Велигден

Page 1

Велигден



ВЕЛИГДЕН


Сликовницата е подготвена од страна на Центарот за човекови права и разрешување конфликти, во рамките на програмата „Воведување на почит кон различностите и мултикултурализмот во раниот детски развој во Македонија” на Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ, финансиранa од Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени во овој материјал не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада во Скопје.


ВЕЛИГДЕН Автор на текстот: Филипина Негриевска Јазична лектура и книжевна адаптација: Билјана Маленко Илустратор: Румена Најчевска


Д

енеска на игралиштето пред зградата додека Ениса читаше сликовница, а Луан шутираше на кошот, дојдоа Марко и Ана, двајцата облечени во свечена облека. Луан престана да шутира со топката на кошот и веднаш пријде кон Марко: „Кај си Марко? Цел ден те чекам да вежбаме баскет. Фаќај!“ – и силно ја фрли топката кон него. Марко се исплаши и свика: „Нееее, јајцето ќе го скршиш!“ – и бргу ѝ фрли едно шарено јајце на Ениса. „Фаќај!“ – и во следниот момент ја фати топката во своите раце. Ениса, за среќа, успеа да го фати јајцето без да се скрши.

4


5


Л

уан се зачуди и го праша Марко што му текнало со јајце да дојде на игралиштето, а Ана му објасни дека го слават Велигден, па затоа донеле јајца за сите деца. Ениса сакаше да знае зошто толку јајца носат, а Марко се обиде да објасни: „За Велигден моите вапцуваат јајца. Обично во црвена боја, а Ана и јас потоа ги украсуваме, им лепиме сликички, а јас сакам да ги цртам и да ги претворам во моите омилени ликови!“ Ана ги извади од кутијата јајцата и на сите им подели по едно, а Марко се пофали дека самиот ги нацртал – едното како Нинџа желка, а другото како Минион. Луан беше воодушевен од јајцето што го доби и го вртеше пред очите за да го види убаво од сите страни.

6


7


А

на продолжи да објаснува што се прави за Велигден: „А, во недела, кога ќе станеме, се кршиме со јајцата и бираме најсилно јајце. Ајде, и ние да се кршиме сега! Земете сите по едно јајце и да видиме кој го има најсилното. Еве, јас и Марко ќе ви покажеме како треба. Марко ти 'лежи', а јас ќе удирам со врвот од горе. Па потоа обратно – јас ќе 'лежам', а ти удирај”. На Ениса ѝ беше многу интересен овој натпревар во кршење јајца и рече: „Леле, што убав празник на јајцата имате!“ Марко се изнасмеа на цел глас и рече дека тоа не е празник на јајцата, туку дека е Велигден. Тој ѝ објасни дека Велигден е празник кога христијанските верници одат во црква и си посакуваат живот полн со добрина и грижа едни за други, а јајцата се знак на ново раѓање, ново растење и нови успеси. Ана го дополни велејќи дека пред Велигден некои луѓе постат. Луан рече дека знае што е постење и дека тоа е како за Рамазан кога цел ден не се јаде ниту се пие и дека тоа може да се прави само навечер.

8


9


А

на го поправи и рече: „Да, и тоа е пост, ама овој е малку поинаков. Не се јаде ништо што е од животни – значи ни месо ни колбаси ни сирење...”, а Марко натажено додаде дека не се пие ни млеко, па дури ни чоколадно млеко. Ениса, знаејќи колку многу Марко сака чоколадно млеко, се чудеше како може да издржи без својот омилен пијалак. Тогаш Марко ѝ кажа дека децата до одредена возраст не постат, туку само возрасните. Тој кажа дека децата за време на постот, исто како и возрасните, треба да се трудат да бидат поскромни, да бидат љубезни со блиските, да им помагаат на тие што им треба помош и да не се лутат лесно. Во тој момент пред игралиштето дојдоа и родителите на Марко и Ана. Ениса ја праша Ана како да им честита Велигден на нивните родители. Ана се израдува на прашањето и ѝ одговори: „Може да им кажете среќен празник или среќен Велигден“. Луан и Ениса кога дојдоа родителите на Ана и Марко во глас извикаа: „Среќен Велигден!“

10


11


М

ајката на Марко и Ана им се заблагодари на честитките, а таткото ја фати количката на Марко и кажа дека сега е време да одат кај баба им и дедо им. Марко многу се израдува и рече: „Јупиии, јас најмногу го сакам Велигден затоа што на тој ден сите братучеди се собираме кај баба и дедо и се кршиме со јајца, а по ручекот со часови си играме и се дружиме”.

12


13


С

ите деца се собраа на купче, пред да одат Ана и Марко, и почнаа да се кршат со јајцата. На крај излезе дека најсилното јајце го има Ениса.

14


15


Издавач: УНИЦЕФ За издавачот: Нора Шабани Уредник: Виолета Петроска-Бешка Автор на текстот: Филипина Негриевска Јазична лектура и книжевна адаптација: Билјана Маленко Илустратор: Румена Најчевска Дизајн: КОМА CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје 821.163.3-93-32(084.11) НЕГРИЕВСКА, Филипина Велигден / [автор на текстот Филипина Негриевска ; илустратор Румена Најчевска]. - Скопје : Канцеларија на УНИЦЕФ, 2015. - 20 стр. : илустр. ; 27x22 см. - (Дружината МЕЛА) ISBN 978-9989-116-77-3 (едиција) ISBN 978-608-4787-10-5 1. Најчевска, Румена [илустратор] COBISS.MK-ID 98861066

Сите права за издавање на оваа сликовница ги задржува @ УНИЦЕФ 2015


Сите сликовници за дружината МЕЛА Дружината МЕЛА

ОЧИЛАТА НА ЕНИСА

МАРКО ВО КОЛИЧКА

Јазикот на Сара

Дедото што беше слеп

Училиштен натпревар

Различни семејства

Различни јазици

И за девојчиња, и за момчиња

ПЕПЕЛАШКО

андреј и мачето

Свадба

Случките на Ениса

Петар Пан

Бајрам

Ѓурѓовден

Велигден

Игра на сенки

Меурчиња од сапуница



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.