Page 1

СТОПАНСКА БИЗНИС ИНФО КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 141

www.mchamber.mk

Македонско-турски бизнис-форум со компании-членки на Турската асоцијација на индустријалци и бизнимени (ТУМСИАД)

20.06.2013

Build Up Skills МК

ПАТОКАЗОТ ЗА РАЗВОЈ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

ИНТЕНЗИВНИ ДЕЛОВНИ ПОСЕТИ ЗА НОВИ ИНВЕСТИЦИИ И ПОГОЛЕМА ТРГОВСКА РАЗМЕНА


БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK


четврток, 20 Јуни 2013, Бр. 141

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

ОБЈАВЕН ПОСЛЕДНИОТ ПОВИК ОД ЕВРОПСКАТА ПРОГРАМА ЗА КОНКУРЕНТНОСТ И ИНОВАТИВНОСТ 2007-2013 – ЦИП – ЕКОИНОВАЦИИ

О

бјавен е последниот повик од Европската програма за конкурентност и иновативност 2007-2013 – ЦИП – Екоиновации 2013 наменет за малите и средни компании, со буџет за 2013 година од 35 милиони евра. Повикот се затвора на 5 септември 2013 година. Апликациите се поднесуваат електронски. Почетен датум за одобрените проекти е март 2014 година, што значи дека аплицираната проектна инвестиција не смее да биде отпочната дотогаш. Ова е последен повик во рамките на програмската ЕУ-програма ЦИП 2007-2013, а новиот циклус на повици се очекува да отпочне во втората половина на 2014 година, но во рамките на други програми и тоа Косме 2014-2020 и Хоризонт 2014-2020. Подетални информации за овие две програми ќе бидат достапни кон крајот на оваа година. Проекти кои се поддржуваат во рамките на Екоиновации 2013 се сите форми на иновации кои ќе го намалат влијанието на животната средина или ќе го подобрат рационалното искористување на ресурсите. Секоја година се објавуваат приоритетни сектори кои ќе бидат поддржани, а за оваа година приоритетни сектори се: Рециклирање на материјали, Одржливи градежни материјали, Производство на храна и пијалаци, Вода и Зелена економија. Проекти од областа на енергетската ефикасност во овој повик нема да бидат финасирани во овој повик. Повеќе од 240 екоиновативни проекти се одобрени во последните 5 години и се во процес на реализација, од кои 70% се доделени на мали и средни компании, кои аплицирале самостојно. Рециклирање: - сите отпадни материјали кои се продуцираат во индустријата и агробизнисот; - подобрување на рециклирани материјали во градежништвото, домаќинствата; - рециклирање на електронска опрема; - подобрување на дизајн на иновативни производи направени од рециклирани материјали и - јакнење на процесот на репликација на иновативни решенија во други сектори и компании. Одржливи градежни материјали Според анализите на Европската комисија зградите и градежниот сектор се консументи на огромна количина на ресурси и генерираат огромно количество ѓубре. Затоа оваа година ќе се поддржат проекти кои ќе опфатат: • нови иновативни решенија во производствените процеси; • нови еко – материјали; • процеси кои продуцираат намалена употреба на природни ресурси и производство на материјали од отпад.

Производство на храна и пијалаци: • иновативни проекти, нови еко-производи, еко-пакувања, процеси и услуги кои ќе ја намалат употребата на ресурси и ќе ја зголемат ефикасноста на процесите на производство; • подобрени системи за употреба на водата во производството и нејзино намалување. Вода Проекти аплицирани во оваа област мора да покажат дека ќе има намалување во употребата на вода во производствените процеси за најмалку 30% по завршување на проектот. Особено ќе бидат поддржани: • иновативни проекти кои ќе успеат да ја намалат потрошувачката на вода на нула; • проекти – третман на отпадните води, со што ќе се намали загадувањето на околината. Зелена економија: • Сите процеси на глобално ниво кои ќе значат заштита на околината, -намалена употреба на природни ресурси и решенија за подобрување на процесите; • создавање на симбиоза меѓу различни индустрии со цел решавање на проблемот со отпадните материи преку ре-производствени механизми; • создавање на био еко-производи како резултат на соработка меѓу различни индустрии.


4

БИЗНИС ИНФО

четврток, 20 Јуни 2013, Бр. 141

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

ПАТОКАЗОТ ЗА РАЗВОЈ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

Build Up Skills МК

Во рамките на Проектот„Build up skills МК“ (Градење капацитети во градежниот сектор во Македонија), дел од Иницијативата на Европската унија за подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор, во Стопанската комора на Македонија (18.6.2013) се одржа работен состанок пред експертските групи за градежништво и образование. Обраќање имаше Влатко Иванов, директор на Заводот за инженеринг при Градежниот институт „Македонија“ АД Скопје - ГИМ, кој даде информација за потребата од занимања за реализација во градежниот сектор во Република Македонија за енергетската ефикасност (ЕЕ) согласно презентираниот Извештај за капацитетите на градежниот сектор во областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија – (Status Quo Analyses, презентирана на 26.02.2013 година).

Овој извештај е изработен со цел да се согледаат приоритетните занимања со најголема разлика меѓу потребните вештини и постојните вештини на работниците. Анализата на постојните состојби во градежниот сектор на работниците од градежниот сектор може да се најде на следниве веб-страници: www.buildupskills.mk или www.buildapskills.eu. Врз основа на овие согледувања следна фаза беше изработка на Патоказот (Road map) за потребните активности за спроведување обука за овие занимања за воведување мерки за ЕЕ и ОИЕ. Ристо Иванов, ПМП, ЦМЦ консултант од Здружението на бизнис-консултанти„Креација“ направи презентација на Предлогпатоказот и објасни дека целта на Патоказот за развој на капацитетите на градежните работници во Македонија е да придонесе во остварувањето на националните енергетски цели преку обезбедување квалификувани работници во градежниот сектор за енергетска ефинасност и обновливи извори на енергија. Овој документот ги презентира идентификуваните потребни вештини за различните занимања на градежните работници и бариерите што треба да се надминат за обезбедување на потребниот број на квалификувани работници, директно инволвирани во градба. Мерките (од страна на директните работници во градежништвото) што треба да се имплементираат во реконструкцијата ЕЕ и ОИЕ се однесуваат на три области: • обвивка на зградата - Building envelope: покрив, фасада, прозорци и врати (со цел помала загуба на енеријата); • снабдување со енергија - внатрешни ѕидови и подови, електрика, греење, ладење, вентилација (air-conditioning) замена на уредите со цел помала потрошувачка на енергија и воведување ЕЕ - системи и • извори на енергија: геотермални системи, биомаса, сончево греење, фотонапонски системи, турбини на ветер,


четврток, 20 Јуни 2013, Бр. 141

БИЗНИС ИНФО

5

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ когенеративни системи (воведување на нови обновливи извори). Приoритетни занимања што се опфаќаат во Предлог-патоказот во делот на Енергетска ефикасност и Обновливите извори на енергија се: • енергетска ефикасност: ѕидар, фасадер, столари, покривачи на кровови, термоизолатори, инсталатери, електричари, електромонер; • обновливи извори на енергија: инсталатери на соларна термија, инсталтери на бојлери и печки со користење биомаса, сончеви фотонапонски и термални системи, плитки геотермални системи и топлински пумпи. На состанокот присуствуваа околу 45-тина претставници, од кои 20-тина беа од градежните компании, како„Кнауф“,„Бетон“ АД - Скопје, „Бетон“ - Штип, „Гранит“, Студио „Хабитат“ и 15-тина претставници од образовните институции: Градежен факултет, Архотектонски факултет, ФОН, Факултет за бизнис и економија, Центар за образование на возрасни и останати поддржувачи за реализација на Проектот, како Агенцијата за вработување на Македонија, Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија, „Цепросард“ и Занаетчиската комора - Скопје. ГИМ истовремено беа и коорганизатори на работниот состанок, заедно со Стопанската комора на Македонија и останатите партнери на Проектот (Агенцијата за енергетика на Република Македонија, Здружението на бизнис-консултанти „Креација“ и Факултетот за електротехника и имформациски технологии од Скопје). За постигнување на целите на Европската унија до 2020 година и за зголемување на конкурентноста на македонскиот градежен сектор, потребно е преку образование и обука во областа на енергетската ефикасност да бидат обезбедени едуцирани инженери и работници. За реализација на овие цели во Република Македонија се спроведува Проектот Build Up Skills МК. Проектот го реализира Европската агенција за конкурентност и иновации (ЕАКИ), а пошироката цел е заштеда на 20% енергија до 2020 година преку имплементација на мерките за енергетска ефикасност од страна на градежниот сектор. Ирена Мојсовска Проектен кординатор на Build Up Skills МК


БИЗНИС ИНФО

6

четврток, 20 Јуни 2013, Бр. 141

МОЖНОСТИ

ИНТЕНЗИВНИ ДЕЛОВНИ ПОСЕТИ ЗА НОВИ ИНВЕСТИЦИИ И ПОГОЛЕМА ТРГОВСКА РАЗМЕНА

Македонско-турски бизнисфорум со компании-членки на Турската асоцијација на индустријалци и бизнимени (ТУМСИАД)

Зголемен е бројот на турски инвестиции во Македонија, но бизнисмените од двете земји договараат уште поинтензивна соработка Во тој правец беше и Македонско-турски бизнис-форум со компаниитечленки на Турската асоцијација на индустријалци и бизнимени (ТУМСИАД) кои во Стопанската комора на Македонија ги разгледуваа можностите за соработка со македонски компании (17.6.2013 година). „Република Македонија и регионот имаат потреба од интернационализација на економијата во партнерство со јака економија, како што е турската“ – истакна Софче Јовановска, директор на Дирекцијата за меѓународна соработка, информирање и промовирање во Стопанската комора на Македонија. Турција за нас е можност за заеднички да одиме на трети пазари, како што се земјите од Северна Африка, Блиски Исток и кавкаските земји. „Ние на Турците можеме да им послужиме како можност за настап на Балканот и

во земјите од Европската унија. Турските компании треба да ги искористат предностите што ги има Македонија во поглед на либерализираната трговија со ЕУ и со ЦЕФТА-земјите и преку дијагоналната кумулација на потеклото на стоките ќе обезбедат поконкурентен настап на овие пазари“, – истакна Јовановска. И Турција ја гледа Македонија како безбедна земја за вложување со одлични бизнис-услови, а предност повеќе е и тоа што е блиска до европските земји. Како што истакна Мустафа Обен Озердемли, генерален секретар на Турската асоцијација на индустријалци и бизнимени -ТУМСИАД, целта на нивната посета е унапредување на економските односи со Македонија и остварување билатерални средби со македонските компании. - Македонија за нас е многу значајна. Дојдовме да ги детектираме полињата за соработка зашто сакаме уште повеќе да инвестираме. Последните неколку години односите меѓу двете држави се на извонредно ниво кое помага и за подобрување и на трговските и на економските односи меѓу бизнисмените. Се надеваме дека од наш аспект ќе можеме и ние малку да придонесеме


четврток, 20 Јуни 2013, Бр. 141

БИЗНИС ИНФО

7

МОЖНОСТИ во подобрување на овие односи. - Во делегацијата има компании од секторите градежништво, прехранбена индустрија, машинска опрема, текстил, туризам и друго. Заинтересирани сме за соработка во овие области. При оваа посета се надеваме дека ќе добиеме уште повеќе детални информации во поглед на можностите за инвестирање и потоа ќе ги разгледаме истите, - истакна Обен Озердемли. Асоцијацијата ТУМСИАД брои 12000 членови во Турција, којашто има 8 филијали во Европа и вкупно 47 во повеќе земји во светот. Што се однесува до вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Турција во првите три месеци од 2013 година достигна вредност од 83,5 милиони САД$. При тоа, остварен е извоз во вредност од 14,9 милиони САД$, додека увозното салдо изнесува 68,6 милиони САД$. Евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 53,7 милиони САД$. Во вкупната надворешно-трговска размена, Р.Турција е деветти трговски партнер во посочениот период. Најголемо учество во македонскиот извоз имаат: текстилни материјали и ткаенини, мермер и огноотпорни тули, феросилициум, топло и ладно валани производи од железо и челик, сурови кожи од животни, прехранбени производи и друго. Увозното салдо е составено од: прехранбени производи руди од никел, лекови и козметика, текстилни предива, ткаенини и теписи, нафтени масла, готови текстилни производи, облека и обувки производи од железо и челик електрична опрема и бела техника. Бизнис-форумот го поздрави и трговскиот советник при турската амбасада во Скопје, г-ѓа Шенол Туркилмаз, која ги истакна одличните односи со Стопанската комора на Македонија, која секогаш е отворена за гостопримство на турските стопанственици и инвеститори. - Очекуваме дека до крајот на годината трговската размена ќе достигне над 400 милиони долари. Бројките не соодвестуваат со потенцијалите на двете земји и затоа треба повеќе да работиме за да ја зголемиме трговската размена. Неодамна премиерите на двете држави се сложија дека трговската размена треба да достигне една милијарда долари и ние работиме на тоа да ја постигнеме оваа цел, - истакна Туркилмаз. Најчести посети на деловни лица се од Република Турција. Тоа го потврдува фактот дека минатата година дури 25 турски стопански делегациии ја посетиле Р.Македонија, а ова е 8. делегација во тековната година.


БИЗНИС ИНФО

8

четврток, 20 Јуни 2013, Бр. 141

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

ПОТРЕБНО Е ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ ЗА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА

MEA - Групацијата за климатизација, греење, ледење и проветрување

Групацијата за климатизација, греење, ледење и проветрувањe (КГЛП) на денешната седница ги разгледа двата, особено значајни документи кои се однесуваат на енегретската ефикасност - Правилник за енергетска контрола и Правилникот за енергетски карактеристики на згради. Станува збор за обемни документи, кои се носат согласно последните измени и дополнувања на Законот за енергетика, а со оглед на нивното значење потребен е поголем временски простор за организирање јавна стручна расправа, истакнаа стопанствениците на денешната седница. Затоа, во овој момент Групацијата КГЛП ги дава само суштествените забелешки, но со оглед дека нејзините членки се основни имплементатори на двата подзаконски документи во континуитет ќе ја следи нивната примена во пракса и ќе укажува на потребата од евентуални измени и дополнувања на истата. Членките на Групацијата и претставниците на научната јавност оценија дека примената на Правилникот за енергетеки

перформанси на објектите (термин кој според нив е поадекватен на барањата на Правилникот и во склад со европската терминологија) е можна само преку национален софтвер, а до неговото изготвување предложија сертифицирање само на потрошувачката на енергија за греење. Со оглед дека станува збор за преобемен документ, особено во делот на методологијата, неопходно е да се предвиди изработка на Упатство за негова примена а исто така и организирање на едукација, за чија реализација Групацијата КГЛП го става на располагање својот стручен и професионален капацитет. Групацијата даде забелешки и во делот на енергетската контрола, која според нив би било поадекватно да се нарече енергетска оценка, за чија што практична реализација неопходно е да се предвиди едукативен центар, како високо професионално тело во рамките на реномирана институција. Овие, и останатите забелешки ќе бидат доставени до предлагачот на документите, како првични основни забелешки кои би се дополнувале со сите отворени прашања кои ќе произлезат низ процесот на нивна практична примена. Зорица Мешкова


четврток, 20 Јуни 2013, Бр. 141

БИЗНИС ИНФО

9 СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

Здружение на угостителството и туризмот

ЗАЕДНИЧКО УТРДУВАЊЕ НА ДОЗВОЛЕНАТА ВИСИНА НА КАЛО И РАСТУР ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО

Здружението на угостителството и туризмот е подготвено целосно да се вклучи во работата при изготвувањето на Акт за нов стандард, со предлог на нормативи, со кој ќе се утврди дозволената висина на кало и растур за поодделни стоки во угостителството. Работната група искажа подготвеност, во најкраток рок да изготви и да предложи и свој интегрален и комплетен текст на предлог-акт за нов стандард, со предлог на нормативи. Работната група укажа дека компаниите од секторот на угоститеството и туризмот ги поддржуваат заложбите на Владата на Република Македонија за подготвување акт со нормативи со којшто ќе се утврди дозволената висина на кало и растур во прехраната во угостителството. Работната група предлага новите нормативни решенија да важат од почетокот на 2014 година поради големиот спектар на асотиманот на артиклите кои се употребуваат во различни типови на угостителски објекти, како и поради потребата од навремено усогласување на софтверските решенија и другите интерни правилници во материјалното и финансиското работење на компаниите од угостителството. Лазо Ангелевски

Групација на инспекциските тела - работилници за тахографи и таксиметри

НЕЛОЈАЛНА КОНКУРЕНЦИЈА И СО ЦЕНАТА И СО – (НЕ)СТРУЧНОСТА!

На работниот состанок на Групација на инспекциските тела - работилници за тахографи и таксиметри, одржана на 14.6.2013 година во Стопанската комора на Македонија, се расправаше за моментално актуелните состојби во дејноста согласно постојната законска регулатива. На состанокот посебно се посочи проблемот на нелојалната конкуренција која се јавува во висината на износот, односно цената за извршената услуга - сервисирање на тахографите. Од присутните беше истакнато дека одредени инспекциски тела кои добиле акредитација не се доволно стручни за вршење на оваа дејност, со што се прави нелојална конкуренција на пазарот, што се јавува во висината на износот на цената на извршената услуга, односно надоместот за сервисирањето и калибрирањето на тахографите. Расправајќи за Законот за работно време, задолжителните одмори на мобилните работници и возачите во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ бр. 161/09), членките заклучија до Министерството за транспорт и врски да предложат измена на овој закон. Измената на Законот би се однесувал за времетраењето на сервисирањето на тахографи, односно намалување на важноста наместо за две години да важат за една година. Војкан Николовски


БИЗНИС ИНФО

10

четврток, 20 Јуни 2013, Бр. 141

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

КОМПАНИИТЕ БАРААТ ДОПОЛНУВАЊЕ НА НОРМАТИВИТЕ ЗА КАЛО И РАСТУР ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

Здружение на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите

Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите, на седницата одржана на 19.6.2013 година, расправаше по Предлог-нормативите со кои ќе се утврди висина на кало и растур во градежништвото. Во присуство на претставници на Минстерството за економија, Министерството за финансии и Управата за јавни приходи, се отвори дискусија за нормативите како и по која методологија се предлагаат висините за калото и за растурот во градежништвото. На оваа тема, Здружението во февруари 2013 година имаше расправано и подготви предлози, кои ги достави до Министерството за економија. На денешната седница се оцени дека предлозите треба да се дополнат, во кои ќе бидат внесени и нови материјали кои се вградуваат во објектите. За таа цел, се заклучи, компаниите своите дополнителни предлози да ги достават до понеделник и истите обединети со аргументи да бидат доставени до надлежниет министерства.

На барање на присутните, се заклучи, пред да се донесат нормативите, компаниите уште еднаш да дадат свое видување или образложение за висината за кало и растур за одделни производи, што беше поддржано и од претставниците на иституциите. На седницата, од страна на г-ѓа Стојмирка Тасевска, директор на Дирекцијата за застапување на интересите на членките, беше презентиран Предлогот за донесување на закон за утврдување на роковите за исполнување на паричните обврски. Основата за подготовка, но и барање за донесување на овој закон претставува искуството во земјите на Европската унија и законско регулирање на начинот, но и времето на плаќање на меѓусебните обврски. Во овој предлог на закон подеднакво се вклучени и јавниот и приватниот сектор, што ќе овозможи навремено плаќање на меѓусебните обврски. Присутните ги поддржаа Предлогот и заложбата на Комората да се бара донесување на ваков закон, кој во голема мера ќе ја подобри ликвидноста на компаниите. Се предложи, со договорот склучен меѓу субјектите од приватниот сектор и меѓу субјектите од приватниот и јавниот сектор, роток за исплата на паричните обврски да биде до 90 дена. Марија Петроска


четврток, 20 Јуни 2013, Бр. 141

БИЗНИС ИНФО

11 СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

Здружение на комуналните дејности

УСВОЕН КОДЕКСОТ НА ЕТИЧКО ОДНЕСУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОД КОМУНАЛНИТЕ ДЕЈНОСТИ Членките на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија, на денешната седница го потпишаа Кодексот на етичко однесување на деловните субјекти од комуналните дејности, со кој се утврдуваат основните правила на добро однесување во работењето и меѓусебното дејствување на членовите на Здружението, почитувајќи ги општите норми на однесување и принципите на деловната и професионалната етика и добрите деловни обичаи, со цел изградба и зацврстување на довербата меѓу членките, како и меѓу корисниците на нивните производи и услуги. Сите правни субјекти, физички и правни лица, членови на Здружението на комуналните дејности и нивните вработени, се обврзуваат на почитување на Кодексот, како нужна претпоставка за делотворно функционирање на пазарот и поттикнување на развивање на квалитетни односи и лојална конкуренција меѓу деловните партнери како и во односите со корисниците на нивните производи и услуги. На состанокот беа присутни и претставници од Министерството за економија кои со заклучок на Владата од декември 2012 година беа задолжени за комуникација со здруженијата при Стопанската комора околу идејата за изработка на Кодекс на етичко однесување на деловните субјекти, согласно измените на Законот за заштита на потрошувачите. Претставници од Министерството за економија истакнаа дека се пријатно изненадени од брзината со која Здружението на комуналните дејности при Стопанската киомора на Македонија ја реализираше оваа активност. Тајмингот во кој се усвои Кодексот во Здружението на комуналните дејности се совпаѓа со периодот кога Министерството за економија треба да поднесе извештај до Владата за реализираните активности согласно Планот, во кој, секако, ќе биде посочено и донесувањето на Кодексот. На денешниот состанок, членките на Здружението на комуналните дејности имаа можност да ја проследат презентацијата на два различни модела на депонирање на отпад. Едниот, во депонијата „Дрисла“ согласно Проектот на јавното приватно партнерство каде мнозински сопственик е италијанската фирма ФЦЛ „Амбиенте“ од Италија каде селекцијата на отпадот се врши директно на депонијата и вториот, депонирање на отпад во организација на ЈКП „Комуналец“ од Прилеп на депонијата Алинци, со сопствени вложувања, каде се применува примарна селекција, односно отпадот се селектира со фрлање на ѓубрето во различни канти според видот на отпад. На денешниот состанок на Здружението беше разговарано и за предлог-активностите на Здружението за втората половина на годината. За таа цел претседателот на Здружението и директор на ЈКП „Комуналец“ од Прилеп, Златко Ристески истакна дека до 15 јули компаниите - членки на Здружението имаат можност да ги посочат можните проблеми, интерес за состанок на конкретни теми, предлог-идеи за организирање семинари, работилници и слично. Даниела Михајловска Василевска


БИЗНИС ИНФО

12 СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

РЕАЛНА ПОТРЕБА ШТО ТРЕБА ШТО ПОСКОРО ДА СЕ РЕАЛИЗИРА

четврток, 20 Јуни 2013, Бр. 141

Здружение на трговијата Донесувањето пропис за утврдување на нормативи за дозволена висина на кало и растур во трговијата

Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија, на седницата одржана на 19.6.2013 година, во присуство на претставници на Министерството за економија, Министерството за финансии и на Управата за јавни приходи, водеше расправа по текстот на Предлог-нормативите за дозволена висина на кало и растур во трговијата на големо и на мало, што како работен материјал беше изготвен врз база на мислењата и предлозите на компаниите од трговската дејност и доставен до членките на ова Здружение на разгледување. Беше истакнато дека основата за донесување на еден ваков, за компаниите, значаен документ произлегува од Законот за дополнување на Законот за данок на добивка, каде што се предвидува донесување подзаконски пропис за нормирање на износите на кало, растур, крш и расипување на стоки и одделни производи утврдени за секоја соодветна гранка за даночни цели. При изготвувањето на текстот на Предлог-нормативите земени се предвид: спецификата на производите коишто се предмет на секојдневна работа на трговците, од аспект на нивните физички и хемиски карактеристики и својства, периодот на нивна манипулација во текот на годината, спецификите на односите на македонскиот пазар, примената на прописите за безбедност

на производите и сл. Непосредната размена на мислења на присутните претставници на министерствата со компаниите беше во функција на изготвување и донесување на што поквалитетен и, до праксата поблизок пропис од оваа проблематика со кој ќе бидат остварени целите за неговото донесување, а од којшто ќе имаат бенефит и стопанствениците. Поддршката што трговците ја даваат за што поитно донесување на ваков пропис, тргнува, пред се’, од фактот дека истиот е реална потреба и недостасува во македонската правна регулатива, како што истиот го има во соседните земји. Врз основа на обемната расправа беше упатена препорака до надлежните институции, предложениот текст од страна на Здружението на трговијата да претставува основа во донесувањето на конечниот текст на истиот, при што да се земат предвид сите специфики коишто ги карактеризираат односите на македонската национална економија. Во таа насока, трговците ја нагласија својата безрезервна подготвеност за соодветно вклучување и помош во сите фази од донесувањето. Митко Митевски


bsi.

ISO 9001

БИЗНИС ИНФО

Quality Management

FS 549642

M

A

D CE ON

IA

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

EconomicECONOMIC ChamberCHAMBER of Macedonia M M

A II A

AA

OF MACEDONIA

D CE ON

Excellent

Small & Medium Enterprises

Excellent

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Small & Medium Enterprises

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Што претставува сертификатот Excellent SME? Сертификат Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење кој го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE , за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија.

A

M

IA

IA

M

A

Главната цел на сертификатот, која се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната EDON C транспарентност. Исто така, тој ќе D CE ON им помогне на клиентите и бизниспартнерите да го намалат финансискиот Small & Medium Enterprises и другите ризици кога склучуваат ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA деловни договори.

Exce

Excellent

Small & Medi

Excellent Economic Chamber of Macedo Small & Medium Enterprises AA

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA EDO M M

M

D CE ON

C

N

A II A

Т: (02) 15015 Ф: (02) 3244071 E: excellent-sme@mchamber.mk W: excellent-sme.mchamber.mk

IA

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

A

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса, и најважното – бонитет на компанијата. ECONOMIC CHAM

Excellen

Small & Medium Enterpr

ECONOMIC CHAMBER OF MACED


БИЗНИС ИНФО

14

четврток, 20 Јуни 2013, Бр. 141

ПРИЗНАНИЈА

ПРИЗНАНИЕ ЗА ВИЗИЈАТА И ФИНАНСИСКИТЕ УЛУГИ КОИ НА 16.000 ЛИЦА ИМ ОБЕЗБЕДИЈА ПОКВАЛИТЕТНО ЖИВЕЕЊЕ

Елеонора Згоњанин Петровиќ, управител на Штедилницата ФУЛМ – Скопје и потпретседател на Групацијата на штедилници, добитник на интернационална банкарска награда во Ливерпул

Bо Ливерпул, Велика Британија, Елеонора Згоњанин Петровиќ, управител на Штедилницата ФУЛМ – Скопје и потпретседател на Групацијата на штедилници во рамките на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија, ја доби наградата Edward Filene Credit Union Awards UK 2012/13 - Overseas Development Educator of the Year from the European Union and Africa (Награда Едвард Филен Кредитни унии на Велика Британија, за Интернационален едукатор за Европска унија и Африка 2012/2013).

Наградата и` беше доделена за 14-годишното успешно спроведување на системот на кредитни унии во Република Македонија и во светот. На свеченоста во хотел „Мериот“ во Ливерпул, претседателката на Интернационалната алијанса на кооперативи, бароницата Полин Грин (Dame Pauline Green) и` ја додели наградата на Елеонора Згоњанин Петровиќ, нагласувајќи ја потребата од подобри финансиски услуги на луѓето секаде во светот. -Оваа награда ја посветувам на визијата на ФУЛМ: „Со нашите финансиски услуги до поквалитетно живеење“. Повеќе од 14 години, штедилница ФУЛМ успешно работи како дел од интернационалното семејство на кредитни унии од над 100 земји и 188 милиони членови. Успешното работење на ФУЛМ е резултат на посветеноста на сите вработени, поддршката од членовите на органите на управување и соработката со сите 7.700 членови на ФУЛМ, - изјави Елеонора Згоњанин Петровиќ, управител на Штедилница ФУЛМ - Скопје и потпретседател на Групацијата на штедилници. На свеченото доделување на награди беше презентиран краток филм за Македонија и за успешната приказна на штедилницата ФУЛМ, која во изминатите 14 години успеа да им помогне со кредити на повеќе од 16.000 студенти, вработени, земјоделци, пензионери и невработени со дополнителни приходи, реализирајќи кредитни линии со вкупен износ од над (1) милијарда денари.


четврток, 20 Јуни 2013, Бр. 141

БИЗНИС ИНФО

15 ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Елеонора Згоњанин Петровиќ, управител на Штедилницата ФУЛМ – Скопје и потпретседател на Групацијата на штедилници, добитник на интернационална банкарска награда во Ливерпул

ЕНЕРГЕТСКИТЕ КОМПАНИИ АД ЕЛЕМ, АД МЕПСО И ЕВН МАКЕДОНИЈА ДОДЕЛИЈА СТИПЕНДИИ НА 15 СТУДЕНТИ ОД ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИТЕ НАСОКИ

Енергетските компании АД ЕЛЕМ, АД МЕПСО и ЕВН Македонија денеска им доделија стипендии од по 6.000 денари на 15 студенти од електроенергетските насоки на Факултетот за електротехника и информациски технологии со просек на студирање повисок од 8. Најголем дел од студентите се од прва година и тие ќе ги задржат стипендиите до крајот на школувањето доколку ја задржат минималната просечна оценка од 8. Секоја од компаниите додели стипендии на по пет студенти. Деканот на ФЕИТ проф. д-р Миле Станковски посочи дека бројот на стипендирани студенти годинава е поголем од лани и воедно нагласи дека студентите годинава покажале многу повисок просечен успех на положените испити. - Благодарејќи на нашата иницијатива, залагањето на трите енергетски компании и кампањата на Владата за студирање на техничките науки бројот на запишани студенти на електроенергетските насоки постојано се зголемува. Пред две години бројот на запишани студенти беше 30, првата година од доделувањето на стипендии се зголеми на 60, а лани се запишаа над 100 студенти, рече Станковски. Нагласи дека првата година немало кој да добие стипендии. Лани добиле помал број на студенти, а годинава, како што кажа, енергетските компании имаат проблем да ги одберат 15-те најдобри студенти. Генералниот директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски истакна дека како општествено одговорна компанија секогаш даваат поддршка на проекти за развој на науката. - Студентите од ФЕИТ ги гледаме како наши идни колеги менаџери кои во иднина ќе работат на унапредување на енергетиката како најважен фактор и основа за економскиот развој на државата. АД ЕЛЕМ две години доделува стипендии за да ги поттикне младите да се унапредуваат и усовршуваат во енергетскиот сектор, рече Бошковски. Годинава, како што кажа, покрај петте стипендии на студентите од ФЕИТ доделиле уште 10 стипендии на Машинскиот факултет и на Факултетот за рударство при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Членот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Игор Гиевски истакна дека поддршката за едно семејство во деновите на студирање секогаш е добредојдена. - ЕВН беше првата компанија која почна да доделува стипендии на овој Факултет. Веќе две години по ред доделуваме стипендии. Годинава стипендиите ќе ги добијат четири студенти од прва студиска година и еден од претпоследна, рече Гиевски. Нагласи дека стипендистите ќе имаат можност да практицираат во ЕВН Македонија при што ќе добијат ментор кој ќе се грижи за поддршка на стипендистот во компанијата и следење на целиот негов процес на учење. Генералниот директор на АД МЕПСО Синиша Спасов рече дека му е чест и задоволство да учествува во активноста која станува позитивна општествено одговорна практика и дава одлични резултати преку мотивирањето на студентите да постигнуваат подобри резултати. - Константно се зголемува бројот на апликанти за стипендии што покажува дека стипендиите се добра мотивација. На добитниците на стипендии им посакувам да продолжат на патот на којшто почнале да одат, рече Спасов. Тој изрази надеж дека доделувањето стипендии за најдобрите студенти на енергетските насоки ќе премине во традиција.


БИЗНИС ИНФО

16

четврток, 20 Јуни 2013, Бр. 141

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ 24.6.2013 година (понеделник), 10:00 – 16:00 часот сала 4 на 5-ти кат, Стопанска комора на Македонија

Предавачи: - Неша Петрушевска, стручен советник на директорот за нормативно правни работи од областа на катастaрот на недвижностите и - Соња Димова, стручен советник на директорот за геодетски работи. ПРОГРАМА: 1. ЗАКОН ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ - општа презентација за новините во Законот; - Новите надлежности на Агенцијата за катастар на недвижности; - Катастар на недвижности – начела, податоци, видови и правни основи за запишување. - Одржување на катастарот на недвижности: а) запишување на недвижности со незапишани права; б) запишување промени во катастар на недвижности;

2. ГЕОДЕТСКО-КАТАСТАРСКИ ИНФОРМАЦИОНЕН СИСТЕМ - премерот на недвижностите; - Катастар на инфраструктурни објекти како дел од катастарот на недвижности; - дигитализација на катастарски планови; - видови на геодетски работи со посебни намени.

Пријавување најдоцна до 21 Јуни 2013 година.

Сите учесници ќе добијат соодветен работен материјал и на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат.

Контакт : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 20 Јуни 2013, Бр. 141

БИЗНИС ИНФО

17

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

РАБОТНИ ОДНОСИ

,,Кршење на работен ред и дисциплина или работни обврски како предуслов за отказ на договор за вработување, постапка по тужба за определување законитост на штрајк со предлог за издавање на привремени мерки, Можност за извршување на други работи кои не се предвидени со договорот за вработување, Синдикален претставник, негова заштита согласно ЗРО и отказ на договор за вработување на синдикален претставник “ 27.06.2013 година, 09:30-15:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

ПРОГРАМА:

- Кршење на работен ред и дициплина или работни обврски како предуслов за отказ на договор за вработување - Постапка по тужба за определување законитост на штрајк со предлог за издавање на привремени мерки - Можност за извршување на други работи кои не се предвидени со договорот за вработување - Синдикален претставник, негова заштита согласно ЗРО и отказ на договор за вработување на синдикален претставник Предавачи: Санде Зиков, судија на Основен суд Скопје II-Скопје Бојана Велковска, судија на Основен суд Скопје II-Скопје Контакт : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642



  

  

БИЗНИСБизнис ИНФО средби

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

Интелигентно-одржлив град, Ница, Р. Франција

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија

Јуни 2013 година година

  

18 - 19 Јуни 2013

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

Акредитирани програми кои можете да ги следите: Готвач во угостителски објект Гипсер – монтер Фасадер Аргон Заварувач rɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤʖʗʝʠʖʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗʠʖʓʚʓʑʓʠʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚʡʢʠʣʤʠʢʚʚʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗʟʑɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑʟʑɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ rɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑʟʑʣʤʑʓʑʣʗ ʠʖʓʚʓʑʓʠʣʠʢʑʒʠʤʜʑʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚʓʠʙʑʓʚʣʟʠʣʤʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑʣʤʢʥʜʑ rɴʗʢʤʚʦʚʜʑʤʡʢʚʙʟʑʤ ʠʖɯʚʟʚʣʤʗʢʣʤʓʠʤʠʙʑ ʠʒʢʑʙʠʓʑʟʚʗʚʟʑʥʜʑʟʑ ɳʗʡʥʒʝʚʜʑɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑʚ ɢʔʗʟʨʚʹʑʤʑʙʑʓʢʑʒʠʤʥʓʑʻʗ ʟʑɳʗʡʥʒʝʚʜʑɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ

rɱʒʥʜʑʤʑʤʢʑʗʠʜʠʝʥ ʤʢʚʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜʖʠ ʡʗʤʠʜ rɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚʡʢʑʜʣʑʤʑʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤʡʠʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ rɳʑʒʠʤʑʓʠʔʢʥʡʚʠʖ ʖʠʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ

ɪʑʡʠʓʗʽʗʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɣʠʢʚʣɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ  ɯʠʒ  FNBJMCPSJT!NDIBNCFSNL ɴʚʞʠʟʑɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ  FNBJMTJNPOB!NDIBNCFSNL


БИЗНИС ИНФО

четврток, 20 Јуни 2013, Бр. 141

19

ПОВИК

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ги повикува домашните компании

МОЖНОСТ ЗА ПЛАСМАН НА СТОКА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА PAN AM 2015 ИГРИТЕ Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) соопштува дека преку економскиот промотер во Канада и е доставена информација за одржување на Pan Am 2015 игрите, каде што македонските компании можат да се пријавуваат за набавка на стоки и услиги потребни за самото одржување на игрите во Торонто. Оние производи и услуги за кои ќе бидат потребни поголеми количини ќе се распишат меѓународни тендери за набавки. Сите заинтересирани компании членки кои би сакале да добавуваат свои производи или услуги за организаторите на овој настан можат да најдат подетални информации на следниов линк http://www.toronto2015.org/lang/ en/gallery/news/buying-the-games-goods-and-services.html, или може да се обратат директно до економскиот промотер за Канада, Ирена Ѓоргиевска irena.georgievska@investinmacedonia.com

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


БИЗНИС ИНФО ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на кабли за телефон, камери, мрежа (податоци пренос), аларм, коаксијални, сигналкоманда, пожар, нисконапонски енергетски кабли и др. Валидност дo: 28.9.2013 година Компанија од Романија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на бисквити. Валидност дo: 28.9.2013 година Компанија од Турција бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на медицински апарати – стерилизатори. Валидност дo: 29.8.2013 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на болјери на соларна енергија. Валидност дo: 29.8.2013 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на соларни системи и панели. Валидност дo: 29.8.2013 година Компанија од Естонија заинтересирана е да увезува вина од Република Македонија. Валидност дo: 29.9.2013 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за пакување со затегнување. Валидност дo: 29.8.2013 година Компанија од Хрватска заинтересирана е на македонскиот пазар да пласира алкохолни и

безалкохолни пијалаци, како и изградба на погон во Република Македонија. Валидност дo: 30.8.2013 година Компанија од Естонија бара да увезува мед пакуван од 250 до 500 грама во стаклена амбалажа од Република Македонија за пласман во Естонија. Валидност дo: 30.8.2013 година Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на електронска комуникациска опрема, електроника во областа на телекомуникациите, специјализирана електроника за осветлување во индустријата и автомобилски резервни делови. Валидност дo: 30.8.2013 година

Компанија од Турција заинтересирана е да соработува со компании од металната индустрија во Република Македонија со понуда на суровини и хемиски адитиви за леење на железо и челик. Валидност дo: 30.8.2013 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машки, женски и детски чорапи. Валидност дo: 30.9.2013 година Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на железен оксид, зелен хром оксид, црн јаглен и алуминиум сулфат. Валидност дo: 30.9.2013 година Компанија од Италија

заинтересирана е да соработува со македонски производители на дрво за обработка кое ќе биде наменето за финален производ во штици за изработка на предмети во домаќинството. Валидност дo: 31.8.2013 година Реномирана компанија од Р. Македонија продава комплет фабрика со автоматска линија за производство на чист природен течен јаглен двеоксид, квалитет наменет и за производство на CocaCola, Pepsi Cola, со капацитет од cca 1.000 kg / h готов производ, со машина за полнење на течен јаглен двеоксид во боци од 2,5 - 50 литри, со две статични цистерни и една најмодерна цистерна за превоз на течниот гас до купувачите, со два извора (бунара) на вода и со сопствена концесија за земјиштето. Цена по договор. Локацијата на објектот е во околината на Битола, до границата со Грција. Валидност дo: 5.10.2013 година Компанија од Република Македонија нуди на продажба имот во Кавадарци кој е лоциран на ул. Нов Белград 11 и е евидентиран во имотен лист број 3251 со вкупна земјишна површина од 20.964 м2 и 13.849 м2, изградена површина. Зградите се користени за складирање и обработка на тутун повеќе десетици години, а земјиштето е лоцирано во урбанизирана околина. Имотот е поврзан со главниот влез со пат до главниот булевар во градот. Околу имотот нема други индустриски објекти. Сите згради имаат потребна инфраструктура, вода, канализација и се поврзани меѓусебно со асфалтни патишта. Постои делумна


четврток, 20 Јуни 2013, Бр. 141

БИЗНИС ИНФО

21

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

инсталација за хидрантски систем за ПП заштита со подземен резервоар за вода, со зафатнина од 60 м3. Сите објекти имаат три силни аргументи за инвестирање во нив: -имотот е во урбанизираниот дел на Кавадарци; -поголем број на објекти (1,2,3,4), со вкупно околу 10.000 м2, може да бидат преуредени во станбен или деловен простор; -близина до главниот автопат E75 (15км). Валидност дo: 26.6.2013 година Компанија од Турција бара соработка со здравствени установи во Република Македонија за пласман на лабораториска опрема. Валидност дo: 30.9.2013 година Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на паркет.

Валидност дo: 31.8.2013 година Компанија од Шпанија заинтересирана е да увезува еколошки прехрамбени производи (градинарски и овошни) од Република Македонија, а кои имаат соодветен сертификат за истото. Валидност дo: 30.9.2013 година

Компанија од Германија заинтересирана е да соработува во областа на филтирање на вода, управување на мрежи за водоснабдување, складирање на вода и прочистување на вода во Република Македонија. Валидност дo: 3.9.2013 година

Компанија од Хрватска заинтересирана е да отвори погон во Република Македонија за производство на мебел од вештачки ратан влакна, како и вработување на работници обучени за плетење мебел од Македонија. Валидност дo: 28.9.2013 година

Компанија од Катар заинтересирана е да набавува електроопрема потребна за изведба на електроинсталации за индустриски објекти во Катар. Валидност дo: 3.9.2013 година

Компанија од Германија заинтересирана е да откупува овошје и зеленчук од Република Македонија. Валидност дo: 3.9.2013 година

Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk

Контакт:


БИЗНИС ИНФО КОМОРА СТОПАНСКА

НА МАКЕДОНИЈА

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK

Бизнис ИНФО бро 141, 20 Јуни 2013  
Advertisement