Page 1


ОПЕДГОВОП Со задоволство Ви ја претставуваме програмата „Доживотно учење“ (Lifelong Learning Programme) во Република Македонија. Со отворањето на Програмата, за Македонија, македонските граѓани и институции кои се активни на полето на образованието и обуките добиваат можност да се пријават за проекти кои ја зголемуваат мобилноста и ја поттикнуваат соработката ширум Европа.

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје 371.253.044.4(497.7) ЕРАЗМУС. - Скопје: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, 2009. - 24 стр. : илустр. ; 21 cm ISBN 978-9989-2920-1-9 a) Континуирано образование - Македонија - Програми б) “Еразмус”, образовна програма - Македонија COBISS.MK-ID 78943242

Во Македонија, активностите во рамките на програмата „Доживотно учење“, во првата година, ќе бидат спроведени преку т.н. подготвителни мерки. Во оваа фаза, се одредени определен број акции од секоја од секторските потпрограми. Конкретно, за програмата “Еразмус”, во подготвителната фаза се предвидени можности за мобилност на студенти за студирање, мобилност на наставен кадар при високообразовни институции за наставни ангажмани и за обуки и мобилност на административен персонал при високообразовни институции со цел нивна обука. Подготвителните мерки се финансирани преку програмата ИПА (instrument for pre-accession) и Македонскиот државен буџет. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е национална агенција која ја спроведува програмата „Доживотно учење“ во Македонија. Агенцијата го организира процесот на селекција на пријавените предлог-проекти, исплаќа средства и го контролира спроведувањето на проектите. Наша задача е и промоција на програмата „Доживотно учење“. Со оглед на тоа дека “Еразмус” во Македонија се спроведува првпат, наши приоритети во првата година ќе бидат советување и стручна поддршка на корисниците. За пријавување за проектите постои рок кој секоја година се објавува на европско ниво во „Call for Proposals for the Lifelong Learning Programme“. Во 2009 година, за Република Македонија се објави посебен повик за предлог-проекти, а во иднина секоја година повикот ќе се објавува кон средината на месец март. Сепак, за академската мобилност во целост да ги оствари своите капацитети во процесот на зголемување на мобилноста на Македонската академска заедница, треба да се вклучат не само високообразовни институции и релевантни владини тела, туку и работодавци, социјални партнери, бизнис заедницата, невладини организации и локалните власти. Учеството во програмите на Европската унија за академска мобилност само ќе ги зајакне европските аспирации и ќе го поттикне препознавањето и разбирањето на предизвиците на евроинтеграцискиот процес на Република Македонија. Ве молиме да не контактирате доколку имате прашања при Вашето пријавување. Во име на Секторот за Високо образование, одговорен за програмата “Еразмус” во Македонија, Ви посакуваме успешно вклучување во “Еразмус”. Со почит, Бошко Нелкоски Директор


ВОВЕД 1.1. цели На програмата „доживотНо учење“

1.2. цели На програмата “еразмус”

Трансферзалната програма поддржува активности кои поддржуваат соработка меѓу различни образовни сектори.

Европската комисија ја лансираше програмата”Еразмус” во 1987 година. Оттогаш повеќе од 2 милиони студенти и професори учествувале во Еразмус размени. Името Еразмус е акроним од “European Community Action Scheme for the Mobility of University Students”, а програмата се дефинира како програма која ја поттикнува мобилноста на студентите и на наставните кадри и европската соработка, вклучувајќи високообразовни институции и други клучни актери на пазарот базиран на знаење. Програмата “Еразмус” е двигател на модернизацијата на високото образование во Европа и го инспирираше воспоставувањето на болоња процесот. генералната цел на Програмата е да креира “European Higher Education Area” и да промовира иновативност ширум Европа. Оперативни цели на програмата “Еразмус” се:

Програмата “Еразмус”, како секторска програма, е насочена кон високо образование и има свои специфични и оперативни цели.

• зголемување на мобилноста на студенти и наставен кадар на 3 милиони мобилности до 2012 година;

Програмата „Доживотно учење” се состои од четири секторски програми, а секоја опфаќа различни области на образование и обука: • “комениус” – за основно и општо средно образование; • “леонардо да винчи” – за стручно образование и обуки; • “еразмус” - за високо образование; • “грундтвиг” - за образование на возрасни;

Заедничката цел на програмите е да придонесат кон развојот на општеството како напредно подрачје со оддржлив економски развој и поголема социјална кохезија. Програмите се клучни инструменти во обезбедувањето на можности за формално, неформално и информално образование за голем спектар на лица со различни профили и позадини.

• зголемување на можностите за развој и трансфер на иновации во високото образование; • јакнење на соработката меѓу високообразовните институции во европа; • јакнење на соработката меѓу владиниот и образовниот сектор; • зголемување на прегледноста и компатибилноста на квалификациите во високообразовните институции; • развој на иновативни содржини кои се темелат на информациско-комуникациски технологии, развој на услуги, педагошки начела и примени кои се значајни за доживотното учење. Академската мобилност која ја овозможува програмата “Еразмус”, им овозможува на индивидуалците можности за студирање, работа и живот во различни академски, културни и општествени околности. Како резултат на тоа, мобилните индивидуалци ги зголемуваат своите можности за вработување, т.е. ја зголемуваат нивната конкурентност на пазарот, се зајакнува општествената свест на поединците и се зголемува прагот на толеранција, како и свеста за потребата за борба против сите видови дискриминација.


1.3. Надлежности на Националната агенција Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, преку Секторот за Терцијално образование, е овластена за администрирање на следниве Еразмус акции: • Мобилност на студенти (за студирање или за стажирање), универзитетски наставен кадар (за наставни ангажмани и за обуки) и административен персонал за обуки; • Интензивни програми; • Интензивни јазични курсеви; • Организација на мобилност; • Подготвителни посети. Централизираните Еразмус-акции се во надлежност на Education, Audiovisual and Culture Executive Agency во Брисел и тие вклучуваат: • Мултилатерални проекти - развој на курикулуми, виртуелни кампуси, модернизација на институции и соработка на универзитети и индустрии; • Мрежи; • Придружни мерки.

1.4. Еразмус универзитетски чартер Чартерот е пишан документ кој го издава Извршната агенција за образование, аудиовизуелни политики и култура, кој ги опишува минималните барања што високообразовните институции треба да ги исполнат за да можат да се вклучат во сите активности во рамките на програмата “Еразмус”. Без Еразмус универзитетски чартер не е возможно да се вклучат во активностите на Еразмус. Чартерот гарантира високо ниво на квалитет во мобилноста и соработка преку одредување фундаментални принципи, при што институциите кои учествуваат во Програмата мора да ги почитуваат и да ги применуваат за сите Еразмус акции. Постојат два вида Еразмус универзитетски чартер: Стандарден (само за мобилност за студирање) и Продолжен универзитетски чартер (за мобилности за студирање и стажирање; и за мобилности само за стажирање).

Универзитетскиот чартер се состои од два дела: првиот, формален дел, содржи прашања за бројот на студенти при универзитетот, персонал, факултети и насоки, курсеви, итн. и втор дел, (Erasmus Policy Statement), наративен дел во кој високообразовните институции треба да докажат дека се способни да примаат и да испраќаат студенти и вработени на мобилности во странство. Се доделува за целото траење на Програмата, т.е. до 2013 година. Чартерот може да се одземе во случај на сериозно прекршување на одредбите. Постапката за доделување Еразмус универзитетски чартер е во надлежност на Извршната агенција за образование, аудиовизуелни политики и култура ( Education, Audiovisual and Culture Executive Agency) која е лоцирана во Брисел. Годишниот краен рок за пријавување за Еразмус чартер на европско ниво е 30 јуни. Високообразовните институции треба да поднесат он-лајн апликација за Еразмус универзитетски чартер до Европската комисија. Институциите, исто така, треба да испратат два испечатени и потпишани примерока од апликацијата (со оригинален потпис) до Европската комисија и еден примерок до Националната агенција. Он-лајн (електронската верзија) на апликацијата ќе може да се преземе од септември, од веб страната на Извршната агенција на Европската комисија http://eacea.ec.europa.eu/llp/erasmus/euc_en.html Успешните институции-апликанти добиваат Еразмус универзитетски чартер потпишан од Европската комисија. Освен тоа што Чартерот им дава право на универзитетите да учествуваат во “Еразмус”, ги дефинира и фундаменталните принципи на “Еразмус” и условите и регулативите кои високообразовните институции мора да ги почитуваат при спроведувањето на Еразмус активностите.


1.7. времетраење На мобилНости

1.5. договор меѓу високообразовНата иНституција и студеНтот Ова е договорот кој се склучува меѓу студентот кој заминува на студирање во странство и неговата матична високообразовна институција. Тоа е потврда за примање финансиска поддршка (грант) во согласност со правилата на програмата “Еразмус”. Договорот се состои од два анекса: 1. Договор за препознавање на периодот на мобилност (Learning Agreement) Договорот за препознавање на периодот на мобилност го потпишуваат студентот, неговата матична институција и институцијата во странство. Договорот мора да содржи список на предмети (курсеви) кои студентот ќе ги посетува во високообразовната институција во странство, заедно со нивниот број на ECTS поени, а е препорачливо, и да се додаде опис на наведените предмети. Со потпишувањето на договорот се осигурува признавањето на ECTS поените кои се добиени за време на мобилноста во странство. 2. Еразмус студентски чартер Еразмус студентски чартер е документ кој ги содржи правата и обврските на Еразмус студентите.

1.6. период На квалификуваНост (ELIGIBILITY PERIOD) Признатиот период за реализација на периодот на мобилност во кој треба да се завршат сите формалности, се нарекува период на квалификуваност. Високообразовните институции мора да се пријават за доделување средства само за активности кои ќе се реализираат во овој период. Периодот на квалификуваност во кој можат да се реализираат активности во рамките на програмата “Еразмус” во академската 2009/2010 год. е периодот од 01.06.2009 30.09.2010.

Времетраењето на престојот е одреден со најмал и најголем број месеци /недели/, денови поминати во странство. Времетраењето на престојот се разликува во зависност од целната група.

целна група Студенти

активност

минимален период максимален период

Мобилност за студирање

3 месеци

12 месеци

Наставен кадар

Наставен ангажман

1 ден

6 недели

Наставен кадар

Стручно усовршување

5 дена

6 недели

Административен персонал

Стручно усовршување

5 дена

6 недели

Услов за наставниот кадар кој се пријавува за наставен ангажман е одржување најмалку 5 часа настава. Една недела се сметаат најмалку 5 работни дена (во случај на прекин поради викенд , празник или неработен ден).


МОНОРСИ ЗА УЦЕРСВО ВО АКЦИИСЕ НА ЕПАЗМУР 2.1. можНости за учество по одделНи профили

за студенти: 1) учење во други земји

2) стажирање во други земји

3) јазична подготовка

за универзитети/ наставен кадар: 1) Наставни ангажмани

2) Обуки во други земји

за универзитети/ високообразовни институции: 1) Интензивни програми 2) Академски и структурни мрежи 3) Мултилатерални проекти

• Договор за мобилност: Пред заминувањето, студентите потпишуваат договор со нивните факултети кој го вклучува договорот за учење што ги дефинира предметите кои студентот ќе ги полага и бројот на кредити во ЕКТС кои ги носат тие предмети. • Процедура пред заминување: Во принцип, студентите добиваат 80 % од Еразмус грантот пред заминувањето, освен ако не одлучат нивните матични институции да ја доделат целата сума. Матичните институции мора да им обезбедат на студентите кои заминуваат во странство, копија од Еразмус чартерот кој ги дефинира основните права и обврски на студентите кои учествуваат во Еразмус. • Процедура по враќање: По враќањето, студентите треба да достават на нивните матични универзитети транскрипт (препис) на оценките од универзитетот кој им бил домаќин, како и извештај. Тогаш ги добиваат останатите 20 % од Еразмус грантот.

1) Студентска мобилност (за стажирање) 2) Обуки во други земји 3) Соработка со универзитети

• Забелешка: Студентите не треба да плаќаат никакви трошоци. Периодот на мобилност мора да е препознаен и признат од домашната институција, во согласност со договорот за учење.

2.2. краток опис На децеНтрализираНите еразмус акции

2.2.2. МОбИлнОст на наставен кадар

2.2.1. МОбИлнОст на студентИ

• вид на мобилност: Универзитетски наставен кадар може да оди во друга држава со цел обука или да апсорбира тренинг во некоја компанија.

• вид на мобилност: Студентите одат во друга земја со цел да учат во високообразовна институција или да стажираат/ работат во некоја компанија.

• времетраење: Минимум 5 часа, максимум 6 недели.

• времетраење: 3-12 месеци.

• квалификуваност на кандидатите: Кандидатите мора да имаат македонско државјанство и е потребно да достават доказ за вработување.

за претпријатија:

• квалификуваност на кандидатите: Апликантите треба да се редовни студенти запишани во втора година (или повисоко) и да имаат македонско државјанство. • изборна процедура: Изборот на студентите се врши на универзитетот/факултетот на студентот. Изборот мора да е фер и транспарентен, без конфликт на интереси. Критериумите за избор ги одредуваат образовните институции и може да се засновани на академски заслуги, мотивација, соодветно познавање странски јазик итн.

• договор за мобилност: Наставниот кадар мора да потпише договор кон кој, како анекс, се доставува наставна програма или работен план. • процедура по враќање: По враќањето во матичната институција, наставниот кадар е обврзан да достави извештај.


2.2.3. Мобилност на административен персонал

2.2.6. Организација на мобилност

• Вид на мобилност: Универзитетски административен персонал може да оди во друга земја со цел обука.

• Вид на акција: Институциите добиваат средства за покривање трошоци што се поврзани со организацијата на мобилност.

• Времетраење: 1- 6 недели. Престојот може да е пократок од една недела доколку се оправда.

• Квалификуваност: Подобни трошоци се оние кои се поврзани со препознавањето на студиските престои, печатењето или копирањето материјали, подготвителни посети, организација на јазични курсеви итн. Одредувањето на финансиската поддршка зависи од бројот на студенти, од наставниот кадар и од административниот персонал кои заминуваат во друга држава.

• Квалификуваност на кандидатите: Кандидатите мора да имаат македонско државјанство и е потребно да достават доказ за вработување. • Договор за мобилност: Административниот персонал мора да потпише договор кон кој, како анекс, се доставува личен работен план. • Процедура по враќање: По враќањето во матичната институција, административниот персонал е обврзан да достави извештај. 2.2.4. Интензивни програми • Вид на мобилност: Познати како летни или зимски школи кои се концентрираат на одредени теми (кои не се поврзани со редовниот курикулум). • Времетраење: Минимум 10 дена, а максимум 6 недели. • Квалификуваност на кандидатите: Мора да има студенти и наставен кадар од најмалку три различни европски земји како учесници во секоја интензивна програма. Минималниот број студенти од странски универзитети е 10.

2.2.5. Интензивни јзични курсеви • Вид на акција: Подготвителни јазични курсеви наменети за студенти кои ќе заминат на студии/ работа во земја во која се говори малку познат јазик. • Времетраење: Минимум 60 часа, а максимум 6 недели. Курсевите се организираат во земјата- домаќин, обично пред започнување на семестарот. • Квалификуваност на кандидатите: Интензивни јазични курсеви не се организираат за познатите јазици како на пример, англиски, француски или германски јазик.


2.3. Меѓуинституционални договори Мобилноста на студенти, наставен кадар и административен персонал, во рамките на програмата “Еразмус”, се остварува единствено врз основа на меѓуинституционални договори кои се склучуваат меѓу македонските и европските високообразовни институции кои имаат Еразмус чартер. Пример за меѓуинституционален договор може да се добие по електронска пошта од Националната агенција и истиот може да се прилагодува, но без да се изостават минималните ставки од примерокот.

2.4. Држави Меѓуинституционалните договори може да се склучат со високообразовни институции од некоја од државите-членки на Европската унија.

2.5. Осигурување Високообразовните институции се обврзани да ги известат студентите и вработените, пред заминувањето во странство, за обврзаното купување полиса за осигурување која мора да опфаќа здравствено осигурување во странство и патничко осигурување.

2.7. Еднократно пријавување Во текот на студиите, студентите можат да се пријават за студентска мобилност само еднаш, т.е. еднаш за стажирање во странска високообразовна институција во рамките на програмата “Еразмус” (еднаш за мобилност за студирање + еднаш за мобилност за стажирање = најмногу 2 Еразмус гранта за време на студиите). Мобилноста за стажирање не е отворена за Македонија за академската 2009/ 2010 година.

2.8. Двојно финансирање Студентите и вработените на високообразовните институции не можат да добијат финансиска поддршка (грант) во рамките на програмата “Еразмус” доколку нивниот престој во странство го финансира некоја друга институција со иста цел. Под двојно финансирање не се вбројуваат националните стипендии кои се доделуваат на студентите за редовно студирање на матичните високообразовни институции, ниту пак средства кои високообразовните институции, ако сакаат, можат да ги издвојат од сопствени извори, со што би го зголемиле месечниот износ на финансиската поддршка (грант) за студентите и вработените лица при високообразовните институции.

2.9. Студенти и кадар со посебни потреби 2.6. Школарина На Еразмус студентите не смее да им се наплаќа школарина во странските високообразовни институции, ниту пак какви било други надоместоци кои не им се наплаќаат на домашните студенти, како на пример, пријава за испит, користење лабораторија, интернет, библиотека итн. Може да се побара, како и кај домашните студенти, надомест за одредени услуги како што се фотокопирање, осигурување итн., кои треба да бидат одредени со меѓуинституционалниот договор. Студентите остануваат запишани во својата матична институција за времетраење на периодот на мобилност и се обврзани да продолжат да плаќаат школарина ако спаѓаат во категоријата на студенти кои сами си ги финансираат своите студии. Високообразовните институции не смеат да им наплаќаат на сопствените студенти никакви надоместоци за организација, за време на периодот на мобилност во друга држава.

Студентите и вработените на високообразовните институции имаат право на зголемен износ на месечната финансиска поддршка (грант), за можни зголемени трошоци, при реализација на периодите на мобилност. Високообразовните институции при аплицирањето во Националната агенција мора да побараат доделување дополнителни средства за студенти и за вработени, со поднесување посебен формулар за реалниот број мобилности. Како додаток на формуларот, високообразовните институции се обврзани да достават потврди од овластени институции во Националната агенција, од кои се гледа степенот на инвалидитет на конкретната личност. При пријавувањето на студенти/вработени со хендикеп, треба да се наведат некои други извори на финансирање кои ги добива студентот/институцијата со цел покривање на дополнителните трошоци, настанати поради инвалидитетот на студентите/вработените (доколку постојат). Националната агенција, врз основа на доставената документација, ќе го одреди конечниот износ на финансиска поддршка (грант), поединечно за секоја личност со хендикеп, и за тоа ќе ја извести високообразовната институција.


2.10. еразмус студеНти без фиНаНсиска поддрШка (ZERO-GRANT STUDENTS) Оваа фаза се однесува на студенти кои имаат статус на Еразмус студенти бидејќи ги исполнуваат сите потребни услови, но не добиваат финансиска поддршка (грант). За нив важат сите правила како и за Еразмус студентите кои добиваат финансиска поддршка. За нив важи истото правило: Еразмус студенти без финансиска поддршка не можат двапати да се пријават за мобилност во текот на студиите.

2.11. иНформирање На крајНите корисНици Високообразовните институции се обврзани да ја промовираат програмата “Еразмус” преку нивните веб страни, инфо-семинари, флаери и слично. Агенцијата на високообразовните институции ќе им пружи помош при спроведувањето на промотивните активности.

2.12. избор На каНдидати Процедурата за избирање кандидати се спроведува на универзитетско/ факултетско ниво, во зависност од интерната структура на високообразовната институција и во зависност од одлуката на управата. Процедурата за избор мора да е доследна и транспарентна, т.е. мора да исклучува секаков можен конфликт на интереси. лицата кои се вклучени во избирањето на кандидатите не смеат да аплицираат за финансиска поддршка (грант). Сите крајни корисници мора да бидат запознаени со постапката и со критериумите за избор. Процедурата за избирање кандидати следи по објавување конкурс на универзитетско ниво. јавното објавување на конкурсот подразбира објавување на конкурсот на интернет страниците на високообразовните институции и на огласната табла на институцијата (задолжително), т.е. во дневниот печат (по избор). Високообразовните институции се должни да ја чуваат оригиналната документација поврзана со процедурата за избирање кандидати најмалку 5 години. За спроведување постапка за избор, се препорачува основање комисија на универзитетско/ факултетско ниво чии членови ќе ги именува ректор/ декан. Комисиите се обврзани, по завршувањето на процедурата за избор, да состават листа на избраните и одбиените кандидати, како и „листа на чекање“ доколку постојат услови за тоа. Студентите и вработените на институцијата кои ќе се откажат од учество во програмата “Еразмус”, не се вбројуваат во одбиените кандидати. Одбиените кандидати мора писмено да бидат известени за причините за нивното одбивање. Високообразовните институции можат покрај основните критериуми кои ги одредува Националната агенција, да одредат и дополнителни критериуми, кои се обврзани навремено да им ги соопштат на крајните корисници и на Националната агенција. Високообразовните институции се обврзани да им овозможат на сите кандидати увид во листата на селектирани, одбиени и кандидати кои се на листа на чекање.


2.12.1. ИЗБОР НА СТУДЕНТИ Критериумите за избор ги одредуваат самите високообразовни институции, а тука може да се вклучат академскиот успех, познавање странски јазик, мотивација итн. Институциите се обврзани да ги достават утврдените критериуми за избор на студенти до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, по нивно барање. се препорачува приоритет да имаат оние студенти кои се уште не учествувале во некоја програма за мобилност за време на студирањето.

2.12.2. ИзбОр на наставен кадар И адМИнИстратИвен ПерсОнал Критериумите за избор на наставен кадар и административен персонал ги одредуваат, исто така, самите високообразовни институции. Институциите се обврзани утврдените критериуми за избор да ги достават до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, по нивно барање. се препорачува приоритет да имаат лицата вработени како наставен кадар и административен персонал кои не учествувале во некоја програма за мобилност откако работат во таа институција. Освен тоа, препорака на Националната агенција е критериуми за избор на наставен кадар и административен персонал да бидат: познавање на јазикот на кој ќе се одржува наставата, квалитетот на планот за работа/наставниот план кој ќе биде доставен во прилог на апликацијата, должината на престојот кој мора да соодветствува со траењето на активностите кои ќе се остварат, начинот на стекнување искуство по враќањето во матичната институција, користа на матичната институција од работата во странство.

2.13. договор меѓу високообразовНите иНституции и крајНите корисНици Високообразовните институции се обврзани, пред почетокот на периодот за мобилност, да склучат договор со студентите/вработените лица со кој се регулираат меѓусебните права и обврски поврзани со престојот во странство. Примерок од договор меѓу високообразовната институција и студентот може да се добие од Националната агенција. Високообразовните институции можат да изготват сопствена верзија на договорот, со задржување на минималните барања (ставки) од дадениот примерок.

2.14. договор за препозНавање На периодот На мобилНост (LEARNING AGREEMENT) Секој студент, пред заминување на студиски престој, треба да склучи Договор за препознавање на периодот на мобилност кој го потпишуваат студентот, матичната високообразовна институција и институцијата во странство. лицето кое го потпишува Договорот за препознавање на периодот на мобилност, во име на матичната институција, е институционалниот и факултетскиот ECTS координатор. Високообразовните институции може да го користат моделот за Договор кој го обезбедува Европската комисија (истиот може да се добие од Националната агенција) или можат да изготват сопствен модел на Договорот, под услов да ги вклучат сите ставки од дадениот пример. Договорот за препознавање на периодот на мобилност содржи листа на предметите кои студентот ќе ги посетува на високообразовната институција во странство, заедно со нивниот број на ECTS кредити. Матичната институција (ECTS координаторот) треба да провери дали програмата за студирање и описот на предметите кои студентот ги одбрал на високообразовната институција е компатибилна со наставниот план и програма на матичната институција. Матичните институции, со својот потпис, гарантираат признавање на периодот на мобилност во странство по враќањето на студентите. Секаква промена/дополнување на Договорот за признавање на периодот на мобилност е возможна доколку за тоа постојат објективни причини, и тоа еден месец од доаѓањето на студентот на институцијата во странство. Секаква измена/дополнување која ќе се смета за потребна, треба да се договори помеѓу сите три страни, т.е. што порано да се внесе во Договорот за препознавање на периодот на мобилност.

2.15. НаставеН плаН/ работеН плаН Наставниот кадар и административниот персонал се обврзани на матичната високообразовна институција да состават наставен план (за наставни ангажмани), односно работен план (за обуки) пред почетокот на периодот за мобилност. Наставниот план мора да вклучува план за предавање кој е договорен со високообразовната институција во странство, а работниот план треба да содржи план на активностите, очекувани резултати и влијанието на престојот врз извршувањето на активностите во рамките на постоечкото работно место. Минималните ставки кои треба да се вклучат, може да се добијат од Националната агенција. Секакви отстапки од првичниот план мора детално да бидат опишани во финалниот извештај. Високообразовната институција е должна да побара враќање на сите или на дел од средствата доколку се утврдат големи отстапувања меѓу планираниот и реализираниот наставен план/ работен план, за кои не постојат објективни причини.


2.16. процедура за студеНти/ вработеНи по враЌањето во матичНата иНституција По враќањето во матичната институција од институцијата во странство, студентите се обврзани да ги достават на матичната институција следниве документи: • Изјава од институцијата во странство (потврда која ја издава институцијата во странство во која се наведува точното времетраење на периодот на мобилност на лицето); • Препис на оцени (транскрипт) - листа со сите предмети кои студентот ги посетувал со соодветните добиени оцени, т.е. ECTS кредити за извршените активности); • Финален извештај - кој мора да биде предаден на матичната високообразовна институција, најдоцна две недели по завршувањето на периодот на мобилност. По враќањето во матичната институција од институцијата во странство, вработените на високообразовните институции се обврзани да ги достават на матичната институција следниве документи: • Изјава од институцијата во странство (потврда која ја издава институцијата во странство во која се наведува точното времетраење на периодот на мобилност на лицето); • Финален извештај - кој мора да биде предаден на матичната високообразовна институција, најдоцна две недели по завршувањето на периодот на мобилност.

2.17. еразмус коордиНатор Секоја високообразовна институција треба да назначи Еразмус координатор кој ќе биде одговорен за комуникација со Националната агенција, како и со претставници на својата институција, со цел успешно и правилно спроведување на програмата “Еразмус”. Се препорачува, Еразмус координаторот да е член на административниот персонал кој ќе има овластување да ја известува и да обезбедува информации по барање на Националната агенција.

АДМИНИРСПАСИВНИ И УИНАНРИРКИ ОПАВИЛА ЗА “ЕПАЗМУР” 3.1. пресметување На фиНаНсиската поддрШка (граНт) 1. студенти Националната агенција ќе им додели средства на високообразовните институции кои тие треба да ги искористат за покривање на трошоците за студирање на Еразмус студентите. Месечниот износ за мобилност за студирање варира секоја година. Високообразовните институции можат да го зголемат износот, наменет за Еразмус студенти, со сопствени средства. 2. Наставен кадар и административен персонал Националната агенција ќе им додели средства на високообразовните институции во облик на паушален износ (lump sum) за ставката мобилност на наставен кадар и административен персонал. Износот на финансиската поддршка (грант) за секоја одделна мобилност се: -70 % од највисоките износи за дневен надомест, одредени од страна на Европската комисија + вистински патни трошоци, во највисок износ до 300 евра (во денарска противвредност) на денот на исплата. Табелата може да се добие од Националната агенција. Рефундација на патните трошоци е можна само за следните превозни средства: воз (2 класа), автобус, траект, авион (само економска класа). Не е дозволено рефундирање на трошоците за локален превоз (превоз до аеродром, централна железничка или централна автобуска станица, такси, градски превоз итн). Во пресметката за финансиската поддршка (грант) не е дозволено вклучување денови кои се поминати во патување, доколку во тие денови не се одржала никаква активност.


3.4. арХивирање и докумеНтација 3.2. исплата На фиНаНсиска поддрШка (граНт) Високообразовните институции, генерално, исплаќаат 80 % од финансиската поддршка (грант) по потпишување на договор со Националната агенција, но постои и можност за исплата на целиот износ доколку така одлучи некоја високообразовна институција. Препорака на Националната агенција е 20% од износот да се исплати откако студентите, наставниот кадар или административниот персонал, ги поднесат финалните извештаи за мобилноста. Сите исплати на студентите, на наставниот кадар и на административниот персонал мора да се завршат најдоцна до 30.09. Средствата се исплаќаат врз основа на договор меѓу високообразовните институции и студент/лице вработено како наставен кадар/лице вработено како административен персонал. Институциите можат, од сопствени средства, да го зголемат износот на финансиската поддршка доколку се во можност.

3.3. оргаНизација На мобилНост Надомест за организација на мобилност се доделува на високообразовни институции како надомест за дополнителни трошоци кои настанале за време на организирањето на мобилноста. Во таа категорија спаѓаат трошоци за копирање и печатење материјали, јазични подготовки, признавање на периодот на мобилност, избор на студенти, подготвителни посети итн. Високообразовните институции добиваат средства за организација на мобилност, исклучиво, во периодот на квалификуваност на трошоците, т.е. за периодот од 01.06.до 30.09. од соодветната академска година. Еразмус надоместок за организација на мобилност не може да се користи за покривање трошоци кои веќе се делумно или целосно финансирани со средства на Европската унија. Институциите мораат да располагаат со документација од која ќе може да се види кога и во колкав износ настанале трошоците за организација на мобилност (на пр. сметки, интерни фактури итн.). Секоја високообразовна институција која остварила најмалку една мобилност на студенти, на наставен кадар или на административен персонал, има право на надомест за организација на мобилност во висина од 500 евра (во денарска противвредност). Точниот износ на надоместокот се пресметува посебно за секоја високообразовна институција, врз основа на бројот на појдовни студенти, т.е. на наставен кадар или на административен персонал.

Високообразовните институции се обврзани да ја чуваат целокупната релевантна документација, најмалку 5 години по завршувањето на траењето на договорот. Релевантната документација вклучува и листи на одбрани и одбиени кандидати, текстови за повикот за пријавување, договори итн. Високообразовните институции, исто така, се обврзани да водат досие за секоја мобилност кое ги вклучува следниве документи: Досие за студенти: • договор меѓу високообразовната институција и корисникот; • договор за признавање на периодот на мобилност (Learning Agreement); • апликацијата за мобилност; • Изјава на високообразовната институција во странство; • Препис на оцени (транскрипт); • завршен извештај; • копија од полисата за осигурување; • докази за исплати (со видливо име и презиме, т.е. број на сметка на студентот). Досие за наставен кадар/ административен персонал: • договор меѓу високообразовната институција и вработениот како наставен кадар/ административен персонал; • План за работа/ наставен план (Working agreement/ Teaching agreement); • Изјава на високообразовната институција во странство; • завршен извештај; • копија од полисата за осигурување; • докази за исплати (со видливо име и презиме, т.е. број на сметка на вработениот).


сведочења На корисНици На еразмус: студентска мобилност: Ведрана Трбушиќ, студент од Словенија која студира на Универзитетот во Љубљана, изјавува: јас студирам комуникација, и само што ја завршив мојата последна година како Еразмус студент на Универзитетот во Болоња, еден од најстарите Универзитети во Европа. Престојот на Универзитет на кој студирале Данте и Петрарка е одлично искуство само по себе, а вреди да се споменат и шармот на градот, љубезноста на жителите на Болоња и одличните академски знаења со кои се стекнав. Најмногу од се ми се допаднаа курсевите и професорите. Имав можност да посетам неколку курсеви кои ги нема на мојот домашен Универзитет, а со тоа стекнав уникатни знаења. Професорите беа одлични предавачи и ги правеа лекциите многу интересни. За воведната програма која вклучуваше и часови по италијански, би рекла дека канцеларијата за меѓународна соработка на Универзитетот одлично се грижеше за нас, а вработените во службите беа многу љубезни и пријатни. мобилност на наставен кадар (професори): Професор Vytautas Bučinskas, Машински Факултет при техничкиот универзитет вилнус гедиминас, литванија, вели: учеството во програми за мобилност на наставен кадар е возбудлив предизвик и бара оригиналност при подготвувањето на лекции за странски студенти. Моето искуство почна во 2002 год. Кога по посетив Витус Беринг Центарот за високо образование во Данска. Беше одлично да се видат методите на работење во лабораториски услови на други студенти и професори. Тоа ме инспирираше да учествувам и на други размени на професори на различни локации: Мадрид, Брауншвајг, Марсеј, лисабон. При сите мои посети бев добредојден и пречекан со големо гостопримство од страна на Универзитетот- домаќин и моите колеги. Соработувавме на заеднички научни проекти и создадовме повеќе можности за академски размени. Сите овие одлични искуства беа овозможени благодарение на Еразмус програмата. интензивни програми: Проф. Vitezslav Benda, Чешки Технички Универзитет: Од 2003, професорот Сократ Капланис ја координира интензивната програма (летна школа)- “ICT Tools in PV Systems Engineering: Teaching & Learning”. Таа стана извор на инспирација за вработени и студенти од многу Европски Универзитети. Секоја година приближно 40 студенти и 15 професори од грција, бугарија, белгија, кипар, чешка, германија, Шпанија, Франција, Полска и романија учествуваат во иновативниот курс за фотоволтаични системи. Новите пристапи за предавање и учење, како и електонските алатки екстензивно се користат. Целта е да се поттикне студирањето, истражувањето и развојот на професионалните вештини во меѓукултурната заедница, а сето тоа со поддршка на Еразмус програмата.

ЗОЧСО ДА РЕ ОПИЈАВАМ? еразмус се вклучува во студирањето (кредитите се препозНаваат, Не губам семестар или годиНа)! Ќе откријам различНа култура и Ќе здобијам меѓуНародНо искуство! Ќе имам стипеНдија и Нема да имам троШоци за студирање во друга држава! Ќе изгледа одличНо На моето CV! Ќе имам пристап до предмети и курсеви кои Не се застапеНи во македоНија! Ќе си ги подобрам јазичНите веШтиНи! Ќе стекНам меѓуНародНа мрежа На пријатели (а, и 4 од 10 студеНти се заЉубуваат за време На еразмус мобилНоста!)! Ќе се вратам помотивираН, НезависеН и самоувереН! Ќе стекНам животНи веШтиНи и искуства кои Не се учат во предавалНа! НавистиНа е забавНо!


ЅИПНИ: На веб-страната www.20erasmus.eu има супер приказни од поранешни Еразмус студенти! Еразмус Студентската мрежа, http://www.esn.org/, има клубови во 32 земји, и сигурно организираат нешто интересно во моментов! (Има линк до организацијата во Македонија, може и таму да се зачлениш)! На www.youtube.com има поставено околу 26 000 видеа (и во секој момент ставаат нови) од Еразмус журки, ориентациони програми, предавања, дружења, обиди за учење на нов јазик, љубовни пораки, документарни прилози, и... Официјалниот сајт на Европската Комисија за Еразмусhttp://ec.europa.eu/education/lifelong-learning-programme/doc80_en.htm има подетални објаснувања за правилата. За централизираните акции (Еразмус Универзитетски Чартер, Мултилатерални Проекти, Еразмус Мрежи, придружни мерки) има информации на страната на Извршната Агенција на ЕК http://eacea.ec.europa.eu/llp/erasmus/erasmus_en.htm На страната на Националната Агенција во Македонија www.na.org.mk има водич за апликанти, на македонски и англиски јазик. На било кој интернет пребарувач, само ќе напишете Еразмус и сигурно ќе си најдете нешто интересно за читкање.


This publication has been funded with support of the European Commission. This publication reflects the views only of the author, and the European Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.

Brochure ERASMUS 2010  

The 2010 version of the ERASMUS Community Programme Brochure in Macedonian language