Дружината МЕЛА

Page 1

Дружината МЕЛА



Дружината МЕЛА


Сликовницата е подготвена од страна на Центарот за човекови права и разрешување конфликти, во рамките на програмата „Воведување на почит кон различностите и мултикултурализмот во раниот детски развој во Македонија” на Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ, финансиранa од Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени во овој материјал не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада во Скопје.


Дружината МЕЛА Автор на текстот: Рената Дедова Јазична лектура и книжевна адаптација: Билјана Маленко Илустратор: Румена Најчевска


В

еќе неколку дена пред една нова зграда беше многу раздвижено. Доаѓаа разни натоварени камиони со помош на кои новите станари се преселуваа од старото место на живеење во оваа шарена зграда. Сите помагаа да се внесат работите во становите – децата ги пренесуваа помалите работи, а возрасните поголемите и потешки работи. Во зградата на три различни врати се залепија различни имиња на три семејства: Имери, Ивановски и Демир.

4


5


Е

ден ден, кога конечно заврши преселбата, од вратата каде што пишуваше дека живее семејството Ивановски излегоа две деца, Марко и Ана. Тие се брат и сестра и заедно отидоа на игралиштето близу до зградата. Ана му помогна на Марко да се смести на една од нишалките за деца во инвалидска количка, па обајцата почнаа да се нишаат.

6


7


з

а кратко време се отвори и вратата на семејството Демир. Оттаму излезе Ениса која во едната рака ја држеше својата омилена сликовница, а со другата рака ја држеше мајка си, па и тие се упатија кон игралиштето. Кога се доближија до игралиштето, Ениса ѝ рече на мајка си: „Види, има и други деца!“ Мајка ѝ тогаш ѝ рече дека се радува што ќе има со кого да си игра. Ениса потоа зачудено ја праша: „Со девојчето можам да играм. Но, како ќе играм со детето во количка?“ Тогаш мајка ѝ нежно ја потапка по грбот и ѝ рече: „Сигурна сум дека ќе најдете многу игри што ќе може да ги играте, иако е тоа дете во количка!“ Ана и Марко го слушнаа разговорот меѓу Ениса и мајка ѝ, но не разбраа ниту збор, па си продолжија да си зборуваат меѓусебе и да се нишаат. Тогаш Ениса им се доближи и ги слушна дека тие зборуваат македонски. Таа, исто така, го знаеше тој јазик, го имаше научено од своите поранешни соседи, па ги праша на нивниот јазик дали може да игра со нив.

8

Марко и Ана многу се изненадија. Се насмевнаа, па тројцата си ги кажаа своите имиња. Потоа Марко малку зачудено ја праша Ениса: „На кој јазик зборуваше со мајка ти? Ништо не те разбравме!“, па таа му одговори: „На ромски. Како што вие дома зборувате македонски, така ние зборуваме ромски“. Потоа Ана и Марко побараа да ја разгледаат заедно нејзината сликовница. Им стана интересно да ја прашуваат Ениса како се викаат разни работи на ромски кои беа таму нацртани, па таа им ги кажуваше зборовите по неколку пати за да ги запомнат.


9


П

одоцна на игралиштето се појави и Луан со својот татко. Тие излегоа од вратата каде што пишуваше дека живее семејството Имери. Кога виде дека има кош на игралиштето, Луан го замоли татко му да му го подаде баскетот што беше во нивниот автомобил, па со топката се упати кон кошот и почна да шутира. Ениса, Марко и Ана беа зачудени на кој јазик Луан зборува со својот татко. Бидејќи ништо не разбраа, тројцата почнаа да погодуваат кој е јазикот, но на крајот Марко пресече: „Може до утре вака да погодуваме и пак да не знаеме! Ајде да одиме да го прашаме!“, па сите тројца се упатија кон Луан.

10

Кога стигнаа до него, Ана, Марко и Ениса малку се збунија. Кој од нив и на кој јазик да го праша како се вика? И, додека така еден на друг си префрлаа кој и како да го праша, Луан се заврте кон нив и им го кажа своето име. Другите тројца почнаа да се смеат, па некој од нив рече: „Па тој цело време разбирал што зборуваме ние!“ Тогаш и тие му се претставија на Луан. Ениса го праша: „Од каде си, Луан? Од која земја?“, а Луан одговори: „Од Македонија. А зошто ме прашуваш? Ааааа, се сетив. Затоа што не го разбра јазикот на којшто зборував со татко ми, така?“ Ениса потврди со глава, па Луан ѝ објасни: „Јас со моите дома, со нашите роднини и со децата во моето одделение зборувам на албански. Еве, на пример, моето име е Луан на албански, а тоа на македонски значи `лав`!“ Тогаш Ениса додаде: „Знаеш како би се викал на ромски? На ромски `лав` се вика `леони`!“ Тогаш Ана рече: „Оваа наша зграда е навистина шарена – и од надвор со разните бои како е обоена, ама и од внатре. Во неа живеат разни луѓе: некои зборуваат албански, некои ромски, некои македонски! Ако излезе и некое друго дете на игралиштево, можеби ќе има и некој друг јазик што се зборува!“


11


Т

огаш Марко му го побара баскетот на Луан за еднаш да фрли кон кошот и – погоди! Луан се изненади, па почнаа двајцата да си ја подаваат топката и да шутираат. По некое време и девојчињата решија да си поиграат, па се поделија во две екипи: во едната беа Марко и Ениса, а во другата Ана и Луан, па се натпреваруваа кој ќе даде повеќе кошови.

12


13


П

о некое време сите деца седнаа на клупата под дрвото за малку да се одморат. Тогаш почнаа да разговараат за тоа кое одделение се, па дознаа дека сите ќе одат во истото училиште во новата населба и сите ќе бидат исто одделение, освен Ана која е малку поголема од другите деца. На децата им беше многу забавно да зборуваат и да играат заедно, па во еден момент Ениса предложи: „Како ви изгледа да си смислиме едно наше име за оваа наша дружина?“ Сите веднаш го прифатија предлогот и почнаа да даваат различни идеи: да се викаат како некој спортски тим, како некоја музичка група, како некое овошје... Но, на крајот се договорија да ја прифатат идејата што на сите најмногу им се допадна: дружината да им се вика МЕЛА! Тоа е според првите букви од имињата на сите четири деца: М за Марко, Е за Ениса, Л за Луан и А за Ана.

Сонцето почна да заоѓа, а роди­телите почнаа да се појавуваат на балконите и да им мавтаат на своите деца да си дојдат дома. Штом слушнаа родителите дека нивните деца веќе се здружиле со други деца и дека им било убаво, беа многу среќни! Посакаа и тие што поскоро да се запознаат со другите родители.

14


15


Издавач: УНИЦЕФ За издавачот: Нора Шабани Уредник: Виолета Петроска-Бешка Автор на текстот: Рената Дедова Јазична лектура и книжевна адаптација: Билјана Маленко Илустратор: Румена Најчевска Дизајн: КОМА CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”, Скопје 821.163.3-93-32(084.11) ДЕДОВА, Рената Дружината МЕЛА / [автор на текстот Рената Дедова ; илустратор Румена Најчевска]. - Скопје : Канцеларија на УНИЦЕФ, 2015. - 20 стр. : илустр. ; 27x22 см. - (Дружината МЕЛА) ISBN 978-9989-116-77-3 (едиција) ISBN 978-9989-116-78-0 1. Најчевска, Румена [илустратор] COBISS.MK-ID 98846730

Сите права за издавање на оваа сликовница ги задржува @ УНИЦЕФ 2015


Сите сликовници за дружината МЕЛА Дружината МЕЛА

ОЧИЛАТА НА ЕНИСА

МАРКО ВО КОЛИЧКА

Јазикот на Сара

Дедото што беше слеп

Училиштен натпревар

Различни семејства

Различни јазици

И за девојчиња, и за момчиња

ПЕПЕЛАШКО

андреј и мачето

Свадба

Случките на Ениса

Петар Пан

Бајрам

Ѓурѓовден

Велигден

Игра на сенки

Меурчиња од сапуница



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.