Бизинс ИНФО на Комората број 137 од 23 Мај 2013

Page 10

БИЗНИС ИНФО

10 ИНИЦИЈАТИВИ

НАСКОРО ЌЕ СЕ ФОРМИРА РЕГИОНАЛНАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПАЗАРИ

четврток, 23 мај 2013, Бр. 137

На работен состанок во Ниш, на кој учествуваше и Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија, е договорена соработка во рамките на Југоисточна Европа

Групацијата на пазари при Здружението за комунални дејности (преставена преку неколку директори и претставници на организаторите на пазари од Македонија) на 17.05.2013 година присуствуваше на состанокот на работната група за меѓународна соработка на пазарите во Југоисточна Европа на состанокот во Ниш, Србија. На состанокот беа дефинирани деталите и повеќето технички аспекти околу меморандумот со кој ќе се официјализира почетокот на работа на Регионалната Асоцијација на пазари која натаму ќе биде основ за зачленување на регионот во Светската асоцијација на големо на пазарите. Со здружување на организаторите на пазари во регионална асоцијација која е натаму услов за зачленување и во светската асоцијација на пазари, се обезбедува поголем пристап до информации од дејноста, размена на искуство, соработка на добри основи, афирмирање на теми од безбедност на храна, статус на пазарите, јавно приватно партнерство, како и аплицирање на меѓународни проекти, имплементирање на позитивни примери, со цел дејноста која зазема значајно место во домашната економија да обезбеди соодветен развој и да има уште поголем придонес во позитивните статистички бројки. Од македонска страна на состанокот на меѓународната група учествуваа, Предраг Милосављевич и Боце Славков од АД „Скопски пазар“, директорот на ЈП Пазари од Прилеп, Пецо Димоски, директорот на ЈП Пазаришта Куманово, Фадиљ Шабани, раководителот на секторот на пазари на големо од АД Технометал Вардар, Никола Ќосески и раководителот на пазари од ЈП Комуналец Свети Николе, Драгица Андонова. Македонските претставници изразија задоволство што се дел од оваа регионално поврзување со надеж дека на овој начин ќе се обезбеди побрзо и поквалитетно модернизирање на пазарите и добивање на соодветен третман во општеството согласно економското значење на дејноста. На состанокот на меѓународната група беше договорено, во следните 20-тина дена да се завршат сите технички подготовки (изработка на статут, програма за работа) со цел на состанокот во Суботица од 7 до 9 јуни кога ќе се одржува манифестацијата Денови на пазарите во Србија да се потпише и официјално формирањето на регионалната асоцијација на пазарите. Инаку, иницијативата за регионално поврзување беше промовирана пред неколку години кога во регионот официјално биле регистрирани само две здруженија - Бизнис Асоцијација, “Пазари Србија” и Здружението на хрватските пазари, а услов за формирање на регионална асоцијација е да постојат три институции потписници на регионалната асоцијација. Во меѓувреме и во Стопанската комора на Македонија е формирана групација на пазарите а во моментов се работи на регистрација на групација на пазари во рамки на комората на Босна и Херцеговина. Во рамки на патувањето за Ниш беше остварена средба и со раководството на ЈП пазари од Ниш како и обиколка на зелениот пазар во центарот на градот. Според информациите од директорот на пазарите Радован Милојевич фирмата управува со 12 пазари во градот има 250 вработени и 2,4 милиони евра годишен промет. Работната група од Македонија на состанокот во Ниш договори во следниот период да се реализира посета и на пазарите во Лесковац, грда во кој има 7 пазари од кои еден сточен и еден кванташки пазар кој според менаџментот на компанијата имаат за цел да прерасне во регионален пазар на големо.

Даниела Михајловска Василевска


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.