Page 1

СТОПАНСКА БИЗНИС ИНФО КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 142

www.mchamber.mk

27.06.2013

На самото место: Посета на „Раде Кончар контактори и релеи“

НЕОПХОДНА СИЛНА ПОДДРШКА НА ИЗВОЗНИТЕ КОМПАНИИ ИНТЕРВЈУ

Стопанската комора на Македонија добитник на врвно меѓународно признание

„НАЈКОМОРА ВО РЕГИОНОТ“ ЗА 2013 ГОДИНА

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија

НИ ТРЕБА АКЦИЈА - НОВИ ПАЗАРИ ТРЕБА ДА ГО КОМПЕНЗИРААТ НАМАЛЕНИОТ ИЗВОЗ


2

БИЗНИС ИНФО

четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

ПОДВЛЕЧЕНО

ОДЛУКА ЗА ЗАБРЗУВАЊЕ НА ПРОДАЖБАТА НА ХИПОТЕКАРНИОТ ИМОТ НЕМА ДА ВЛИЈАЕ НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНИНИ

Н

е би рекол дека новата одлука за забрзување на продажбата на хипотекарниот имот на НБРМ значително ќе влије на пазарот на недвижности. Таа одлука примарно се однесува на пореално искажување на билансите на банките и нивната профитабилност, што сметам дека позитивно ќе влијае на одржување на долгорочната стабилност на македонскиот банкарски сектор. Според старата регулатива, при преземањето на хипотекарниот имот од ненаплатливите пласмани истиот сметководствено се искажуваше според вредноста како во времето кога е одобрен пласманот, што е нереално кај некои видови на имоти. Со новата одлука, банките, при самото преземање и потоа секоја последователна година мора да прават пресметковно намалување на вредноста имотот според реални пазарни процени, но не помалку од 20% годишно, што значи дека по истекот на пет последователни години, доколку не го продаат имотот, ќе направат негово 100% оштетување, односно ќе искажат трошок за истиот во биланот на успех. Од тука со одлуката се менува

сметководствениот третман на преземениот имот, додека продажните цени ќе ги дефинира пазарот односно побарувачката чие интензивирање сметам дека ќе зависи од подобрувањето на економската состојба и остварување подолгорочен позитивен тренд во стопанството што ќе привлече инвеститори особено кај деловниот простор

и опремата, со оглед дека индивидуалните станови и покрај кризата сеуште добро се продаваат. (Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка АД Скопје и на Здружението на банкарството)

ВО МОМЕНТОВ ВО ТУРИЗМОТ НАЈИНТЕРЕСНИ СЕ И МНОГУ СЕ БАРААТ ЕКО ХОТЕЛИТЕ

В

о моментов во туризмот најинтересни се и многу се бараат еко хотелите. За хотелот да биде со предзнак еко, треба да се исполнети повеќе од 170 точки, но ние уште во самиот старт се определивме за тоа. Според стандардите, треба да се користат само еко материјали, а кај нас за изградба е користено исклучиво камен и дрво. Хотелот треба да има греење коешто нема да ги загадува ниту воздухот ниту почвата, греењето мора да биде надополнето со користење на сончева енергија. Ние скоро секаде имаме соларни панели и не трошиме воопшто струја, особено во лето. Стандардите наложуваат да се намали потрошувачката на вода, да се рециклира целиот отпад, да се заштити околината, вработените. Имаме уште доста работи кои треба да се имплементираат, но работиме на тоа. Резортот го почнавме од нула, од еден камен. Го градевме 10 години, но желбата ни беше преголема. Ја сакавме таа локација, јас сум родум од Берово и имав желба да му дадам некаков инпут на тоа место кое е преубаво, место кое што има огромни потенцијали, особено ако се отвори граничниот премин кон Бугарија, Клепало. Сметам дека не сме погрешиле во одлуката да инвестираме во Берово. Еве, со нашиот хотел се раздвижија многу работи. Многу ме радува што

почнува да се негува планинскиот туризам. Македонците немаа навика да го негуваат тој вид на туризам, но сега забележувам дека се поголем е бројот на оние кои претпочитаат да отседнат на планина. Ние склучивме договор со најголемиот туроператор Туи, кој со чартери носи Холанѓани во Охрид, од каде ги превземаме туристите и ги трансферираме во Берово. На почетокот почнавме со седумдневен аранжман, а сега Холанѓаните почнаа да уплаќаат 14, 21, па дури и 28 дена. Уживаат во Берово, а доаѓаат и Белгијци и Данци, туристи за кои откривањето на нови дестинации претставува предизвик. Според едно швајцарско истражување,

Берово е еден од четирите коридори во светот по богатство со кислород. Источниот дел на Македонија е многу убав, но за жал прилично запоставен од повеќе аспекти, особено од аспект на туризмот. Затоа повторно потенцирам дека државата ќе направи многу големо добро за тој дел од Македонија ако успее да го отвори преминот Клепало. Тогаш целиот тој регион ќе заживее. Во Банско и Сандански во Бугарија доаѓаат многу туристи кои сигурно би дошле на ден – два да ја посетат Македонија. (Славчо Сирачевски, сопственик на Аурора турс)


четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО

ТУНЕЛ-ИЗГРАДБАТА Е НАЈБЕЗБЕДНА ЗА ЗЕМЈОТРЕСНИ ЗОНИ И НАЈБРЗА ЗА ВИСОКОКАТНИЦИ

Г

о следиме планот на изградба што го најавивме. Во оваа фаза сме на 30-тиот кат на едната од зградите, а другата зграда следи со разлика од 2 ката, односно 28-29 кат. Планираме да го комплетираме проектот во две фази. Во првата се два блока плус трговскиот центар. Во зградите ќе почне да се живее на крајот на 2014. На другите два блока ќе бидат завршени структурната конструкција и инфраструктурата, но ќе ги доработуваме внатрешните детали. Штом ќе завршиме со изградбата, со карабината на првите две, веднаш ќе ги почнеме другите две згради. Изградбата се спроведува со метод на тунелизградба, најбезбеден за земјотресни зони и најбрз за висококатници. Затоа оди толку брзо. Со проектот ќе изградиме 1376 станови. Во секоја кула ќе има по 344 стана, почнувајќи од еднособни до трособни. Некои од становите можеме и да ги поврземе на некои нивоа. Ќе има трговски центар и повеќе места за социјализирање и забава. Трговскиот центар ќе биде околу 24-25 илјади квадратни метри.

Бруто површината за издавање ќе биде од 17 илјади квадратни метри. Ќе содржи некои многу важни детали како целосно стаклен покрив, па кога ќе ги посетувате продавниците, ќе имате дневна светлина во зградата. Во трговскиот центар ќе ги има најпознатите меѓународни брендови, во

моментов преговараме со брендови што до сега ги немало во Македонија, планираме да донесеме и познати турски брендови, ресторани, детски игротеки. (Есер Џевахир, генерален директор на турскиот холдинг Џевахир)

СО ИНВЕСТИЦИИТЕ КВАЛИТЕТОТ НА ПРОИЗВОДИТЕ СТАНА СВЕТСКИ

П

оследниве десет години имаме инвестиции од 30 милиони евра. Секоја инвестиција е детаљно планирана со елементи што се ретки и за пиварниците во Европа. Посебно бескиселгурна филтрација е нешто што го имаат само пет пиварници во Европа. Дел од инвестициите ги спроведовме во време на криза и многумина ни велеа дека е погрешен чекор, но се покажа како исправен. Едноставно знаевме и с` уште знаеме дека само со постојано инвестирање може да ги задоволиме барањата на потрошувачите. Ние сме македонска компанија со македонски капитал, со македонски производи. Но со инвестициите, квалитетот на производите стана светски. Сега слободно може да кажеме дека Македонија има една од најсовремените пиварници. Тоа значи дека како компанија не се плашиме да инвестираме, знаеме каде да инвестираме и зошто. Имаме најдобар тим на технолози, најдобра дистрибуција и дефинитивно политика на раст што се покажа одлична последниве години. Зад себе имаме 90-годишна традиција, која со иновациите во производството даде беспрекорен квалитет на нашите производи. Од исклучителна важност е да се разбере целиот проблем со покачување на акцизите бидејќи во суштина не станува збор за покачување од еден денар по степен на

алкохол за литар, што во суштина значи пет денари на литар, а со додавањето на останатите давачки, производот ќе биде поскап за 10 отсто. Односно, станува збор за 33 отсто покачување на акцизите. Повеќе од јасно е дека целиот процес е поради усогласување со европските регулативи, но нејасно е зошто виното е изземено од целиот процес кога има поголем степен на алкохол од пивото. Државата најави дека средствата од акцизи ќе ги намени за операции во сегмент каде што состојбата е алармантна, но и тоа е нелогично бидејќи ако луѓето помалку трошат на алкохол, ќе нема пари за овие операции. Образложението за акцизите е дека овие производи се штетни за здравјето, но пивото во умерени количини е производ што позитивно влијае врз здравјето на луѓето - го стимулира лачењето на дигестивните сокови, го подобрува варењето на храната, дејствува како диуретик, позитивно влијае врз крвниот притисок и количината на шеќер и маснотии во крвта, го намалува ризикот

од појава на опасни желудочни бактерии. Ако работиме на едукација за умерено консумирање на овој пијалак, а успееме со владата и сите релевантни институции да работиме заеднички за намалување на давачките за овој пијалак, има можности сите повеќе да добиеме. Ние ќе имаме повеќе средства за инвестиции, за развој, за отворање нови работни места, а институциите повеќе средства за активности и планови во повеќе сегменти. Ќе имаме повеќе средства и за посериозен влез на странските пазари, а преку нас државата ќе наплати повеќе средства кои може да ги употреби за своите планови и активности во повеќе ресори. (Сашkо Самарџиосkи, генерален менаџер на „Прилепсkа пиварница“)


БИЗНИС ИНФО

4

четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

ИНТЕРВЈУ

НЕ ТРЕБА ДА СЕДИМЕ СО „СКРСТЕНИ РАЦЕ“, НИ ТРЕБА АКЦИЈА НОВИ ПАЗАРИ ТРЕБА ДА НИ ГО КОМПЕНЗИРААТ НАМАЛЕНИОТ ИЗВОЗ *Во јавноста со забележлив интерес беа проследени Вашите патувања во земјите од Блискиот Исток и од централна Азија во изминатите неколку месеци. На што се должи таа „источна офанзива“? -Согласно Програмата за работа на Стопанската комора на Македонија за 2013 година, главните активности, покрај другото, ги фокусиравме во насока на обезбедување основни претпоставки за пораст на извозот и тоа посебно извозот на нови пазари. Со тоа на краток рок би се надоместила разликата од намалениот извоз во земјите-членки на Европcката унија и ЦЕФТА, а долгорочно би се обезбедиле нови пазари. Ваквите активности ќе ги продолжиме и во наредниот период, а на тоа не` упатуваат извозните резултати и нивните последици врз економската состојба на земјава. *Значи ли тоа дека македонското стопанство тешко се снаоѓа во надворешно-трговската размена со странство во услови на криза? -Повторното актуелизирање на должничката криза во евро-зоната се одрази врз стапките на раст на нашите главни трговски партнери и услови пад на странската ефективна побарувачка за првпат по 2009 година. Намалената побарувачка за македонски производи, при пониски светски извозни цени, неповолно се одразија врз домашната индустрија и врз извозниот сектор, во 2012 година затоа беше потребна акција. Бројките зборуваат дека вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, лани изнесувал нешто над 4 милијарди САД долари,

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија

што е намалување за десетина отсто (10,2%) во споредба со 2011 година. Покриеноста на увозот со извоз била 61,5%, а трговскиот дефицит изнесувал 2, 5 милијарди САД долари. Но, ако се навлезе во бројките, може да се извлечат низа сериозни констатации, кои ни велеа дека не треба да седиме со „скрстени раце“, туку треба да работиме на решенија. Така, на пример, од вкупната надворешно-трговска размена, 53% се одвиваа со 6 земји. Македонија најголем обем на размена во 2011 година имала со Германија (учество од 17,2%), Грција (9,4%), Србија (7,4%), Бугарија (6,6%), Италија (6,4%) и со Велика Британија (5,9%). Во тоа, пак, речиси две третини (65,3%) од вкупниот извоз бил насочен само во 6 земји (Германија 29,4%, Грција 4,7%, Србија 7,4%, Бугарија7,1% , Италија 6,9% и Косово 9,8%). Најголемо учество во извозот на стоки (околу 88%), имаат земјите-членки на ЕУ 27 (62,8%) и земјите од Западен Балкан (24,4%). * Се менува ли нешто на тој план во првите месеци од оваа година? -Во првиот квартал од 2013 година, извозот забележал пораст од 0,8%, а

увозот намалување од 2%. Изразено во бројки, извозот скокнал само за 7,6 милиони САД долари. Притоа, извозот во ЕУ 27 е зголемен за 78,3 милиони САД долари, а за 1,3 милиони САД долари во ЕФТА, но кај сите други економски групации имаме намалување во вкупен износ од 72 милиона САД долари. Ова покажува дека Република Македонија над 90% од својот извоз го пласира на пазарите на ЕУ и членките на ЦЕФТА. Но и во рамките на овие економски групации имаме висока концентрација на извозот само во неколку земји. Скоро половина од


четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

БИЗНИС ИНФО

5

ИНТЕРВЈУ извозот во ЕУ е насочен кон четири земји (Германија, Грција, Италија и Бугарија). Додека, пак, 90% од извозот во земјите на ЦЕФТА отпаѓаат на Србија, Косово и Хрватска. Токму вака високата концентрација на македонскиот извоз на само неколку земји може да има негативни последици на натамошниот раст на извозот, имајќи ги предвид проекциите на ММФ за економските активности на глобално ниво и одделно по региони за 2013 и 2014 година. *Кава е размената со земјите во регионите кои Ви се целна група во барањето нови пазари за македонските компании? -Вкупната трговска размена со медитеранските, блискоисточните и земјите од Заливот во 2012 година изнесувала само 61,4 милиони САД $. Тоа е занемарливо учество од нешто над половина процент (0,59) во вкупната надворешно-трговска размена на земјава. Македонските компании на овие пазари оствариле извоз во вредност од 18,2 милиони САД $ (0,45 %), а увезле стока за 43,3 милиони САД $ (0,66 %). Трговскиот дефицит на наша страна изнесува 25,1 милиони САД $, покриеноста на увозот со извоз достигнува одвај 42,0 %. *Што влијае на малата присутност на македонските компании на овие пазари? -Анкетата што ја направивме кај извозните компании за незадоволителниот извоз во наведените региони е полна со низа проблеми кои ги дестимулираат македонските бизнисмени во намерата значително повеќе да се свртат кон овие надежни пазари. Првенствено, пред нив се испречуваат високите царини, заради немање на преференцијална трговија со овие земји. Сиромашна е и билатералната регулаторна рамка. Така, на пример, договори за одбегнување на двојното оданочување и за поттикнување на инвестициите, Македонија има склучено само со Египет, Иран, Катар, Кувајт и со Мароко,

Стопанската комора на Македонија добитник на врвно престижно меѓународно признание

„НАЈКОМОРА ВО РЕГИОНОТ“ ЗА 2013 ГОДИНА Стопанската комора на Македонија е избрана на „Најкомора во регионот“ за 2013 година од страна на Агенцијата за избор на „Најменаџер на Босна и Херцеговина, Југоисточна и Средна Европа“. Ова престижно меѓународно признание им се доделува на 24 најуспешни менаџери и на 16 поединци, кои не се директно инволвирани во бизнис-водите, но со своите активности придонесуваат за создавање на добар амбиент за водење бизнис и развој на економијата. Добитници на наградите се стопанственици и компании кои со своите активности забележале успех и придонеле за економскиот развој, привлекување инвестиции, подобрување во работата на компаниите и вработувањата. Наградата за „Најкомора во регионот“ за 2013 година на Стопанската комора на Македонија ќе и` биде врачена на 4 јули 2013 година во Сараево. а за признавање на сертификатот за потекло единствено со Египет! Немаме воспоставена царинска и инспекциска соработка со тие земји, што бара и дополнителна заверка на извозните документи и сертификати или прибавување нови. На ова се надоврзува немањето на развиена мрежа на дипломатскоконзуларните претставништва (освен во Анкара, Истанбул, Тел Авив, Каиро, Катар), а згора на тоа се` уште имаме демотивирачки визни процедури за влез во Република Македонија. Доколку и покрај се` македонските компании се одлучат за настап на овие пазари, ги очекуваат и транспортни

проблеми, кои се огледаат во големи трошоци за превоз на стоката по континентален пат, неизвесност во работењето на Солунското пристаниште ако се одлучат за морски транспорт, а на располагање им стои единствено директен авионски лет до Дубаи. Во односите со Иран, пак, кој е огромна земја и економија, се испречуваат проблемите сврзани со ембаргото. Инаку, за успешно освојување на овие пазари е неопходно добро познавање на тамошните пазари и маркетингот. Многу е битно да се обезбеди и поддршка од локален партнер од самиот почеток на проектот.


6

БИЗНИС ИНФО

четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

ИНТЕРВЈУ *Во една ваква состојба што треба да направат компаниите? -Компаниите, согласно нивната досегашна пракса и патешествија во обидите да реализираат извоз на нови пазари, потребно е да укажат и да ги регистрираат проблемите на тој пат и да ги испорачаат до коморската асоцијација, за да може таа да ги поднесе нивните иницијативи до надлежните институции и до Владата на Република Македонија, а и потоа да инсистираме на дијалог за нивна реализација. Тие, исто така, треба да ги обезбедат потребните сертификати за квалитет, како влезна виза за нивните извозни производи. Тоа треба да се направи согласно барањата на одредени пазари, како што се, на пример, барањата за обврзно поседување на ХАЛАЛ сертификатот во земјите на Блискиот Исток и северна Африка. Мора да сугерирам дека за настап на земјите со брзорастечките економии и за подалечни извозни дестинации, имајќи го предвид нашиот извозен капацитет вкупно и одделно по фирми, неопходно е да се формираат стратешки алијанси од македонските извозници. *Кои активности треба да ги преземе Стопанската комора на Македонија со цел обезбедување логистичка поддршка на своите членки за нивниот настап на овие пазари? -Потребно е да се отвори листа на производи и на компании кои се подготвени да извезуваат во трети земји и таа да се промовира преку коморската мрежа на соработка. Паралелно со тоа, треба да се отвори и листа на производи, суровини и репроматеријали, за кои компаниите имаат потреба од увоз од тие земји. Несомнено, голема е улогата на Комората, паралелно со таа што ја имаат и државните економски промотори, да обезбеди што повеќе и што пообемни информации за тамошните пазари. По првичните информации за реалните можности на одредени дејности, согласно искажаниот интерес, потребно е да се интензивираат досегашните форми на организирање на директни

комуникации (мисии - директни посети на одредени извозни дестинации, одржување на бизнис-форуми, настап на саеми, видео-конференции и слично), за да може најреално да се согледаат потребите и можностите за вклучување и на други производи во надворешнотрговската размена со овие земји. * Каде ја гледате улогата на Владата на Република Македонија? -Прво што треба да се направи е поттикнување на инвестиции во извозниот сектор, преку воспоставување систем за поттикнување на извозно ориентираните инвестиции. Всушност, потребно е водење на системска економска политика која генерално ќе обезбеди јакнење на капацитетите за извоз на стопанските субјекти. Од тие причини е и нашиот предлог за донесување закон за поттикнување на производните инвестиции. Исто така, треба да биде постојана и системската поддршка на извозот во согласност со начелата на Светската трговска организација (СТО) во функција на подинамичен пораст на извозот. Секако, неможноста за воведување на директни извозни стимулации може да се премости со други системски мерки, кои перманентно се спомнуваат од нашите членки. Тие, на пример, би требало да се однесуваат на финансиска поддршка за подготовка на производи за извоз, помош во

намалување на трошоците согласно карактерот на производниот процес (за покривање на залихите), олеснет пристап до суровини за преработка, олеснет транспорт, а често се споменува и олеснување во користењето на Солунското пристаниште како најевтина варијанта за транспорт на македонските стоки, итн. Посебно за малите претпријатија, неоходно е да се обнови укинатата буџетска поддршка за воспоставување директни контакти - бизнис со бизнис, преку кофинансирање на купувачки мисии и учество на саеми. За жал, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот веќе две години нема буџетска линија за оваа цел. Што се однесува, пак, до правната рамка, најпогодна варијанта е времено преземање на билатералните конвенции и договори од поранешна СФРЈ (на пример, со Белорусија, Грузија, Азербејџан). Оваа иницијатива повеќе пати е покренувана од страна Стопанската комора на Македонија, но остана и натаму без разрешница. Многу би помогнала натамошна либерализација на трговијата согласно Регионалната конвенција за пан-евромед преференцијални правила за потекло и, се разбира, поедноставување на визните процедури.

Саво Пејчиновски


четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески со своите соработници во посета на „Раде Кончар контактори и релеи“

БИЗНИС ИНФО

7

НА САМОТО МЕСТО

НЕОПХОДНА СИЛНА ПОДДРШКА НА ИЗВОЗНИТЕ КОМПАНИИ

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески со своите соработници, на 24.6.2013 година реализира работна посета на„Раде Кончар контактори и релеи“ ДОО од Скопје. Во разговорите со раководниот тим на компанијата, претседателот на Комората беше запознаен со модернизацијата, развојот и техничкиот напредок во производството на контактори и релеи. Воедно, тие информираа дека 85% од вкупното производство го реализираат на пазари низ целиот свет. Најголем дел од извозните активности во изминатиот период оваа компанија ги реализираше во земјите на Блискиот Исток, земјите од Медитеранот и земјите од Северна Африка. Во актуелниот период „Раде Кончар контактри и релеи“ се соочува со намален извоз во земјите од Блискиот Исток поради губење на одредени стратешки пазари како што се Иран, Ирак, Саудиска Арабија, Јордан, немањето договори за слободна трговија, договори за одбегнување на двојното оданочување, како и со нелојалната конкуренција која се јавува со тарифните и нетарифните бариери кои се воведени во овие земјиа. Исто така, во разговорот со претседателот на Стопанската комора на Македонија, беше иницирано донесувањето соодветни спогодби со коишто на македонските производители би им се овозможило што побрзо издавање на ЕУР-1 сертификат исто како што се овозможува и на земјите од ЕУ, со што би се избегнале високите стапки на царина кои се плаќаат во овие земји. Во разговорот посебно беа истакнати отсуството на доволен број на македонски економски претставништва во овие држави, слабата поддршка од Владата за претставување на компаниите на разни саеми, изложби и други манифестации, флуктуацијата на инженерски кадри во новите објекти кои се странски инвестиции и други проблеми. Претседателот Азески истакна дека Стопанската комора на Македонија во наредниот период ќе дава голема поддршка на компаниите и ќе се ангажира за разрешување на наведените проблеми со цел успешна реализација на извозните активности на овие пазари. Комората активно ќе се вклучи во организирањето учество на македонски компании на Саемот за техника во Казабланка -Мароко, на Саемот во Екатерина Бурк во Русија, за учество на бизнис-делегација во Мосул - Ирак, како и на други слични манифестации. По реализираните разговори, претседателот на Стопанската комора на Македонија се запозна со производните капацитети и со текот на производниот процес на погоните на „Раде Кончар контактори и релеи“. Војкан Николовски


8

БИЗНИС ИНФО

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

ФИСКАЛНАТА ДИСЦИПЛИНА ЌЕ ЈА НАМАЛИ НЕЛОЈАЛНА КОНКУРЕНЦИЈА НА ПАЗАРОТ

четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

Здружението на трговијата дава целосна поддршка на измените на Законот за регистрирање на готовински плаќања

Со Законот за регистрирање на готовински плаќања се уредува воведувањето и користење на фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања. Фискалниот систем на опрема се состои од фискална апаратура (електронски каси со фискална меморија, фискални печатачи, читач на платежните картички и сл.) и интегриран автоматски систем на управување (систем за постојана електронска комуникација на трговскиот објект со Управата за јавни приходи за секојдневно автоматско пренесување на податоци во вид на дневен финансиски извештај). Интегрираниот автоматски систем за управување се состои од GPRS терминал (General packet radio service) и крипто модул, кои можат да бидат надворешно поврзани со фискалната апаратура или вградени во неа. Со Законот се пропиша и содржината на фискалната сметка и изгледот на фискалното лого со сонце и пораките„Да купуваме македонски производи“, „За наше добро“ и „Made in Macedonia“, што би биле во функција на стимулирање на потрошувачката на домашни производи, на зголемување на свеста на граѓаните за нивната значајност и влијание врз зголемувањето на домашното производство и поттикнување на вработеноста. Основната цел што се тежи да се постигне со овие измени е да се влијае на подобрување на фискалната дисциплина кај даночните обврзници, односно пропишување на правен основ со кој ќе се овозможи постојана електронска комуникација на деловните објекти на даночните обврзници со Управата за јавни приходи и следење на готовинскиот промет во реално време преку интегриран автоматски систем на управување. Измените на Законот за регистрирање на готовински плаќања треба да стапат на сила од 1 јануари 2014 година, од кој датум ќе започне да тече обврската за инсталирање на интегрираниот автоматски систем на управување, така што за оние даночни обврзници чиј промет во претходната година надминува 10 милиони денари рокот ќе биде до 31 март 2014 година, додека за сите други - до 30 јуни 2014 година. Здружението на трговијата во целост ги поддржа целите за кои се донесе овој закон, оценувајќи дека со воведувањето на системот на непосредно следење на готовинскиот промет ќе се создадат услови за потребната фискална дисциплина на даночните обврзници што би било во функција на надминување на присутната нелојална конкуренција на пазарот. Ова беше истакнато на редовната прес – конференција во Стопанската комора на Македонија, на која за ставовите на Здружение на трговијата зборуваше Никола Начовски, генерален менаџер на „Тедико супер“ од Скопје (24.6.2013 година). Одредена воздржаност кај трговците е присутна во оценката за очекуваните ефекти во заштитата на македонските производи и стимулирањето на потрошувачите со вградување на фискалното лого со сонце и на споменатите пораки во содржината на фискалната сметка, сметајќи дека позначајни ефекти би се постигнале доколку упатувањето и рекламата за користење на македонските производи би се правеле непосредно на самите продажни пунктови, тезги и гондоли, во која насока трговците би го дале својот максимален придонес. Со оглед дека одреден период компаниите веќе имаа инсталирано соодветни софтверски решенија за користење на логото и на споменатите пораки на фискалните сметки, чие повторно репарирање би предизвикало големи финансиски трошоци, апелот до носителите на економската политика е да се овозможи истите да може повторно да се користат согласно новите измени на Законот за готовински плаќања, што би било во функција на значајно намалување на трошоците во работењето. Во таа насока, беше нагласена потребата да се бара соодветна помош од софтверските компании за рационализирање на трошоците при изработката на софтверските решенија, така што еден GPRS да може да се користи за повеќе фискални каси во одреден продажен објект.


четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

БИЗНИС ИНФО

9 СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

Ставот на Здружението на трговијата по оваа проблематика е следен: 1. Целосно се даде поддршка на Законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, со барање носителите на истиот да дадат соодветна помош во насока на минимизирање на трошоците што произлегуваат од обврската за негова имплементација. 2. Министерството за финансии да изготви и да достави соодветно известување (информација) за можностите за користење на старите, веќе вградени, софтверски решенија за следење на готовинскиот промет во трговијата, што би било во функција на значајно намалување на трошоците во работењето. 3. Се бара соодветна помош од софтверските компании на тој начин што со вградување на техничките решенија за користење на интегрираниот автоматски систем на управување да се овозможи еден GPRS-систем да може да се користи за повеќе фискални каси во одреден продажен објект. 4. Во функција на квалитетно заокружување на законската регулатива по оваа проблематика, вклучувајќи го и донесувањето на подзаконските акти, членките на Здружението ја нагласуваат својата подготвеност за нивно соодветно вклучување во сите фази од донесувањето.

Членките на Здружението на хемиската индустрија наскоро ќе потпишат кодекс за добро однесување

ДЕФИНИРАЊЕ НА ПРАВЦИТЕ ЗА КОМУНИКАЦИЈА СО ПОТРОШУВАЧИТЕ

-Членките на Здружението на хемиската индустрија се подготвени да ги дефинираат правците за комуницирање со потрошувачите преку потпишување кодекс за добро однесување на стопанските субјекти од оваа индустрија, истакна претседателот на Здружението, Зоран Костовски, на состанокот одржан на 26.6.2013 година во Стопанската комора на Македонија. Донесувањето на кодексот претставува рамка за регулирање на работењето на субјектите од хемиската индустрија и преку утврдување на минимумот стандарди и вредности за добро работење ќе обезбеди фер пазарно натпреварување во рамките на оваа индустрија. -Усвојувањето на основните правила и стандарди во однесувањето носи привилегии за стопанските субјекти од аспект на фер односи во фелата и секако е сериозен пристап кон заштитата на потрошувачите, истакна Сашо Шиндиловски од Министерството за економија. -Министерството за економија ги охрабрува фирмите и им дава целосна поддршка кон донесување на кодексот за добро работење - пракса присутна во земјите од ЕУ подолг период. Заинтересираните членки на Здружението на хемиската индустрија ќе можат во следните 15 дена, по доставување на нацрт-верзијата од страна на стручната служба на Здружението при Стопанската комора на Македонија, да дадат свои конкретни забелешки и предлози за донесување на кодексот на однесување во хемиската индустрија. Зорица Мешкова


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

НОВИТЕ МОЖНОСТИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ИНВЕСТИЦИОНИ ПРОЕКТИ СОГЛАСНО ИПАРД ПРОГРАМАТА Регионалната комора со седиште во Кавадарци во соработка со Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, на 25 jуни 2013 годинa, пред повеќе од дваесетина компании од регионот организираа презентација на тема: „Новите можности за реализација на инвестициони проекти согласно ИПАРД - Програмата“. Пред распишувањето на новиот јавен повик за користење средства од ИПАРД-Програмата, на претставниците од компаниите им беше објаснето дека се предвидуваат поедноставни процедури, проширени опфати и зголемено финансирање. Повикот ќе се однесува на финансирање проекти од мерките: • Мерка 101 - инвестиции во земјоделски стопанства, за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на Европската унија; • Мерка 103 - инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи, согласно европските стандарди; • Мерка 302 - наменети за проектите предвидени за диверзификација и развој на економијата во руралните средини. Претставниците од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство поединечно ги презентираа сите мерки и можностите за што поголемо аплицирање на компаниите и искористување на поголема сума финансиски средства. Со новиот повик значително ќе бидат поедноставени процедурите за аплицирање од страна на земјоделците, ќе се прошири интервалот на финансиите што се добиваат при кофинансирање на проектите, ќе се подобрат условите и ќе се намалат трошоците за земјоделците кои сакаат да аплицираат и треба да обезбедат документи и елаборати. Одзивот се очекува да биде доста поголем од досегашните. Најважно е да биде искористен што поголем обем на средства, независно од бројот на апликациите. Тоа значи дека треба да има добри проекти кои ќе дадат резултати. Со мерката за инвестиции во земјоделски стопанства ќе се кофинансираат сите проекти кои имаат допирна точка со примарното земјоделско производство. Ќе се финансираат проекти за набавка на земјоделска механизација, за системи капка по капка, оранжерии, компјутерска опрема итн. Проширена е основата на мерки што може да се финансираат. Ако досега беше дозволено само финансирање, односно кофинансирање на оранжерии или на фарми, сега ќе биде дозволено и комплетна изградба. За проектите до 50.000 евра значително се поедноставува

Регионална комора со седиште во Кавадарци

Регионалната комора со седиште во Кичево

ДОНАЦИЈА ВО ОПРЕМА ЗА МЕДИЦИНСКИОТ ЦЕНТАР ВО КИЧЕВО Регионалнта комора со седиште во Кичево организираше донаторска средба на 21 jуни 2013 година во Медицинскиот центар во Кичево. Бизнис-заедницата донираше педесет гарнитури чаршафи, јастуци и ќебиња за потребите на Медицинскиот центар. - Секогаш кога ќе бидеме во можност ќе го помагаме нашето здравство. Уште отсега најавувам нова многу поголема донација за нашата болница за месец септември, - подвлече Игор Соколески. - Со тоа ги подобруваме здравствените услови на нашите граѓани. Регионалната комора со седиште во Кичево, заедно со своите членки, како општествена одговорна организација активно ќе зема учество во помагање на училиштата и во поединечни хуманитарни случаи. -Голема благодарност за хуманиот гест кој треба високо да се цени во тешки времиња и се надевам дека ќе биде поттик и за други поединци да донираат за потребите на сопствените граѓани, за нашите најблиски, - изјави директорот на Медицинскиот центар, д-р Љупче Ристески. Донацијата претставува дел од програмата на Регионалната комора со седиште во Кичево која се организираше со поддршка на бизнис-заедницата, а поддршка на иницијативата искажа и заменик-министерот за локална самоуправа Ѓорѓија Сајкоски и раководството на Медицинскиот центар - Кичево. Дијана Лазороска


четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

БИЗНИС ИНФО

11 СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

деловниот план, со што тие што ќе аплицираат ќе имаат пониски трошоци за апликација. Се дава поголем период за достигнување на европските стандарди, нешто што беше детектирано како главен предизвик во досегашните процеси, а исто така и се проширува интервалот за средствата што ќе се кофинансираат. Мерката за инвестиции во преработката на земјоделски производи опфаќа финансирање проекти за набавка на машини за преработување, за изградба на капацитети, погони, набавка на ладилници... Наместо досегашните инвестиции само за реконструкција сега се дозволува и комплетна изградба на погони со потребна опрема, се дава нова дефиниција на малите и средни претпријатија согласно европската терминологија. И кај оваа мерка се проширува обемот за финансирање. Со третата мерка, за диверзификација на руралниот развој се дава можност за финансирање на фамилијарни бизниси, односно финансирање елаборати и бизнис-планови за отворање бизнис во рурални места. Предвидена е и значителна поддршка за развој на туристичката дејност преку финансирање проекти за модернизација на сместувачки капацитети. Во Регионална комора со седиште во Кичево се одржа работна средба со Министерство за економија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р.Македонија

Kонференцијата „Како до посакуваната работна позиција?“ во Битола

РАЗГЛЕДАНИ ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА ЕКОНОМИЈАТА ВО КИЧЕВО Регионалната комора со седиште во Кичево со поддршка од единицата за локален екомонски развој ЛЕР - Кичево, организираше работна средба со претставници од Министерството за економија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р.Македонија на 20.6.2013 година во просторите на општина Кичево. Работната средна ја отвори претставникот на Министерството за економија, државниот советник Блерим Златку, кој ги поздрави присутните и изрази нивна подготвеност за разгледување на можностите за развој на регионот, како и за подостапните информации за процедурите при аплицирање за фондови и средства наменети за бизнис-заедницата кои ги доделува Владата преку мерките за поддршка на малите и средните претпријатија и достапните европски фондови. Претседателот на Регионалната комора со седиште во Кичево посочи дека со децентрализација на јавните набавки од централо на локано ниво, како и поддршка во разработката на започнатите индустрски зони од страна на министерствата и локаната самуправа ќе се постигне одреден степен на развој на регионот. Присутните компани имаа можност да ги претстават своите идеи за развој и проблеми во работата на своите компани. Како заеднички предлог е повеќе да се субвенционираат домашните компании и субвенциите да се насочат кон веќе постојните компани кои ќе вработуваат.Од работната средба произлезе иницијатива да се интензивира соработката со локалната самоуправа и централната власт.

ИНТЕРАКТИВЕН РАЗГОВОР СО КОМПАНИИТЕ ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА КАРИЕРАТА НА МЛАДИТЕ

Во организација на Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија од Битола, во рамките на проектот за Зајакнување на МСП секторот во прекуграничниот регион, а на која учество зеде и Регионалната комора со седиште во Битола, на 20.06.2013 во Битола се одржа конференцијата „Како до посакуваната работна позиција?“. Целната група на конференцијата беа млади луѓе кои се посветени на кариерата и кариерниот развој и оние кои сакаат да дознаат кои се „идеалните“ вработени за секој работодавач. Овие млади луѓе добија можност да слушнат директно од присутните компании како треба да ја планираа својата кариера за да се вработат и кои се клучните компетенции кои треба да ги поседува еден вработен. На настанот, покрај Регионалната комора со седиште во Битола, присуствуваа и претставници од Фондацијата за развој на МСП Битола, претставници од академската средина и од компании од пелагонискиот регион. Од страна на Регионалната комора со седиште во Битола, присутните беа запознаени за поединостите на бизнис климата во регионот

и можностите за вработување во регионалните претпријатија, но и информации за државата во целост. Компаниите се претставија со своите очекувања од идните вработени и ги назначија битните елементи за тоа што значи да се биде вработен во нив. На вториот дел од настанот беше акцентирано и самовработувањето како

начин на вработување. Регионалната комора со седиште во Битола го презентираше и функционирањето на Бизнис Инфо Центарот, кој беше формиран како проект меѓу Стопанска комора на Македонија и Братиславската Регионална стопанска Комора. М-р Никола Димковски


БИЗНИС ИНФО

12

четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

МОЖНОСТИ

ВАЛИДАЦИЈА ИЛИ ДЕМОНСТРАЦИЈА ВО ОБЛАСТА НА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

Хабитек (

јужно шпански спец технолошки центар за

Хабитек (HABITEC) е јужно шпански специјално дизајниран технолошки центар за истражување и развој кој своите капацитети ги нуди за валидација или демонстрација на активности во областа на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија (IEE, ICT PSP, EEB, H2020, ...) Се наоѓа во Малага, во внатрешноста на технолошки парк на Андалузија, Шпанија и има за цел да биде центар за тестирање на заштеда на енергија и обновливи извори на енергија на проекти во делот на истражување и развој кои се применуваат за згради. Примери на проекти за истражување и развој за кои би можеле да бидете заинтересирани се следниве: нови материјали за изградба, нови капацитети за генерирање енергија од обновливите извори на енергија, нови техники за користење на природните енергетски ресурси, нови техники за контрола на енергија и нивна употреба, нова методологија на контрола на системи, нови процедури за да се наплаќаат електричните возила, нови електрични приклучоци далечински контролирани. Конкретните инсталација на нови системи може да бидат оценувани од случај до случај. Фотоволтаични инсталација На врвот на зградата, има постоечка 50 KW фотоволтаични инсталација. Тоа може да биде со различни панели од различни технологии за да се измери нивниот принос.

Тековната инсталација е дизајнирана на таков начин што нов сет на модули можат да бидат вклучени во неа. Мини Eolic енергија Постои мал простор распределен преку градење на периметар, каде мини Eolic енергетските системи можат да бидат тестирани.

Градење на фасадата Фасадата од зградата може да биде направена во две лица од дадените четири лица на ѕидови. Различните видови на фасада (ткаенини од биомаса, фотонапонски панели, итн) може да се вклучат кон овие два градежни ѕидови. Во останатите два екстерни страни на зградата, во традиционалната градба се користи (ѕид + воздух комора + изолационен материјал + ѕид), што

на овие две страни соодветно може да се проверат и нови решенија за традиционалните ѕидови - фасади во зградите. Ролетни Различни видови на ролетни може да се инсталираат и оценуваат. Во моментов, вертикални завеси се инсталирани на некои прозорци во зградата. Позицијата на овие ролетни е контролирана од внатрешноста на секоја соба од зградата преку електричниот систем. Зградата е дизајнирана да им овозможи инсталација на различни видови на ролетни и оценка


четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

БИЗНИС ИНФО

13 МОЖНОСТИ

(HABITEC)

цијално дизајниран истражување и развој

на нивното однесување (пренос на светло, температурна изолација, итн.) Сите слепи системи, исто така, можат да бидат автоматизирани. Прозорци Прозорците може да се отстранат и сменат за R & D прототипови, вклучувајќи какви било нови иновации како Windows, вклучувајќи фотоволтаични ќелии. Windows дизајнот и дистрибуцијата во зградата, создава внатрешна вентилација во корелација со централниот “внатрешен двор”. Автоматизацијата на ноќната крстна вентилација, може да се користи во текот на летото со цел да се намали температурата и заштеда на енергија на зградата за ладење во текот на денот.

Внатрешниот двор има пред-инсталација на вода која може да се користи за да се инсталира чешма и атомизери на водата. Тој е дизајниран за поддршка на тежината на градината, и сите заедно (чешмата, атомизерите на вода и внатрешната градина) можат да помогнат да се оцени влијанието на температура од зградата која има внатрешна градина. Ова може да биде еден од главните системи за ладни или т.н фрижидер згради во топли места или во топли сезони. Исто така има и сенка од сонцето, која е дел од биоклиматска стратегија за ладење на зградата во лето. Гаража (подрум) Гаражата на зградата или подрумот е изграден со цел да ги остави двете страни отворени во градината. Висината на таванот е доволна да се инсталираат биомаса системи. Системот може да се оценува со нивно поврзување со собите кои користат лаборатории за истражување и развој. Откога ќе се воведе системот на биомаса, заштедата на електрична енергија за затоплување во зима, може да се оценува само еднаш.

Внатрешен двор (Patio) Во централното место на зградата, постои “внатрешен двор”, кој е дизајниран да создаде ефект на оџак во лето: топлиот воздух од зградата оди нагоре низ внатрешниот двор. Внатрешниот двор е биоклиматски систем кој ја регулира температурата на зградата. Друга апликација која може да се имплементира во подрумот е поврзана со полнење на батеријата за електрични возила.

Геотермални системи и ветерници Постојат слободни простори околу зградата која може да се користи за да се инсталираат геотермални системи и ветерници

Климатизација во соби Системот за климатизација е инсталиран во внатрешноста на собите. Зоните се создадени, и функционирањето е оптимизирано со употребата на разменувачи на топлина дозволувајќи му на воздухот рециклирање, без губење на топлина или студ (двојна флукс климатизација). Инсталацијата е целосно модулирана, па оттука климатизација може да се замени за нов систем за евалуација и демонстрација. За било какви анализи и тестирања можете да стапите во контакт со Рафаел Абад. Rafael Abad Technical Director Email: rabad@cthabitec.com Tеl: 0034952028125


БИЗНИС ИНФО

14

четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

РАБОТНИ ОДНОСИ

,,Кршење на работен ред и дисциплина или работни обврски како предуслов за отказ на договор за вработување, постапка по тужба за определување законитост на штрајк со предлог за издавање на привремени мерки, Можност за извршување на други работи кои не се предвидени со договорот за вработување, Синдикален претставник, негова заштита согласно ЗРО и отказ на договор за вработување на синдикален претставник “ 27.06.2013 година, 09:30-15:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

ПРОГРАМА:

- Кршење на работен ред и дициплина или работни обврски како предуслов за отказ на договор за вработување - Постапка по тужба за определување законитост на штрајк со предлог за издавање на привремени мерки - Можност за извршување на други работи кои не се предвидени со договорот за вработување - Синдикален претставник, негова заштита согласно ЗРО и отказ на договор за вработување на синдикален претставник Предавачи: Санде Зиков, судија на Основен суд Скопје II-Скопје Бојана Велковска, судија на Основен суд Скопје II-Скопје Контакт : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

БИЗНИС ИНФО

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

rɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤʖʗʝʠʖʠʒʥʜʑʤʑʣʗʠʖʓʚʓʑʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠʠʡʢʗʞʗʟʚʡʢʠʣʤʠʢʚʚʓʠʢʑʞʜʚʤʗʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑʜʠʞʠʢʑʟʑɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ rɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑʟʑʣʤʑʓʑʣʗʠʖʓʚʓʑʓʠʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚʜʠʞʡʑʟʚʚʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤʠʖʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑʣʤʢʥʜʑ rɴʗʢʤʚʦʚʜʑʤʡʢʚʙʟʑʤʠʖɯʚʟʚʣʤʗʢʣʤʓʠʤʠ ʙʑʠʒʢʑʙʠʓʑʟʚʗʚʟʑʥʜʑʟʑɳʗʡʥʒʝʚʜʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑʚɢʔʗʟʨʚʹʑʤʑʙʑʓʢʑʒʠʤʥʓʑʻʗʟʑ ɳʗʡʥʒʝʚʜʑɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ rɱʒʥʜʑʤʑʤʢʑʗʠʜʠʝʥʤʢʚʞʗʣʗʨʚ ʠʖʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠʡʗʤʠʜ rɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑʚʡʢʑʜʣʑʤʑʣʗʠʖʓʚʓʑʑʤʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢʣʠʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ rɳʑʒʠʤʑʓʠʔʢʥʡʚʠʖʖʠʞʑʜʣʚʞʥʞʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑʡʠʓʗʽʗʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɣʠʢʚʣɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ  ɯʠʒ  CPSJT!NDIBNCFSNL

ɴʚʞʠʟʑɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ  TJNPOB!NDIBNCFSNL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑʜʠʞʠʢʑʟʑɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝtɧʚʞʚʤʢʚʗɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ   ʦʑʜʣ  

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

   

  

  

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Гипсер – монтер Фасадер Аргон Заварувач


БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK


четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

ДАНОК НА ДОБИВКА, ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ, ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК НА ДОХОД 09.07. 2013 година, 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

ПРОГРАМА: 1. Данок на добивка • Вовед • Даночен обврзник • Концепт на оданочување на непризнаени расходи и помалку искажани приходи • Данок на добивка во исплатени дивиденди и други распределби од добивката (авансна дивиденда) • Оданочување на дивидендата со данок на добивка • Избегнување на двојно оданочување 2. Данок на додадена вредност • Вовед • Даночен обврзник • Право и услови за одбивка од претходен данок • Пропратна документација • Даночна затајување – даночна евазија на ДДВ со фиктивни фактури 3. Персонален данок на доход • Вовед • Даночна основа на персоналниот данок на доход • Ослободување од плаќање на персонален данок капиталните добивки што се остваруваат на берзата Предавачи: 1. д-р Костадин Дуковски - Лиценциран вештак за материјално - финансиски вештачења - автор на книга „ Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија” 2. м-р Марко Стефановски - магистер по правни науки – финансии и финансово право - сорабтник за материјално – финансиски вештачења

Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Пријавување до 8 јули 2013 година. Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

18

четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО -

МОБИНГ

13.09.2013 година, 9:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

ПРОГРАМА: • •

меѓународната правна рамка МОТ и ЕУ Компаративни искуства за заштита од мобинг во националните законодавства

Поим – дефиниција за мобинг • Закон за заштита од вознемирување на работно место • предмет, содржина и цел на законот • опфат и примена на законот • видови на мобинг • место и време на вршење мобинг • Права, обврски и одговорности на работодавачот и на вработените за заштита од мобинг • Постапка за заштита од мобинг кај работодавачот • Судска заштита • Инспекциски надзор, прекршочни одредби, преодни и завршни одредби Предавачи:

• •

Стојан Трајанов, дипломиран правник со повеќегодишно работно искуство во областа на трудовото законодавство. Работел на повеќе проекти во врска со легислативата, законски и други проекти поврзани со имплементација на истата. Д-р Зоран Михајловски – судија во Апелационен суд Скопје

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: работен материјал; ручeк и освежување; сертификат за присуство на семинарот.

Пријавување до 11 спетември 2013 година.

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

БИЗНИС ИНФО

19

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО ОТКАЗ ОД СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧОТ И ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ 19.09.2013 година, 09:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

ПРОГРАМА:

• Престанување на работниот однос со : • изминување на времето за кое е склучен и договорот за вработување • смрт на работникот и работодавачот (физичко лице) • престанување на работодавачот • спогодбен престанок на работен однос • престанок на работниот однос со отказ и • престанок на работниот однос со судска пресуда • понуда на нов променет договор пред отказ • Основни причини за отказ • Откажување на договорот за вработување поради кршење н аработниот ред и дисциплина или работните обврски со отказен рок.

Новини во Законот за Работни односи (Образец М1 и М2)

• • •

Права и обврски за време на отказот Отказни рокови и застареност Откажување на договорот за работа од деловни причини

• Одстранување на работникот од работа до донесување на конечна одлука • Надлежен орган за изрекување на отказ на договор за вработување • Парична казна наместо отказ

Предавачи:

* Миле Стојановски, државен советник при Министерството за труд и социјална политика * Злате Стојановски, раководител на трудова инспекција, сектор работни односи.

Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Пријавување до 17.09.2013 година.

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО


БИЗНИС ИНФО

четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

21

ПОВИК

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ги повикува домашните компании

МОЖНОСТ ЗА ПЛАСМАН НА СТОКА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА PAN AM 2015 ИГРИТЕ Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) соопштува дека преку економскиот промотер во Канада и е доставена информација за одржување на Pan Am 2015 игрите, каде што македонските компании можат да се пријавуваат за набавка на стоки и услиги потребни за самото одржување на игрите во Торонто. Оние производи и услуги за кои ќе бидат потребни поголеми количини ќе се распишат меѓународни тендери за набавки. Сите заинтересирани компании членки кои би сакале да добавуваат свои производи или услуги за организаторите на овој настан можат да најдат подетални информации на следниов линк http://www.toronto2015.org/lang/ en/gallery/news/buying-the-games-goods-and-services.html, или може да се обратат директно до економскиот промотер за Канада, Ирена Ѓоргиевска irena.georgievska@investinmacedonia.com

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


22

БИЗНИС ИНФО

четврток, 27 Јуни 2013, Бр. 142

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА двеоксид во боци од 2,5 – 50 литри, со две статични цистерни и една најмодерна цистерна за превоз на течниот гас до купувачите, со два извора (бунари) на вода и со сопствена концесија за земјиштето. Цена по договор. Локацијата на објектот е во околината на Битола, до границата со Грција. Валидност дo: 5.10.2013 година Компанија од Литванија заинтересирана е за соработка со компании во Република Македонија за пласман на фармацевтски производи. Валидност дo: 5.8.2013 година

Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на мебел, столици, маси и кревети од дрво. Валидност дo: 3.7.2013 година

во Република Македонија за пласман на производи за лична нега, здравствена заштита, рана грижа, домаќинство и прва помош. Валидност дo: 4.8.2013 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на специјални машини за изработка на контејнери и силоси од лим. Валидност дo: 3.7.2013 година

Компанија од Чешка бара дистрибутер во Република Македонија на системи на полици за складирање производи. Валидност дo: 4.8.2013 година

Компанија од Република Македонија нуди градежно земјиште во Република Македонија и во Скопје за изградба на згради, индустриски објекти, магацини, фабрики, продажни салони, спортски терени, хотели, трговски центри и др. Валидност дo: 3.7.2013 година Компанија од Литванија заинтересирана е за соработка со хотели и спа-центри од Република Македонија со понуда на хотелска козметика, пешкири, бањарки, папучи, фен, мини бар, перници од пердуви, постелнина, машини за чистење чевли, колички за носење багаж и др. Валидност дo: 4.8.2013 година Компанија од Литванија заинтересирана е да пласира стоматолошка опрема и материјали во Република Македонија. Валидност дo: 4.8.2013 година Компанија од Шведска бара дистрибутер

Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на изолационо стакло. Валидност дo: 5.9.2013 година Компанија од Австрија заинтересирана е за соработка во Република Македонија во областа на планското шумарство и пошумување. Валидност дo: 5.8.2013 година Компанија од Германија заинтересирана е да соработува со компании во Република Македонија во областа на рециклирање на стакло. Валидност дo: 5.8.2013 година Реномирана компанија од Р. Македонија продава комплет фабрика со автоматска линија за производство на чист природен течен јаглен двеоксид, квалитет наменет и за производство на Coca-Cola, Pepsi Cola, со капацитет од cca 1.000 kg / h готов производ, со машина за полнење течен јаглен

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на грејни и огнишни тела со најнова технологија и опрема за удобност кои се користат во домаќинствата. Валидност дo: 6.8.2013 година Компанија од Грција бара соработка со хотели, ресторани во Република Македонија кои би биле заинтересирани да користат мебел штоф и завеси. Валидност дo: 6.8.2013 година Компанија од Германија заинтересирана е да пласира во Република Македонија водородни горивни ќелии. Валидност дo: 6.8.2013 година Компанија од Шпанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на индустриски пумпи. Валидност дo: 6.8.2013 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на опрема за бензински пумпи и танкери за гориво, услуги и др. Валидност дo: 6.8.2013 година

Контакт: Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk


bsi.

ISO 9001

БИЗНИС ИНФО

Quality Management

FS 549642

M

A

D CE ON

IA

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

EconomicECONOMIC ChamberCHAMBER of Macedonia M M

A II A

AA

OF MACEDONIA

D CE ON

Excellent

Small & Medium Enterprises

Excellent

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Што претставува сертификатот Excellent SME? Сертификат Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење кој го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE , за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија.

A

M

IA

IA

M

A

Главната цел на сертификатот, која се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната EDON C транспарентност. Исто така, тој ќе D CE ON им помогне на клиентите и бизниспартнерите да го намалат финансискиот Small & Medium Enterprises и другите ризици кога склучуваат ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA деловни договори.

Exce

Excellent

Small & Medi

Excellent Economic Chamber of Macedo Small & Medium Enterprises AA

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA EDO M M

M

D CE ON

C

N

A II A

Т: (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W: excellent-sme.mchamber.mk

IA

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

A

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса, и најважното – бонитет на компанијата. ECONOMIC CHAM

Excellen

Small & Medium Enterpr

ECONOMIC CHAMBER OF MACED


БИЗНИС ИНФО КОМОРА СТОПАНСКА

НА МАКЕДОНИЈА

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK

Бизнис ИНФО, број 142, 27 Јуни 2013