Page 12

ЕДУКАЦИЈА ВОДЕЊЕТО БИЗНИС БАРА ЗНАЕЊЕ! БИДЕТЕ ВО ТЕК СО СИТЕ НАЈНОВИ СЛУЧУВАЊА ВО ЕКОНОМИЈАТА! ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО НОВИТЕ ПРОПИСИ И ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА! УЧЕСТВУВАЈТЕ НА СЕМИНАРИТЕ И ТРЕНИНЗИТЕ ВО СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА!

КОНТАКТИ

„БИОЦИДНИ ПРОИЗВОДИ - НАЧИН НА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ И НИВНА УПОТРЕБА

(на 16 октомври, од 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат) Биоцидни производи се користат за дезинфекција во домаќинствата, здравствените, јавните и индустриски објекти, прехранбената индустрија, во базени за капење, се користат за уништување на инсекти и глодари, како и во конзерванси за заштита на готови производи, во оригинално пакување, за заштита на дрво, кожа, хартија, текстил, за заштита на течностите во разладните процесни системи. Единствениот системот на управување со биоцидните производи на територијата на Република Македонија е воспоставен преку Законот за хемикалии, усогласен со европската Директива за ставањето на БП во промет, се` со цел да се обезбеди високо ниво на употреба на биоцидните производи кои треба да бидат доволно ефикасни да ги уништат штетните организми, при тоа да немаат штетно дејство врз здравјето на луѓето, животните и животната средина. Предавач на семинарот е м-р Лидија Савиќ, раководител во Секторот за хемикалии при Бирото за лекови. Пријавување до 10 октомври!

ШТО ДОНЕСУВААТ ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА? (18 октомври 2012 година, 09:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат)

Ленче Зикова Тел: (++389) 2 3244054 Факс: (++389) 2 3244088 lence@mchamber.mk

Еднодневен семинар на тема: “Последните измени и дополнувања на Законот за трговски друштва; Преобразба на друштвото од една во друга форма” Предавачи: -д-р Марко Андонов, универзитетски професор, Факултет за правни науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје; -д-р Зоран Михајлоски, судија на Апелациониот суд Скопје Пријавување до 16-ти октомври 2012 година.

Анита Митревска Тел: (++389) 2 3244057 Факс: (++389) 2 3244088 anita@mchamber.mk Елизабета АндриевскаЕфтимова Тел: (++389) 2 3244074 Факс: (++389) 2 3244088 beti@mchamber.mk

БИЗНИС Огласник - Месечен весник за унапредување на Вашиот бизнис

12

Бизнис-Огласник на Стопанска комора на Македонија  

Неделен бизнис огласник, објавете ја Вашата бизнис понуда при Комората

Бизнис-Огласник на Стопанска комора на Македонија  

Неделен бизнис огласник, објавете ја Вашата бизнис понуда при Комората

Advertisement