__MAIN_TEXT__

Page 1

Бр.30 Декември 2020

КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ НАША ГЛАВОБОЛКА ISSN 2545 - 4900


ОД НАШ АГОЛ

КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИНАША ГЛАВОБОЛКА „Зелена берза“ може со гордост да се пофали дека успеа во изминатите 2,5 години непрекинато да излегува за денес во вашите раце да го имате 30 број на вашиот омилен весник. Тимот на „Зелена берза“ ги оправда вашите очекувања и прерасна во бренд, сведок на сите случувања во македонското земјоделие. „Зелена берза“ е светилник кој опстојува и во овие тешки времиња, особено за печатените медиуми со цел да допре до неколку илјади верни читатели и кога речиси никој не веруваше дека може да опстане како бесплатен месечник потпирајќи се на редакциската решителност и на рекламите од нашите соработници, поддржувачи. Нашиот и ваш весник е ‘буквар’ на македонското земјоделие! Затоа да останеме во добро здравје и да продолжиме заеднички да го трасираме патот со нови идеи, предлози, ставови и решенија за нашето земјоделство, за нашите вредни земјоделци производители на храна.

Не еден, ами многу, многу проблеми му тежат на грбот на македонскиот земјоделец. Пласманот на производите, откупната цена, климатските промени...Долг е списокот на маките и проблемите кои се натрупани со години и децении, а една е целта да се произведе што повеќе и што поквалитетно и да се обезбеди егзистенција за семејството. Климатските промени се еден од најголемите предизвици за секој од нас, вклучително и за земјоделците. Последица од покачувањето на содржината на гасовите кои создаваат ефект на стаклена градина во атмосферата се очекува да ја покачат и температурата на глобално ниво. Покачената температура силно влијае врз покачувањето на испарувањето на водата и зголемување на потребата на земјоделските култури за вода. А токму водата е важна за нормален раст и развој на земјоделските култури. Сето ова силно се одразува врз намалување на приносите кај земјоделските култури кои се одгледуваат без навод-

4

нување. Експертите предвидуваат дека „ова намалување се движи од околу 10% во 2025 година, до преку 40% во 2100 година, зависно од културата и условите на одгледување“. Јасно е како ден, некои култури нама да може повеќе да се одгледуваат без соодветно наводнувањето. Сето ова укажува дека влијанието на климатските промени врз земјоделското производство во нашата држава ќе има силно изразено негативно влијание со долгорочни последици. Нашата земја е со 220 сончеви денови во текот на годината од кои 50 дена се топлотен стрес и го забавуваат производството. Во вакви услови она што може да се смета за предност е вкусот на производите. Со цел да се намали или барем да се ублажи негативното влијание од сé поприсутните климатски промени врз земјоделското производство, најпрво треба да се отпочне со примена на мерки на адаптација. Тоа подразбира дека тие мерки да се


5

ефикасни на краток или среден рок, а во исто време потребно е да се лесни за имплементација како во практична, така и во економска смисла, сметаат експертите. Недостасуваат преработувачки капацитети Нашите земјоделци се јасни и гласни дека производната цена е далеку повисока од откупната. Тоа значи дека трошоците растат, а тоа не можат да го надоместат откупните цени, ниту пак државните субвенции. Недостасуваат преработувачки капацитети зошто вишокот на произведени земјоделски производи нема каде да се пласира, а за да биде уште погрда сликата земјоделските производи завршуваат во реките и доловите. Се уште негативни чувства будат сликите од Преспа од минатата сезона кога купишта со јаболка завршија на брегот на Преспанското Езеро. Зошто? Како проблематично се смета и нестандардното производство, а просечното земјоделско стопанство има околу 2 хектари обработлива земја.

Предизвици Македонското земјоделство во изминатите децении се соочува со големи предизвици. Членството во СТО, Спогодбата со ЕУ, членството во ЦЕФТА, ги проширија можностите за зголемување на извозот, но истовремено ја зголемија домашната конкуренција. Она што треба да се направи е да се регулира производната цена со откупната. Да се отворат преработувачки капацитети за вишокот земјоделски производи, а светла точка е отворањето на постапката да се регулира продажбата ‘од куќен праг’ со правилници. Ова е особено важно зошто помалите семејни земјоделски стопанства заслужуваат поддршка. Во суштина она што треба да го направиме е прилагодување на целиот земјоделски сектор на политиката што се води во Европската Унија, со исти царински прописи, фитосанитарни и ветеринарни правила, почитување на заедничка земјоделска политика, заедничко регулирање на пазарот... Христина Фуна


РУБРИКА МЛАД ЗЕМЈОДЕЛЕЦ КРУШЕВО

БОРЧЕ КРСТЕСКИ - ПЧЕЛАРСТВОТО НЕ ЗНАЧИ САМО СОБИРАЊЕ МЕД Пчеларството може да биде одлична можност за релаксација и квалитетно потрошено време, сè зависи кој што сака да постигне. таткото. Борче не бил свесен за предизвиците и во каква авантура влегува. Вели дека му помогнал роднина на татко му од Кичево и соседот кој се занимавал со пчеларство. Долги консултации по телефон, запишување забелешки со цел да се навлезе подобро кон оваа дејност. Купил литература, пребарувал по интернетот. -На почеток не чувствував некој предизвик во пчелите и некоја страст да учам за нив, нивната структура, како се организирани и како функционираат. Како нешто ново, ми беше интересно да пробам, да видам за што станува збор. Бидејќи на моја иницијатива ги зедовме пчелите чувствував некоја одговорност и јас да помагам, за да не биде дека сум ја наметнал идејата и сум се тргнал настрана. Доста читав, барав информации за да си олесниме некои работи, бидејќи бевме почетници. Гледав земјоделски емисии, следев форуми на интернет секаде каде можев да слушнам совети и разни трикови од стари пчелари. Ни помагаа пчелари од овој крај. Често му се јавувавме на телефон, бевме упорни, а тие несебично не учеа и ни помагаа. После една година учење бев поинформиран од татко ми и чувствував некоја одговорност за работата. Продолжив да му помагам со цел да не ни пропадне претходно вложениот труд, раскажува Борче. Искуството си го направило своето и од 5 сандаци еве веќе шеста сезона семејството Крстески располага со над 50 сандаци. Пчеларникот им се наоѓа на еколошки чиста локација, на 16 километри од Крушево меѓу селата Долно Дивјаци и Кочишта. Произведуваат органски мед и за сега се фокусирани само на тој производ. Надморската висина од 850 метри овозможува пчелите да имаат паша од различни медоносни растенија сè додека тоа го дозволуваат временските прилики. Како што вели Борче не размислуваат да го зголемуваат бројот на сандаците и пчелните семејства за да може да одговорат на потребите на пчеларникот, а секако тоа да не им пречи на работните обврски. Засега таткото и синот се надополнуваат. Борче е вработен во Скопје, но секој викенд доаѓа во Крушево и оди на Како најдобро да се потроши слободното време, а тоа позитивно да се одрази и на себе и на околината? Ова било прашањето што младиот дипломиран геодетски инженер Борче Крстески (28) од Крушево, си го поставувал, а по долги размислувања заедно со својот татко носат одлука да купат пчели. Предизвиците биле големи, бидејќи немале никакви претходни знаења за оваа дејност. Крстески веќе неколку години се занимава со пчеларство. Почнал со идеја тоа да биде хоби на неговиот татко, заради занимација, но помагајќи му, малку по малку не осетил дека и тој самиот се навлекол на ова хоби и дека по завршувањето на работните обврски патот води кон пчеларникот. Првичната замисла била како да се потроши квалитетно времето, а да не влијае на останатите активности, особено на ловот, кој е пасија на неговиот татко Велко Крстески. Почнале со пет сандаци пчели и речиси никакво знаење за пчеларството. Почнале да учат од почеток што и како треба да се работи. -Прв услов што постави татко ми беше, да почни со некоја работа што нема да му смета на ловот, оти е ловџија, а ловната сезона почнува од октомври и трае до средината на март. Дојдовме на идеја да почнеме со пчели, оти таман ќе заврши сезоната на лов ќе почне сезоната со пчелите, објаснува Борче. Сурфање по интернет, барање литература и помош од искусни пчелари Секоја помош за пчеларството била добредојдена за синот и

6


7

Продажба по допрен глас

пчеларникот. Доколку има потреба татко му Велко оди преку неделата. Токму заради овие обврски одлучиле да вадат само мед, а не и други пчелни производи, бидејќи за тоа е потребно подолг престој и работа на пчеларникот. -Не е само да се зголемува бројот на сандаци. Борче е поупатен во теоријата, а јас преземам кога тој не може да дојди на пчеларникот. Сакам да биде сè како што треба и она што им е потребно на пчелите да го направиме. За сè треба време, за контрола, прихрана, третирање. Со оваа бројка за сега успеваме да одржуваме. Почнавме и дури можеме ќе работиме, вели Велко Крстески.

Оваа сезона се задоволни од количината на произведен мед. -Продажбата на медот за сега не е лоша, бидејќи работиме со мали количини. Млади сме во ова област и засега обрнуваме внимание на одржување на пчелините друштвата во сандаците. Нас ни беше побитно да оставиме повеќе мед во сандаците, за да не ги изгубиме друштвата до пролет. Целата продажба ни е преку познаници, пријатели и роднини. Секако ние нудиме квалитет но не го продаваме по продавници или со огласи. Го продаваме по допрен глас. Така се шири кругот, тие што купиле еднаш повторно не бараат, вели Борче. Во тек е дизајнирање на етикета за медот која планираат да ја имплементираат од следната сезона со што квалитетот на медот ќе стане препознатлив и по пакувањето. -Идните активности ќе ни зависат од работните ангажмани колку ќе имаме слободно време. За зголемување ќе размислуваме, постепено во „од“ што би се рекло. Акцент ставаме на нашето време, а не на цената на медот, субвенциите или нешто трето. Ќе зависи колку ќе бидеме моќни и физички спремни да ги работиме. Зависи и од временските услови, климатските промени кои се повеќе се чувствуваат, а не е помалку битна и исплатливоста. Во моментот не се пресудни ниту субвенциите. За сега со она што го добиваме успеваме да покриеме само дел од патните трошоци за одење до пчеларникот. Има трошоци, обврски, но може и да се ужива кога се работи со мерак. Сметам дека е многу сериозна професија и дека државата треба многу повеќе да ги помага оние пчелари на кои ова им е професија, затоа што пчеларството не значи само собирање мед и негова продажба, тоа бара многу работа, посветеност и секако постојано инвестирање. Ако се знае дека животот на планетата зависи токму од пчелите, сметам дека е потребно да се направи многу повеќе за нивна заштита и создавање на услови за нивна непречена работа, порачува Борче во разговор за „Зелена берза“. Павлина Јовановска


РУБРИКА РУРАЛНА ЖЕНА СВЕТИ НИКОЛЕ-МУСТАФИНО

ТАЊА ШТЕРИЈОВСКА - РУРАЛНИТЕ ЖЕНИ ГО НОСАТ НАЈГОЛЕМИОТ ТОВАР ВО СТОПАНСТВОТО ВО ВРЕМЕ НА КОРОНА КРИЗАТА Да се биде жена значи да се биде и менаџер и работник.

Во руралните средини само навидум работните задачи се поделени на машки и женски, бидејќи во најголем дел од работите кои ги извршува мажот жената главно му помага додека нејзина останува работата околу домот и семејството од аспект на перење, готвење и чистење. Но, овие работи низ домот и околу семејството не се поврзани со семејното стопанство. Кога има работа таму има работа за сите а најизразен е примерот со жените кои чуваат стока. Сточарството како сектор и онака е една од најтешките земјоделски гранки која не познава време за годишен одмор, паузи за викенд прошетки или боледување. Стоката секој ден треба да се храни, да се молзе, млекото да се преработува и во сите тие активности главни се руралните жени. За својот труд тие не се доволно платени и не им е признаено тоа што го работат. Тања Штеријовска од село Мустафино, Свети Николе е една од ретките жени кои оптимистички гледаат на иднината на правата и улогата на жените во општеството. Таа лично е задоволна од нејзината положба, но единствено смета дека за сите рурални жени да можат со насмевка да ги минуваат тешките работни денови доволно би било само да се пореални откупните цени и да имаат некаков просперитет од тоа што го произведуваат. -Јас сум многу среќна и задоволна што си чувам овци. Имаме 86 грла и сами со мажот ми ги чуваме оти децата веќе пораснаа и секој си го фати својот пат. Не ми е проблем што работам и дома и на фармата, што сум некогаш и по цел ден со ангажмани околу овците, јагнињата, млекото и плус домашните обврски. Но

8

најмногу ми тежи тоа што сточарството иако е најтешко од целото земјоделство сепак е многу слабо платено. Пример се откупните цени на јагнињата годинава кои можеби заради короната се сведоа на околу 100 денари жива мера што за нас значеше дека не само што не заработивме ништо туку со таа цена ние бевме и во загуба. Покрај јагнето што не се откупува по нормални цени кои не би требало да бидат многу големи ама да не бидат ни под 150 денари нас еве веќе две години ни стои и волната и не се откупува. Никој не ни прашува за волната од овците и мислам дека веќе ќе ја изгориме оти нема што да и правиме, рече Штеријовска од Мустафино. Таа иако потекнува од село, сепак долго време работела по конфекции. За себе вели дека животниот пат ја донел назад пак во село каде си има голема слога и љубов со сопругот, но не би го менувала животот со оние жени во градот кои се по осум саати во некоја конфекција, а некогаш и повеќе. Сепак колку и да има работа на фармата и низ дома смета дека селската жена е поодморена и има поубав живот. -Селата полека се урбанизираат на некој начин. Ние иако едвај пред две години добивме вода сега со средувањето на улиците останува да се реши уште проблемот со мостот на сред село и ако добиеме и контејнери и ние ќе ги имаме истите услови како и градските жени и нема да размислуваат толку младите да избегаат од село, туку ќе си го најдат својот спокој и среќата тука во руралната средина. Среќата во животот според мене е здравјето, слогата, љубовта и децата. Ништо повеќе не барам.


9

Јас порано кога дојдов тука беше голема немаштија ама дојдов со голем елан дека ќе успеам и полека, полека си дојде. Си викав сама на себе ако не оваа година, до година или за две или за три години ама полека се средуваат работите и сега животот ни е полесен, вели Тања. Според неа не бараат руралните жени многу, за така скромно да ги воспитаат и децата за значењето на работата на село и производството. Да имаат фер откупни цени без проблеми ќе им

поминува секојдневието кое тука почнува рано наутро во домот, а завршува доцна навечер во фармата. Единствено поголема тешкотија, несигурност и зголемен ангажман донесе корона кризата која освен преку падот на откупните цени и економската нестабилност на семејното стопанство донесе и намалена можност на ангажирање на работна сила која најчесто ја менуваат самите жени со својот труд. З.Б


„БРАТСТВО И ЕДИНСТВО МОЖЕ ДА ПОСТОИ САМО МЕЃУ ОНИЕ КОИ СЕ НАВИСТИНА РАМНОПРАВНИ“. - Јосип Броз Тито


ПЕЛАГОНИЈА

ЕСЕНСКАТА СЕИДБА СЕ РЕАЛИЗИРА ВО ОПТИМАЛНИ УСЛОВИ, ЗА ПОДОБРИ ПРИНОСИ ПОТРЕБНА Е ДОПОЛНИТЕЛНА ВЛАГА Температурата на воздухот и почвата беа поволни за посеаното семе, велат агрономите.

Земјоделците оваа сеидбена сезона имаат скоро идеални услови за сеење. Наспроти неколку години наназад кога во континуитет мака мачеа со неповолните временски услови, сега оваа операција поминa без поголеми проблеми. Покрај температурата и влагата во почвата, стручните лица на земјоделците им советуваат да употребуваат квалитетен семенски материјал, кој е поотпорен на климатските промени и евентуални болести, соодветна примена на агротехнички мерки како и навремена прихрана и заштита на посевите за да може да се надеваат на добри приноси. Во Пелагонија есенската сеидба е при крај Како што информираат од Подрачната единица на МЗШВ во Битола планирано е со есенски култури да се посеат 15.610 ха од кои пченицата е најзастапена на вкупно 11.800 ха, јачменот на 3.800ха, а најмалку е застапена ‘ржта на само 10 ха. Оттаму велат дека сеидбата тече без проблеми и очекуваат да се реализираат планираните активности. Кај поголемите земјоделски производители таа е комплетно завршена, додека не е завршена кај уште еден мал дел на индивидуални земјоделци чии површини се

12

посадени со градинарски култури. На овие површини ќе се сее штом заврши бербата на веќе посеаното, која заради поволните временски услови е продолжена. -Оние земјоделци што започнаа во првата половина на октомври пченицата е веќе посеана, а некаде и поникната. Оваа година во Пелагонија имаше доста влага за успешна сеидба. За оние земјоделци што подоцна ја извршија сеидбата може да биде проблем со т.н. мртва влага и нерамномерно поникнување. Сепак за подобар склоп на зрното потребна е дополнителна влага, вели Иван Зафиров агроном. Земјоделците стануваат свесни за влијанието на климатските промени и ги почитуваат и применуваат советите на агрономите. -Јас завршив со есенската сеидба. На 10 ха површина посеав јачмен, пченица и малку тритикале за сопствени потреби. Земјата ја имав припремено уште летоска и ги применив сите оние агротехнички мерки од орање, ѓубрење и слично. Околу сеидбата не видовме мака, но ако не заврни ќе има проблем околу поникнувањето. Се разбира тоа ќе се одрази и на крајниот резултат. Ако се водиме од математиката воопшто не се исплаќа, ама што


13 да правам, земјата ми е оставена во аманет и се занимавам со земјоделство, рече за „Зелена берза“ Менде Талевски од село Новаци. -Житариците се исплаќаат само ако се одгледуваат на големи површини. Овде во Новачко Поле скоро да е завршена сеидбата. Јас посеав житарици на 40 ха површина. Среќа што површините ги имав изорано веднаш по жетвата. Тогаш имаше убава влага, па сега за сеидбата немав проблеми. На овој регион каде уште не е ожнеена пченката тешко ќе биде за сеидба, бидејќи почвата е сува. Што се однесува до семето за пченица употребувам од сортата „ Еугенио“. Задоволен сум од оваа сорта бидејќи не полегнува и отпорна е на болести. Посеав ама какви ќе бидат резултатите рано е да се каже, бидејќи уште не е поникната. Ако заврне, влагата ќе биде добредојдена за правилно поникнување и развој на семето и ќе може да се надеваме на добри приноси. Од минатата сезона пченицата ја немам продадено, ја чувам и чекам подобра цена, вели Благојче Јовановски, земјоделец од Новаци. Семето е најважната алка во ланецот на производство на жито На пазарот се јавуваат најразлични семиња кои најчесто доаѓаат од Србија и Бугарија, а ги има и оние домашни производители на семе. Квалитетно и здраво семе е услов за добар принос. Во добро развиените земји има строги критериуми околу производството и третирањето на семињата. Последниве години и во нашата држава се јавија производители на семе така што земјоделците имаат можност на избор. -Како семенарска куќа сакаме да го одбереме и донесеме најдоброто за нашите земјоделци. За квалитетот на семињата што им ги нудиме на земјоделците може да се уверат преку пробните опити што ги организираме во разни региони од државата. Оваа година изненадува фактот што има поголема

побарувачка за пченица во споредба со ланската година. Исто и условите за самата сеидба се подобри од лани. Над 70% од планираните површини се веќе посеани. Околу 90% од семето веќе е продадено, изјави за „Зелена берза“ Штерјо Николов, директор на „Семенарство“ Скопје. Како што вели Николов, за јачменот кој прв се сее најмногу интерес има за сортата „Барун“, која се смета за семе број еден на Балканот и за сортата „Максим“. Од семето за пченица најбарана е сортата „Кралица“ и „Вулкан“. Кризата им создава дополнителни проблеми на земјоделците -Земјоделските производители во овој период имаат 50% од вкупните трошоци. Немаат пари, а сега најмногу им се потребни за семиња, за ѓубрење и за останати агротехнички мерки. Она што на сите состаноци го велиме субвенциите да се исплаќаат тогаш кога им се најпотребни на земјоделците. Иако беше речено 30% од нив да се исплаќаат авансно, сепак заради доцнење на ребалансот на буџетот на државата овие пари земјоделците не може да ги искористат тогаш кога најмногу им требаат. Времето сега е убаво и се сее на големо, но земјоделците ги црпат последните резерви. Покрупните земјоделци веќе ја завршија сеидбата, но ако се има предвид дека голем е бројот на земјоделски производители со помали површини заради недостиг на средства не ги извршуваат до крај потребните агротехнички мерки или купуваат поевтино семе, што на крајот секако ќе се одрази на приносите, изјави Ефтим Шаклев од Асоцијација на земјоделци на Македонија. При немање на доволно финансиски средства добрите познавачи на состојбите велат дека не треба да се штеди при избор на квалитетно семе бидејќи од неговиот избор ќе значи во кој правец ќе се движи производството и какви ќе бидат крајните резултати. Павлина Јовановска


МАКЕДОНИЈА

НАМАЛУВАЊЕ НА УВОЗОТ НА СВИНСКО МЕСО ЗА 30% ВО СЛЕДНИТЕ 7 ГОДИНИ Суровинската сувереност е многу значајна особено во време на пандемии и затворени граници. Секторот за производство на свежо свинско месо ја крои седумгодишната стратегија за делување и развој.

Како да се намали увозната зависност од смрзнато свинско месо за потребите на месната преработувачка индустрија и како да продолжи позитивниот раст кој го има секторот за производство на домашно свинско месо¬. Ова се клучните елементи на кои се фокусира овој сектор во кроењето на седумгодишната стратегија за развој на свињарството 2021-2027. На Факултетот на земјоделски науки и храна се собраа сите клучни производители во овој сектор заедно со науката да ги дефинираат идните правци на натамошниот развој. Она што е важно е дека е потребно да се креира амбиент во државата кој нема да предизвика да се загуби контролата на ценовната политика што се покажа како генератор на досегашниот раст. Од тој аспект сите се едногласни дека носењето на мерки со кои би се дозволил бесцарински увоз на смрзнато месо за потребите на преработувачката индустрија може да предизвика сериозен потрес. -Секторот се наоѓа во деликатен момент од аспект на развојот заради околностите поврзани со африканската свинска чума и ковид здравствената криза и интенциите за увезување бесцарински давачки во големи количини во моментов не се добредојдени. Ние ја задоволуваме потребата на домашниот пазар во однос на свежото свинско месо, но намерата на денешниот собир е да се одредат мерките кои ќе придонесат како да почнеме полека да произведуваме и замрзнуваме вишоци на свинско месо кои ќе послужат за да се замени дел од увозното месо со домашно смрзнато месо. Планот е за почеток да дојдеме до некои 20-30% супституција на увозот, а понатаму да работиме и тој обем да го зголемуваме колку ќе можеме. Ќе се одржи и средба со месо преработувачката индустрија за да се обидеме двата сектора да ги споиме и заедно да работат на постигнување на овие цели во поволен амбиент креиран од државата, рече Владо Вуковиќ, професор по свињарство на Факултетот за земјоделски науки и храна. Големи турбуленции на пазарот со свинско месо се случуваат последниот период. По појавата на африканската свинска чума

14

во Германија почна да се создаваат вишоци на свинско месо кои се замрзнуваат. Стравувањата на секторот се дека овие вишоци преку разните механизми на субвенционирање на извозот ќе завршат во трети земји меѓу кои сме и ние или индиректно ќе ја намалат цената. -Во моментов го работиме еден од најризичните бизниси. Освен заради корона кризата поради која стравуваме за здравјето на нашите вработени исто така и поради заканата од африканската свинска чума која е смртоносна за свињите. Треба да се знае дека за да имаме ние финален производ свинско месо потребни 3 до 4 години за да се затворат неколку циклуси на производство на жита на сточна храна, па дури потоа и циклусот на одгледување и производство на финален производ. Затоа сите мерки за бесцарински увоз треба добро да се испитаат какво влијание ќе имаат врз примарниот сектор кој е многу осетлив и многу тешко се враќа во полна кондиција, бидејќи долго трае процесот до финален производ. Ние не сме против мерките кои на месната индустрија ќе и помогнат бидејќи сме директно поврзани и соработуваме со нив, но само бараме да немаат негативно влијание на нашиот сектор. Последните 2 години цените беа високи заради недостиг на месо и немаше некои проблеми со цената, но ако стаса месото од Германија до нашите крајни потрошувачи ќе нема економска логика ние да се бориме со тие цени, рече Дарко Стојанов од сточарската фарма „Униагро“ од Велес. Се даваат предлози за седумгодишната стратегија. -Во моментов немаме да понудиме вишоци на смрзнато месо за потребите на преработувачите, но планот е со ова темпо на раст и со веќе постигнатите европски производни резултати на ниво на фарма да дојдеме многу скоро до ниво да почнеме да ги снабдуваме месните индустрии со домашно месо, што сметам дека дополнително ќе придонесе за натамошен развој на свињарството, рече Тоше Атанасовски од здружението на одгледувачи на свинско „Гицко“. З.Б


15

ПОЛОГ - ЛУКОВИЦА

ЗА ЛОКАЛЕН ПАТ ОД 6,5 КИЛОМЕТРИ ЌЕ СЕ ЗАПУСТИ ЦЕЛО СЕЛО Се занимаваме со сточарство и земјоделство. Ние мораме тука да останеме, немаме друга егзистенција, ако треба да се отселиме нека ни кажат, велат мештаните.

И тие што останаа во тетовското село Луковица изминативе месеци се иселуваат. Оваа есен дождовите целосно го упропастија, односно изронија неасфалтираниот пат, кој води до ова село, сместено на падините на Сува Гора. Поради ваквата состојбата жителите од ова населено место и во време на пандемија се оставени сами на себе. На лекар не можат да појдат, ниту пак лекар доаѓа во селото. Децата се оставени без образование, а возрасните без основна егзистенција. -Жителите кои се тука опстануваат од тоа село. Се занимаваме со сточарство и земјоделство. Ние мораме тука да останеме, немаме друга егзистенција, ако треба да се отселиме нека ни кажат. Еве сега брат ми се отсели, затоа што детето нема каде да му учи. Тој не може да го носи во училиштето и никој не се нафаќа да го носи. Некој човек да ни се разболи доктор не доаѓа, во нашето село поради патот не е дојден лекар веќе дваесет години. Не сме посетени никој не е дојден. Катастрофа. Најблиската амбуланта е Групчин и симптоми да има на корона не доаѓа Брза помош. Лани требаше да се породи жена не дојде амбуланта, па јас ја носев со „лада нива“. Барем да го посети некој од надлежните ова село, да види во какви услови живеат овие жители, истакна Борче Милошевски сточар кој во ова село одгледува 250 грла кози. Тој вели поради вирусот за 50% им е намалена работата. Се е поскапено, ама јас немам избор и не можам да се откажам од мојата единствена егзистенција. -Дури беше добар патот 70 евра ми бараа за да ми донесат храна,

а сега ми бараат 150 евра, зошто патот е лош. Еве еден роднина инвестираше во свињарска фарма и тоа добри пари вложи и се откажа зошто нема кој да му ги откупи прасињата. Мака мачиме, имам „лада нива“ одам со неа, но и таа откажува, патот ни е голем проблем, рече Милошевски од месната заедница од село Луковица. Оттаму апелираат за помош од локалната и од централната власт, што поскоро да се интервенира и да се доведе патот во состојба, за да може истиот да се користи од возилата. -Негде да се пополни патот, ние имаме за тоа материјал. Треба барем една машина да дојде да го среди тоа, ако не се среди на време, не знам што ќе правиме на зима ако падне снег. Точно ова е привремено што рековме да се пополни, за да може зимава барем ако има потреба не дај боже заради вирусов да дојде возило. Инаку ова не е трајно решение, се знае што е трајно решение да се асфалтира овој пат. На пример од општината се жалат дека нема пари, а гледаме дека општината гради во другите села, тоа не е оправдување дека нема пари, велат од месната заедница од Луковица. Во тетовска Луковица во текот на цела година живеат околу 55 жители, но во летниот период во секоја куќа има по некој жител веќе отселен од ова село, а поради прекрасната природа и свежиот воздух, голем број на луѓе претежно кои потекнуваат од ова населено место имаат направено викендици. Зоран Димовски


ШТИПСКИ РЕГИОН

ЛЕЈКИ ЛИЧНИ КАКО НЕВЕСТИ ОДГЛЕДУВА ЕТНОЛОГОТ СЛАВКО ГОРГИЕВ Модерните садови одамна ја потиснале употребата на лејките, а тие сега имаат декоративна примена.

Штипјанецот Славко Горгиев е етнолог, а многумина го препознаваат по неговите лејки кои ги одгледува во дворот од семејната куќа. За оваа убавина што ја негува вели дека е ‘виновна’ неговата професија. За него лејките не се само украс на старата лозница туку значат многу повеќе, бидејќи ги споил љубовта кон градинарството, професијата и традицијата. -Знаете во минатото не можело да се замисли домаќинство без лејки кои биле користени најмногу за црпење на вода, вели Славко додавајќи дека истите имаат долг век на траење и може да бидат флексибилни дури и да паднат од височина од еден метар и да не се скршат. Идејата за да посади лејки во дворот била со намера да ја продолжи традицијата, бидејќи новата технологија ги потиснала од употреба и тие го изгубиле значењето. Така лејките познати и како ‘црпалки’ од минатото, последниве децении претежно се користеле како декоративен елемент во дворовите и домовите. Од родното село Борилчево, Славко донел неколку семки и ги засадил во дворот. Така секоја година на неговата лозница има и грозје и лејки. За нив вели дека не е тешко да се одгледуваат и бараат сонце но истакнува дека мора да бидат на височина, до скеле или на било какво дрво за да можат да пуштат и да растат нејзините ластари. Се садат на пролет, а во доцна есен се берат

16

плодовите. Оваа година Славко вели дека климата била поволна и неговите лејки пораснале поголеми. Лејката е традиционално едногодишно растение со форма на крушка кое го има на целиот Балкан во различни форми и димензии, некои и со различни шари. Нашиот етнолог за лејките што ги одгледува тврди дека се старо семе од традиционална македонска лејка која што најмногу успевала на ова поднебје. -Кога видов како луѓето, со каков пиетет се однесуваат кон лејката одлучив да садам, вели Славко кој по истражувањата на терен во селата во Штипско, посведочи дека таму запознал и постари луѓе кои се уште чуваат лејки од детството, а како што раскажале, тоа биле лејки со кои како деца биле капени од своите мајки. -Моите лејки во дворот се лични како невести, вели со воодушевување нашиот соговорник, додавајќи дека особено се убави кога ветрот како лулки ќе ги заниша нежно, па минувачите застануваат, ги гледаат и се восхитуваат. -И мене лејките под ноемвриското сонце знаат да ми ја стоплат душата, не очекував дека толку ќе привлечат внимание. Доаѓаат луѓе гледаат и се интересираат, вели Славко. Многумина ги посакуваат неговите лејки, па секоја година му остануваат се помалку семки за наредната, бидејќи постојано ги подарува. Оваа


17

година објавил фотографии на социјалните мрежи, по што следувало лавина од коментари и нарачки за лејки. Модерните садови одамна ја потиснале употребата на лејките, а тие сега почесто имаат декоративна примена, од нив се прават ламби, светилки, а некои ги резбаат и прават вистински уметнички дела. Семките од лејка се тврди и не се за јадење, ги има од 50 до 60 семки во лејка, а тоа значи толку нови садници. Се берат во ноември пред да ги фати сланата. Се уште за нивно поинтензивно производство во земјоделството нема интерес, но ги бараат луѓе што собираат треви и прават чаеви, а се бараат и за лек за многу болести. -Ми тропнале многумина на врата и не сум ги одбил, вели Горгиев.

Што друго да се каже за лејките на нашиот Славко. На скелето на старата лозница веќе се оставени последните лејки, но напролет тој повторно ќе ги сади и ќе им даде живот за уште многу дарови од природата и уште повеќе воздишки за времето минато или за случајна насмевка на лицето на дечињата, за кои ако не се јадат тогаш е играчка. А најмногу за радост на оние кои го пронашле лекот и оздравеле од лековитите семки. Друго не останува, етнологот Славе и догодина ќе сади лејки и ќе ги подарува, во име на традицијата како сувенир од нашето не така далечно минато. Јулија Малинова


РУБРИКА ВКУСОТ НА ТРАДИЦИЈАТА КУМАНОВСКИ РЕГИОН

КУМАНОВСКИ МЕЗЕЛ`К Несекојдневен специјалитет кој се подготвува во зимскиот период и е препознатлив по специфичниот вкус и арома, од свежо јунешко месо и од изнутрици.

от вкус и арома. Додека вистинските гурмани го обожаваат и можат да го јадат во секое време од денот, прибирливите тешко го прифаќаат. Кумановски мезел`к се служи во повеќе кумановски кафеани, но во познатиот националниот ресторан - меана „Корнер - Баба Цана“ се подготвува по традиционалниот рецепт на старите мајстори. Шефот на кујната и мајстор за мезел`к Видан Станковски, вели дека ова јадење се спрема од свежо јунешко месо и од изнутрици, а за негово приготвување треба многу време. -Се користи месото од главата, чкембето, папците, црниот и бел џигер. Откако убаво ќе се исчистат состојките се варат посебно. Папците и чкембето се варат речиси цел ден, најмалку 8-9 часа, за да се развари убаво месото и коската. Водата мора да биде мрсна, да има ткиво. Зајрето се сече на покрупни парчиња и се става исклучиво во земјено тавче. Прво се редат белиот и црн џигер, а потоа папците, месото и на крај чкембето. Се додаваат зачини буковец, сол, бибер, се прелива со мрсната вода и се става лесна запршка. Потоа се пече околу 45 минути на 200 степени за да биде хомогено. Се служи топло со лута пиперка, вели мајстор Станковски, кој додава дека овој специјалитет се јаде од октомври до март.

Kумановски мезел`к е традиционално јадење препознатливо само за градот во најсеверниот дел на државата, Куманово. Станува збор за несекојдневен специјалитет кој се подготвува во зимскиот период и е препознатлив по специфични-

18

Тој тврди дека во Куманово ова јадење го сакаат подеднакво и младите и старите, а најдобро е за ручек затоа што е доста мрсно, препорачува да се залее со црно вино. Кумановски мезел`к, го сакаат и гостите надвор од Куманово, кои специјално поради него доаѓаат во градот на „Тумба и три бандере“, најчесто поголеми групи на гости кои заседнуваат и уживаат со часови на кумановското гостопримство. Не е познато дали се прави сличен специјалитет во друг дел на државата.


19

„Да дојдеш у Куманово и да не едеш мезел'к, исто како да не си бија“,

кои го купувале послужен на хартија и со лепче го јаделе додека се движеле.

се шегуваат кумановци кои се љубители на ова јадење и топло го препорачуваат на сите посетители.

Традицијата продолжила и во осумдесеттите години на минатиот век кога се отвориле повеќе ресторани и се истакнале повеќе мајстори во правењето на специјалитетот и тој бил прочуен и на просторот на поранешната држава.

Мезелaкот води потекло од турската кујна и уште од времето кога Османлиите биле на овие простори се служел како главно јадење. Кумановскиот мезел`к особено бил користен меѓу населението по Втората светска војна. Според пишаните документи многу кумановци се занимавале се ‘шкембарскиот’ занает, кој најчесто се одвивал на отворено. Тие подготвувале мезелак и со тави во рацете го продавале на луѓето

Во градските куќи мезето се подготвувало во посебни прилики и за значајни гости, а денеска многу повеќе се служи во рестораните отколку што се подготвува дома. Сузана Николиќ


ПОЛОШКИ РЕГИОН

ТЕТОВСКИТЕ ОВОШТАРИ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЈАБОЛКА Пласманот на тетовското јаболко е најголемата мака за производителите, бараат помош од државата.

Како што се одвиваат работите од година до година, ни малку не е неочекувано тетовското јаболко целосно да исчезне. Во тетовска Брвеница има речиси над 1.000 домаќинства, а живеат над 5.000 жители. На времето пред околу 4 децении, во ова село како што раскажуваат постарите жители, секоја фамилија имала засадено јаболкови насади и практично секоја фамилија егзистирала од овоштарниците. Сега, тие што се занимаваат со оваа дејност, се бројат на прсти. Мештаните се откажуваат од одгледувањето на тетовското јаболко, затоа што овој производ со години нема пласман, проблем кој никако да се реши. -Катастрофа е со тетовското јаболко. Сега секое семејство има јаболкови насади засадено, но само во својот двор, по две три дрвца колку за себе, а останатите се можеби едвај четири до пет семејства кои имаат овоштарници. Тие немаат заработка, но не се откажуваат приврзани се со јаболката, им е жал да ги откорнат. И јас имав неколку декари засадено со јаболка и мене ми беше жал, но морав да ги корнам, а и моите соседи ги искорнаа, затоа што друг избор немаме. Ќе ти роди јаболкницата добар род и добар квалитет, ќе дадеш пари за одгледувањето и на крај нема каде да го продадеш, изјави Благоја Јовчески жител на Брвеница. Порано проблем беше ниската откупна цена, сега никој не покажува интерес за јаболката. Мештаните околу две децении се соочуваа со ниски откупни цени за јаболката. Но и со пласманот во минатото состојбата не била за пофалба, но пак на крај од сезоната се наоѓале купувачи, претежно од Србија, Бугарија и Русија. Сега велат јаболкопроизводители-

20

те –„никој не доаѓа и за без пари да му ги дадеш јаболката“. Драгољуб Зафировски е еден од неколкумината кои се уште и покрај лошата состојба, на своите парцели има јаболкови насади. Вели дека доста насади откорнал, има останато уште два декари, но се мисли што понатаму со нив. Треба и тие да се откорнат затоа што ми носат само загуби, но емоционално сум поврзан со нив, вели тој. -И лани се мислев да ги откорнам јаболковите насади кои ми останаа на двата декари површина, но се откажав. И на крај јаболката завршија во реката Вардар. Годинава е уште полоша состојбата со јаболката, нема ниту некој да дојде да праша колку се продава, дали имаме јаболка. И ние не знаеме, не сме ја утврдиле цената колку да ја продаваме , затоа што знаеме со искуството од претходните години не се продаваат јаболката, бадијала да утврдиш цена. Некој да дојде и за неколку денари од килограм да ни понуди, би му ги продале јаболката, само да не се фрла, ама еве никој не доаѓа. Сега продаваме на мало, некој ќе дојде ќе земе, ама тоа не е ништо, јас во магацинот имам 10 тони јаболка, нема ниту пола тон да продадам, вели Зафировски. Јаболкопроизводителите бараат помош од државата за пласман на јаболката. Проблемот со пласманот на тетовското јаболко е стар веќе две децении. Но засега нема никаква реакција, ниту најава за било каква помош од надлежните. Јаболката сега се продаваат во многу мали количини без организиран откуп, а тоа што ќе остане најверојатно како и изминативе години, ќе заврши низ тетовските реки и депонии. Зоран Димовски


21

ПРЕСПАНСКИ РЕГИОН

ДИВИ ОТКУПУВАЧИ ЌАРАТ ВРЗ МАКАТА НА ПРЕСПАНСКИТЕ ОВОШТАРИ

Има многу кои се јавуваат како откупувачи но не склучуваат договори за откуп. Штом нема договор тоа е веќе проблем, вели Менде Ивановски претседател на задругата на овоштари „Ресгруп“ од Преспа.

Диви трговци бараат да го откупат родот на преспанските овоштари, а да не платат. Измамите на дивите откупувачи се провлекуваат со години, па има овоштари кои си ги чекаат парите за неколку берби наназад. Годинава во Преспа има квалитетен род од околу 120 илјади тони јаболка. Петнаесет проценти од јаболката се екстра класа, 75 проценти прва класа, а останатото е втора класа. Екстра и прва класа од сортите црвен делишес и муцо е до 18 денари, а за златен делишес од 16 до 18 денари. Преспанските овоштари бараат сигурен и стабилен откуп на јаболката. -Диви или не, има многу кои се јавуваат како откупувачи но не склучуваат договори за откуп. Штом нема договор тоа е веќе проблем. Дел од фирмите кои откупуваат јаболка не плаќаат со изговор дека и нив прво треба да им плателе, па потоа и тие да платат, вели Менде Ивановски претседател на задругата на овоштари „Ресгруп“ од Преспа како и претседател на македонската асоцијација на земјоделски задруги во државата. Дека дивите трговци ги искористуваат законските дупки и трудот на овоштарите, за медиумите потврдува и Љубе Пампулевски, претседател на Здружението на овоштари „Благој Котларовски“ од Ресен. -Диви трговци ја паѓаат цената на јаболкото, а со години не им плаќаат на овоштарите, па должат милионски суми. Отвораат фирма оваа година, ја затвораат, па догодина друга фирма, таа должи обврски кон еден куп овоштари кои не ја разбираат проблематиката и остануваат со кратки ракави, не им ги исплаќаат откупените јаболка, вели Пампулевски. Сигурниот пласман на јаболкото е регулиран со Законот за рурален развој -Решение има тоа е Законот за рурален развој во делот за откуп на земјоделски производи го има решено овој дел. Но за жал, никој на терен не се придржува тоа тоа, вели Ивановски во разго вор за „Зелена берза“. *** Откуп на земјоделски производи Член 31 (1) Откуп на земјоделски производи, освен тутун, се врши во вид на трговија на големо, откуп за преработка на земјоделски производи и откуп за сопствени потреби доколку се врши на откупно место согласно одредбите од овој закон, а за се што не е уредено во овој закон согласно со Законот за трговија.

(2) Откуп на земјоделски производи можат да вршат само правни лица кои се регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица кои се регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи и запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи што се води при Министерството *** Преспански овоштари напатени со години спасот го гледаат во земјоделските задруги, се надеваат дека здружувањето ќе им обезбеди посигурен пласман на македонското јаболко и не само тоа туку и пласман на странските пазари зошто во Европската Унија и на Балканот побарувачката за јаболка е голема, со оглед на сиуацијата со здравствената криза. Годинава во Преспа се отворени уште четири нови задруги. -Во моментот во цела Европа родот на јаболка е помал, па побарувачката е голема. Цените се движат од 14 до 20 денари за килограм јаболко од екстра класа. Ова е најава за добра година за продажба на јаболката. Овоштарите ќе бидат задоволни ако продолжи овој тренд. Продажбата до последен килограм би требало да е до март или април. Да не го пропуштиме рускиот пазар кој до јануари би можел да го проголта целото јаболко, доколку нема одредени бариери, вели Пампулевски. Владата префрли 80 милиони денари за обештетување на преспанските овоштари Oд Буџетот на Република Северна Македонија, трансферирани се скоро 80 милиони денари на општина Ресен, за обесштетување на граѓаните погодени од невремето во 2019 година во Долна Преспа. Општина Ресен, во законскиот рок од еден месец ќе го изврши обесштетувањето на граѓаните. Од Општината соопштија дека во знак на благодарност поради залагањата и напорите за обесштетување на земјоделците од преспанскиот регион, градоначалникот Живко Гошаревски, на премиерот на Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната средба му додели плакета „Преспански јаболкобер 2020“. -Оваа мерка на Владата на Република Северна Македонија, претставува вистинска поддршка и помош за земјоделците, кои и покрај големиот труд и напори не успеаа да го соберат родот на преспанско јаболко, од кое производство зависи развојот и економскиот раст на Ресен и Преспа, соопштија од Општината. А.Блажевска


КОЧАНСКИ РЕГИОН

ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ И ОРИЗОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ БАРААТ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ Државата е должна да направи законите да се почитуваат од страна на откупувачите.

Доцната сеидба, недоволниот број на сончеви денови придонесоа годинава во Кочанскиот Регион подоцна да почне жетвата. Но и покрај сите проблеми и недоволната созреаност на дел од површините, сепак топлите и суви есенски денови помогнаа жетвата на оризот да финишира со досега ожнеени околу 80% од полињата. По жетвата секој се снаоѓа како знае и умее, бидејќи откупните компании се уште тактизираат со стартот на откупот и со објавувањето на откупните цени. Најголемиот дел од откупувачите имаат и свои површини за одгледување ориз, па со тие количини добиваат на време за да го одолговлекуваат отворањето на вратите за помасовен откуп на оризова арпа од индивидуалните производители. Токму малите земјоделци кои се и најбројни и најсиромашни немаат услови за чување, па задолжени кај комбајнерите за жетва, за водна заедница и по аптеките принудени се да ја предаваат оризовата арпа без одредена цена. -Она што на сите сега ни е најзначајно е откупот и тоа го нема. Познавам дел од земјоделци кои носат оризова арпа ама на отворен налог без дефинирана цена. Најверојатно се чекаат берзите во Италија и Грција за да се дефинираат цените, но нашата влада треба да согледа дека на тие цени во Грција на пример имаат по 500 евра субвенција и така можат да ни го преземат пазарот. Наместо да увезуваме ориз, можеме и ние да бидеме конкурентни и да останеме да произведуваме. Се повеќе луѓето почнаа да се откажуваат од ова производство. Порано се живееше нормално со 2 хектара па границата се помести на 5, па на 10, а сега треба да работиш 20 хектара под ориз за некоја нормална просечна живеачка што тие површини нема каде да се најдат, а нема ни работна сила за толкави површини, рече Костадин Христов оризопроизводител од кочанското село Мојанци. -Немаме услови за чување на арпата, а веќе немаме ни работна сила за да ја пакуваме во вреќи, па така рефус директно ја носиме по фабриките. Сега таму ни е складиран целиот род и чекаме кога ќе се објави цената. Должиме на комбајнери за жетвата и по аптеки, а наскоро ќе треба да се плаќа и за водната заедница, а ние не знаеме кога ќе почне откупот и по кои цени, рече Ванчо Јосифов оризопроизводител од село Горни Подлог, Кочани.

22

За да им се помогне на земјоделците погодени од пандемијата Самостојниот синдикат на земјоделците заедно со останатите релевантни земјоделски здруженија подготвуваат иницијатива која ќе ја испратат до Министерството за земјоделство и Владата во која предлагаат антикризни ковид мерки за земјоделците меѓу кои се и поддршка од 5 денари за килограм или субвенција по површина за оризопроизводителите, намалување на давачките за здравствено и пензиско за земјоделците, намалување или ослободување од киријата за државното земјиште за оваа година заради корона кризата, репрограмирање на заостанати обврски и камати. Од овој синдикат сметаат дека државата не смее да стои на страна во услови кога не се почитува законот од откупувачите на ориз. -Ова е веќе хроничен проблем кој се јавува секоја година, а се што треба да направи државата е да се грижи доследно, да се почитува законот. Цените кои изминативе реколти се нудеа ниту се реални во однос на трошоците за производство ниту во однос на оние цени кои ги има на пазар. Сите можеме да видиме дека во маркетите за пакување од 900 грама цените се движат од 65 до 95 денари, па од таму нема логика на земјоделците килограм ориз да им се плаќа толку ниско. Според мене откупните цени не смеат да бидат пониски од 25 денари за арпата и 50 денари за белиот ориз и за тоа сме спремни да дебатираме со сите аргументи кои се на наша страна и со откупувачите и со државните претставници. Државата е должна да се грижи за почитување на законите. Во Законот за земјоделство и рурален развој од член 30 до член 36 точно е наведена методологијата како се одредува цената на еден земјоделски производ, рече Ставре Јанев претседател на Самостојниот синдикат на земјоделците. Земјоделските асоцијации сметаат дека земјоделците освен субвенцијата за лозарите во други антикризни мерки воопшто не се вклучени. Се надеваат дека тоа што не се соопштуваат мерки за помош на оризопроизводителите се прави за да не ја симнат откупната цена откупувачите како што тоа го направија пред неколку години кога државата заради нарушените пазарни услови донесе дополнителна субвенција од 5 денари за оризот. З.Б


КУМАНОВСКИ РЕГИОН

КУМАНОВСКАТА РАКИЈА ОД МОДРА СЛИВА И КАЈСИЈА ВРЕДИ ЗЛАТО Ракијата се прави од органски плодови, а се пече на традиционален начин.

Двајца кумановци се стекнаа со признанија за високо квалитетно производство на овошна ракија на Меѓународен фестивал на ракија „Ракија и ракијаши 2020“ во Панчево, Република Србија. Зоран Стојчевски и Саша Инѓиќ, освоија два златни, сребрен и бронзен медал, за ракија произведена во 2019 година од органска модра слива и кајсија, и со тоа се здобија со звање златни ракијски мајстори - хобисти. Во силна конкуренција на 1.300 производители од Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија, Унгарија и Грција, македонската ракија постигна значаен успех. На натпреварувањето учествувале вкупно осум македонски

24

производители со 19 ракии, а добиле вкупно 21 награда во различни категории. Петчлена комисија составена од врвни експерти и дегустатори на алкохолни пијалаци ги оценува: вкусот, мирисот, аромата, бистрината и специфичноста на ракии. Се оценувале млади ракии од слива, стари ракии, потоа ракии од дуња, кајсија, крушка, лозова, од јаболко, ликери и други. -Ние се пријавивме само за да видиме до каде е квалитетот на нашата ракија. Да знаеме што да смениме или да додадеме, за да го унапредиме производството. Не се надевавме на награда. Многу ми значи затоа што сега имам и потврда на квалитетот, луѓето коишто ја пијат мојата ракија тврдат дека е многу квалитетна, но ова е официјално признание од врвни професори и познавачи на ракијата. Како за почетници, кои се натпреварувавме со ракија од првата година на нашето производство многу сме задоволни од резултатот, вели Зоран Стојчевски, кој се закити со златен медал за ракија од модра слива и сребрен медал за ракија од кајсија, а во вкупниот пласман освои 14 место од 120 ракии. Тој објаснува дека македонските производители на овошни ракии, пред се од кајсии, модра слива, дуња и круша се малобројни и се ` уште немаат големо искуство, додека за лозова, комова и мастика имаме долга традиција и немаме конкуренција. Високите оценки кои ги добиле се резултат на тоа што ракијата се прави од органски плодови, што исклучително се цени во современиот свет. Тие процесот на подготовката и обработката на овошјето го спроведуваат на современ начин, но ракијата ја печат традиционално. -Нашите кајсии и сливи се третирани по строги европски процедури, нема хемија. Ние дрвјата ги прскаме со омега 3 и рибино брашно, морски алги и аминокиселини. Се одлучивме за таквиот начин на производство затоа што тоа е иднината во земјоделството и овоштарството, вели Стојчевски. Мора да се почитува целата процедува. Во нашата ракија се става само она што е квалитетно. Овошјето мора да е чисто, се надоврзува Инѓиќ.


25

-Значи не се собира од земја, туку се бере од дрво. Она што не се става во уста не се става ни во каца. Се става без семки. Се пасира, семките се одвојуваат бидејќи даваат горчина, ферментацијата е во херметички затворени буриња и со тоа се задржува аромата. Просторијата во која стојат бурињата е со константна температура од 16 степени, поради тоа вградивме клима уреди. Вриењето мора да биде бавно и природно, за да се распадне плодот во алкохолот. И во печењето имаме посебна технологија која траe подолго, со дестилација од 8 до 12 часа, бидејќи брзото варење влијае на квалитетот, вели Инѓиќ, кој е добитник на златен медал за ракија од модра слива и бронзен за квалитетот на ракијата од кајсија. Според нашите соговорници од еден казан од 100 килограми кајсија се добива од 6-7 литри ракија во зависност од квалитетот на овошките. Цената на ракијата од кајсија и модра слива е повисока во однос на комовата и лозова ракија. Стојчевски и Инѓиќ, како и нивниот партнер Среќко Стошевски, регистрирани земјоделци и овоштари - сертифицирани органски производители, од 2010 година во кумановското село Челопек поседуваат овошни насади со вкупна површина од 22 хектари, и тоа: по 6 хектари со кајсии, модра слива и бадеми и 4 хектари ореви. Првичната идеја им била свежите плодови да ги продаваат на македонскиот и регионален пазар, меѓутоа поради ниската цена и неорганизираниот откуп, се преориентирале на производство на ракија. Досега посетиле многу курсеви и семинари во земјава и странство, се со цел се едуцираат и да ги користат искуствата на другите производители. Велат дека работат организирано и исклучиво заеднички, се со цел да го унапредат процесот на производството и да создадат квалитетен финален производ кој ќе биде конкурентен на домашниот пазар. Според нивните пресметки годишниот род на кајсија и слива треба да биде по околу 50 тони, а со тоа да произведат по околу 4 тони ракија. Ако се остварат нивните очекувања планираат да произведуваат и природни овошни сокови. -Оваа работа не зависи само од нашата посветеност и упорност, тука одлучуваат и други фактори, пред се ‘виша сила’ и државата. Три години по ред поради временските неприлики имаме слаб род. Минатата година овошките ги оштети град и имаше само 30


насто род, а оваа година речиси воопшто немаше затоа што фати голем мраз на пролет. Се надевавме дека за овие 10 години ќе направиме многу повеќе, но поради спората администрацијата и немањето на стратегија и слух од надлежните институции нашите планови не ги реализиравме докрај, велат Саша и Зоран. Тие како регистрирани производители на ракија чекаат да добијат бандероли за да можат производите да ги пласираат во маркетите и кафеаните. Членуваат во повеќе здруженија и асоцијации за органско производство, а членки се и на здружението „АБЕР“ во Куманово. Сметаат дека во Кумановско има одлични предуслови за развој на земјоделството и овоштарството, но голем проблем е и тоа што нема млади луѓе за работа во полето. Специјалната награда за најдобра странска ракија дојде во Македонија. Меѓу македонските претставниците на Меѓународниот фестивал на ракија „Ракија и ракијаши 2020“ во Панчево се и наградените: Александар Георгиевски, Благој Георгиевски и

26

Воислав Младеновиќ, кој е добитник на златен медал и пехар на специјална награда за најдобра странска ракија од модра слива. -За да се добие добра ракија потребно е многу труд, посветеност и време. Мора целосно да се вложите и да и се посветите на работата. Тоа конкретно значи дека треба да го следите производот комплетно, прво плодот, па преработката на комињето, навремено печење и се останато што е технолошки процес, изјави Младеновиќ. Тој вели дека од производството на ракија може добро да се живее, бидејќи нашата земја е поднебје кое има добра суровина. Ние имаме голем дел сончеви денови во годината, овошки со висок процент на шеќер и добар квалитет, што е основа за добар производ. Но, на македонските производители на ракија им треба организација и манифестација на која ќе го презентираат своето производство. Сузана Николиќ


27

МАКЕДОНИЈА

КРИЗАТА ПРЕЧКА ЗА РАЗВОЈ НА МАЛИТЕ БИЗНИСИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО Корона кризата сè повеќе ја чувствуваат малите земјоделски производители. Производството на храна не смее да запре, но условите во кои работат стануваат сè потешки, велат земјоделците. Идеите за развој на сопствени бизниси не може да се реализираат и остануваат само на хартија. женски член во земјоделското домаќинство“ што беше многу најавувана и требаше да ги поттикне токму руралните жени да почнат свој бизнис е закочена со кризата. -Сакајќи да го развивам мојот бизнис преку мерката 115 аплицирав за набавка на сушара. Многу се намачив додека аплицирав и уште нема никаков резултат. Се јавував во агенцијата и ми рекоа дека сè е во мирување. Мислам дека државата треба да поводи поголема сметка. Сите треба да живеат и да јадат. Сега правам порачки што ми се уште од август месец. Редовни муштерии што имам од странство, се надеваат дека границите ќе се отворат и дека ќе може да си ги земат порачките, сами или по некој превоз. Порано редовно испраќавме во странство секаква зимница, сега не можеме тоа да го правиме, а треба од нешто да се живее, рече Весна за „Зелена берза“. Вели дека идеите што ги имала за формирање на задруга во која ќе членуваат жени со свои бизниси, не се реализирала заради институционални проблеми. Не успеале да го добијат објектот што планирале да го уредуваат и уште на вториот чекор од планираните активности се откажале. Со жените од селото се организирале и оделе да работат како аргатки таму каде што имало потреба. Си помагаат едни со други, која бери пиперки, домати или она што го има на нивите, друга пече или пржи на ќумбе. -Се надеваме дека короната ќе заврши, сега си правиме резерви за нас да имаме. Се надевам дека институциите ќе имаат повеќе слух за нас жените земјоделци, оти ако се откаже земјоделецот, тогаш народот нема да јаде храна која насекаде е позната по својот квалитет. Ќе јаде храна која ќе биде увезена, за квалитетот да не зборувам, но секако ако може да ја купи. Имам земја на мое име, набавив и трактор со мисла да напредувам во земјоделието, ама ако нешто не се промени и јас ќе размислувам да заминам некаде во странство, вели Јаневска од Росоман. П.Јовановска Малите индивидуални земјоделци кои започнале некаков свој бизнис се на голем удар од последиците на ковид кризата. Таман кога со помош на новите правилници за продажба од куќен праг слободно може да продаваат, сега нема на кого. Сезона е на подготовка на зимницата, кога на пазарите и маркетите има голема понуда, но побарувачката на домашно подготвена зимница е намалена. Ковид кризата, намаленото движење на граѓаните и затвореноста на границите си го направија своето. Весна Јаневска од Росоман е регистриран земјоделец која на сопствена земјоделска површина произведува намирници од кои подготвува најразлични производи. Ајвар, лутеница, разни салати, печи гмечи, туршија, гамби со зелка, секакви видови мармалади, слатка, сокови и уште многу други производи за зимница се подготвуваат во работилницата на Весна. За разлика од периодот пред кризата, состојбите се променети и тешко се излегува на крај бидејќи нема продажба. -Со последните сили се борам, не се предавам, но не знам до кога. Потешко е од нормалното, но од месец март јас ретко одам на пазарот. Куповната моќ кај луѓето е многу намалена. Купуваат само оние што не може сами да си направат и купуваат само по тегла-две, а не како порано кога цели пакети се купуваа, вели Весна. Веќе една деценија таа си развива сопствен бизнис и прави зимница на традиционален начин. Почнала со голем ентузијазам и верувајќи во своите идеи, а сакајќи да им пренесе од своето знаење и на други жени формирала здружение. Но, интересот се намалува кај жените. „Мерката 115 – поддршка на активен


28


ПОЛОГ

ЗА СОСЕДИТЕ МАКЕДОНСКИОТ МЕД Е ТЕЧЕН ДИЈАМАНТ Во Македонија не можеме да произведуваме авиони, но можеме да произведуваме квалитетен мед и за тоа треба поголема организација, односно помош од државата, во однос на давање субвенции, мерки и слично, велат медарите.

И покрај големите тешкотии со кои се соочува медарската дејност, голем дел од македонските медари не се откажуваат од стариот занает и правилниот начин на одгледување на пчелите и производството на квалитетен македонски мед, кој нашите соседи го нарекуваат ‘течен дијамант’, поради високите вредности и природниот начин на целиот производствен процес. Оваа година нашите медари ја оценија како ‘средно жалосна’,

30

поради старите проблем како климатските промени и зголемената употреба на пестициди во земјоделието, но и поради пандемијата. Со мала помош од државата пчеларите можат да закрепнат, голем дел од семејствата со тек на време да егзистираат од оваа дејност, а македонскиот мед да стане бренд. -Годината е средно жалосна година, на тоа влијаат секако климатските промени, потоа зголемената употреба на пестициди-


31

те, но и пандемијата поради која не можевме навреме да ги набавиме репроматеријалите, зошто Македонија не произведува вакви материјали, и исто така ни беше ограничено движењето, затоа оваа година беше тешка за пчеларите. Ние кога учествуваме на натпревари, еве во Тузла на пример, македонскиот мед беше прогласен како најквалитетен мед и тој наш мед го нарекуваа течен дијамант. Во Македонија не можеме да произведуваме авиони, но можеме да произведуваме квалитетен мед и за тоа треба поголема организација, односно помош од државата, во однос на давање субвенции, мерки и слично. Ако ни помогне државата јас мислам дека македонскиот мед ќе стане бренд и голем дел од населението може да опстанува од овој производ, истакна Дритон Дикена од организација „Градот на пчелите“. На Меѓународниот натпревар за мед кој се одржа во Тетово, се потврди квалитетот на македонскиот мед каде се проверуваа органолептичките својства на медот кои дадоа солидни резултати, но имаше и такви мостри од мед кај кои се утврди дека процесот на производство на медот и не е така природен. -Ние најпрво го мериме процентот на водата, е тука нешто не е исправно. Тука на овој мед по вештачки пат му е одземена водата,

ете ние против тоа се бориме, изјави Слободан Јефтиќ, меѓународен судија за квалитет на медот. Целта на манифестацијата според организаторите е оригиналниот мед да се препознае и одвои од медот кој се продава по пазарите и маркетите. -Треба да имаме организација од аспект на извоз на медот. Квалитетот постои, тоа е важно да го има, дека ќе дојде време и тој мед ќе се продаде. Најголемиот проблем се разбира се климатските промени, поради тоа и се намалува приносот. Ние се прилагодуваме на климатските промени, се трудиме да бидеме пофлексибилни, ги селиме пчелите, се со цел да бидеме порентабилни и слично. За споредба пред неколку години се вадеше од едно пчелно семејство и до 30 килограми мед, а сега некои вадат и 5 до 6 килограми, изјави Владимир Антовски пчелар од тетовско Жилче. На натпреварот најпрвин се анализираа органолептичките својства на медот, чии мостри завршија на лабораториски испитувања. Годинава и покрај состојбата со медот на натпреварот имаше 370 мостри од мед од 17 земји и четири континенти. Зоран Димовски


ПОТПЕЛИСТЕРИЕ

ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА ПАТОТ ЗА ТРНОВО, КОЈ ВОДИ ДО НАЦИОНАЛИОТ ПАРК ПЕЛИСТЕР Општина Битола го објави тендерот за избор на изведувач за реконструкција на локалниот пат до селото Трново. Проценетата вредност на овој проект е 24.700.000 денари.

Реконструкцијата и асфалтирањето на патот кој води преку потпелистерските села Трново и Магарово до хотелот „Молика“ и жичарницата Копанки е веста која ги израдува битолчани и вљубениците во планината и белите спортови. Со децении запоставениот патен правец, негативно влијаеше врз развојот на туризмот во овој дел од Националниот парк и Потпелистерието, особено што овие локации на Пелистер се најмногу посетувани, и во зима и во лето. На овој простор се наоѓаат и голем број сместувачки капацитети и ресторани, за што повеќе од се е потребна добра инфраструктура. За крајно лошата состојба на патиштата кои водат до Националниот парк Пелистер пишуваше и „Зелена берза“. Општина Битола го објави тендерот за избор на изведувач за реконструкција на локалниот пат до селото Трново. Проценетата вредност на овој проект е 24.700.000 денари.

38

Патот ќе се реконструира на потегот од раскрсницата за Ниже Поле, до откупната станица за млеко во селото Трново, односно до делницата до каде што е изработен колекторскиот систем за собирање на отпадните води од домаќинствата и туристичките објекти во селото. Должината на оваа делница е 2.009 метри. -Со реконструкцијата на овој дел од патот, се заокружува една етапа од вложувањето во овој дел од Потпелистерието, односно од заложбата на оваа локална самоуправа да се добие комплетно поинаква слика во однос на зголемувањето на квалитетот на животната средина. На тој начин во Потпелистерието се отвора потенцијал за уште поголем развој на туризмот, информираат од Општина Битола. Во потегот кај селата Трново-Магарево, веќе е изградена пречистителната станица во вредност од над 9 милиони денари, а исто така изработен е колекторски систем во должина 2.029 метри,


39

чија вредност е близу 22 милиони денари. Колекторскиот систем во следните фази ќе ги опфати останатите делови од селата Трново и Магарево, велат од локалната власт. Овој патен правец бара поголем зафат, проширување, банкини... за да може да се разменат и автомобили и автобуси. Битолчани, отворено ја критикуваат состојбата на патиштата на Пелистер, особено на патниот правец кој минува низ селото Трново. Тој е тесен, со големи дупки и нерамнини, небезбеден, па еден возач треба да почека за да помине другиот, оти кривините се опасни и непрегледни. Во зима е особено голем проблемот и поради тесниот пат и поради снегот. За овој проект издадена е градежна дозвола, а проектната документација се однесува на делницата од клучката кај Црвени Петли до трафостаницата во селото Трново. -На овој начин, системски се решаваат со години наталожените проблеми во Потпелистерието. Со подобрување на целосната слика за квалитетна животна средина за локалното население, за

туристите, како и за голем број битолчани, расте и можноста овој дел од Пелистер да стане многу подобра туристичка дестинација, информираат од Општина Битола. Пред неколку години „Македонија пат“ преку ЈПДП асфалтира дел од патот, од „Вилата на Лазо“ до пред хотел „Молика“ во должина од околу 600 метри. Со обновата на делот направено е проширување на некои места со цел да се овозможи простор за паркирање на автомобилите на посетителите. Сега со нов проект треба да се реновира од селата Трново-Магарево до „Вилата на Лазо“. Од „Македонија пат“ најавија дека пролетта 2021, ќе се реконструира патот до ски патеката во Ниже Поле. Ќе се прави проект и за свлечиштето кај објектот „Оскар“ што води кон ски центарот „Стрежево“ на Ниже Поле. Таму треба да се направи потпорен ѕид со што ќе биде опфатено и асфалтирањето од санацијата на свлечиштето до ски центарот. А.Блажевска


ЕКОЛОГИЈА ТЕТОВСКИ РЕГИОН

ТЕТОВО НА ВРВОТ ПО АЕРОЗАГАДЕНОСТ, ВЛАСТА И ОВАА ЗИМА ЌЕ ЈА ПРЕСПИЕ БЕЗ КОНКРЕТНИ МЕРКИ Старите проблеми не се решаваат, а за мерки не се размислува да се преземат, реагираат тетовчани.

Започна сезоната на загаден воздух. Тетово повторно е на врвот на најзагадени градови во државата. Мерната станица на Министерството за животна средина и просторно планирање, покажува дека концентрацијата на ПМ10 честичките е за неколку пати поголема од максимално дозволените граници. Аерозагадувањето како што велат граѓаните не е од вчера, ама властите според состојбата на терен така се однесуваат, како загадениот воздух во градот под Шара да е нова состојба. На терен не се преземаат никакви мерки ниту ургентни чекори за намалување на аерозагадувањето. Тоа што е најнормална работа на Јавното комунално претпријатие чистење на улиците и другите јавни површини не се прави редовно, а и проблемот со дивата депонија не е решен. -Старите проблеми не се решаваат, а за мерки не се размислува да се преземат. И да немаме загаден воздух, вообичаените работи како чистење на улици или уредување на депониите треба да биде нормална работа. Лани Општина Тетово односно Советот на општината, не издвои ниту денар во борбата против аерозагадувањето, вели револтирана жителка на Тетово. Од невладината „Еко герила“, велат дека градските, но и централните власти треба преку цела година да работат за

40

намалување на аерозагадувањето, но на терен ништо не се применува. Апелираат градските власти барем сега да преземат ургентни мерки против аерозагадувањето. -Во борбата против аерозагадувањето треба постојано да се работи. Пропуштено е многу, но народот вели никогаш не е доцна. Сега треба инспекциските служби да работаат на терен и да контролираат. Јавното претпријатие „Градски превоз“ треба што поскоро да набави автобуси, за да се намалат гужвите и сообраќајниот хаос низ градот. Потоа треба да се воведе некој посебен сообраќаен режим во одредени улици во градот каде има многу гужви, и тоа што е најпотребно да имаме засилени инспекциски контроли. Ние на комуналните инспектори, но и на инспекторите од областа на животната средина постојано им праќаме фотографии и прекршување на еколошките закони, се палат гуми, се фрла ѓубре, но од нив нема никакви реакции, очигледно теренот што е нивно поле, за нив е непозната работа, вели Аријанит Џафери од „Еко герила“. Од Општина Тетово, велат дека нивните служби континуирано спроведуваат мерки за почист воздух. -Ние ги миеме улиците редовно, тоа се гледа на терен иако невладините организации обвинуваат дека во градот не е чисто,


41

инспекциите се на терен. Изминатиов период знаете дека дававме субвенции за инвертер клими, така оваа зима ќе има доста намалена употреба на огревно дрво, што е една од најголемите причини за загадување на воздухот, изјави портпаролот на Општина Тетово, Снежана Новаковска. Дека општината не води грижа за заштита на животната средина, говори еколошкото дрво поставено во центарот на Тетово во

форма на Билборд, кое е целосно упропастено. Еколошкото дрво требаше да ги апсорбира штетните ПМ10 честички од воздухот, преку мовта засадена во садниците. Проектот се финансираше од невладините и приватните компании, а Јавното комунално претпријатие Тетово требаше само да го наводнува дрвото, кое целосно се исуши поради негрижа. Зоран Димовски


„МНОГУ РАБОТАМ, ПА НЕМАМ ВРЕМЕ ДА СТАРЕАМ“ - Јосип Броз Тито


ПОТПЕЛИСТЕРИЕ

ЧУДА СЕ СЛУЧУВААТ НА СВЕТОТО МЕСТО ДУПЕН КАМЕН ВО ОРЕОВО, КРАЈ ИКОНАТА НА „СВ. ЃОРЃИЈА“ Ореово е селото познато по богатството на ореови дрвја во целиот свој атар, по мразарниците, село опеано во песните, раскажано во приказните.

Чуда се случуваат на светото место Дупен Камен во битолското село Ореово крај иконата на „Св. Ѓорѓија“, каде неротки после долги години добиле челад, а болни се излекувале. Приказната за Ореово и Дупен Камен ја раскажува Билјана Чулевска Главевска (41), родум од ова село. -На околу половина час пешачење од селото низ шумската патека се наоѓа светото место Дупен Камен, каде во длабочината на еден камен има икона од „Св. Ѓорѓија“ со света вода. Слегувањето во дупката заради безбедност се прави со врзано јаже околу половината, а се верува дека тоа свето место помага за жените неротки да добијат пород, а помогнал и на многу болни да оздрават, па верниците слегуваат во дупката да запалат свеќи за здравје. Односно на 5ти мај ноќта пред Ѓурѓовден на ова место може да се сретнат жени кои прво три пати ја обиколуваат црквата „Св. Петка“ во селото Ореово, па потоа со запалени факли се упатуваат до месноста Дупен Камен. Тука тие се спуштаат низ тесниот отвор на карпата до иконата на „Св. Ѓорѓија“ каде палат свеќа и се молат за чедо. Интересно е што колку и да е крупен човек го собира низ отворот. Верувајте секоја година за Ѓурѓовден оние што виделе себап даваат јагне за курбан, така секој празник има по 7 до 10 фамилии што им се случило чудо, што добиле дечиња, што виделе арно, раскажува Чулевска Главевска. Главната селска црква во Орово е посветена на „Св. Петка“, изградена е 1860 година, обновено по Првата светска војна, а со донации на иселеници ореовци повторно реконструирана во 2000 година. Изградени се три конаци, просторија за свештеникот, кујна, купатило и др.

44

Внатрешноста на овој храм изобилува со добар живопис, еден во подобрите во овој дел на Македонија. Во олтарната преграда на црквата, поставени се два реда на икони кои потекнуваат од различни временски периоди. Црквата „Св. Петка“ е тесно поврзана со светото место Дупен Камен. Ореово селото богато со ореови дрвја, познато по мразарниците Орехово или Ореово како што го нарекуваат жителите од Потпелистерските села е селото познато по богатството на ореови дрвја во целиот свој атар, по мразарниците, село опеано во песните, раскажано во приказните. Билјана потекнува од фамилијата Чулевски, нејзиниот дедо Васил бил мајстор и во селото ги градел најубавите камени куќи, а нејзиниот чичко Пандо плетел кошеви за грозје и сено, па сите околни села доаѓале од Орово да купуваат кошеви. За жал сега за минатото на ова село сега сведочат само камените куќи. И она што е потажно што во селото се останати да живеат само уште 5 постојани жители. Во 1961 година Ореово броело 279 жители(максимум во 1948 година 316 жители, а во 2002 година се намали само на 23 жители. -Населбата е мала и ја сочинуваат педесетина куќи скриени во шумата. Тие се претежно изградени од камен, на два ката, со мали прозорци и пространи балкони. Дел од нив ги градел дедо ми Васил. Многу ореовци се заминати на печалба од почетокот на ХХ век, дел се преселиле во Битола, а нив ги има и во прекуокеанските земји Австралија и Америка и во Европа. Печалбарите се враќале и правеле големи камени куќи. Во селото има доволно


45 чиста и здрава вода за пиење, и севкупно тоа е место за уживање. Во последните неколку години селото го измена својот изглед со изградените неколку викендици, а има и доста заинтересирани да купат плацови и да изградат викенд куќи. Патот до селото е асфалтиран во 1993 година, со средства од државата и мала помош од иселениците, раскажува Билјана за „Зелна бреза“. Ореово се наоѓа на југозападниот дел на Битолското Поле, а на јужната страна на Битола оддалечено само 5 км од градот. До селото се искачува преку село Буково, сместено во т.н. Ореовската долина. Селото е планинско на 970 метри надморска височина. Од југ се граничи со атарот на село Бистрица и село Злокуќани, од запад со атарот на село Лавци, од исток со село Буково и на север

влегува во падините на Баба Планина. Целиот атар е планински, пошумен од густа букова, ореовска и иглолисна шума, или едноставно зелен рај. Селото е прочуено со природните мразарници за што е снимен краткометражен филм од Божидар Стојановски насловен „Чувства врежани во парче мраз''. Овој стар занает егзистираше до 1985 година. -Населението во Ореово порано се занимавало со сточарство, одгледување на кози, овци и живина. Сечењето на дрва од буковата шума и продавањето во Битола била егзистенција за селаните. Но, она што е специфично е што ореовци живееле и од продавање на мраз. Тие во коријата произведувале мраз, со замрзнување на водата во реката, па покриен со папрат им го носеле на дуќанџиите и меанџиите во битолската чаршија, да ја

ладат бозата, да го чуваат свежо месото во месарниците...Било вистински предизвик да се прави мразот, за овој занает сум слушала многу приказни, раскажува Билјана. Она што и оставило сеќавање од минатото е и казанот за варње на ракија кој бил поставен на сред село. Бидејќи во селото имало многу сливи, селаните вареле вкусна ракија сливовица. Сега, пак,

многу жители на Битола доаѓаат во атарот на Ореово да берат ореви и костени бидејќи ги има во изобилие. За минатото на Ореово сведочи и споменикот на паднатите борци од НОБ. Во близината на селото на 3 мај 1942 година бил разбиен првиот битолски партизански одред „Пелистер“, за што сведочи споменикот и народната песна од тоа време. Анета Блажевска


Таму ле мајко близу Битола Таму ле мајко, близу Битола, во ореовската густа корија, Таки Даскалот смело загина со неговата верна дружина, со нив загина смела девојка, млада Елпида Карамандова.

46


БИ МИЛК

БИТОЛСКА МЛЕКАРА И ПАКОМАК ДОНИРААТ ПРОИЗВОДИ И ЛАПТОПИ ЗА ДЕЦАТА ОД СОС ДЕТСКО СЕЛО ЗА СЛЕДЕЊЕ ОНЛАЈН НАСТАВА Битолска млекара во соработка со Пакомак реализира донација во лаптоп компјутери и млечни производи за СОС Детско село. Доставени се лаптопи за непречено вклучување на младинците згрижени во СОС Детско село во онлајн наставата како и млечни производи што ги покриваат месечните потреби на програмата за грижа за млади. Донацијата од Битолска млекара во соработка со Пакомак има за цел да помогне за воспоставување на што поуспешно одвивање на образовниот процес на далечина и за децата згрижени во СОС Детско село и да влијае во подобрување на нивното секојдневие. Оваа активност се одвива како дел од општествената одговорност на компаниите и нивниот постојан активен однос во општеството. Донираните лаптопи се опремени со потребните перформанси и соодветно барањата на образовната платформа за да може да се исполнат условите за учење на далечина и за квалитетно и непречено одвивање на наставата. „Со компаниите Битолска млекара и Пакомак имаме навистина прекрасна долгогодишна соработка. Тие се наши искрени пријатели кои секогаш ни помагаат независно дали за тоа има повод или не. За нас е од голема важност што и сега во ова време на криза и вонредни околности нивната поддршка продолжува. Ова е навистина благороден начин да се покаже добра и континуирана општествена практика и искрено верувам дека сите заедно ќе успееме вистински да ја пренесеме пораката за грижа за заедницата во секој домен од нашето делување“, рече Јулијана Накова Гапо, Национален директор на СОС Детско село. СОС Детско село како дел од меѓународната мрежа на СОС Детски села Интернационал, присутна во 136 земји во светот и посветена на заштита и примена на детските права, ја започна активно својата работа во 2000 година и досега има поддржано над 1200 деца, 500 млади и над 300 семејства во големи социјални ризици и останува посветена на својата работа со цел ’’НИТУ ЕДНО ДЕТЕ ДА НЕ РАСТЕ САМО“.

47


АД ЕСМ СО МАСОВНА ЕКО-АКЦИЈА ЈА ИСЧИСТИ СКИ ПАТЕКАТА КОПАНКИ

Во организација на Државните електрани се спроведе еко-акција за чистење на отпадот од ски-патеката на Копанки. На акцијата се приклучија планинари, скијачи, љубители на природата, а целта беше подигање на јавната свест за соодветно одложување на отпадот, за важноста од зачувување на природата и на планинските центри како места од особено значење, како и и промотивна подготовка на патеката пред почетокот на зимската сезона. Акцијата се спроведе со почитување на сите протоколи и мерки за заштита од Ковид-19. -И покрај сериозната состојба со коронавирусот, сметаме дека со добро организирање нашиот живот треба да продолжи понатаму. Денешната еко-акција ја спроведува АД ЕСМ заедно со локалната самоуправа и јавните претпријатија. Целта е да ја заштитиме животната средина, природата, посебно во планините. АД ЕСМ

стопанисува со хотел „Молика“ и ски центарот на Копанки, а во наредниот период подготвуваме серизни активност за подобрување на условите за спорт и рекреација во овој центар. Очекувам поддршка и од Општина Битола, но и од сите институции кои се засегнати. Им благодарам на планинарите, скијачите и љубителите на природата кои денеска дојдоа, а убеден сум дека и понатаму заедно со вакви активности ќе дадеме придонес да го зачуваме Пелистер. Сакам да апелирам до сите надлежни институции, општина Битола, посебно до планинарското друштво „Пелистер“, час поскоро да се најде решение за планинарскиот дом Копанки, кој му е потребен на градот, на државата, на граѓаните. Неопходно е домот Копанки да се изгради, а не да стои руина, која не може да се користи, рече генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.


49

ПОЛОГ

ЈЕГУНОВЦЕ СО ДЕЦЕНИИ ЖИВЕЕ СО КАНЦЕРОГЕНИОТ ШЕСТОВАЛЕНТЕН ХРОМ Под итно да се изврши медијација на почвата во Јегуновце, таа земја содржи голема количина на опасниот хром и тоа е опасно за земјоделието и за водата што ја пиеме, апелираат од невладините организации. Јегуновце земјоделско село во близина на изворот Рашче и атарот на ова населено место, живее над токсичниот течен отпад шестовалентниот хром. Ако се земе предвид фактот дека во близина на ова село е изворот Рашче од кој Скопјани се снабдуваат со вода за пиење, но и земјоделската дејност и производите кои се продаваат од ова село и околната област, ситуацијата е доста сериозна. Дека има шестовалентен хром во земјата, а со тоа и во подземните води потврдуваат еколошките организации, но и од раководството на фабриката „Југохром“ во Јегуновце. Шестовалентниот хром е резултат на индустрискиот отпад лоциран во атарот на село Јегуновце каде се фрла се’ и сешто, а пред неколку децении и отпад од погонот Бихромат кој работел во склоп на фабриката „Југохром“, чиј отпаден материјал го содржи овој канцероген елемент. Оваа стара еколошка бомба месецов се актуaлизираше, откако невладините организации алармираа дека дел од тој токсичен отпад директно завршува во реките Вардар и Бистрица. -Тоа е шестовалентен хром кој е опасен за граѓаните и предизвикува рак. Ние кога организиравме протести против работењето на „Југохром“ без еколошки стандарди, овој проблем и тогаш го истакнавме дека треба конечно да се реши ова. Но, тогаш беше актуелен воздухот кој беше многу загаден. Значи сега мора под итно да се изврши медијација на почвата во Јегуновце, таа земја содржи голема количина на опасниот хром и тоа е опасно за земјоделието и за водата што ја пиеме, тоа е многу опасно. Медијација значи да се смени цела земја, или пак истата да се обнови, односно да се садат некои дрвја со кои ќе се обнови таа загадена земја. Значи почвата е многу загадена и да се прочисти водата што правиме со земјата, од таа земја луѓето се хранат, а се храниме и ние затоа што од таму купуваме зеленчук и овошје. Значи има решенија, само прашање е дали има политичка волја. И тие подземни води ќе стигнат до Рашче и скопјани ќе останат

без вода за пиење поради овој проблем, рече Аријанит Џафери од еколошката организација „Еко Герила“. Од раководството на фабриката „Југохром“, велат дека не е толку алармантна ситуацијата како што ја прикажуваат невладините организации. Подземните води пред да се влеат во Вардар се прочистуваат преку пречистителна станица, која сега поради градежни работи со цел нејзина реконструкција не работи. -Се работи за депонија каде има историски отпад и таа е во надлежност на Министерството за животна средина. Тука меѓу другите индустриски отпади кои се децении се фрлале односно таложеле има и бихроматно блато и тоа го содржи шестовалентниот хром. И тука има филтер станица која има задачи да ги собере подземните води, да ги прочисти и да ги пушти во Вардар. Но, во моментов се работи на реконструкција на филтер станицата и затоа имаме малку проблем. Таа станица мораше да се реконструира дека беше стара и дотраена и не функционираше како што треба, рече Славко Стојчески технички директор на комбинатот „Југохром“. Од раководството на „Југохром“, велат дека контаминацијата се мери и од година до година се намалува. Најавите се дека до декември оваа година треба да заврши реконструкцијата на филтер станицата за отпадните води, кои повеќе од 5 децении се прочистуваат, но во последно време недоволно, поради стариот и дотраен систем. Според раководството на комбинатот, во минатото токсичноста на шестовалентниот хром бил 16 мерни единици, а сега таа токсичност е на една и пол единица. Се додека, како што ни истакнаа оттаму, целосно не се исчистат подземните води и нема ниту грам контаминација, филтер станицата мора да функционира. За медијација на земјата, како што ни рекоа, не се надлежни. Но, засега никој не спомнува за прочистување на земјата во Јегуновце и нејзниот атар од која жителите од Полог се хранат. Зоран Димовски


РЕПОРТАЖА МАВРОВО-РОСТУШЕ

ГАЛИЧНИК-ИСТОРИЈА,КУЛТУРА, ТРАДИЦИЈА Галичник - исклучителен, неповторлив, со богата историја, култура, препознатлив по брендираните млечни производи. Галичник е најубавото село сместено на падините на планината Бистра, во центарот на Мијачијата. Тоа е туристичка знаменитост поради неговата автентична архитектура, богатото културно наследство и восхитувачките пејзажи. Првата варијанта за потеклото на името „Галичник“ вели дека тоа е изведено од името на реката Галик која тече близу до Солун. Втората варијанта вели дека тоа е наречено Галичник по големиот број на диви кокошки - галици, кои живееле на месноста над сегашната црква „Св. Петар и Павле“.Во рамките на Националниот парк Маврово има 36 села, а Галичник е едно од најживописните. До него и до другите села води асфалтиран пат и локални патишта. Од нив, 14 се сосема иселени и оставени на тивко изумирање, а во другите има по неколку жители. Тие се распоредени во четири региони: Мавровска котлина, Горна Река, Мала Река и Долна Река. Именувани се најчесто по бројните реки и извори кои течат покрај кањоните и низ клисурестите долини и се слеваат во реката Радика.Најстарите сознанија за настанувањето на Галичник датираат од X век и почетокот на XI век. Се смета за едно од најстарите села во мијачкиот предел. Се наоѓа на надморска височина од 1270 до 1450 метри и е опкружено со пасишта. Првиот период на селото е карактеризиран со мешање на Влашки семејства со Македонци со словенска култура. Престојувањето на Власите во мијачкиот предел го потврдуваат некои топоними од околината на Галичник, како и презимињата на некои од денешните галички фамилии: Куцулоски, Гугулоски, Кипроски.Во почетокот на XX век во Галичник живееле околу 3.300 жители. Во наредните години бројот на населението на селото Галичник ја надминувало и бројката од 4.000 жители. Поради силните миграциски процеси кои го зафатиле Галичник, според пописот од 2002 година, се забележани само 3 постојани жители, сите Македонци. Галичник за има едно од најубавите цркви во регионот „Св. Петар и Павле“ - централната селска црква, изградена во 1930 година. Архитектурата е една од главните обележја на Галичник

50


51

Во селото има голем број напуштени куќи, а понекаде се реновирани во типична мијачка архитектура. Стрмниот и амфитеатрален терен е искористен за изградба на камени куќи. Безбедноста и функционалноста биле главни фактори во изградбата. Куќите се градени на две, а подоцна и на три катни висини. Првиот кат е тремот - штала за добиток кои претставувале темни визби, скоро вкопани во карпата врз која е изградена куќата. Втората катна висина е главниот станбен простор. Тука е сместена просторија со огниште каде се подготвува храна. Кај постарите куќи, таа го заземала скоро целиот простор, додека кај поновите, постојат повеќе одаи. Третата катна висина е резервирана за спиење.

Некои куќи имаат и т.н. шарена одаја, која служела за прием на гости. Спратовите најчесто имаат централно поставени ходници гизентии. Некои од куќите имаат и параклис - мала просторија со икони, која служела за молење, што всушност претставува еден вид на домашна капела. Прозорците на галичките куќи биле историски релативно рано застаклени. Тиe имаат различна големина. Колку се пониски, толку се помали. Ниските прозорци се заштитени со железни решетки. Куќите имаат по две до три влезни врати коишто се обрабени со делкани камења, кои им даваат уникатна привлечност. Првобитните куќи биле сламеници, кои биле градени од


кршен камен и покривани со слама, и имале приземје и кат. Приземјето бил тремот. Куќите кои денес можат да се видат во Галичник се главно градени кон крајот на XIX век и на почетокот на XX век. Ентериерот на галичките куќи е богат со дрвен мебел, иако приматот секогаш бил даван на функционалноста. Галичката свадба Галичката свадба се одржува секоја година на Петровден, (втората недела од јули). За разлика од порано, кога на Петровден во Галичник се склопувале и по над 40 бракови, денес свадбата има

52

повеќе културно значење и е еден вид културна манифестација. За време на свадбата, се игра „Тешкото“ оро - што го симболизира надминувањето на тешкотиите во животот. Денес Галичник живее од мај до октомври кога во него престојуваат над 50 семејства, најмногу пензионери со нивните внуци. Галичник е туристичка знаменитост заради својата архитектура и природни убавини. Постојат многу неискористени можности за популаризација на туризмот во селото. Подготвил: Анета Блажевска Фотографија: Ивона Кочов


АНГРОМАРКЕТИНГ ДОО компанија која постои од 1998 год. Позната како ланец на маркети кои работат под слоганот:

ТРАДИЦИЈАТА „Храна која ја сакате, одВКУСОТ луѓеНАкои ги знаете“.

ул. Битолска б.б. Демир Хисар e-mail: angromarketing@yahoo.com

Располага со богат асортиман на произоди од познати брендови. За почеток на градинарската сезона нудиме секаква опрема за градинарство како и украси и инвертар за вашите дворови.

КАРАЧИ ДООЕЛ

компанија формирана во 2007 год. Основна дејност на компанијата е преработка на полиетилен, печатарски услуги и производство на квалитетно флаширано вино под брендот ЛОЗАР. с. Сопотница Демир Хисар

АНГРО-МЕХАНИЗАЦИЈА

или кај народот добро познатиот млин Жито Битола, го рестартира производството на брашно и спремна е за откуп на пченица од новата реколта.

Почитувани земјоделци како нова компанија ви нудиме сигурна продажба на вашиот род.

e-mail: karaciprint@gmail.com


„ДА РАБОТИМЕ КАКО МИРОТ ДА ЌЕ ТРАЕ СТО ГОДИНИ, А ДА СЕ ПОДГОТВУВАМЕ КАКО УТРЕ ДА ЌЕ ИМА ВОЈНА“. - Јосип Броз Тито


ЕКОЛОГИЈА МАРИОВО

ГРАДЕШНИЦА ЖИВЕЕ СО СПОМЕНИТЕ ОД ВИОРОТ НА ВОЈНИТЕ

Според приказната што се раскажува на овие простори, за време на битката на Добро Поле на еден француски војник му била откината раката. Тој истата ја ставил во крпа и ја сокрил под некоја карпа. Кога дошол по дваесетина години ги пронашол коските под карпата. Селото Градешница се наоѓа во битолскиот предел на Мариово. До него се доаѓа по патот кој што води од Битола, во правец на Општина Новаци, преку селата Маково и Рапеш, и по изминати 52 километри се пристигнува до ова населено место. Ова некогаш најголемо село во Мариовскиот крај, надалеку познато по легендарниот лик Итар Пејо денес ќе не пречека со жална слика. Исполнето со детски жагор до крајот на првата половина на минатиот век, денес претставува населба во изумирање со изгаснати огништа, затворени селски куќи и обраснати дворови. Некои стари дрвени порти се прошарани со по некој некролог на жители во поодминати години кои до крај останале да ја чуваат својата сермија. Големата миграција село-град како и иселувањето во европските и прекуокеанските земји довело до силна депопулација во втората половина на 20 век. Од некогашните, околу 1.200 жители на ова село, денес едвај како постојани можат да се избројат околу дваесеттина. Во селото има седум цркви од кои најстара е црквата која е посветена на „Св. Димитрија“ која потекнува уште од 14 век. Бурното минато на Мариовскиот предел не ја одминало ни Градешница. За време на турскиот период на владеење, а пред се декадата пред избувнувањето на Првата балканска војна се особено бурни. Покрај војските на турската власт и паравоените структури кои ја поддржувале, имало и големи пресметки помеѓу грчките андардски чети со комитските чети на ВМОРО. Подоцна за време на Балканските војни, Градешница било место на границата на раздвојување помеѓу Кралството Србија и Кралството Грција. Сепак најголемите воени дејствија и страдања на овој предел се случиле во Првата светска војна. После неколку годишното рововско војување тука се случил и пробивот на Македонскиот фронт кај месноста Добро Поле во септември 1918 година. Помеѓу војниците од двете завојувани страни имало секакви профили. Меѓу нив имало и уметници и скулптори. Еден од нив француски војник со име Марсел ја изгубил десната рака во офанзивата на 15 септември 1918 година, кај ридот Соколот во близина на Добро Поле. Подоцна тој направил бронзен споменик во вид на војник и крст, и тоа само со левата рака. Ова спомен

56


57

обележје било сместено на една од карпите на Добро Поле. Ова се случило на 19 септември 1938 година, кога француска делегација заедно со претставници на српската власт по повод 20 години од пробивот на фронтот пристапиле до ова место. Месноста подоцна го добила името Бронзена Рака. Сепак, малкумина го имале видено споменикот, затоа што оваа локација се наоѓа на погранично и тешко достапно место. Со текот на времето споменикот исчезнал оставaјќи лузни во карпата. На 29 септември 2012 година, по иницијатива на асоцијацијата Ориент и нивниот претставник Франк Роџер се пристапило до Бронзена Рака. -Неопходна беше помош од месното население за да ја утврдиме точната локација каде што бил поставен првобитниот споменик. Со оваа посета и обележувањето на местото се обновија сеќавањата за споменикот и локацијата Бронзена Рака се спаси од заборав. Според приказната што се раскажува на овие простори, за време на битката на Добро Поле на еден француски војник му била откината раката. Тој истата ја ставил во крпа и ја сокрил

под некоја карпа. Кога дошол по дваесетина години ги пронашол коските под карпата. Токму на оваа карпа делегацијата во 1938 година, го поставила споменикот. Ова ни го раскажува Петар Ставрев, новинар во пензија, фоторепортер и хроничар на Битола кој беше дел од настанот кој се случил при посетата на ова место во 2012 година. Во центарот на селото се наоѓа споменик во облик на коњ кој датира од поново време. Изработен е во 2019 година, и како материјали се користени шрапнели и парчиња од друга опрема за вооружување собирани низ предели каде што се одвивале воените дејствија. Денес се уште низ селото насекаде можат да се сретнат сведоштва од Големата војна. Тие за сите добронамерници кои доаѓаат на ова место треба да бидат потсетник колкава болка и страдања предизвикуваат воените судири, како на војниците на завојуваните страни така и на месното население. Текст и фотографија: Игор Петровски


ЗАШТИТА НА ЈАБОЛЧЕСТИТЕ И КОСКЕСТИТЕ ОВОШНИ ВИДОВИ ВО ТЕКОТ НА ЗИМСКИОТ И РАНО ПРОЛЕТНИОТ ПЕРИОД Јаболко и Круша Заеднички штетници за овие два овошни видови се: лисните вошки, штитестите вошки, црвениот овошен пајак и други. Лисните вошки презимуваат во стадиум на јајце, кое на ластарите изгледа како црна точка. Штитестите вошки презимуваат под своите штитови кои имаат сивкаста боја и се наоѓаат на стеблото, скелетните гранки или на пукнатините од кората (фотографија - средина). Јаболковата крвава вошка повеќе е штетник кај јаболкото одколку кај крушата. На гранките и младите родни гранки таа предизвикува рак рани,

поради кои истите се сушат. Во најголем дел презимува во добро заштитени и недостапни делови од самата овошка, за нејзино сузбивање како и за другите штетници – лисните и штитестите вошки покрај употребата на бело масло (Агросал Биопротект во доза од 10 L/ha) се препорачува и примена на инсектицидите Polux во доза од 500 mL/ha, Fastac 10 EC во доза од 250 mL/ha или Harpun во доза од 1 L/ha. Црвениот овошен пајак презимува во облик на зимски јајца кои обично се наоѓаат околу самите пупки или во пределот на разгранување на младите гранчина (фотографија - десно). Причинителот на чадлива дамкавост на листовите краставост на плодовите од јаболка и круши овој патоген презимува на заразените паднати листови, кои претставуваат огромен инфективен потенцијал за примарни зарази. Поради овие причини задолжително е веднаш по извршената резидба да се применат бакарни фунгициди (Funguran OH 50 WP или Copernico Hi Bio во доза од 3 kg/ha). Кај крушата зимското третирање е еден од клучните моменти за ефикасно сузбивање и намалување на популацијата на економски најзначајниот штетник – крушковата болва како и економски најзначајната болест, причинителот на бактериска пламеница кај јаболко и круша (Erwinia amylovora). За сузбивање на имагата од крушковата болва покрај примената на бело масло (Агросал Биопротект) во доза од 10 L/ha се препорачува и примена на инсектицидот Polux во доза од 500 mL/ha или Fastac 10 EC во доза од 250 mL/ha, додека за сузбивање на јајцата и првите ларвени стадиуми на овој штетник се препорачува и додавање на инсектицидот Harpun во доза од 1L/ha. Праска, Нектарина, Цреша, Вишна и Слива Кај овие коскести овошни видови исто како кај јаболкото и крушата се јавуваат : лисните вошки, штитестите вошки и двоточкастото пајаче. Од болестите економски најзначајни се причинителот на кадравост на листовите кај праската и нектарината и монилиозните заболувања на цветовите и плодовите. И кај коскестите овошни видови за сузбивање на презимувачките форми на штетниците се препорачува примена на Агросал Биопротект во доза од 10 L/ha плус Polux во доза од 500 mL/ha, Fastac 10 EC во доза од 250 mL/ha или Harpun во доза од 1 L/ha, а за сузбивање особено на презимувачката форма на карантинскиот причинител на монилиозни заболувања – Monilinia fructicola, како и бактерискиот причинител на рак рани кај коскестите овошни видови се препорачува примена на бакарните фунгициди: Funguran OH 50 WP или Copernico Hi Bio во доза од 3 kg/ha. FUNGURAN OH 50 WP е превентивен контактен фунгицид и бактерицид со широк спектар на делување, кој ја содржи активната материја: Copper hydroxide 767,7g/kg (бакар хидроксид). Се применува за сузбивање на презимувачките форми на: Venturia inaequalis, V. piryna (чадлива краставост кај јаболко и круша), Erwinia amylovora (бактериска пламеница кај јаболко и круша), Pseudomonas syringae pv.syringae (бактериски рак рани кај коскести овошни видови), Monilinia spp. (монилиозни заболувања) и други економски значајни патогени. Благодарение на хидроксидната форма и формулацијата, овој фунгицид е идеален за примена во зимскиот период затоа што споредбено со другите бакарни фунгициди е високо отпорен на промивање од врнежи. COPERNICO HI BIO исто така е превентивен контактен фунгицид и бактерицид со широк спектар на делување, кој ја содржи активната материја: Copper hydroxide 417g/kg (бакар хидроксид). Формулиран е во облик на водорастворливи гранули. Го има истиот спектар на делување како и FUNGURAN OH 50 WP. POLUX е контактен инсектицид со широк спектар на делување кој припаѓа во групата на пиретроиди. Делува на ларвите и возрасните форми на штетниците. Ја содржи активната материја deltamethrin (делтаметрин) 25 g/L. Кај јаболчестите овошни видови се применува за сузбивање на: зелена јаболкова вошка (Aphis pomi), јаболкова брашнеста вошка (Dysaphis plantaginea), јаболкова лисна болва (Psylla mali), јаболков црв (Carpocapsa pomonella), свиткувачи на покожицата на плодот (Adoxophyes orana, Archips rosana), обична крушкова болва (Psylla pyri). Доза на примена: 0.35 – 0.5 L/ha. Кај коскестите овошни видови се применува за сузбивање на: свиткувачи на покожицата на плодот (Adoxophyes orana, Archips rosana), прасков молец (Anarsia lineatella), црешова мува (Rhagoletis cerasi), овошна мува (Ceratitis capitata), праскова лисна вошка (Myzus persicae), Црешова вошка (M. cerasi), сливов црв (Laspeyresia funebrana). Доза на примена: 0.35 – 0.7 L/ha. FASTAC 10 EC е инсектицид кој има контактно и дигестивно делување, кој припаѓа во групата на пиретроиди. Ја содржи активната материја: alpha cypermethrin (алфа циперметрин) 100 g/L. Го има има истиот спектар на делување како и инсектицидот Polux, а особено се применува за сузбивање на презимувачките форми на крушковата болва. Доза на примена: 250 mL/ha. HARPUN е инсектицид кој припаѓа во групата на регулатори на пораст (антагонист на јувенилниот хормон) кој го спречува формирањето на имага. Овој инсектицид има овицидно и ларвицидно делување има и непосреден ефект и врз возрасните женки т.е го спречува пилењето на ларвите од јајцата кои ги положиле третираните женки. Ја содржи активната материја: Pyriproxyfen (пирипроксифен) 100 g/L активна материја. Кај јаболко се применува за сузбивање на јаболковиот црв (Cydia pomonella), додека кај крушата се применува за сузбивање на јајцата и ларвите од крушковата болва (Psylla spp.). Доза на примена: 1 L/ha. Изработил: м-р Петковски Ефтим Хемомак Пестициди ДООЕЛ Велес

58


РУБРИКА СЕМЕ НА МУДРОСТА - ЛИЧНОСТИ КОИ НЕ ИНСПИРИРААТ

ВО СПОМЕН НА ЧОВЕКОТ КОЈ СЀ УШТЕ ИМ Е ИДОЛ НА МНОГУ ЛУЃЕ

Јосип Броз Тито - Мирот е над сè

Јосип Броз Тито (7 мај 1892 - 4 мај 1980) беше југословенски комунист и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Неговиот роденден се славеше на 25 мај откако тој станува претседател на Југославија. Неговиот роденден се славеше како Ден на Младината на СФРЈ. Тито бил генерален секретар, а подоцна и претседател на Комунистичката партија на Југославија од 1939 до 1980 и ја предводел Југославија во Втората светска војна. На чело на партизанското ослободително движење бил од 1941 до 1945 година. По војната бил премиер на Југославија, а подоцна и претседател на државата. Од 1943 до неговата смрт бил одликуван за единствен Маршал на Југославија и врховен командант на Југословенската народна армија. Тито починал во Љубљана, на 4 мај 1980 година. Тој е погребан во мавзолеј во Белград, наречен Куќа на цвеќето. И ден-денес многу луѓе го посетуваат ова место како храм на подобрите времиња. Титовото владеење се потпирало на постојано јакнење на култот кон неговата личност, почнувајќи од времето на Втората светска војна, па сè до смртта во 1980 година. На внатрешен план, Титова Југославија беше една од најотворените и најмалку репресивните комунистички држави, но либерализацијата на системот имаше свои граници. Еден од успесите на југословенската власт на чело со Тито, пред сè во периодот до крајот на 1960-тите, беше градењето на братството и единството помеѓу југословенските народи и народности. Но, од крајот на 1960-тите национализмот беше во постојан пораст за на почетокот од 1990-тите да доведе до распад на Југославија. Како признание на несомнените државнички способности и успеси на Јосип Броз Тито, на неговиот погреб во мај 1980 ќе присуствуваат бројни високи странски делегации и ќе остане запаметен како погреб со најголем број политичари и државни делегации во светската историја по оној на папата Јован Павле II во 2005 година.

59


СТРИП

60


61

ШЕГОТЕКА СО БЕЗ НАВРЕДА

СОПРУГА

ВАГА

КОМШИВКАТА

– Ало, се јавуваме во врска со вашата исчезната сопруга, бидете подготвени за најлошото! – Аман бе, зарем ќе се врати?

Ако се качите на вага, и резултатот не ви се допаѓа, не се вознемирувајте. Луѓе со златно срце, челични нерви и железен карактер, не можат да бидат лесни!

ПЕНЗИОНЕР

ЧЕШАЊЕ

На попис ја прашуваат Тацето: – Што работите, госпоѓо? – Јас сум комшивка. – Каква професија е тоа, што прави комшивката? – Па мрази, завидува, колне, се жали…

Пензионерски денови во Франција: – Чаша вино и цел ден на плажа. Пензионерски денови во Англија: – Чаша виски и цел ден во пабови. Пензионерски денови во Македонија: – Чашка со мокрача и цел ден пред ординација.

Оди Кире на доктор: – Докторе, ме чеша по целото тело. – А од кога ќе се искапете? – Првиот месец не ме чеша, но после тоа пак почнува…

БУРЕКОТ НА ПОЛИЦАЕЦОТ Влегува полицаец во пекара: – Добар ден, дајте ми бурек! – Немаме бурек, се потроши. – Дајте ми тогаш со месо. – Господине немаме бурек. – Епа тогаш, дајте ми со сирење. Продавачката се изнервирала и се јавила кај шефот на полициската станица, а тој и рекол: – Е штом така ти правел, требало да го земеш бурекот и да му го акниш од глава.

БОГАТИОТ И ОБЛОГОТ Богат македонски производител на вино дошол во некое кафеанче во Кавадарци и ставил 5.000 евра на масата и рекол: – Кој може на екс да испие 5 литри вино ќе ги добие парите. – Јас! – рекол Ставре, само да ме почекате 30 минути. Богатиот се согласил. По 30 минути се враќа Ставре и за 20 секунди испил 5 литри вино. Богатиот му ги дал парите и го прашал зошто чекал 30 минути за да ги испие петте литри вино: – Пааа…бев до дома да видам дали стварно можам, за да не се посрамотам пред пријателите.

ПАМЕТНА ЖЕНА Паметна жена знае кога да заќути! Знае ама не може.

ДОМАШНАТА НА ТИРЧО Наставничката во школо го прашува малиот Тирчо: – Тирчо зошто немаш домашна?! – Не сме ја свариле уште наставничке! Викендов ќе биде готова, колку литри сакате?

„ЈАС БЕВ УБАВА“ Учителката ги прашува учениците; – Кога ќе кажам: ‘Јас бев убава’, тоа е минато време, a кога ќе кажам: ‘Јас сум убава’, што е тоа? Малиот Диме крева рака и одговара: – Тоа е лага учителке!


ПАРИТЕ МОЖАТ ДА РАСТАТ И ВО ВАШАТА НИВА! ЗЕЛЕНА АГРО КАРТИЧКА КОЈА ВИ ЗАШТЕДУВА ПАРИ ПРИ СЕКОЈА ТРАНСАКЦИЈА.

до 2 ден. попуст на секој литар наточено гориво

до 10 % попуст а на трактори и опрема

до 15 % попуст а на масла и мазива

www.zelenaberza.com.mk

Издавач: Здружение за едукација на земјоделци ‚‚Зелена берза’’ Битола Главен и одговорен уредник: Христина Фуна Заменик на главниот и одговорен уредник: Анета Блажевска ; Редакција: Павлина Јовановска ; Валентина Соколовска ; Игор Петровски ; Јулија Малинова ; Зоран Димовски ; Сузана Николиќ Фото: Ивона Кочов ; е-маил: ivonakocov21@gmail.com ; Mob.Tel. 070 207 421 Компјутерска обработка: Златко Никодиновски ; Адреса на редакцијата: ‚‚Воден’’ - 17, Битола ; Управител: Валентина Соколовска Адреса на издавачот: ‚‚Воден’’ - 17, Битола Печати: Графо Пром, ул. ‚‚Димитар Влахов’’ бр. 3 Битола ; Тираж 3700 Датум на печатење: 25.11.2020 Контакт: info@zelenaberza.com.mk ; zelenaberza@zelenaberza.com.mk ; Тел. 071 / 207-021 ; Факс: 047 208 - 515

Profile for zelenaberzavesnik

Зелена Берза бр. 30  

Гласот на земјоделецот

Зелена Берза бр. 30  

Гласот на земјоделецот