Крушево ТРАДИЦИЈАТА ЖИВЕЕ
1.100-1.300
Крушево се наоѓа западно од Пелагонија, на Бушева Планина, на 30 километри западно од Прилеп. Се простира на надморска височина од 1.100 до 1.300 метри, со што претставува највисока градска населба во Република Македонија.
Д
о Крушево може да се стигне преку два регионални патни правци, кои се надоврзуваат на магистралните патишта кои водат кон Охрид и Скопје: еден преку Прилеп, а другиот преку Битола и Кичево. Под името Крушово, населбата се спомнува кон крајот на XIV век (1395 година), а како поголемо населено место во 1467 година. За време на турското владеење, во средината на XVIII век, било чифлиг на охридски и битолски бегови. По разорувањето на Москополе во втората половина на XVIII век, во Крушево се доселува влашко население, а во почетокот на XIX век се доселуваат Мијаци од Галичник, Лазарополе, Гари и други мијачки села.
метри надморска височина meters altitude
1395 се спомнува под името Крушово the settlement was mentioned as Krushevo
1903 седиште на првата република на Балканот the headquarters of the first Republic in the Balkans
6.000
жители inhabitants