Page 1

Македонија паѓа на ранг-листата за родова еднаквост

КОЛУМНА

Жените и социјалната неправда


24

ЗдруженскиВесник

ФОКУС I сабота - недела, 16 - 17 МАРТ 2013

Од женски агол...

Според извештајот наСветскиот економски форум за2012, Македонија забележала пад од33места воспоредба со 2006година,когасе наоѓашена28-томесто Актуелнатабитказаосвојувањето натроноткакоглавнанаграда(сосе чекмеџето)ерезервиранасамоза азганмажи,коинаженитеимдозволиледаучествувааткакодекор, иликакогрижливипартискидомаќинкикоиќегоподготватилиќего подзачистаттеренотодевентуалнитекашканицинасвоитестопани.

С

ФОКУС I сабота - недела, 16 - 17 МАРТ 2013

25

Македонија паѓа на ранг-листата за родова еднаквост

Битка затронот (СоСе чекмеџето)

е чудам зошто политиката често се нарекува курва, како општо прифатен термин за „женска професија“ во секојдневниот говор, кога со неа професионално се занимаваат мажите. Барем според статистиките. Ако одам според логиката на теориите на заговор, можам да заклучам дека ова е еден од начините да се обесхрабрат жените да се занимаваат со неа. На „Понежниот пол“, за кој се изнаслушав во осмомартовските прилози на медиумите, не му прилега да биде дел од оваа валкана игра. Жените ни природно не се надарени за политички мегдан на македонски начин, кој подразбира учество во најелитната дисциплина „мерење песок“. Главна награда е тронот, а богами и чекмеџето кое следува во пакет со него. Впрочем, околу чекмеџето се водеше и најславната би-

ЗдруженскиВесник

тка во поновата македонска историја. Актуелната битка за освојувањето на главната награда (сосе чекмеџето) е резервирана само за азган мажи, кои на жените им дозволиле да учествуваат како декор, како грижливи партиски домаќинки кои ќе го подготват или ќе го подзачистат теренот од евентуалните кашканици на своите стопани. Или, едноставно, ќе бидат тука во својство на резерва, да гувеат простум ако затреба нешто. Само ако станат „машки жени“ имаат некакви шанси. А такви чуму ни се? Бидејќи проблемот не е само во бројката на жени кои ќе дојдат блиску до тронот или ќе седнат на него, што имаат потполно право. Прашањето е како ќе го искористат и на што ќе го потрошат она што е во чекмеџето? Марија Савовска

С

о Индекс на родов јаз (Global Gender Gap Index) од 0.6968, Македонија во 2012 година се најде на 61-то место на листата од вкупно 135 земји. Според извештајот на Светскиот економски форум за 2012 година, Македонија забележала пад од 33 места во споредба со 2006 година, кога се наоѓаше на 28-то место. На листата, четирите најви-

соко рангирани држави се Исланд, Финска, Норвешка и Шведска, кои горе-долу ги држат овие места во период од 6 години и кои вообичаено се среќаваат како пример за земји во кои родовата еднаквост е сериозно политичко прашање. На дното се наоѓаат Сирија, Чад, Пакистан, и Јемен како последен на 135-то место. Овој извештај дава сеоп-

фатен преглед на родовиот јаз во пристапот до ресурсите и можностите според економски, политички, образовни и здравствени критериуми во поединечните земји, покривајќи 90 отсто од светската популација. Според подиндекси, Македонија го зазема 45-то место во однос на Политичко зајакнување, а во однос на Економско учество и можности е на 65-то место. Нешто послаб резултат, 75 место остварила во однос на образовните постигнувања, додека во поглед на здравјето и преживувањето се наоѓа на неславното 126-то место. Резултатите за постигнатите перформанси и напредокот во намалувањето на величините и обемот на родовите диспаритети во периодот од 2006

година, кога Светскиот економски форум ја воведе рамката за мерење и известување, до 2012 година покажуваат дека ниту една од земјите нема постигнато родова еднаквост. Во глобални размери, намалувањето на родовиот јаз од над 96 отсто е најголемо во поглед на разликите во здравјето на жените и мажите. Овој подиндекс го мери соодносот на машки и женски родени деца за да го „улови“ феноменот на „исчезнати женски“ во земјите во кои се преферираат синови, како и да го предвиди животниот век на мажите и жените поминат во добро здравје, имајќи ги предвид годините изгубени поради насилство, болести, неисхранетост или други релевантни фактори.

Значаен напредок е забележан и во намалувањето на родовиот јаз во образовните постигнувања од 93 отсто, кој се мери преку соодносот на жени и мажи во пристапот до основно, средно и високо образование и соодносот во нивото на писменост. Анализата покажува далеку помали перформанси на државите во намалувањето на јазот кој се јавува како исход од разликите во Економското учество и можности за жените и мажите, а кое изнесува 60 отсто, и само 20 отсто „затворање“ на родо-

виот јаз во поглед на политичкото зајакнување. Опстојувањето на високиот родов јаз во економските и политичките исходи, изразен низ разликите во економската активност, учеството, заработувачката, приходите, напредувањето во хиерархијата и политичкото влијание, говори за тоа дека државите сѐ уште не се подготвени да ги надминат стратешки важните аспекти на нееднаквоста. WEF, The Global Gender Gap Report 2012

Женитеисоцијалнатанеправда Македонијаекласнонајраслоен  а земјавоцелиотевропскиконтинент идржавитеодбившиотСоветскиСојуз, штозначидекаекономскитеправила изаконскитеодредби,какоиданочнатаполитикавонашатадржава,пред сѐ,гипривилегираатбогатите,да станатуштепобогати,агиугнетуваат сиромашните.Најбогатите20отсто однашетоопштествовопоследната деценијагозголемилобогатствотоза 12,2отсто,аситедругиосиромашиле

к

онтекстот на нашето општество, кое е сѐ уште длабоко заостанато во традиционалните патријархални механизми на мислење, креира и една друга, сѐ уште „невидлива“ општествена раслоеност. Имено, асиметричните општествени сфаќања се пресликуваат во економската сфера каде што продуцираат економска нееднаквост во можностите во „слободната“ пазарна економија и социјална неправда во однос на примањата и работничките права на жените. Новите законски амандмани, на лицата што ќе боледуваат подолго од три недели, наместо досегашните 85 отсто, им прoпишуваат 70 отсто од

платата. Имајќи предвид дека ова законско гарантирано право, најчесто го користат поголем број жени, поради полошите работни услови и работни места, како и забрзаниот тренд на поскапување на основните животни потреби во Македонија, особено во почетокот на оваа година, работничките сега се поставени во ситуација да не го користат потребното боледување токму поради новата разлика на плата во случај на боледување. И во вакви случаи, каде што иако законот директно не адресира родов аспект во работничките права и пазарот на трудот, неговата „родова слепост“ произведува нееднакви ефекти и последици во општеството.

Понатаму, со самото поставување на минималната плата на 130 евра, се очекуваше дека ќе се влијае врз неправедноста на примањата на работниците во Македонија, но податоците покажуваат дека „спонтано“, драстично најниските плати се оние од текстилната и кожарската индустрија каде што во огромно мнозинство работат жени. Фактот што политиките и законските решенија остануваат „родово слепи“ не покажува на нивната неутралност кон родовата социјална неправда во Македонија, туку повеќе зборува за скриена заложба за одржување во живот на родовата нееднаквост. Од тука произлегува и политичкиот предизвик

за залагање за политики кои директно ќе се борат за искоренување на оваа долготрајна неправда и ослободување на нашето општество од една ужасна форма на насилство и угнетување. Артан Садику


26

ФОКУС I сабота - недела, 16 - 17 МАРТ 2013

ЗдруженскиВесник

ЗОштОМАкеДОнСкИтеженИСеПОСИРОМАшнИОДМАкеДОнСкИтеМАжИ? МакедонијаетретаземјаворегионотнаЕвропаина ЦентралнаАзија(поКосовоиТурција)сонајнискастапка научествонаженитевоработнатасила. Женитеучествуваатсоповеќеоддветретинивовкупнотонеактивнонаселениевоземјава,коево2011година броело721.854лица.Нивнатазастапеноствокатегоријатанеплатенисемејниработницие62отсто. Над70отстоодвработенитеженипримаатплатакоја епонискаодпросечната. Само26отстоодмалкуте7.817лицакоиземаатплата над40.000МКДсежени. Во категоријата самовработени, жени се 18 отсто, а какоработодавцисезастапенисо25отсто. Просечна бруто заработувачка за час за мажи е 188 МКД,азажени176МКД!

Машко ќоше

ВеруВале или не СекојатретаженавоРепубликаМакедонијасметадека не е заштитена од отказвослучајна бременост, породување или мајчинство.

Половинаодвработените жени во богатите земји работат во само 12-те од 110-теглавнизанимањаод листата на Меѓународната организацијанатрудот(ILO).

ИЗДАВАЧ: АкцијаЗдруженска,март2013

„ОвојматеријалеовозможенсоподдршкаодамериканскиотнародпрекуАгенцијатанаСАДзамеѓународенразвој(УСАИД)ворамкина ПроектотнаУСАИДзаграѓанскоопштество.СодржинатанаматеријалотеодговорностнаФондацијатаОтвореноопштество-Македонијаи АкцијаЗдруженскаинегиизразуваставовитенаУСАИДилинаВладатанаСоединетитеАмериканскиДржави.“

Zdruzenska 2  

Gender Equality