Issuu on Google+

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642

bsi.

ISO 9001

Quality Management

goodini

192

2 - 2014

FS 549642

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 178

www.mchamber.mk

08.5.2014

Стопанските комори на Македонија и на Косово потпишаа Спогодба за поттикнување на економската соработка

ВЕТЕР ВО ГРБ ЗА ЗНАЧИТЕЛНО ОПАДНАТАТА РАЗМЕНА

Дигитален маркетинг - шанса за малите и средни бизниси

НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ НЕДОВОЛНО ИСКОРИС ТЕНИ ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ДОМАШНИОТ И НА С ТРАНСКИТЕ ПАЗАРИ


СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО

РАМНОПРАВЕН НАТПРЕВАР СО МЕТАЛУРШКИ КОМБИНАТИ ШИРУМ ПАЗАРОТ ВО ЕВРОПА Не смее да се занемари фактот дека 17% од сите вработени во индустријата се од металургијата. Нашиот комбинат, заедно со „Фени индутри“ и „Макстил“ преставува ударна сила и вистински двигател на Македонската индустрија. Одложувањетои на примената на еколошките дозволи, модернизацијата на железничката и патната инфраструктура во РМ, формирањето на балансни групи за часовното балансирање на понудата и потрошувачката на електрична енергија, решавањето на имотно-правните односи на земјиштето на компаниите и одбрувањето на неколку милиони евра од ЕИБ за компаниите се свеж воздух и преставуваат правовремени и суштински потези на Владата на РМ со цел да се преброди кризниот период. Накратко речено, условите за функционирање кои ги имаат металуршките комбинати во моментов, прават да истите можат рамноправно да се борат со другите металуршки комбинати ширум пазарот во Европа. Југохром Фероалојс е еден од најголемите и најреномирани Европски производители на Феросилициум, и каков таков е присутен на целиот пазар ширум континентот. Самиот факт што нашиот сопственик доаѓа од Русија, силно влијаеше да бидеме присутни и на пазарот од Источна Европа, вкучувајќи ја и Украина. Секако и економската криза која зафати Украина уште пред почетокот на политичката (затворање и редуцирање на производствените капацитети во Стаханов и Запорожје) имаше силно влијание да го пласираме нашиот производ во неколку челичани во Украина. Морам да напоменам дека случувањата во последните некоку месеци во оваа земја се рефлектираа и нашето работење со тие капацитети, но веќе тоа е минато и од наредниот месец продожуваме со нормална испорака. (Васил Скендеровски, комерцијален директор на Југохром Фероалојс во Press24)

ИМАМЕ ПОДОБРУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА ПРИ РАБОТА Иако во Македонија е направен значаен исчекор во делот на регулативата, сепак самиот факт што во текот на минатата година имаше 98 несреќи од кои, за жал, според информациите што ги имавме, околу 28 се со смртни последици, зборува дека сеуште има огромен простор во кој треба да дејствуваат сите чинители. Мислам дека со реализација на сите социјални партнери, вклучително и државата, мора да го подигнеме нивото за обезбедување на безбедни работни места. Ако ги споредиме анализите од минатата и од годините наназад јасно се покажува дека имаме подобрување на безбедноста, но не застануваме тука со оглед на тоа што анализите покажаа дека најголем број несреќи имаме во преработувачката индустрија, градежништвото и во делот на рударството. Добро е што Министерството за труд и социјална политика ги засили контролите, а со дополнувањето на овие измени, очекуваме дека ќе обезбедиме значително подобра положба во делот на безбедноста и здравјето при работа. (Живко Митревски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија за МИА)


4

БИЗНИС ИНФО

четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

ПОДВЛЕЧЕНО

„КОГА НЕШТО ДАВАШ, НЕМОЈ ДА СЕ ФАЛИШ” Во Македонија има илјадници акции. Ние сме организација за која важи мотото “Кога нешто даваш, немој да се фалиш”. Тоа беше мотото, но сега Чикаго (каде што е седиштето) бара тоа да се објавува и да се информира за сите акции. Фактички, хуманоста е во тоа колку го трошиш времето, а не колку пари си дал, хуманоста се состои во трошење на време и да му помогнеш на оној на кој тоа му е потребно. Најголема донација што може еден човек да ја даде е времето. Не е целта да дојдеш во Лајонс и да извадиш 10.000 евра. Потребно е позитивно да мислиш, да заборавиш на проблемите и да се дружиш. Има акции кои се организирани во самите клубови, тоа се програмски акции, има акции кои се со донации и грантови, се собира фонд во Чикаго, се аплицира и се добива. Првиот грант го имавме за Косово, 100.000 долари за бегалската криза, им помагавме на луѓето тогаш. Тоа го направи првиот клуб во Скопје 1999-та година. Потоа, изградивме мала зграда, игротека во Детската клиника во Скопје, спонзори сме на Специјалната олимпијада, на Домот за деца без родители, им помагаме на бездомници, стари лица, слепите лица. За Лајонс важна е и екологијата, па Денот на дрвото и засадувањето бели рози се наши иницијативи. На Лајонс целта е и постојана едукација, па овозможуваме и бесплатни очни прегледи, а иницијатори сме за рано откривање на слепило и аутизмот. (Небојша Давидовски, основач на првиот Lions Club во Македонија во „Бизнис Инфо“)

ГЛОБАЛНА КОНТРОЛА НАД РИЗИКОТ ВО БАНКАРСКОТО РАБОТЕЊЕ Процесот на рано препознавање и откривање на одреден кредитен ризик неизбежно треба да се препознае уште во првичните интервјуа со клиентот, низ целиот кредитен процес, со перманентно следење на работењето на клиентот, со мониторинг на сервисирањето на долгот, квалитетот и атрактивноста на колатералот и уште многу други аспекти и показатели кои поддеднакво се важни за детектирање на одреден кредитен ризик и воспоставување на правилни начини за негово менаџирање. Управувањето со кредитниот ризик за комерцијалните банки претставува еден, ако не и најважен предизвик и сегмент во банкарското работење. Праксата покажува дека квалитето портфолио е стремеж на секоја банка,а тоа секојдневно банките го оставруваат со oддвојување на добрите од лошите заемобартаели ,се со цел да ги елиминираат потенцијланите лоши ризици и да добијат група на кредитноспособни должници. Кредитниот ризик во банкарското работење се вовлекува со огромна брзина. Современите глобални банкарски системи ги совладуваат ограничувањата на времето и просторот, но тие не можат да имаат надзор над ризикот кој го превземаат со својата кредитна активност. Следствено на тоа, следната цел што треба да се постигне е воспоставување на глобална контрола над ризикот во банкарското работење .Оваа определба,во моментот и во годините што следат, ќе претставува вистински испит за сите банки. (М-р Биљана Буторац, Стопанска Банка - Битола во „Фактор“)


четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

БИЗНИС ИНФО БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

5

ПОДВЛЕЧЕНО

BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION Скенирај и дознај повеќе

bsi.

ISO 9001

Quality Management

 FS 549642

Osnovana 1922

      Founded 1922

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ Н А С ТА В Н A П Р О Г РА М A од вкупно 190 часа

Дали размислувате за кариера во областа на менаџмент на човечки ресурси? Мудра одлука! Професионалците за човечки ресурси не само што придонесуваат за развојот на бизнисот преку стратешко управување со човечкиот капитал, туку и самата професија станува популарен избор поради можноста да се изгради вистинска кариера.

Уписите се во тек!

Учесниците на оваа Бизнис академија ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин.


БИЗНИС ИНФО

6

четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

АКТУЕЛНО Стопанските комори на Македонија и на Косово потпишаа Спогодба за поттикнување на економската соработка

ВЕТЕР ВО ГРБ ЗА ЗНАЧИТЕЛНО ОПАДНАТАТА РАЗМЕНА

Стопанската комора на Македонија и формално го заокружи интензивниот процес на размена на идеи и информации за продлабочување на соработката меѓу Република Македонија и Република Косово (трета средба за два месеца) со потпишување Спогодба за поттикнување на економската соработка со Стопанската комора на Косово (6.5.2014 година). Спогодбата ја потпишаа претседателите на двете деловни асоцијации - Бранко Азески и Сафет Герџалиу. Во оваа прилика, за унапредувањето на бизнис-релациите разговараа и значајни деловни луѓе од двете земји, кои имаа и билатерални средби. Целта на потпишаната Спогодба е интензивирање на надворешно-трговската размена, која минатата година забележа значителен пад од 37,5% споредено со претходната година. - Размената во последно време драматично опаѓа, иако меѓу Македонија и Косово има огромен потенцијал за економска соработка, но владите и приватниот сектор мора да работат поинтензивно за да се подобрат билансите. Економската соработка меѓу Македонија и Косово треба да се подигне на повисоко ниво, – истакна Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија. Тој лоцираше некои од слабите точки во соработката кои во иднина треба да се надминат, а кои својата основа ја имаат во недоволната меѓусебна информираност и немањето почести контакти меѓу бизнисмените. Како незадоволителни се лоцираат и ангажманите во креирањето на заеднички проекти за настап пред европските фондови, а слаби се и ретки иницијативите за заеднички настап на трети пазари. Токму од тие причини, Бранко Азески најави дека во иднина претставник на Стопанската комора на Македонија ќе присуствува во косовската деловна асоцијација и обратно, а тие ќе се обидат да им помогнат на компаниите во остварувањето на нивните бизнис-планови. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Косово за првите 2 масеца во 2014 година достигна вредност од 33 милиони САД $. При тоа, остварен е извоз во вредност од 29 милиони САД$, додека пак увозното салдо изнесува 4 милиони САД$. Во овој период Македонија бележи суфицит во однос на трговската размена со Република Косово во вредност од над 25 милиони САД$. Лани размената меѓу двете земји достигнала вредност од 306 милиони САД $, што претставува пад од -37,5% во однос на истиот период од претходната година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 276 милиони САД $, или пад од 41,9%, додека увозното салдо изнесува 29,7 милиони САД $ или зголемување од 3,9 % споредбено со 2012 година. Во вкупната надворешнотрговска размена на Република Македонија со Република Косово, во 2013 година остварен е суфицит од 246,6 милиони САД $. -Во основа, немаме проблеми во меѓусебната размена, но немаме ниту причина за задоволство. Приоритет над приоритетите треба да биде економската соработка, а за да се интензивира таа, потребно е да се симнат бариерите на границите, а двете влади да обезбедат нивно заедничко интегрирано менаџирање, - подвлече Сафет Герџалиу, споменувајќи дека во иднина треба да се формира и деловен совет од претставници на двете комори. Сава Димитрова, од „Европа“, истакна дека скопската компанија од секогаш била присутна на косовскиот пазар, дел од проблемите се решени, но недозволиво е патната инфраструктура меѓу двете земји да е во таква состојба. Аце Антевски од „Раде


четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

БИЗНИС ИНФО

7

АКТУЕЛНО Кончар – Сервис“, спомена дека коморите треба да инсистираат да се реши проблемот на привремен увоз кој сега вообичаено трае од 3 до 5 дена, бидејќи се бараат дополнителни гаранции. Џемаил Даути од „Даути Комерц“ инсистираше да се оствари заеднички притисок на деловните заедници пред владите на двете земји за да се обезбеди брз проток на стоки, а тој е на мислење дека размената ќе се подобри и доколку се унифицираат и даночните и царинските стапки. Мендерес Кучи, претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија, се заложи за правење бизнис без бариери, и ги повика компаниите меѓусебно да инвестираат. - Во светот сите државни администрации го уважуваат гласот на бизнисот. Ние заеднички мораме таквата пракса да ја наметнеме и во регионот, - порача Ислам Пацоли од косовската компанија „Мабетекс“. Двете деловни асоцијации со потпишувањето на Спогодбата, соработката ќе ја остваруваат со преземање низа активности во правец на: • подобрување на патната инфраструктура - поврзување на Р. Македонија со Р. Косово преку автопатот Приштина – Скопје; • подобрување на железничката инфраструктура, зголемување на ефикасноста на транспортот со железницата - да се забрзаат контролните постапки и да се скрати задржувањето на вагоните и на стоката; • забрзување на реализацијата на изградбата на интерконективната врска на далноводот Македонија - Косово, како од аспект на регионално вмрежување, така и од аспект на оптимизација на енергетските извори; • гасификација и гасоводно вмрежување кое значително ќе влијае врз конкурентноста на регионалната трговија и врз привлекувањето странски инвестиции; • оспособување на граничниот премин Јажинце за товарен сообраќај; • размена на вработените по сектори од двете комори со цел обука и дообука на вработените, трансфер на знаење и искуства; • создавање на билатерално експертско тело кое ќе ги следи ЕУ-повиците за аплицирање на ЕУ-програмите со цел креирање на заеднички проекти, пред се` од областа на транспортната и енергетската инфраструктура, заштита на животната средина, туризмот и унапредувањето на прекуграничното движење на стоките; • заедничко учество на саемски манифестации, конференции, форуми; • едукација на потрошувачите со цел подетално запознавање со продуктите што се нудат на двата пазара и начинот на нивната употреба. Воедно, со цел промовирање на натамошниот развој и зајакнување на постојната соработка на полињата од заемен интерес, заради заедничко унапредување на својата работа и активности за усогласување на посебните и заедничките интереси во областа за која се основани, претседателите на Стопанската комора на Македонија и на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Бранко Азески и Мендерес Кучи потпишаа Договор за соработка.

Саво Пејчиновски


БИЗНИС ИНФО

8

четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

ДОСИЕ Надворешно-трговска размена меѓу Македонија и Косово

ДРАМАТИЧНО ОПАЃАЊЕ

Надворешно-трговската размена меѓу Република Македонија и Косово, се одвива согласно Договорот за изменување и пристапување кон Централно-европскиот договор за слободна трговија или ЦЕФТА 2006, потпишан меѓу Македонија, Албанија, БиХ, Србија, Црна Гора и УНМИК/КОСОВО, а чија имплементација започна на 21.11.2007 година. Согласно ЦЕФТА 2006, трговската размена меѓу Македонија и Косово е целосно либерализирана. Пред тоа, билатералната стопанска соработка со Унмик/Косово се одвиваше согласно со Привремениот договор за слободна трговија со Времената Административна Мисија на ОН во Косово - УНМИК, (1 август 2005 год. од страна на Косово, а 1 јануари 2006 година од страна на Република Македонија).

Трговска соработка меѓу Република Македонија и Република Косово Јануари - февруари 2014 година Извоз Увоз Вкупно во САД Долари Количина во кг Сума во САД$ Количина во кг Сума во САД$ Количина во кг Сума во САД$ 49.953.638,00

29.046.370,00

5.310.262,00

4.000.410,00

53.954.048,00

33.046.780,00

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Косово за првите 2 масеца во 2014 година достигна вредност од 33 милиони САД $. При тоа, остварен е извоз во вредност од 29 милиони САД$ додека пак увозното салдо изнесува 4 милиони САД$. За анализираниот период за првите 2 месеца во 2014 година Република Македонија бележи суфицит во однос на трговската размена со Република Косово во вредност од +25,045 милиони САД$. Во поглед на застапеноста на производите во размената, за првите два месеца во 2014 година, во структурата на извозот најзастапени се: • Портланд цемент (1,8 милион САД$ ) • Нафтен кокс (1,2 милион САД$ ); • Останати пекарски производи (1,1 милиони САД$ ) и останато со помала вредност.

Во увозното салдо, најголемо учество имаат: • Отпадоци и остатоци од легиран челик, други (0,7 милион САД$); • Отпадоци и остатоци од примарни келии, примарни батерии и електрични акумулатори; потрошени примарни келии, потрошени примарни батерии и потрошени електрични акумулатори (0,6 милион САД$); • Други заварени цевки што не се со кружен попречен пресек (0,5 милион САД$ ) и останато со помала вредност.

Трговска соработка меѓу Македонија и Косово во 2013 година Извоз Увоз Вкупно во САД Долари Количина во кг Сума во САД$ Количина во кг Сума во САД$ Количина во кг Сума во САД$ 571.919.545,00

276.375.763,00

81.269.433,00

29.717.747,00

639.197.639,00

306.093.510,00

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Косово во 2013 година достигна вредност од 306 милиони САД $, што претставува пад од -37,5% во однос на истиот период од претходната година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 276 милиони САД $ или пад од 41,9%, додека увозното салдо изнесува 29,7 милиони САД $ или зголемување од 3,9 % споредбено со 2012 година. Во вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија со Република Косово, за 2013 година остварен е суфицит од 246,6 милиони САД$. Република Косово е деветти трговски партнер на Република Македонија за 2013 година.

Трговска соработка меѓу Македонија и Косово во 2012 година Извоз Увоз Вкупно во САД Долари Количина во кг Сума во САД$ Количина во кг Сума во САД$ Количина во кг Сума во САД$ 830.708.803,00

392.352.577,00

82.375.840,00

28.539.798,00

913.084.643,00

420.892.375,00


БИЗНИС ИНФО

четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

9

ДОСИЕ Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Косово во 2012 година достигна вредност од 420.8 милиони САД $ што претставува пад од 37% во однос на 2011 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 392 милион САД $ или пад од 37,8 % во однос на 2011 година, додека увозното салдо изнесува 28 милиони САД $ или пад од 26 % споредбено со 2011 година. Во вкупната надворешно-трговска размена на Република Македонија со Република Косово, за 2012 година остварен е суфицит од 363,8 милиони САД$. Република Косово е осми трговски партнер на Република Македонија за 2012 година.

Трговска соработка меѓу Македонија и Косово во 2011 година Извоз Увоз Вкупно во САД Долари К��личина во кг Сума во САД$ Количина во кг Сума во САД$ Количина во кг Сума во САД$ 996.678.907,00

540.852.556,00

121.499.848,00

36.047.993,00

1.118.178.755,00

576.900.549,00

Во поглед на застапеноста на производите во размената, во 2013 година, во структурата на извозот се застапени: • Нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали и преработки, со содржина помали од 70% на нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали – 67.850.425,00 САД $; • Портланд цемент – 11.685.029,00 САД $; • Нафтен кокс – 10.717.994,00 САД $; • Цигари – 9.187.157,00 САД $; • Останати пекарски производи – 8.321.861,00 САД $; • Шипки и прачки од железо и нелегиран челик, не повеќе обработувани од топло-валани, со вдлабнатини, засеци, жлебови или други деформации добиени во процесот на валање или усукани после валање - 8.155.772,00 САД $; • Лекови, кои се подготвени во измерени дози, или во форми или пакувања за малопродажба – 6.661.854,00 САД $; • Китови, полнила за молеро-фарбарски работи – 6.513.576,00 САД $. Во увозното салдо за 2013 година, учество имаат: • Други заварени цевки што не се со кружен попречен пресек 3.871.917,00 САД $; • Отпадоци и остатоци од легиран челик – 3.434.832,00 САД $; • Други плочи и слично од пластични маси – 3.078.251,00 САД $; • Вода (вклучувајќи минерална и газирана) со додаток на шеќер или други средства за засладување или ароматизација, останати безалкохолни пијалаци – 2.926.027,00 САД $. Стоковна размена (2008/2013 година)

Извоз Увоз Вкупно Трг. салдо

Во САД $

2008 501.700 43.200

2009 314.542 9.658

2010 437.772 22.051

2011 540.852 36.048

2012 392.352 28.540

2013 276.376 29.717

544.900

324.200

459.823

576.900

420.892

306.093

+ 458.500

+ 304.884

+ 415.721

+ 504.804

+ 363.812

+246.659

*Податоците за 2008 година се апроксимативни и се изведени од вкупната размена со Р. Србија, според претходното учество на Косово. - Споредувајќи го периодот од 2008 до 2013 година, во надворешно-трговската размена меѓу Република Македонија и Република Косово, може да се забележи опаѓање и варијација во вкупната размена на стоки, но и константен трговски суфицит на македонска страна. Најголемиот суфицит е забележан во 2011 година во износ од 504,8 милиони САД$. За 2013 година евидентиран е позитивен биланс во трговската размена со Република Косово од 246,6 милиони САД$. Падот на билатералната надворешно-трговска размена од 306 милиони САД $ во 2013 година, во споредба со истиот период од 420,8 милиони САД $ во 2012 година, укажува на ваквиот тренд, имајќи ги предвид општите економски случувања како во регионот така и пошироко, бара дополнителни стимулативни мерки за да се сопре натамошното опаѓање на трговската размена, односно да се создадат услови за раст на трговијата. Во таа насока, приоритети на билатералната соработка треба да бидат унапредувањето на бизнисот и инвестиционата клима, подобрувањето на инфраструктурата (транспортната и енергетската) и заедничкото користење на ЕУ-фондовите. Во вкупната надворешнатрговска размена, Република Косово е деветти трговски партнер во посочениот период (2013 година).

Ирена Мојсовска Огне Гаревски


БИЗНИС ИНФО

10

четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

ФОКУСИРАНО Дигитален маркетинг - шанса за малите и средни бизниси

НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ НЕДОВОЛНО ИСКОРИСТЕНИ ЗА ОСВОЈУВАЊЕ НА ДОМАШНИОТ И НА СТРАНСКИТЕ ПАЗАРИ

Пазарот на дигитален маркетинг во Европа забележа досега најголема вредност. Интернетот првпат стана втор најважен медиум за огласување, па на дигиталното рекламирање отпаѓаат 25,6 отсто од маркетиншкиот пазар во Европа. Македонскиот пазар на дигитален маркетинг во 2013 година „тежел“ 1.940.017 евра, покажува истражувањето на Httpool во соработка со Ipsos Strategic Pulse. За споредба, во 2012 година биле потрошени 1.945.715 евра. Оваа сума е добиена со следење на 40ина македонски веб-дестинации и со забележување на сите рекламни објави што се појавиле на нив во текот на изминатата година. При пресметката на цената на рекламата се земени последно достапните јавни ценовници на веб-дестинациите, со што се добива брутотрошок за огласување. Во 2013 година за огласување во одделни региони во Европа се потрошени разни суми на средства. Kако за илустрација, во Обединетото Kралство се инвестирани 6,6 милијарди евра, а во десетторангираната Данска таа бројка е 600 милиони евра. Ова беше истакнато на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија на тема: Дигитален маркетинг - со примена на новите ИКТ-технологии поблиску до потрошувачите во освојување на домашните и странските пазари. Според податоците на Државниот завод за статистика на Република Македонија, во јануари 2013 година, широкопојасен пристап

1 2

Бизнис-страни на facebook Vip operator T-Mobile MKD

4

ONE.mk

150030

167178

5 6 7 8 9 10

Dormeo Skopje City Mall VIVA Enci Menci Bebe Oprema СКОПСКО Стоби Флипс

141588 138733 122407 121597 102189 101054

159578 160845 143890 138443 109942 110742

Р. бр.

Локални обожаватели 185815 176149

Глобални обожаватели 208983 204884

на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 91,5% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени. Пристап на интернет преку мобилна конекција (широкопојасна или друг вид на мобилна конекција) имале 43,8% од деловните субјекти. Дури 57,4% од деловните субјекти за своите вработени обезбедиле далечински пристап до системот на е-пошта, документите или апликациите на претпријатието, а 41,0% на своите вработени им обезбедиле преносливи уреди со кои се овозможува мобилна конекција на интернет за деловна употреба.


четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

БИЗНИС ИНФО

11

ФОКУСИРАНО Во јануари 2013 година, 32,4% од вработените во деловните субјекти со 10 или повеќе вработени при вршењето на работните задачи користеле компјутер најмалку еднаш неделно, а 26,1% од вработените, најмалку еднаш неделно користеле компјутер со пристап на интернет. Преносливи уреди (пр., notebook, laptop, smartphone, PDA phone), кои овозможуваат мобилен пристап на интернет, за деловна употреба користеле 6,6% од вработените. Употребата на социјалните медиуми, како социјални мрежи, блогови, веб-страници за споделување на мултимедијална содржина (пр., Facebook, Twitter, YouTube, итн.), или wikiалатки за споделување знаење, била застапена кај 36,2% од деловните субјекти. За успешен дигитален маркетинг (ДМ) компаниите мора да одвојат дополнителен буџет за промоција, но од друга страна, овој буџет спореден со електронските и печатените медиуми е многу помал. Facebook. е доминантна мрежа во Република Македонија, така што луѓето се сконцентрирани најчесто на овој медиум. Останатите мрежи кај нас се помалку користени. Twitter би била втора социјална мрежа сведена на помала целна група, што одприлика е 1-2% од групата на Facebook. Команиите повеќе се дезинформирани отколку информирани. Нивното дигитaлно присуство на социјалните мрежи не е само објава на статуси, бидејќи во тој случај резултатите се незначителни. Рекламирањето на социјалните медиуми, разните активности, апликации и кампањи се од битно значење за добрата промоција која би донела поголема продажба. Лошиот глас за Facebook. не им дава добра слика на компаниите - дека тоа е мрежа за комуникација на млади. Зошто иднината е во дигиталниот маркетинг? • • •

Главна предност на дигиталниот маркетинг е поголемата интеракција со потенцијалниот и постојаниот купувач, и истата може да се менува во тек, доколку се укаже потреба и тоа се прави во истиот момент. Промената на објавата има пониска цена на чинење. Со градење на квалитетни on-line-заедници се зголемува и лојалноста на потрошувачите и се добива бесплатен канал за комуникација со нив, за да се слушне нивното мислење за производите, градејќи двонасочна комуникација.

Дигиталниот маркетинг има голем неискористен потенцијал и треба континуирано да се работи на подобрување на состојбите, а придобивки ќе имаат сите учесници на пазарот. Дигиталниот маркетинг е област која динамично се менува, споредено 2013 година во однос на 2014 година. Новите платформи и сервиси секојдневно воведуваат нови опции, каде што доминантна позиција има и мобилното огласување како доминантен дел од дигиталниот маркетинг. Инаку, eMarketera и Starcom Media Vesta, велат дека глобалната потрошувачка за дигитален маркетинг во 2013 година достигна 117,60 милјарди САД долари (повеќе од 22,2% од вкупното огласување), што претставува раст од 13% во однос на 2012 година. Во 2014 година се предвидува дигиталниот маркетинг да заземе една четвртина од вкупното огласување, што ќе предизвика и битен психолошки момент, кој ќе влијае на маркетиншките одлуки и буџети. Кога станува збор за дигиталниот маркетинг, евидентно е дека се` повеќе пари од рекламите се префрлаат од традиционалните медиуми кон Интернетот и поради тоа се` повеќе и повеќе растат приходите на компаниите кои работат на Интернет. Проверено е дека социјалните медиуми за секоја компанија може да имаат позитивно влијание врз зголемувањето на продажбата. Секако и интегрираните кампањи даваат резултати кога сето тоа е добро осмислено. Дури и за производи кои се луксузни и се купуваат многу ретко, функционираат кампањите на социјалните мрежи. Доколку се таргетира целната група и доколку производот се претстави на вистински начин (се комуницира неговата дополнителна вредност, пр. цена, карактеристики или сл.), може да се реализираат одлични продажби. Новина во блиска иднина ќе биде појавата на мобилно маркетирање. Огласувањето преку мобилни телефони е се` уште незначително со 3,7% од вкупната потрошувачка за огласување во ��АД, но сепак во 2013 година е зголемено за 81% во однос на 2012 година, а се предвидува во 2015 година да достигне 8,4 % од вкупните средства за огласување.

Софче Јовановска


БИЗНИС ИНФО

12

четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

БРОЈКИ И ФАКТИ

Компјутерите како маркети

ДО ПОТРОШУВАЧИТЕ СО УНИКАТНА ПОНУДА

Дигиталниот маркетинг е можност и малите и средни компании да излезат поагресивно и на домашниот и на светскиот пазар. Помина времето кога се чекаа корисниците - потенцијалните потрошувачи да дојдат на веб-страната на компанијата, туку неопходно е преку социјалните медиуми да се пласира информацијата директно до потрошувачот. Компаниите денес треба да се појават со уникатна понуда on-line, за да можат да ги придобијат потрошувачите. Кој денес ги носи потрошувачите од пред своите компјутери до продавниците? Главниот предизвик за дигиталниот маркетинг во Македонија и во регионот е дека компаниите мора да сфатат дека дигиталниот маркетинг треба да биде дел од секоја кампања. Интернетот потполно го промени светот, се промени начинот на водење бизнис, се проемни маркетинг-пристапот, се промени комуникацијата со купувачите. Зошто е тоа така? • • • • • • • • • • • • • •

1/3 од светската популација е на интернет; 8 нови корисници на интернет има секоја секунда; 79% од on-line купувачите користат дури 50% од своето време во барање производи; 86% од луѓето ги ’скокаат’ ТВ-рекламите; 46% се намалени средствата на компаниите наменети за саеми; 44% од секоја директна печатена пошта никогаш не се отвора; 89% од компаниите го зголемиле својот on-line буџет во претходната година; 47% од компаниите ќе потрошат повеќе пари од предходно на интернет активности; 42% планираат да потрошат приближно исто, а само 11% ќе ги намалат средствата; парите наменети за промоција на социјалните медиуми и блогирање се зголемени во буџетите за 2013 година за 23%; интернет-маркетингот е за 64% поевтин од традиционалниот маркетинг; во традиционалниот маркетинг за да добиете еден клиент потребни ви се, во просек 346 евра, а во интернет-огласувањето – само 135 евра; преку компанискиот блог се добиваат 57% нови клиенти, преку LinkedIn 62%, Facebook 52% и преку Twitter 44%; традиционалните маркетинг-активности се генерално поскапи и тоа: саемите се за 46% поскапи од просечните маркетингтрошоци, директната пошта е за 26% поскапа, телемаркетингот за 26%, платеното истражување за 26%, додека SEO-пребарувањата и социјланите медиуми се поскапи за само 14%, а блогирањето за само 10%.

Целта на дигиталниот маркетинг е ПОТРОШУВАЧОТ да го донесете од пред компјутерот во продавницата, потрошувачот од ОБОЖАВАТЕЛ на производите да стане ПОТРОШУВАЧ. Компаниите денес треба да се појават со уникатна on-line понуда за да можат да ги придобијат потрошувачите. Зошто дигитален маркетинг преку социјалните мрежи? Маркетингот преку социјалните мрежи има повеќекратни предности кои го прават поефективен од традиционалниот маркетинг: 1. дозволува директна комуникација со купувачите наместо еднонасочно емитување пораки (радио, печат, ТВ); 2. овозможува прецизно таргетирање; 3. голем дел од резултатите се мерливи; 4. најголема можност во историјата за поврзување со купувачите и грижа за корисниците; 5. голем простор за изразување и раскажување на сторијата за брендот итн. Официјалните статистики покажуваат дека: • 72% од сите интернет-корисници се активни на социјалните мрежи, а од нив 71% од корисниците на интернет пристапиле на социјални медиуми преку мобилен телефон; • Facebook има 1, 5 милијарда корисници; • Google+ има 540 милиони активни корисници; • корисниците во просек користат 10,7 часа днeвно на сите форми на медиуми, а од нив 5,6 часа на дигитални медиуми; • секоја минута на YouTube се поставува видео-материјал во траење од 72 часа; • ако Wikipedia беше книга, ќе имаше 2,25 милиони страници; • 53% од корисниците на Twitter препорачуваат производи во нивните објави;


четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

БИЗНИС ИНФО

13

БРОЈКИ И ФАКТИ • •

90% од луѓето им веруваат на on-line препoрачаните производи од пријатели кои ги познаваат на социјалните медиуми; 14% од нив им веруваат и на традиционалните ТВ-реклами.

Корисниците на интернет - вашите потенцијални потрошувачи стануваат поактивни и пожестоки – тие немаат веќе време за губење чекајќи вие да го направите првиот чекор, а тие да останат пасивни! • Каде е вашата компанија на интернет, на социјалните медиуми? • Каде е вашата конкуренција? Еден милион веб-страни се интегрирани со Facebook, а преку Facebook е генериран сообраќај 13,8% од целокупниот сообраќај (во последниот квартал од 2013 година), односно корисниците преку Facebook стигнале до веб-страните. Карактеристики за Facebook мрежата за бизнис-ксорисниците: • 1,5 милјарада активни корисници на Facebook; • 757 милиони корисници во Европа се логираат дневно на Facebook; • секоја секунда се креираат по 5 нови профили; • од Facebook корисниците 53% се жени и 47% мажи; • се поставуваат по 300 милиони постови дневно; • секои 60 секунди на Facebook има постирано 510 коментари, 293.000 сменети статуси и 136.000 поставени слики. Колку се користи интернет во Македонија? • •

Во Македонија интернет користат 1.180.704 граѓани или 56,7 проценти од вкупната популација; 941.240 граѓани се на социјалната мрежа Facebook или 45,2 проценти.

Интернет-огласувањето е реалност во Македонија веќе неколку години, но загрижува фактот што трендот на нашиот пазар е сосема спротивен од оној во светски рамки. На глобално ниво има континуиран пораст на буџетите за дигитален маркетинг од година на година, додека во Македонија, за жал, можеме да констатираме дека тој потенцијал во моментот воопшто не е искористен. Појавата на интернетот забрзано го смени начинот на комуникација на компаниите со потрошувачите. Македонските компании, секоја чест на исклучоците, се` уште повеќе и` веруваат и ја сметаат за поисплатлива телевизијата наспроти интернетот. Македонија многу доцни зад светските трендови воопшто во начинот на користење на интернетот како алатка за комуникација со целната публика, па така и во on-line-огласувањето. Што е важно за маркетингот на Facebook? • • • • • • • • •

50% од Facebook активните корисници се логираат секој ден; секој корисник на Facebook има просечно 130 пријатели; секој корисник на Facebook во просек троши 700 минути месечно; повеќе од 30 милијарди постовисодржини се споделуваат на Facebook секој месец; секој ден на Facebook-страните се појавуаат 5,3 милјарди фанови кон бизнис (фан) страните на компаниите; секој ден се менуваат 55 милиони статуси; секој ден, 35 милиони луѓе ги менуваат содржините на нивните статуси; преку 300.000 корисници на Facebook помагаат да се преведат страните на 70 јазици; околу 70% од корисниците на Facebook се надвор од САД. Потенцијалот е огромен, односно корисници на Facebook постојат од целиот свет.


14

БИЗНИС ИНФО

четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

СРЕДБИ Претседателот на Советот на странски инвеститори, Јуан Педро Јименез Наварро, со економско-трговските претставници на ЕУ-амбасадите во Република Македонија

ЈАВНО-ПРИВАТНИОТ ДИЈАЛОГ ФУНКЦИОНИРА, НО ТРЕБА И НАТАМУ ДА СЕ РАЗВИВА

На покана на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија присуствуваше на состанокот со економско-трговските претставници на ЕУ-амбасадите во Република Македонија, на 6.5.2014 година, со цел запознавање на присутните со прашањата со кои се соочуваат странските инвеститори во нивното секојдневно работење. На состанокот учествуваше претседателот на Советот на странски инвеститори, Јуан Педро Јименез Наварро, кој пред присутните претставници на ЕУамбасадите ја истакна улогата на Советот во македонската економија и неговите активности во правец на подобрување на бизнис-климата во државата. Пред присутните, Наварро образложи како работи Советот преку своите работни групи и ги објасни областите кои се од значење за странските инвеститори. Господинот Наварро посочи дека постои јавно-приватен дијалог и дека е потребно тој уште повеќе да се развива за да се обезбеди целосно вклучување на засегнатите страни при креирањето на државните политики. Притоа, тој нагласи дека предизвици постојат и потребно е за истите да се изнајдат соодветни решенија, со цел Р. Македонија дополнително да се етаблира како погодна инвестициска држава. Токму затоа, знаењето и искуството на веќе етаблираните странски инвеститори во Македонија треба да се искористи како искуство од компании кои ја одбрале оваа дестинација поради сигурноста и поволните услови што ги нуди. Беше презентирана и Белата книга, како издание кое се очекува да се објави кон крајот на оваа година, а кое во себе ќе опфаќа сет на приоритети во делот на економијата гледани од призма на странските инвеститори, но дополнително ќе опфаќа и предлози за регулирање на одредени предизвици со цел стимулирање на инвестиции со странски капитал во државата. На овој состанок присуствуваа економско-трговски претставници на ЕУ-амбасадите во Република Македонија од поголем број државичленки на ЕУ, кои изразија задоволство за објавувањето на Белата книга на Советот на странски инвеститори и изразија желба за соработка при изготвувањето на самите предлози. На крајот, се заклучи дека започнатата соработка треба да се продлабочи и дека ова партнерство ќе придонесе за развојот на Македонија, како бизнис и инвестициона дестинација. М-р Снежана Камиловска


четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

БИЗНИС ИНФО

15

ПРОМОЦИИ

„ТРАКТОР РОУД ШОУ 2014“ CO ЧЕШКИ БРЕНДОВИ

Регионална комора со седиште во Битола

Во соработка со Амбасадата на Република Чешка во Македонија и фирмата „Хемометал“ , а со подршка на Агенцијата за поддршка и развој на земјоделието на Република Македонија и на Регионалната комора со седиште во Битола, на 30.04.2014 година во средното земјоделско училиште Кузман Шапкарев се одржа манифестација на чешките брендови на земјоделска и градежна механизација кои се присутни во Република Македонија, насловена како „Трактор Роуд Шоу 2014“. Презентацијата ја организираше фирмата „Хемометал“ од Битола која е главен застапник на чешките брендови „Зетор“, „Агрометал“ и „Молчик“ за Македонија, Косово и Албанија. Во своето обраќање сопственикот на „Хемометал“, Мирко Велковски, кој воедно е и претседател на Регионалната комора со седиште во Битола, истакна дека е исклучително значајна соработка со чешкото стопанство во регионот. Организцијата на настанот се поклопи и со јубилејот од 20годишнината на воспоставување соработка меѓу Република Македонија и Република Чешка. -Чешка не е само чешкото пиво и автомобилите „Шкода“, туку и познатиот бренд „Зетор“. Денес сме тука на земјодлеците од Македонија да им ја покажеме новата технологија, новите трактори- изјави чешкиот амбасадор во Македониоја, Мирослав Рамеш. Манифестација ја поздрави и градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талевски кој ја истакна својата и поддршката на локалната самоуправа за земјоделците од пелагонискиот регион. Свое обраќање имаше и регионалниот директор на АПРЗ, Игор Златков кој им ги претстави можностите на земјоделците што им ги нуди Владата на Република Македонија. На одржаната презентација присуствуваа околу 200 малостопанственици и земјоделци од цела држава. Многу од нив го оценија овој вид на настани како одлична можност да се запознаат со новитетите што може да им се понудат за остварување на нивните потреби во тековното работење и планираниот развој во иднина. М-р Никола Димковски


16

БИЗНИС ИНФО

четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

СПЕКТАР Осум вина на винарската визба „Тиквеш“ добија високи оценки за квалитет од најпознатиот светски вински критичар Роберт Паркер и „Wine advocate“

ПОТВРДАТА НА КВАЛИТЕТОТ ГИ ОТВАРА ВРАТИТЕ НА СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИ

Осум вина на винарската визба „Тиквеш“ добија високи оценки за квалитет од најпознатиот светски вински критичар Роберт Паркер и „Wine advocate“. Црвеното вино „Бела вода“ од бербата 2012 доби високи 95 поени со што ја потврди високата оценка од пред две години. Истото вино од бербата 2011 година доби 94 поени, црвеното вино „Барово“ од 2011 и 2012 година е оценето со 93 поени, белото „Барово“ од 2012 и од 2013 со по 89 поени, белото вино „Бела вода“ од бербата 2012 со 90, а од бербата 2013 со 92 поена. - Бела вода 2012 има извонредно богат вкус, сериозен и повеќеслоен карактер... Станува збор за вино кое доаѓа од Македонија и во кое можете да уживате полека, а останува неверојатно питко и балансирано, вака го опишува црвеното вино „Бела вода“ на „Тиквеш“ Wine advocate и тимот на Роберт Паркер. Претседателот на Управниот одбор на „Тиквеш“, Светозар Јаневски смета дека успешната приказна на вината на „Тиквеш“ во голема мерка се должи на соработката со Филип Камби, еден од најценетите светски вински консултанти. По негова препорака е променет целокупниот процес на производство на вина, односно од садењето и одгледувањето на виновата лоза, па се до технолошка обработка на грозјето. - Овој успех потврдува дека нашите вина можат рамноправно да се мерат со вината од светската елита. Повторувањето на високите оценки, овој пат дури за осум вина, е доказ за конзистентноста на квалитетот во сите фази на производството и огромен поттик за извозните аспирации на ВВ „Тиквеш“. Дополнително ваквите настани можат да се искористат во напорите за пробив во градењето на идентитетот на севкупната македонска винска индустрија во винскиот свет, рече Јаневски на денешната прес-конференција. Тој посочи дека потврда за квалитет од најпознатиот светски вински критичар досега во Европа имаа само вината од Франција, Шпанија и Италија, а од неодамна и вината на „Тиквеш“. Директорот на ВВ „Тиквеш“, Игор Илиевски, пак, рече дека оценките на „Wine advocate“ и Роберт Паркер имаат трикратно значење за „Тиквеш“. - Со континуитетот се потврдува стратегијата на квалитет пред квантитет, а воедно оценките се најдобра препорака за консументите во САД како највлијателен светски вински пазар, чии ефекти се пресликуваат на европскиот, но и на пазарот во Кина. Дополнително оценките го позиционираат „Тиквеш“ на светската мапа на висококвалитетни производители на вина како предводник на македонската винска индустрија, рече Илиевски. Во Македонија во изминатата година, како што беше посочено, за 15 остсто е зголемена консумацијата на вино од сите македонски винарии, но позначајно е што наместо квантитетот сега во преден план е квалитетот на вината. Од ВВ „Тиквеш“ очекуваат извозот годинава да се зголеми за двоцифрена, па дури и за троцифрена бројка и најавуваат неколку новитети за следниот период. Во фокусот ќе им бидат пред се американскиот пазар, но и пазарите во Кина и Русија кои се најбрзорастечки. Од ВВ Тиквеш потекнува преку една третина од вкупно извезеното флаширано вино од Македонија.(МИА)


ИНФОИ ОБУКА БИЗНИСБИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.

ISO 9001

Quality Management

 FS 549642

Osnovana 1922

      Founded 1922

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија

Уписите се во тек!


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

   

  

  

rɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤʖʗʝʠʖʠʒʥʜʑʤʑʣʗʠʖʓʚʓʑʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠʠʡʢʗʞʗʟʚʡʢʠʣʤʠʢʚʚʓʠʢʑʞʜʚʤʗʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑʜʠʞʠʢʑʟʑɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ rɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑʟʑʣʤʑʓʑʣʗʠʖʓʚʓʑʓʠʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚʜʠʞʡʑʟʚʚʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤʠʖʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑʣʤʢʥʜʑ tʇʛʚʤʗʞʘʖʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨʥʦʞʝʣʖʨʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. rɱʒʥʜʑʤʑʤʢʑʗʠʜʠʝʥʤʢʚʞʗʣʗʨʚ ʠʖʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠʡʗʤʠʜ rɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑʚʡʢʑʜʣʑʤʑʣʗʠʖʓʚʓʑʑʤʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢʣʠʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ rɳʑʒʠʤʑʓʠʔʢʥʡʚʠʖʖʠʞʑʜʣʚʞʥʞʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑʡʠʓʗʽʗʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯʢɣʠʢʚʣɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ  ɯʠʒ  CPSJT!NDIBNCFSNL

ɴʚʞʠʟʑɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ  TJNPOB!NDIBNCFSNL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑʜʠʞʠʢʑʟʑɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝtɧʚʞʚʤʢʚʗɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ   ʦʑʜʣ  

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач


четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

БИЗНИС ИНФО

19

СПЕКТАР

ПОДДРШКА НА ЗАСИЛЕНАТА ЕКОНОМСКА СОРАБОТКА И ТРГОВСКА РАЗМЕНА МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ Рим.

Италијанската авиокомпанија „Алиталија“ од денес почнува да сообраќа на директната авионска линија Скопје - Рим

Италијанската авиокомпанија „Алиталија“ од 6.5.2014 година почна да сообраќа на директната авионска линија Скопје -

Летовите ќе се одвиваат секој ден од главниот римски аеродром „Фијумичино” до „Александар Велики” во Скопје, со авиони ембраер Е-175. Во мај ќе се работи со редуциран распоред со 30 повратни лета Рим - Скопје - Рим, а од јуни целосен распоред со секојдневно летање. Од 1 јуни од Скопје авионите на „Алиталија” ќе полетуваат во 5 часот и 30 минути со пристигање на „Фијумичино” во 7 часот и 20 минути (во понеделник, вторник, петок и во сабота), како и во 17 часот и 5 минути со пристигање во Рим во 18 часот и 55 минути (во вторник, среда и во сабота). Летовите од Рим ќе бидат во 21 часот и 30 минути со присти��ање во Скопје во 23 часот и 20 минути (во понеделник, четврток, петок и во недела) и во 14 часот и 35 минути со пристигање во Скопје во 16 часот и 25 минути (во вторник, среда и во сабота). - Со ова ново директно поврзување за Рим, „Алиталија” има цел да го зголеми туристичкиот сообраќај кон главниот град на Италија, како и директно да одговори на зголемената побарувачка за летови меѓу Македонија и Италија, која е резултат на засилената економска соработка и трговска размена меѓу двете земји, соопшти претставништвото на „Алиталија” од Белград. „Алиталија” го назначи „ВАС туроператор“ од Скопје како генерален агент за територијата на Македонија, кој ќе нуди информации, резервации и авиобилети.(МИА)


20



ПРЕВЗЕМЕНО

БИЗНИС ИНФО



четврток, 24 април 2014, Бр. 176





 

                                                           

                     

                                                                                       

                                 

             

                               ���              

                                            


четврток, 24 април 2014, Бр. 176



БИЗНИС ИНФО 



ПРЕВЗЕМЕНО

 

 

                



                                                                                                                 

            

                                                                      

                                                               ���                                                                                                    

                                                                                                

21

                                                                                            


БИЗНИС ИНФО

22

четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Новиот „пат на свилата“

ГАСЕН ИЗЛЕЗ ЗА ЕУ

Европската комисија потврди дека оваа година ќе почне изградба на Трансјадранскиот гасовод ТАП, од Азербејџан до Италија. Тоа е клучен дел од Јужниот гасен коридор кој треба да го намали уделот на снабдување на Европа со природен гас од Русија и да го намали значењето на планираниот гасовод Јужен тек, кој треба да поминува и низ Србија. Австрија од само економски причини штотуку го потпиша договорот со Москва за учество во Јужниот тек, преку кој во Централна и Западна Европа годишно ќе стигнуваат по 68 милијарди кубни метри природен гас од Русија. Членките на ЕУ кои пред една година потпишаа договори со Русија за изградба на Јужен тек, се против кочењето на тој проект, кој се поклопува со украинската криза. Некои аналитичари тврдат дека Европската комисија смета дека заканата со блокада на Јужниот тек е важна алка во преговорите со Москва за иднината на Украина. Тоа го стави до знаење американската агенција за стратегиски прогнози Стратфор, а извори во ЕК за новинарите неофицијално пренесоа дека ЕУ во услови на сериозна криза со Русија околу Украина, воопшто не може да го одобри Јужен тек, дотолку повеќе што Брисел уште лани укажа дека договорите меѓу земјите на ЕУ и Русија за тој проект кршат некои основни прописи на ЕУ. Некои членки на ЕУ бараат воведување на еконо��ски санкции на Русија, иако тоа би ги погодило руските компании кои Унијата ја снабдуваат со гас и предизвика голем скок на цените на гасот, додека многу голем е притисокот на САД и НАТО веднаш да се покренат крупни стратешки проекти за намалување на зависноста од рускиот гас. Американците никогаш не ја криеле одбојноста кон подлабоко енергетско поврзување на Европа и Русија и зависноста на Европа од Москва. Американскиот државен секретар Џон Кери на еден неодамнешен собир на НАТО изјави дека намалувањето на енергетската зависност на ЕУ - е итно потребна, ако сакаме Европа да остане цела и слободна. Кери побара и силно зајакнување на американската и европската економска соработка со договор за слободна трговија, за кој преговараат Брисел и Вашингтон - со што би се постигнало многу повеќе од утврдување на начинот на кој работиме. Но, Стратфор предочува дека – Јужен тек исто толку е важен на потенцијалните учесници во тој проект, бидејќи би довел значајни инвестиции и би отворил работни места во некои најсиромашни држави во ЕУ, а би ја заобиколил нестабилната Украина како транзитна земја за испораки на гас. – Јужен тек е опиплив пат за обезбедување на природен гас во момент кога другите извори се далеку од реалноста и неизвесни – потенцира американската агенција. Меѓутоа, Полска, Шведска и балтичките членки на ЕУ бараат поради украинската криза да се воведат и економски санкции на Русија, макар тоа ги погодило и руските гасни и нафтени компании – снабдувачите на ЕУ, а премиерот на Полска Доналд Туск побара веднаш да се покрене создавање на внатрешна енергетска заедница на ЕУ. Политичарите блиски на европскиот комесар за енергетика во заминување Гинтер Етингер, соопштија дека за ЕК изградбата на Јужен тек нема првенство, а мора да се гледа и во рамки на украинската криза, иако е добродојдено се што придонесува на дополнителното снабдување на Унијата со енергија. Но, во некои држави на ЕУ и ЕК има мислење дека токму изградбата на Јужен тек не придонесува за разновидност на изворите за снабдување со енергија, бидејќи тоа и понатаму е рускиот гас. Сепак, аналитичарите и европските дипломати во Брисел ги прифаќаат оценките дека без постоење на соработка со Русија, ни среднорочно не е можно да се обезбеди енергија за светската конкурентност на европската индустрија и потребите на населението на ЕУ. Определбата за Трансјадранскиот гасовод, како клучен елемент на Јужниот гасен коридор и напуштањето на директниот, на Јужниот тек ривалски проект за гасоводот Набуко, влијаеа на тоа Австрија која половина од енергетските потреби ги подмирува со руски гас, кон крајот на април да склучи договор со компанијата Гаспром, преку кој крај на Јужен тек од Унгарија ќе оди до големиот австриски гасен терминал Баумгартен и понатаму во Италија. До Баумгартен, преку Бугарија, Романија и Унгарија, требаше да води напуштениот Набуко, па и владата во Софија се најде во состојба дека единствено преку Јужен тек може да се обезбеди постојано и поевтино снабдување со гас. Тоа исто така е важно од социјални и политички причини, бидејќи последната бугарска влада падна во добар дел поради поскапувањето на енергентите. Директорите на италијанската државна фирма ЕНИ, главен партнер на рускиот Гаспром во проектот Јужен тек, како и директорите на германскиот концерн БАСФ јасно ставија до знаење дека не мислат дека блокадата на изградбата на тој гасоводот би била под знак прашалник, а потенцирано е и дека Русија од секогаш била лојален снабдувач на ЕУ со гас. Германската компанија Сименс со конзорциумот Јужен тек транспорт, на чие чело е Гаспром, во април склучи договор за испорака на автоматизирани контролни постројки и телекомуникациска опрема за контролните центри на гасоводот Јужен тек. (Бука – Сараево)


четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

БИЗНИС ИНФО

23

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Неизвесна енергетска иднина на Европа

НА БЕРЛИН МУ Е ПОТРЕБЕН ЈУЖЕН ТЕК

Неизвесната иднина за снабдувањето на Европа со руски гас преку украинскиот гасовод, како последица на актуелната криза, отвори нови перспективи за ширење на алтернативни мрежи. Јужен тек може да добие нов приоритет во снабдувањето на Европа со руски гас, а со силна поддршка на Германија и нејзините европски сојузници, наспроти обидите на Брисел овој проект да се маргинализира. На таков заклучок наведува состанокот на рускиот претседател Владимир Путин, поранешниот германски канцелар Герхард Шредер и шефот на рускиот енергетски џин Гаспром Алексеј Милер, минатиот понеделник во Санкт Петербург. Како повод за состанокот на Путин, Шредер и Милер, наведена е приватната прослава на 70 роденден на поранешниот шеф на германската влада. Меѓутоа, постојат елементи кои недвосмислено укажуваат на друг карактер на состанокот. Имено, Шредер го прослави роденденот на 7 април, кога и Социјалдемократската партија на Германија со свечен акт во Берлин го одбележа роденденот на поранешниот шеф. Од друга страна, тешко може да се објасни како претседателот на Русија најде време за роденденската журка на Шредер, приредена во Санкт Петербург, да допатува од Москва во поранешната царска претсолнина на Нева – на сред украинската криза која односите на Исток и Запад ги сведе на најниско ниво од ерата на студената војна. Покрај тоа, Путин отиде во Санкт Петербург непосредно по одлуката на САД и ЕУ за заострување на санкциите на Русија поради наводната поддршка на сепаратистите на истокот на Украина. Изворите во кулоарите на Бундестагот и парламентот во Виена, укажуваат дека состанокот во Санкт Петербург треба да се гледа во светло на претходните, но и најавени настани. По минатонеделниот полски предлог членките на ЕУ да договорат заедничка стратегија во снабдувањето со руски гас и пред соопштението од Брисел дека состанокот на таа тема е во подготовка, во Виена се состанаа генералниот директор на австрискиот мултинационален енергетски концерн ОМВ Герхард Ројс и првиот човек на Гаспром Алексеј Милер. Двајцата капетани на енергетиката, како што имаат титула Милер и Ројс во австриските медиуми, го разгледувале развојот на енергетската состојба во светло на политичката криза во Украина и дошле до заклучок дека мора да се развијат алтернативни гасоводи, со кои би се спречил евентуален недостиг, ако гасоводот кој води низ Украина не би можел да се користи во полн обем. Во прес-службата на концернот ОМВ укажано е дека иден главен правец за снабдување може да стане Северен тек, под Балтичкото море, преку кој Русија ја снабдува Германија со гас, а чии капацитети само во дел се околу 30 отсто искористени. – Во наредниот чекор вишокот на гас би бил проследен до Австрија преку германскиот национален гасовод Опал, за да се задоволат потребите на алпската република и германскиот југ. На забелешката на Политика, дека е нелогично и економски неисплатливо Германија преку своја мрежа да ја снабдува Австрија, па преку гасоводната крстосница во Баумгартен кај Виена гасот да биде враќан во јужна Германија, предочено е дека тој план се однесува на т.н. ад хок мерка, а во подолг временски период подобра алтернатива би била Јужен тек. Според ставот на енергетските експерти, иницијативата на Австијците и Шредер се сведува на обид, на Германија и на нејзините средноевропски сојузници да се обезбеди снабдување на гас од два правци – од север и југ, наместо украинскиот тек да биде главна насока за снабдување. Во согласност со тоа, состанокот во Виена претставувал прв чекор, разгледување на можностите пред роденденската журка во Сант Петербург. А ако се земе предвид дека меѓу поканетите се појавил и премиерот на германската покраина Мекленбург – Предна Померанија, Ервин Селеринг, приватниот карактер на прославата добива (полу)официјален облик, па веќе се шпекулира со можноста за подготовка на договор за ставот кој Германија со нејзините најблиски сојузници Австрија, Холандија, скандинавските земји, ќе го заземе по повод најавените разговори на ниво на ЕУ за заедничката стратегија за енергетско снабдување на европската 28-ка. Шефот на владата на германската покраина на нај истурената граница кон исток Селеринг, објасни за што се работи: - Колегите од ЦДУ лидерската партија во владејачката коалиција – демохристијаните на канцеларката Ангела Меркел, ме советуваа да го одложам патувањето поради актуелната состојба. Меѓутоа, ние од СПД немаме намера да ги ставиме добрите односи на коцка, поради моменталните политички тензии. Добрите односи меѓу Берлин и Москва во Германија се дефинираат како успешна економскополитичка соработка која има предност над геополитичките интереси. Тој став не го делат само социјалдемократите на Шредер, туку и нај влијателното лоби внатре во владејачката партија на демохристијаните – Сојузот на германските индустријалци и стопанственици. Конечно, тој став го имаат и тие од чии гласови зависи опстанокот на владата – гласачите. Германската јавност се погласно изразува нерасположение поради затегнатите односи меѓу Западот и Русија. Според објавените резултати од испитувањето на јавното мислење кое го спроведе нирнбершкиот огр��нок на американската глобална компанија ГфК, украинската криза го спречи растот на конјунктурата во Германија, бележан од средината на минатата година, додека индикаторите за штедењето укажаа дека заштедата во дел се пренасочува во приватни канали: - Довербата во економската стабилност се намалува, наспроти поволната состојба на пазарот на трудот и умерената инфлација – се истакнува во анализата на ГфК. Дали се што е кажано значи дека германската поддршка на Украина се намалува? Еден од параметрите пред донесувањето на заклучок, би бил коментарот на Шпигел во кој Јакоб Аугштајн пишува дека стравот на Западот е неоснован, според кои Путин би можел да ја нападне Украина. – Путин чека Украина сама да се распадне. Ако украинскиот запад се сврти кон Западот, а истокот кон Русија, никој нема да биде оштетен, најмалку ние (Германија) – заклучи Аугштајн. Друг параметар е сензационалното откритие на германските медиуми дека Украина преку Германија ја снабдува сириската опозиција со оружје. Цитирајќи ги наводите на разузнавачките и воено разузнавачките служби, медиумите предочија на Германците дека на Украина и недостасува дури и лесно наоружување, а дека притоа само во текот на 2011 година Украина во германските фабрики генерално прилагодила 54.000 калашникови, кои ги испратила на противниците на Асад. (Политика – Белград)


БИЗНИС ИНФО

24

четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Хрватска до сега успеала да искористи скандалозно малку пари од структурните фондови на ЕУ

ТОТАЛЕН КРАХ НА ХРВАТСКАТА ЕКОНОМСКА ПОЛИТИКА

Хрватска до сега успеала да искористи скандалозно малку пари од структурните фондови на ЕУ од претходната повеќегодишна финансиска рамка која го опфаќа периодот од 2007 до 2013 година, иако за тоа можат да се најдат одредени причини. Унијата загрижена Последните пресметки на Европската комисија за апсорпција на структурните фондови за тој период (изразено во исплати) покажуваат дека Хрватска успеала да искористи само 21, 7 отсто додека Романија која е најслаба меѓу членките на ЕУ, наспроти постојаните предупредувања во изминатите неколку години, недоволно се подготвила за користење на тие фондови. Просекот на искористеноста на ниво на ЕУ е три пати поголем од Хрватска, т.е. над 67 отсто. Бидејќи се работи за повеќегодишен период и за успехот и за неуспехот во привлекувањето на средства од овие фондови, одговорни се и сегашната и претходната влада. Сепак, во ЕК предупредуваат дека Хрватска не може да се спореди со другите држави членки бидејќи во случајот на Хрватска во таа повеќегодишна перспектива биле споени некои програми од претпристапните фондови со новите структурни фондови, кои се достапни само за втората половина на 2013 година. Без оглед на тоа и во ЕУ велат дека Хрватска треба да ги зголеми напорите за да ги зголеми своите капацитети за искористеноста на достапните фондови. Заверени трошоци По приклучувањето на Хрватска на ЕУ, оперативните програми од претпристапните фондови ИПА се проширени и временски продолжени, за да го покријат цел период од 2007 до 2013 година, вклучувајќи ги и новите фондови. Поради тоа од први август 2013 година достапните фондови од претпристапните програми се сметаат за составен дел од структурните фондови. Значи, според пресметката на ЕК, вкупно на Хрватска на располагање од програмата за кохезиска политика од 2007 до 2013 година се ставени 815 милиони евра од кои половината т.е. 449,4 милиони евра се однесуваат на периодот по членството во ЕУ. Нивото на искористеност на фондовите за оперативните програми за околината, транспортот и регионалната конкурентност е само 20 отсто, ако се пресмета и каматата од 25 отсто. Во ЕК очекуваат Хрватска значајно да го зголеми процентот на искористеноста на фондовите по исплатата на заверените трошоци и плаќањето на каматата, откако Комисијата прифатила и дала акредитација за усогласеност на системите за управување и надзор на програмите за тој период. Во следниот период од 2014 фо 2020 година, на Хрватска од структурните и финансиските фондови на ЕУ на располагање и се 10,423 милијарди евра. Од тие 8,397 се наменети за инвестиции во растот и работни места. За руралниот развој и земјоделието во тој повеќегодишен период наменети се 2,026 милијарди евра. За поморство и рибарство расположливи се дополнителни 280 милиони евра, за Иницијативата за вработување на млади наменети се 456,147 милиони евра. Најголеми средства Хрватска мора да извлече поука и од досегашното сопствено искуство, но и од искуството на другите, за да успее да искористи што повеќе пари од идната 7 годишна финансиска рамка на ЕУ, бидејќи на располагање ќе има вкупно над 12 милијарди евра. Меѓу основните причини на толку слабата искористеност на структурните фондови до сега, е доцнењето во добивање на акредитација за системот на управување и надзор која стигна пред 10 дена. Без тоа не беше можно да се уплати ни едно евро од средствата наменети за втората половина на 2013 година, а токму тие средства се најголеми. Хрватски проблеми Во меѓувреме, Хрватска имаше и проблем со неликвидност, поради што се доцнеше и со тендерите бидејќи проектите финансирани од ЕУ фондовите мора да се суфинансираат и со сопствени пари. Хрватска ќе има нешто повеќе од две години рок за користење на пари од претходната повеќегодишна рамка, така процентот сигурно ќе се зголеми. Меѓутоа, бидејќи тој процент речиси сигурно ќе се зголеми и за другите држави членки, веќе сега може да се претпостави дека на крај дебело ќе заостанува зад многу држави членки на ЕУ. Естонија и Португалија во истиот период веќе искористија над 80 отсто од достапните фондови. (Јутарњи лист – Загреб)


четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

БИЗНИС ИНФО

25

СВЕТСКИ ПЕЧАТ „Црниот континент“ се урбанизира невевројатно брзо

ОПСЕСИЈАТА НА АФРИКА СО ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ

Пред една година, една пријателка од рурална јужна Африка возбудена ми се јави. Нејзиниот роден град, кој е всушност едно големо село со име Бургерсфорт, конечно ќе биде „ставено на мапата“, ми рече. Веќе прочитав дека регионот на Бургерсфорт бил избран како седиште за 15 нови рудници за хром и платина, а тоа е огромен извор за работни места во инаку гладното за работа село. Мислев дека мисли на рудниците, и и честитав. Но ми рече дека воопшто не мислела на тоа. „Ќе добиеме шопинг мол“. Има причина зошто терористите од Ал Шебаб, кои го нападнаа трговскиот центар Вестгејт во Најроби во сабота, избрале мол наместо владино здание, улица во центарот на градот или прометна автобуска станица. Моловите се се повеќе средиште за африканскиот урбан живот; тие се социјални срца на брзорастечките градови на континетот, места каде сите - од диломатите во одела на Севил Роу пеку патниците со ранци и кратки сурферски пантолони, па се до сепомобилната средна класа, па дури и оние од најсиромашните гета, се собираат за да го сонуваат сонот за африканската иднина, оној без забарикадирани порти и бодликави жици кои ги двојат богатите во нивните населби од сиромашните, без влез со врски и грубост кои се карактеристични за јавната инфраструктура. Кога се заврши пукањето во Вестгејт, се откри дека напаѓачите го избрале овој мол затоа што таму има многу бели луѓе. Но фотографите кои се појавија во медиумите покажаа поинаква слика. Огромен број луѓе беа сардисани меѓу огнот од куршуми. Нападот во молот погоди директно во срцето на кенијските емоции, во нивната нова визија за потрошувачката класа, како што нападот врз кулите на Светскиот трговски центар погодија во срцевината на визија на Америка за самата себе како место каде тешката работа ви овозожува да го допрете небото. Кога првпат дојдов во Африка, бев збунет од улогата на трговските центри во модерниот африкански живот. Во Америка, за градските луѓе моловите се страшно не-кул. Но во Јоханесбург, во Јужна Африка, моловите се многу кул. Сите кои ги познавав или запознавав ми закажуваа да се видиме во Сендтон сити мол, огромен комплекс голем колку половина њујоршко маало, со мермер поплочен селски плошатд во средината - дури и уметниците и интелектуалците, оние луѓе кои не би се приближле до молот кога се враќаат дома. Мојата пријателка Једит Фесехаје, патува по континентот како економист за развој. Ми рече дека во многу престолини која таа ги посетила, моловите стануваат „практично единственото место каде луѓето се социјализираат“. Во Лусака, во Замбија, „луѓето се облекуваат убаво исто како да одат на некој настан“ за во сабота да одат во Манда хил мол, во кој има дури единаесет продавници за електроника. Африка се урбанизира невевројатно брзо. Во 1990, само една четвртина од африканците живееле во градовите. До 2025 година, повеќе од половината од населението од 700 милиони души ќе живеат таму. Истовремено, Африка има најбрзорастечка средна класа. Во средината на овие два тренда се моловите. Ритејл секторот (услугите) се денес најврелата област за инвестиции во Африка, и ги надминуваат дури и инвестициите во природните ресурси, кои отсекогаш биле главниот двигател за инвестиции на континетот. Во изминатите неколку децении, низ континентот се отворија стотици молови, насекаде. Само една јужноафриканска градежна компанија во моментов гради околу 50 мега-молови, со грандиозни имиња како Молот на Кигали, Молот на Маврициус, Молот на Мозамбик и Молот на Зимбабве, чија градба ќе чини над 100 милиони долари и во кои ќе има „воден свет“. Овие молови не се само за забава. Тие исто така и пространства во кои се бараат нови идентитети. Фесехаје вели дека во Замбија, традиционалните повозрасни лица имаат „проблем со мини здолништата“. Но во моловите, девојките ги носат со златна гордост. Слобода за сите“. Овие идентитети се одеднаш и конзумерски и космополитски. Покрај огромните продавници кои потсетуваат на Волмарт или Блумингдејлс, во овие молови има секогаш пријатни, шминкерски италијански кафеа, каде се служат италијански деликатеси или суши, и се поставени точно во средината на ходниците, што овозможува оние кои седнуваат да уживаат во киселкаста штрудла од боровинки да бидат во фокусот на што поголем број шопинг зависници. Овие ходници функционираат као еден вид на Елизејски полиња: совршено место за да се покажете себеси и вашето семејство на светот. Арт кафе во Ветсгејт во Најроби, каде напаѓачите почнаа со пукањето, беше посбено познато: нивните величенствено изложени француски кроасани беа вистинско уметничко дело. Во Америка моловите ги гледаме како места на бездушна опуштеност. Но во Африка тоа се места на неочекувана разновидност. Но она што и мене ме изненади е што многу брзо повеќе ми се допаѓаше да пишувам во пространите кафеа во моловите отколку во тесните кафе барови во градот. Таму гледав секакви луѓе. Рестораните во Африка често имаат стерилна, кантри клубска атмосфера; на вратите стојат чувари; еднаш додека полека поминував покрај чуварот на монденски јужноафрикански ресторан, кој ме убедуваше дека местото било затворено, иако зад него можев да видам како луѓето внатре јадат. Овие места ја заоструваат социјалната поделеност помеѓу високата и средната класа и масовната сиромаштија; и покрај порастот на средната класа, 70 проценти од урбаните африканци сеуште живеат во гета. Поделбата е очигледна во резиденцијалните населби оградени со бодликава жица и високи дебели ѕидови, кои ги опкружуваат велелепните куќи и комплекси со апартмани. Спротивно на тоа, моловите е широко отворени. Во сите молови во Кенија, безбедносни чувари ќе ве дочекаат на влезовите, но во основа сте секогаш добредојден. Каролине Кихато е кенијски урбан планер и ми кажа дека една нејзина пријателка од Кибера, гето на лош глас на Најроби полно со трошни колиби и отворени канализиации, сака да доаѓа во молот. „Можете да седите и да си пиете чај“, вели таа. „Можете и да се шетате и да разгледувате излози. Никој нема да ви рече `Зарем нема да купите нешто?` Инаку, излегувајте“. А величенствените молови не се само за замислување. „Одењето во мол е нешто кое тие го сакаат, затоа што конечно можат да одат во пристојно веце“.


БИЗНИС ИНФО

26

четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Внатрешноста на африканските молови е секогаш силно впечатлива, почисто е отколку во американските молови, и прекрасно се уредени, со лустери, фонтани и стаклени лифтови кои никогаш не се валкаат. Тие се дијаметрална спротивност на на надвор, каде има ископани улици и насекаде прашина, и згради од кои се лупи бојата, кои кажуваат се за неефикасноста на централната власт. Во приватните моловите се практикува освршена контрола на околината. Многу африкански молови се специјално дизајнирани да создад впечаток дека се малечки светови само за себе, со „шеталишта“ и „кејови“. Во радиус од 60 километри околу мојата куќа во Јоханесбург, има три различни молови, а областа е наречениа „село на молови“, со пространи поплочени улици во европски стил. Функцијата на моловите е да бидат паралелни градови. Во моловите никогаш нема да ги видите неуспесите на власта. Таму заборавате на неуспесите. Барем на кратко, можете да се замислите себеси во некоја совршено средена држава. Вака, моловите во Африка често се бегство од грубоста на јавна инфраструктура која не може да оди во чекор со софистицирањето на граѓаните. Во Африка има изрека дека приватната иницијатива е „непрекинато ривалство“ во развојот кој нормално би се случувал во земја која се мачи да ги држи чекорот со прогресот. Во Конго и на Магадаскар, кинески компании градат патишта. Огромните јужноафрикански мобилните конгломерати им тутнуваат телефони во рацето на луѓето на кои влада никогаш не успеала да им обезбеди фиксни телефонски линии. Африка сега има повеќе претплатници на мобилни телефони отколку во Америка или во ЕУ. Опушта самата помисла дека социјалниот прогрес може сосема независно да се развива од политичкиот прогрес, онака како што се влечка во повеќето африкански држави. Моловите се врвна презентација на овој концепт. Подигањето на нов мол во Најроби, вели Кихато, е „вистински знак дека на градот и на луѓето им оди добро“. Но нападот во молот во Најроби покажа дека не е така. Молот Вестгејт, покрај своето претставување дека е сосема различен и космополитски, излезе дека е најранливиот и како таков совршена цел. Лошите односи на Кенија со соседот на север Сомалија, се покажа во Вестгејт; молот не може да избега од таа реалност. Очекував дека нападот ќе ја зголеми безбедноста во сите молови во Кенија, а можеби и насекаде во Африка. Можеби на погрубите по изглед луѓе ќе почне да им се забранува пристап; можеби тие ќе станат како рестораните или приватните комплекси оградени со бодликава жица, кои се игралишта за богатите. Можеби златното доба на овие отворени шопинг молови има краток животен рок. Тоа би било вистинск загуба. Кихато со носталгија се сеќава на првите денови на шопинг моловите во Најроби. Во 90-ите, кога бил отворен еден од првите шминкерски молови, комплексот наречен Јаја центар, таму имало „обезбедување кои будно внимавале на луѓето“, се сеќава таа. Но чуварите биле таму за да внимаваат луѓето да не се лизнат по подвижните скали. (Њу Рипаблик)

ГЕРМАНИЈА ЗАОСТАНУВА НА ДОЛГИОТ ПАТ КОН ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТА

Убедувањето на граѓаните да купуваат автомобили со нулта емисија изгледа не даваат резултати

Владата во Германиија сонува авомобилскиот пазар во земјата да стане водечки во светот на електромобилноста, но засега обидите да ги убеди граѓаните да купуваат автомобили со нулта емисија изгледа не даваат резултати. Визијата за еден почист, побезшумен и помалку валкан свет со автомобили, кои повеќе не се движат на ограничени фосилни горива, останува само посакувана Но повеќето Германци не се заинтересирани за неа. Во моментов планот е следниот: на електричните автомобили ќе им биде дозволено да ги користат лентите за автобуси во големите градови, да имаат посебни паркинг места, и да бидат означени со буквата „е“ на регистерските таблички, за да се разликуваат од бензинските и дизел еквивалентите. И покрај сиот тој ентузијазам за електроавтомобилите во Германија, во светски рамки минатата година продажбата се удвоила на 400.000 возила, според податоците на Центарот за соларни и водородни истражувања во Штутгард. Германија е на седмото место по продажба на е-автмобили, што е доста зад САД, Кина и Норвешка. Во Норвешка, електричниот седан Тесла С е најпродаваниот автомобил, повеќе дури и од Фолксваген Голф (обичниот).


четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

БИЗНИС ИНФО

27

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Електричните атомобили добиваат големи даночни ослободувања од владата во Осло. Аналитичарите се едногласни дека таквите финансиски стимули се најбрзиот начин да има се повеќе е-автомобили по атиштата. Германската влада инаку засега ги одби иницијативите за компензирање на електрично ориентираните возачи. Нисан продава најмногу електрични автомобили во светот, по него следуваат Џенерал моторс, Тојота и калифорнискиот производител Тесла. Германија ќе треба многу да забрза ако сака да ја достигне електромобилноста. Сега во Германија се регистрирани околу 12 илјади целосно електрични автомобили, како и 85,000 превозни средства на хибриден погон - комбинација од електричен мотор и мотор со внатрешно согорување. Тоа е едвај 1,6 проценти од регистрираните автомобили во земјата. Берлин всушност се држи на зацртаната цел да има еден милион електрични автомобили во земјата до 2020 година. По германските патишта сега се движат 43,9 милиони традиционалн автомобили. На најголемите германски автопроизводители - Фолсваген, Дајмлер и БМВ - ќе им треба значително доста време за да се престројат кон бесшумната автомобилност и сега се фокусирани на обидите да си ги повратат загубените позиции. Во меѓувреме, тие на пазарот ќе пуштат 16 нови електрични модели, целосно дизајнирани во Германија. Тие ќе се приклучат кон веќе популарните модели како БМВ и3, потоа на електричната верзија на малиот Смарт и потврдениот хибрид Опел Ампера на Џенерал моторс. Елекричната верзија на бестселерот Фолксваген Голф треба да се појави на пазарот ова лето. Дури и поддржувачите на електромобилноста не можат да негираат дека автомобилите не се ефтини, иако цените на батериите постојано паѓаат. Основната верзија на БМВ и3 чини 34,950 евра, а е-Голф 34,900 евра. Расходните трошоци за еден електроавтомобил се пониски отколку за оние движени на фосилни горива, но во овој сектор владее мислењето дека во основа на побарувачката ќе бидат даночните ослободувања за купувачиите на цели возни паркови, кои ќе инвестираат во е-автомобили како превозни средства за вработените во компанијата. Друга болна тема за приватните клиенти е ризикот заради блокираност кога се тргнува на пат на одмор, во области каде нема станици за полнење на батериите. -Најголемиот ризик за електроавтомобилите е несигурноста предизвикана од ограничениот опсег на превозините средства, е заклучокот во извештајот на Националната платоформа за електромобилност (НПЕ), владина институција. Овие ризици се повеќе психолошка бариера отколку практични ограничувања. Според податоци на НПЕ, околу 80 проценти од работоспособните германци минуваат едвај 40 километри во автомобил на ден - а просекот на електроавтомобилите помеѓу две полнења е 150 до 200 киломери, така што проблемот не изгледа толку голем. Патот кон електромобилноста е долг и скап Електричните автомобли не се профитабилни за призводителите, кои можат да постигнат поголеми маржи со големи лимузини и џипови (СУВ). Научните истражувања и развојната дејност кај е-автмобилите бара големи суми средства, но автомобилскот сектор нема друг избор. Браншата треба да смисли алтернатива, за почисти мотори за да се совпадне со се построгите регулативи во ЕУ за потрошувачката на гориво и за емисиите на јаглерод диоксид. Сеуште е рано да се каже кои алтернативни мотори ќе надвладеат. За внимание се борат целосно електричните превозни средства, потоа бензинските и дизел хибриди, хибридите на полнење (plug-in) кои можат да се полнат на електричната мрежа, или е-автомобилите со мотори со мала моќност. Водородните горивa се друга можност, иако нивната висока цена и недостигот на станици за полнење сеуште го отежнуваат нивниот прогрес.

(ДПА – Хамбург)


БИЗНИС ИНФО Скенирај и дознај повеќе

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

БИЗНИС ИНФО

29

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со деловни партнери

21 мај 2014 година Нови Сад , Република Србија

БИЗНИС-СРЕДБИ „AGROB2B” НА САЕМОТ ВО НОВИ САД

Enterprise Europe Network и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија организираат учество на Бизнис-средбите „AgroB2B” во Нови Сад, Република Србија, на 21.5.2014 година. Овие средби ќе се одржат за време на одржувањето на Новосадскиот меѓународен саем за земјоделие, што се одржува од 20 до 26.5.2014 година. Главни теми на средбите ќе бидат трговијата и производството на храна и пијалаци, земјоделска механизација и опрема, хемиски производи за аграрот, пакување, обновлива енергија, опрема за градинарство, како и применетата наука и истражувањето во аграрот. Зошто да учествувате? Меѓународниот брокерски настан обезбедува дополнителна поддршка со цел компаниите да можат да најдат меѓународни партнери на Саемот. Учесниците имаат можност да ги најдат нивните потенцијални партнери според нивните потреби и интереси. Листата на учесниците е достапна пред почетокот на Саемот. Учеството на Бизнис-средбите „AgroB2B” е бесплатно, учесниците треба да купат влезница од 5 евра. Термини: 11 мај 2014 година – Регистрација, со доставување профил на компанијата за соработка 18 мај 2014 година – Избирање на потенцијалните соговорници и резервирање Б2Б средби

21 мај 2014 година – Бизнис-средбите „AgroB2B@NSFair” Пријавете се благовремено. Доколку има интерес за заеднички превоз, Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ќе организира превоз и хотелско сместување за 20 мај 2014 година. Контакт: Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 Факс: (02) 3244088 Е-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

30

четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 13.5.2014 година 9:00 - 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, Сала 1 на 5-ти кат

Семинар: „ЕФЕКТИВЕН СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ И НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ“

На семинарот ќе бидат опфатени следните целини: 1. Елементи на системот за управување со човечки ресурси: регрутација, селекција, воведување на нови вработени, развој и кариера на вработените и зголемување на компетентноста на вработените; 2. Лидерството и улогата на лидерите во управувањето со човечките ресурси; 3. Приказ на менаџерски модели во управувањето со човечките ресурси со примена на музички инструментални реторики (пијано); 4. Намалување на трошоците преку ефективен систем на управување со човечките ресурси; 5. Дискусија и конкретни совети за управување со човечките ресурси и намалување на трошоците. ПРЕДАВАЧИ Обуката ќе биде реализирана од страна на Михаил Китановски и Јасмина Илиевска, од Д2ЕМ Консалтинг. Д2ЕМ Консалтинг е компанија која делува во областа на менаџмент и бизнис-консалтинг.

Пријавување до 10.5.2014 година. Аплицирај електронски / on-line

Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

БИЗНИС ИНФО

31

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Стопанската комора на Македонија во 13 мај 2014 година 11:00 часот соработка со Стопанската комора на Србија Белградски саем, хала 3 организира посета на Меѓународен саем на техника и технички достигнувања на 13 и 14 мај во Белград

РЕГИОНАЛНА СРЕДБА НА ПРЕТПРИЈАТИЈА ОД МЕТАЛНАТА И ЕЛЕКТРОИНДУСТРИЈАТА

Оваа саемска манифестација е најзначајно стопанско и технолошко случување во Србија и Југоисточна Европа, која ги обединува компаниите од областа на автоматиката, електроенергетиката, телекомуникацијата, процесната техника, логистика и транспорт, производителите на инсталации, расвета, апарати и уреди за домаќиндството, електроника, мерна опрема, опрема за греење, ладење и климатизација, заварување и др. о рамките на Саемот е предвидено да се одржи и Регионална средба на претпријатија на металната и електроиндустријата на 13.5.2014 година, со почеток од 11:00 часот, во хала 3 на Белградскиот саем на којашто ќе се дебатира за унапредување и проширување на стопанската соработка, дефинирање и разработка на заедничките цели, како што се зголемување на извозот и успешен заеднички настап преку секторско поврзување. По завршување на Регионалната средба, предвидено е да се одржат деловни средби. Подетални информации за Саемот на: http://tehnika.talkb2b.net/ За посета на Саемот организирани се: • 1 ноќевање со појадок во хотел со 4* www.hotelprestige.rs ; • автобуски превоз; • локален трансфер; • бесплатни влезници за Саемот и учество на Регионалната средба. Цената на аранжманот по лице изнесува 6.490,00 денари (со вклучен ДДВ). Пријавување до 6 мај 2014 година. Напомена: За реализација на патувањето потребен е минимум од 13 лица. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Снежана Камиловска Тел: ++ 389 2 3244061 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: snezana@mchamber.mk

Контакт: Војкан Николовски Тел: ++ 389 2 3244068 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vojkan@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

32

четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 16.5.2014 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Семинар: „ИПАРД – МОЖНОСТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ БИЗНИСИ ВО РУРАЛНИ СРЕДИНИ (МЕРКА 302)“

ПРОГРАМА

и водостопанство на Р. Македонија.

I. ИПАРД-Програма 2007-2013

Интересна група за семинарот се замјоделски фирми, индивидуални земјоделци и земјоделски здруженија.

1. Вовед 2. Мерки од ИПАРД-Програмата 3. Критериуми 4. Корисници II. Закон за воспоставување Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 1. Дефиниции 2. Регулирање на постапката за доделување финансиска поддршка согласно ИПАРД-Програмата 3. Подзаконските акти за имплементација на ИПАРД (Уредба за начинот и постапката за користење финансиска поддршка за мерките за рурален развој финансирани од компонентата v – ИПАРД од инструментот за претпристапна помош ИПА) III. ИПАРД-Програма за 2007-2013 - Мерка 302 - Рурална диверзификација 1. Инвестиции кои се поддржуваат преку Мерката 302 2. Соодветни корисници 3. Критериуми за прифатливост IV. Постапка за аплицирање 1. Објавување јавни повици 2. Доставување на барање за финансиска поддршка 3. Листа на придружни документи 4. Начин на одобрување финансиска поддршка V. ЗАКЛУЧОЦИ Предавачи: - Билјана Вуковиќ, раководител на Секторот за одобрување проекти во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој; - Соњица Ѓорѓиевска, раководител на одделение во Секторот за рурален развој во Министерството за земјоделство, шумарство

Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Пријавување до 14.5.2014 година. Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

БИЗНИС ИНФО

33

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Семинар: „ИЗМЕНИТЕ ВО ДАНОЧНИОТ СИСТЕМ, ДАНОЧНАТА ПОСТАПКА И УЛОГАТА НА УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ВО ДАНОЧНИОТ СИСТЕМ“

20.5.2014 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Предавачи: - Петар Есмеров, управник во Управата за јавни приходи Регионална дирекција Скопје и - Доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE ПРОГРАМА I. Даночниот систем на Република Македонија - Закон за даночна постапка - Примена на законот - Начела на даночната постапка - Начело на утврдување на фактичка состојба II. Даночна постапка, даночен долг - Општо за даночната постапка - Утврдување на данок - Присилна наплата

VI. Нова даночна пријава ДДВ-04 - Нов формат, содржина и нови полиња за пријавување на прометот и ДДВ VII. Новини во Законот за персонален данок на доход - Даночно олеснување на странско физичко лице во согласност со меѓународните договори за одбегнување на двојното оданочување VIII. Новини во 2014 година кај данокот на добивка - Даночен третман на салдото на побарувања по заеми на 31.12.2014 година - Даночен третман на исплата на дивиденда во 2014 година Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Пријавување до 15.5.2014 година. Аплицирај електронски / on-line

III. Пренесување на даночна обврска во градежништвото и кај прометот со отпад и употребуван материјал - Промена на даночен должник - Фактурирање и евиденција кај подизведувач, изведувач и Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 инвеститор Факс:++ 389 2 3244088 IV. Одлука за определување нa добрата и услугите за кои Контакт Центар : (02) 15015 даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен E-адреса: anita@mchamber.mk промет од страна нa друг даночен обврзник - Утврдена листа на промети при пренесување на даночната Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 обврска Факс:++ 389 2 3244088 V. Правилник за формата и содржината на извештајот за Контакт Центар : (02) 15015 извршените промети на добра и услуги за кои даночен E-адреса: beti@mchamber.mk должник е даночниот обврзник кон кого е извршен прометот - Пријавување на прометот во Извештајот ДДВ-ИПДО


БИЗНИС ИНФО

34

четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 21 - 22 мај 2014 година 09:30 - 15:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Дводневна обука: „ИНТЕГРИРАН СИСТЕМ ЗА КАЛКУЛАЦИЈА НА ТРОШОЦИ И НЕГОВА ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА“

Голем број компании само приближно ја познаваат производната цена или само се потпираат на пазарните цени. Поради оваа причина, кога се менуваат цените на суровините или кога има силна конкуренција и комплексна дистрибутивна мрежа, компаниите се соочуваат со намалување на конкурентноста и профитабилноста. Имено, поради огромниот број податоци, менаџментот не е во можност да донесува навремени и исправни одлуки. За надминување на овие проблеми, потребно е воведување на системско сметководствено решение за калкулација на трошоците. Оваа обука ќе ги опфати методите за калкулација по налози и по процеси, но пред се` ќе биде насочена кон конкретно имплементирање на интегриран систем за калкулација на трошоци. Предавач: Стефан Костовски, има положено II ниво и е кандидат за III ниво од CFA-програмата. Член е на Грант Тортон Консалтинг од октомври 2013 година, на позицијата сениор консултант. Сите учесници на обуката ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Пријавување до 19.05.2014 година. Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Валентина Цветковска Тел: ++ 389 2 3244063 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: valentina@mchamber.mk

Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

МЕДИЦИНА - СРЕБРЕНА ЕКОНОМИЈА ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ВО ПАРИЗ

На 20 и 21 мај 2014 година во Република Франција

Здружението на трговијата и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија Ве информираат дека во рамките на Саемот „Салони за здравје”, што се одржува на 20 и 21 мај 2014 година во Париз, се организира претходно договарање деловни средби (30 минути секој состанок). Теми на средбите ќе бидат здравството, телемедицината, опремата за болници и домови за стари и инвалидизирани лица. Ова вмрежување на настанот има за цел учество на широк спектар на компании, универзитети и истражувачи од Европа заинтересирани за споделување на нови проектни идеи и наоѓање партнери за соработка. Зошто да учествувате? • Искористете го настанот за да иницирате нови бизниси! • Запознајте провајдери на иновативни технологии од Франција и од други земји! • Бидете во контакт со потенцијални партнери за идна соработка! • Воспоставете контакти за долгорочни деловни односи! Целна група: компании, универзитети, истражувачки институти и други организации од здравствениот сектор во потрага за комерцијални, технолошки или истражувачки партнери. Главни теми: • домови за стари и инвалидизирани лица; • Е-здравство; • телемедицина; • опрема за болници. Како да учествувате? Регистрирајте се и обезбедете го Вашиот профил опишувајќи една понуда или барање. Сите профили на учесниците ќе бидат објавени на веб-сајт. Учесниците ќе можат да ги разгледаат онлајн профилите и состаноците со организациите за кои се заинтересирани. Една недела пред настанот, секој учесник ќе добие распоред на индивидуалните средби. Котизација: такса од 100 евра ќе се наплаќа на секоја регистрирана организација. Ко нтакт: Лазо Ангелевски Тел: (02) 32 44 090 E-адреса: laze@mchamber.mk


36

БИЗНИС ИНФО

четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 22.5.2014 година 10:00-15:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Семинар: РАБОТНИ ОДНОСИ

„Промените во роковите за законски престанок на работниот однос, отказни рокови, основи за законски прeкин на работниот однос, неоснови причини за престанок на работниот однос, услови за стекнување на право на регрес за годишен одмор во приватниот и во јавниот сектор, промени во делот на пресметка и исплата на минимална плата, можност и задолжителност за исплата на 13-та плата на работникот, исплата за извршена работа, работна успешност и додаток за извршена работа, платено отсуство од работа, обврска за задолжителна едукација на работодавачот, права на работникот кога работодавачот не исплатил плата и кога е отворена постапка за престанок на работодавачот“ ПРОГРАМА: 1. Промени на роковите за дисциплинска одговорност, услови за законски прекин на работниот однос: - Промени на рокот за законски престанок на работниот однос; - Отказни рокови; - Основи за законски прекин на работниот однос; - Неосновани причини за престанок на работниот однос. 2. Регрес за годишен одмор, промени во пресметка и исплата на минимална плата: - Услови за стекнување на право на регрес за годишен одмор во приватниот и во јавниот сектор; - Немање основ за исплата на регрес за годишен одмор; - Промени во делот на пресметка и исплата на минимална плата. 3. Исплата на 13-та плата и исплата по учинок, успешност и додаток на плата: - Можност за исплата на 13-та плата од страна на работодавачот; - Задолжителност за исплата на 13-та плата од страна на работодавачот; - Исплата на плата за извршена работа - основна плата; - Исплата на плата за работна успешност; - Обврска на работодавачот за исплата на додаток на плата; - Обврска на работодавачот за исплата на платено отсуство од работа. 4. Исплата на 13-та плата, исплата по учинок, успешност и додаток на плата, посебни права при неисплата на плата и престанок на работодавачот: - Обврска за задолжителна едукација на работодавачот;

- Укажување на работодавачот за отстранување на повреда на закон или пропис; - Право на работникот кога работодавачот не му исплатил плата; - Право на работникот кога над работодавачот е отворена постапка за престанок на работодавачот. Предавачи: - Миле Стојановски, државен советник при Министерството за труд и социјална политика и - Злате Стојановски, раководител на сектор во трудова инспекција, сектор работни односи.

Пријавување до 19.05.2014 година. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk Контакт: Елизабета А��дриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„INELEX 2104“ ВО ИЗМИР

Од 22 до 25 мај 2014 година Меѓународен саем за лифтови и технологија за лифтови во Измир Република Турција

Оваа саемска манифестација е најзначајно стопанско и технолошко случување во сферата на т.н. „индустрија за вертикален транспорт“ на Блискиот Исток и во Југоисточна Европа, која ги обединува производителите на лифтови и компоненти за лифтови, градежни фирми, менаџери и консултанти на проекти, инженери, архитекти, разни инвестициски фондови и корпорации итн. Организаторите на Саемот предвидуваат како главна цел да биде поттикнување вмрежување на компаниите, запознавање со состојбите на пазарите од регионот и партнерства кои ќе влезат во нови договорни односи. Со цел да ги привлечат најреномираните компании и експерти, тие интензивно го промовираат Саемот низ Турција, Блискиот Исток, Африка, Европа и Азија. Овој саем се организира на секои две години и во 2012 година истиот го посетиле компании од повеќе индустрии од 29 земји. Покрај презентирањето на најнова технологија и производи, овој настан ќе придонесе и за создавање платформа за зголемување на извозот и производството во конкретните дејности. Подетални информации за Саемот на: http://www.inelex.com/ • • • • •

За посета на Саемот, Стопанската комора на Македонија во соработка со организаторот обезбедува: 3 ноќевања (со појадок во хотел со 4*); локален транспорт (Аеродром – Измир - Аеродром); тридневна влезница за Саемот; преведувачи за олеснување на комуникацијата со турските компании; можност за организирање деловни средби со учесниците на Саемот.

Цената на аранжманот по лице од компанија-членка на Стопанската комора на Македонија изнесува 3.540,00 денари (со вклучен ДДВ). За останатите цената е 4.720,00 (со вклучен ДДВ). Напомена: Во цената не е вклучен транспортот до Измир, за што Стопанската комора на Македонија може да посредува за обезбедување авионски билет.

Пријавување до 14.05.2014 Аплицирај електронски / on-line Контакт: Снежана Камиловска Тел: ++ 389 2 3244061 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: snezana@mchamber.mk

Контакт: Војкан Николовски Тел: ++ 389 2 3244068 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vojkan@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

38

четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ 23 мај 2014 година (петок) 9:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Обука: БИЗНИС-ЛОГИСТИКА - УПРАВУВАЊЕ СО СИНЏИРОТ НА СНАБДУВАЊЕ

Програма: • • • • •

• • • • •

Управување со синџирот на снабдување Поим синџир на снабдување Димензија на логистиката – микро и макро димензија логистиката Моделирање на логистичкиот систем Логистичка стратегија – планирање на синџирот снабдување, планирање на испораката, планирање системот на транспорт, распоредување и ротирање возилата и складиштето Правила за остварување на стратегијата Проектирани логистички мрежи Управување со побарувачката Задоволување на купувачите Управување со набавките

Предавач: Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. на

Аплицирај електронски / on-line на на на

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

БИЗНИС ИНФО

БЕСПЛАТНИ ИТ-СРЕДБИ И КОНФЕРЕНЦИЈА „ДУНАВ ИТ 2014“ НОВИ САД

39

Nа 29 и 30 мај 2014 година во Република Србија

Здружението на информатичко-комуникациските технологии и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија Ве информираат дека на 29 и 30 мај 2014 година во Нови Сад, Република Србија, ќе се одржат Конференција „Дунав ИТ 2014“ и деловни средби, на кои ќе се истражуваат различни теми поврзани со Интернет за сите нешта. Учесниците на Конференцијата ќе учат од квалитетни експерти за нивните искувства и ќе имаат можност за поврзување со говорниците и учесниците во текот на поединечните презентации, панел-дискусиите, неформалните сесии, деловите средби и на многу неформални средби. „Дунав ИТ 2014“ е идеален за секој заинтересиран за напредните информациони технологии и high- tech иновации: основачи и потенцијални инвеститори на high- tech старт-ап фирми, менаџери и вработени во етаблирани ИТ-компании, како и на инженеринг и бизнис-студенти. Службен јазик на конференцијата е англиски, а регистрацијата оваа година е бесплатна. Контакт: Enterprise Europe Network Здружение на информатичко-комуникациските технологии Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 E-адреса: laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

40

четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 8 до 11 јуни 2014 година Ве покануваме на една од најголемите саемски манифестации за стоки за широка потрошувачка во Нингбо, НР Кина

CICGF - CHINA INTERNATIONAL CONSUMER GOODS FAIR - CENTRAL AND EASTERN EUROPEAN COUNTRIES’ PRODUCTS EXPO 2014

На вкупна површина од 90.000 m2, во 7 изложбени салони, ќе можете да најдете изложувачи на: - текстилни производи; - електрични апарати и бела техника; - мебел и канцелариски материјали; - спортски и рекреативни производи; - производи за широка потрошувачка; - прехранбени производи; - уметнички и занаетчиски производи. На Саемот покрај изложување на експонати, ќе биде дозволена продажба и презентација на производи. Саемот е наменет за компании кои се заинтересирани за извоз на македонски производи на пазарот во НР Кина. Во насока на продлабочување на македонско-кинеските бизнис-односи, Кинеското министерство за трговија обезбедува бесплатни штандови од 9 м2, за сите македонски компании кои би сакале да ги претстават своите производи на огромниот кинески пазар. Стопанската комора на Македонија ги поканува сите македонски компании кои се заинтересирани да учествуваат на саемот, за да добијат бесплатен штанд, својот интерес да го пријават најдоцна до 22 април 2014 година. Трошоците за авионски билет и сместување во хотел, ги покриваат самите компании. Постои поволна авионска линија Скопје - Истанбул - Шангај секој ден со Turkish Airlines, (http://www.turkishairlines.com/en-mk/), а од Шангај со брз воз до Нингбо се стигнува за 1 час. Резервација и нарачка на авио-билети директно во Turkish Airlines. Заради временската разлика, треба да се планира патувањето со заминување на 4 или 5 јуни, а враќање на 12 јуни 2014 година. Резревацијата на хотелот се врши преку Туристичка агенција од Нингбо посочена од Саемската организација. Сместувањето ќе биде по избор во 3 хотели со ( 2, 3 или 4 ѕвезди), а Туристичката егенција ќе обезбеди и бесплатен превоз до и од саемот, од овие 3 хотели. Туристичка агенција: NINGBO ZHONGZHAN INTERNATIONAL EXHIBITION CO.,LTD Скопје-Истанбул-Шангај Contact Persons: 04 June 2014 20:45 Ms. Sophie Wang FlightTK1006 Operated byTurkish Airlines Mobile Phone: 0086 15957427180 Mr. Mike Mi Operated byTurkish Airlines DepartureIstanbul , Ataturk (IST) - Terminal Thursday 05 June Mobile Phone: 0086 13306685081 DepartureSkopje, Alexander The 2014 00:35 Tel: 0086 574-87065668 87372617 Great (SKP) Fax: 0086-27721226 Wednesday 04 June 2014 20:45 ArrivalShanghai , Pudong Inter E-mail: nbzhongzhan66@zhongzhan.org national (PVG) - Terminal2 ArrivalIstanbul, Ataturk (IST) – TerminalI Wednesday 04 June 2014 23:25 Duration 1h40 Meal Yes 05 June 2014 00:35 FlightTK26

Thursday 05 June 2014 15:50 Duration 10h15

Шангај - Истанбул - Шангај 12 June 2014 22:45 FlightTK27 Operated byTurkish Airlines DepartureShanghai , Pudong International (PVG) - Terminal2 Thursday 12 June 2014 22:45 ArrivalIstanbul , Ataturk (IST) – TerminalI Friday 13 June 2014 05:25 Duration 11h40 13 June 2014 08:10 FlightTK1003

Operated byTurkish Airlines

Влезните визи и друга потребна доклумнетација за експонати и производи за на штандот, ќе оди одрганизирано преку Стопанска комора на Македонија. Компаниите кои ќе изложуваат на саемот треба нивниот изложбен простор да го организираат најдоцна до 7 јуни 2014 година. За секој штанд организаторот ќе обезеди стандардна опрема ( натпис на фирмата на штандот, 1 маса, 3 столици, 1 шкаф и струен приклучок). На штандот е доволоена продажба на производи, само кои се на листата на дозволени продажни производи во НР Кина. За повеќе информации за “CICGF - China International Consumer Goods Fair” посетет ја веб-страната http://www.cicgf.com/en/about/about_cicgf.php

DepartureIstanbul , Ataturk (IST) - Terminal I Friday 13 June 2014 07:40 ArrivalSkopje , Alexander The Great (SKP) Friday 13 June 2014 08:10 Duration 1h30

Контакт: Перо Авакумовски Тел: ++ 389 2 3244048 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: pero@mchamber.mk

Контакт: Васко Ристовски Тел: ++ 389 2 3244014 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: vasko@mchamber.mk


четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

БИЗНИС ИНФО

41

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„FEMMINA - FASHION TRADE SHOW“ ВО АТИНА

Од 13 до 16 јуни Ве покануваме на најголемиот Саем за текстил и мода во Република Грција

Посетата ја организира Стопанската комора на Македонија во соработка со компанијата „Fashion News SA“ од Грција. „FEMMINA - FASHION TRADE SHOW“ е саемска манифестација наменета за компании кои работат во текстилната индустрија и модата (трговците на мало, продавници, бутици, синџири и слично), на која се презентираат: • бренд производители; • модни дизајнери; • висока мода; • увозници и дистрибутери на женска облека; • колекции за млади; • долна облека; • секојдневна облека; • додатоци за облека; • накит; • опрема за продавници и др. „FEMMINA - FASHION TRADE SHOW“ се организира истовремено со Саемот за чевли во Грција (Hellenic Shoe Fair), на кој ќе бидат презентирани различни видови обувки, а ќе се одржат и модни презентации за начините на комбинирање ��а различни елементи и стилови, согласно потребите на современиот пазар. Организаторот на манифестацијата, компанијата „Fashion News SA„ е подружница на „ROTA SA Group“ - најголема компанија за организирање саеми во Грција.

Пoдетални информации за Саемот на: www.femmina.gr/en .

За посета на Саемот организирани се: - 2 ноќевања во хотел со 5*; - автобуски превоз; - локален транфер и - бесплатни влезници за Саемот.

Пакет-аранжманот по лице изнесува 9.000,00 денари (со вклучен ДДВ).

Пријавување до 9.5.2014 година.

Даниела Михајловска Василевска Тел: + 389 2 3244021 Моб. + 389 72 22 00 37 Факс:+ 389 2 3244088 Е-адреса:daniela@mchamber.mk

Сашо Деспотоски Тел: + 389 2 3244089 Моб. + 389 70 747 159 Факс:+ 389 2 3244088 Е-адреса:saso@mchamber.mk


42

БИЗНИС ИНФО

четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Компанија од Романија заинтересирана е да инвестира во термоцентрала на гасен погон во Република Македонија, за производство на елeктрична и топлинска енергија. Валидност дo: 11.6.2014 година

македонски иновативни производи во последните 10 години. Валидност дo: 12.3.2015 година

Компанија од Холандија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на органски ѓубрива кои се Компанија од Грција направени од 100 % природни заинтересиранa е за соработка минерали. Валидност дo: 12.5.2014 година со индивидуални земјоделски производители за пласман на Компанија од Бугарија бара фолии за оранжерии, системи Иновативна компанија од дистрибутер во Република за наводнување капка по капка Република Македонија Македонија за пласман на и индустриска амбалажа во специјализирана за адитиви за храна. Валидност дo: 11.5.2014 година производство на повеќестепени штипскиот и во велешкиот регион. пренапонски заштити бара Валидност дo: 12.5.2014 година странски инвеститор или Компанија од Германија бара партнер со цел менаџирање заедничка соработка со Компанија од Турција бара на настапот на компанијата на македонски винарници за дистрибутер во Република производство и пласман на вина. странските пазари и продажба Македонија за пласман на Валидност дo: 11.7.2014 година на производите на пазарите компресори. во ЕУ и во САД. Производите на компанијата се есклузивно Валидност дo: 12.6.2014 година Компанија од Турција бара оригинални и уникатни за пласман на ЛЕД-технологии за Компанија од Германија бара европскиот и за американскиот обновлива енергија за улично пазар со вградени 4 заштитни дистрибутер во Република осветлување во Република Македонија за пласман на Македонија. технологии и 5 патенти. градежни машини и опрема, а Валидност дo: 11.5.2014 година Производите се најнаградувани


четврток, 08 мај 2014, Бр. 178

БИЗНИС ИНФО

43

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА траки и јажиња за подигање, посебно на машини за мелење и пласира машини и опрема за врзување и прицврстување прехранбената индустрија во дисперзија. Валидност дo: 12.5.2014 година Република Македонија, како и за на товар. Сопственото откуп на земјоделски производи. производство на трговската Валидност дo: 13.6.2014 година марка HFS-Austria со водечките Компанија од Италија производители од оваа област заинтересирана е да соработува го докажуваат квалитетот на Компанија од Бугарија со компании од Република нивните производи. За време заинтересирана е за соработка Македонија во областа на со македонски производители на на изградбата на стадионот обновлива енергија. во Клагенфурт успешно беа Валидност дo: 13.6.2014 година стаклени прачки. Валидност дo: 13.5.2014 година користени HFS-системите за подигање. Компанија од Полска бара Валидност дo: 14.8.2014 година дистрибутер во Република Компанија од Германија нуди медицинска опрема од 100% Македонија на метални јарболи за пренос во телекомуникации на целулоза која е биоразградлива. Валидност дo: 14.5.2014 година мобилната телефонија. Валидност дo: 13.5.2014 година Австриска компанија бара дистрибутер во Република Компанија од Шпанија Македонија за пласман на заинтересирана е да пласира системи за подигање товар соларни рефлектори и големи како што се ланци, рачни светилки, како и да воспостави електронски дигалки, контакти со компании во производи од полиестер, Република Македонија кои би произведувале делови кои се користат во соларните Контакт: рефлектори. Мирјана Коцева Валидност дo: 13.6.2014 година Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 Компанија од Хрватска mirjana@mchamber.mk заинтересирана е да

www.mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Бизнис ИНФО број 178, 8.5.2014