Page 1

Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

Број 361 345

БИЗНИС ИНФО

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

БИЗНИС ИНФО www.mchamber.mk

1

goodini

192

2 - 2018

23.03.2018 13.07.2018

ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ ВО НАСОКА НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА КОМПАНИИТЕ

СРЕДНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА ЗА ПРОСПЕРИТЕТ ВО ЕВРОПА


2

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ПОДВЛЕЧЕНО

ПРЕМИУМ Покровители

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

ZAN MITREV

C L I N I C

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk

Стопанската комора на Македонија ПРВА комора и ПРВА институција во РМ со новиот стандард ISO 9001:2015 9001:2015

ISO

http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

БИЗНИС ИНФО

3

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ ВО НАСОКА НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КОНКУРЕНТНОСТА НА КОМПАНИИТЕ На прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија беа истакнати проектите кои имаат за цел зголемување на конкурентноста на македонските компании, а се реализираат преку програмите на Европската унија (9.7.2018 година). Зголемувањето на капацитетите и конкурентноста на компаниите е еден од главните приоритети на Стопанската комора на Македонија, и во таа насока се реализираат активности поврзани со проекти од фондовите на Европската унија, коишто треба да придонесат за креирање на алатки и услуги кои ќе ги поттикнат растот, иновативноста, извозните капацитети и конкурентноста на самите компании.

„Како резултат на малата искористеност на европските фондови од страна на компаниите, Комората користејќи ги своите можности и капацитети во моментот реализира бројни проекти кои се во насока на поддршка на поединечни сектори, зависно од расположивите програми на Европската унија, креирајќи дополнителни можности за самите компании да го подигнат својот капацитет, да го зголемат капацитетот на своите вработени или конкретно да им се помогне на компаниите да креираат нови иновативни производи кои се барани на европските пазари, или нови технолошки процеси кои ќе ги задоволат стандардите и барањата за конкурентни извозни можности“, - истакна Јадранка Аризанковска, виш советник во Стопанската комора на Македонија.


4

БИЗНИС ИНФО

Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Како поддршка на градежниот сектор, а во насока на креирање дополнителни капацитети на вработените за имплементирање на параметрите за енергетска ефикасност во градбите од 1 мај 2018 година започна со реализација Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE). Проектот се води во рамките на „Хоризонт 2020“ (работна програма „Безбедна, чиста и ефикасна енергија“, под повикот за „Енергетска ефикасност“ ЕЕ-2016-2017). Активностите што ќе се реализираат во следниот период се планирани во повеќе области со цел постигнување поголем број од резултатите предвидени да се постигнат со реализација на проектот. Така, еден сегмент на дејствување е кон натамошно подобрување на вештините на градежните работници за градење енергетски ефикасни објекти преку обука и преквалификации, со цел да се постигнат параметрите на ЕУ „Стратегијата 2020“ за енергетска ефикасност. Во таа смисла, Проектот „ TRAINEE“ ги надградува веќе постигнатите резултати во претходните два реализирани проекта од страна на Стопанската комора на Македонија како што беше Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност 2014-2016“, каде повеќе од 300 работници поминаа обука за градење на енергетски ефикасни објекти и повеќе од 1000 работници се здобија со сертификат за поседување вештини за енергетска ефикасност во градби врз база на моделот за препознавање на претходно стекнати вештини. Во рамките на првиот проект „Градење на вештини за енергетска ефикасност 2012-2013“ беа реализирани и развиени тренинг шеми и проширување на обуките и на градежните професионалци - архитекти, инженери и техничари. И двата проекта придонесоа за подигање на капацитетите на градежните работници за енергетска ефикасност во градби. Во Проектот кој се спроведува во моментот - „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE), а со цел да се постигне мултидисциплинарен пристап кај одржливото градење, ќе биде иницирана примената на алатки за информациско моделирање на градби (BIM-building information modeling) на национално ниво. Примената на „БИМ“-алатката, што е едно од барањата на новите правила за јавни набавки на Европската комисија, во доменот на градежништвото, ќе се спроведе со иницирање широка акција за подигање на свеста кај сите засегнати страни од градежниот сектор (градежните компании, инженерите, архитектите, работниците), но и инвеститорите и одговорните владини институции, како и крајните корисници на објектите, преку низа активности, работилници, семинари и други промотивни настани. Целта е преку примената на „БИМ“-алатките да се постигнат и да се прикажат енергетските заштеди кои се резултат од примената на мерки за енергетска ефикасност во процесот на градење.


Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

БИЗНИС ИНФО

5

ПРЕС НОВАКОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА Преку активности во рамките на Проектот ќе се иницира прифаќање на надградените вештини на градежните работници од страна на пазарот преку остварување соработка со различни професионални групи. Една од задачите е поттикнување на потребата од користење на квалификувана работна сила во градежништвото со предлози за корекција на законодавството, во насока на исполнување на стандардите зацртани со Правилникот за енергетски карактеристики на градби. Областите каде се очекува Проектот да има влијание се групирани во 2 групи: -креирање политики за одржливо градење: предлози за интервенции во законодавството со поттикнување на примена на Правилникот за енергетски

карактеристики на градби, предлог-методологија за препознавање на претходно учење, предлог-патоказ за воведување на „БИМ“ (алатки за информациско моделирање на градби) на национално ниво. Овие проектни резултати како директни корисници ги имаат министерствата за економија и за образование и наука. Бројот на индиректни корисници може да достигне и до 100.000 сопственици на станови кои се предмет на издавање (а кои треба да ги следат одредбите од споменатиот Правилник за енергетски карактеристики на градби), како и околу 5000 нови сопственици на станови, колку што е бројот на новоизградени станови годишно. Вреди да се вбројат и околу 1000 невработени лица годишно кои може да се вклучат во програмите за преквалификација на националната агенција за вработување.


6

БИЗНИС ИНФО

Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА РЕГИОНАЛНИ АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА КОМОРИ ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА Втора област каде се очекува Проектот да има влијание е градењето капацитети и вештини во насока на градење технички вештини, како и влијанието на пазарот. Градењето капацитети на техничките вештини се однесува на подготовка на иновативни шеми за обука и стекнување квалификации преку неформалното образование, со што како потенцијални корисници би биле опфатени: 200 градежни компании, 100 провајдери на неформално образование, 4000 градежни професионалци и 9600 градежни работници (бројки дефинирани во Патоказот за развој на вештини за енергетска ефикасност). Влијанието врз пазарната вредност на вештините за енергетски ефикасно градење ќе се постигне преку мерливо демонстрирање на намалувањето на енергетската потрошувачка на градбите во кои се применети мерки за енергетска ефикасност, што ќе се постигне со примена на „БИМ“-алатките и градењето на организациски капацитети за одржливост на проектните резултати ќе биде постигнато со етаблирање на Центар на знаење, како основен резултат од Проектот, кој ќе овозможи одржливост на постигнатите резултати и по завршувањето на проектот, за што ќе биде изготвен и бизнис-план за истиот. Вториот проект кој во моментот се спроведува во Стопанската комора на Македонија и е во партнерство со Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, наменет е за подигање на капацитетите и конкурентските способности на електрометалната индустрија и воведување системи во самите компании за создавање нови производи, воведување нови технолошки процеси или воведување стандарди кои ќе овозможат соработка со постојните и идни странски инвеститори во Македонија. Проектот „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“ се реализира во рамките на ИПА-Програмата во делот на конкурентност и ќе се спроведува во следните две години. Главната цел е подобрување на изведбата на одредени компании во Република Македонија со цел да бидат поконкурентни и да бидат способни подобро да соработуваат со странските директни инвестиции (но исто така и со други странски компании, што значи дека се подигаат и нивните капацитети за извоз). Во рамките на овој проект ќе се спроведат теоретски и практични обуки во самите компании, кои, по претходно изготвена анализа, покажаа интерес и способност за конкретна соработка со компаниите кои се дел од странските инвеститори во државата. Конкретно ќе биде реализирана обука на вработените во 10-15 компании со врвни пристапи кон новите модели на менаџмент, како и индустриските проекти во 5 компании во траење од 10-12 месеци, што треба да претставуваат мост и елиминирање на пречките за соработка меѓу странските инвеститори и домашните компании.


Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

БИЗНИС ИНФО

7

ПРЕС НОВАКОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА НОВ ПРОИЗВОДЕН ИНВЕСТИЦИСКИ КАПАЦИТЕТ ФОРУМ Како резултат на Проектот компаниите кои ќе бидат обучени треба да реализираат конкретна соработка со некоја од компаниите кои се странска инвестиција во Македонија. Долгорочно со овој проект се очекува раст на конкурентноста на домашните компании од металната и електрометалната индустрија и зголемување на вработувањата во овој сектор, како и постигнување на високо ниво на спроведување на современи модели на менаџмент. Паралелно со овие два проекта во Стопанската комора на Македонија се реализира Проект кој е насочен кон подобрување на капацитетите на компаниите за спроведување на регулативите, УСАИД Проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, каде главни бизнис сектори кои се опфатени со овој проект се: земјоделието и прехранбената индустрија, текстилот, градежништвото, ИТ и туризмот, каде детално се анализирани сите регулативи за овие сектори, но искуствата покажаа дека и останатите сектори имаат потреба од оваа поддршка. Преку овој проект каде Стопанската комора на Македонија е партнер заедно со останатите стопански комори целиме кон подобра информираност и поддршка на компаниите во делот на спроведување на законската регулатива, со цел да се намалат прекршоците и да се зголеми капацитетот на компаниите за подобра имлементација на законите. Преку бројни активности, како што се информативни настани и форуми по одредени теми од интерес на компаниите, преку ваучер-шемата каде компаниите добиваат конкретна поддршка во имплементација на одредена законска регулатива, преку веќе воспоставениот агрегатен портал БИЗНИСРЕГУЛАТИВА.МК каде компаниите добиваат информации поврзани со законите во РМ и поддршка во нивната имплементација, преку воспоставување на јавно приватен дијалог со владините институции со цел презентирање на конкретни проблеми со кои се соочуваат компаниите од аспект на проблеми во имплементација на законите и нивно решавање, и преку конкретни компаративни анализи и предлог-конкретни решенија овој проект цели кон воспоставување на подобро бизнис опкружување. Ова се дел од проектите кои во моментот ги спроведува Стопанската комора на Македонија, а се во интерес на креирање алатки за подигање на конкурентноста на македонските компании. Во идниот период се очекува отворање на дополнителни фондови од страна на ЕУ, кои ќе бидат во насока на јакнење на конкурентските способности на економијата. Јадранка Аризанковска


8

БИЗНИС ИНФО

Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА СТАВ ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ ПРЕС СВЕТСКИ СТАВ КОНФЕРЕНЦИЈА ПИКНИК

ВРЕМЕ Е ЗА ПОДДРШКА НА ИНОВАТИВНОСТА НА МАКЕДОНСКОТО СТОПАНСТВО По природа сум оптимист, но дури и мене, многу позитивно, ме изненади големиот одзив на првиот јавен повик за мерките од третиот столб на Планот за економски раст. Тоа покажува две работи – дека домашните мали и средни претпријатија, ако им се даде потребната поддршка, имаат голем капацитет да бидат полетната сила на економскиот раст, кој ни е толку неопходен (што ќе се стремат да ни го потврдат 236-те компании кои поднеле апликации на овој прв повик), и дека проактивниот ангажман на Фондот за иновации и технолошки развој, на чело со директорот Јован Деспотовски, кој и самиот лично беше присутен на неколку настани кои ги организиравме во Комората за да ги промовира овие мерки, даде резултати на дело.

Иако планираниот буџет за првиот повик изнесуваше приближно 3 милиони евра, на првиот повик беа поднесени апликации со предлози за проекти во вкупна вредност од  речиси 52 милиони евра, од кои околу 19 милиони евра се учество на компаниите во проектите, додека за остатокот – 33 милиони евра, е побарано финансирање од страна на Фондот за иновации и технолошки развој. Ваквиот побаран износ е речиси 11 пати поголем од планираниот буџет за првиот повик во 2018 година, и речиси три пати поголем од планираниот буџет за планираните повици на Фондот за


Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

БИЗНИС ИНФО

9

ПРЕС НОВАКОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА СТАВ НОВ ПРОИЗВОДЕН ИНВЕСТИЦИСКИ КАПАЦИТЕТ ФОРУМ иновации и технолошки развој. Ваквиот побаран износ е речиси 11 пати поголем од планираниот буџет за првиот повик во 2018 година, и речиси три пати поголем од планираниот буџет за планираните повици на Фондот за цела 2018 година. Но, тоа не треба да не загрижува – напротив. Повикот го извади на површина иновацискиот капацитет на македонското стопанство и спремноста на компаниите да инвестираат и сопствени средства – нешто што надежно го исчекувавме сите овие години. На повикот апликации поднеле и 24 компании „газели“ – можеби во некоја од нив се крие некој од следните гиганти на македонското стопанство. Затоа, сега е редот на надлежните државни органи да го препознаат моментот, и да ја прошират планираната поддршка, за да може соодветно да се одговори на овој израз на иновативност на македонското стопанство, и да се обезбеди поддршка за сите компании-апликанти кои во себе носат капацитет за забрзување на економскиот раст. Да не го пропуштиме моментот! Бранко Азески Претседател на Стопанска комора на Македонија


10

БИЗНИС ИНФО

Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА СТАВ ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ ПРЕЗЕНТАЦИЈА ПРЕС СВЕТСКИ СТАВ КОНФЕРЕНЦИЈА ПИКНИК

НЕОПХОДНА Е КВАЛИФИКУВАНА РАБОТНА СИЛА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА Македонскиот образовен систем во минатите години помина многу трансформации со цел да бидат задоволени општообразовните критериуми од една страна, како и да се едуцираат кадри согласно потребите на државата и бизнис секторот. Но денес е неспорен фактот дека постои неусогласеност на понудата и побарувачката на пазарот на труд, што не е непремостлива пречка. Еден фактор кој доведува до оваа неусогласеност е спората реакција на формалниот образовен систем, имајќи предвид дека формалниот систем треба да задоволи поширок социјален, развоен и културен аспект. Сепак, неформалното образование кое го реализираат приватните тренинг провајдери, самите компании, како и стопанските комори, придонесува за намалување

на тој јаз на пазарот на труд. Ако го анализираме пазарот на труд, во последните години отворени се повеќе работни места во секторот на преработувачката индустрија, градежништвото, транспортот и складирањето, административните и услужните активности и уметноста, забавата и рекреацијата. Околу 53% од новите работни места се поврзани со средното стручно образование, а 34% со пониските степени на образование. Во иднина повеќе работни места ќе се отворат во преработувачката индустрија и во трговијата, на степен на средно/стручно (62%) и високо образование (10%).


Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

БИЗНИС ИНФО

11

РЕГИОНАЛНА КОМОРА КЛУБ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕС НОВА - КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕТПРИЕМАЧИ КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА СТАВ ПОСЕТА НОВ ПРОИЗВОДЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО КАПАЦИТЕТ ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС Од аспект на миграциите кои неминовно влијаат на пазарот на труд, најголемата група иселеници се оние со средно образование (25,0% од сите иселеници во 2016 година, 31,0% во 2014 година, 34,4% во 2013 година и 41,8% во 2012 година), по кои следува групата со високо образование (вклучително и тие со магистерски дипломи) кои сочинуваат 9,8% од иселениците во 2016 година (10,7% во 2014 година, 11,2% во 2013 година и 9,0% во 2012 година). Од друга страна, согласно официјалните статистички податоци за деловните тенденции во преработувачката индустрија, најголем ограничувачки фактор кој влијае на обемот на производството е недостигот на квалификувана работна сила, која учествува со 23%. Ако на ова се надоврзе и информацијата од Народната банка на Република Македонија дека продуктивноста на трудот и во првиот квартал од 2018 година продолжува да опаѓа, а од друга страна евидентен е раст на трошоците за труд по единица производ, јасно е дека тоа не е позитивен сигнал за бизнис секторот, и се неопходни итни интервенции за да има подобрување во овој сегмент кој влијае на општата економска слика во земјата. Следствено на овие податоци, фокусот на образовниот систем во наредниот период треба да биде ставен на стручното образование и обука, независно дали станува збор за формалниот или неформалниот систем на образование. Имајќи предвид дека практичната настава не е соодветна за новите производствени процеси, а од таму компаниите губат определени средства додека ги подигнат вештините и знаењата на нововработените, заложбите на Стопанската комора на Македонија се воведување модел на средно стручно образование во кое транзицијата од училиште во реална работна средина ќе биде многу полесна, што се нуди преку моделот на дуално образование. Преку комбинирана реализација на образовниот процес во училиште и во компанија, согласно утврдена образовна програма ќе се олесни транзицијата од училиште во работна средина и побрзо ќе се реагира на потребите на пазарот на трудот. Преку Проектот„Образование за вработување во Македонија (Е4Е@mk)“ кој почнува да се имплементира во партнерство помеѓу Стопанската комора на Македонија, швајцарската невладина организација „Хелветас“ и Македонскиот центар за граѓанско образование, се поставува цел да се стимулира вработувањето, пред се` кај младите, преку подобрување на стручните вештини во земјава. Образованието мора да ја смени својата улога од учење факти и теорија кон развивање вештини што може да се применат на различни работни места, односно да се воспостави функционален образовен систем кој ќе образова квалитетни кадри кои ќе бидат препознаени од страна на приватниот сектор. Освен осовременување на наставните програми и подигнување на квалитетот на практичната настава, заложбата е учениците во стручното образование да бидат подготвени за влез на современ пазар на труд кој брзо се менува, што единствено може да се реализира со флексибилни наставни програми, каде бизнис секторот ќе има зајакната улога при едукативниот процес.


12

БИЗНИС ИНФО

Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА СТАВ ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ СТАВ ЕВРОПСКИ СВЕТСКИ ПИКНИК ФОРУМ Иако постои недостаток на квалификувана работна сила во речиси сите сектори, преку проектот, фокусот во прво време ќе биде ставен во делот на технологија и производство каде се вклучени струките и вештините од областа на земјоделието, прехранбената технологија и машинството, како и услугите, каде се вбројува туризмот, со посебен акцент на угостителството, личните услуги, здравството. Имајќи ги предвид важноста на квалитетот на средното стручно образование и позитивните ефекти кои ги има врз развојот на економијата, Стопанската комора на Македонија во интензивна соработка со образовните институции и носителите на одлуки од една, и приватниот сектор од друга страна, ќе зазема активно учество при имплементацијата на националните образовни стратегии кои на среден и на долг рок ќе бидат почувствувани на пазарот. Билјана Пеева-Ѓуриќ


Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

БИЗНИС ИНФО

13

РЕГИОНАЛНА КОМОРА КЛУБ НА РЕГИОНАЛНА МЕНАЏЕРИ ПРЕС НОВА - КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕТПРИЕМАЧИ КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА СТАВ ПОСЕТА НОВ ПРОИЗВОДЕН ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО КАПАЦИТЕТ ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС

СРЕДНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА ЗА ПРОСПЕРИТЕТ ВО ЕВРОПА Под наслов „Иднината на средното стручно образование и обука во Европа“, во Виена, се одржа дводневна конференција со активно учество на претставници од земјите - членки на Европската унија, министри, професори, агенции за стручно образование и обука, претставници на бизнис секторот. На конференцијата беа поканети и присуствуваа и претставници од коморите и од агенциите за средно стручно образование и обука од земјите од Западен Балкан.

Дигитализацијата, глобализацијата, миграцијата и стареењето на населението се само неколку од клучните фактори кои влијаејќи на работата во светски рамки на почетокот на 21. век, создаваат потреби за нови системи за стручно образование и обука во Европа. Зголемување на барањата за вештини и постојано менување на работните профили на сите квалификациски нивоа ги тераат европските системи за стручно образование и обука да бидат одговорни за краткорочни економски барања, додека ја одржуваат потребната стабилност и предвидливост. Ова беа поентите истакнати во рамките на панел дискусиите и работилниците организирани во рамките на Конференцијата за значењето на средното стручно образование и обука, што се одржа на 9 и 10 јули 2018 година во главниот град на Австрија. На Конференцијата се дебатираше дали системите за стручно образование и обука во земјите од Европската унија се подготвени за во иднина, да продолжат да обезбедуваат


14

БИЗНИС ИНФО

Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

КОНФЕРЕНЦИЈА висококвалитетен, инклузивен систем на образование и обуката, и дали може да им обезбеди на поединците и на пазарот на трудот вистински сет на вештини, информира Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија, како учесник на Конференцијата. Преку панел дискусии беа анализирани следните прашања: - кои се надворешните фактори кои влијаат врз европските системи за стручно образование и обука; - на кој начин може да доведуваат до промени во постојните институционални, педагошки и политички пристапи и приоритети; - до кој степен сегашните и идните влијанија се нарушуваат со воспоставениот европски систем на стручно образование и обука и која е заедничката визија на Европа за средно стручно образование и обука во 2020 година; - кои предизвици треба да се решаваат заеднички од страна на земјите-членки на ЕУ и како може политиката на соработка на ниво на ЕУ да создаде дополнителна вредност и поддршка за националните системи во периодот по 2020 година? Зошто Европа повторно го става во фокус средното стручно образование и обука? Недостигот од стручен кадар со средно образование безусловно е присутен во сите земји од Европа. Дигитализацијата, автоматизацијата на процесите, комјутеризацијата, глобализацијата, се дел од причините поради кои доаѓа до промена на потребата од стручен кадар на пазарот на труд, а голем дел од работните позиции ќе ги заменат роботите и машините, а се работи и на оптимализација на трошоците. Во јуни 2016 година Европската комисија публикува „Нова програма за вештини за Европа“, која содржи листа на активности кои веднаш мора да се преземат, со цел да се овозможи Европа да го подобри квалитетот и релевантноста на формирање вештини, да ги направи вештините и квалификациите повеќе видливи и споредливи и истите да се унапредат со можност за обезбедување информации за нова кариера. Сепак, она што беше посочено и констатирано на Конференцијата во Виена беше дека секоја земја има свој пристап кон обезбедувањето на содржината и управувањето со стручното образование и обука, но меѓу нив постои заедничка основа, а тоа е дека системот за средно стручно образование и обука се смета за специфично образование и обука за занимања и е насочен кон обезбедување квалификувана работна сила и обично се разгледува инфериорно во однос на општото или академското образование. Оттука, неминовен е процесот на дијалог и соработка на сите чинители во процесот со цел да се изгради систем кој ќе даде позитивни ефекти. Согласно изнесеното, четири главни модели може да се дифузни во европскиот систем на средно стручно образование денеска: 1. системот е базиран на учење преку пракса или дуален систем карактеристичен за Германија;


Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

БИЗНИС ИНФО

15

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОМОРА НОВА ПРОЕКТ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА НА УСАИД ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА 2. систем кој претставува иницијално стручно образование; 3. системот е препознаен како понатамошна обука; 4. системот како дел од процесот за доживотно учење. Како заклучок од Конференцијата беше истакнато дека со оглед на проширувањето и диверзификацијата на стручното образование и обука со нови провајдери и испорака на нови нивоа и во нов контекст, постои причина да се верува дека европското стручно образование и обука ќе станат уште поразновидни и плуралистички. Тоа може да биде

позитивен аспект доколку средното стручно образование и обука како процес стане поатрактивно и релевантно образование, но постои опасност да се чувствува во негативна насока дека фрагментацијата и поларизацијата би можеле да се зголемат. Во таа насока постојат повеќе предизвици на кои Европа ќе треба да работи, а тоа се: - традиционална дистинкција помеѓу субсектори за образование и обука; - проширување на дефиницијата за средно стручно образование. Креаторите на политиките ризикуваат да ја преиспитаат потребата за стручно ориентирана едукација надвор од традиционалниот сектор за стручно образование и обука; - развојот на системот во иднина може да бара решенија во развој на одредени потсектори и да вклучува институции и провајдери кои функционираат индивидуално наменски давајќи инпут во образовниот систем во конкретни дејности. Конференцијата беше организирана од Министерството за образование, наука и истражување на Австрија, во соработка со австриското сојузно Министерство за дигитални и економски прашања и со Европската комисија, во контекст на австриското претседателство со Советот на Европската унија. Даниела Михајловска Василевска


БИЗНИС ИНФО

16

Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

ПОСЕТА

АЗЕСКИ ВО ПОСЕТА НА ЕДНА ОД НАЈУСПЕШНИТЕ КОМПАНИИ ВО ГРАФИЧКАТА ИНДУСТРИЈА „КИРО ДАНДАРО“ - БИТОЛА Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, реализираше работна посета на печатницата „Киро Дандаро“ од Битола, која од мала печатница основана во 1945 година, прерасна во еден од лидерите во графичката индустрија во земјата и во регионот, а воедно, истата е дел од историјата на Битола, како бренд кој постои повеќе од 70 години.

Компанијата од 1994 година има инвестирано во машини за печат на флексибилна амбалажа, кога е увезена и првата флексо машина во Македонија. Во 1997 година набавена е и машина за длабок печат, а потоа во текот на работењето се набавени и други машини за ламинирање, за сечење. Моментално печатницата има на располагање 8 флексо машини, две машини за лепење материјали, односно за каширање, пет ножеви за обрежување и две машини за длабок печат. Печатницата „Киро Дандаро“ од Битола не е само успешна компанија во Македонија, туку и компанија која еднакво се носи и на европскиот пазар - вкупниот годишен обрт на компанијата, во која моментално се вработени околу 170 лица, за минатата година е 13 милиони евра. При тоа, 54% од вкупниот обрт отпаѓа на извозот, при што од компанијата се надеваат дека учеството на странските пазари ќе продолжи да расте, како резултат на направените инвестиции за набавка на нова опрема во изминатиот период.


Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

БИЗНИС ИНФО

17

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОМОРА НОВА ПРОЕКТ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОСЕТА УСАИД ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА - Европскиот пазар бара и препознава квалитет, па токму затоа изминатите години инвестиравме во машини со најнова технологија. Во јануари 2018 година во функција беше ставена нова опрема вредна 2,5 милиони евра, со која значително го зголемивме капацитетот на услугите за печатење, со што директно се зголемува и извозот на нашите производи во странство. Со инвестирањето во оваа нова машина имаме зголемување на капацитетот за околу 30% и зголемување на брзината на печат, од моменталните 250 метри во минута, на 500 метри во минута, при што и подготовката за самиот печат е многу побрза – од претходните три часа во просек, сега времето за подготовка за еден производ е намалено на приближно 30 минути, - истакна Драги Милошевски, генерален директор на печатницата „Киро Дандаро“. Најголем дел од извозот на компанијата, или околу 60%, е насочен за Србија, а останатиот дел во Косово, Албанија, Босна и Херецеговина, Хрватска, како и во земјите од ЕУ: Белгија, Холандија, Франција, Кипар и Молдавија. Дополнително, минатата година печатницата „Киро Дандаро“ има инвестирано и во подготовка, во препрес и дизајн студио, со што таа беше сертифицирана од „ЕСКО“, американска компанија за производство на фотополимерни плочи. За таа цел, набавена е опрема од Соединетите Американски Држави во вредност од 350.000 евра за дизајн студио и подготовка на машина. Печатницата „Киро Дандаро“ соработува речиси со сите водечки компании од Македонија, а истовремено е долгогодишен партнер и на водечките компании од регионот. Сашо Деспотоски


18

БИЗНИС ИНФО

Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

РАБОТНА ИНВЕСТИЦИИ СРЕДБА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА АРБИТРАЖА ЗДРУЖЕНИЈА -И МЕЃУНАРОДНА ГРУПАЦИИ КОНФЕРЕНЦИЈА СТАВ ИНФО ИНВЕСТИЦИСКИ СЕСИЈА ФОРУМ КОНФЕРЕНЦИЈА СРЕДБА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ПРЕС СВЕТСКИ СТАВ КОНФЕРЕНЦИЈА ПИКНИК

РЕГИОНАЛНО ПОВРЗУВАЊЕ ПРЕКУ ПЛАТФОРМА ЗА СРЕДНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА ВО РАМКИТЕ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Во рамките на активностите за регионална интеграција на земјите од Западен Балкан, едно од многуте важни прашања е воспоставување регионален приод на системот на средно стручно образование и обука.

Недостигот на стручен кадар со средно образование, надополнет со одливот на кадри надвор од земјите на Западен Балкан, како и трендовите во Европа и во светот на дигитализација, автоматизација на процесите, комјутеризација, глобализација, се предмет на анализа и решенија во рамките на Проектот „Иницијатива за реформа во образованието во Југоисточна Европа“ („ЕRI СЕЕ“), поддржан од „Култур Контакт“ од Австрија. Следејќи ги активностите на европско ниво, иницијативите кои се преземаат преку Проектот „ЕRI СЕЕ“ се во насока на конкретизирање чекори за воспоставување систем на средно стручно образование и обука во рамките на Западен Балкан. За таа цел, веќе е изработена и Платформа која ќе функционира во форма на веб-страна каде ќе партиципираат институциите за средно стручно образование и обука од сите земји од


Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

БИЗНИС ИНФО

19

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОМОРА НОВА ПРОЕКТ КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА НА УСАИД ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА регионот. Целта е преку оваа платформа да се градат политики кои ќе ги изедначуваат или усогласуваат стандардите на занимања во земјите од Западен Балкан и ќе го олеснуваат протокот и движењето на работната сила. Во таа насока, во Виена беше одржана 5-та средба на учесниците во овој проект, како и претставници од стопанските комори од земјите од регионот членки во Коморскиот инвестициски форум од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина. По претставувањето на Платформата и дискусијата како и во која форма во следниот период истата ќе се развива, на заедничкиот состанок беше констатирано дека мора активно вклучување и на коморите во процесот на креирање регионални активности на полето на средно стручно образование, пред се` преку креирање стандарди на занимање со цел истите да бидат во функција на бизнис секторот, но и да дадат резултати на одреден период во иднина, со цел да се овозможи проток на работна сила во рамките на регионот и да се намали одливот на кадри.

Во таа насока, коморите се подготвени да партиципираат во процесот. Но она што е многу битно е дека е потребна поддршка на бизнис асоцијациите во целиот регион за реализирање на постапката за вклучување на компаниите во процесот на креирање соодветни стандарди и активности.


БИЗНИС ИНФО

20

Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

КОНФЕРЕНЦИЈА Она што треба да се дефинира во следниот период е дали ќе се преземаат активности во насока на креирање стандарди за конкретно занимање кои ќе важат за сите земји од регионот, или пак ќе се креираат стандарди кои ќе се однесуваат само на земјите кои имаат интерес за такво занимање. Даниела Михајловска Василевска


БИЗНИС ИНФО bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

ај те

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

РЕГИОНАЛНА ПРЕС КОМОРА НОВА ПРОЕКТ РАБОТНА КОНФЕРЕНЦИЈА ИНВЕСТИЦИЈА НА СРЕДБА УСАИД ПОСЕТА ИНВЕСТИЦИСКИ ИНФО ФОРУМ СЕСИЈА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

ач

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

21

ар Н

Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

ИЗВЕШТАЈ ЗА БОНИТЕТ за унапредување и заштита на Вашиот бизнис!


22

БИЗНИС ИНФО

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОР ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСК Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

СТОПАНСКА КОМО СТОПАНСКАOsnovan КО ECONOMIC CHAMOs ECONOMICFounded CHA

F


БИЗНИС ИНФО

РУМИ И ПРЕЗЕНТАЦИИ ВО КАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

bsi.

ISO 9001

Quality Management

bsi.

ISO 9001

ОРА НА МАКЕДОНИЈА na 1922 ОМОРА НА МАКЕДОНИЈА snovana 1922 MBER OF MACEDONIA OF MACEDONIA dAMBER 1922

Founded 1922

FS 549642

Quality Management

FS 549642

23


БИЗНИС ИНФО

24

Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

28 август 2018 година Горна Радгона, Р. Словенија

Меѓународни деловни средби - „MEET4BUSINESS AGRA 2018“ - 28.08.2018 Р.Словенија

Саемот „АГРА“ претставува еден од најголемите и најзначајните меѓународни саеми од областа на земјоделството во Централна Европа, којшто со својата 50-годишна традиција, успеа од постарите на помладите генерации да ја пренесе и модернизира агроиндустријата. На овогодинешниот саем предвидено е да учествуваат над 1800 излагачи од повеќе од 30 земји од светот. На овогодинешното издание, Република Македонија како земја-партнер, ќе биде во центарот на вниманието со национален изложбен простор на којшто ќе бидат претставени македонската храна, вино, природни убавини, богатото историско и културно наследство и др. Македонската делегација ќе биде предводена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, г-дин Љупчо Николовски. Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на деловните средби, како и да можете да ги видите сите фирми кои се пријавени досега, програмата и сите останати релевантни информации во врска со настанот, ве молиме да се регистрирате електронски на следната веб-страна: http://meet4businessagra2018.talkb2b.net/ , најдоцна до 20 август 2018 година. Успешното потврдување на деловните средби (директни средби/состаноци) со компаниите е предуслов за учество на овој настан.

Контакт: Васко Ристовски Тел: ++ 389 2 3244014 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vasko@mchamber.mk

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 17 октомври 2018 година Стопанска комора на Австрија, Виена

„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ - ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ УВОЗНИЦИ НА ГОЛЕМО И МАЛО

„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ нуди можност за компаниите увозници на прехранбени производи, храна и пијалаци од Македонија и од светот со цел да ја зголемат својата мрежа на контакти, да пробаат нови производи, да запознаат нови добавувачи, да разменат нови идеи и да остварат деловна соработка со познати компании и експерти за производство и трговија на големо и на мало со храна и пијалаци од целиот свет. На средбите ќе учествуваат најпознатите увозници и трговски фирми на прехранбени производи од регионов, како, на пример: „Atlantic Grup“, „Delhaize“ - Србија („Maxi“- супермаркети), „Delta DMD“, „METRO Cash & Carry“ - Србија, „Orbico“, „Al Grosso“ - Србија, „Balfin Group-Spar“ - Албанија, „Distribution & Development ADD“ - Албанија, „RE WE-Group-Billa“ - Хрватска и други, кои се пријавени и ќе учествуваат на овој настан. На следниов линк: https://food2018.b2match.io можете да ги видите сите фирми кои се пријавени досега, да ја видите програмата и сите останати релевантни информации во врска со настанот.

Контакт: Ивана Крстевска Тел: ++ 389 2 3244051 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivana@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

26

Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

7 - 9 ноември 2018 година, Нови Сад, Србија

Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Од 7-9 ноември 2018 година во Нови Сад, Србија, ќе се одржи Меѓународен саем, со конференција и придружна програма за ИТ - Tелекомуникации - иновации - Интернет и игри. На Саемот се очекуваат 150 меѓународни излагачи, 2000 посетители и 1000 крајни корисници. Настанот опфаќа 15 тематски конференции, работилници и деловни средби. Саемот ќе се одржи на Новосадскиот саем, а организатор е ResEnva Consulting. Подетални информации: http://see-it-summit.com/SIS18/Public/Content.aspx?ID=88&sortMenu=110002 За бизнис средбите, Ве покануваме да се регистрирате бесплатно на Европската мрежа на претпријатија и платформата Matchmaking за состаноците во текот на сите 3 дена на Самитот, од 7-9 ноември во Нови Сад, Србија.

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 10-12 септември 2018 година Хотел „Мона“ Златибор, Р. Србија

Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE- 10-12.09.2018

Стопанската комора на Македонија, во соработка со Стопанската комора на Србија, ве поканува да бидете дел од овогодинешниот Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE, што ќе се одржува во периодот од 10-12 септември 2018 година, во хотелот „Мона“ - Златибор, Р. Србија. Организатори на овогодинешниот Самит се Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Р. Србија, Јавното претпријатие „Скијачки одморалишта на Србија”, Централноевропската иницијатива и Центарот за туризам, истражување и студии. Целта на Самитот којшто оваа година се организира на тема: „Развивање на планинскиот туризам“ е пред се` да се разменат позитивните практики и искуства во делот на инвестициите, иновациите брендирањето, промоцијата и подигањето на конкурентноста на планинскиот туризам, но и да се поттикне и продлабочи меѓусебната регионална соработка во областа. Патните трошоци и трошоците за сместување се на товар на учесниците. Хотел „Мона“ - Златибор, за сите учесници на самитот овозможува и дополнителен попуст за сместување. За дополнителни информации околу сместувањето, обратете се кај назначеното лице за контакт.

Контакт: Даниела Михајловска Тел: ++ 389 2 3244021 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: daniela@mchamber.mk


28

БИЗНИС ИНФО

Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Мултинационална компанија со седиште во Италија која се занимава со производство на ‘направи сам’ производи бара македонска компанија за пакување на истите, која нуди 20.000 до 30.000 работни саати на годишно ниво со можност за зголемување. IT000001 Египет Компанија од Египет која е во бизнисот со руди на метали, неметали како и други производи од хемиската индустрија е заинтересирана за увоз од Македонија на натриум карбонат, алуминиум оксид и цинк оксид. EG42278 Украина Компанија од Украина која произведува природни алкохолни пијалаци 52 различни видови водка, природна минерална вода, зеолит со различна гранулација, бара компании од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042032

Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Италија

Украина Компанија од Украина која произведува мебел, со фурнир, облоги од полимери со уметничко сликарство, масивно дрво, комбиниран со метал, стакло и кожа, бара компании од Р.Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042031 Кина Компанија од Кина се занимава со производство на челик, градежни материјали, обложување на хемикалии итн. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. CNB1483 Грција Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664 Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Италија Компанија од Италија е заинтересирана за соработка со произведувачи на пелети во Македонија со сертификати ENplus A1 или A2. IT000001 Египет Египетска државна компанија која произведува конзервирани маслинки, маслиново масло, минерална вода


Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

БИЗНИС ИНФО

29

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА и индустриска сол е во потрага по деловни партнери од Македонија. Покрај високото ниво на квалитет една од услугите која ги нуди оваа компанија е брендирање на амбалажата на производите по барање на клиентите. EG000005 Украина Компанија од Украина нуди линии за производство на разни видови национални лебови, тортиљи, пити, тестенини, шеќерни колачиња, лиснато тесто, кроасани, бисквити и други кондиторски производи, како и опрема за брза храна печки со електро тунели и транспортни системи. Компанијата бара фирми од Р. Македонија за соработка и пласман на своите производи. UA00000042034 Украина Компанија од Украина која се занимава со пилење и стружење на дрво и произведува градежни подови и столарија од иглолисни дрва, заинтересирана е за соработка со македонски компании за извоз и пласман на нашиот пазар. Месечен капацитет е од 3-5.000 м3 дрвена граѓа. UA00000041947 Кина Компанија од Кина се занимава со транспорт, дистрибуција,увоз и трговија на различна стока. Таа е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041921 Кина Компанија од Грција се занимава со производство на различни дизајни на внатрешни и надворешни врати од дрво. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Македонија. GR00000034664

Пакистан Компанија од Пакистан се занимава со производство на хируршки, стоматолошки, ветеринарни инструменти. Компанијата има интерес за соработка со компании од Р.Македонија. PK00000041937 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина е голем производител на соларни и лед светилки. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041939 Кина Компанија од Кина се занимава со трговија на полимер хемикалии, полипропилен, полиестер и др. Заинтересирана е за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000040632 Кина Компанија од Кина се занимава со прецизно производство на разновидни делови од различни материјали како (нерѓосувачки челик, алуминиум, пластика). Компанијата е заинтересирана за соработка со компанија од Македонија. CN00000041937 Кина Компанија од Кина се занимава со истрибуција и транспорт на разновидна стока. Компанијата е заинтересирана за соработка со компании од Р.Македонија. CN00000041930

www.mchamber.mk

Контакт: Игор Тасевски Тел: +389 2 3244-066 igor@mchamber.mk


30

БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

Петок, 13 Јули 2018, Бр. 361

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Уреднички одбор Митко Митевски тел: : (02) 3244015, mite@mchamber.mk Станка Дамјановска тел: : (02) 3244016, stanka@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка

goodini 1

922 - 2018

Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Кристина Лузевска тел: : (02) 3244035, kristina@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088

Бизнис ИНФО, број 361  
Бизнис ИНФО, број 361  
Advertisement