Issuu on Google+

СТОПАНСКА БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА КОМОРА НА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF МАКЕДОНИЈА Founded 1922 bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 153

www.mchamber.mk

24.10.2013

Информатичко-комуникациските технологии во земјава

ИНФРАСТРУКТУРА НЕОПХОДНА ЗА РАЗВОЈ НА ЕКОНОМИЈАТА

Годишната конференција на Европската мрежа на бизнис можности – ЕЕН се одржа на 15 и 16 октомври 2013 година во Вилнус, Литванија

ПОГОЛЕМА ЕФЕКТИВНОСТ ВО ПОДРШКАТА НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ БИЗНИСИ


2

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

ПОДВЛЕЧЕНО

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ПРОЕКТИ ВО ИНФРАСТРУКТУРАТА, ЕНЕРГЕТСКИОТ, СООБРАЌАЈНИОТ И КОМУНИКАЦИСКИОТ СЕКТОР Инвестициска компанија учествуваше во тендерот за проектот „Вардарска долина“ и беше блиску до потпишување договор. Меѓутоа, поради одредени причини овој проект сега е во застој. Сметам дека има повеќе причинители, но можеби главната причина е неусогласеноста на објективните административни и пазарни услови. Некои кинески компании се доста заинтересирани за проекти во инфраструктурата, енергетскиот, сообраќајниот и комуникацискиот сектор во Македонија и веќе се направени конкретни чекори со македонската страна за преговори и соработка. На пример, „Хуавеј“ и „ЗТЕ“ имаат воспоставено одлична соработка со трите главни телекомуникациски оператори, со тоа што обезбедуваат висококвалитетна опрема и услуги. Апликацијата на македонската влада за поволни кредити од Кина за изградба на две делници на автопат е во напредна фаза и една кинеска компанија ќе биде градежен изведувач на патиштата. Покрај тоа, има и други кинески компании што активно учествуваат во тендерот за ХЕЦ„Бошков мост“. Други кинески компании, пак, изразија конкретен интерес да соработуваат во Македонија за развој на земјоделската индустријализација, отворање нови пазари за пласирање вино, преработување земјоделски производи, градски трамваи, план за развој на железницата и други сектори. Македонија за да привлече странски инвеститори најави серија мерки, како што се поволно земјиште, даночни политики, кои за компаниите и за пазарот се многу привлечни. Кога станува збор за кинеските компании, поради големата географска оддалеченост, ако сакаат да дојдат во Македонија за отворање производствени погони, тоа ќе биде тешко да се реализира без поддршка од специјализиран пакет соодветни политики. Особено што претставниците на компаниите, кога аплицираат за македонска виза, се соочуваат со многу пречки во визниот режим, како долг период на чекање, многу ограничувања, итн. Дури и фирмите што се веќе во Македонија и вложуваат кинески капитал наидуваат на многу тешкотии. Се разбира, ние ќе продолжиме активно да ги охрабруваме кинеските компании да доаѓаат во Македонија за да истражат какви можности постојат и да бараат проекти што им одговараат. (Цуј Џивеи, амбасадор на Народна Република Кина во Република Македонија)

ПРОТИВ КРИЗАТА СО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА Ситуацијата во Европа е тешка. Пазарот не е во добра кондиција и се чини дека влегуваме во криза која заличува на кризата од 2008 и 2009. Многу е тешко да се каже кога ова ќе се промени, но можат да речам дека Арчелор Митал Скопје е исклучок од оваа состојба заради зголемувањето на квалитетот и подобрувањето на продуктивноста. Во моментот погонот е целосно букиран до декември, што е првпат да сме целосно зафатени со нарачки во три месеци и сите работници се на работа. (Хуан Педро Хименез Наваро, главен извршен директор на Арчелор Митал Скопје)


БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

3

ПОДВЛЕЧЕНО

КУПУВАЧИТЕ ПОЛЕСНО СЕ НАОЃААТ ВО РЕГИОНИТЕ НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА Направевме една анализа и кога минатата година беа роуд-шоуто на Владата имавме консултации со Амбасадата на Република Македонија во Руската Федерација. Кога го правевме тој план кои региони се атрактивни, треба да се одберат јужен и северен регион како Ростовскиот или Нижниновгород, заради тоа што во едниот имаме потенцијал да продаваме, односно да пласираме овошје, зеленчук во северниот регион каде три до пет месеци е под снег. Во другите имаме можност да продаваме пијалаци, како и да пласираме текстилни производи. Ростовскиот го избравме иако ги има овие производи, бидејќи е централен регион. Во Руската Федерација покрај Москва, втор град во кој многу се финансира е Сочи, па Краснодар, а тие се сите во тој јужен регион, значи Ростов, Сочи, Краснодар. Тоа е една трансверзала каде што има многу инвестиции од руската држава, од самата држава и второ, тој граничи со Украина, а ние со Украина имаме специјални односи, односно 1 процент царина. Значи многу лесно можеме да доаѓаме до таму, па од таму руски фирми кои имаат свои фирми во Украина можат да го купуваат таму производот. Имаме можност за соработка меѓу двата региона, Ростовскиот и Украинскиот, бидејќи постои бесцаринска зона. И тоа ни беше идејата зошто таму. Потоа го имате Дон, кој е воден пат низ Русија, се поврзува со Волга, со Москва - тоа е една огромна мрежна од околу 7.000 километри воден пат што може да биде извонредно ефтин за нашите производи доколку се донесат до таму. Значи, постојат многу причини зошто инсистиравме на тие два региона. (Деан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руска стопанска комора)

bsi. bsi.

ISO 9001

Quality Management

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА 

  

   Здружение на банкарството

  

EBF

European Banking Federation

The Voice of European Banks

„БАНКЕКСПО 2013“ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА БАНКАРСТВОТО ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПОЧИТУВАНИ ПРИЈАТЕЛИ И ДЕЛОВНИ СОРАБОТНИЦИ,

БанкЕкспо 2013

По повод Светскиот Ден на Штедењето - 31 октомври, во организација на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија по втор пат се одржува „БАНКЕКСПО“ - заеднички саем на сите банки и штедилници од Република Македонија. „БАНКЕКСПО 2013“, на кој на едно место можете да ги посетите штандовите на сите банки и штедилници, ќе се одржува два дена, на 30 и 31 октомври 2013 година (среда и четврток), во хотелот „Александар Палас“ Скопје, конгресна сала 1, од 9:00 до 18:00 часот.

Ќе ни претставува особена чест и задоволство доколку со вашето присуство го збогатите овој настан и се запознаете со новите, но и ги погледнете уште еднаш постојните услуги на банките и штедилниците. ВЕ ОЧЕКУВАМЕ ! СО ПОЧИТ, ЗДРУЖЕНИЕ НА БАНКАРСТВОТО ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА - ЧЛЕНКА НА ЕВРОПСКАТА БАНКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА - ЕБФ Контакт: М-р Јелисавета Георгиева E-mail: jelisaveta@mchamber.mk Телефон: (02) 3244031 www.mchamber.mk

НАПОМЕНА: САЕМОТ „БАНКЕКСПО“ СЕ ОДРЖУВА НА 30 И 31 ОКТОМВРИ 2013 ГОДИНА, ОД 9:00 ДО 18:00 ЧАСОТ, ВО ХОТЕЛОТ „АЛЕКСАНДАР ПАЛАС“ – СКОПЈЕ ЗА СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ФИЗИЧКИ И ПРАВНИ ЛИЦА.

ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН.


БИЗНИС ИНФО

4

четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

ПОДВЛЕЧЕНО

УСЛОВИ МЛАДИТЕ ДА ПОСТИГНАТ УСПЕХ ВО ДОМАШНО ОПКРУЖУВАЊЕ Ако се стават настрана проблемите меѓу Македонија и Грција, она што е постигнато се рефлектира во извештаите на Светска банка и на фондацијата Херитиџ, што е импресивно, за условите за работа, компаниите доаѓаат тука и инвестираат, што влијае врз вработеноста, има економски раст... Треба да се подобрат работите со образованието, претприемаштвото, човечкиот капитал... Но ова се генерациски работи. Дури и во Лондон добивам имејли од млади Македонци кои велат само што завршив во Швајцарија или во Белгија, мора да сте Македонец според името... Многу од нив се родени тука, не се како мене родени надвор, заминуваат од земјава и во поинакво опкружување постигнуваат многу. Но треба да се работи тоа да го постигнат и во постојното опкружување. (Ченто Вељановски)

НАЈГОЛЕМ РОБЛЕМ СЕ ПАРИТЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ИЛИ РАЗВОЈ НА КОМПАНИИТЕ Најпроблематичен и најчуствителен сегмент од бизнисот се луѓето. Тие формираат компании, ги развиваат и евентуално ги уништуваат. Луѓето се тие кои ги произведуваат и ги решаваат проблемите во компаниите. Ова важи за најголемиот дел од компаниите со кои сум работел. Кај македонските компании, со оградување дека се работи за мал број и моите заклучоци можеби се погрешни, како најголем проблем се посочуваат парите – скапи или недостапни пари потребни за одржување или развој на компаниите. Јас ова за себе си го преведувам на следниот начин: постојната маса на пари во државата не е доволно фертилна (способна за оплодување). Длабоко верувам дека граѓаните на Македонија поседуваат маса на пари која е повеќе од доволна за драматичен пораст на економијата. Тие пари се главно во вид на штедни влогови кај банките (кои, по правило, се најконзервативни инвеститори) или пак под перница. Со еден збор, користејќи аналогија од медицината, нашите пари се како слабо подвижни сперматозоиди. Решението, повторно со оградување дека имам само ограничени информации, е во форсирање на домашни инвестициски институции наместо напори да се привлече странски капитал. (Звонко Кузмановски, директор на Macsan, Санта Барбара, Калифорнија)


четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

БИЗНИС ИНФО

5

ПОДВЛЕЧЕНО

МАКЕДОНИЈА Е МАЛА ЕКОНОМИЈА, НО ТОА ИМА И ПРЕДНОСТИ Македонија, споредено со останатите земји во регионот, се позиционира релативно добро во економската размена со Германија. Не може директно да се прави споредба на Македонија со пазарите кои се многу, многу големи. Значењето може да се согледа ако се види дека Баварија во германско-македонската трговија има удел од 25% и ако се знае дека Македонија е пред Србија. Србија има повеќе жители, но Македонија има поголем надворешнотрговски волумен. Оттука може да се види дека посебните шанси што ги има Македонија се огледуваат и во бројките. Македонија е мала економија, но тоа има и предности, како можноста за побрзо дејствување и тоа треба да го користи. (Улрике Волф, раководител на Одделот за надворешна економија и маркетинг при баварското Министерство за економија и медиуми, енергија и технологија)

НАЈГОЛЕМИОТ ПРЕДИЗВИК ЗА МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА СВЕСНОСТА И ПОЗНАТОСТА Првпат сум во Македонија и импресиониран сум од она што го видов досега. Бев на прошетка во бесцаринската зона и можам да кажам дека беше подобро од она што очекував да го видам. Тука има одлични можности за странски инвестиции. Со министерот за странски инвестиции бевме на таа прошетка и таму слушнав за приказната како таа на Ванхул, Дракслермаер..., кои се потврда дека постојат добри бизнис услови. Секако најголемиот предизвик за Македонија останува свесноста и познатоста бидејќи земјата не е позната колку што би сакале да биде, но тоа е работа на еволуција и ќе се случи во наредните години. Она што треба да се направи за сето ова да се случи побрзо е тоа што Владата им олеснува на компаниите да работат овде. Нивниот пристап е поволен за бизнисите и секако тоа што е веќе сторено е доволно. Има доволно фирми што дошле и инвеститирале и се враќаат да инвестираат уште повеќе. Ми се чини дека Ванхул вработиле 1.400 лица и дека во наредните две години таа бројка ќе достигне до 4.000. Овие преседани се доволни за другите да дојдат, исто така, да инвестираат. Најголемиот проблем секако е тоа што она што луѓето не го виделе не го разбираат и оние што не биле овде не ги разбираат придобивките што би ги имале ако инвестираат во Македонија. (Мајкл Фентон, извршен директор на „Македонија 2025“)


6

БИЗНИС ИНФО

СОБИРИ

РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА ЗА ПОГОЛЕМА ЕФЕКТИВНОСТ ВО ПОДРШКАТА НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ БИЗНИСИ

четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

Годишната конференција на Европската мрежа на бизнис можности – ЕЕН се одржа на 15 и 16 октомври 2013 година во Вилнус, Литванија

Околу 800 претставници од партнерските организации: комори, иновативни центри, универзитети кои ја сочинуваат Европската мрежа на бизнис можности, учествуваа на Годишната конференција на ЕЕН, што се одржа на 15 и 16 октомври 2013 година во Вилнус, Литванија. Преку учество на панел-сесии и работилници на теми поврзани со работењето на ЕЕН мрежата, се дебатираше и се разменуваа искуства за работењето на мрежата, со цел постигнување на поголема ефективност во сервисирањето на услугите кон МСП. Целта на ЕЕН мрежата е да им се помогне на малите и средни компании во интернационализација на своите бизниси, трансфер на нови технологии, примена на иновации, изнаоѓање на партнери за аплицирање на европските повици од ЕУ програмите како, ФП7 и ЦИП програмите. Во рамките на мрежата функционираат 602 центри од 53 земји. За време на работилниците беше потенцирано дека неопходна е поголема информираност на компаниите за можностите на ЕЕН мрежата, со цел компаниите да се запознаат со ЕЕН мрежата, и да ги користат можностите и алатките кои се нудат со цел да се зголеми соработката со компаниите од Европа и пошироко за да го прошират својот бизнис, да најдат дистрибутери и свои партнери за извоз, трговија и партнери за ЕУповици во Европа и пошироко. На маргините на Конференцијата беа остварени средби со претставници на повеќе комори за размена на коморски искуства во креирањето сервиси за компаниите. На средбата со претставниците на Комората на Естонија беше договорено иницирање на заеднички проекти во рамките на ЕЕН мрежата и организирање на заеднички деловни средби. Со претставниците на ЕЕН Словенија се договори учество на заеднички проект за формирање на пилот-проект за формирање Центар за кариера и истиот веќе во завршна фаза на аплицирање. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, за време на Конференцијата оствари работна средба и со претседателот на Асоцијацијата на коморите за трговија, индустрија и занаетчиство од


четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

БИЗНИС ИНФО

7

СОБИРИ Литванија, Римантас Станкевичиус. За време на разговорот беа потенцирани потенцијалите и на двете земји со цел да се зголеми соработката, да се организира учество на македонски компании на интернационални саемски манифестации во Вилнус, Литавнија. Претставниците на коморите од Литванија беа поканети за учество на конференција во организација на Стопанската комората на Македонија на тема „Настап на трети пазари“, во Македонија, во текот на првата половина на 2014 година. Софче Јовановска

Смена на врвот на Eurochambres (Асоцијација на европските комори)

РИЧАРД ВЕБЕР ИЗБРАН ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ Ричард Вебер, претседател на Стопанската комора на покраината Сар (Германија) и потпретседател на Eurochambres беше избран за нов претседател на Асоцијацијата на европските стопански и индустриски комори со значително мнозинство. Тој ќе стапи на функцијата на 1 јануари 2014 година, наместо Алесандро Барберис, претседател на Стопанската комора на Торино, кој беше претседател на Eurochambres во 2010 година и беше назначен за амбасадор на Eurochambres. За негови заменици се избрани: Рифат Хисарчиклиоглу (Турција), Марта Шулц (Австрија) и Пјер Гремегна (Луксембург). Господинот Вебер е и извршен партнер во „Карлсберг брауереи КГ Вебер“ (Karlsberg Brauerei KG Weber), член на Одборот на Унијата на германските комори за индустрија и трговија и специјален советник за европски прашања на Унијата на германските комори за индустрија и трговија. - Eurochambres ќе мора да игра важна улога во следните години – како силен глас, значаен и добро поврзан претставник на мрежата на Европските комори. Ако успееме ефективно да ги поддржиме и да ги претставиме компаниитечленки, ќе ги зајакнеме и Eurochambres и мрежата на коморите воопшто – како во нашите земји, така и на ниво на Европската унија. – истакна Вебер во својот воведен говор. Во својот мандат Вебер ќе се сосредоточи на три приоритети: 1. Унапредување на Eurochambres како обемна и успешна мрежа на европски комори преку зацврстување на контактите меѓу нејзините членови и овозможување на взаемно учење. 2. Позиционирање на коморите како стручни партнери во области од суштинско значење, како што се претставувањето на мали и средни претпријатија, образованието и обуката. 3. Засилување на соработката со други битни европски заинтересирани страни. Гласањето се одвиваше во Истанбул (Турција) на 17 октомври 2013 година, еден ден по Економскиот форум на Eurochambres, на кој се собраа стотици претставници на комори од Европа. EUROCHAMBRES


БИЗНИС ИНФО

8

четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

СОСТОЈБИ

ИНФРАСТРУКТУРА НЕОПХОДНА ЗА РАЗВОЈ НА ЕКОНОМИЈАТА

Информатичкокомуникациските технологии во земјава

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2013 година, широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 91,5% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени. Пристап на интернет преку мобилна конекција (широкопојасна или друг вид на мобилна конекција) имале 43,8% од деловните субјекти. Дури 57,4% од деловните субјекти за своите вработени обезбедиле далечински пристап до системот на е-пошта, документите или апликациите на претпријатието, а 41,0% на своите вработени им обезбедиле преносливи уреди со кои се овозможува мобилна конекција на интернет за деловна употреба. Употребата на социјалните медиуми, како социјални мрежи, блогови, веб-страници за споделување на мултимедијална содржина (пример, Facebook, Twitter, YouTube, итн.), или wiki-алатки за споделување знаење, била застапена кај 36,2% од деловните субјекти. Ова беше истакнато на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија (21.10.2013 година). Во однос на телекомуникациите, стратегијата на ЕУ е овозможување на граѓаните пристап до широкопојасен интернет, интероперабилна дигитална инфраструктура - овозможување интелигентна електронска дистрибуција на услугите и мобилизирање на приватни и идни јавни инвестиции во дигитална инфраструктура. Освен зголемување на продуктивноста на стратешките интервенции, во овој сектор ќе се отворат 3,99 милиони нови работни места. Во 2010 година, 41,2% од граѓаните на ЕУ и 75,5% од деловните луѓе користеле on-line јавни услуги. Цел во 2017 година е 50% од граѓаните на ЕУ и 85% од деловните луѓе да користат on-line јавни услуги, a во 2020 година 60% од граѓаните и 100% од деловните луѓе да ја користат оваа е-услуга. Исто така, се очекува во 2017 година 80% од граѓаните и деловни луѓе да користат прекугранични јавни услуги по електронски пат, а во 2020 година тоа да биде 100%. Со ИКТ конективност треба да се обезбеди: • •

забрзување на развојот на брза и ултра-брза широкопојасна мрежа и нејзино разбирање, вклучувајќи ги и малите и средни компании; промовирањ�� на интерконекцијата и интероперабилноста на националните јавни сервиси on-line,


четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

БИЗНИС ИНФО

9

СОСТОЈБИ како и пристап кон такви мрежи. Дигиталната агенда на Европската унија ги има следните цели: • • • • • •

ЕУ целосно да биде опфатена со широкопојасен интернет во 2013 година; ЕУ целосно да биде опфатена со широкопојасен интернет со над 30 Mbps во 2020 година; 50 % од ЕУ да купуваат on-line од 2015 година; 33% од малите и средните претпријатија да направат on-line продажба до 2015 година; 50% од граѓаните да ги користат е-влада услугите од 2015 година; двојно да се зголемат јавните инвестиции во ИКТ R & D до 2020 година.

Овие официјални статистички показатели укажуваат дека употребата на информатичкокомуникациските технологии во деловните субјекти во Република Македонија го постигна нивото од земјите од регионот, но и дека земјите од ЕУ постигнуваат повисоки резултати. Уште повеќе, со Дигиталната агенда се преземаат натамошни мерки за развој на оваа област која се дефинира како акцелератор за целокупниот развој на економиите, намалување на трошоците на работењето на компаниите, општествата и граѓаните, како и креатор на нови работни места и извор на иновации и креативност. Во Република Македонија се постигна значителен развој на „Броадбанд“ услугите и тоа преку сите технологии. Порастот на годишно ниво е 9% согласно последниот извештај на Агенцијата за електронски комуникации. Особено е значајно да се спомене дека сите учесници на пазарот значително инвестираат во НГН (New/next Generation Networks) инфраструктурата која ќе даде значителен стимул за развој на целата економија, која се` повеќе развива on-line услуги. Затоа широкопојасниот интернет е предуслов за движењата и инвестициите во скоро сите стопански гранки. Секторот ја поддржува иницијативата за ангажирање на странски експерти, како искусни практичари од оваа стопанска гранка, да го пренесат знаењето и искувството во македонските компании. Стопанската комора на Македонија ги повикува компаниите да ги користат услугите од Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, за интернационализација на нивното работење, посета на странски саеми, деловни средби и барање евентуални странски партнери за стопанска соработка. Лазо Ангелевски


10

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

ТРИБИНИ

БЕНЕФИТИ ОД ПРЕОБРАЗБА НА ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ ВО АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО Кои се придобивките и зошто да се трансформираат друштвата со ограничена одговорност (ДОО) во акционерски друштва (АД), беше темата на трибината организирана на 17.10.2013 година од Стопанската комора на Македонија, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), дел од групацијата на Светската банка и Секретаријатот за економски прашања, образование и истражување на Швајцарија (SECO). Трибината ја отворија м-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Елизабета Чингаровска, претседател на Комисијата за хартии од вредност на РМ и м-р Кирил Нејков, раководител на Проектот за корпоративно управување на ИФЦ во Македонија. Пред присутните претставници од компаниите, брокерските друштва, инвестициските советници, беше посочено дека бенефитите од трансформација на ДОО во АД, меѓу другото, се полесен пристап до капитал, стабилност во постоењето, ефикасно корпоративно управување и менаџмент, можност за експанзија, економија на обем, зголемена доверба од јавноста, општествена корист и дисперзиран ризик. Преку презентациите на тема: „Којa е законската регулатива што треба друштвото со ограничена одговорност да ја спроведе за да стане акционерско друштво?”, „Семејно управување”, „Правата и обврските на директорите”, „Што добиваат акционерските друштва кога се на берза?”, презентирани од страна на Комисијата за хратии од врендост, Македонската берза, Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), дел од групацијата на Светската банка и Институтот за директори, беше симулиран и практичен пример на преобразба на едно ДОО во АД. На работилницата се промовираше и Прирачникот за преобразба на друштво со ограничена одговорност во акционерско друштво, кој треба да им помогне на друштвата со ограничена одговорност при спроведувањето на постапката за преобразба во акционерско друштво. Даниела Михајловска Василевска


четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

Експертска расправа по Нацрт-акциониот план за обновливи извори на енергија

БИЗНИС ИНФО

11

ТРИБИНИ

ТРИ СЦЕНАРИЈА ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ЦЕЛИТЕ

На 16.10.2013 година во Стопанската комора на Македонија, во организација на Министерството за економија, се одржа експертска расправа по Нацрт-акциониот план за обновливи извори на енергија (ОИЕ). Oвој значаен документ, во делот на ОИЕ, произлегува како обврска од Законот за енергетика, а со цел реализација на Стратегијата за обновливите извори на енергија, се донесува за период од 10 години. Како извори при изработката на Акциониот план користени се: Стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија до 2030 година, Програмата за реализација на Стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија до 2030 година за периодот од 2013-2017 година, Стратегијата за искористување на ОИЕ до 2020 година, како и Одлуката на Министерскиот совет на ЕЗ ЈИЕ од 18 октомври 2012 година за имплементација на Директивата 2009/28/ЕС за промоција на користењето на обновливите извори на енергија. Акциониот план за ОИЕ ги дефинира мерките за унапредување на искористувањето на обновливите извори на енергија, а содржи и резиме на обновливите извори на енергија во Република Македонија, очекуваната бруто финална потрошувачка на електрична енергија, горива за транспорт, енергија за греење и ладење, притоа водејќи сметка за мерките за зголемување на енергетската ефикасност, зацртаните цели и годишната динамика на порастот на учеството на енергијата од обновливи извори во потрошувачката на енергија. Акциониот план ги содржи и мерките за остварување на зацртаните цели, приказ на релевантните политики и мерки за промоција на обновливите извори на енергија, специфични мерки за намалување на административните бариери, мерки за информирање и обуки и соодветен развој и усовршување на преносните и дистрибутивните системи, мерки за поддршка за производство на електричната енергија, за искористување за греење и ладење, транспорт и користење на биомасата, оценка на очекуваниот придонес на одделните обновливи извори на енергија заради постигнување на целите зацртани во Стратегијата за обновливи извори на енергија и др. За постигнување на зацртаните цели и постигнување на учеството на ОИЕ во вкупната финална потрошувачка на енергија во Република Македонија до 2020 година разработени се три сценарија:


БИЗНИС ИНФО

12

четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

ТРИБИНИ

- Сценариото „2020 S3 од Стратегијата за ОИЕ“, со кое се обезбедува учество на ОИЕ во финалната потрошувачка од 21,1%, е базирано врз основа на финалната потрошувачка на енергија според сценариото со засилени мерки на енергетска ефикасност од Стратегијата за развој на енергетиката на Република Македонија.

- Сценариото „2020 S3 оптимистичкото сценарио 2013 година“ се базира на сценариото со засилени мерки од Стратегијата за развој на енергетиката имајќи ги предвид податоците за потрошувачката на енергија од периодот 2009-2011 година. Во ова Сценарио во предвид е земена горната граница на податоците од Сценариото S3 од Стратегијата за обновливи извори на енергија со засилени мерки на енергетска ефикасност. Со користење на овие податоци, како максимални и оптимистички, може да се очекува учеството на ОИЕ да изнесува 25,2% во 2020 година. Сценариото „2020 ЕС CRES Study“, со кое се обезбедува учество на ОИЕ во финалната потрошувачка од 28,1%, кое произлегува од Сценариото „2020 S3 од Стратегијата за ОИЕ“ и се разликува во делот на искористувањето на биомасата. Стопанствениците и експертската јавност оценуваат дека акциониот план за ОИЕ е солидна основа за реализација на определбите за поголемо искористување на енергијата од обновливи извори и со тоа исполнување и на поставените цели во делот на ОИЕ. На состанокот поконкретно се дискутираше за учеството на биогоривата, можноста електричната енергија произведена од фотонапонски системи да може да се користи како за сопствени потреби така и вишокот да се пласира на мрежа, приклучувањето на обновливите извори на енергија, влијанието на приклучувањето на обновливите извори на енергија на мрежа и обезбедување на резервен капацитет, кумулативното влијание врз обновливите извори на енергија и друго. Перо Авакумовски Зорица Мешкова

Постојан избран суд - Арбитража Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија e постојана арбитражна институција основана согласно со Законот за стопанските комори и Статутот на Стопанската комора на Македонија. Арбитражата при Стопанската комора на Македонија е надлежна за решавање спорови за права со кои странките можат слободно да располагаат и за кои со закон не е пропишана исклучива надлежност на судовите на Република Македонија, доколку странките ја договорат нејзината надлежност. Контакт: М-р Татјана Штерјова; тел: +389 (02) 32 44 065; e-mail: tatjana@mchamber.mk


четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

БИЗНИС ИНФО

13

СООЧУВАЊЕ Здружение на хемиската индустрија

РАЗГРАНИЧУВАЊЕ НА НАДЛЕЖНОСТИТЕ НА ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА БЕЗБЕДНО УПРАВУВАЊЕ СО ХЕМИКАЛИИТЕ

Успешното управување со хемикалиите од аспект на примена и почитување на законската регулатива и обврските на субјектите во имплементација на Законот за хемикалии - беше темата на дискусија на претставниците на бизниссекторот со претставници на институциите, на седницата на Здружението на хемиската индустрија при Стопанската комора на Македонија (17.10.2013 година). На состанокот земаа учество членови на Управниот одбор на Здружението на хемиската индустрија, како и раководителот на Секторот за хемикалии во Бирото за лекови, раководителот на Санитарниот и здравствен инспекторат, претставници на Царинската управа на РМ, на Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот пазарен инспекторат, oвластени лаборатории, Земјоделскиот институт, Агенцијата за храна и ветеринарство, претставници на јавни здравствени установи и др. Претседателот на Здружението на хемиската индустрија, Зоран Костовски, поздравувајќи го учеството на членките и особено на големиот број претставници на институциите кои имаат надлежности во процесот на управување со хемикалиите истакна дека целта на состанокот е да се даде акцент на прашањата поврзани со разграничување на надлежностите на институциите во спроведување на обврските во управувањето со хемикалии и посебно на обврските од Законот кои се однесуваат на лабораториските испитувања на квалитетот на производите во смисла присуството на дозволените, односно забранетите хемикалии. Процесот на управување со хемикалии е целосно регулиран со Законот за хемикалии, но и со над 50 подзаконски акти кои произлегуваат од него, - истакна шефот за хемикалии во Бирото за лекови, м-р Лидија Савиќ. Станува збор за исклучително комплексна материја и интерсекторскиот приод и соработка се од голема важност за успешно, и што е особено значајно, безбедно управување со хемикалиите. Во дијалогот на претставниците на компаниите со претставниците на институциите беа посочени одредени прашања како: местото на акредитираните лаборатории од аспект на ефикасноста и роковите за хемиските анализи, отстранувањето на течниот лабораториски отпад, безбедносните листи при дистрибуција на хемикалии, обврските на субјектите за складирање на хемикалиите и сл. Оценувајќи ја како особено корисна оваа, трета по ред, средба на бизнис-секторот со претставниците на институциите на тема управување со хемикалиите, претседателот на Здружението, Зоран Костовски, истакна дека во рамките на Здружението ќе следат натамошни состаноци од ваков вид и во интерес на унапредување на процесот на менаџирање со хемикалиите ги повика претставниците на надлежните институции и натаму, сите релевантни информации и новини на оваа тема навремено, преку коморскиот систем, да ги достават до бизнис-секторот. Зорица Мешкова


БИЗНИС ИНФО

14

четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

СОРАБОТКА

БЛАГОДАРНИЦА ЗА ПОДДРШКА ДОДЕЛЕНА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Универзитет Американ колеџ Скопје

Стопанската комора на Македонија е добитник на Благодарница за поддршка на Универзитетот Американ колеџ Скопје (УАКС). На извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Јелисавета Георгиева наградата и ја врачи Марјан Бојаџиев, ректор на УАКС. Свеченото доделување на благодарниците на спонзорите и на поддржувачите на овој Универзитет беше извршено на Генералното собрание на деловниот совет на УАКС (16.10.2013 година). На свеченоста присуствуваше и амабасадор на САД во Македонија, Пол Волерс, како и претставници на македонски компании и институции. Од членките на Стопанската комора на Македонија, добитници на благодарници се и „Витаминка“ од Прилеп, Алфа банка и „Пакомак“. -Постојано се зголемува бројот на компании со кои Универзитетот Американ колеџ Скопје соработува.Досега таа бројка изнесува 150, а дури 80 отсто од компаниите истакнуваат дека студентите од овој Универзитет имаат совладано вештини кои се неопходни за извршување на нивните работни задачи.- истакна Илијанчо Гаговски, претседател на Деловниот совет на УАКС. Почнувајќи од септември годинава УАКС презема широки мерки за дизајн и спроведување широка палета на професионални обуки.Во тек е, според зборовите на Гаговски, дизајнот за неколку обуки од овој


четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

БИЗНИС ИНФО

15

СОСТОЈБИ

тип, базирани на потребите на пазарот, на барањата за пренесување вештини пред теоретски знаења, како и на се поизразената потреба во време на криза да се постигне поголем резултат во компаниите, а со помалку ресурси. Универзитетот Американ колеџ Скопје е значајна високообразовна институција во сверата на образованието во земјава, во научното истражување и професионалните образовни услуги.Веќе неколку години по ред, УАКС инвестира во развој на програми и курукулуми за професионалци, т.н. executive education. Првата обука во оваа свера беше во 2010 година на тема „Интерна ревизија“, а во ланската и во оваа година успешнмо се спроведуваше обуката „Електрометриско обликување на банкари“. Саво Пејчиновски


16

БИЗНИС ИНФО

МОЖНОСТИ

ПРОМОЦИЈА НА БИЗНИС-МОЖНОСТИТЕ ВО ДЕЛОТ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ОБНОВЛИВИТЕ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА

четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

Италијански проект на заедничко вложување и инвестиции на компании од Италија со компании од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора

Во рамките на Проектот „Еколошки технологии и обновливи извори на енергии на Балканскиот регион”, кофинансиран од страна на Министерството за економски развој на Република Италија (L.84/2001), на 14 и 15 октомври 2013 година, во Стопанската комора на Србија во Белград, се одржаа бизнис-средби меѓу италијански компании и компании од Балканскиот регион. Министерството за економски развој на Република Италија во соработка со стопанските комори на Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина им овозможија на италијанските и балканските компании директна средба и промоција на бизнис-можностите во делот на животната средина и обновливите извори на енергија со цел да се зголеми побарувачката и понудата за да се подобрат комерцијалните, истражувачките и развојните услуги, размената на знаење и искуства, заедничкото вложување, договори и инвестиции. Во рамките Проектот беше организирана Меѓународната конференција во Стопанската комора на Србија, поттикната од Владата на Република Италија и Министерството за економија (Законот 84), со цел да се поттикне размена на знаење, заедничко вложување, инвестиции и други форми на деловна соработка меѓу компании во Италија со компании од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија. -Италија е една од првите три трговски партнери на Србија во изминатите 20 години, - рече потпретседателот на Стопанската комора на Србија, Раша Ристивојевиќ на отворањето на конференцијата. Исто така, Ристивојевиќ истакна дека земјоделието, дрвната, текстилната и автомобилската индустрија се ветувачки сектори за идна соработка на Италија со Србија. Кај коридорите 10 и 11 и сите други патишта работите се во тек, а Ристивојевиќ изрази уверување дека наскоро Италија, Словенија, Хрватска и Србија треба да се поврзат со Турција. Од Турција, околу 3.000 камиони дневно поминуваат во Европа и ние би сакале тие да поминуваат и низ Србија, - истакна Ристивојевиќ. Исто така, Ристивојевиќ зборуваше за предностите на водење бизнис во слободните зони во Србија и нагласи дека истите обезбедуваат одлични бенефиции за странските инвеститори во соработка со државните и локалните власти, потсетувајќи ги дека веќе многу италијански компании работат на инвестирање во Србија. Ристивојевиќ истакна дека повеќе од 600 италијански компании работат во Србија, од кои дел инвестирале, а дел оперативно работат. Истакнувајќи ја важноста на енергетскиот сектор во Италија и на целата територија на Европската унија, претставникот на италијанското Министерство за економија Тицијан Векио, говореше за Законот 84, за правната рамка за помош за регионот од 2001 година. Преку Законот на слободни зони во Србија


четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

БИЗНИС ИНФО

17

МОЖНОСТИ со помош на два проекта се развиваат областите околу Крушевац и Нови Сад. Целта на Законот 84 е да се поддржи стабилноста и реконструкција на балканските земји до нивното пристапување кон ЕУ, - рече Векио и изрази уверување дека преговорите за членство на Србија е можно да започнат во јануари 2014 година. Векио потсети на големите италијански инвестиции во енергетскиот сектор на Србија или заедничко вложување со ЕПС, вклучувајќи ја реконструкцијата на Колубара Б во 2011 година. Претставникот на Министерството за енергетика, развој и животна средина Тања Стојановиќ, зборуваше за српската легислатива во областа на обновливи извори на енергија и потсети на јавната расправа за новиот развој на енергетиката и за Стратегијата до 2025 година. Националниот акционен план предвидува остварување на обновливи извори на енергија во вкупното производство од 27 отсто, што е изводливо, бидејќи само 35 проценти се користат од потенцијалните 5,6 милиони тони еквивалент на нафта, - рече Тања Стојановиќ, додавајќи дека најголем потенцијал во Србија е во биомасата и хидроцентралите. Меѓународната конференција беше посетена од голем број на бизнисмени и претставници на институции, Агенцијата на Стопанската комора на Фиренца Метрополи, Агенцијата Ариес (Стопанска комора на Трст) и Промос (Стопанска комора на Милано), Агенцијата за регионален развој за централна Босна - РЕЗ, Асоцијацијата за развој на североисточниот регион на Босна и Херцеговина - НЕРДА, Стопанска комора на Црна Гора и Стопанската комора на Македонија. Исто така, учествуваа претставници од Глобалната мрежата (Конзорциумот на италијански стопански комори од Рим) и Италијанскиот институт за надворешна трговија. Во организација на Стопанската комора на Македонија од Македонија присуствуваа претставници од ЕЛЕМ, ФЕРО ИНВЕСТ, ЕВН, ГЕИНГ и од МАРТИК ИНЖЕНЕРИНГ: 1. Љубомир Петковски, ГЕИНГ КРЕБС И КИФЕР ИНТЕРНЕШНЛ; 2. Хрисанти Ангеловска, ЕВН МАКЕДОНИЈА; 3. Игор Илијовски, ЕЛЕМ - Електрани на Македонија; 4. Тодор Анѓушев, ФЕРО ИНВЕСТ; 5. Никола Гравчев, ФЕРО ИНВЕСТ и 6. Сашо Младенов, МАРТИК ИНЖЕНЕРИНГ. Видови соработка кои би можеле да произлезат од деловните средби: • • • • • •

извоз/увоз на производи и технологии поврзани со снабдување, услуги и инженеринг од делот на обновливите извори на енергија; извоз или увоз на услуги, технологии и материјали; соработка и склучување договори за специфични технологии и компоненти; договори за опрема и производни линии; практично знаење за преработувачката индустрија; заедничко вложување, договори за делокализација и други видови на договори. Ирена Мојсовска


18

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

ПОКРОВИТЕЛИ

СМЕДЕРЕВКА - РКАЦИТЕЛИ И ВРАНЕЦ – МЕРЛОТ ГО ОСВОЈУВААТ ПАЗАРОТ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Вината на „Тиквеш“ во маркетите на „Marks and Spencer“

Вината на „Тиквеш“ Смедеревка - Ркацители и Вранец - Мерлот се веќе во продажба во 156 продажни места на познатиот синџир маркети „Marks and Spencer“, а се продаваат во високиот ценовен сегмент, што е дополнителна потврда за квалитетот на вината. Првата пратка за Велика Британија ВВ „Тиквеш“ ја реализираше во септември, а вината се најдоа на полиците во „Marks and Spencer” во текот на овој месец. Се очекува во следниот период да следи и нова пратка. За пласманот на вината на „Тиквеш“ во познатиот трговски синџир „Marks and Spencer“ во Велика Британија, пишуваше и водечкиот британски весник „The Times“. Во текстот под наслов „Alexander the grеate invades M&S“ авторот на текстот правејќи асоцијација на Македонија, пишува за производствотo на вино во Македонија, потенцирајќи ја долгата традиција на производство на вино уште од античко време. Приоритет на „Тиквеш“ како водечка винарница во регионот е да обезбеди пласман на своите вина на најпрестижните пазари. ВВ „Тиквеш“ пласира повеќе од 60 отсто од вкупното производство на вина на странските пазари. Освен на пазарите во регионот, вината на „Тиквеш“ се продаваат и на американскиот и на пазарот во Европа. Во завршна фаза се и подготовките за пробив на пазарот во Кина. Користењето на најдоброто светско знаење и искуство, софистицираната технологија, континуираните инвестиции и промоција, придонесоа за значително зголемување на извозот на вината на „Тиквеш“ на висококонкурентни пазари, какви што се пазарите во Велика Британија, САД и скандинавските земји. Само во текот на оваа година вината на „Тиквеш“ на престижни меѓународни натпревари освоија над 40 високи награди и призанија. Како резултат на зголемениот извоз, ВВ „Тиквеш“ годинава откупи за 50 отсто повеќе грозје во однос на лани, односно 25.000 килограми грозје. Со капацитет од над 35 милиони литри за производство и складирање на вино, ВВ „Тиквеш“ е една од најголемите винарници во Југоисточна Европа. Просечното годишно производство изнесува околу 15 милиони литри. (Соопштение на „Тиквеш“)


БИЗНИС ИНФО Семинар

„ПАН-ЕВРО-МЕД КОНВЕНЦИЈА” 29 октомври 2013 година, Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат, 9:00 часот

Согласно усвоената Програма на заедничкиот партнерски проект ЦЕФТА-ДИХК, Стопанската комора на Македонија организира семинар на тема: „ПАН-ЕВРОМЕД Конвенција”. Следствено на проектните активности, целта за организирање на ваков вид на семинар е да се подготват компаниите како подобро да ја разберат функционалноста на Пан-Евро-Мед повластената зона, користењето на преференцијално потекло, во функција на зголемување на конкурентноста на странските пазари, поголем профит и унапредување на своите деловни активности. Предавањето ќе се реализира од страна на германскиот експерт, господин Френк Гроскопф, од FTC GmbH (Foreign Trade Consult). Семинарот е од особена важност за сите компании во Р. Македонија кои се извозно / увозно ориентирани, бидејќи сите протоколи за правилата за потекло на стоките во рамки на договорите за слободна трговија (ЕУ, ЦЕФТА, ЕФТА и Турција) ќе бидат заменети со единствен протокол – Правила за потекло на стоки согласно Регионална конвенција за Пан-еуро-мед преференцијални правила за потекло. Сите учесници кои навреме ќе го пријават своето учество ќе добијат и соодветен работен материјал. За цело времетраење на семинарот обезбеден е превод на македонски јазик. Пријавување до 25.10.2013 година.

Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: ++ 389 2 3244034 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: biljana@mchamber.mk

Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk


20

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО „Енергетска ефикасност во земјоделство во согласност со постојното Упатството за енергетска ефикасност,производство и користење на енергија од обновливи извори во земјоделството“ 30.10.2013 година (вторник) 10:00 – 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала4 на V кат Стопанска комора на Македонија во соработка со Агенцијата за енергетика на Република Македонија и Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој (ЦеПроСАРД) го организира овој серминар. На семинарот ќе бидат опфатени следните работни сесии: - Значењето на ЕЕ и примената на ОИЕ во стопанството поконкретно во земјоделскиот сектор; - Воведување во содржината на Упатството за енергетска ефикасност, производство и користење на енергија од обновливи извори во земјоделството со цел учесниците да бидат подетално запознаени со активностите за заштеда на енергија во секторот земјоделство; - Детална презентација на можностите за подобрување на ЕЕ и користење на ОИЕ во растително и сточарското земјоделско производство; - Детална презентација на можностите за подобрување на ЕЕ и користење на ОИЕ во преработката на производи од растително и анимално потекло; - Можности за проценка на енергетска ефикасност. Предавач: м-р Марина Филиповска, докторант при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Факултет за земјоделски науки и храна во Скопје, Институт по агроекономика. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот Рок за пријавување: 27 октомври 2013 година.

Симона Ристоска Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: simona@mchamber.mk

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

,,ПРИЈАВУВАЊЕ/ОДЈАВУВАЊЕ ВО ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ (M1/M2) И ИЗДАВАЊЕТО НА РАБОТНИ ДОЗВОЛИ ЗА СТРАНЦИ” (правна регулатива и практична примена) 30.10.2013 година, 09:30-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

Програма: -Обезбедување на потребата од работници -Оглас - пријава за потреба од работници (ППР) -Пријавување во задолжително социјално осигурување (М1) (правна регулатива) -Одјавување од задолжително социјално осигурување (М2) (правна регулатива) -Практична примена на одредбите за пријавување/одјавување од задолжително социјално осигурување (М1/М2) и потребни документи -Пријавување/одјавување од задолжително социјално осигурување по електронски пат (електронско М1/М2) -Издавање работни дозволи за вработување на странци (правна регулатива) -Издавање работни дозволи за вработување на странци (потребни документи и чекори на постапката) Предавачи: - Весна Пешова, раководител на Секторот за човечки ресурси, правни и персонално-административни работи во Агенцијата за вработување на Република Македонија; - Силвана Трајковска, раководител на Секторот за информатика во Агенцијата за вработување на Република Македонија; - Наташа Костадиновска, советник за вработување на странци и државјани на РМ во странство во Агенцијата за вработување на Република Македонија; - Јадранка Стојчевска, соработник за услуги за поддршка за вработување во Центарот за вработување на град Скопје. Пријавување до 25 октомври 2013 година. Симона Ристоска Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: simona@mchamber.mk

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


22

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

„ИЗМЕНИ ВО ЗАКОН ЗА ДОБИВКА – НОВ ПРАВИЛНИК ЗА НОРМИРАНИ ИЗНОС НА КАЛО, РАСТУР, КРШ И РАСИПУВАЊЕ”

*Анализа на Правилникот за утврдување на дозволената висина на кало, растур, крш и расипување, над нормираните износи *Концепт на оданочување на непризнаени расходи и помалку искажани приходи 5.11.2013 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат ПРОГРАМА - Измени и дополнување во Закон за данокот на добивка Правилник за нормирани износи на кало, растур, крш и расипување 1. Измени и дополнување во Закон за данокот на добивка во делот на оданочиви расходи и помалку искажани приходи - Вовед - Објаснување на содржината на одредбите од Предлогзаконот - Последици што ќе произлезат од предложените законски решенија 2. Целисходноста за дополнување на Законот за добивка и донесување на правилник за утврдување на дозоволената висина на кало, растур, крш и расипување, над нормираните износи утврдени за соодветната гранка - Придобивки на стопанските гранки од нормираните износи на кало, растур, крш и расипување, на одредени стоки - Признавањето на расходи врз основа на нормираните износи на кало, растур, крш и расипување 3. Правилник за утврдување на дозоволената висина на кало, растур, крш и расипување, над нормираните износи утврдени за соодветната гранка * Утврдени нормативите за дозволената висина на кало и растур на поодделни стоки во трговијата, во индустријата за: - сточна храна; - производите од житарки и брашно; - на поодделни стоки во угостителството; - градежништвото; - производството и преработката на тутун; - во производството на бои и лакови и -во производството на одделни производи од прехранбената индустрија. 4. Анализа на Правилникот за утврдување на дозоволената висина на кало, растур, крш и расипување, над нормираните износи - Компарација со досегашниот правилник за нормираните

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

износи - Норми кои се сметаат за расходи при нормално постапување со стоката - Нормирани износи на кало, растур, крш и расипување 4.1 Компарација меѓу стариот и новиот правилник за нормирани износи - Правилник („Службен весник на РМ“, бр.81 од 1947); - нов правилник; - компарација. 5. Концепт на оданочување на непризнаени расходи и помалку искажани приходи 5.1. Оданочиви расходи и помалку искажани приходи - Вовед - Анализа на оданочиви расходи и помалку искажани приходи 5.2. Расходи и помалку искажани приходи од поврзани субјекти - Вовед - Анализа на расходи и помалку искажани приходи од поврзани субјекти 6. Заклучоци Предавачи: 1. Доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE; автор на книгата „Даночните затајувања како форма на економскиот криминал во Република Македонија”; автор на книгата „Ерозија на јавните финансии“. 2. Доц. д-р Александар Костадиновски, - лиценциран вештак, овластен проценител на капиталот на трговски друштва, дипломира и магистрира на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, на департманот Сметководство и ревизија. Докторската дисертација ја одбранува во 2009 година, на истиот факултет., професор на Економски факултет „Гоце Делчев“ – Штип. Пријавување до 4 ноември 2013 година.

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Oд 6 до 9 ноември 2013 година во Р. Бугарија

ШЕСТ САЕМСКИ МАНИФЕСТАЦИИ ВО СОФИЈА

- 13-та саемска манифестација за хотелска и ресторанска опрема „SIHRE“ - 12-та саемска манифестација за храна, пијалаци, пакување, машини и технологија „INTERFOOD & DRINK“ - 20-та саемска манифестација за месна индустрија „MEATMANIA“ - 10-та саемска манифестација за млеко и млечни производи „THE WORLD OF MILK“ - 20-та саемска манифестација за пекарска и кондиторска индустрија „BULPEK“ - 13-та саемска манифестација за вино и алкохолни пијалаци „SALON DE VIN“ Стопанската комора на Македонија во соработка со Саемот Интер Експо Центар, организираат посети на специјализираните изложби за хотелска и ресторанска опрема, за храна, пијалаци, пакување, машини и технологија, за месна индустрија, за млеко и млечни производи, за пекарска и кондиторска индустрија, како и за вино и алхохолни пијалаци, што ќе се одржат во периодот од 6 - 9 ноември 2013 година во Софија, Р. Бугарија. Во 2012 година настаните уживаа голема посетеност од посетители од централна и Југоисточна Европа, Грција, Турција, Србија, Македонија, Романија, Кипар, Италија, Германија, Франција, Австрија, Шпанија, Чешка, Русија, Полска, Белгија, Унгарија, Украина, како и од земјите од Блискиот Исток. Во делот на 13-та саемска манифестација за хотелска и ресторанска опрема „SIHRE 2013“, интересот за посета ќе го најдат голем број сопственици и менаџери на хотелски синџири, мотели, угостителски компании, ресторани, пицерии ресторани, кафулиња и клубови, СПА и wellness центри, архитекти, дизајнери, инвеститори, чии интереси се насочени кон туризам, угостителство и услуги. Главни сектори на „SIHRE 2013“: • професионална кујна, бар, слатки, угостителска и трговска опрема; • хотелска и ресторанска опрема; • санитарно-хигиенска опрема и потрошен материјал; • фитнес и спа-опрема; • професионално чистење, машини за перење и за пеглање; • внатрешнен дизајн, пејзаж, архитектура и уредување на градини; • спортски терени и игралишта; • системи за безбедност и специјализиран софтвер; • работна облека и униформа. Во делот на 12-та саемска манифестација за храна, пијалаци, пакување, машини и технологија „INTERFOOD & DRINK“, како една од најзначајните национални и балкански професионални изложби на прехранбената индустрија, меѓународни компании и експерти од секторот на годишно ниво би можеле да ги видат новините во делот на производството на храна, пакување, технологии Профил на „INTERFOOD & DRINK“: • храна - слатки и чоколадни производи, растителни масла, маслинки и маслиново масло, конзервирана храна и готова храна, џемови, зачини, суво овошје, ореви, житарки и мешунки, сладолед, свежо овошје и зеленчук, мед и др. Производи; • пијалаци - чај, кафе, инстант пијалаци, минерални и изворски води, сокови, пијалаци врз основа на свеж сок, млечни алтернативи, итн.; • прехранбени адитиви, ароми, емулзии, стабилизатори, ароми,состојки, итн.; • машини и технологии за производство и преработка, професионална опрема за чистење, машини за пакување, системи за прочистување и третман на вода за пиење, за прочистување на природните, преработени и отпадните води, итн.; • опрема за складирање, полици, системи и внатрешни логистички решенија; • пакување - пластични гајби, кутии, палети, амбалажа, кеси, лепила, итн.; • специјализирани возила и машини. Специјалните изложби „БИОЗОНА и ФИТНЕС ЗОНА“ ќе се одржат четврта година по ред во партнерство со Бугарската асоцијација за органски производи и Бугарската органско-трговска асоцијација, и овој пат исклучиво се посветени на артикли само од органско производство со врвен квалитет: • храна; • пијалаци; • производи за бебиња и за деца; • козметика; • етерични масла; • Билки и зачини; • хигиенски потрошни атеријали; • ткаенини и облека; • мебел и додатоци; • диетална храна и пијалаци; • производи за дијабетичари; • додатоци во исхраната; • енергетски пијалаци; • храна и пијалаци за фитнес-програма и др. Во делот на 20-та саемска манифестација за месна индустрија „MEATMANIA“, која ќе се одржи под мотото „20 години на индивидуален стил” уште една година привлече бугарски и странски компании: производители, увозници и трговци на мало на месо и месни производи, машини и опрема, иновативни технологии, адитиви, машини за пакување, амбалажа, специјализирани возила, индустриски ѕидни облоги, потрошен материјал и др.

Профил на изложбата: • месо и месни производи; • деликатеси; • адитиви; • машини, опрема и технологии; • опрема за ладење; • пакување; • потрошен материјал; • специјализирани транспортни возила и др. На 10-та саемска манифестација за млеко и млечни производи „THE WORLD OF MILK“, која е голема специјализирана изложба на бугарската млечна индустрија, организирана од страна на Агенцијата „Булгарреклама“, во соработка со Здружението на млечни производи во Бугарија и Националната асоцијација на млеко, ќе учествуваат бугарски и странски производители на висококвалитетни млечни производи и специјализирана опрема, презентирање на предностите и квалитетите на последните секторски новитети. На 10-то издание се очекува повторно да се привлече вниманието на врвните увозници, дистрибутери и трговците на големо, покажувајќи квалитетни производи во следните групи: • млеко и млечни производи; • машини, опрема, технологии; • пакување; • специјализирана лабораториска опрема; • опрема за ладење; • специјализиран софтвер; • адитиви; • специјализирани возила; • резерви; • специјализирани транспортни возила и др. 20-та саемска манифестација за пекарска и кондиторска индустрија „BULPEK“ е единствената изложба за пекарство и кондиторска индустрија во Бугарија, организирана од страна на Федерацијата на лебопроизводителите и слаткари во Бугарија. Добро признатите традиционални и нови компании ќе покажат комплетни решенија за целиот циклус на производство на леб и кондиторски производи - од подготвување до пакување на крајните производи и атрактивна комерцијална презентација. Профил на „BULPEK“: • леб и пекарски производи; • производство на слаткарски производи; • состојки; • машини, опрема и ехнологии; • опрема за ладење; • специјализирана лабораториска опрема; • пакување; • материјали; • специјализирани возила; • специјализирана литература и др. На 13-та саемска манифестација за вино и алкохолни пијалаци „SALON DE VIN“, експерти и познавачи ќе ја искористат можноста да се запознаат и да вкусат вино и алкохолни пијалаци со највисока оценка, да видат презентации на нови селекции и брендови на уникатен вкус и арома, како и да се воспостават нови бизнис-партнерства. Енолозите и познавачите можат повторно да уживаат во традиционалните експонати на егзотични вина од Аргентина, Јужна Африка, Италија и од други земји. На претстојното издание, се очекува изложбата да привлече голем број бугарски и странски признати винарници, дистрибутери и трговци на мало, како и да се видат следниве производи: • најквалитетни вина; • нови селекции и брендови со уникатен вкус; • бутик вино – серија; • производи од грозје; • машини за миење садови и др. Обезбедени се: - бесплатни влезници за Саемот; - бесплатни каталози со комплетно портфолио на изложувачите; - деловни средби со изложувачите на барање на компанијата која ќе се пријави за посета на саемската манифестација; - пречек од страна на менаџментот на организаторите на саемската манифестација. Посетителот ги покриваат патните тошоци во износ од 8.300.00 денари за сместување во двокреветна соба по лице, додека за сместување во еднокреветна соба цената изнесува 9.850.00 денари. Во цената е вклучено: 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*; автобуски превоз; трансфери од хотел до саем и обратно. Доколку посетителот користи сопствен превоз, цената се намалува за 25 евра по лице. Понудата важи за група од минимум 10 патници. Исто така, посетителот ги покрива и административните трошоци кон организаторот – Комората (2.950 денари по лице - за членки на Комората, а 5.900 денари по лице - за нечленки на Комората). За повеќе информации посетете го сајтот: http://iec.bg/en/events

Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: natasa@mchamber.mk


24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Советување

„РИЗИЦИ КОИ НАСТАНУВААТ И COST BENEFIT АНАЛИЗА ПРИ ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИ ОД НАДВОРЕШНИ ПАРТНЕРИ (OUTSOURCING)“ (In house наспроти outsourcing) 7 – 9 ноември 2013 година (четврток-сабота) Сместување: Хотел „Парк” - Белград / www.hotelparkbeograd.rs Место на одржување: Центар за едукација при Стопанската комора на Србија, Улица Рeсaвска бр.13-15, Белград ПРОГРАМА ЗА СЕМИНАРОТ: „Ризици кои настануваат и cost benefit анализа при донесување на одлука за користење на услуги од надворешни партнери (Outsourcing)“ • Историјата на outsourcing; - развој на outsourcing - стратегии со текот на времето; • европската регулатива; - outsourcing во финансиски институции. • Процесот на донесување одлука за outsourcing: -почеток на постапката за outsourcing; -дефиниција на бараниот сервис; -одлука за outsourcing. • Проценка на ризик и / стапици SLA outsourcing; - како да се проценат ризиците; - материјалност / важност на outsourcing – активности; - модели на проценка на ризик; - нивоа на договори за услуги; - начини, рокови и услови на договорот. • Оutsourcing - процес и методологија; -проектен пристап кон донесувањето на одлука за outsourcing. • Зошто outsourcing? - Добрите и лошите страни на outsourcing. • Иднината на outsourcing. Предавач: Драженка Гребенар, Дипломирала на Правниот факултет во Загреб, а специјализирала екомомија и менаџмент во Загреб. Прво вработување и` е на Правниот факултет во Загреб, потоа во Училиште за странски јазици од каде црпи одлични презентерски вештини. Својот работен век го продолжува во Raiffeisenbank Austria – Загреб, како раководител во правен сектор. Од 2005 работи во Ereste&Steiermarkische bank во Секторот за управување со ризици, а од 2008 година во Загребачка банка како раководител во Секторот за управување со ризици и од 2009 работи во Партнер банка - Загреб како советник на раководството за правни работи. Има 14 години работно искуство од кои 7 години работа на управување со ризици, конкретно оперативни ризици и ризик

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

на усогласеност на работењето. Од 2008 година e активeн регионалeн предавач во Хрватска на тема за оперативен ризик, ризик од outsourcing.и усогласеност на работењето. Има одржано низа семинари и тренинзи. Работен јазик на семинарот: хрватски. Семинарот ќе се одржи во Центарот за едукација при Стопанската комора на Србија., улица Ресавска бр.13-15 • Цена на аранжманот во двокреветна соба изнесува 8.800 денари. За аранжман во еднокреветна соба се доплатува 2.000 денари и изнесува 10.800 денари. • Котизација за дводневниот семинар изнесува 9.428,00 денари (7.990,00 денари + ДДВ). Во цената на аранжманот вклучено е: • превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје - Белград - Скопје (тргнување на 7 ноември 2013 година во 6:00 часот и враќање на 9 ноември 2013 година во попладневните часови); • Коктел за добредојде; • 1 Ручек во Центарот за едукација за времетраење на семинарот; • Кафе паузa за време на семинарот • 2 ноќевања со појадок во хотел „Парк“ / www.hotelparkbeograd.rs; • организација на патувањето. Во цената на аранжманот не е вклучено: • патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци. Напомена: - минимален број за реализирање на ова советување е 18 учесници; - доколку го откажете Вашето учество на советувањето после 30 октомври 2013 година, уплатените средства не Ви се враќаат. Рок за пријавување: 29 октомври 2013 година. Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

„ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА НОВИОТ КАПИТАЛЕН СТАНДАРД SOVENCY II И ORSA ВО СИСТЕМОТ ЗА ИНТЕГРИРАНО УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИТЕ ВО ОСИГУРИТЕЛНИТЕ КОМПАНИИ“ 14.11.2013 година (четврток) 9:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала1, на 5-ти кат

ПРОГРАМА: • Продолжување на регулаторскиот бран – хетерогеност на стадарди на капитални и ликвидни адекватности во финансиската индустрија како една од причините за криза; - Примери AIG; - Европски капитален стандард – од Базел II/CDR до Solvency-a II; • Биланси на осигурителните друштва по имплементацијата на Solvency II стандард: - вреднување на ставките актива и пасива; - концептуална основа на капиталните стандарди – стандардна формула и интерни модели; - последни случувања и очекуван временски распоред за воведување на стандардите; - како да се издвојат важните елементи на стандардите; • Воспоставување на рамка за управување со ризик во друштвата за осигурување; - промени во сфаќањето на концептот на ризик во осигурителната индустрија; - анализа на процеси, процедури, организација, систем и компетенции; - меки и тврди компоненти на рамката – од инфраструктура до лидер во управување со ризик; - од исполнување регулаторни стандарди до систем за управување со капитал, ликвидност и ризици – како начелата на надзор ќе ги преобликуваат интерните пракси во управувањето со ризици; - разјаснување на ORSA–теоријата и праксата кои воспоставуваат рамка за интегрирано управување со ризиците, принцип на пропорционалност, категоризација и приоритет; - распоред на одговорност и организација на работење по имплементација на SII стандарди; - управување со ризици и контрола на ризик – долгиот пат од воспоставување на интерни системски одговори на прекумерните побарувања за известување до вистинско управување со ризици; - CRO – новиот лик во градот и дали знае некој што овој човек работи; - го имате ли она што се бара – компетенции кои треба да ги поседува менаџер за управување со ризик во осигурувањето. ПРЕДАВАЧ: Стјепан Аниќ од Република Хрватска, реномиран регионален стручњак од областа на управувањето со ризици во финансиски институции и предавач со долгогодишно искуство во земјата и во странство. Во Erste & Steiermärkische банка работел како проект-менаџер на Базел II и како директор на Дирекцијата за квантитативни истражувања. Во Кредитна банка - Загреб ја извршувал функцијата член на управа надлежна за управување со ризици и контролни функции на банката, а моментално во Централна банка - Загреб ја извршува функцијата прокурист и извршен советник на управа надлежна за управување со ризици и контролни функции. Работен јазик на семинарот: хрватски. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: • работен материјал; • ручeк и освежување; • сертификат за присуство на семинарот. Рок за пријавување: 11 ноември 2013 година

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


bsi.

ISO 9001

БИЗНИС ИНФО

Quality Management

FS 549642

M

A

D CE ON

IA

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

EconomicECONOMIC ChamberCHAMBER of Macedonia M M

A II A

AA

OF MACEDONIA

D CE ON

Excellent

Small & Medium Enterprises

Excellent

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Што претставува сертификатот Excellent SME? Сертификат Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење кој го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE , за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија.

A

M

IA

IA

M

A

Главната цел на сертификатот, која се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната EDON C транспарентност. Исто така, тој ќе D CE ON им помогне на клиентите и бизниспартнерите да го намалат финансискиот Small & Medium Enterprises и другите ризици кога склучуваат ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA деловни договори.

Exce

Excellent

Small & Medi

Excellent Economic Chamber of Macedo Small & Medium Enterprises AA

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA EDO M M

M

D CE ON

C

N

A II A

Т: (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W: excellent-sme.mchamber.mk

IA

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

A

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса, и најважното – бонитет на компанијата. ECONOMIC CHAM

Excellen

Small & Medium Enterpr

ECONOMIC CHAMBER OF MACED


четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Дводневен семинар

„ ОПТИМИЗАЦИЈА НА КРЕДИТНИОТ ПРОЦЕС ВО ВРЕМЕ НА КРИЗА (ВО RETAIL, MSE-SME И CORPORATE BANKING)“ 15-16.11.2013 година (петок-сабота) 9:00 – 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала1, на 5-ти кат

ПРОГРАМА: Прв ден – Оптимизација на кредитниот процес во Retail • Вовед во (традиционален) кредитен процес – Функција на кредитниот процес – Кредитен процес во работењето со граѓаните-стандарсизација Стандардни етапи на кредитниот процес – Дијаграм – Организација на кредитното работење – спречување на судир на интереси • Оптимизација и аутоматизација на одделни фази – Инфраструктура на податоци – мандаторни и опционални податоци – Кредитно одлучување врз основа на проценка на кредитниот квалитет, – Матрица на надлежности – проток контрола – Управување со колатерали – од проценка на адекватност до документациски работи, – Процес на наплата –од„soft collection-a“,преку „work-out-a“ до литигација. – Екстернализација на делот на наплатата. – Процес на резервирања за кредитни загуби. • Надзор над кредитното портфолијо? – Интерно известување - Рано откривање на зголемен ризик • Вовед во управување со кредитни производи – Спецификација на кредитните услови – баланс на продажниот и риск менажерскиот поглед – Каталог на производи – два типа Втор ден –Оптимизација на кредитниот процес во мали и средни претпријатија и Corporate сегментот • Кредитен процес врзан за работење со правни лица • Сегментација на портфелија – каде да воспоставите граница Retail и Corporatea • Кредитен процес во работењето со компаниите –лимити на стандардизација • Пат од пасивно кон активно кредитирање на компании– од канцеларија до терен • Соединување на деловна и стратегија на управување со ризици • Оперативен модел за спроведување политика на кредитирање во време на криза • Стандардни етапи на кредитниот процес • Дијаграм на текот – најчести недостатоци во кредитниот процес во работењето со правни лица • Организација на кредитното работење- спречување судир на

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

интереси Оптимизација на кредитниот процес по фази Достапност и квалитет на податоците – биланс на можности и потреба на институцијата • Вовед во управување со кредитна документација, кредитно одлучување засновано на проценка на кредитниот ризик – како да се биде конзистентен и флексибилен во исто време • Управување со колатерала • Матрица на надлежности и управување со исклучоци • Процес на наплата – криза причинета од воведување на “loan rehabilitation” функција и напуштање на традиционалниот (пасивен) “work-out” • Процес за резервирање на кредитни загуби – „мал“ и „голем“портфејл • Надзор над кредитен портфејл • Состав на интерното известување – оперативно и стратешко • Рано откривање на зголемениот кредитен ризик („early-warning“) • Состави на лимити и мориторинг на кредитни конференции • Вовед во управување со кредитни производи • Спецификација на кредитни услови и потребна документација • Флексибилни каталози на производи • Животниот тек на кредитните производи – од инерција до разбирање и „креирање“на кредитни побарувања • Комптенцијска оптимизација-дали имате се што е потребно? ПРЕДАВАЧ: Стјепан Аниќ од Република Хрватска, реномиран регионален стручњак од областа на управувањето со ризици во финансиски институции и предавач со долгогодишно искуство во земјата и во странство . Во Erste & Steiermärkische банка работел како проект-менаџер на Базел II и како директор на Дирекцијата за квантитативни истражувања. Во Кредитна банка - Загреб ја извршувал функцијата член на управа надлежна за управување со ризици и контролни функции на банката, а моментално во Централна банка - Загреб ја извршува функцијата прокурист и извршен советник на управа надлежна за управување со ризици и контролни функции. • •

Работен јазик на семинарот: хрватски. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: • работен материјал; • ручeк и освежување; • сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 11 ноември 2013 година Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


28

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 14 и 15 ноември 2013 година бизнис - форум и средби во Виена, Австрија

“ИКТ НОВ РАЗВОЈ ВО ИНФОРМАТИЧКАТА И КОМУНИКАЦИСКАТА ТЕХНОЛОГИЈА” Enterprise Europe Network и Здружението на информатичко комуникациските технологии при Стопанската комора на Македонија организира учество на ЕЕН-настан “ИКТ - нов развој во информатичката и комуникациската технологија” во рамките на стратегијата на Дунавскиот регион. Настанот ќе се одржи од 14-15 ноември 2013 година во просториите на Стопанската комора на Австрија во Виена и во Линц. Секторите кои ќе бидат застапени на Меѓународните деловни средби се: • • • •

Информатичко комуникациски технологии (ИКТ) Е-здравство Е-фактурирање Е-влада

Учеството на Меѓународните деловни средби е бесплатно. На следниот линк: http://www.b2match.eu/danuberegionbusinessforum2013 , имате повеќе детали за настанот, за дневниот ред, а исто така и можете пријавите на средбите.

Меѓународни деловни средби на Саемот за претприемаштво, Р. Србија

,,БИЗНИС БАЗА 2013“, во Белград

Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија организира учество на Меѓународните деловни средби на 27 ноември 2013 година во Белград, Република Србија. Настанот се организира во рамките на Меѓународниот саем за претприемништво „БИЗНИС БАЗА 2013“, што ќе се одржи од 27-29 ноември 2013 година, во хала 1 во Белградскиот саем. Секторите кои ќе бидат застапени на меѓународните деловни средби се: • градежништво и градежни материјали; • дрвна индустрија; • електроиндустрија и материјали; • метална индустрија; • рециклирање и обновливи извори на енергија и • механички инженеринг. Организацијата на настанот има за цел да иницира бизнис и технолшка соработка во продажбата и дистрибуцијата, лиценцните договори, заедничките вложувања, трговските договори со техничка поддршка. Вашата корист од учеството е: • идентификација на потенцијалните партнери пред регистрацијата за да се обезбеди посакуваната дискусија; • можност директно да се сретнете со потенцијалните партнери во текот на одржувањето на Саемот, за да разговарате за можната потенцијална соработка за комерцијално, технолошко и/или истражувачко партнерство; • помош од ЕЕН службениците за време на настанот.

Учеството на меѓународните деловни средби е бесплатно. Можете да се пријавите наследниот линк: http://bb2013.talkb2b.net Лазо Ангелевски Ph: ++ 389 2 3244090 Fax: ++ 389 2 3244088 E-адреса: laze@mchamber.mk Web: www.mchamber.mk


четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 14 до 16 ноември 2013 година посета на две сдаемски манифестации во Анталија, Република Турција

ЗДРАВСТВЕН И СПОРТСКИ ТУРИЗАМ *Посета на 5. Инернационална саемска манифестација за здравствен туризам, Spa & Wellness, таласо, топлински и медицински иновации – „Аnfas Hetex 2013“, во Анталија, Република Турција и 2. саемска манифестација за спортски туризам Стопанската комора на Македонија во соработка со „Anfas Fair Management & Invesment Inc“ организира посета на Саемот со одлични бенефиции за компаниите кои сакаат да го посетат овој настан. Во 2013 година, „Anfas Hetex“ саемската манифестација планира фокусот да биде насочен кон потенцијалните клиенти директно инволвирани во овие дејности, како што се болниците, топлинските капацитети, Spa & Wellness об��ектите, хотелите, рекреативните центри, установи за геријатрија, туристичките агенции, центрите за естетска убавина и фитнес, осигурителни компании, претставници на медицински материјали и опрема, приватни медицински установи. На оваа изложба се очекуваат 10.000 професионални посетители кои ќе имаат можност да видат производи и услуги на 10.000 м2 изложбен простор. Во истиот период „Anfas Fair Management & Invesment Inc“ одржува и 2. саемска манифестација за спортски туризам наменета за хотели со спортски комплекси, спортски агенции, национални меѓународни спортски клубови, спортски центри, спортски организации, спортски федерации, спортски агенти, спортски медиуми, добавувачи на спортска опрема и др. Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Anfas Fair Management & Invesment Inc“ – Анталија, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 14 - 16 ноември 2013 година, со авионски превоз и алтернативно во сопствена режија, по избор на компаниите. Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4*или 5*); - локален трансфер (од аеродром до хотел и од хотел до саемскиот комплекс) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари за нечленки на Комората по лице). Пријавување до 25.10.2013 година.

За подетални информации посетете ги веб старните: www.anfashetex.com и www.anfassporturkey.com.

Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Моб. 070/295-439 E-адреса: natasa@mchamber.mk

Лазо Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


30

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 14 до 16 ноември 2013 година во Република Турција

„COMVEX ISTANBUL 2013“ и „LOGIST EURASIA 2013“ Саемот се одржува во соработка со Автомобилската асоцијација, Асоцијацијата на тешки комерцијални возила, Здружението за автомобилски делови и др. На Саемот „COMVEX ISTANBUL 2013“ посетителите ќе може да го видат: - возила за превоз на патници (автобуси, минибуси); - тешки комерцијални возила (камиони, приколки и полуприколки); - лесни комерцијални возила (пик-ап, миниван и др.); - моторни возила, дизел мотори и мотори на плин, системи за управување, греење и ладење, системи за кочници, системи за осветлување, тапацирани седишта, комуникациски системи, горива и масла, акумулатори, гуми, бандажи и др. Во делот на „LOGIST EURASIA 2013“ ќе се претстават: - транспорт, превоз и испорака; - патен, поморски, железнички и воздушен транспорт; - управување со магацин и складишта, царинска служба, информатичка технологија и комуникациска опрема; - компании за одржување и поправки, консултанстки услуги, образовни институции и др. Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4* или 5* ) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно, како и од хотел до саем) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Пријавување до 31.10.2013 година. За повеќе информации за „COMVEX ISTANBUL 2013“ и „LOGIST EURASIA 2013“, посетете ги веб-страните http://www.comvexistanbul.com/en/index.php и http://www.logist.com.tr/ Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: natasa@mchamber.mk

Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: ++ 389 2 3244034 Моб. . 071/391-459 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: biljana@mchamber.mk


четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 21 до 23 ноември 2013 година саем за кожна индустрија и крзно во Турција

„ IDF 2013“ ВО ИСТАНБУЛ

На саемот ќе има излагачи од локална и меѓународна професионална индустрија на кожа. На саемот посетителите ќе можат да видат: -Облека од кожа и крзно, - обувки, - торби и куфери, - кожна галантерија, - хемикалии за кожа, - машини за шиење на кожа, - додатоци,суровина и кожа,моден дизајн и др. - Ќе има модни ревии каде што ќе бидат прикажани највисоките трендови. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 21.11 - 23.11.2013 година, со автобуски превоз ( поаѓање на 20.11.2013 и враќање на 23.11.2013 година ) и алтернативно во сопствена режија (авион или возило). Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една koмпанија. Не е дозволена посета на малолетни деца и лица што не се вработени во Компанијата. Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно како и трансфери од хотел до саем) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон - саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз – мсе плаќа само 45 евра), - како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Привавување до 08.11.2013 година За повеќе информации за Саемот за кожна индустрија и крзно- IDF 2013 посетете ја веб страната www. http://www.istanbulleather. com/ или контактирајте не. Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Моб. 070/295-439 E-адреса: natasa@mchamber.mk

Лазо Ангелевски Сашо Деспотовски Тел: ++ 389 2 3244089 Факс:++ 389 2 3244088 saso@mchamber.mk


32

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 18 до 22 ноември 2013 година во Руската Федерација

ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА МЕБЕЛ И ДЕКОРАЦИЈА ВО МОСКВА Посетата ја организираат Стопанската комора на Македонија и Македонскоруската стопанска комора. Оваа саемска манифестација за мебел е најголемиот годишен настан и главен индустриски настан во Русија и Источна Европа. Секоја есен Expocentre ги обединува водечките глобални брендови и производители, дизајнери и внатрешни декоратори да ги покажат новите колекции и најдобрите модни елементи за мебел. На изложбата се презентирани најновите трендови на пазарот за мебел. На Саемот ќе имате можност да видите нови технологии и иновативни решенија од следниве области: 1. мебел за домување (дневни соби, комоди, гардеробери, ѕидни облоги и сетови од дрво, сетови за јадење со маси и столици, маси за кафе, мебел за домашно кино, мебел за спална соба и душеци, лежаи, гардеробери, тоалетни маси, рамки за кревети, наткасни, клупи за спални соби, детски соби, мебел за деца и млади, детски маси и столици, мебел за копјутерска опрема во детска соба, декорации, дизајн и мебел, канцелариски мебел за домашна употреба, дивани, фотелји, домашни библиотеки, кујнски мебел, модуларни кујни, пултови за појадок и шалтери за храна, шанк, маси и столици, колички за служење на храна, големи апарати за кујна, мини кујни, мебел за бања, мебел за ходници, лоби, претсобја од типот на вграден мебел, гардеробери со лизгачки врати, кревети на повлекување и подигање за заштеда на простор; 2. мебел за други намени во домот (мебел од дрво и бамбус, кован мебел, мебел од пластика, рачно изработен мебел, мебел за градина, етнички мебел, мебел за надувување и специјални прилики; 3. канцелариски деловен мебел (мебел за канцеларии и банки, канцелариски мебел системи, полици за книги, канцелариски библиотеки, датотека и кабинети за чување и архивирање на материјали, канцелариски клупи и конференциски маси за работни сали и кина, работни маси и столици, софи и фотелји, мебел за деловни ресторани и кафулиња, за хотели, СПА-салони, здравствени центри, фитнес-центри, мебел за болници, за специјална намена, метални шкафови, системи од полици, сефови, фотелји за масажа, мебел за сауни, билјард, мебел за карти и рулет маси, опрема за вино – енотеки и винарски визби); 4. модни додатоци, декорација и внатрешни елементи (врати, завеси, украсни прачки, скали, ролетни, желозини, вариолајт завеси, јапонски завеси, внатрешни предмети, вазни, часовници, слики, скулптури, лустери, ламби, сијалици, ѕидни обоги и декорации, теписи, килими, огледала, витраж прозорци, декоративни елементи, вазни, часовници, слики, текстилни додатоци, перници, обложувачи за кревети, декоративни прекривки, покривки за маса, текстил за бања); 5.материјали, составни делови и прибор (панел материјали за производство на мебел, лакови и бои, лепила и фиксатори, материјали за пополнување, ткаенини за мебел, кожа, составни делови, компонентни делови и опрема за лизгачки врати гардероби, компоненти и механизми за трансформирачки мебел, системи за електронски отворање и затворање, вградено осветлување, лајсни, фолии, производи за нега на мебел и реставрација, фурнир, граѓа, стакло за мебел; 6. ентериер и дизајн на мебел ( 3D внатрешен дизајн и моделирање, софтвер за дизајн на мебел CAD (Computer - Aided дизајн), опрема и алатки. Посетителот ги покрива трошоците за пат и сместување. Цена по лице: 849 евра (цената важи за потврда и уплата од 50% до 01.11.2013 година), во која се вклучени: - хотелско сместување во хотел со 4*, на база 3 ноќевање со п��јадок 17.11-20.11.2013 во двокреветна/трикреветна соба; - повратен авиобилет до Москва; - трансфери од аеродром до хотел и обратно; - аеродромски такси. Оваа цена е за група од минимум 15 патници. Доколку посетителот сака да престојува во еднокреветна соба за цел престој на посетата се доплаќа дополнително уште 105 евра по ноќ. Напомена: цената на аранжманот ќе подложи на промена во зависност од рокот на пријавувањето, точното дефинирање на претставници од компании, како и од расположивите места во авиолетот. Посетителот ги покрива и административните трошоци кон организаторите – Стопанската комора на Македонија и Македонскоруската стопанска комора (во износ од 5.990 денари за членки по лице, а 3.500 денари за втор пријавен учесник од компанија + ддв и 10.000 денари за нечленки по лице). Обезбедени се: бесплатни влезници; визи за престој без надомест (50 САД $). Пријавување до 01.11.2013 година. Повеќе информации за оваа позната богата саемска манифестација може да се најдат на следниов веб-портал: http://www.meb-expo.com/en/

Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Моб. 070/295-439 E-адреса: natasa@mchamber.mk

Дејан Бeшлиев Тел: ++ 389 2 3244027 Моб. 070/302-950 Факс:++ 389 2 3233370 E-адреса: marukomk@gmail.com


БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 20 ноември 2013 година во Словачка

„SLOVAK MATCHMAKING FAIR 2013„

Под покровителство на Агенцијата за инвестиции и трговија и Министерството за економија на Словачка, на

20 ноември 2013 година, во Братислава ќе се одржат бизнис-средби на словачки со странски компании „7th Slovak Matchmaking Fair 2013”. Целта на овој меѓународен настан е непосреден контакт преку билатералните средби на локални и странски деловни субјекти со цел воспоставување бизнис-релации и унапредување на трговската соработка. Настанот нуди уникатна можност малите и средни претпријатија да најдат нови извозни потенцијали за настап на надворешниот пазар. Земја-партнер на настанот е Руската Федерација. Главни сектори што ќе бидат претставени на овој реномиран настан се: - инженерство; - автомобилска индустрија; - електроника; - хемиска индустрија; - енергетика; - инфраструктура; - ИТ-сектор; - мебел; - прехранбена индустрија и др. Пријавување до 31 октомври 2013 година. Повеќе информации за настанот може да се најдат на интернет-страната: http://www.sario.sk/?7th-slovak-matchmaking-fair . Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk


34

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 2 до 5 декември 2013 година, Меѓународен саем за земјоделие, сточарство, ефект на стаклена градина, земјоделска опрема и технологии во Република Турција

„GROWTECH EURASIA 2013“ ВО АНТАЛИЈА Оваа година по тринаесетти пат се организира еден од поголемите интернационални специјализирани саеми од ваков тип, на којшто ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании, од 2 - 5 декември 2013 година, во Анталија, Р. Турција. Стопанската комора на Македонија, во соработка со Амбасадата на Република Турција во Република Македонија – Трговското советништво, Ве поканува на организирани деловни средби и посета на Саемот. Меѓународниот саем за земјоделие, сточарство, земјоделска опрема и технологии „GROWTECH EURASIA 2013“, оваа година за прв пат ќе има изложби и презентации на иновации за ефектот на стаклена градина, системи за наводнување, семе, расад, ѓубрива и хемиски производи, уредување, органски земјоделски производи и услуги кои се докажано успешно позиционирани и вградени во националните и меѓународните платформи. Овој извонреден Саем за земјоделство е домаќин уште од 2001 година на посетители и излагачи од европските и балканските земји, од земјите на Блискиот Исток, од Северна Африка. Во 2012 година, Саемот беше домаќин на 612 национални и меѓународни изложувачи и 69.726 посетители во 35.000 квадратни метри саемски простор, а во 2013 очекува 20% повисоки показатели. Профил на излагачи: •Стаклена градина и стаклени отворени/затворени технологии: - емисии на стаклени градежни проекти; - стаклена градина, материјал и пластика; - стаклена градина, системи за вентилација и греење; - стаклени системи за наводнување; - стаклени системи за осветлување; - стаклена автоматизација. • Земјоделска механизација (отворена и затворена): - трактори и опрема; - земјоделски машини за отворен простор; - мали земјоделски машини; - системи за автоматизација; - машини за пакување и системи за производи; - магацински машини и системи; - средства за дезинфекција; - градежни машини; - косилки за трева и дополнителна опрема. • Семе - расадник (отворен/затворен тип): - семиња за зеленчук; - семиња за овошје; - семиња за трева и цветни семиња; - расадно производство; - ѓубрива; - останати земјоделски растенија; - зеленчук и овошје; - производство на млади растенија; - опрема. • Исхрана на растенијата и заштита (отворен/затворен тип): - раст на растенијата/регулатори; - заштита после жетва; - агрохемикалии; - фолија и наводнување на систем капка по капка; - ѓубрива од сите видови и производство на истите; - природни растителни култури. • Органско земјоделство (отворен и затворен тип): - органско производство и материјал на производителите;

-

органски земјоделски производи; - ѓубрива за органско производство; - органско земјоделство и институции за сертификација. • Системи за наводнување и опрема: - систем за наводнување капка по капка; - системи и прскалки за наводнување; - цевки и компоненти за ЈП; - пумпи за дозирање; - пречистителни станици; - опрема за истражување на почвата и водата. Како посетители се јавуваат лозари, земјоделци, сточари, сопственици на стаклени градини, сопственици, раководители, специјализирани работници на земјоделски фирми, дистрибутери, дилери, увозни компании, земјоделски институции, невладини организации и комори кои се поврзани со земјоделството, државни институции поврзани со земјоделството, меѓународни инвеститори, универзитети и др. Саемот може да го посети само 1 (еден) учесник од компанија, за втор, трет пријавен се доплаќа симболичен износ. Обезбедени се: - бесплатно сместување, 3 (три) ноќевања со појадок (во реномиран хотел со 4* или 5*), Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно); - бесплатни влезници за Саемот и - организирани деловни средби со компании од горенаведените дејности. Посетителот ги покрива патните трошоци, како и организационите трошоци кон Комората (4.000 денари за членки по лице, а 8.000 денари по лице за нечленки на Комората). Рок за пријавување најдоцна до 19 ноември 2013 година. За повеќе информации за Меѓународниот саем за земјоделие, сточарство, ефект на стаклена градина, земјоделска опрема и технологии “Growtech Eurasia 2013” во Анталија, посетете ја веб-страната: http://growtech.com.tr/en/, или контактирајте не`. Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: natasa@mchamber.mk

Контакт: Васко Ристовски Тел: ++ 389 2 3244014 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vasko@mchamber.mk


четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 5 до 7 декември 2013 година во Турција

“PLAST EURASIA ISTANBUL 2013” На саемот на кој ќе можат да се видат: - Машини за пластика, пластични фолии, жици, гуми,пластични профили, гранулатор, машини за флексо печатење - Хемикалии и суровини за пластика,боја, ПВЦ додатоци, гумени хемикалии, инженеринг полимери, ПВЦ соединенија,мастила за печатење, полиетилен, пигменти, растворувачи - Редуктори, роботски системи, магнети, четки за машина за производство -Топлина и контрола на опрема, отпорници, сензори, индикатори, полимери, прецизни скали, статична опрема - Хидраулика и пневматика, хидраулични цилиндри, пумпи, рециклирање, машини за дробење на пластика, неподвижни системи, софтвери, миксери, кодирање, брендирање и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор„Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 5.12 - 7.12.2013 година, со автобуски превоз ( поаѓање на 4.12.2013 и враќање на 7.12.2013 година ) и алтернативно во сопствена режија (авион или возило). Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една koмпанија. Не е дозволена посета на малолетни деца и лица што не се вработени во Компанијата. Обезбедени се: - бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; - локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно како и трансфери од хотел до саем) и - бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон - саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз – мсе плаќа само 45 евра), - како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Пријавување до 25.11.2013 година не.

За повеќе информации за Саемот за пластика посетете ја веб страната www.plasteurasia.com , или контактирајте

Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 natasa@mchamber.mk

Зорица Мешкова Тел: ++ 389 2 3244019 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 zorica@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

36

четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 5 до 8 декември 2013 година во Република Турција

„BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGIES FAIR“, „INVENTION 2013“ , „BELEX 2013“ , „BURSA SHEET METAL PROCESSING“ И „BORUTEK 2013“ Станува збор за едни од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на кои ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании. Посетителите на овие саемски манифестации ќе се сретнат со водечки компании во секторот, со професионалци и инвеститори од металниот, електро, иновативниот и комуникацискиот сектор. Стопанската комора на Македонија, во соработка со „Адонис – Tüyap“, ве поканува да ги посетите саемските манифестации од 5 7.12.2013.година во Бурса. Во рамките на „BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGIES FAIR“ посетителите ќе можат да видат: • преси, електромотори, индустриски печки, безбедносни системи, хидраулични и пневматски системи, машини и нивни резервни делови, компресори, хемикалии, индустриски роботи и др. Во рамките на „BELEX 2013“ посетителите ќе можат да видат: • производство на електрична енергија, генератори, алтернатори, акумулатори, трансформатори, регулатори, електромотори и резервни делови за струја, стартери, проводници, изолатори, кабли (енергетски, телефонски), дистрибуција на електрична енергија, електрична инсталација, индикатори, осветлување, светилки, громобранска заштита, помошна опрема, конектори, системи за пожарни аларми и др. Во делот на „BURSA SHEET METAL PROCESSING“ посетителите ќе можат да видат: • лим, цевки, профили, флексибилен лим, заварување, рачни алати, безбедност при работа и др. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемските манифестации од 5 - 7.12.2013 година, со автобуски превоз (поаѓање на 4.12.2013 година и враќање на 7.12.2013 година) и алтернативно во сопствена режија (авион или возило). Саемот може да го посетат само двaјца посетители од една кoмпанија. Не е дозволена посета на малолетни деца и лица што не се вработени во Компанијата. Обезбедени се: • бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; • локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел и обратно, како и трансфери од хотел до саем) и • бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон • саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз – се плаќа само 45 евра); • како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Пријавување до 25.11.2013 година. За повеќе информации за Саемот за метал „BURSA METAL PROCESSING TECHNOLOGIES FAIR“ посетете ја веб-страната: www. bursametalprocessing.com или контактирајте не`. Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: natasa@mchamber.mk

Војкан Николовски Тел: ++ 389 2 3244068 Моб. . 071/557-329 Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: vojkan@mchamber.mk


четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

БИЗНИС ИНФО

37

ПОВИК

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ги повикува домашните компании

МОЖНОСТ ЗА ПЛАСМАН НА СТОКА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА PAN AM 2015 ИГРИТЕ Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) соопштува дека преку економскиот промотер во Канада и е доставена информација за одржување на Pan Am 2015 игрите, каде што македонските компании можат да се пријавуваат за набавка на стоки и услиги потребни за самото одржување на игрите во Торонто. Оние производи и услуги за кои ќе бидат потребни поголеми количини ќе се распишат меѓународни тендери за набавки. Сите заинтересирани компании членки кои би сакале да добавуваат свои производи или услуги за организаторите на овој настан можат да најдат подетални информации на следниов линк http://www.toronto2015.org/lang/ en/gallery/news/buying-the-games-goods-and-services.html, или може да се обратат директно до економскиот промотер за Канада, Ирена Ѓоргиевска irena.georgievska@investinmacedonia.com


38

БИЗНИС ИНФО

четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на апарати за домаќинство, апарати за топлење вода, пегли и тостери. Валидност дo: 8.12.2013 година Компанија од Грција заинтересирана е да соработува со македонски компании во областа на менаџирање со опасен отпад. Валидност дo: 8.12.2013 година Компанија од Словачка заинтересирана е за соработка во Република Македонија во областа на биолошки горива. Валидност дo: 8.12.2013 година Компанија од Франција заинтересирана е да отвори претставништво во Република Македонија за соработка во областа на системи за ефикасна

енергетска вентилација. Валидност дo: 8.12.2013 година Компанија од Грција бара дистрибутер за пласман на јужно овошје во Република Македонија. Валидност дo: 9.12.2013 година

дизајнирани радијатори за загревање на простории. Валидност дo: 9.12.2013 година

Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за заварување. Валидност дo: 9.12.2013 година

Индонезиската Агенција за промоција на трговија ги повикува македонските компании кои развиваат нано-технологија, а се заинтересирани за инвестиции од Индонезија, да стапат во контакт со Агенцијата преку Стопанската комора на Македонија. Валидност дo: 9.12.2013 година

Компанија од Бугарија заинтересирана е да пласира во Република Македонија акумулатори и полначи за акумулатори. Валидност дo: 9.12.2013 година

Компанија од Република Македонија бара дистрибутер во Европа за пласман на хартиени кеси за шопинг со лого на фирмата за кого се изработуваат кесите. Валидност дo: 10.12.2013 година

Компанија од Бугарија заинтересирана е да пласира во Република Македонија специјално

Компанија од Турција заинтересирана е да пласира органиски семиња, зачини и


четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

БИЗНИС ИНФО

39

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА ароматични растенија во Република Македонија. Валидност дo: 10.12.2013 година Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на специјални прехранбени производи за дијабетичари. Валидност дo: 10.12.2013 година Реномирана компанија од Р. Македонија продава комплет фабрика со автоматска линија за производство на чист природен течен јаглен двеоксид, квалитет наменет и за производство на CocaCola, Pepsi Cola, со капацитет од cca 1.000 kg / h готов производ, со машина за полнење на течен јаглен двеоксид во боци од 2,5 / 50 литри, со две статични цистерни и една најмодерна цистерна за превоз на течниот гас до купувачите, со два извора (бунарa) на вода и со сопствена концесија за земјиштето. Цена по договор. Локацијата на објектот е во околината на Битола, до границата со Грција.

www.mchamber.mk

Валидност дo: 31.10.2013 година Компанија од Холандија бара да откупува компири од Република Македонија. Валидност дo: 10.02.2014 година Компанија од Република Македонија заинтересирана е да стапи во контакт со производители и трговци на надворешна и внатрешна детска опрема за играње во Турција. Валидност дo: 14.01.2014 година Компанија од Република Македонија заинтересирана е да набави ткаенина за изработка на детски плишани играчки од Турција. Валидност дo: 14.01.2014 година Компанија од Турција заинтересирана е за пласман на машини за производство на леб во Република Македонија. Валидност дo: 14.01.2014 година Компанија од Бугарија бара дистрибутери во Република

Македонија за пласман на специјални бојлери за загревање на вода со волумен на резервоарите: 500 , 800, 1000, 1500 и 2000 литри. Валидност дo: 14.01.2014 година Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пластични црева. Валидност дo: 14.01.2014 година Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на електропрема, приклучоци и кабли. Валидност дo: 14.01.2014 година

Контакт: Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk


БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

БИЗНИС ИНФО

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

   

  

  

rɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤʖʗʝʠʖʠʒʥʜʑʤʑʣʗʠʖʓʚʓʑʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠʠʡʢʗʞʗʟʚʡʢʠʣʤʠʢʚʚʓʠʢʑʞʜʚʤʗʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑʜʠʞʠʢʑʟʑɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ rɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑʟʑʣʤʑʓʑʣʗʠʖʓʚʓʑʓʠʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚʜʠʞʡʑʟʚʚʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤʠʖʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑʣʤʢʥʜʑ rɴʗʢʤʚʦʚʜʑʤʡʢʚʙʟʑʤʠʖɯʚʟʚʣʤʗʢʣʤʓʠʤʠ ʙʑʠʒʢʑʙʠʓʑʟʚʗʚʟʑʥʜʑʟʑɳʗʡʥʒʝʚʜʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑʚɢʔʗʟʨʚʹʑʤʑʙʑʓʢʑʒʠʤʥʓʑʻʗʟʑ ɳʗʡʥʒʝʚʜʑɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ rɱʒʥʜʑʤʑʤʢʑʗʠʜʠʝʥʤʢʚʞʗʣʗʨʚ ʠʖʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠʡʗʤʠʜ rɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑʚʡʢʑʜʣʑʤʑʣʗʠʖʓʚʓʑʑʤʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢʣʠʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ rɳʑʒʠʤʑʓʠʔʢʥʡʚʠʖʖʠʞʑʜʣʚʞʥʞʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑʡʠʓʗʽʗʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɣʠʢʚʣɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ  ɯʠʒ  CPSJT!NDIBNCFSNL

ɴʚʞʠʟʑɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ  TJNPOB!NDIBNCFSNL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑʜʠʞʠʢʑʟʑɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝtɧʚʞʚʤʢʚʗɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ   ʦʑʜʣ  

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Гипсер – монтер Фасадер Аргон Заварувач


четврток, 24 Октомври 2013, Бр. 153

Македонски компании во организација на Стопанската комора на Македонија го посети “Tradexpo Indonesia 2013“ во Џакарта

БИЗНИС ИНФО

41

НА САМОТО МЕСТО

ИНДОНЕЗИЈА ГО ЗГОЛЕМУВА ПРИСУСТВОТО ВО ЕВРОПА, МОЖЕ ПРЕКУ МАК��ДОНИЈА!

Делегација од 7 македонски компании, во организација на Стопанската комора на Македонија, во периодот од 16 до 20 октомври 2012 година, го посети 28. Меѓународен саем “Tradexpo Indonesia 2013“ во Џакарта, Индонезија. На овогодинешниот саем се најдоа преку 5000 купувачи од преку 90 земји од светот. Производителите и трговците од целиот свет беа составен дел од оваа манифестација одблизу запознавајќи се со индонезиските производители . Овогодинешниот саем го прогласи за отворен потпретседателот на Индонезија, Боедионо, кој во својот поздравен говор не заборави да ја истакне една од главните цели на Владата на Индонезија - зголемување на трговската соработка со Европа и зголемување на присутноста на индонезиските компании на европските пазари. Македонските компании имаа одлична можност да ги видат индонезиските извозни производи како што се: делови за автомобили, електрични апарати, обувки, мебел, текстил, гума, какао, кафе, сурово палмино масло, ракотворби, производи од лековити растенија, накит, кожа и производи од кожа, медицински инструменти, процесирана храна, канцелариски прибор, зачини... Исто така, имаа одлична можност да се запознаат и со бизнис-можностите што ги нуди оваа земја. На Саемот беа остварени и билатерални средби, на кои македонските стопанственици остварија бројни контакти со индонезиските и со деловните луѓе од други земји, при што беа разменети контакти, со очекувања за натамошна бизнис-соработка.

Огнен Гаревски


БИЗНИС ИНФО


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Александар Кедиоски Стево Серафимов Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОКРОВИТЕЛИ

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Biznisinfo 24102013