Page 1

СТОПАНСКА БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА КОМОРА НА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF МАКЕДОНИЈА Founded 1922 bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Број 159

www.mchamber.mk

05.12.2013

Делегација на Стопанската комора на Македонија, „Тиквеш“, „Вина од Македонија“ и „М6“ во посета на провинцијата Сечуан

ВО МИСИЈА НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ НА ВИНО И НА КИНЕСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЗЕМЈАВА Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија смета дека законодавецот ќе ги прифати аргуметираните забелешки по Предлог-законот за проценка

ИЗВЛЕКУВАЊЕТО НА ПРОЦЕНКИТЕ ОД БАНКИТЕ Е ЧЕКОР НАНАЗАД И ЌЕ ГИ ЗГОЛЕМИ ТРОШОЦИТЕ НА КЛИЕНТИТЕ


БИЗНИС ИНФО

2

четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

ПОДВЛЕЧЕНО

ПАНЕВРОМЕДИТЕРАНСКА ДИЈАГОНАЛНА КУМУЛАЦИЈА ЈА ЗГОЛЕМУВА КОНКУРЕНТНОСТА Донесена и прифатена од страна на РМ е иницијативата на ЕУ за Конвенцијата за паневромедитеранска дијагонална кумулација на потеклото на стоки што значи дека во сите земји учеснички поедноставено ќе може производите од РМ што го задоволуваат потеклото на стоките да се извезуваат поевтино во другите земји членки на оваа дијагонална кумулација на потеклото без царини или со помали царини. Не само постојните, туку оваа Конвенција за дијагонална кумулација на потеклото отвора простор или веќе се започнати активности за склучување договори за слободна трговија со медитеранските земји што не се земји членки на ЕУ што значи со државите од Северна Африка и со Блискиот Исток каде што се очекува и може да очекуваме заради настаните што се таму селење на тие производствени капацитети и во Република Македонија. Тоа значи Египет, Тунис, Алжир, Израел. Значи тоа е веќе во постапка што, исто така може да помогне. Значи ние сме тука да создадеме амбиент, а бизнис заедницата треба да си ги искористати шансите. Пред се се работи за текстил, иако тој е отворен за се. Правилата се уредуваат со договорите. Пред се за текстил, обувки, меѓутоа може да биде и техничка стока, автомобилски делови и многу други. Доколку сега увозот на такви производи кај нас се царини со 15 посто да кажам за текстил, обувки, за нешто друго, земји со кои немаме дијагонална кулмулација на потеклото или воопшто потекло значи сега 15 посто да кажам би биле поевтини. Се разбира пазарот кај нас е таков каков што е, тие што сакаат да работат такво производство пред се им е наменето за извоз во ЕУ, бидејќи пазарот е голем и оправдано е производството и затоа битната карактеристика не е само што кај нас ќе биде ослободена од плаќање на царини и тоа нема фискален аспект. Работата е што потоа се извезуваат во земјите на ЕУ без царини.Тука е добивката за компаниите. Тоа ќе потрае. Мислам дека ова не се завршува за два, шест месеци, ова е процес. Значи прво да се склучат такви договори, а потоа бизнис заедницата да си се најде во сето тоа. (Ванчо Каргов, директор на Царинската управа на Република Македонија)

ЗА ПОСТОЕЊЕ НА БЕРЗА ПОТРЕБНИ СЕ МНОГУ ПРАВНИ РЕГУЛАТИВИ Само за компарација, Србија која има производство од 41.000 гигават/часови струја и енергетски осум граници – нема берза, истото важи и за Бугарија каде што постои нуклеарна централа и повеќе од 100 регистрирани трговци. За постоење на Берза потребно е да се обезбедат многу правни регулативи. Но, првенствено неопходно е да има “market maker”, понатаму правно да се покријат сите односи меѓу партнерите, да се воспостават кредитни лимити и секако берзата да е ликвидна. На пример, берзата во Словенија стана ликвидна кога се спои со Италијанската, а истото важи и за Берзата во Унгарија (HUPX), која се спои со берзите во Чешка и Словачка. Во Македонија треба да се случат одредени промени што подразбира и ангажирање од соодветните институции МЕПСО, ЕЛЕМ, ЕВН и Регулаторната комисија за енерегетика. Мислам дека на Македонија приоритет треба да и биде реализацијата на енергетските проекти и промена на одредени законски и подзаконски акти кои се однесуваат на енергетиката, а за Берза е се уште рано. Што се однесува пак, до либерализацијата на пазарот на електрична енергија во Македонија, таа фаза неколку пати до сега се одложува, иако тоа е предвидено во пакетот за хармонизација со ЕУ.


четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО Фирмите кои што ќе можат сами да купуваат електрична енергија во 2014 година се наоѓаат на интернет-страницата на МЕПСО. Тие првенствено би требало да се занимаваат со некоја оптимизација на својата потрошувачка и да ги следат своите дијаграми на трошење енергија. Потребно е да се организираат работилници каде што ќе има претставници и од фирмите потенцијални купувачи и од Евн и од МЕПСО за сите инволвирани да се запознаат со процесот. Секој почеток е тежок, но може да видиме како тоа го направиле земјите од соседството, каде штро либерализацијата веќе функционира. Трговците со струја присутни во Македонија, а кои не се многу на број, исто така се присутни на соседните пазари каде што либерализацијата е веќе одамна започната и би можеле многу да помогнат на новите фирми како би ги оптимизирале своите сметки за струја. Се надевам дека во скоро време ќе се направат конкретни чекори од сите институции за реализација на овој проект. (Сања Божиновска, директор на секторот за трговија со електрична енергија во „Руднап“)

НАЈМНОГУ ФАЛСИФИКАТИ ВО ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА Најмногу се соочуваме со фалсификати во текстилната индустрија, вклучувајќи ги обувките, чантите, ремени… Во Македонија овие работи се многу популарни за копирање. На почетокот имавме многу козметика, шминки. Има фалсификати во автомобилската индустрија, фалсификувани електронски уреди, мобилни, адаптери, но и тоа е веќе намалено. Имавме истражувања за одредени лекови и што е позитивно, не најдовме директна повреда на правото на интелектуална сопственост. По имиња, се уште најфалсификувани се Burberry, Louis Vuitton, Puma, Adidas и Apple. Едно време беа многу популарни Chanel и Dior и потоа имаше стагнација, ги нема толку многу. Некако фалсификуваните брендови доаѓаат како на бранови. Во однос на другите земји, јас сум многу задоволна како во Македонија се справуваме со оваа проблематика. Можам да кажам дека Царина е многу активна во овој дел, има покажано извонредни резултати, особено во однос на околните држави. Државните институции се трудат, многу се ангажирани. Исто така, имаме активности и со Координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост при Владата на РМ, имаме одлична соработка. Првите години од отворањето на канцеларијата имаше многу заплена и големи пратки, пратки наменети за транзит. Сметам дека резултатот од работата е очигледен, иако се уште има фалсификати. Но, не е проблем само фалсификатот како фалсификат, туку со тие фалсификувани производи се повлекува цела економија. Зад фалсификуваните производи обично стои организиран криминал, дрога или проституција, има влез во државата на производи за кои не се плаќа данок, фалсификувањето само потекнува сива економија. Згора на тоа, не знаеме каква штета може таквите производи да ни направат врз здравјето. Фалсификуваната стока може да предизвика егземи, алергии, материјалот од којшто е направена е непроверен. Парфеми, алкохол, очила за сонце, шампони за коса, прашоци за перење алишта, полначи за телефони што можат да експлодираат, можат да имаат страшни последици по здравјето. Но, сметам дека свест за сето ова веќе е малку поприсутна кај граѓаните. (Ели Муфишовски, регионален директор и менаџер на интернет мониторинг тимот на React)


БИЗНИС ИНФО

4

четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

ПОДВЛЕЧЕНО

ВО ПЕРИОД НА РЕЦЕСИЈА НЕ СМЕЕ ДА СЕ НАМАЛУВА ЈАВНАТА ПОТРОШУВАЧКА Во период на рецесија не смее да се намалува јавната потрошувачка, туку мора дури и да се зголеми, но истовремено и да се пренасочи така што директно или индиректно ќе заврши во домашното производство. На тој начин еден период може да се запре падот на производството и на вработувањето, што е главна карактеристика на кризата. Kога ќе се зачуваат домашното производство и вработеноста и потрошувачката на граѓаните почне повторно да расте, тогаш државата може да почне да ја намалува својата потрошувачка, иако ~ растат приходите. Од тие зголемени приходи, поради раст на доходот и на потрошувачката, може да го покрива дефицитот од претходната фаза. Освен тоа, зголемување на данокот во рецесија ги намалува дополнително расположливиот доход и потрошувачката и ја забрзува кризата. Американците би кажале дека таквата политика ја турка земјата во фискална провалија. Значи, таквите мерки се погубни. Решението не е во кастрење и во зголемување на даночните стапки, туку во зголемување на даночната база, односно домашното производството и доходот. А тука се потребни мерки на индустриската политика поддржани со мерките на фискалната и на монетарната политика. (Љубо Јурчиќ, професор на Еkономсkиот фаkултет во Загреб)

СИГУРНО ШТЕДЕЊЕ Македонија има доста стабилен банкарски систем. Ова не е само флоскула, туку вистина поткрепена со аргументи, која се потврди во периодот на кризата. Голема улога одигра и централната банка преку повеќе мерки кои ги презема во однос на банките со што придонесе да не дојде до потреси, или поточно тие помалку да се почувствуваат. Редовните симулации за отпорност на банкарскиот систем од шокови кои ги спроведуваше НБРМ покажаа дека станува збор за стабилен банкарски систем. Затоа мислам дека не треба да мислиме на ризичен настан, за кој не ни очекувам во блиска иднина да се случи. Дотолку повеќе што Фондот е во добра финансиска кондиција и од резервите за сигурност во случај на ризичен настан до законското ниво на обесштетување (30.000 евра) можат да се обесштетат 100 отсто депозитите на население на 12-те банки и 4-те штедилници. Кај трите големи банки процентот на покриеност од резервите за сигурност на Фондот е помал, но законот предвидува конкретни извори на финансирање кои би го надополниле недостигот од средства за таква потреба. Затоа, одговорно изјавувам дека штедачите не треба да стравуваат за средствата кои ги имаат во која било банка или штедилница. (Нина Настева, директорка на Фондот за осигурување депозити)


четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

Делегација на Стопанската комора на Македонија, „Тиквеш“, „Вина од Македонија“ и „М6“ во посета на кинеската провинција Сечуан

БИЗНИС ИНФО

5

ПОСЕТИ

ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ВО НАСОКА НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ НА ВИНО И НА КИНЕСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЗЕМЈАВА

Делегација на Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот на Комората Бранко Азески, и од сопственикот на најголемата винарница во земјава „Тиквеш“ од Кавадарци Светозар Јаневски, во којашто има претставници од Здружението „Вина од Македонија“, како и од Групацијата М6, на 3.12.2013 година, оствари работна посета на една од најголемите кинески провинции Сечуан (провинција со околу 100 милиони жители). Македонската делегација беше примена од гувернерот на провинцијата Сечуан, Веј Хонг, кој ја истакна благодарноста за посетата и изрази подготвеност за проширување на деловната соработка меѓу Македонија и оваа кинеска провинција. На средбата беа потенцирани можностите за проширување на соработката и посебно начините за зголемување на македонскиот извозот. Во разговорите на двете делегации се разгледуваа и можностите за поттикнување на вложувањата, за зголемување на инвестирањето на бизнисмените од провинцијата Сечуан во Република Македонија. Посебно се разговараше за извозот на вина во Кина, посебно во Сечуан, каде што македонските вина се веќе присутни со први количини, а лани во НР Кина беа извезени количини во вредност од 1 милион САД долари. Оваа посета на провинцијата Сечуан од страна на македонската делегација е во насока на зголемување на извозните можности за целиот вински сектор, како и презентирање на поволностите на македонската економија за привлекување странски инвеститори. Посетата на македонската делегација продолжува и во текот на следните денови, при што ќе се остварат средби со Бирото за промоција на инвестициите на провинцијата Сечуан, како и со други институции. Притоа, македонската делегација ќе има можност да ја претстави поволноста од вложување во Република Македонија и да ги потенцира можностите за зголемување на соработката.


БИЗНИС ИНФО

6

четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

ПОСЕТИ Инаку, делегацијата од 12-тина кинески стопанственици од провинцијата Сечуан, придружени од амбасадорот на НР Кина во Македонија, остварија средба во Стопанската комора на Македонија кон крајот на април годинава. Целта на нивната посета, иницирана од страна на „М6“ Групацијата, беше да се согледаат можностите за идна соработка и потенцијалите за влез на кинески инвестиции во земјава.

на Комората, Бранко Азески.

Посетата на македонската делегација на провинцијата Сечуан е возвратна посета за зголемување на извозот на Република Македонија во оваа провинција. Во октомври годинава делегација од Сечуан ја посети винарската визба „Тиквеш“ од Кавадарци, каде што остварија деловна средба и со претседателот

Вкупната трговска размена на Република Македонија со НР Кина во првите девет месеци од 2013 година достигна вредност од 342,5 милиони САД $. При тоа, остварен е извоз во вредност од 67,1 милиони САД $, додека увозното салдо изнесува 275,4 милиони САД долари. С.П. НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКА РАЗМЕНА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НР КИНА Вкупната трговска размена на Република Македонија со НР Кина во првите девет месеци од 2013 година достигна вредност од 342,5 милиони САД$, што претставува пад од 8,5% во однос на истиот период од претходната година. Трговска соработка меѓу Р. Македонија и НР Кина во периодот јануари-септември 2013 година. (САД $) Извоз Увоз Вкупно Количина во кг Сума во САД$ Количина во кг Сума во САД$ Количина во кг Сума во САД$ 20.954.674,00 67.082.199,00 75.797.522,00 275.397.188,00 96.752.196,00 342.479.387,00 При тоа, остварен е извоз во вредност од 67,1 милиони САД$ или пад од 43,2%, додека увозното салдо изнесува 275,4 милиони САД$ или зголемување од 7,5% споредбено со претходниот период. Евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 208,3 милиони САД$. Во вкупната надворешно-трговска размена, НР Кина е седми трговски партнер во посочениот период. Трговска соработка меѓу Р. Македонија и НР Кина во 2012 година (САД $) Извоз Увоз Вкупно Количина во кг Сума во САД$ Количина во кг Сума во САД$ Количина во кг Сума во САД$ 38.875.165,00 158.846.262,00 80.176.779,00 374.766.854,00 119.051.944,00 533.613.116,00 Вкупната трговска размена на Република Македонија со НР Кина во 2012 година достигна вредност од 533,6 милиони САД$ што претставува раст од 10,7% во однос на 2011 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 158,8 милиони САД$ или раст од 24,6%, додека увозното салдо изнесува 374,7 милиони САД$ или зголемување од 5,6% споредбено со цела 2011 година. Евидентиран е негативен биланс во трговската размена од 215,9 милиони САД$.


БИЗНИС ИНФО

четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

7

ПОСЕТИ Во поглед на застапеноста на производите во размената, во 2012 година, во структурата на извозот се застапени единствено: • фероникел (155,8 милиони САД долари или учество од 98,1% во вкупниот извоз); • вино од свежо грозје (1 милион САД долари); • мермер и травертин (208 илјади САД долари) и останато со помала вредност. Во увозното салдо, најголемо учество имаат: • електрични машини, електронски уреди и апарати за широка потрошувачка (150,7 милиони САД долари, со учество од 40,2% во вкупниот увоз); • моторни возила и моторцикли (35 милиони САД долари, или учество од 9,3%); • текстилни материјали и ткаенини (34,9 милиони САД долари или учество од 9,3%); • облека и обувки (25,8 милиони САД долари или учество од 6,8%); • хемиски производи и деривати (10,6 милиони САД долари или учество од 2,8%); • земјоделски и прехранбени производи (8,3 милиони САД долари или учество од 2,2%); • производи од железо и челик (5 милиони САД долари или учество од 1,3%).

2004 Извоз Увоз Вкупно Т. салдо

Стоковна размена (2004 / 2012 година), во САД $ 2005 2006 2007 2008 2009 2010

2011

2012

1.354.291

1.355.998

1.472.274

576.463

1.606.093

3.243.627

87.894.934

127.460.025

158.846.262

81.914.747

82.019.083

139.388.667

242.721.61

314.773.568

289.409.300

287.359.419

354.650.660

374.766.854

83.269.038

83.375.081

140.860.941

243.297.924

316.379.661

292.652.927

375.254.353

482.110.685

533.613.116

-80.560.456

-80.663.085

-137.916.393

-242.144.998

-313.167.475

-286.166.000

-199.464.000

- 227.190.635

-215.920.592

Стопанската комора на Македонија има потпишано спогодби за соработка со:

Стоковна размена (2003

/2012 година), во САД $

600.000.000 500.000.000 400.000.000 300.000.000

1. Стопанската комора на Македонија потпиша договори за соработката со Секинеската федерација на комори за индустрија и трговија, железарија и електромеханика, Сечуан и Кинескиот совет за промоција на трговијата на Сечуан (2012г.);

200.000.000

100.000.000 0 -100.000.000

2003

2004

2005

2006

2007

2008

2009

2010

2011

2012

-200.000.000 -300.000.000 -400.000.000 Извоз

Увоз

Вкупно

Трговско салдо

2. Кинеската стопанска комора и Кинескиот совет за промовирање на надворешната трговија Меморандум за соработка (1997 година) и со 3. Кинескиот совет за унапредување на меѓународната трговија при Стопанската комора на Кина (1977 година). Приказ на директни инвестиции од НР Кина во Република Македонија 2012 2011 2010 2009 2008 Во мил.САД $ Во мил.евра Во мил.САД $ 0,02 0.24 0.05 0,39 -0,09

Подготвил: Влатко Стојановски


БИЗНИС ИНФО ИНИЦИЈАТИВИ

ИЗВЛЕКУВАЊЕТО НА ПРОЦЕНКИТЕ ОД БАНКИТЕ Е ЧЕКОР НАНАЗАД И ЌЕ ГИ ЗГОЛЕМИ ТРОШОЦИТЕ НА КЛИЕНТИТЕ

четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија смета дека законодавецот ќе ги прифати аргуметираните забелешки по Предлог-законот за проценка

Предлог-текстот на новиот Закон за процена упатува на тоа дека проценките при кредитирањето кај хипотекарните и заложните кредити треба да се вршат преку надворешни проценители по висока тарифа, при што не треба да го забораваме фактот дека проценките се задолжителни кај ваквиот вид на обезбедено кредитирање со залог на предмети или хипотека. За потсетување, со донесување на Законот за процена во 2010 година, односно со неговите измени и дополнувања во 2011 година, беше предвидено дека процена може да врши само лице кое е трговец поединец и трговско друштво регистрирано за процена. По реакцијата на банките заради негативните ефекти на Законот во процесот на кредитирање, на предлог на Здружението на банкарството донесен е Законот за изменување и дополнување на Законот за процена во декември 2011 година, со кој се регулира дека процена може да вршат и физичките лица кои се вработени во банка или штедилница регистрирана во Република Македонија, кои имаат положен стручен испит (овластени проценители). Оваа активност на банките која со години ја работат и развиваат, е исклучиво во насока на тоа да се овозможи брз, ефикасен, евтин систем на кредитирање на граѓаните и правните лица во Република Македонија. Ова беше истакнато на прес-конференцијата на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија на 2.12.2013 година на тема „Иницијатива на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија за прифаќање на нашите забелешки по Предлог-законот за процена во насока на поддршка на кредитирањето во РМ преку намалување на трошоците и поедноставување на постапката за кредитирање“. Пред новинарите се обрати Ѓорги Јанчевски, претседател на Здружението на банкарството. Според неговите зборови, само неполни две години по донесувањето на наведеното законско решение повторно е изготвен предлог на нов Закон за процена со кој на банките им се одзема правото да имаат вработени проценувачи кои ќе ги вршат работите од областа на процена за потребите на банките и се упатува на користење на надворешни проценители, иако во меѓувреме не настанала никаква промена ниту потреба во правното и економското окружување, која би го поддржала ваквото законско решение. Напротив, причините поради кои и минатиот пат овластените проценители вработени во банките беа вклучени во Законот како овластени, повторно и денес се истите. Согласно тоа, враќањето во една претходна состојба во оваа насока е и повеќе од нецелисходно. Ѓорѓи Јанчевски посебно подвлече дека постапката на донесувањето на законот се прави без да се консултира засегнатата страна. Поради тоа, повторно, како и во 2011 година, укажуваме на негативните ефекти и неоправданоста од законската промена кои, пред се`, се состојат од значително поскапување и забавување на


четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

БИЗНИС ИНФО

9

ИНИЦИЈАТИВИ кредитирањето, дополнителен финансиски товар за клиентите и направени неоправдани инвестирања и трошоци во оваа област. Имено, со ваквите промени ќе трпи процесот на кредитирање, кој ќе се обремени, успори, кој ќе има многу повисока цена од претходно, а сето тоа на крај ќе резултира со финансиско и временско оптоварување на граѓаните и правните лица, како и со намалено кредитирање, а во крајна инстанца ќе има негативни ефекти врз домашната економија. Ваквиот чин директно негативно ќе влијае врз кредитирањето во државата, кое кредитирање е неминовно за развој и дополнително заживување на економијата, особено во моменти на трпење на последиците од светската економска криза. Ваквата состојба македонскиот законодавец особено треба да ја има предвид. Во таа смисла, ангажирањето на надворешни проценувачи значително ќе го поскапи процесот на кредитирањето, а кој трошок ќе мора да се пренесе на корисниците на кредити. Имено, трошоците за процена кои банката ги наплатува од клиентот изнесуваат од 2.000-2.500 денари за стан до максимален износ од 10.000 ден за деловни и индустриски комплекси. Споредбено, согласно објавениот Правилник за начинот на пресметување на наградата за извршена работа и надоместокот за реално потребните трошоци за вршење на процена на недвижен имот од 2013 година трошоците за процена изнесуваат од 4.000 денари за стан до 40 м2, до максимален износ од 100.000 ден за хотели, мотели и одмаралишта. На пример, за стан од 60 м2 (доколку се земе предвид дека банките вршат проценка еднаш годишно, а рокот за враќање на станбените кредити е до 30 години) вкупниот трошок за клиентот за целиот период ќе изнесува 150.000 денари, наместо сегашните 2.000-2.500 денари кои клиентот еднократно ги плаќа пред користењето на кредитот. -Притоа, не треба да забораваме колку користењето на надворешни проценители ќе го забави процесот на кредитирањето, во услови на совршено развиен систем на внатрешни проценители кај банките, – истакна Јанчевски. -Банките соодветно инвестираа во кадарот, кој ги полагаше соодветните стручни испити согласно важечката подзаконска регулатива, и во посебен софтверски систем, кој соодветно функционира во минативе две години. Со овој предлог закон состојбите повторно се враќаат од почеток, - додаде м-р Маја Андреевска Блажевска, претседател на Комисијата за Compliance и AML при Здружението на банкарството. Веројатно од наведените причиние и земјите во регионот имаа повеќе разбирање за ваквите состојби, па од тие причини кај истите не постојат и вакви ригидни и непотребни законски решенија, туку забележана е флексибилност, поточно разумност во регулирањето на проценувањето и дозволена е можност банките да имаат свои проценители во (или надвор од) банките (примерот со Грција, Бугарија и др.). Од сите наведени причини, Здружението на банкарството, преку својот испратен допис до надлежните органи и институции и преку оваа прес-конференција апелира до Владата на РМ, а воедно и до законодавецот, да ги прифати аргументираните забелешки на Здружението на банкарството, при што заеднички ќе помогнеме во поддршка на кредитирањето, а со тоа и на економијата во државата и нема да дозволиме поскапување и обременување на процесот на кредитирањето на граѓаните и правните лица на Република Македонија. Саво Пејчиновски


10

БИЗНИС ИНФО

ОДЛУКИ

ФОРМИРАНА АСОЦИЈАЦИЈА НА КОНЦЕСИОНЕРИ НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ

четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

Здружение на земјоделството и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Македонија

Со донесувањето на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост („Сл. весник на РМ“ бр. 87/2013), се воспостави правна рамка за спроведување постапки за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост. Со цел допрецизирање на одредени одредби (начинот на исплата и правото на учество во јавното наддавање), истиот беше два пати менуван и дополнуван преку донесувањето на: 1. Законот за изменување и дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост („Сл. весник на РМ“ број 106 од 29.07.2013 година) и 2. Законот за изменување и дополнување на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, по скратена постапка („Службен весник на РМ“ бр.137, од 7 октомври 2013 година). Исто така, донесени се и објавени во „Службен весник на РМ“ бр.130, од 23 септември 2013 година и следните подзаконски акти: • Уредбата за содржината на Годишната програма за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост; • Методологијата за процена на вредноста на земјоделското земјиште во државна сопственост и насади; • Методологијата за утврдување на максимална и кумулативна површина на земјоделско земјиште во државна сопственост што е предмет на продажба. На седницата на Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија при Стопанската комора на Македонија, одржана на 22.11.2013 година, членките- правни лица концесионери на земјоделското земјиште во државна сопственост, детално беа запознати со одредбите од горенаведените правни акти. Со оглед на тоа што по обемната дискусија од присутните беа изнесени неколку дилеми и клучни прашања во врска со имплементацијата на истите во пракса, Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија заклучи дека за нивно разјаснување, односно разрешување неопходни се активности во рамките на јавно-приватниот дијалог со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. За таа цел, Здружението донесе Одлука за формирање на Асоцијација


четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

БИЗНИС ИНФО

11 11

ПОСЕТИ на концесионери на земјоделско земјиште во државна сопственост. Денес, согласно наведената Одлука, од членките при Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија при Стопанската комора на Македонија, се конституира Асоцијацијата на концесионери на земјоделско земјиште во државна сопственост, за чиј претседател е избран господин Јани Ќука, координатор во Винарницата „Сковин“. Основни цели и задачи на Асоцијацијата се: • да се разгледуваат прашања во врска со унапредувањето на работењето и да се решаваат тековните проблеми поврзани со концесијата на земјоделското земјиште во државна сопственост; • да се усогласуваат појавените спротивности и различни интереси во рамките на својата дејност; • да се покренуваат иницијативи за донесување и да се разгледуваат предлози на закони и други прописи, да се даваат мислења и предлози по прашања од заеднички интерес поврзани со концесијата на земјоделското земјиште во државна сопственост. Што се однесува до отворените прашања во врска со одредбите за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост над 50 ха, се заклучи сите членки на Асоцијацијата да достават свои предлози до стручната служба на Комората, а по нивното систематизирање, ќе се закаже наредната седница на денес формираната Асоцијација. Стојмирка Тасевска

Постојан избран суд - Арбитража Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија e постојана арбитражна институција основана согласно со Законот за стопанските комори и Статутот на Стопанската комора на Македонија. Арбитражата при Стопанската комора на Македонија е надлежна за решавање спорови за права со кои странките можат слободно да располагаат и за кои со закон не е пропишана исклучива надлежност на судовите на Република Македонија, доколку странките ја договорат нејзината надлежност. Контакт: М-р Татјана Штерјова; тел: +389 (02) 32 44 065; e-mail: tatjana@mchamber.mk


12

БИЗНИС ИНФО

УСОГЛАСУВАЊА

ПРИОРИТЕТ РЕШАВАЊЕ НА ДОЛЖНИЧКОДОВЕРИТЕЛСКИТЕ ОДНОСИ

четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

Здружението на металната и електроиндустријата расправаше за Предлогзаконот за финансиска дисциплина

На седницата на Здружението на металната и електроиндустријата одржана, на 28.11.2013 година во Стопанската комора на Македонија, се расправаше по Пред лог-законот за финансиска дисциплина. Пред присутните членови на Управниот одбор на Здружението, образложение по Предлог-законот даде Стојмирка Тасевска, виш советник на Управниот одбор на Стопанска комора на Македонија, при што истакна дека при носење на овој закон дадени се сугестии од страна на Комората кои беа прифатени и се дел од новиот закон. Тасевска истакна дека состојбата на должничко-доверителските односи во македонското стопанство укажува дека неплаќањето, односно ненавременото плаќање на обврските меѓу стопанските субјекти, како и меѓу субјектите приватниот и јавниот сектор, се вбројуваат во главните проблеми со кои се соочува македонскиот бизнис-сектор и донесувањето на ваков закон се наметнува како приоритет за решавање на проблемите од ваков вид. Во Предлог-законот се прифатени предлози на Комората, како што се „задоцнето плаќање e неисполнување на парична обврска во роковите утврдени со овој закон“; „во деловна трансакција меѓу економските оператори од приватниот сектор не може да се предвиди рок за исполнување на паричните обврски“. Дел од предлозите се прифатени со допрецизирање, некои се делумно прифатени, а дел не се прифатени. Во дискусијата во која учествуваа поголем дел од присутните се поддржа носењето на ваков закон, со кој би се ставил ред во должничко- доверителските односи и се очекуваат позитивни ефекти, но се потенцира на: потребата од поголема соработка и овозможување од Централниот регистар и деловните банки да се издаваат бонитети за моменталната состојба на стопанските субјекти дали се вклучени во системот на платен промет, значењето на компензациите, како еден вид на подмирување на обврските и сл. По расправата беше заклучено Законот за финансиска дисциплина и Законот за задолжница да се гледаат како една целина, а задолжително да биде и издавањето на задолжницата во должничкодовирителските односи од кои настануваат обврски на износ поголем од 600.000 денари и повеќе. Војкан Николовски


четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

БИЗНИС ИНФО

Пред Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп беа презентирани Предлогзаконот за финансиска дисциплина и Законот за задолжница

13

УСОГЛАСУВАЊА

ФИНАНСИСКАТА ДИСЦИПЛИНА ВО ПРЕДЕН ПЛАН

На 29.11.2013 година се одржа седница на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп. На седницата претседателот Симон Наумоски имаше воведно излагањe, посебно осврнувајќи се на актуелните состојби во стопанството од регионот, при што побара од присутните да ги изнесат проблемите за тековната 2013 година и предлозите за наредната 2014 година. Од страна на присутните членови на Управниот одбор посебно беа истакнати проблемите со царинското работење на царинските испостави кои во саботите не работат, неусогласеност на работното време на фитоинспекторите со службите што ги одобруваат апликациите за царинење и долгите рокови за царинење на опрема. Како главен проблем се наметнува и образованието на стручни кадри без практично искуство, како во високото, така и во средното образование и недостаток на кадри од средните стручни училишта. На седницата, Стојмирка Тасевска, директор на Дирекцијата за застапување на интересите на членките во Стопанската комора на Македонија, опширно ги презентираше Предлог-законот за финансиска дисциплина и Законот за задолжницата, со забелешките и предлозите од страна на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, испратени до Министерството за финансии на Република Македонија. Беше донесен Заклучок до наредната седница на Управниот одбор да се достават во писмена форма забелешките и предлози по овие предложени закони. Членовите на Управниот одбор едногласно одлучија за потпретседател на Регионалната комора со седиште во Прилеп да биде избрана Ирена Јакимовска, генерален менаџер и косопственик на конфекцијата „Комфи Ангел“ од Прилеп. За член на Надзорниот одбор на Стопанска комора на Македонија беше предложена Јасна Ажиевска Петрушева, административен директор на „Мермерен комбинат“ АД Прилеп. Ристо Најдоски


14

БИЗНИС ИНФО

четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

МОЖНОСТИ

ПРОМОЦИЈА НА МРЕЖА ЗА ИНКЛУЗИВЕН РАЗВОЈ И ЗАЕДНИЧКА АДМИНИСТРАЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Ден на партнерства на Вардарскиот регион

Мрежа за инклузивен развој и заедничка администрација за енергетска ефикасност на општините од Вардарскиот плански регион, беа промовирани со поддршка на УНДП. Целта е преку заедничка соработка на локалните власти од регионот, бизнис-секторот и невладиниот с е к т о р да се создадат подобри услови во Вардарскиот плански регион за економски развој кој ќе значи подобри можности за вработување, привлекување инвеститори, подобрување на социјалните стандарди и подобра заштита на животната средина. Во рамките на Мрежата за инклузивен развој, претставниците од локалната влада, приватниот сектор и невладините организации заедно ќе работат за да ги надминат социо-економските предизвици во регионот. Во мрежата за инклузивен развој на Вардарскиот плански регион активно се вклучени регионалните комори од Велес и Кавадарци. Согласно Законот за рамномерен регионален развој планските региони, меѓу кои и Вардарскиот, претставуваат основна единица за планирање на развојот во Стратегијата за регионален развој и за реализацијата на мерките и инструментите за поттикнување на развојот на единиците на локалната самоуправа, односно на планските региони. Потребата од планирање на регионалниот развој во Република Македонија првенствено е наметната од големите диспаритети меѓу центарот (Скопје) и другите делови од земјата, диспаритетите меѓу регионите, како и од значењето на планирањето и реализацијата на регионалниот развој, како предуслов за намалување на истите што би овозможило севкупен побрз економски развој на земјата и побрзо задоволување на економските критериуми за влез во ЕУ. При тоа, соработката на бизнис -заедницата со ЕЛС, е императив за суштинска, покрај законски пропишаната, реализација на економскиот регионален развој. Во тој контекст, активностите на регионалните комори при Стопанската комора на Македонија, приоритетно се насочуваат кон градењето на регионалните капацитети преку воспоставување партнерства меѓу релевантните актери за динамизирање на економскиот развој и имплементација на политиката за регионалниот развој, остварување на предвидените цели и приоритети заедно со носителите на единиците на локалната самоуправа, како во Вардарскиот, така и во секој од воспоставените плански региони. За функционирање на Мрежата за инклузивен развој, Општината Велес веќе обезбедила канцелариски простор кој ќе служи како седиште на мрежата. Со помош на УНДП набавени се компјутери, опрема за просториите, а планирани се и средства за уредување на внатрешноста на просториите. Мрежата веќе има подготвено и програма за работа за следните две години (2014-2016) со поддршка на УНДП. Во рамки на проектот, во Неготино се отвори и канцеларија за енергетска ефикасност, преку која треба да се олесни меѓуопштинската соработка во оваа област. Заедничка е оценката дека преку инвестирање во енергетска ефикасност во регионот, ќе се обезбеди поголем економски раст и развој и воедно ќе им се помогне на општините да направат значителни буџетски заштеди. Општината Неготино обезбеди деловен простор за канцеларијата за регионалниот информативен центар за енергетска ефикасност во кој компаниите од локалниот приватен сектор ќе имаат можност за своја промоција. Даниела Михајловска Василевска


четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

БИЗНИС ИНФО

15

Скенирај и дознај повеќе

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


16

БИЗНИС ИНФО

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

ПРИЗНАНИЕ СТЕКНАТО ЗАЕДНО СО КЛИЕНТИТЕ

четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

НЛБ Тутунска банка на свечен начин го прослави прогласувањето за Банка на годината во Македонија за 2013 година

НЛБ Тутунска банка во преполнетиот скопски хотел „Александар Палас“ на 3.12.2013 година на свечен начин го прослави прогласувањето за најдобра банка во Македонија за оваа година. -Наградата ја доделува угледниот финансиски магазин “Тhe Banker“ и неа ја добивме заедно со своите клиенти. Затоа и ни е драго што денес се собравте во толкав број за заеднички да ја прославиме наградата. Навистина е големо признание за НЛБ Тутунска банка шест пати да биде најдобра банка во земјава, – истакна Ѓорѓи Јанчевски. Пред присутните претставници од бизнисот, институците, здруженијата, деловните клиенти на банката, во оваа прилика предавање на тема: „Семејни бизниси – како понатаму“ одржа професор д-р Јака Вадњал, декан на GEA College – Факултет за претприемништво во Љубљана, Република Словенија. -Само третина од семејните бизниси во светот ја преживуваат првата генерација. Дури две третини се гаснат, а за тоа постојат социолошки и психолошки причини. Најчесто во прашање е ненавремен договор меѓу членовите на семејството по прашањето: Kако понатаму? Факт е дека денес има успешни семејни бизниси, дури и „Фолсваген“ е семејна фирма, но од клучно значење е навременото пренесување на „власта“ во семејната компанија и сопственоста, – истакна д-р Јака Вадњал. НЛБ Тутунска банка во 2012 година оствари добивка од 8,1 милиони евра или 10 отсто поврат на капиталот. Банката покажа исклучително висока стабилност во услови на зголемени ризици во банкарскиот сектор, што се должи на долгогодишната стратегија на реален раст на Банката, современите системи за управување со ризиците и професионалната услуга која овозможува креирање долгорочна деловна соработка со клиентите. Во 2013 година, НЛБ Тутунска банка започна нова пазарна иницијатива со која се иницира нов инвестициски циклус кај претпријатијата и населението. Со новата кредитна понуда на Банката ќе бидат опфатени домаќинствата и сите микро, мали и средни претпријатија од сите стопански дејности, за што се започнати и нови инвестиции за проширување на деловната мрежа и за надградба на електронските сервиси, што ќе им овозможи на клиентите брз, евтин и едноставен пристап до услугите на Банката. Саво Пејчиновски


БИЗНИС ИНФО

четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

17

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Алкалоид АД Скопје добитник на првата награда на „Golden Sempler“

„БЕКУТАН РАДОСНИЦА‘‘ ИЗБРАНА ЗА НАЈДОБРА КАМПАЊА НА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ

Во силна конкуренција на повеќе од триесетина финалисти, проектот ‘‘Бекутан Радосница‘‘ на Алкалоид АД Скопје е добитник на наградата Златен Семплер (Golden Sempler) на овогодинешниот медиумски настан Семпл во Порторож, Словенија. Жирито, во интернационален состав, ја прогласи кампањата на Алкалоид ‘‘Бекутан радосница‘‘ за победник во категорија најдобра кампања реализирана на социјалните медиуми. Бекутан дигиталната радосница е современа, електронска верзија на добро познатите детски радосници, создадена со цел да се зачува традицијата на креирањето ‘‘ книга на спомени‘‘ независно од трендот на новите технологии. Во оваа Фејсбук Радосница, родителите можат на многу едноставен начин да ги сочуваат сите важни моменти и спомени за своите деца, но и да ги споделат со своите роднини и пријатели кои исто така можат да учествуваат во креирањето на содржината. Веднаш по нејзиното активирање, Фејсбук радосницата предизвика огромен интерес во Македонија, Хрватска, Србија, Словенија… и до денес, креирани се повеќе од 10.000 радосници. Зад креирањето и реализацијата на Бекутан Радосницата стои ангажманот на маркетинг агенцијата Меккен Скопје, а наградата Златен Семпл е прва награда за Македонски проект од овој фестивал. Семпл е интернационален медиумски настан чија цел е да претстави нови трендови и да ги анализира најдобрите практики. Секоја година, настанот собира на едно место стотици учесници од светската маркетинг и медиумска индустрија. Семпл е познат по квалитетот на својата програма, квалитетот на проектите и можностите за поврзување. (Маркетинг 365)


18

БИЗНИС ИНФО

четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ОРГАНСКИ ПРОИЗВОДИ НА ГЕРМАНСКИОТ ПАЗАР

ПроКредит Банка промовираше 11 македонски компании на саемот во Есен

ПроКредит Банка, чие седиште е во Франкфурт, ги промовираше македонските органски производи на саемот за органски производи, кој се одржа на 29 ноември во Есен, СР Германија. На него присуствуваа преку 170 учесници. Целта на учеството на саемот беше поддршка и промоција на македонскиот агро бизнис сегмент, создавајќи можности за раст и меѓународна соработка со СР Германија. ПроКредит Банка презентираше 11 компании од Македонија од неколку сегменти: преработка на органско овошје и зеленчук, органски тестенини, сточарство,трговија со месо, трговија со овошје, зеленчук, печурки и други диви производи, кои поседуваат сертификати за органско производство и трговија со органски производи. Преку промовирање на органските производи од различните региони каде е присутна ПроКредит Банка, се развиваат можностите за трговска размена и извоз, како и за размена на технологии. (ПроКредит Банка)


БИЗНИС ИНФО


БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

БИЗНИС ИНФО

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

   

  

  

rɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤʖʗʝʠʖʠʒʥʜʑʤʑʣʗʠʖʓʚʓʑʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠʠʡʢʗʞʗʟʚʡʢʠʣʤʠʢʚʚʓʠʢʑʞʜʚʤʗʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑʜʠʞʠʢʑʟʑɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ rɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑʟʑʣʤʑʓʑʣʗʠʖʓʚʓʑʓʠʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚʜʠʞʡʑʟʚʚʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤʠʖʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑʣʤʢʥʜʑ rɴʗʢʤʚʦʚʜʑʤʡʢʚʙʟʑʤʠʖɯʚʟʚʣʤʗʢʣʤʓʠʤʠ ʙʑʠʒʢʑʙʠʓʑʟʚʗʚʟʑʥʜʑʟʑɳʗʡʥʒʝʚʜʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑʚɢʔʗʟʨʚʹʑʤʑʙʑʓʢʑʒʠʤʥʓʑʻʗʟʑ ɳʗʡʥʒʝʚʜʑɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ rɱʒʥʜʑʤʑʤʢʑʗʠʜʠʝʥʤʢʚʞʗʣʗʨʚ ʠʖʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠʡʗʤʠʜ rɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑʚʡʢʑʜʣʑʤʑʣʗʠʖʓʚʓʑʑʤʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢʣʠʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ rɳʑʒʠʤʑʓʠʔʢʥʡʚʠʖʖʠʞʑʜʣʚʞʥʞʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑʡʠʓʗʽʗʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɣʠʢʚʣɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ  ɯʠʒ  CPSJT!NDIBNCFSNL

ɴʚʞʠʟʑɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ  TJNPOB!NDIBNCFSNL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑʜʠʞʠʢʑʟʑɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝtɧʚʞʚʤʢʚʗɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ   ʦʑʜʣ  

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Гипсер – монтер Фасадер Аргон Заварувач


четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

БИЗНИС ИНФО

21

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

“ОБВРСКИТЕ НА КОМУНАЛНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ОПШТИНИТЕ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ПОСЕБНИТЕ ТЕКОВИ НА ОТПАД (отпад од пакување, батерии и акумулатори и отпад од електрична и електронска опрема)” 6 декември 2013 год. 10:00-14:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат Општините а преку нив и комуналните претпријатија имаа низа обврски согласно законодавството за животна средина. Еден многу важен сегмент е управувањето со отпадот. Покрај општите обврските за постапување со отпад пропишани во Законот за управување со отпадот (пречистен текст) („Сл. Весник на РМ“ бр. 9/11), општините и комуналните претпријатија имаат обврски и во постапувањето со посебните текови на отпад пропишани во посебните закони како што се: Законот за пакување и отпад од пакување („Сл. Весник на РМ“ бр. 161/09, 17/11, 47/11, 136/11, 6/12, 39/12), Законот за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори („Сл. Весник на РМ“ бр. 140/10, 47/11, 148/11, 39/12) и Законот за електрична и електронска опрема и отпад од електрична и електронска опрема („Сл. Весник на РМ“ бр. 6/12) . Што опфаќа обуката? Обуката ќе се реализира во времетраење од 4 часа и во истата ќе бидат опфатени сите обврски кои ги имаат општините и комуналните претпријатија за имплементација на законската рамка од областа на постапување со посебните текови на отпадот, проблеми со кои ќе се соочат при нивно имплементирање и насоки/препораки за полесно спроведување. Кој ја спроведува обуката? Обучувачи на семинарот ќе бидат докажани домашни експерти во областа на животната средина и особено во одржливото управување со отпад.

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

22

четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ На 10 декември 2013 година во Стопанската комора на Македонија

„ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА СОЛУН – ГРАД НА БИЗНИС, ТУРИЗАМ, ТРАНСПОРТ, ОБРАЗОВАНИЕ И ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА НА МЛАДИТЕ ВО 2014” На иницијатива на Градот Солун, а во соработка со Канцеларијата за врски на Република Грција и Стопанската комора на Македонија, на 10.12.2013 година пред македонската бизнис-заедница ќе бидат презентирани областите кои Градот Солун ги има дефинирано како можност за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји. На овој настан ќе се даде акцент на: трговијата, туризмот, транспортот и образованието и тоа преку презентирање на: •

• • • •

Солун како туристичка дестинација – Оддел за туризам при градот Солун; Солун – Европска престолнина на младите во 2014 – Организациски одбор на градот Солун; Саемски календар за 2014 на Солунскиот Саем – презентација на HELLEXPO ; Солунско пристаниште – презентација на нови услуги; Меѓународен универзитет во Солун - отворен универзитет.

По презентациите ќе бидат организирани билатерални средби со хотелите, туристичките агенции, Солунското пристаниште, Саемот и Меѓународниот солунски универзитет. Презентацијата на Градот Солун и билатералните средби ќе се одржат на 10 декември 2013 година (вторник), на 5-ти кат во Стопанската комора на Македонија. Ве молиме, Вашиот интерес за присуство на презентациите и воспоставување на директни деловни контакти да не` информирате најдоцна до 6.12.2013 година. Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: ++ 389 2 3244034 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: biljana@mchamber.mk

Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

БИЗНИС ИНФО

23

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

“АКТУЕЛНИ НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ” -Запознавање со последните новини во системот на јавни набавки и насоки за нивна правилна примена(Сл. Весник бр.148 од 29.10.2013 година) 11 декември 2013 година 10.00- 16.00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 4, на Vти кат На семинарот ќе се разгледуваат актуелни теми за јавните набавки: • Начинот на настап на група понудувачи? • Новите исклучоци од примена на законот и поврзани договорни органи? • Задолжително објавување на проценетата вредност и тендерската документација • Задолжително доставување на изјава за независна понуда • Начин на поднесување на конечна цена • Согласности кои ќе треба да се обезбедат пред одпочнување на постапката • Новини кај техничкиот дијалог и негативните референци • Правила при набака на софтверски решенија и лекови • Кои се вашите права во постапката • Новини во жалбената постапка • Други прашања од интерес за учесниците! ПРОГРАМА: • • • • • • •

Последни новини во системот на јавни набавки Поднесување на конечна цена Насоки за подготовка на понудите Новини кај технички дијалог и негативни референци Достапност на податоци и информации преку ЕСЈН Електронски систем за јавни набавки и е-аукции Жалбена постапка

Семинарот е наменет за сите деловни субјекти (економски оператори) кои учествуваат во постапките за јавни набавки, а особено за: - лицата кои ги подготвуваат понудите и поднесуваат понудите во хартија, по електронски пат и учествуваат на е-аукции, - менаџментот кој одлучува за содржината на понудите и вашите права во постапкатасите деловни субјекти (економски оператори) кои учествуваат во постапките за јавни набавки, а особено за:

Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

Обучувачи: Обучувачите се експерти од Бирото за јавни набавки. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - книгата „Примена на Законот за јавни набавки во пракса“, второ издание; - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Книгата „Примена на Законот за јавни набавки во пракса“, второ издание, ќе ви даде одговор на многу прашања и дилеми: - како и каде се објавуваат тендерите; - како полесно да ја подготвите вашата понуда; - кои документи се потребни за учество во постапката; - што е технички дијалог и како се спроведува; - негативна референца и основи за нејзино издавање; - како правилно се поднесува понудата; - како да се учествува на е-аукција; - кои се вашите права во постапката; - како и каде да ги заштитите овие права; - како да се решат одредени проблеми во пракса? Пријавување до 6 декември 2013 година.

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

„ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ НА МЕЃУНАРОДНИ ПАЗАРИ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ГЕРМАНИЈА”

Согласно усвоената Програма на заедничкиот партнерски проект ЦЕФТА-ДИХК, Стопанската комора на Македонија организира семинар на тема: „Продажба и маркетинг на меѓународни пазари, со посебен осврт на Германија”, што ќе се одржи на 12 декември 2013 година (четврток), со почеток во 9:00 часот во Стопанската комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат. Во насока на имплементација на стратегијата на Стопанската комора на Македонија за поттикнување на извозот, инвестициите и инфраструктурата, целта за организирање на ваков вид на семинар е подготовка на компаниите како подобро да ги унапредат своите извозни активности на меѓународните пазари. Ова постигнување е можно преку користење на соодветни маркетинг алатки, разработка на договори и избор на дистрибутивни канали, а во функција на зголемување на конкурентноста, остварување поголем профит и унапредување на деловните активности. Предавањето ќе се реализира од страна на германскиот експерт, господин Хато Бренер, основач на консултантска компанија AWI International Services GmbH, која дава услуги на мали и средни претпријатија во 45 земји во светот. Во рамки на своето долго годишно искуство и работа со менаџери кои имаат потреба да ги зацврснат своите позиции на странските пазари, г-динот Бренер има напишано повеќе дела од областа на стратегиски извоз. Сите учесници кои навреме ќе го пријават своето учество ќе добијат и соодветен работен материјал. Семинарот ќе се одвива на германски јазик, но за цело времетраење на истиот обезбеден е превод на македонски јазик. Пријавување до 6.12.2013 година.

Билјана Пеева-Ѓуриќ Тел: ++ 389 2 3244034 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: biljana@mchamber.mk

Влатко Стојановски Тел: ++ 389 2 3244004 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: vlatko@mchamber.mk


четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

БИЗНИС ИНФО

25

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Обука

„ОСНОВНИ ЧЕКОРИ ЗА ПРЕМИН ОД КАДРОВСКА ДО СТРАТЕГИСКА ФУНКЦИЈА ВО HR“ 13.12.2013 година (петок) 09:00 – 13:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5 кат Оваа еднодневна обука ќе им помогне на учесниците да се запознаат со: - Што е она што ја прави HR стратегиска функција и кои се прашања треба да ги знаат HR професионалците а се однесуваат на работниот контекс? - Фактори на успех на стратегискиот HR: екстерни и интерни; - Студија на случај: од кадровска до стратегиска функција HR; - Наместо заклучок: што се случува во пракса? Предавач: Драгана Томиќ Пилиповиќ Моментално основач и претседател на Центар за друштвено одговорно претприемништво (ЦДОП) Белград а во текот на својата кариера работела на следните позиции: Работен јазик на обуката: српски јазик Учесниците на обуката добиваат: - работен материјал; - сертификат за присуство на семинарот - освежување Пријавување до 10.12.2013 година. Симона Ристоска Тел: ++ 389 2 3244067 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: simona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

26

четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

“ЗАКОН ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА, ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ДОБИВКА -НОВ ПРАВИЛНИК ЗА НОРМИРАНИ ИЗНОСИ НА КАЛО, РАСТУР, КРШ И РАСИПУВАЊЕ” - Анализа на Правилникот за утврдување на за дозоволената висина на кало, растур, крш и расипување, над нормираните износи - Концепт на оданочување на непризнаени расходи и помалку искажани приходи - Стандардни трошоци - Утврдување стандарди за производствените трошоци 13 декември 2013 година 10:00-16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Предавачи: - Нада Маневска, советник на министерот за финансии, Министерство за Финансии - Доц. д-р Александар Костадиновски, дипломира и магистрира на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, на департманот Сметководство и ревизија. Докторската дисертација ја одбранува 2009 година исто така на Економскиот факултет во Скопје. - Лиценциран вештак; - професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип; - овластен проценител на капиталот на трговски друштва. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество. Пријавување до 11 декември 2013 година. Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Советување

„СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЕКТИ И ИНВЕСТИЦИИ” -Проценка на ризиците на инвестициите во тек и носење одлука дали да се инвестира19 - 21 декември 2013 година (четврток-сабота) Хотел „Park” Белград /www.hotelparkbeograd.rs Стопанската комора на Македонија го организира семинарот во соработка со Академијата за банкарство и финансии, едукација и консалтинг од Белград. Програма: Модул 1 – Инвестирање и одлучување 1.1. Општ поим 1.2. Инвестициите спрема начинот на вложување, финансирање и времето 1.3. Инвестициски порект и донесување на инвестициска одлука 1.4. Планирање и предвидување како битна компонента при донесувањето на одлука дали да се инвестира 1.5. Техника за проценка на адекватноста на инвестициите и ризиците кој го пратат инвестициониот проект 1.6. Инвестициски проект од општествено значење 1.7. Вежба/дискусија Модул 2 – Стратешки поглед на проектите 2.1. Дефинирање и намена на проектот 2.2. Животен циклус на проектот 2.3. Согледување на процесот за управување со проектите и современото окружување 2.4. Согледување на ефектот од примената на проектот 2.5. Индивидуална вежба/дискусија Модул 3 – Техниките и методите во планирањето и анализа на инвестиционите проекти 3.1. Логичка рамка на матрицата 3.2. Делфи Метод 3.3. Групно одлучување 3.4. Сценарио планирање 3.5. Следење на имплементација на проектот- Balanced Scorecard пристап 3.6. Метод на симулација 3.7. Преглед на квантитативни техники и показатели и статистичка анализа Модул 4 – Оценка на ризикот 4.1. Извори за настанување на ризикот и можните директни и индиректни последици од ризикот Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk

4.2. Значењето и оценка на потенцијалните ризици во склад со веројатноста за нивна појава и потенцијалните последици т.е трошоци 4.3. Откривање на финансиските, интерни и екстерни ризици – “радар” за оцена и управување со ризикот 4.4. Контрола и ефикасно управување со ризикот 4.5. Групна вежба Модул 5 – Организациони и управувачки аспекти 5.1. Интегративна улога на извршните менаџери 5.2. Стратешки приоритети и конзистентност во проектните активности 5.3. Организациона спремност Предавач: Марија Џуниќ, дипломирала и магистрирала на БК Универзитетот- Факултет за менаџемент во Белград, а од 2008 година се стекнува со звање доктор на науки од областа на менаџментот. * Рок за пријавување: 11 декември 2013 година. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk


28

БИЗНИС ИНФО

четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

www.mchamber.mk Компанија од Грција заинтересирана е за соработка со собирачи на полжави во Република Македонија. Валидност дo: 14.02.2014 година Компанија од Бугарија бара да соработува со градежни компании од Република Македонија кои градат покриви и покривни конструкции, произведувачи на прозорски рамки, како и трговски компании во областа на градежни материјали. Валидност дo: 14.02.2014 година Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на заштитна облека. Валидност дo: 14.02.2014 година

Компанија од Хрватска бара соработка со производители на производи од кожа во Република Македонијаои кои би произведувале кожна галантерија за нив под брендот „Галко“ машки и женски деловни чанти и останата кожна галантерија. Валидност дo: 15.02.2014 година Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на суво грозје. Валидност дo: 15.02.2014 година

Компанија од Грција бара застапник за продажба на постелнина, постелнина за деца и пешкири во Република Македонија. Валидност дo: 15.02.2014 година Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на хартија за печатење. Валидност дo: 15.02.2014 година

Компанија од Естонија бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на мебел изработен од дрво Компанија од Литванија бара наменет за градини. Валидност дo: дистрибутер во Република 18.02.2014 година Македонија за пласман на фармацевски, хомеопатски Компанија од Хрватска бара лекови и додатоци за храна. дистрибутер во Република Валидност дo: Македонија за пласман на 15.02.2014 година


четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

БИЗНИС ИНФО

29

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА работна облека. Валидност дo: 18.02.2014 година Компанија од Хрватска бара дистрибутери во Република Македонија за пласман на печки на цврсти горива. Валидност дo: 18.02.2014 година Компанија од Хрватска заинтересирана е да пласира машка конфекција во Република Македонија. Валидност дo: 18.02.2014 година Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на душеци за кревети. Валидност дo: 18.02.2014 година Компанија од Романија бара дистрибутер во Република Македонија за плaсман на стилски мебел од дрво.

Валидност дo: 19.02.2014 година Компанија од Литванија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на премикси за сточна храна. Валидност дo: 19.02.2014 година Кинеска компанија заинтересирана е за пласман на опрема за тестирање производи која создава различни атмосферски услови при тестирањето во Република Македонија. Валидност дo: 19.02.2014 година Компанија од Италија заинтересирана е да пласира соларни панели во Република Македонија. Валидност дo: 19.02.2014 година

Компанија од Литванија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на фармацевтски производи. Валидност дo: 19.02.2014 година Компанија од Словачка бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на шеќер. Валидност дo: 20.03.2014 година Компанија од Велика Британија заинтересирана е за соработка во областа на хемиската индустрија за пласман на пластични канти за пакување во Република Македонија. Валидност дo: 20.03.2014 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на медицински препарати за живина и агросектор, лекови за живина, како што се антибиотици, витамини и минерали. Дистрибутери на вакцини за живина (Pfizer Animal Health poultry vaccines). Валидност дo: 20.03.2014 година

Контакт: Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

30

четврток, 05 Декември 2013, Бр. 159

ПОВИК

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ги повикува домашните компании

МОЖНОСТ ЗА ПЛАСМАН НА СТОКА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА PAN AM 2015 ИГРИТЕ Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) соопштува дека преку економскиот промотер во Канада и е доставена информација за одржување на Pan Am 2015 игрите, каде што македонските компании можат да се пријавуваат за набавка на стоки и услиги потребни за самото одржување на игрите во Торонто. Оние производи и услуги за кои ќе бидат потребни поголеми количини ќе се распишат меѓународни тендери за набавки. Сите заинтересирани компании членки кои би сакале да добавуваат свои производи или услуги за организаторите на овој настан можат да најдат подетални информации на следниов линк http://www.toronto2015.org/lang/ en/gallery/news/buying-the-games-goods-and-services.html, или може да се обратат директно до економскиот промотер за Канада, Ирена Ѓоргиевска irena.georgievska@investinmacedonia.com


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk М-р. Александар Кедиоски тел: : (02) 3244052, aleksandar@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОКРОВИТЕЛИ

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


Бизнис ИНФО Бр.159  

Неделник на Стопанска комора на Македонија за унапредување на вашиот бизнис

Advertisement
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you