Бизнис ИНФО Бр.158

Page 20

БИЗНИС ИНФО

20

четврток, 28 Ноември 2013, Бр. 158

ТРЕНДОВИ

ИНОВАТИВЕН И РЕВОЛУЦИОНЕРЕН МАРКЕТИНГ ЗА ОПСТОЈУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ

Предавање од професор Виторио де Педис во Стопанската комора на Македонија во соработка со Универзитетот Американ Колеџ – Скопје

Во насока на успешната соработка со Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), во Стопанската комора на Македонија на 22.11.2013 година, беше организиран настан на кој компаниитечленки на Комората имаа можност да учествуваат на предавање на тема: Иновативен и револуционерен маркетинг (Innovation and Revolutionary Marketing). Големиот број посетители само ја потврди актуелноста на темата и значајноста да се слушне реномиран предавач од рангот на д-р Виторио де Педис (Vittorio de Pedys) професор на ESCP-EAP Европската школа за менаџмент во Торино. Настанот го отвори Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија, кој ја нагласи важноста од поврзување на науката и реалниот сектор и можноста преку ваков тип на предавања компаниите да се стекнат со дополнителни знаења пренесени од врвни експерти од областа. Свое излагање имаше и деканот на Школата за Бизнис економија и менаџмент, проф. Никица Мојсоска Блажевски, која го претстави пред присутните проф. Виторио де Педис и неговите достигнувања и искуство во областа на финансиите, банкарството, лидерството и слично. За време на предавањето професорот Виторио де Педис им ги доближи на слушателите најновите трендови во маркетингот, употребата на нови технологии при создавањето на креативни и иновативни маркетинг-кампањи. Особено внимание се посвети на иновативноста и револуционерноста во маркетингот, две основни алатки за компаниите кои треба да ги инкорпорираат во своето работење со цел да опстојат на пазарот на којшто делуваат турбулентни сили. Во своето предавање проф. Виторио де Педис ги претстави 6-те начини (патишта) на освојување поголем дел од пазарот преку примери од најдобрите практики на успешните компании. Стопанската комора на Македонија му додели благодарница на проф. Виторио де Педис за неговиот придонес во пренесување на знаење, а преку тоа и на еден начин подобрување на бизнис-климата во Република Македонија. Инаку, Виторио де Педис (Vittorio De Pedys) е професор на ESCP-EAP Европската школа за менаџмент во Торино. Во последните две години е предавач и на обуки за менаџери на средно и високо ниво. Негови области на експертиза се Банкарство, Корпоративни финансии, Финансиски пазари, Лидерство итн. За ESCP Europe тој предава и на MBA курсеви, а од 2009 година е визитинг професор и на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. ESCP Europe е високообразовна институција со кампуси во Париз, Лондон, Берлин, Мадрид и Торино, акредитирана од неколку тела за акредитација. Симона Ристоска


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.