјоделски култури, започнало населувањето на сегашната ло-кација на Куратица, каде што има можности за развој на земјо-делството. Се смета дека тоа се случило со доаѓањето на Турците во овој крај Историските податоци кажуваат дека со доаѓањето на Сло-вените кон крајот на ВИ и почетокот на ВИИ век дел од домородеч» кото население останал во населбите и се словенизирал, а дел се повлекол во повисоките планински предели и долго време ги за-држал своите етнички белези. Од нив водат потекло денешните Власи14). Нивното главно занимање било сточарството. Отпрво тие биле без постојано место на живеење, живееле во колиби, а глав-на карактеристика на сточарскиот живот била движењето од ед-но место на друго, во потрага по пасишта за овците. Нивните при-времени населби се викале катуни. Кон крајот на септември сточарите од високите планински предели на Западна Македонија ја товареле целокупната своја покуќнина (и децата) на коњи и зами-нувале на зимување кон Солун, а во почетокот на мај повторно се враќале во планините на старите места15) По Првата светска војна, со воспоставувањето на граници-те на Балканскиот Полуостров, вековните движења на сточарите од високите планински предели кон Солунскиот залив, биле за-прени. На сточарите не им останувало ништо друго освен да се населат постојано на погодни места. Тоа било случај со оние ка-туни каде што, покрај сточарството, нивните жители имале мож-ност да се занимаваат и со обработка на земјата. На таков на-чин е формирано и селото Куратица.


Сигурни податоци за тоа кога е оформено селото нема. Ме-гутоа веќе во првата половина од ЏВ век постојаното населување на сточарите - номади била доста распространета појава16) .Сто-јан Новаковиќ наведува дека тогаш катуните исчезнувале и на нивното место се јавувале села17)- Сегашниот назив на месноста Катуништа што се наоѓа на околу 1,5 км. источно од Куратица мо-же да биде една од локациите каде што порано било селото, ме-гутоа, условите за одгледување на земјоделски култури на лока-цијата каде што е денес селото биле попогодни и заради тоа не-говите први жители се населиле тука. Ако го имаме предвид фак-тот дека во првата половина од ЏВ век постојаното населување на сточарите — номади била распространета појава, тогаш нека-де во тој период треба да го бараме и формирањето на селото Куратица 14) Присуството на повеќе топоними во подрачјето на селото Куратица ка-ко: Влашки Колиби, Влашко Бачило, Влашка Чешма, Влашка Вода, Влашки Рид и Катуништа, укажуваат на фактот дека влашкиот еле-мент бил присутен на овој простор. 15)Веројатно со ваквите движења биле опфатени и сточарите што се нао-:але во подрачјето на селото Куратица. Трифуноски Ј. Географске карактеристике средњевековних катуна (19—39), Симпозијум о средњевековном катуну одржан 24 и 25 новембар 1961 г. Сарајево 1963, 36 17) Новаковиќ Ст. Село, Београд 1943, стр. 35, Дворски В.О испитивању катуна у западном делу Балканског Полуострва, Гласник српског географског друшг-ша. год. ИИИ, св. 3 и 4, Београд 1914, 98 Во пишаните докумвнти од 1566 година, меѓу селата што учествувале во бунтот против турскиот спахиски систем од Охридскиот санџак, било и селото Курјаги18). Во мај 1574 година се-ланите од селото Курјаги, Охридско, го пречекале спахијата Ха-сан и го ограбиле, земајќи му 200 алтани и сите работи што ги носел со себе. Во наредбата што дошла во Охрид од Султанот, се вели селаните да се повикаат в суд, а ако не сакаат да дојдат и ако започнат борба ,,да се жртвува нивната крв"19) Но, немаме точни податоци дали навистина се работи за селото Куратица или за друго село. Засега најсигурен податок за постоењето на селото имаме од Опширниот пописен тефтер, на Охридскиот санџак од 1582 годи-на кога селото имало 22 христијански семејства, 4 самци и 114 жители20). За тоа каква била големината на селото во подоцнежниот пе-риод добиваме информации дури од Стефан Верковиќ кој во Ма-кедонија престојувал меѓу 1850 и 1877 година кога со помош на Димитрија Миладинов собрал статистички податоци за Охридска-та каза, според кои селото Куратица има 24 домаќинства, 33 брач-ни парови, и 176 жители од кои 92 машки и 84 женски.21) Во 1888 година Спиридон Гопчевиќ забележал 140 порески глави22) а Васил К'нчов во 1891 година дава податок дека селото Куратипа има 35 куќи и 380 жители, од кои 199 машки и 181 женски.23) Во Илинденското востание во 1903 година селото имало 60 куќи24), а неколку години подоцна, поточно во 1914 година, според подато-ците на началникот на Охридскиот округ Јован Кирковиќ, селото имало 555 жители од кои 288 машки и 267 женски25).


Од сите овие официјални и неофицијални пописи на насе-лението и домаќинствата на Куратица пред војната, и покрај тоа што се составувани под разни националистички побуди, се забележува постојано зголемување на бројот на домаќинствата и жителите, што значи селото е во постојан растеж. Како се движел бројот на домаќинствата и жителите по војната, ќе мо-жеме да дознаеме при деталното разгледување на податоците во посебно поглавје. Во продолжение ќе се задржиме на начинот на формира-њето на селото и на потеклото на семејствата. Пишани податоци за тоа кои биле првите жители што за-почмале да го формираат селото Куратица нема или, барем засе-га, не се откриени. Заради тоа нашите претпоставки и тврдења 18) Маткоски А. Отпорот во Македонија во времето на турското владеење, том ИВ, Скопје 1983 година, 136 19) Исто . . . стр. 144 2°) ИНИ — Скопје, Охрид и Охридско низ историјата , книга ИИ, Скопје 1987 г., 38 21) Верковиќ Ст. Цит. дело. 295 Ч2) Гопчевиќ Сп. Стара Србија и Македонија, дел И и ИИ Београд 1890 а) Кбнчов В. Битолско, Преспа и Охридско, Избрани произведении, том И, Софин 1970, 482 м) Лапе Љ. Одбрани текстови за историјата на македонскиот народ, дел ИИ, Скопје 1965, 288 Ч5) Српски извори за историјата на мак. народ 1912-1914, Скопје 1979, 384 20 Сите досегашни испитувања водат кон тоа дека поранешна-та локација на селото Куратица била Горно Село, што се наоѓа на 800 метри североисточно од селото. Името на ова место води кон претпоставката дека би требало да постои и Долно Село, мо-жеби на местото каде што е денес Куратица (ако се има предвид конфигурацијата на теренот), односно дека истовремено постое-ле две населби. Но, за ова не постојат некои повидливи матери-јални докази, освен ако се има предвид фактот дека при изград-бата на новата училишна зграда (домот), во темелите се пронај-дени гробишта од постаро време. Од друга страна, имињата на местата Трно Селиште, Катуништа и Влашки Колиби што се нао-гаат во атарот на селото Куратица, даваат индикации дека таму векогаш постоеле населби кои можат да бидат места од каде што се доселиле некои семејства во Куратица Со прибирањето за семејствата од овие населби во поголе-ма заедница заради поголема сигурност и со доселувањето на но-ви семејства, почнало формирањето на денешното село Курати-иа. Кога било тоа не може да се каже, а постарите жители од ова ј сметаат дека тоа било со доаѓањето на Турците - османлии зо Охридскиот крај (кон крајот на ЏИВ век). Низ својата истори-ја селото ја менувало својата големина, во зависност од општес-твено-политичките услови. Така на пример, прабаба на Ристо Петкоски (роден 1865 грд.) кажувала дека во нејзино време село-то броело 7 куќи, а слично предание имаат оставено и други стар-ци. Ако е ова точно, тогаш може да се констатира дека со таа го-лемина селото било на почетокот на ЏИЏ век, а податоците од 1582 година покажуваат дека тогаш селото имало 22 семејства, што значи дека се намалило. Можно е во еден период да се исешле сите жители од селото поради одредени притисоци и насил-ства, а потоа повторно да се доселиле, заедно со некои нови семеј-ства. Тоа значи дека


населението на овој простор било со дос-та променлив состав, што зависело од општествено-економските прилики. Меѓу најстарите доселеници во селото се Камнаровци (Ди-мовци Јовевци). За нивното потекло не се знае. Во селото денес од овој род има 7 семејства со презиме Камнаровци и Јовевци. Го слават Св. Никола, зимен. Јолушовци (Св. Никола, зимен 19. ЏИИ.) се доселени од Крушје, Ресенско. Денес во селото од овој род има 9 семејства на презиме Тасевци, Крстановци, Наумовци (Колчаровци), Јоновци и Стојковци26). Толомановци (Пречиста, 4. ЏИИ.) се доселени од Лерин, Егеј-ска Македонија. Дошол Петре со своето семејство. Негови сино-ви биле Наум, Аврам, Ангеле и Огнен. Од Наума се Савевци, од Кога дошле Толомановци нашле 7 куќи од Јолушовци. . Аврама — Аврамовци, од Ангелета — Ангелевци, а од Огнен кој се иселил во Лешани се Огненовци. Од овој род денес во селото Куратица има 54 семејства од кои 6 на презиме Толомановци, 14 на презиме Аврамовци, 13 на презиме Ристевци, по 3 на презиме Нелелковци, Миленковци и Савевци, 5 семејства со презиме Трајчевци, по 2 семејства со презиме Богоевци и Јаневци (Пет-ревци) и по едно семејство со презиме Ангелевци, Видановци и Горевци.27) Дервушовци28) (Св. Никола, зимен) се доселени од соседно-то село Речица, а нивното постаро потекло е од Воден, Егејска Македонија. Дошле браќата Тренко, Ставре и Тасе (сите синови на Никола) во втората половина на ЏИЏ век. Тасе веднаш се вра-тил во Речица и од него е тамошниот род Тасевци. Во селото Куратица денес од овој род живеат 8 семејства, од кои едно на пре-зиме Мицковци. Имало семејства и на презиме Ставревци и Трен-ковци. Костадиновци (Св. Никола, зимен) според нашите испиту-вања се доселени од Горно Лакочереј, а според испитувањата на Бранислав Русиќ во 1947 година тие се доселени од Слатино.29) Од овој род денес во селото Куратица живеат 3 семејства со пре-зиме Јанкуловци. Петковци (Пречиста) се доселени од Мраморец од родот Чавдаровци. Од овој род денес во селото има 18 семејства со пре-зимињата Петковци и Крстановци. Има и презиме Котевци кои се иселени. Јосифовци (Св. Никола, зимен) се доселени од Прилеп од ро-дот Грдановци. Дошол Јосиф како момок на беговскиот имот во Куратица30). Од овој род на истото презиме денес во селото има 12 семејства. Андревци (Св. Никола, зимен) се доселени од Слатино. Во селото има 16 семејства на презимиња: Андревци, Симоновци, Ристевци и Божиновци. Сите тие ја задржале старата слава Св. Јован — Крстител (19 и 20. И.) што и денес се слави во Слатино. 27) Презимињата се земени од книгата за евиденција на месната организација на ССРН 28) Стариот Никола турците го викале „дервиш баба" зашто носел висока капа и личел на турски дервиш. Предокот од овој род што живеел во Воден имал сестра која насилно ја грабил некој паша. Неможејќи со тоа да се помири тој го заклал пашата и избегал во Живојно, Битолско. По некое време тур-ците го откриле и сакале да го убијат, па заради тоа тој побегнал во Ѓава-то, Битолско. И таму бил


откриен од турците, па заради тоа пребегнал во Речица, Охридско со што ја избегнал опасноста да биде убиен. (Зборот „дер-виш" на турски значи „припадник на секта, а во преносно значење „сиро-мав".) 29) Архив на МАНУ, Фонд: Бранислав Русиќ . . . 30) Биле повеќе браќа, а петмина заминале од Прилеп. Еден од нив дошол во Куратица, еден во Оровник (од него се Јолаковци), еден во Требеништа (из-губен е неговиот род), еден во Вапила, а за петтиот не се знае во кое охрид-ско село е доселен. Котовци (Пречиста) се доселени од Ботун. Од овој род де-нес во селото Куратица живеат 19 семејства со презимињата: Котовци, Ристевци (Бујуклијовци), Анџијовци, Провировци,Ги-новци, Илиевци и Таневци. Лушковци (Св. Никола, зимен) се доселени од Раштани, Ки-чевско. Дошол Лушко како домазет. Во овој род еден домазет е дојден од Велмеј од тамошниот род Црниновци, пред Илинденс-кото востание. Денес во Куратица од овој род има 6 семејства. Секуловци (Св. Никола, зимен) се доселени од Турје. Од овој род во селото има 8 семејства со презимињата: Секуловци, Настовци, Петревци и Јанијовци (Јаневци). Колевци (Св. Никола, зимен) водат потекло од Слатино. Ни-вниот предок е донесен по мајка од тамошниот род Кољовоци. Во Куратица од нив живеат 9 семејства. Митревци (Св. Никола, зимен) се по потекло од Велмеј. Од тамошниот род Голабовци е донесен Андон по мајка му која се премажила во Куратица. В село живеат 10 семејства со презими-ња: Митревци, Андоновци и Видановци. Милошевци (Св. Никола, зимен) се доселени од Опеница. Дошол Велко како домазет, непосредно пред Илинденското вос-тание. В село од нив денес има 3 семејства со истото презиме. Од сите овие родови денес во селото Куратица живеат 182 семејства со 567 жители. НАСЕЛЕНИЕ

Бројно движење на населението Најстари статистички податоци за бројот на жителите на Куратица имаме од Опширниот пописен дефтер на Охридскиот санџак од 1582 година. Тогаш селото имало 114 жители, ситехри-гаијани31). Во 1877 година Стефан Верковиќ во својата статисти-ка за селото Куратица забележал 176 жители од кои 92 машки и 84 женски.32) Во 1891 година В. Кнчов забележал 395 жите- -ли33), а во 1914 година во својот извештај за состојбата во Ох-ридскиот округ, началникот Јован Кирковиќ запишал 555 жи-/ тели.34) Со оглед на тоа што посигурни и поточни податоци за број-ното движење на населението имаме во пописите по војнатЧ, ќе се задржиме на разгледувањето на податоците од овие пописи каде што може да се следи и континуитетот на движењето на населението на селото Куратица. Најнапред да ја погледаме следната табела:


Табела 1 Година Население Разлика Индекс 1948 939 1953 1013 + 74 107,81961 979 -34 96,6 1971 895 -84 91,4 1981 740 -155 83,1 31) Охрид и Охридско ... Н, 31 32) Верковиќ С цит. дело . . . 295 33) Кнчов В. цит. дело . . . 34) ИНИ Скопје, Српски извори за историјата на македонскиот народ 1912 — 1914, Скопје 1979 Од податоците од табелава се гледа дека по војната населе-наето во Куратица се зголемува до 1953 година кога се забележа-ни 1013 жители, а подоцна постепено се намалува, така што ми-нимумот е достигнат во 1981 година кога селото брои 740 жите-ли или 273 жители помалку во однос на 1953 година. Сето ова е поради миграционите движења што го зафатија и ова село по 1953 година, слично како и другите села во ридско-планинските подрачја во ошитината Охрид. Но, треба да се истакне дека сеч пак животот во селото Куратица и натаму се одржува. Во тоа многу придонесе и асфалтирањето на патот до селото што овоз-можи непосредна врска со градот преку редовните автобуски линии. Но, интензитетот на иселувањето како да се зголемува во последните десетина години меѓу двата пописи кога селотс „изгубило" 155 жители во однос на 1971 година. Тоа повикува на зголемена општествена ангажираност и на натамошни презе-мања за одржување на животот во селото преку соодветна еко-номска иолитика што ќе овозможи задржување на жителите во селотоЈ Полова и старосна структура на населението Половата и старосната структура на населението е основна компонента на демографското проучување на една населба, со ог-лед на тоа што оттука можат да се извлечат повеќе податоци и елементи за натамошниот демографски развиток на населбата. Според пописот од 1948 година во селото имало 502 машки и 437 женски лица, во 1953 година имало 541 машки и 472 женски ли-ца, во 1961 година односот на машките спрема женските е 513 спрема 466 лица, во 1971 година — 461 спрема 434 лица и во по-следниот попис се регистрирани 397 машки и 343 женски лица. Од сето ова може да се констатира дека во сите пописни перио-ди надвладува машкото над женското население и тоа во 1948 година за 65 лица, во 1953 година за 69 лица, во 1961 година за 47 лица, во 1971 година за 27 лица, а според последниот попис од 1981 година се регистрирани 54 машки лица повеќе од женските. Интересно е да се види какви промени настанале во старо-сната структура на населението. За подобро воочување на. про-мените ќе направиме споредби меѓу


пописите од 1961, 1971 и 1981 година, а населението ќе го поделиме во неколку старосни групи. Од табелава на прв поглед може да се констатира дека опа-ѓа бројот на лицата од помладите старосни гругш, а се зголему-ва бројот на постарите старосни групи. Но сепак и натаму про-центот на младата старосна група е прилично висока за село како што е Куратица. Така на пример, од младата старосна група од 0-29 години во 1961 година селото имало 651 жител или 66,5% од вкупното население, во 1971 година бројот на населението од оваа група изнесува 531 или 59,3% од вкупното население, доде-ка во 1981 година од оваа старосна група има 401 жител или 54,2%од вкупното население. Сите овие податоци покажуваат дека на-селението во Куратица и денес е релативно младо, односно пове-ќе од половината е до 29 години што прететавува добар потенци-јал за натамошна репродукција на населението и за одржување на нивото на животот во селото. За ова поилустративно говори податокот што, на пример, во 1961 година најголем дел од насе-лението во Куратица го сочинуваат деца со 9 години, што прет-ставува 26,5% а најмалиот дел лица со над 60 години (5,2%, во 1971 година најголем дел од населението го сочинуваат младите од 10-19 години (23,6%) а најмалиот исто така лица со над 60 го-дини (6,8%), а исто така во 1981 година најмногубројни се деца до 9 години (21,4%), а најмалку се лица од 30-39 години (8,5%). Карактеристично е за пописот од 1981 година и тоа што на старосната група со над 60 години припаѓаат 115 жители однос-но 15,5% од вкупното население. што претставува висок процент ако се има предвид фактот дека во 1961 година на оваа старосна група и припаѓаат само 5,2 од населението, а во 1971 година 6,8%. Општо земено, процентот на старосната група во вкупното население, од година во година, се зголемува. Така на пример, ео 1961 година на оваа старосна група припаѓаат 120 лица или 12,2%, во 1971 година ја сочинуваа 153 лица или 17,0%, а во 1981 година на оваа старосна група припаѓаат 115 лица или 15,5%. Од сето ова досега кажано можеме да заклучиме дека насе-лението во Куратица е прилично младо, но емиграционите про-иеси во последните години како да се закануваат на овој просек и постепено се забележува зголемување на старите жители. Население според образование Според пописот од 1981 година во селото Куратица живее-ле 581 жител со над 10 години. Од нив 37 се неписмени, што нретставува 18,9% од вкупното население. Што се однесува, пак, кз половата структура на писмените податоците покажуваат де-зса 42 лица или 14% од неписмените се машки, а додека 86% од неписмените припаѓаат на женскиот пол. Во однос на старосните групи. најголем број од неписмените се со над 65 години (53 лица или 9,1% од вкупното население над 10 години), додека од ста-росните групи од 28 до 39 години нема ниту еден неписмен. Што се однесува до образовната структура на населението со над 15 години, според пописот од 1981 година, 172 лица или 32,2 % се без школска подготовка, 205 лица имаат завршено ос-новно образование, , 9 лица се квалификувани или ВКВ


работни-■н. 2 лица се со средна школа и 3 лица со виша школска подго-товка. Со факултет не е регистрирано ниту едно лице. Според пописот од 1961 година во селото имаше 208 непис-мени или 21,2% од вкупното население, а во 1971 година во село-то имаше 134 неписмени лица или 14,9% од вкупното население. Во однос на 1961 година, во 1971 година се смалува процентот на неписменото население, но во 1981 година се зголемува на 18,5% во вкупното население, што е како резултат на иселувањето на подмладокот писмено население, а бројот на старите (претежно неписмени жители) се зголемува во структурата на вкупното на-селение. Население според активност и дејност Активноста на населението и неговата дејност е битен еле-мент за економскиот опстанок на селото и за животот во него. За-ради поилустративно согледување на оваа проблематика ќе ја разгледаме следната табела каде што правиме споредба меѓу по-датоците од последните два пописа: Од табелава може да се констатира дека процентот на ак-тивното население во вкупното население присутно во земјата во 1981 година се зголемува во однос на 1971 година, од 38,4% на 39,3%, а од друга страна се намалува процентот на издржувано-то население од 59,4%, на 54,2%. Лицата со личен приход се зголемуваат од 19, во 1971 година, на 39 во 1981 година. Тоа покажу-ва извесни структурни промени во составот на населението што е последица во емиграционите движења во кои значителен број отпаѓа на издржуваното население (децата). Во активното насе-ление жените во 1981 година учествуваат со 25,8% а во 1971 годи-нана застапеноста на жените изнесува 19,7%. Интересно е да се разгледа односот меѓу земјоделското и неземјоделското население и неговото движење за последниот по-писен период. Од 1971 до 1981 година. Според пописот од 1971 година на земјоделско население припаѓале 224 жители или 65,1% од вкупното активно население, а во 1981 година на оваа категорија припаѓале 118 жители или 50% од вкупното активно население. Во вкупното земјоделско население во 1971 година активни беа 130 лица или 58% од земјоделското население, а во 1981 година активни биле 104 лица или 88,1% од вкупното земјоделско население. Кон ова да додадеме дека според пописот од 1981 година во селото живееле 185 машкп и 173 женски работоспособни лица или вкупно 358 лица што прет-ставува 59,6°/о од вкупното население присутно во земјата, што е добар потенцијал за натамошно одржување на економската мок и активност на селото. Природен прираст Природниот прираст на населението претставува значајна компонента од која зависи одржувањето на големината на село-то, неговата економска моќ и просперитет и е во непосредна врс -ка со старосната структура на населението. За


селото Куратица повоениот период се карактеризира со виок наталитет на насслението и постојано зголемување на бројот на жителите, а за последните години се забележува постојано опаѓање на натали-тот. Со оглед на тоа што последниве години е покарактеристич-но опаѓањето на природниот прираст на населението во селото, ќе дадеме преглед како тој се движел за последниве десет години. Според податоците од табелава бројот на жителите по пат на природен прираст во селото Куратица се зголемува до 1977 го-дина.а од таа година наваму населението се намалува. Тоа значн дека во периодот од последните 10 години се родени 38 лица што се евидентирани во матичната книга на родените во месната кан-целарија Прентов Мост, а се умрени 52 лица, односно прирастот е негативен за 12 лица. Само за илустрација да спомнеме дека во периодот од 1952 до 1962 година кога порастот на населението во селото е прилично голем, се родени 206 лица или просечно по 20,6 лица годишно. Број на домакинства и нивната структура Анализата на демографската структура на домакинствата е мошне важен показател за потенцијалните вредности на цело-купната популација во една населба, за животниот стандард и за разни социо-економски појави и проблеми. Во врска со ова да ја прегледаме најнапред следната табела: Табела 4 Година Бр. на.домак. Разлики Индекс Големина 1948 1953 1961 1971 1981

138 146 175 201 179

— 8 29 26 —22

— 105,8 119,8 114,8 89,1

6,9 6,9 5,6 4,4 4Д

Од податоците од табелава може да се констатира дека бројот на домакинствата во Куратица по војната па се до 1971 годипа постепено се зголемува, односно од 1948 до 1971 година се зголемил за 63 домакинства, а во периодот од 1971 до 1981 година се намалил за 22 домакинства. Според нашите испиту-вања во Јуни 1986 година, во селото живееја 165 домакинства. Ова покажува тенденција на понатамошно опаѓање на бројот на домакинствата, што е резултат на миграционите процеси што се одвиваат во ова село, што бара пошироко општествено ангажирање за запирање на иселувањето, ако се сака да се задржи животот во ова планинско село. Изградбата на новата кили-марница е само еден мал почеток во оваа насока, но недоволен да ги прифати сите оние лица што во селото претставуваат ви-шок на работна сила. Барајки работа и подобри услови за жи-вот, дел од населението се подготвени за иселување од селото. Од друга страна, табелата покажува дека е присутно рас-лојувањето на домакинствата од повеќечлени кон домакинства со помалку членови, што е


резултат на современите услови на живесње и нивото на животниот стандард. Како овој процес се одвивал од 1961 година досега, односно до 1981 година, да погледнеме на следната табела: Табелава покажува дека во структурата на домакинствата во 1961 година најмногу учествувале домакинствата со 5 члено-ви, но не е за потценување и учеството на домакинствата со иад 8 членови (18,3%). Во 1971 година најмногубројни се домакин-ствата со 4 членови, а истата појава е карактеристична и за 1981 година. Од друга страна, се забележува пораст на домаќинствата со по еден или два членови од 17 во 1961 година, на 46 во 1981 година, и намалување на домакинствата со над 8 членови од 32 во 1961 година, на 8 во 1981 година. Во 1961 година 56 до-макинства се со 4 членови, 66 се со 5 и 6 членови, а 53 дома-кинства се со над 7 членови, во 1971 година до 4 членови се 106 домакинства или 52,7°/о од вкупниот број, 70 домакинства се со 5 и 6 членови, а 25 домакинства или 12,4% се со над 7 членови, и во 1981 година 109 домакинства или 60,9% од вкупниот број на домакинства се до 4 членови, 50 домакинства се со 5 и 6 чле-нови а само 20 домакинства или 11,2% од вкупниот број се со над 7 членови. Колку е изменета големината на домакинствата од ослобо-дувањето до денес ќе се послужиме со еден статистички пода-ток од 1946 година кога во селото до 4 членови имало 33 дома-кинства или 25% од вкупниот број, со 5 и 6 членови имало 46 домакинства или 34,8%, а додека со над 7 членови имало 53 до-макинства или 40,2% од вкупниот број на домакинства. Од вку-пно 132 домакинства, колку што имало во 1946 година, во село-то имало 16 домакинства со над 10 членови, а најголеми биле домакинствата на Апостол Ристески со 15 и Ламбе Лушкоски со 14 членови. Постарите кажуваат дека пред војната имало до-макинства и со 32 членови (Јосифовци). Заради подобра илустрација на промената на големината на домакинствата од 1946 година до денес го даваме следниот графикон: Во 1986 година во селото Куратица има 155 домаќинства, од кои најголем дел се домаќинства со по 2 члена (48), а потоа доаѓаат домаќинствата со 5 членови (30), со 4 членови (28), со 3 членови (25), со 6 членови (12), со 7 членови (5), со 8 членови (6) и со 9 членови има само едно домаќинство. Ваквата состојба е како резултат на иселувањето на помладите лица од домаќин-ствата, а иостарите останале како чувари на старите огништа. Мнграции Иселување. — Со оглед на тоа што селото Куратица се нао-ѓа во планински крај каде што условите за егзистенција на насе-лението се ограничени, природно е вишокот од работната сила да се одлива на друго место, привремено или засекогаш. Зарадп тоа, печалбарството во ова село има долгогодишна традиција и е присутно до денешни дни, а исто така во последните години е ка-рактеристично и иселувањето на населението претежно во Ох-рид и други градови, во потрага по подобра егзистанција на се-мејствата. За разлика од сегашните насоки на иселување, за исе-лувањата пред војната е карактеристично што иселениците се


насочени претежно кон селски населби со подобра земја и подо-бри услови за живеење. Во продолжение го предаваме прегледот на иселениците од селото Куратица според местото на иселувањето:

Податоците од прегледов покажуваат дека во 1986 година (состојба декември 1986) во селото Куратица живеат 182 се-мејства, а надвор од селото се иселени 498 семејства и тоа: 262 семејства во Охрид, 71 семејство во селски населби во подрачје-то на општината Охрид, 20 во селски населби надвор од општи-ната, 19 во Скопје, 32 семејства се иселени во други градови во СР Македонија, 12 во градови надвор од Републиката, а 82 се-мејства се наоѓаат во странство, од кои во Австралија — 55 се-мејства, во Франција — 5 семејства, и 17 семејства во други земји. Покрај нив 46 Куратичани се наоѓаат на привремена ра-бота во странство без семејства. Фактот дека 498 семејства се иселени од Куратица, односно 316 семејства повеќе отколку што има сега селото говори за едно силно емиграционо жариште, што е природно за современите општествено-економски движења, ако се има предвид планинското подрачје каде што се наоѓа селото Ку-ратица, приштоусловитезаегзистенцијасеограничени. Меѓутоа, и покрај изменетата старосна структура на населението, и по-крај вака силниот бран на иселување, општиот изглед на село-то дава впечаток дека животот се одвива со една задоволител на динамика со сите компоненти на современо живеење, поч-нувајќи од изгледот на куќите, преку напорите и успесите што гл постигнува месната заедница за комунално уредување на се-лото, па до изградбата на новата ќилимарница каде што се вра-оотени 35 жени и има можност за натамошно проширување. Процесот на иселувањето е и натаму присутен што го по-кажува и податокот дека во периодот од март 1981 година до август 1986 година, бројот на домаќинствата е намален од 179 на 155 или за 24 домаќинства, а во август 1986 година во селото се регистрирани 23 домаќинства без семејства, а погодни за живее-ње. Тие се напуштени од семејствата кои се иселиле во странст-во или во град, а дел се и нови градби кои служат за одмор и викенд на оние што се иселени во Охрид или во други поблис-ки градови.


Што се однесува до иселениците во странство, според ста-гистичките податоци од 1981 година 43 домаќинства се со чле-нови на привремена работа во странство, а 24 домаќинства би-ле со членови кои престојуваат во странство, а не работат. Мегу нив најбројни се домаќинствата со над 3 членови (15). Дневни миграции. — Дневните миграции и за селото Кура-тица, денес претставуваат карактеристична демографска појава и се дел од секојдневјетб на ова село. Тоа е како резултат на гоа што има поголем број вработени од селото во општестве-ниот сектор надвор од него, па се принудени секојдневно или неделно да патуваат до своето работно место и да се враќаат назад. Статистичките податоци од 1981 година покажуваат де-ка од вкупниот број вработени од селото Куратица во општест-вениот сектор (120), на 107 работното место им се наоѓа надвор јд селото, што значи дека тие се принудени да патуваат на ра-оота. Кон нив ако ги додадеме и секојдневните патувања на жи-телите од селото до општинскиот центар Охрид, особено во по-неделник, кога е пазарен ден тогаш може да се каже дека днев-ните миграции од ова село се претежно насочени кон Охрид и играат значајна улога во одржувањето на животот во селото. Во тоа многу придонесе и асфалтирањето на пристапниот пат до селото во 1980 година, така што селото Куратица со Охрид дневно е поврзано со 5 автобуски линии. КУРАТИЦА НИЗ ИСТОРИЈАТА

За тоа каков бил животот од најстарите човекови периоди во подрачјето на селото Куратица не можеме ништо поконкрет-но да дознаеме, со оглед на тоа што археолошки остатоци од тоа време сеуште не се пронајдени. Единствено пронајдените па-ри во месноста Кулишта даваат податок дека се работи за византиска градба, или за една од многуте византиски утврдувања шодигнати од почетокот на ЏИ па се до почетокот на ЏИВ век, кога конечно Охридскиот крај потпаѓа под српска власт. Исто-рнските податоци покажуваат дека во овој дел била и границата меѓу Визашија и старата српска држава, па поради тоа често доаѓало до војни меѓу двете страни. Според пишувањето на Тео-филакт, една од најтешките ангарии што населението ја извр-шувало во ЏИИ век била кастриоктисијата (градење на тврдини и градови). Градовите и тврдините се изградувале на непристап-ни планини и возвишенија и се опкружувале со ѕидови и кули.35) Како што истакнува Јиречек Србите за високите утврдувања од Византијците го примиле познатиот арапски збор „кула", што се наоѓа во грчките книги од ЏИ век.36) Инаку, историските податоци говорат дека со доаѓањето на Словените во Охридскиот крај37) затеченото население било аси-нилирано од страна на Берзитите, а само мал дел од романизи-раното и елинизираното домородечко население ги задржало своите етнички белези, повлекувајќи се во високите места со кои Охридскиот крај обилува38). Набргу потоа никнале слободни селски општини. Во Охридскиот крај постоела склавинијата Берзитија" која на чело со амостоен кнез егзистирала до сре-.ишата на ИЏ век кога Охридската област


потпаднала под бу-гарска зласт.Потоа, од 969 до 1018 година Охридската област заедно со подрачјето на селото Куратица се наоѓала во рамките на Самуиловата држава. Со потпаѓањето на Охридскиот крај под Византиска власт по 1018 година, започнал широк процес на раслојување на слободните селски општини. На нивна сметка почнале да се формираат крупни црковни и световни феудални земјопоседи, а населението било изложено на голем број давач-ки и ангарии.39) 35) Панов д-р Б. Теофилакт Охридски како извор за средновековната историја на македонскиот народ, Скопје 1971, стр. 169 36) Јиречек К. Историја Срба, Прва књига до 1537 године (политичка историја), Београд 1952, стр. 273 37) Според Б. Панов колонизацијата на Охридскиот крај од страна на Словените траела од крајот на ВИ до 30-тите години на ВИИ век (Цит. дело) 38) Панов д-р Б. Средновековна Македонија, том ИИ, Скопје 1986, стр. 39) Монографија „Охрид и Охридско низ историјата", кн. И, Скопје 1985, стр. 203 205 Во 1334 година, по неколкугодишните борби меѓу Србија и Византија, српскиот крал Душан навлегол во Охридскиот крај и го зазел Охрид, кој под српска управа се наоѓал до 1365 го-дина. Потоа Охридскиот крај, заедно со подрачјето на селото Куратица потпаднал под власта на самостојните македонски фе-удални владетели — кралевите Волкашин и Марко, се до потпа-ѓањето на Охрид под турскаосманлиска власт. Во отсуство на пишани документи, ако може да им се ве-рува на искажувањата на постарите луѓе, селото Куратица веќе се формирало со доаѓањето на Турцитеосманлии во Охридски-от крај, односно во почетокот на ЏВ век. Нешто поконкретно за селото под турска власт дознаваме од Опширниот пописен дефтер за Охридскиот санџак од 1582 година. Тогаш постоедо селото Куратица со 22 семејства, 4 самци и 114 христијани, во состав на нахијата Дебрца. Во пописот се запишани и 12 мезри, меѓу кои и мезрата Горица кај Куратица40). Тоа биле такви комплекси обработлива земја врз кои порано лежеле истоимени напуштени или уништени населби. Меѓутоа, при нашите терен-ски испитувања во текот на 1986 година не наидовме на таков податок дека некаде во подрачјето на селото имало мезра, ниту пак откривме месност со името Горица. Што се однесува до општествено-еконбмската сотојба, уш-те содоаѓањето на турците на земјата бил воспоставен тимарско-спахиски систем, а земјата во најголем дел станала државна сопствеиост. Спахиите го собирале данокот, а во замена на сво-јата воена служба, од султанот добивале лено (феуд) во рамките на државиата (мириската) земја. Животот на сиромашните села-ни бил доста тежок и неснослив, не само поради разновидните давачки кон османлиската држава, туку и заради честите анга-рии околу изградбата на тврдини што ги организирала турската власт. Заради тоа, веќе во почетокот на ЏВИ век, во Охридс-киот санџак била развиена ајдутска дејност, а меѓу 1560 и 1595 година биле доста карактеристични бунтови на населението про-тив турската османлиска власт41) Во 1566 година кога


биле ис-пратени три султански наредби за задушување на бунтот, по-крај селата Брезиште, Дбрава, Ушах, Реч, Мус, Можол, Ерлез, Себекрен, Мастар, Старова и Велен, во бунтот било замешано и селото Курјаги, но немаме потврда дали се работи за селото Ку-ратица или пак за друго село.42) Во мај 1574 година селаните од селото Курјаги, Охридско, го пречекале спахијата Хасан и го ог-рабиле, земајќи му 200 алтани и сите работи што ги носел со 40) Монографија: Охрид и Охридско низ историјата, кн. ИИ, Скопје 1978, стр. 32 41) Матковски А. Отпорот во Македонија во времето на турското владеење, Том ИВ, Скопје 1983, стр. 131 — 162 42) Исто . . . стр. 136 себе. Во наредбата што дошла во Охрид од султанот, се вели се-ланите дч се повикаат в суд, а ако не сакаат да дојдат и ако за-почнат борба „да се жртвува нивната крв''4Ч* Поради разновидните отпори и немири, тимарско спахигки-от систем, во ЏВИИИ век, се претворил во анархија, така што од-делни феудалци толку зајакнале, што почнале да држат сопст-вена војска и јавно да се одметнуваат. Меѓу познатите одметни-ци во Охридскиот крај, кон крајот на ЏВИИИ и почетокот на ХЕХ век, бил крупниот полунезависен феудалец Џеладин - бег, кој имал доста имот низ Охридскиот крај. Според белешките на Ни-кола поп Стефанов, за негово време христијанското население било изложено на доста ангарии и друг вид експлоатација.'4) Покрај ова, селаните биле изложени на постојани грабежи од страна на албанските пљачкашки банди кои доаѓале во Охрид-скиот крај и се враќале со богат плен (крупна и ситна стока, пари и сл.). По владеењето на Џеладин-бег од 1830 година, упч равата над земјата во Охридско повторно потпаднала под непо-средна власт на султанот и била прогласена за царска своина („емљак"). Според кажувањето на постари луѓе, некаде во овој период, со земјата од селото Куратица завладеале охридските бегови од родот Оџовци45). Бегот бил Сулејман Ефендија кој изградил и кула во селото (денес не постои), а полјак на имотот бил Муртеза. Се кажува дека и еден бег од селото Велмеј до-броволно дошол во Куратица и формирал чифлик бидејќи бил страстен ловец. Што се однесува до стопанскиот развој, во овој период, во селото Куратица земјоделството и сточарството биле сновното занимање, но доста екстензивно, така што едвај се обезбедувале основни услови за живот. Заради тоа, веќе кон крајот на ЏИЏ век од селото има масовно заминување на печалба во Влашко, Бугарија и Србија. Од друга страна, несносливите услови од тешкото петвековно турско ропство, големите давачки и голе-мата сиромаштија биле причина да се јавува револт кај насе-лението и да се вршат подготовки за вооружено востание. Куратица во Илинденското востание Селото Куратица има дадено значаен придонес во Илинден-ското востание во Охридско. Идејата за дигање на вооружено востание во ова село продрела уште во осумдесетите години од минатиот век, по донесувањето на законот за фариите од страна


43) Исто . . . стр. 144 44) Стефанов поп Н. Охридски летописни белешки; сп. Разгледи, год. ВИ бр. 2 Скопје 1963 45) Како дошло до тоа? Во родот Котовци во тоа време настанала некоја карл-ница поради тоа што една девојка од Котовци лажно се искажала дека едно момче од нивниот род Крчовци фрлил мерак по неа. Во судскиот спор се за-мешал овој бег и успеал да го присвои имотот од Крчовци и да направи чифлик, По ова Крчовци се иселиле во Долно Лакочереј. на турската османлиска власт. Имено, кон крајот на јуни 1886 година во ова село дошле во обиколка Климент Заров, Никола Пасхов, Никола Чудов и Антон Кецкаров од Охрид под мотив да бараат лековита вода за сакатиот Никола Чудов кој бил јавнат на магаре или пак некакво учителско место по селата. Меѓутоа, според пишувањето на Антон Кецкаров, со селаните се разгова-рало за законот за фариите и за организирањето на селските чети за фаќање на разбојниците. Покрај ова им давале упат-ства за отворање на училишта и за избегнуавње на судските процеси иред турските власти'6). Тоа значи дека овој период во селото постоела селска чета и милиција во која селанството го гледала својот непосреден носител на дамнешните желби за слобода. Со доаѓањето на Никола Петров Русински во Охридскиот револуционерен округ на 12 ноември 1901 година, па се до де-кември 1902 година, охридската револуционерна организација доста напреднала. Во селото Куратица тој престојувал во де-кември 1902 година но во своите спомени само истакнува дека не го нашол учителот во селото.47) Тоа значи дека во селото веќе е оформена чета, ако се има предвид фактот дека до доаѓа-њето на Русински, петмина четници, предводени од Тасе Хрис-тов организирале дел од населението на Дебрца и на други пла-нински села.48) Притоа треба да се истакне дека во селото Кура-тица биле формирани две чети. За времето на Н. П. Русински Охридскиот револуционерен округ бил поделен на десет реони. Селото Куратица се нашло во Четвртиот реон под псевдоним „Јужни кукуруз" со центар во Сирула. На 1 март 1903 година во Куратица доаѓа Тома Давидов со чета од 18 одлично воору-жени луѓе, за ревизор на сите вооружени сили на Охридската околија. Тој во селото организирал средба со раководителите од Охрид: Наум Цветинов, и Иван Нелчинов кои барале од него војнички да ги обучува четниците и селаните. По негово барање Наум Цветинов и Иван Нелчинов биле преправени во ќумурџии од Куратица, под името Митре (Наум) и Спасе (Иван) и носеле писма во Охрид во Началството. На 15 март 1903 година, добил известување за судирот на Дејан Војвода во Арбиново и спро-тивно на договорот со раководството во Охрид, собрал селска милиција и со двете чети тргнал на помош. Во еден судир кај селото Оздолени со турски башибузук, загинал. Веќе следниот ден во селото Куратица се наоѓа Охридско-то горско началство: Христо Узунов, Антон Кецкаров, Наум Цветинов, Наум Златарев и Владимир Чакаров кое засилено ра-боти на иодготвувањето на селските чети за востание, на воору-жувањето и обуката, изведуваше пробни борби, одредуваше складишта за храна и муниција, лекови, болници и фурни во


46) Кецкаров А. Предтечи на Револгооционната организации вб Охридско, Илустрации „Илинденв", год. ИЏ, кн. 1 (јануари), Софин 1937 47) Русински П. Н. Спомени, ракопис, Институт за национална историја, Скопје 48) Охрид и Охридско . . . кн. ИИ, 197 планинските предели во околината на Куратица. Во месноста Грмешница беше предвидено да се поправа оружјето и да се полнат чаурите, а одговорни на тој склад беа Антон Узунов (брат на Христо Узунов) и Христо Пармаков од Охрид. Двајцата за-гинаа на 31 август 1903 година во борбата кај Грмешница.49) ѓНа 28 јули 1903 година, откако Охридското горско начал-ство ѓо добило Прогласот од Главниот штаб за дигање на вос-тание, во Брежанските планини, донесло конкретно решение и план за дигање на востанието во ОхридсксјЈ. Според планот кура-тичката чета, заедно со сирулската, мешеишката, лешанската и злестовската чета, како и делови од четата на Началството и Дејановата, вапилската и лакочерејската чета, добија задача да го нападнаг аскерот од 200 души што се наоѓал на Сирулски рид. Дел од куратичката и брежанската чета добија задача да го следат турскиот аскер од 35 души, што се наоѓал во Курати-ца.50) Два дена пред востанието, Горското началство, до сите војводи и селски началства во реонот издало последни упатства за востанието. ?Куратичката чета меѓу првите се вклучила во борбените дејстба. Предводена од Цветко Неделков од Слатино, кон која се приклучиле и околу 20 востаници од началничката, пред да го даде договорениот знак Дејан на Сирулски Рид со пукање на пушка, куратичката чета ги нападнала шаторите на Сирулски рид заедно со другите чети одредени со планот. Ме-ѓутоа, шаторите биле празни бидејќи аскерот предвреме се по-влекол, штом слушнал пукотници од кај Велмеј. Престрелката траела од два часот по полноќ до 13 часот, при што бил убиен еден востаник од лешанската чета и двајца ранети, а од страна-та на Турците биле убиени или ранети 28 души. Кога чул ну-котнипи аскерот од Куратица тргнал во помош кон Сирулски рид но бил запрен од четата што ја предводел Цветко Стојанов од Јабланица,51) во борбата што се водела во месноста Влашка Вода. ' - ѓЈѓ1а 5 август 1903 година во месноста Вишеслоец, Куратич-ко, во присуство на Горското началство, куратичката, брежан-ската, плаќенската и опеничката чета, како и на други претстав-ници на четите од подрачјето на Дебрца, беше посветено црве-ното знаме на востанието што го изработиле неколку учителки и жени од Охрид, Посветувањето го извршил поп Васил од Ле-шани, а сите присутни со симнати капи минале под знамето и го бакнувале. На таа мала свеченост говореле Христо Узунов и На-ум Атанасов — Цветинов. Истиот ден на аскерот во Сирулски рид му дошла помош од Охрид, Елбасан и други места, од око-лу 4000 војници, од кои еден дел се упатиле кон Куратица, а дел кон Вишеслоец каде што бил Дејан Војвода. Куратичката чета час и половина водела борба со аскерот во одбрана на селото, при што аскерот се вратил на Сирулски рид. Меѓутоа, поради 49) Кецкаров А. Цит. дело . . . стр. 14 50)Полјански Хр. А. Христо Узунов, Охрид 1985, стр. 42 —43 51) Ристески Ст. Дејан Војвода, Охрид 1974, стр. 46


бројноста на турскиот аскер и подоброто вооружување, четите не можеле да се спротивстават и морале да отстапат, така што веќе на„Ц2 август селото Куратица е изгорено до темел, а жите-лите се повлекле во збегот во Рашанец, заедно со жителите на Сирула, Опеница, Свињишта и Речица.52) Кај Грмешница биле распоредени четите на Никола Мит-рев, Аргир Маринче и Цветко Стојанов со 130 востаници, а во помош преку Вишеслоец им дошле уште четите на Дејан Вој-вода, Христо Узунов и на Јове Србаков — Камнароски од Куратица. Целта им била да го обезбедат збегот во Рашанец во Марково Долче, Делвино и на други места. Збегот во Грмешница и Рашанец бил еден од најголемите збегови на територијата на Охридскиот револуционерен реон каде што биле засолнати околу 2000 жители од Куратица и окол-ните села. Охридското началство спровело добра организација на збегот: работеле разни работилници, во месноста Широкој Нивиште се наоѓале фурни за печење на леб, во месноста Игра-лишта била болница, а девојки и жени од Куратица и околните села биле ангажирани да носат вода и да ги преврзуваат ранетите, а имало и казани за готвење на јадење за населениетоЈ Епопејата иа Рашанец и Грмешница Со епопејата на Рашанец и Грмешница се испишани најкр-вавите страници од Илинденското востание во Охридскиот ре-волуционерен реон. Се случи тоа на 13 септември 1903 година кога кон Грмешница од сите четири страни се приближувал турски аскер (откај Плаќе, од Буково преку Свињишта, од Ох-рид преку Опеница и од Сирула преку Куратица) предводен од Велјан Славески од Речица, од Јон и син му Петре. Тројцата об-лечени во аскерски алишта го воделе аскерот точно на своите жртви — востаниците и населението. Во одбраната на збегот учествувале Дејановата, Плаќенската, Опеничката чета, четите на Аргир Маринчев, Христо Узунов и Никола Митрев, како и куратичката чета која се состоела од 25 востаници.53) Во кура-тичката чета, во одбраната на збегот учествувале: Ефтим Ав-рамоски (началник), Јове Камнароски (војвода)54), Јордан Рис52) Изгореле сите 60 куќи и, според искажувањата на очевидците, успеало да се спаси само едно магаре натоварено со покуќнина. 53) Милетичт. Л. Кбм борбит% на НЗгозападна Македонил. По спомени на Лука Джеровт>, Георги П. Христовт., Ангелт. Андреевт», Георги Папанчевт> и Лазарг Димитровт>, Софии 1926, стр. 132 54) Сестра му била мажена за Јон Славески, кој заедно со Велјана го предал збегот во Рашанец. По завршувањето на Востанието Комитетот наредил нс-говото семејство да се затвори и запали во куќата. Јове со тројката што ги спроведувала одлуките на Комитетот од Охрид бил во Плаќе. Тој бил против горењето на семејството на сестра му и успеал да обезбеди 900 наполеони за Комитетот за да ги спаси. Меѓутоа, бил отруен со кафе и кога се вратил во Куратица, умрел. (Искажување на Миле Дервушоски од Куратица). тески (војвода)55), Никола Дервушоски (четни старешина), Ри-сто Петкоски-Дуко, Ефтим Петкоски - Стомнарот, Сандре Ѓо-рески, Најде Аврамоски, попот Сандре


Гиноски, Велко Мило-шоски, Гисто Андрески - Мазе, Горѓија Тасески56, Ристо и Цветко Аврамоски (син и татко), Угрин Петкоски, Горѓија Јосифоски, Трајче Јосифоски, Стојан Стојаноски-Јовески (војвода), Најде Јанески, Јонче Петкоски57), Андон Митрески (заклан во Крушје), Коле Петкоски и Миленко Толоманоски58). Според сеќавањата на Лазар Димитров59), во одбраната на збегот учествувале 170 востаници, а турскиот аскер напаѓал со околу 4000 војници. Во своите спомени од тоа време, Дејан Војвода, меѓу другото, вели:

Споменикот во Рашанец 55) За одмазда Турците му го заклале син му во месноста Стојкој Ливатчиња. 56) Во Марково Долче, при одбраната на збегот го убил трубачот на турскиот аскер. 57) Заедно со Никола Дервушоски и Ристо Андрески го убиле стражарот на Сирулски Рид. Ристо и Јонче му биле заменици на Никола. 58) Миленко Толоманоски, Коле Петкоски и началникот Ефтим Аврамоски биле во четата на Никола Дервушоски. 59) Милетичт, Л. Кбм борбите . . . — ,.Кога се раздени, видовме дека сме опколени од сите страни. Отворивме оган. Аскерот откај Куратица на Среден Рид беше поставил пет горски топа. Судирот траеше 11 часа . . . Пр-вите позиции комитите ги задржаа четири часа. Семејствата беа во средината, во долината. За време на борбата турските куршу-ми паѓаа и меѓу семејствата, кои се гледаа и од аскерот. Повеќе-мина точно нишанеле во невини жени и деца. Никола Митрев (од Елшани — б.м.) во тоа време сам видел и слушнал како еден бимбашија му наредувал на аскерот да не стрела во жени и де-ца. Но тие не го елушале, тој со камшик ги биел да не го прават тоа. И кога видел дека не го слушаат, ги кренал рацете и нажа-лен извикал: Алах, Алах! Тогаш од семејтвата паднаа: 60 души од Сирула ... 32 души од Опеница, 28 од Куратица, од Речица околу 15 души, 12 души од Плаќе — вкупно околу 160 души, а заедно со востаниците беа убиени околу 190 души". . . Имаше и деца убиени. Имаше деца нарочно фрлени и на парчиња исечени. Имаше во една пештера заклани жени, цело семејство од 9 души заклани и потпалени со газија".60) Овие потресни сведоштва на Дејан Димитров, најилустра-тивно говорат за борбата во Рашанец, Марково Долче и Грмеш-ница, и за ѕверствата што ги правеше турскиот аскер над голо-ракото население во ова последно упориште на Илинденското востание во Охридскиот револуционерен реон. Селата биле претворени во пеплишта, а жителите од селото Куратица биле повле-чени во Давидовата Долина. Некои од востаниците на куратич-ката чета дотолку се разочарале од неуспехот, што сакале да го предадат оружјето. Дејан и Узунов ги


повикале таквите лица и ги разоружале. Тогаш тие се покајале и се молеле војводите да им го дадат оружјето, ветувајќи дека докрај ќе бидат на стра-ната на Организацијата.61) Сите 60 куќи во селото Куратица биле изгорени. Загинале 28 жители од ова село меѓу кои: Косто Спиров (убиен во Раша-нец), Андон Виданов - Митрески (заклан во Крушје), Стојан Ср-бинов (загинат во Куратица), Божин Петров (загинат Долгоман-ски Рид), како и Крстан Огненов, Сандре Јолев, Косто Јорданов, Силјан Трпчев, Ефтим Стојанов, Јонче Степанов, Никола Степа-нов, Јанија Секулоска и Стојан Секулоски — сите загинати во Рашанец.62) 60) Во извештајот на писарот на битолското консулство Љуб. Михаиловиќ до министерот за надоврешни работи Љуб. Каљевиќ во Белград, испратено на 20. ИЏ. 1903 год. меѓу другото се истакнува дека на 31 август (односно 13 сеп-тември — б.м.) имало судир близу до селото Куратица. Борбата траела цел ден, а комитите се повлекле со големи загуби. Од четниците паднале над 20 души, а од аскерот околу 50. По судирот, како и секогаш, војската навлегла во селото Куратица и Опејнца, убила 55 селани, а ранила 40 селани, меѓу кои доста жени и деца доенчиња. Храната била изгорена, а луѓето што биле жи-ви останале без корка леб. (Илинденски зборник, 1903-1953, Скопје 1953, 91) 61) Ристески Ст. Дејан Војвода . . стр. 55 62) Според Наум Томалевски: Список на загиналит% револгоционери в Охридска револгоционна околил през вгстанието и следт. него.. Сб. „Илиндент.", год. ВИ. 1903-1927, Софии 1927 По завршувањето на битката кај Рашанец, Дејан ја оставил куратичката чета во Лешанско за да ги погребе непогребаните востаници кога ќе се повлече аскерот од еелото Куратица. Турс-киот аскер ги зафатил и ги контролирал врвовите Вишеслоец, Св. Илија и Мазатар, а потоа извесно време се наоѓал во шатори во Куратица и Речица, се до 27 септември кога заночнала битка-та кај Српница (меѓу Велмеј, Лешани и Куратица) во која зела учество и Куратичката чета. Четите биле разбиени, а турскиот аскер ги продолжил своите насилства врз невиното население низ селата во Дебрца. По завршувањето на Востанието, Христо Узунов престоју-вал во Куратица и пред населението одржал говор во кој, меѓу другото, рекол: „Браќа, сонце сакавме, а ни искра не добивме. Сакавме и ние како другите при слобода да живееме, а еве со крв и оган се натопи нашата земја. И за се — знаете ли? — јас сум виновен. Затоа ви се предавам- што сакате правете со мене. Предајте ме. убијте ме. . ."53") Селото Куратица, со својата чета, дало значаен придонес во Илинденското востание и во отпорот против петвековното турс-ко ропство. Навистина востанието е задушено, меѓутоа, и кај не-посредните учесници во него и кај населението од ова село оста-нало уверувањето дека не е непобедлив турскиот-османлиски по-робувач и дека ќе дојде денот кога ќе огрее сонцето на слобода-та. Со такви надежи, жителите од селото Куратица по завршу-вањето на востанието се вратиле на своите


стари огништа и врз пеплиштата на изгорените куќи почнале да ги подигнуваат свои-те идни домови. Селото по Илинденското востание По завршувањето на Илинденското востание, состојбата на населението во селото Куратица била мошне тешка. Зимата веќе наближувала а гладот се заканувал врз сиромашното население. Во еден конзулски извештај од 1903 година се истакнува дека во градот Охрид „положбата е ужасна поради тоа што многу свет од околните изгорени села побегнал таму за да се спаси од огнот и ножот на турските војски. Во Охрид се прибрале преку илјада души што немаат леб да јадат. Комитетот охридски ги по-мага колку што може, но таа помош не е достатна"64) Од друга страна, врз сигурноста на животот и имотот на луѓето се закану-вала и зголемената активност на разбојничките чети. Сето тоа уште повеќе ја усложнувала економската ситуација к во селото Куратица, така што во барањето на излез од таквата состојба почнало масовно одење на печалба, најнапред во соседните балкански земји каде што оделе порано, а потоа во Америка и Фран63) Полјански Хр. А. Христо ЈЈзунов . . . стр. 54 64) Охрид и Охридско . . . кн. ИИ, стр. 238

ција. Овој печалбарски бран особено се засилил по завршува-њето на Првата светска војна, особено околу 1920 година и тоа во прекуокеанските земји. Општествено-политичката ситуација по Илинденското вос-тание во Охридско била доста неизвесна и исполнета со пресвр-ти, почнувајќи од младотурската револуција од 1908 година, пре-ку пропагандните активности на балканските земји, па се до из-бувнувањето на Балканските војни и Првата светска војна. И за селото Куратица сите овие настани претставуваа само товар по-веќе во економска смисла, а и елемент на неизвесност за идни-ната. Со српско-бугарскиот сојузен договор од 12 март 1912 го-дина, односно со неговиот „Таен анекс" Македонија била поделе-на на спорна и неспорна зона, така што селото Куратица се на-шло во спорната зона, чиј статус требало да се решава по завр-шувањето на Првата балканска војна. Границата меѓу Србија и Бугарија минувала на северниот дел од подрачјето на селото Ку-ратица, преку Мазатар,65) Во рамките на Првата балканска војна во 1912 година низ теренот на Куратица оперирал охридскиот војвода Петар Чаулев со својата чета. Четата на Петар Чаулев, потпомогната од бројна селска милиција — вооружени селани — водела жестока борба со турскиот аскер на превојот Буково (меѓу Охрид и Ресен) и во таа битка од претходницата на корпусот на Џавид-паша кој се повлекувал кон Албанија, кај селата Куратица и Свињишта заро-била 290 војници66). Со тоа во значителна мерка го олеснил на-влегувањето на српските војски и српската власт


во Охридско, кон крајот на ноември 1912 година. Во извештаите од 1914 годи-на за состојбата во Охридскиот округ што ги даваат државниот економ Мил. Ј. Петровиќ и началникот на Округот Јован Кир-ковиќ, се истакнува доста неповолната економска состојба на Ок-ругот, екстензивното земјоделство и сточарството и ниските при-носи.67) По завршувањето на Втората балканска војна Охридскиот крај, а со тоа и селото Куратица се нашло под бугарска окупаци-ја од ноември 1915 до септември 1918 година, кога овој крај пов-торно паѓа под српска власт. Притоа, српската власт спровела за-силена асимилаторска политика, пред се преку отворањето на српски училишта скоро во секое село и поставување на српски учители, како и преку други форми. Во селото Куратица во учеб-ната 1928/29 година било отворено српско училиште, а за учител бил назначен Милорад Грковиќ68) 65) Охрид и Охридско, ИИ, 266 66) Стојанов д-р Петар; Македонија во времето на балканските и Првата светска војна (1912-1918), Скопје 1969, 99 67) Српски извори за историјата на македонскиот народ . . . стр. 262-268 и 377-411 68) Училиштето го посетувале 40 ученици во прво одделение, меѓу кои и две женски: Војда Јосифоска и Јонка Петкоска. Во овој период, па се до окупацијата во 1941 година, село-то Куратица било во составот на Опеничката општина во која влегувале уште и селата Опеница, Речица, Плаќе, Завој и Свињишта.69) Селото во Народноослободителната војна Со капитулацијата на Стара Југославија, селото Куратица се најде под бугарска окупаторска власт. Во селото беше сместен пограничниот штаб на бугарската окупаторска војска, постоеше еден митничарски пункт, а во месноста Крстечки Рид, на демар-кационата линија меѓу фашистичка Италија и Бугарија, беше поставена гранична караула. За кмет во селото беше поставен Коле Аврамоски. Ваквата состојба не даваше можност во селото организи-рано да се работи за вооружен отпор против окупаторот. Сепак тоа не значи дека во Куратица не постоеја револуционерни сили кои, на еден или друг начин, не се вклучуваа во организирањето на отпорот. Низ подрачјето на селото честопати наминуваа илегалци и организатори на оруженото востание кои беа прифаќа-ни од овчарите, сокривани во кошарите од непријателот, хране-ти и испраќани преку граничната линија. Тука минуваа борците на Првата македонеко-косовска ударна бригада на својот пат до Егејска Македонија и назад, потоа Киро Крстески — Платник, Јосиф Јосифоски-Свештарот и др. Еден од првите организатори на отпорот против окупаторот во селото Куратица беше Јонче Котески, тогашен ученик во Ох-ридската гимназија. По негова иницијатива во април 1943 година во Куратица е формиран актив што го сочинуваа: Јонче Котески (секретар), Злате Аврамоски, Миле Дервушоски, Спиро


Ристески и Кирко Димоски, а подоцна членови станаа Минче Аврамоски и Бошко Горески. Во септември 1943 година во селото е формиран првиот ак-тив на СКОЈ исто така по иницијатива на Јонче Котески. За се-кретар беше избран Кузман Горески, а членови на СКОЈ станаа Коста Танески, Спасе Савески, Цветко Ристески, Леон Аврамоски и други. Активот започна поорганизирано да работи од февру-ари 1944 година со доаѓањето на Иван Блажески од Белчишта кој одржа состанок и кон активот ги приклучи првите девојки: Ми-ланка Котеска, Петра Петкоска, Сребрена Котеска, Стојна Андре-ска, Пара Крстаноска, Јорданка Миленкоска, Крстана Ангелеска, Цветанка Тасеска и други. Во почетокот на 1944 година постоеше поголема напредна група младинци меѓу кои беа: Кузман Ѓорески, Леон Аврамоски, Цветко Ристески, Коста Танески, Трифун Јоноски, Спасе Савески, Миланка Котеска, Петра Петкоска, Иванка Савеска, Крстана Ан-гелеска, Јорданка Миленкоска, Сребрена Котеска, и други што го сочинуваа јадрото на младинската организација. 69) Српски изврри . . . стр. 385 По формирањето на Скоевската организација се форми-раа скоевски групи што имаа задача да прибираат доброволни прилози во храна и облека за партизаните. Во ова време веќе по-стоеше и позадинска организација што се грижеше за прибира-ње на облека, храна и за шиење на облека за партизаните, во која посебно се истакнуваа Миле Дервушоски и Пара Крстаноска. Во септември 1944 година за Коселското подрачје е форми-ран Општински комитет на КПМ во чиј состав влегоа Јонче Ко-тески и Злате Аврамоски од Куратица. Потоа се пристапи кон формирање на првите партиски организации низ селата, а Јонче Котески стана член на Околискиот комитет на КПМ во Охрид и секретар на Околискиот комитет на СКОЈ. Во партиската орга-низација во Куратица во текот на 1944 година покрај Јонче Ко-тески, влегоа и Минче Аврамоски (секретар), Божин Ѓорески, Миле Дервушоски, Спиро Ристески, Кирко Димоски, Злате Ав-рамоски и други. Во септември 1944 година во селото беше формиран и први-от илегален Народноослободителен одбор. За прв претседател бе-ше избран Угрин Котески, а во неговиот состав влегоа: Арсе Ав-рамоски, Злате Авармоски, Минче Аврамоски, Божин Ѓорески, Миле Дервушоски, Јонче Котески и Кирко Камнароски (Димоски) Во октомври 1944 година во Вапила е формиран Општински НОО за Коселското подрачје во чиј состав влезе и Злате Аврамо-ски од Куратица. До крајот на 1944 година во Куратица беа фор-мирани селски одбори на Народниот фронт и АФЖ. Два дена пред капитулацијата на Бугарија (на 7 септември 1944) од селото Куратица излегоа првата организирана група пар-тизани што ја сочинуваа 12 борци, меѓу кои: Стојан Трајчески, Ѓорѓи Стојаноски, Јосиф Стојчески, Благоја Котески, Цветан Тренкоски, Ристо Божиноски, Разме Аврамоски, Миле Јосифо-ски и др. До 15 септември 1944 година беа испратени уште 28 пар-тизани така што во тој период во селото Куратица имаше 40 бор-ци-учесници во Народноослободителната војна. Дел од нив учест-вуваа во конечното ослободување на нашата земја на Сремскиот фронт.70)


Инаку, прв партизан што излезе од селото Куратица беше Љубе Ѓорески, кој во ноември 1943 година доброволно стапува во редовите на Првата македонскокосовска ударна бригада, от-како претходно им избегал на нитничарите од Косел, каде што бил затворен. За денешната слобода своите животи ги положија Ѓорѓи Петкоски (загина како борец на Првата македонска бригада кај Кајгана во Срем, на 28 април 1945 година), Крсте Секулоски (за-гина на 7 ноември 1944 година во борбите за ослободување на 70) На Сремски фронт беа: Злате Ѓорески, Лазор Петкоски, Цветан Петкоски, Разме Аврамоски, Коле Миленкоски, Петре Аврамоски, Миле Колески, Бла-гоја Петкоски, Костадин Ристески, Злате Лушкоски, Јонче Лушкоски, Ван-гел Тасески, Никодин Лушкоски, Ѓорѓија Петкоски, Сандре Дервушоски, Ристо Котоски, Угрин Аврамоски, Леун К. Аврамоски, Цветан Дервушоски, Коле Јанкулоски, Танче Колески, Лазе Толоманоски, Коле Ставрески и Ни-кола Колчароски. Охрид), Љубе Горески (загина во февруари 1944 година кај Бо-гомила во февруарскиот поход), Петре Аврамоски (загина на 20 април 1945 година кај Славонска Пожега како борец на Првата македонска-ударна бригада) и Сандре Дервушоски (загина на 28 април 1945 година кај Соколовац во Срем, како борец на првата макецонска ударна бригада). Селото од окупаторската власт е ослободено на 5 септември 1944 година кога бугарите го напуштија учестокот од Куратица. Во чест на паднатите борци во 1948 година пред селската црква Св. Никола е подигнат споменик, а во селото во 1962 година е подигната Спомен чешма.71) КУРАТИЦА ВО СЛОБОДНИОТ РАЗВОЈ Веднаш по ослободувањето, според упатството на Президи-умот на АСНОМ за организација и работа на Народноослободи-телните одбори, во селото Куратица е формиран првиот легален Народноослободителен одбор по пат на гласање. Одборот е изб-ран на средсело, на местото Урија, а во него влегоа: Угрин Петкоски, Ѓоре Толоманоски, Вангел Спироски, Стојан Миленкоеки и Цветан Симоноски. За претседател е избран Угрин Петкоски. Тоа беше во септември 1944 година. Пред Одборот се поставија мошне одговорни задачи, во со-цијалистичката изградба на новото општество и во развојот на селото. Основна задача беше да се подобри материјалната состој-ба на семејствата и да се обезбеди храна, зашто војната исцрпу-вачки делуваше врз селото. Во оваа насока, доброволното ангажирање на младината и целокупното работоспособно население во унапредувањето на земјоделството и сточарството беа осное-ните карактериетики на повоениот развој на селото. Покрај тоа што беа ангажирани во селото, дел од нив доброволно заминуваа на помош во другите села или за изградба на објекти од поширок општествен интерес како што беа: ХЦ Маврово, пругата Брчко-Бановиќи, ХЦ „Светлост" во Песочани и други акции каде што младинците од Куратица беа маѕсовно присутни.


Според сочуваните архивски материјали72) во текот на 1945 година е карактеристично организирање на власта и политичка-та активност, како и комуналното уредување на селото по пат на доброволно ангажирање. Според податоците, во оваа година се71) На чешмата е следниот натпис: „Во знак на благодарност на паднатите бор-ци од славната НОБ од с. Куратица ја подига оваја спомен-плоча. Вашиот хе-ројски и несебичен пример и денес ичнадакнува нашите луѓе во борбата за социјализам и очување независноста на нашите народи. Благодарно населе-ние на Куратица". и) Од Историскиот архив во Охрид се користени следните фондови: — МНО Куратица, инв. бр. 281 — Собрание на Охридска околија (1944-1965), инв. бр. 1 — Околиски комитет на КПМ — Охрид, инв. бр. 205 — Собрание на општина Косел, инв. бр. 211 лото има 137 домаќинства со 963 жители. Покрај другото е разви-ен и партискиот живот, така што членови на КП се: Ефтим Н. Тренкоски, Ѓоре М. Маркоски, Кузман М. Горески, Јорданка С. Миленкоска, Кирјан К. Димоски, Кирјан Јанески, Костадин И. Танески, Петра Е. Петкоска, Миланка М. Котеска и Злате Ав-рамоски. Секретар на партиската ќелија е Кирјан Димоски, а во раководството на Партиската ќелија влегуваат и Кузман Ѓорески и Миланка Котеска. Јонче Котески и Злате Аврамоски се чле-нови на Општинскиот комитет на општината Косел. Во тој период Јонче Котески е и секретар на Општински Комитет на СКОЈ, член на Срвскиот комитет на КПМ, секретар на Срескиот коми-тет на СКОЈ и кон крајот на 1945 година беше испратен во Стру-га за член на Срескиот комитет на КПМ и секретар на Општин-ски комитет на СКОЈ. Меѓу поактивните членови на СКОЈ беа и Јонче Б. Лушкоски и Трифун М. Јоноски. Во организација на Околискиот сојуз на земјоделските за-други од Охридска околија во 1945 година е формирана Земјо-делска задруга „Балкан". Прв продавач беше Миле Котески.73) Во текот на 1946 година Јонче Б. Лушкоски и Трифун Јонос-ки доброволно заминаа на изградбата на првата железничка пруга во нашата земја Брчко Бановиќи, а во селото и натаму се презе-маат акции за подобрување на условите за живеење. Кон крајот на годината претседател на селскиот Народен одбор е Арсе Авра-моски, секретар Кирил Стојаноски, а членови се Цветан Симо-носки, Славко Колчароски и др. Во селото за учител доаѓа Бошко Атанасоски од Егејска Македонија, кој даде значаен придонес во развојот на просветно-културниот живот во Куратица. Секретар на партиската ќелија во селото е Злате Аврамоски. Селото брои 134 домаќинства и 928 жители. Карактеристични се многучлени-те домаќинства, така што во оваа година, со 10 и повеќе члено-ви има 17 домаќинства, а исто толку домаќинства се со по 8 и 9 членови. Селото има 1696 овци, 1173 кози, 343 говеда и 111 свињи. Најмногу овци имаа Сандре Колески (205) и Апостол Ристески (125), а најмногу кози имаа Ламбе Лушкоски и Апостол Ристес-ки (по 80). Од 1947 година, меѓу другите документи за селото Курати-ца, во Историскиот архив во Охрид се наоѓа и првиот записник на МНО од селото со датум од 22. В. 1947 година. Ова може да се заклучи од содржината на записникот каде што, меѓу


другото, се истакнува дека во иднина е потребно да се водат записници од состаноците на Месниот народен одбор. На овој состанок за прет-седател на МНО е избран Божин Толоманоски, а за секретар Рис-то Бимбилоски.74) Во текот на 1947 година, покрај другото, Месниот народен одбор посвети особено внимание врз развојот на земјоделството. Со сеидбениот план за 1947/48 година е предвидено со пченица да се засеат 80 ха, со рж 200 ха, со јачмен 35 ха, со пченка 5 ха, со компир 6 ха, со граор 20 ха, со уров 24 ха, со овес 8 ха, и по еден 73) ИА — Охрид, фонд: Собрание на Охридска околија, инв. бр. 1 74) Историски архив — Охрид, фонд: МНО Куратица, док. бр. 281 ОД 23. 08. 1947 хектар со тутун, зарзават и луцерка. Под угари се оставени 350 ха. За обработка на земјата селото располага со 99 плугови, 98 брани, 18 коси, една машина-вејалка, 103 коли со две тркала и 4 коли со четири тркала.7) Селото брои 932 жители, од кои 528 мач шки и 404 женски. Во оваа година започнаа нецелосни истражувања на желез-ни и манганови руди во подрачјето на селото Куратица, од стра-на на рудникот „Цер" од Кичево. Истражувањата беа вршени во месностите Кали Падиње, Мала Планина и Горно Село. Со истра-жувачките работи раководеше рударскиот техничар Бранко Нанески. Според зачуваните архивски документи од април 1948 го-дина во селото Куратица е карактеристично доброволното анга-жирање на младинците и другото население. Триесет младинцн од селото веќе се наоѓаат на работна акција на хидроцентралите во Маврово и на изградбата на автопатот во Белград. Покрај ова, се дадени 300 работни дена за поправка на патот од селото до Рашанец. Проблем во селото претставува недостигот од вода за пиење. МНО се ангажира и за описменување на населението, осо-бено на женското население, така што во оваа година работи аналфабетски курс што го посетуваат 20 жени. Особено значајно внимание се посветува на помошта што ја дава работоспособното население на домаќинствата од селото или надвор од него кои немаат работоспособни членови, на семеј-ства на борци кои се наоѓаат во армијата, на воени инвалиди и други лица. Во текот на 1948 година започна експлоатацијата на манга-новата руда во подрачјето на селото Куратица (во Падиње). Има промени и во раководството на Месниот народен од-бор, така што во април 1948 година, на местото на Ристо Бимби-лоски, за секретар на МНО е избран Костадин Аврамоски, а во ју-ни истата година, на. ме!стото на Божин Толоманоски, за претсе-дател на МНО Куратица е избран Миле Дервушоски. Имало чес-ти промени во раководството на МНО, така што во август секре-тар на МНО е Цветан Ристески. Членството во КП е зголемено за 12 иови членови. Прилично податоци во Историскиот архив во Охрид за село-то Куратица има за 1949 година. Најголем дел од нив се однесу-ваат на формирањето и работењето на Селската работна задру-га „Љубе Горески". Селска работна задруга Селската работна задруга „Љубе Ѓорески" во селото Кура-тица е формирана на 18 март 1949 година76) со 34 домаќинства.


75) Фонд: МНО Куратица . . . 76) Фонд: Собрание на општина Охрид, кут. 44. 1; Околиски комитет на КПМ, кут. 3/49. Според друг податок СРЗ е формирана на 28. ИИ. 1949 година (Фонд: Околиски комитет на КПМ, кут. 5/49) Задругата располагаше со 42 чифта волови, 100 овци и 7-8 коњи. Прв претседател на организациониот одбор беше Крсте Секулос-ки, а во раководството влегуваа и Васил Крстески (претседател на бригадите), Цветан Петкоски (бригадир), Леон Петкоски (кни-говодител), Кире Стојаноски (касиер), Коста Котески (магаци-нер), Арсе Аврамоски, Кирјан Димоски, Ѓоре Толоманоски, Крс-те Дервушоски и др.77) Во врска со формирањето на селската ра-ботна задруга од страна на Месниот народен одбор и општестве-но-политичките организации од селото се одржани повеќе сос-таноци, од кои се зачувани записници во Историскиот архив во Охрид. Така на пример, на советувањето со секретарите на Мес-ните партиски организации, претседателите на МНО, на МО на народниот фронт, Младински активи и претседателите на СРЗ на ниво иа Охридска околија што се одржа на 27. септември 1949 година е истакнато дека во селото Куратица, првата и вто-рата вечер во СРЗ се запишале 11 домаќинства, а додека третата вечер никој не се запишал. Основна причина за тоа бил отпорот кај 3-4 домаќинства во Задругата да ги внесат овците, под изго-вор дека во селото нема вода и можат да пцовисаат. Подоцна влегле уште неколку домаќинства, така што кон крајот на сеп-тември 1949 година Селската работна задруга броела 42 дома-ќинства, со 254 жители, а располагала со 266 хектари земја (од која 166 ха неплодна), 30 плугови, 13 коњи, 55 волови, 11 крави, како и 468 овци.78) До 10 јануари 1950 година, кога Задругата имаше 49 домаќинства, иако располагаше со малку машка ра-ботна сила, успеа да изгради еден овчарник, иако со планот не беше предвидено. На 12 јануари е свикана општа масовна кон-ференција за омасовување во СРЗ, но, и покрај тоа што траеше до 2 часот по полноќ, се запишаа само 3 домаќинства. Потоа беа одржани уште три масовни конференции, наредните вечери, та-ка што во СРЗ се запишани уште 45 домаќинства, од кои 34 на четвртата вечер. Петтата вечер самоиницијативно се собраа сите домаќинства и сите се запишаа во Селската работна задруга. Ваквиот начин на зачленување во СРЗ кај некои домаќинства предизвикало револт, така што во една анализа од 8 април 1950 година веќе се констатира дека состојбата во СРЗ во Куратица е критична и секој момент задругата може да се растури.79) Проблемот се јавува и кај 46 домаќинства што имаат вработе-ни во рудникот и не можат да ги остварат предвидените трудови денови, заради што при распределбата не се обезбедени со храна, ниту се земени под гарантирано снабдување. Во плановите за на77) Искажување на Крсте Секулоски (1919, Куратица) Први во задругата вле-гоа: Крсте Секулоски, Угрин Петкоски, Симон Ѓорески, Ѓоре Толоманоски, Ристо Андрески, Димитри Андрески, Ефтим, Миле, Тренко, Крсте и Танаско Дервушоски, Симон, Злате, Мицко, Борис, Божин и Цветан Толоманоски, Спасе, Славко, Борис и Мицко Јолушоски, Трене, Коста и Сандре Камнаро-ски, Илија, Славко и Миле Котески, Милан, Ристо, Угрин и Лазор Петкоски, Цветко, Арсе,


Кирјан, Дафинче, Трене и Никола Петрески, Коста Танески и Симон, Злате, Мицко, Борис, Божин и Цветан Толоманоски. 78) Фонд: Околиски комитет на КПМ — Охрид, кут. 3/49 79) Историски архив — Охрид, Фонд: Околиски комитет на КПМ, к. 5, док. 482 тамошниот развој на СРЗ, во 1950 година се предвидува проши-рување на површините со компир, прибирање на желади и раз-вој на свињарство и зајачарство. Од домашни ракотворби се предвидува правење на рачки за алатите, вили, спици и лактиш-та за коли и каци. Се предвидува во рудникот да се вработат 80 работници.80) Покрај со земјоделство и сточарство, СРЗ се занимавала и со правење на ќумур каде што биле ангажирани 13 работници. Кумурот со коњи се носел во Фабриката за ќерамиди во Струга. Во април 1950 година задругата испорачала 14.000 кгр. ќумур, како замена за 20.000 парчиња ќерамиди со кои требало да се покрие шталата што веќе била изградена. До февруари 1952 година постоеше еден управник и прет-седател на Управниот одбор на СРЗ, а оттогаш за управник бе-ше назначен Разме Аврамоски, а за претседател Кирко Стоја-носки.81) Селската работна задруга во селото Куратица постоеше до октомври 1952 година, кога повторно премина во Општа земјо-делска задруга со името „Балкан". Оваа задруга, главно, се гри-жеше за снабдување на жителите на селото со основни продукти и семенски материјал. Според Извештајот за работа на Народ-ниот одбор за Коселска општина за 1954 година, задругата во Куратица била посебно активна, како резултат на зголемената заинтересираност на управата. Задругата располагала со 1.500.000 динари сопствени средства.82) Формирање на 33 „Рашанец" На седницата на Народниот одбор за Коселска општина, одржана на 12 јануари 1956 година е одобрена одлуката на За-дружните собранија на задругите: „Победа" од Речица, „Балкан" од Куратица, задругата од Свињишта и новозапишаните задругари од Завој, за спојување на овие задруги во една под името „Рашанец" со седиште во Прентов Мост.'3). Во решението изда-дено од Народниот одбор се истакнува дека новоформираната задруга ќе ги врши следните работи: — трговска дејност, со откуп и продажба на мешовити ин-дустриски стоки, — откуп на земјоделски производи и откуп и продажба на дрва за огрев и граѓа, — ќе врши услуги на земјоделци со земјоделски машини, — ќе врши преработка на вар, односно печење на вар, 80) Историски архив — Охрид, Цит. фонд. . . . кут. 5/49 81) Според кажувавето на Крсте Секулоски од Куратица 82) ИА — Охрид, Фонд: Собрание на општина Косел, кут. 2. 23 83) ИА — Охрид, Фонд: Собрание на општина Косел, кут. 3. 23 (1956 г.) —

ке врши откуп на кожи, јајца и др.


— ќе врши продажба на алкохолни и безалкохолни пија-лаци, за која цел ќе отвора и свои кафеани, — задругата ќе има свои продавници во селата Куратица, Речица, Свињишта, Завој и Прентов Мост. За прв управник на задругата е одреден Јонче Лушкоски од Куратица, а потоа управник е Цветан Ристески. До август 1961 година управник на задругата е Димитри Тодороски од Свињиш-та, а оттогаш за нов управник е назначен Борис Славески од Ре-чица. Од 1968 година и денес, директор на 33 „Рашанец" е Леон Аврамоски. Денес основната дејност на задругата е трговијата. Задру-гата располага со 26 продавници во кои се вработени 70 прода-вачи ,а вкупниот број вработени во задругата изнесува 120 ра-ботници, од кои 17 се кооперанти на задругата, а 25 се вработе-ни во Ќилимарницата во с. Куратица, што работи во рамките на 33 „Рашанец". Други позначајни настани и активности по 1949 година Бо текот на 1949 година, засилена активност бележи и Мес-ната партиска организација ,чија работа е тесно поврзана со ак-тивноста на Основната партиска организација на рудникот во Куратица. Заради тоа, во документацијата од овој период се чести записниците од заедничките седници на двете партиски организации84). Според овие документи, на 25 јануари 1949 година членови на КПМ биле: Миле Дервушоски, Петра Петкоска, Крстана Ан-гелеска, Кирко Стојаноски, Божин Атанасоски, Леун Котески, Коста Аврамоски, Крсте Аврамоски, Цветан Ристески, Славко Наумоски, Русе Петкоски и Богоја Котески (сите членови на Ос-новната партиска организација во Куратица), Божин Горески, Кирјан Аврамоски, Минче Аврамоски, Симон Ѓорески и Леон Аврамоски (членови на ОПО во рудникот), а кандидати биле: Борис Јолушоски, Миле Петкоски, Ѓоре Толоманоски, Цветан Толоманоски и Ѓуро Аврамоски. На заедничките состаноци на двете партиски организации најчесто се расправало за полити-ката во селото, за работа во рудникот и СРЗ, како и за комунал-ното уредување на селото. Така на пример на состанокот одржан на 7 декември 1949 г. е констатирано дека младинската организа-ција и организацијата на АФЖ слабо работат а исто така и ао рудникот слабо одат работите, а рударите се оставени сами на себе од страна на матичната организација — рудникот „Цер" од Кичево. Партиските организации воделе строга сметка за мора-лот на своите членови, така што имало случаи на исклучување и на најактивните членови, доколку не се придржувале според ста') ИА — Охрид, Фонд: Околиски комитет на КПМ — Охрид, инв. бр. 205 тутарните одредби на партиската организација (пример, венча-вање во црква, недолично однесување во приватниот живот и сл.). Се водело сметка и за омасовување на партиската органи-зација, така што во 1952 година таа броела 45 членови.


Денес Основната организација на СК од селото Куратица брои 30 членови а секретар на Основната организација е Тане Андоноски. Не е од помало значење и акитвноста на Месниот народен одбор, особено во комуналното уредување на селото и во спро-Еедувањето на предвидените планови за сеидба. Посебно е зна-чајна 1955 година кога е извршена реорганизација на власта, така шго со законот за новиот комунален систем е воведена Ох-ридска околија, а селото Куратица припадна на Коселската опш-тина. За претседател на Месниот совет е избран Цветко Ристес-ки, а делегатот во Општинскиот одбор на Коселската општина Јонче Лушкоски е избран за претседател иа Советот за стопанство. Месниот совет брои 7 членови, од кои четворица се одбор-ници во Општинскиот одбор на Коселската општина. Во извеш-тајот за работата во 1954 година, што е поднесен на Собирот на работните луѓе во селото Куратица на 10 јуни 1955 година, меѓу другото се истакнува дека посебно внимание се посветило на снабдувањето на земјоделците со вештачко ѓубре, на комунал-ното уредување на селото, во заштитата на шумата и сл. На 6 октомври 1955 година за членови на Месниот совет се избрани Арсе Аврамоски, Леун Петкоски и Цветан Симоноски, а одбор-ници на Коселската општина се: Јонче Лушкоски, Разме Авра-моски, Цветко Ристески и Киро Стојаноски.85 На 13 јуни 1962 година во селото е формиран одбор за изг-радба на првиот водовод во селото што го сочинуваа: Злате Ав-рамоски (претседател), Димитрија Котески, Арсе Аврамоски, Благоја Колески и Крсте Ристески. Претходно (во 1959 г.) е донесена водата од месноста Извори што се наоѓа на 1 км. североис-точно од селото. Секое домаќинство беше задолжено да вложи по 7.000 динари, а оние што не можеа да учествуваат со пари беа задолжени да донесат соодветни количини дрва што ги продава-ше Месниот одбор. Водата е спроведена со пластични цевки до месноста Мевмедица, каде што е изграден резервоарот. Есента 1962 година во селото започна иницијативата за во-ведување на електрично осветление. Поради низа проблеми око-лу обезбедувањето на средствата и работната рака, струјата не беше доведена во селото се до 1966 година. Првите светилки пре-дизвикаа посебна радост кај жителите од Куратица и внесоа нов импулс во натамошниот развој на селото. Месната заедница и денес е главен носител на активности-те сврзани со секојдневното живеење во селото Куратица и со настојувањата за подобрување на условите за живот. Навистина иселувањето на помладите жители од селото оставило траги врз 85) ИА — Охрид, Фонд: Собрание на општина Косел, кут. 3. 23 динамиката на животот во селото, но како резултат на напори-те на месната заедница и другите структури се постигнуваат за-бележителни резултати во одржувањето на селото, под се пого-лемиот притисок на индустријализацијата. Во оваа насока треба да се сфати и изградбата на новата ќилимарница во 1982 година, како п веќе покренатата иницијатива на месната заедница во те-кот на 1986 година за обезбедување на поголеми количества во-да за пиење за населението од ова село, преку каптирање на из-ворите во Мазатар под Висока Чука, на оддалеченост од 5 км. североисточно од Куратица. За реализација на оваа иницијатива ќе бидат


потребни околу 75 милиони динари, што во најголем дел ке ги обезбеди месното население и жителите кои се иселе-ни од ова село, по пат на местен самопридонес. Свесни за значењето на водоводот во настојувањето за по-добар живот, на референдумот одржан на 23 ноември 1986 го-дина, жителите на селото Куратица гласаа за самопридонес со 98°/о гласови „за". Според одлуката, во наредните три години Куратичани ќе издвојуваат по 3% од личниот доход за доведу-вање на чиста планинска вода во селото. Се очекува оваа акци-ја да ја помогнат и жителите од ова село што се наоѓаат на привремена работа во странство. Согласно Уставот на СРМ и Уставниот закон од 1963 годи-на, народните одбори преминуваат во месни заедници. Со одлука на Собранието на општината Охрид, од 26 мај 1966 година е формирана месна заедница и во Куратица.86) За прв претседател иа месната заедница е избран Крсте Јосифоски, а потоа оваа должност ја вршеше Јонче Јосифоски. Денес претседател на месната заедница во селото Куратица е Јонче Лушкоски. СТОПАНСТВО

Земјоделство Обработливиот земјишен фонд со кој располага Куратица е незначителен за да може да се говори за примена на механи-зација и современа обработка на земјата за добивање на високи приноси. Според пописот од 1981 година во подрачјето на село-то се обработуваат 253 ха, што претставува 10,8% од вкупното земјиште што го зафаќа подрачјето на селото Куратица или 23,2Ј/с од вкупното обработливо земјиште. Од нив најзастапени се нивите засеани со пшеница рж и јачмен. Според ггодатоците од 1981 година обработливиот фонд на земјиште во подрачјето на селото Куратица изнесува 681,9 ха од кои 220,6 ха отпаѓаат на општествен сектор, 662 ха се под ниви, 0,2 ха опфаќаат гради-ни, 3,4 ха се под лозја и 15,4 ха се под ливади. Под пасишта се наоѓаат 154,2 ха, на неплодно земјиште отпаѓаат 226,4 ха, а до-дека шумите опфаќаат најголем дел од подрачјето на селотот Куратица — 1273,6 ха. Разбирлива е ваквата структура на зем-јоделските култури со оглед на тоа што во текот на годината вода за наводнување во подрачјето на селото нема, нивјето се со слаб бонитет поради ридестото земјиште и се раштркани низ целого подрачје. Тоа не дава можност за примена на посовре-мена обработка на земјата и современи агротехнички мерки, ту-ку земјата се обработува со плугови и со запрега, а во селото нма само два трактори (Митре Симоноски и Миле Аврамоски). И покрај тоа што селото припаѓа на ридско-планинските подрачја во општината Охрид, пред војната, а осоебно непосред-но гго војната се добивале прилично високи приноси од жита, особено од рж, пченица и јачмен за условите на подрачјето на Куратица. Ова, поради тоа што селото располагало со доста ов-ци и кози со кои непосредно по природен пат, се ѓубрела зем-јата во доволна мерка.


Житата најмногу се одгледувале во под-рачјето на Ванатино, Костеник и Црнец. Се произведува само за домашни потреби. Од другите култури, со својот квалитет во годините по вој-ната се истакнувал компирот од подрачјето на Мазатар, особено од месноста Мијалец, а лозјата (постари сорти) се наоѓаат во Ванатино. Во турско време се садело лозје и во Капиница, но не успеало, а Јосифовци успеале да одгледуваат стара лоза и во месноста Црнец. Од овошките најзастапени се сливи, јаболка, ореви и дивјачки, претежно во Ванатино. Сточарство Ако се има предвид положбата на селото Куратица во пла-нинските предели на Мазатар, може да се заклучи дека сточар-ството претставува најстарата стопанска гранка со која се зани-мавале жителите од ова село. Високите планински пасишта и богатството со извори на планината Мазатар овозможиле овде да се развие сточарството уште од најстарите времиња. Месните имиња: Влашко бачило, Бачилиште, Мазатар, (се правела овча маст и оттаму е добиено името), Стари кошари, Кошаришта, Шишибутин (иа турски — надуен бутин) укажуваат дека на овие места постоеле бачила од овци или кози. Немаме податоци за тоа како се движел бројот на ситната стока во поранешните периоди но ќе се послужиме со податоци-те по војната. Така, во 1947 година селото имало 1535 овци, 996 кози, 261 говедо, 18 коњи, 32 магариња, 10 маски и 47 свињи. Веќе во 1948 година бројот на овците се зголемил на 1915 грла, кози нема, а селото имало и 419 говеда. Најмногу овци имале Сандре Колески (200 грла), и Апостол Ристески (170 грла), а се-лото имало 107 сточари. Старите кажуваат дека пред војната бројот на овците и на козите достигнувал до 5000 грла, па дури и до 14.000 грла. Според последниот попис од 1981 година во селото имало 1067 овци, 188 говеда, 27 коњи и 73 свињи, а регистрирани се и 77 нчелни семејства. Рударство Подрачјето на селото Куратица располага со извесни рудни наслаги на манган и железо. Тоа овозможило во ова село да се развива и рударството. Првите испитувања на теренот започнаа во 1947 година од страна на Рударскиот базен — Кичево, а рако-водител на работите беше рударскиот техничар Бранко Нане-ски. Првите рудници се отворија во месноста Падиње (Манган), потоа во Вишеслоец, Мала планина, Калипадиње и Високо дрво. Беа отворени околу 30 јами, се работеше рачно, без никаква ме-ханизација, а рудата со коњи и со коли се пренесуваше до село-то од каде што се транспортираше со камиони. Првите рудари од селото Куратица беа: Русе Петкоски, Та-наско и Крсте Јосифоски, Миле Петкоски, Божин Ѓорески, Минче Аврамоски, Цветан Симоноски, Грозде Аврамоски, Еф-тин Ристески, Славко Наумоски, Спасе Наумоски, Лазор Секуло-ски, Велјан Дервушоски, Злате Симоноски, Леун Аврамоски, Трене Аврамоски, Васил Колески и др. Подоцна во рударските работи


беа вклучени и други жители од селото, така што во ва-дењето на рудата беа ангажирани околу 40 рудари од Курати-ца. Во прво време се вадеше манганова руда со висок процент (дури и до 70%) на манган, меѓутоа, подоцна процентот опадна, така што економски беше неоправдана натамошна експолата-ција. Заради тоа, во 1956 година рудниците престанаа со рабо-та. Куратичките рудари, потоа, беа ангажирани во отворањето на нови рудници во Тајмиште, Демир Хисар, Теарце и на други места. Во Историскиот архив во Охрид се чува една инвестицио-на програма за истражувањата на мангановите наоѓалишта во околината на Куратица од 12 август 1961 година, што е одобре-на со решение на Одделението за стопанство при Народниотод-бор на Охридската околија, на 23 август 1961 година. Вредноста на работите сорджани во програмата изнесува 700.000 динари, а инвеститор е рудникот „Цер" од Кичево. Во извештајот за извршените истражувачки работи во те-кот на 1967 и 1968 година од страна на Рудникот во изградба „Стогово" од Кичево меѓу другото, се истакнува дека може да биде економски оправдана експлоатацијата на хематитни руди во месноста Скали и во месноста Високо Дрво, само со новрзу вањето на Охрид со железничка пруга.87) Занаетчиство Покрај сточарството и обработката на земјата жителите од селото Куратица уште од најстарите времиња се занимавале со ио некој занает. Притоа, се изработувале разновидни предмети, пред се, за сопствените потреби а потоа и за потребите на други лица. Тоа било можност и нешто да се заработи надвор од зем-јоделството и сточарството. Обработката на дрвото што го има во изобилство во ова подрачје веројатно е еден од најстарите занаети. Се правеле разновидни предмети од дрво за секојдневна употреба како на пример: бочви, качиња, бутинчиња, дрвени коли, кавали и гај-дн и друго. Сето ова барало посебен талент кај мајсторите, па заради тоа со оваа работа се истакнувале само поединци. Така на пример со изработка на качиња и бочви посебно се иетакну-вале Јонче Лушкоски, Ефтим Јосифоски, Ламбе Аврамоски и Благоја Андрески.. За изработка на дрвени запрежни коли со две и со четири тркала со својот занает биле познати: Славко Рис-тески (Бујуклија), кој поради занаетот го добил и презимето Колчароски), Јонче Лушкоски, Благоја Лушкоски и Богдан Крс-таноски. Арсе Јосифоски се истакнувал со изработката на дрве-ни лажици и склопци, а Андон Ангелески и Ѓуро Тасески се поз-нати по изработката на гајди. Кавали изработувал Гурко Луш-коски. По војната со обработка на дрвото се занимавале и Бла-гоја Ристески, Андон Ангелески и Васил Ангелески. Пред војната особено бил развиен и терзискиот занает, а познати мајстори на овој занает биле Ристо Петкоски, Цветан


87) ИА — Охрид, Фонд: Собрание на општината Охрид (1944 — 1965) Петкоски, Димитрија Котоски, Русе Тасески, Трене Аврамоски и Ило Секулоски. Тие изработувале бечви, џамадани, клашенци и друга облека од шајак и тоа не само за Куратица, туку и за околните села. По војната со шиење на облека се занимавала Трајанка Аврамоска. За Куратица е карактеристичен и ѕидарскиот занает. Мно-губројни куќи изработени од камен по војната во селото Кура-тина, низ селата во Дебрца и Коселското подрачје се изградени од ѕидарите од Куратица. Познати ѕидари биле: Ефтим Дерву-шоски, Угрин Аврамоски, Ристо Аврамоски, Петре Тасески, Ми-ле Дервушоски, Коста Аврамоски, Танаско Дервушоски, Крсте Дервушоски, Ѓуро Лушкоски, Бале Лушкоски и др. Денес во селото има 30 градежни работници кои се вработени во градеж-гште организации во Охрид. Во Куратица, непосредно по војната, Вангел Тасески про-изведувал и вар. Со оваа работа се зафати и Земјоделската за-друга „Рашанец", меѓутоа поради лошиот квалитет на каменот, овој занает е напуштен. Во месноста Црнец, на Црнечка река, порано работеле че-тири воденици што биле заедничка сопственост на повеќе семеј-ства од селото Куратица. Најгоре на реката била воденицата на Јосифовци заедно со Аврамовци и Јоновци, потоа воденицата на Ристевци, третата воденица била заедничка сопственост на Ко-левци, Димовци и Лушковци и најдолу на Црнечка река била воденицата на Дервушовци. Од нив денес е оспособена за работа само воденицата на Ристевци кон кои се придружија и Јосифов-ци, а во тек на поправка е и воденицата на Лушковци. Во селото денес има и млин за мелење на жито на струја. Ковачкиот занает исто така бил присутен пред војната и непосредно по војната, а негови носители биле Сефер и Јусуф од Охрид. Денес со овој занает се занимава Јонче Лушкоски. Големиот број овци во селото овозможило скоро во секоја куќа да се ткаат разновидни покривачи, платна, шајак и други текстилни производи, особено во зимскиот период кога не се ра-ботела полската работа. Со ткаење и денес се занимаваат поста-рите жени, а со својот талент и мајсторство во овој занает се истакнуваат: Сребрена Јосифоска, Јорданка Ристеска и Елена Лушкоска, а меѓу познатите ткаачки била и Менка Ристеска.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.