Бизнис ИНФО број 75 од 24.11.2011 година

Page 15

четврток, 24 ноември 2011, Бр. 75

БИЗНИС ИНФО

15

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Кинескиот заменик-министер за земјоделство Гао Хонгбин во посета на земјава и со најава ИНТЕРЕС ЗА МАКЕДОНСКОТО ВИНО Најголемата кинеска компанија од винскиот сектор кон почетокот на идната година ќе го скенира винскиот пазар во Македонија и ќе ги согледа можностите за извоз на македонското вино во Кина. Ова, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, го најавил кинескиот заменик-министер за земјоделство Гао Хонгбин на средбата со министерот Љупчо Димовски и заменик

министерот Зоран Коњановски. Ваквата најава од кинеското ресорно Mинистерство, како што појасни Хонгбин, следува по минатомесечното потпишување договор од една кинеска компанија за извоз на македонско вино на кинескиот пазар во вредност од 250 илјади евра. - Во изминативе шест години Република Македонија интензивно го развива примарното земјоделско производство и преработувачката индустрија. Виното е еден од стратешките земјоделски производи и сектор во кој многу се инвестира. Инаку и со виното присутни сме на саемските промоции во НР Кина кои се добра алатка за претставување на потенцијалите на земјоделско-прехранбениот сектор на нашата држава. Се надеваме дека овој сектор е еден од неколкуте каде може да се оствари плодна соработка меѓу нашите две држави, истакна министерот Димовски, а го цитира МИА. Тој додаде дека резултат на интензивните вложувања во земјоделскиот сектор во изминативе неколку години се зголеменото производство и по квантитет и по квалитет, како и извозот. Заменик министерот Коњановски, на чија покана во Македонија претстојува делагацијата од Кина, потенцира дека отпочнатата соработка на институционално ниво е добра основа за интензивирање на активностите во делот на размена на искуства кои ќе се

стават во функција на унапредување на земјоделството во нашата држава. - Направивме големи реформи во земјоделскиот сектор, но потребна ни е секоја помош и поддршка. Особено важна е онаа која се однесува на оптималното користење на земјиштето, на унапредување на производството на ориз и на осовременување на земјоделскта механизација, потенцирал Коњановски. На состанокот е упатена силна поддршка за инвестирање на заинтересирани кинески компании во земјоделско-прехранбениот сектор. - Имаме најниски даноци во Европа, а според Светска Банка неколку години по ред Република Македонија се рангира меѓу првите три топ бизнис реформатори. Ова за нас е доволна причина да упатиме јасна порака и на заинтересираните компании од Кина: Инвестирајте во Македонија, рекол заменик министерот Коњановски. Министерот Димовски објаснил дека Македонија е заинтересирана за инвестирање во делот на организирано производство, откуп и преработка на земјоделско-прехранбени производи како и за отворање на преработувачки капацитети за овошје, зеленчук и за месо. Тој истакна дека сега за инвеститорите по само евро за метар квадратен на располагање се околу 33 локации за изградба на вакви капацитети. Кинескиот заменик министер изрази воодушевување од динамиката на развој на македонскиот аграр и посочи дека наскоро бизнис делегација од Кина ќе ја посети Македонија и слободните економски зони и ќе ги разгледа можностите за инвестирање, вклучително и во земјоделско прехранбениот сектор, поточно во делот на производство и преработка на месо. Потврда за воспоставените односи на соработка во делот на земјоделството, како што истакнал министерот Димовски, е Протоколот за извоз на тутун од Македонија на кинескиот пазар кој треба да се потпише наскоро. Македонското и кинеското министерство за земјоделство до крајот на оваа година, како што беше прецизирано на состанокот, треба да го потпишат и билатералниот акциски план за соработка во областа на земјоделството на институционално ниво. Одржан првиот состанок на Меѓуресорното тело за пазар на капитал ИДЕИ И СОГЛЕДУВАЊА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ Во Владата на Република Македонија се одржа првиот состанок на

Меѓуресорното тело за пазар на капитал, со кој претседаваше премиерот Никола Груевски, а чија цел е на едно место да се дискутира и да се разменат информации во врска со состојбите и предизвиците на пазарот на капитал во Република Македонија во контекст со случувањата

во еврозоната и меѓународните пазари на капитал. Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на дискусијата биле презентирани повеќе идеи и согледувања за можностите кои стојат на располагање за унапредување на функционирањето на пазарот на капитал, пред се, преку воведување нови инструменти, потребата од поголема едукација на компаниите од реалниот сектор, како и за можностите за унапредување на регулативата. На средбата покрај владините претставници учествувале претставници од банкарскиот сектор, Македонската берза, Комисијата за хартии од вредност, НБРМ, приватните пензиски фондови и од Централниот депозитар за хартии од вредност, се посочува во соопштението. Водечки компании потпишаа договор за соработка со Технолошко-металуршкиот факултет СО СТИЕНДИИ И ПРАКСА ДО КВАЛИТЕТНИ ИНЖЕНЕРИ Деветнаесет водечки компании во индустрискиот сектор во Македонија потпишаа договор за соработка со Технолошко-металуршкиот факултет на Скопскиот универзитет и Министерството за образование и наука за стипендирање студенти за периодот 2012-2016. Деканот на факултетот Александар Димитров информирал дека со договорот компаниите се обврзуваат да обезбедат 38 стипендии за студенти запишани во прва година, во траење од осум семестри. Студентите ќе добиваат стипендија од 6.150 денари месечно или 73.800 денари годишно. Скопскиот универзитет, исто така, се обврзува да обезбеди стипендии за десет најдобри студенти на овој факултет во траење од два семестра. Тие ќе бидат ослободени од годишната школарина во висина од 12.300 денари. МОН, пак, се обврзува да


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.