Петар Пан

Page 1

Петар Пан



ПЕТАР ПАН


Сликовницата е подготвена од страна на Центарот за човекови права и разрешување конфликти, во рамките на програмата „Воведување на почит кон различностите и мултикултурализмот во раниот детски развој во Македонија” на Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ, финансиранa од Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени во овој материјал не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада во Скопје.


ПЕТАР ПАН Автор на текстот: Филипина Негриевска Јазична лектура и книжевна адаптација: Билјана Маленко Илустратор: Румена Најчевска


Т

аткото на Луан е каратист. Тој е и тренер по карате и има свој карате клуб кој се вика „Луан“, исто како и неговиот помал син. Луан на македонски значи 'лав'. Неговиот постар син, брат му на Луан, е исто така каратист. И Луан оди на карате, ама некако безволно, со сила, не му се вежба карате, здодевно му е. Тој многу сака да скока и да се врти, а во каратето нема толку скокање и вртење. Главно се мавта со рацете и со нозете.

4


5


Е

ден ден Ениса се пофали дека оди на балет и дека многу и е интересно. Таа дури и им покажа на другарите дел од балетската точка. Вешто застана на прстите и почна да се врти, да мрда со рацете и да потскокнува. Ана, Луан и Марко беа воодушевени од нејзината изведба. „И јас сакам на балет, – рече Ана – ќе бидам лебед”. И почна да ги крева рацете нагоре и да се замислува во бело кусо фустанче. „И јас сакам“ – му излета на Луан, но потоа се подзамисли и праша: „А, пуштаат момчиња на балет?“ Ана многу сериозно му одговори дека балетот е за девојчиња, а за момчиња се знае дека се спортовите, како што се каратето, фудбалот! Дури и го предупреди дека ако игра балет, сите ќе му се смеат! Луан натажен замолче и се сврти кон Марко велејќи: „Ништо Марко, јас и ти не можеме на балет.“ Марко си знаеше дека тој, бидејќи користи количка, не може да игра балет и рече: „Па Луан, јас секако не можам со количкава. Како ќе се вртам и ќе скокам?! Никако!“

6


7


С

ледниот ден наставничката по физичко праша кој сака да се запише на балет бидејќи во училиштето ќе почне да се учи балет и секоја среда ќе имаат по еден час. Речиси сите девојчиња се пријавија, а Луан само седеше на страна. Кога дојде среда, сите девојчиња возбудени го очекуваа првиот час и си зборуваа меѓусебе: „Леле колку сакам да станам балерина; види, види, како може да стојам на прсти; јас ќе си купам фустанче што се врти; а јас такви тврди балетанки за да стојам на прсти; којзнае колку ќе ни биде убава наставничката по балет… Дојде и наставничката и им кажа дека ќе почне часот и возбудено им рече: „Ова се вашите наставници по балет, Владо и Мејрем!“ Девојчињата останаа со подзината уста, а некои почнаа да се смејат. Машко за балет!? Па, кај го има тоа! И додека девојчињата се смееја, Луан потскокна од радост! Значи, имало и машки балетани. „Наставничке, наставничке, може и јас да се запишам”. Наставничката беше изненадена и не знаеше што да одговори. „Не знам, ајде да ги поканиме Владо и Мејрем да ни се претстават, да ни кажат нешто за балетот и за нивната работа, па потоа ќе одлучите”.

8

Најпрво се претстави Владо: „Здраво деца. Јас се викам Владо и јас сум балетан. Во балетот има и машки и женски. Обично машките во балетот многу скокаат, се вртат и со долги чекори потскокнуваат по сцената, но се задолжени и да ги креваат и да ги придржуваат девојките. Еве, ви носам слики од балетот „Дон Кихот“ каде јас бев во главната улога”.


9


П

отоа, се претстави и Мејрем: „А, јас сум Мејрем и јас сум балерина. Ние двајцата сме настапувале во многу балети заедно. Еве, имаме и заеднички слики”. Сите деца се приближија да видат, само Марко остана да седи настрана, мислејќи си дека тој секако нема да може да игра балет. Беше тажен и осамен, но тогаш Ана радосно го викна да дојде и да види како играат балет и лица во инвалидска количка. Марко ја крена главата и погледна, многу се израдува и праша: „А, можам и јас да учествувам?“ Мејрем му одговори дека нема никаков проблем и тој да се запише на балет.

10


11


Н

аставничката, откако Мејрем и Владо завршија со претставувањето, ги праша децата кој сака да се пријави. Притоа, неколку девојчиња кренаа рака, но се јавија и три момчиња: Марко, Луан и едно друго момче, Едвин. Владо предложи да го подготвуваат балетот „Петар Пан“ затоа што во групата има и момчиња и девојчиња што сакаат да учат балет. Мејрем веднаш се согласи и праша кој сака да биде Петар Пан. Луан се пријави за Петар Пан, а Марко праша: „Може јас да бидам Капетан Кука бидејќи Луан и јас често си играме мечување со дрвени стапчиња, па ќе ни биде полесно да ги научиме улогите”.

12


13


М

арко и Луан веќе не ни слушаа кој ќе ги добие другите улоги. Беа пресреќни што ќе може и двајцата да учествуваат во балетот. Неколку месеци вредно работеа и се подготвуваа, а на крајот дојде и завршната приредба на која беа поканети родителите. Сите родители дојдоа и со нетрпение го очекуваа балетот „Петар Пан”. Татко му на Луан едвам дојде. Не беше воопшто среќен што неговиот син, наместо да стане каратист, вежба балет. Но, сепак дојде за да не го навреди. Приредбата почна, а балетот беше последен. Најпосле почна и балетот. Таткото на Луан безволно погледнуваше кон бината. Прво излезе Луан облечен како Петар Пан. Тој потскокнуваше, скокаше од масата на креветот, па кон лустерот, се вртеше и се превртуваше, ги ширеше рацете и го истегнуваше телото и личеше како навистина дека ќе полета. Таткото на Луан стануваше сѐ позаинтересиран. Дури и потстана од столчето за да може да ја гледа подобро балетската претстава. Луан играше прекрасно. Но, не само што ги правеше фигурите добро, туку беше и насмеан. Неговото лице светеше од среќа и исполнетост! Татко му на Луан ниту еднаш го немаше таков видено на тренинзите по карате. Кога заврши балетот, таткото на Луан најсилно ракоплескаше. И тој беше среќен кога виде колку неговото дете е среќно и ужива во играта, а кога Луан притрча да го гушне, нежно и долго го држеше во своите прегратки.

14


15


Издавач: УНИЦЕФ За издавачот: Нора Шабани Уредник: Виолета Петроска-Бешка Автор на текстот: Филипина Негриевска Јазична лектура и книжевна адаптација: Билјана Маленко Илустратор: Румена Најчевска Дизајн: КОМА CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје 821.163.3-93-32(084.11) НЕГРИЕВСКА, Филипина Петар Пан / [автор на текстот Филипина Негриевска ; илустратор Румена Најчевска]. - Скопје : Канцеларија на УНИЦЕФ, 2015. - 20 стр. : илустр. ; 27x22 см. - (Дружината МЕЛА) ISBN 978-9989-116-77-3 (едиција) ISBN 978-608-4787-04-4 1. Најчевска, Румена [илустратор] COBISS.MK-ID 98860298

Сите права за издавање на оваа сликовница ги задржува @ УНИЦЕФ 2015


Сите сликовници за дружината МЕЛА Дружината МЕЛА

ОЧИЛАТА НА ЕНИСА

МАРКО ВО КОЛИЧКА

Јазикот на Сара

Дедото што беше слеп

Училиштен натпревар

Различни семејства

Различни јазици

И за девојчиња, и за момчиња

ПЕПЕЛАШКО

андреј и мачето

Свадба

Случките на Ениса

Петар Пан

Бајрам

Ѓурѓовден

Велигден

Игра на сенки

Меурчиња од сапуница



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.