Issuu on Google+

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА БИЗНИС ИНФО

четврток, 22 ноември 2012, Бр. 116

Број 116 од 22.11.2012

контакт call центар (02) 15015

1

www.mchamber.mk

Стопанската комора на Македонија ги подржува мерките во правец на зголемување на домашното млекопроизводство

СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ ЌЕ ГО СЕКНЕ УВОЗОТ

BSI

TM

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА КОМОРА Osnovana 1922 ISO 9001:2008 FS 549642

НА МАКЕДОНИЈА

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

Founded 1922


БИЗНИС ИНФО

2

ПОДВЛЕЧЕНО „Македонски телеком“ е пионер во поглед на корпоративната општествена одговорност и една од првите деловни компании во Македонија коишто почнаа да прават сериозни чекори во оваа сфера. Покрај филантропскиот модел - донации и инвестиции во проекти од социјално значење, за што сме добро познати во јавноста, нашиот фокус е исто така ставен и на односот со сите страни засегнати од нашето работење - нашите вработени, соработници, добавувачи и корисници. Минатата година, „Македонски телеком“ и „Т-мобиле“ ја добија наградата за најдобар работодавец што не’ прави особено горди, како и националното признание – национална награда за корпоративна општествена одговорност, во сегментот на односи со вработени, како и во сегментот на инвестиции во заедницата. Но, напори во оваа сфера не прави само менаџментот на компанијата, туку и сите вработени кои се вклучени во активности во сферата на корпоративната општествена одговорност преку волонтирање, учество во хуманитарни проекти, лични донации итн. Оттука, како дел од компанијата, јас лично почувствував должност да донирам во земјата којашто ми е втор дом. Донацијата беше искористена за два софистицирани хематолошки уреди што ќе овозможат побрзо и полесно дијагностицирање на болестите, а децата повеќе нема да мораат да поминуваат низ повеќекратни и долготрајни испитувања. Сметам дека денес секоја успешна компанија треба да биде свесна дека корпоративната општествена одговорност, покрај тоа што претставува етичка обврска, треба да биде и дел од планирањето и работењето на компаниите. Корисниците сакаат да купуваат производи од компании на коишто им веруваат, добавувачите преферираат воспоставување деловни партнерства со компании на коишто можат да се потпрат, вработените сакаат да работат за компании коишто ги почитуваат и, на крајот на краиштата, јавноста сака да користи услуги на компанија којашто е поддржувач на филантропијата. Од тој аспект, мојот одговор на вашето прашање е да, корпоративната општествена одговорност им обезбедува придобивки на сите вклучени страни – како на компанијата, која добива имиџ на компанија на која може да и’ се верува, така и на општеството во кое таа компанијата инвестира.

четврток, 22 ноември 2012, Бр. 116

Пет децении на Стопанската комора на Косово

ГОЛЕМ ПРИДОНЕС КОН ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ НА ЗЕМЈАТА

Стопанска комора на Косово го прослави 50-годишното постоење. Основана е 1962 година и веќе е создадена петдецениска историја и традиција. - Сакaме да ги убедиме сите оние кои ја посетуваат нашата земја дека Косово е многу подобро од внатре отколку што изгледа од надвор, - истакна претседателот на Стопанската комолра на Косово, Сафет Гергалиу на прославата, што се одржа во хотелот „Емералд“, неколку километри оддалечен од главниот град на Косово, Приштина (14.11.2012 година). На одбележувањето на значајниот јубилеј присуствуваа бројни владини и претставници од бизнис-заедницата, како и гости од странство. Од првиот човек на Владата на Косово, Хашим Тачи, беше истакнато дека економијата е првиот вистински приоритет од страна на косовските институции. На свечената церемонија се обратија истакнати странски претставници кои директно соработуваат со косовската Комора, меѓу кој беше и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Во своето обраќање, поздравувајќи го јубилејот на Комората, тој ја истакна одличната соработка меѓу коморите на институционално и регионално ниво. - Владата на Република Косово е посветена да направи реформа во бизниссекторот, подобрување на инфраструктурата, како и на преминот од неформална во формална економија. Успехот на ова дело се покажа оваа година и со тоа се подобри положбата на Република Косово во меѓународната заедница, – истакна Тачи на форумот за бизнис. - Владата на Република Косово ќе воспостави олеснителни околности за бизнис и во таа насока го формира и Националниот совет за економски развој на Косово. Владата на Република Косово има преземено различни активности со цел зајакнување на приватниот сектор и создавање на нови работни места. Премиерот на Кососво посочи дека од 2009 година, Владата на Република Косово ja смени даночната политика во корист на бизнис-заедницата, со преполовување на стапката на данокот на доход и намалување на финансиското оптоварување на бизнисот. - Започнавме со реализација на капитални проекти за подобрување на патната инфраструктура, наскоро ќе заврши изградбата на Коридорот 7, кој ќе овозможи поврзување со автопатот Приштина - Пеќ до Орлат, потоа ќе се продолжи со автопатот кон приштинскиот аеродром до Беси. Напролет ќе се продолжи со изградба на автопатот (Даниел Сас, главен извршен директор на „Македонски телеком“ и претседател на Советот Приштина - Скопје, - истакна шефот на Владата. на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија) Ирена Мојсовска

ПОКРОВИТЕЛИ

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Покровители

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПРЕМИУМ покровители

СИЛВЕР Покровители

INDUSTRIES


четврток, 22 ноември 2012, Бр. 116

БИЗНИС ИНФО

СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ ЌЕ ГО СЕКНЕ УВОЗОТ

3

ФОКУСИРАНО На развојот на производството на млеко и млечни производи треба да се посвети посебно внимание

Земјоделско-прехранбениот сектор е еден од клучните сектори на македонската економија или трет значаен сектор по индустријата и услугите со учество од 18% во БДП, од кое учеството на земјоделството изнесува околу 12%, а прехранбената индустрија учествува со 6% во БДП. Производството на храна во секоја земја е од стратешки интерес. Поради тоа организирањето на производителите на храна и застапувањето на нивните интереси во функција на обезбедувањето и унапредувањето на производството на храна е од посебно значење. Околу половина од територијата на земјата припаѓа на земјоделско земјиште, од кои 44% се обработливо земјиште, а 56% се пасишта. Република Македонија располага со значајна суровинска база од примарното земјоделие, што е основа за развој на земјоделско-преработувачкиот сектор. Ова беше истакнато на редовната прес конференција во Стопанската комора на Македонија, која беше на тема: „Субвенциите за млеко во ОТКУП НА МЛЕКО ЗА ПЕРИОД 2005-2011 ГОДИНА функција на квалитетот” (19.11.2012 година). Производството на млеко и млечни производи во Република Македонија има своја традиција, кон што особен Вредност на Вкупно откупено придонес дава разновидноста на географските обележја, што вкупно откупено млеко (кравјо и од своја страна придонесува за разновидност на видовите Година млеко (кравјо и овчо) во илјада и рецептурите на млечните производи. За подобар квалитет овчо) во илјада литри на производите потребно е да се обезбеди производство на денари квалитетно млеко. Ова има особено значење ако се има во 2005 165.899 2.008.218 предвид стремежот на државата за побрзо зачленување во ЕУ 2006 144.910 1.870.901 – каде постојат високи стандарди и регулативи во ланецот на 2007 106.799 2.003.552 млеко-производството и млечните производи. Производството на млеко во Република Македонија 2008 100.602 2.551.479 се карактеризира со голем број мали фарми – традиционални 2009 110.566 1.882.901 фармери (75% од вкупниот број) кои имаат нископродуктивни 1 2010 86.347 1.494.104 – 3 крави со ниско годишно производство на млеко од 2-3 илјади литри по крава. Многу е мал бројот на големи специјализирани 2011 145.821 2.000.000 фарми со повеќе од 20 крави (околу 3% од вкупниот број) со висока продуктивност и годишно производство на млеко околу 5 илјади литри по крава. Само 1% од фармите имаат повеќе од 50 грла и треба да бидат носители на производството на квалитетен генетски материјал за преостанатите фарми (репродуктивни центри). Исто така треба да се истакне дека во сферата на примарното производство и понатаму основен проблем е обезбедувањето на ефтина добиточна храна, посовремени услови на одгледување, подобрување на расниот состав на добитокот, подобрување на микробиолошкиот квалитет на млекото и др.


БИЗНИС ИНФО

4

ФОКУСИРАНО

ВКУПНО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО - во илјади литри Вкупно производство

2007

2008

2009

2010

2011

1. Кравјо млеко

373.706

368.217

342.622

347.103

376.290

2. Овчо млеко

35.473

38.296

32.934

32.157

25.381

28.989

31.556

19.386

15.074

15.565

3. Козјо млеко Вкупно (1+2+3):

438.168 438.069 394.942 394.334 417.236

ИЗВОЗ/УВОЗ НА МЛЕКО И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ ИЗВОЗ

УВОЗ

Година

Количина во тони

Вредност во САД $

Количина во тони

Вредност во САД $

2007

3.524.439

3.845.287

22.649.923

30.599.560

2008

4.390.379

8.712.387

19.415.319

38.630.366

2009

2.203.974

5.253.515

26.441.381

37.985.684

2010

3.274.670

7.387.682

25.132.352

36.853.570

2011

3.727.166

9.904.373

31.472.780

52.515.519

ВКУПНО УВЕЗЕНО МЛЕКО 2010

2011

17.586.236 млеко

32.244.828

14.958.990 сирење

10.079.299

12.215.300

11.344.159

44.760.526

53.668.286

20.283.684 млеко

20.609.652

16.626.358 сирење

13.182.600

7.615 останати

14.029.669

36.917.637

47.821.921

четврток, 22 ноември 2012, Бр. 116

Вкупното произведено млеко во 2011 година (417.236.000 литри) во однос на 2010 година (394.334.000 литри) е зголемено за 5%. По однос на структурата на проиведеното млеко, состојбата е: Произведената количина кравјо млеко во 2011 година е за 8% повеќе во однос на 2010 година, односно 9,3% повеќе во споредба со 2009 година. Намалување на производството во 2011 година има кај овчото млеко за 22% во споредба со 2010 година, а трендот на намалување е и понатаму присутен кај производството на козјо млеко во 2011 година во однос на 2008 година дури за 38,6%. Во 2011 година, вкупната количина на увезено млеко и млечни производи изнесува 31.472 тони, во вкупен износ од 52.5 милиони САД $, додека извезени се вкупно 3.727 тони млеко и млечни производи во вкупна вредност од 9.9 милиони САД $. Ако ги анализираме извезените и увезените количини на млеко и млечни производи по години, се забележува тренд на опаѓање на извозот во 2011 година (3.727тони) во однос на 2008 година (4.390 тони), односно пад за 16%. Додека увезената количина во 2011 година (31.472 тони) е зголемена во однос на 2008 година (19.415 тони) за 61%. Од тука произлегува дека Република Македонија е нето увозник на млеко и млечни производи. Главни земји увозници на млеко и млечни производи се: Словенија, Германија, Хрватска, Србија, Црна Гора, БиХ, Република Чешка, Република Бугарија, Грција, Франција. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во 2007 година ја изготви Националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2007-2013 година, чија основна цел е да придонесе да се зајакне способноста на македонското земјоделство, да биде конкурентно на интегрираните регионални пазари на

Европската Унија и Југоисточна Европа. Развојот и перспективите на млекарството во Република Македонија треба да се градат на глобално ниво, со еден систематски приод кон решавање на состојбите во млекопроизводството. Притоа, спроведувањето на реформите на аграрната политика мора да бидат прилагодени кон моделите на заедничката аграрна политика во ЕУ. Од напред направените кратки анализи оценка е дека на развојот на секторот – млеко и млечни производи, треба да се посвети посебно внимание. Покрај донесувањето на нови законски регулативи, треба да се подигне и нивото на едукација на фармерите, да се истакне потреба од развој на средни и големи фарми (30-50 грла),укинување на социјалната политика према малите фарми, обезбедување на земјиште за развој и самостојно производство на храна – концесии, закуп на пристапно земјиште за фармите, обезбедување на средства за изградба/доизградба на фарми заради зголемување на производни капацитети, барање на поддршка за други претпристапни фондови (IPARD/SAPARD бараат премногу документација – да се следи примерот на Хрватска и државните фондови кои даваат кредит на 10 години со одреден грејс период и поддршка од национална банка заради обезбедување на максимални средства со минимални каматни стапки како и 50% поврат од страна на државата за инвестиции само во средни и големи фарми) и пред се промена на политиката на субвенционирање на покомплексен модел кој ќе ја вклучува обработената површина по грло, минимален број на грла на


БИЗНИС ИНФО

четврток, 22 ноември 2012, Бр. 116

5

ФОКУСИРАНО

фарма заради унапредување на средните-големи фарми, како и субвенции за квалитет на млекото (пример од ЕУ), Дефинирањето и разработка на мерките на финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој за временски период од пет години, претставува повеќегодишно буџетско и стратешко планирање кое за прв пат се воведува во спроведувањето на земјоделската политика во Република Македонија. Во периодот од 2007 до 2012 година беа повторно поставени основите на земјоделска политика во Република Македонија, од донесување на неопходната правна и стратешка рамка, воспоставување на сите институционалните услови за спроведување на политиките на поддршка, се до нивна реална имплементација. Националната програма за развој на земјоделството и рурален развој за следниот период 2013-2017 година, го одразува континуитетот на интересот на македонската држава за развојот на земјоделството и руралните средини, преку понатамошно унапредување на воспоставените политики во насока на зголемување на нивната ефикасност да обезбеди поддршка на земјоделскиот сектор во неговото соочување со предизвиците на отворениот и променлив пазар и да обезбеди одржлив развој на руралните средини. Стопанската комора на Македонија ја поздрави ваквата иницијатива на владата сметајќи дека преку системот за исплата на субвенции по класи на млеко ќе се подигне квалитетот на истото како основен услов за квалитетни производи особено ако се има предвид стремежот на државата за побрзо зачленување во ЕУ каде постојат високи стандарди и регулативи во ланецот на млеко производството и млечните производи. Табела 14. Преглед на мерките на основни директни плаќања 2013-2017 2012 Млеко (кравјо, 3,5 овчо и козјо) ден/л литар предадено во млекара

2013

2014

2015

2016/17

3,5 ден/л воведни принципи на земјоделска и добра земјоделска и хигиенска пракса

според квалитет: 2,5 ден/л 2-ра класа, 3,5 ден/л 1-ва класа, и 4 ден/л екстра класа - имплементација на план за индивидуална надградба на капацитет** - воведни принципи на земјоделска и добра земјоделска и хигиенска пракса

според квалитет: 2,0 ден/л 2-ра класа, 3,5 ден/л 1-ва класа, и 4 ден/л екстра класа - имплементација на план за индивидуална надградба на капацитет - воведни принципи на земјоделска и добра земјоделска и хигиенска пракса

според квалитет: 1,5 ден/л 2-ра класа, 3,0 ден/л 1-ва класа, и 4 ден/л екстра класа - имплементација на план за индивидуална надградба на капацитет - принципи на добра земјоделска и хигиенска пракса


6

МОЖНОСТИ Македонско-руски бизнис-форум со компании од Тамбовската област

БИЗНИС ИНФО

четврток, 22 ноември 2012, Бр. 116

РУСКИТЕ РЕГИОНИ ОТВОРЕНИ ЗА ПОГОЛЕМ МАКЕДОНСКИ ИЗВОЗ

Рускиот пазар претставува огромен потенцијал за македонскиот извоз, но таму конкуренцијата е неверојатна. За да се изборат за место на софистицираниот руски пазар, македонските производи треба да им конкурираат на доминантните светски играчи, пред се` со висок квалитет, но и со големи количини. Затоа стратегијата на Владата на Р. Македонија за фокусирање на соработката со одредени региони претставува правилен потег за постепен влез на македонските компании и нивно етаблирање на рускиот пазар. Ова го изјави Александар Лесин, економски советник во Aмбасадата на Руската Федерација во Скопје. Притоа, на пример, беше потпишана и Спогодба за трговска и индустриска, научнокултурна и образовна соработка помеѓу Република Македонија и Московската област. Двете страни оценија дека потпишаниот документ дава нов квалитет на односите, и ја засилува можноста за интензивирање и конкретизирање на соработката на овие полиња од заеднички интерес. - Република Македонија и Тамбовската област по територија и по население се многу слични. За нас е многу интересно да соработуваме пред се` во винската, конзервната и дел од лесната индустрија. Би сакале на Македонија да и` понудиме шеќер, пченица и сончогледово масло, - изјави Јурјев Владислав Михаилович, ректор на Универзитетот Г.Р. Державин и сопственик на неколку компании, како дел од делагацијата од Тамбовската област. Секако, додаде тој, интересна е соработката и во другите области, но сметам дека во овој момент треба да се задржиме на она за што имаме првичен интерес, а понатаму да ги развиваме другите можности кои ќе произлезат од средбите меѓу бизнисмените од двете земји. Тамбовската област е федерален регион во Русија, се наоѓа околу 460 километри јужно од главниот град, еден од главните центри за нанотехнолошки иновации. Според пописот од 2002 година. Во оваа област живеат 1,2 милиони жители. Административен центар е градот Тамбов. На Македонско-рускиот бизнис-форум со компании од регионот Тамбов (19.11.2012 година), кој го организираа Стопанската комора на Македонија и Македонско-руската стопанска комора, беше нагласено дека е потребен посилен поттик за македонските извозници кон рускиот пазар, особено на тие што се производители на земјоделски производи и на пијалаци, односно овошје, зеленчук, тутун и вино. Љубица Нури, виш советник во Стопанската комора на Македонија, изјави дека за зголемување на економската соработка меѓу Македонија и Русија е потребно потпишување договор за слободна трговија, кој ќе овозможи бесцарински извоз на македонските производи и намалување на високиот дефицит во размената. Во моментов, билатералната трговска соработка функционира преку Генералниот систем на преференцијали со кој царинските стапки за македонскиот извоз се намалени за околу 25%, но овој систем не е продинамичен и не соодветствува со вистинските потреби и генералната структура на македонските извозни производи. Република Македонија и Руската Федерација имаат воспоставено дипломатски односи на 31 јануари 1994 година.


БИЗНИС ИНФО

четврток, 22 ноември 2012, Бр. 116

7

МОЖНОСТИ

Политичките односи меѓу двете земји ги карактеризира позитивен развоен тренд во сите подрачја од заемен интерес. Значителна карактеристика на билатерални��е односи е интензивирањето на размената на посети на високо ниво. До натамошно интензивирање на соработката во економијата, земјоделството, културата, образованието и во други сектори се очекува да доведе и воспоставената Мешовита меѓувладина комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка. За економската соработка потпишана е Спогодба за трговија и економска соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација. За следење на спроведувањето на Спогодбата и унапредување на трговско-економската соработка меѓу двете земји, формирана е Меѓувладина македонскоруска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка. Директорот на Македонско-руската стопанска комора, Дејан Бешлиев, нагласи дека Бизнис-форумот е во рамките на возвратната посета на компании од Тамбовската област, каде што пред неколку месеци се одржа успешна промоција на македонски вина, со помош на Амбасадата на Македонија во Москва. Инаку, вкупната трговска размена на Република Македонија со Руската Федерација во првите 9 месеци од 2012 година, изнесува 250,6 милиони САД долари, со учество од 3,3% во вкупната размена на земјата. Извозот е 22,8 милиони САД долари или учество од 0,8% во вкупниот извоз, а увозот изнесува 227,8 милиони САД долари или учество од 4,9% во вкупниот увоз. Евидентиран е трговски дефицит во износ од 205 милиони САД долари. Големиот пад во вкупната размена се должи на намалувањето на увозот на нафтените масла од речиси 295 милиони САД долари или пад од 71% на увозот на овој производ, во однос на истиот период од претходната година. Русија е 10-ти најголем трговски партнер на Р. Македонија во овој период од годината.

ДОСИЕ Надворешно-трговска размена меѓу Република Македонија и Руската Федерација Вкупната трговска размена на Република Македонија со Руската Федерација во првите 9 месеци од 2012 година, изнесува 250,6 милиони САД долари, со учество од 3,3% во вкупната размена на земјата. Извозот е 22,8 милиони САД долари или учество од 0,8% во вкупниот извоз, а увозот изнесува 227,8 милиони САД долари или учество од 4,9% во вкупниот увоз. Евидентиран е трговски дефицит во износ од 205 милиони САД долари. Русија е 10-ти најголем трговски партнер на Р. Македонија во овој период од годината. Обем на трговската размена на Република Македонија со Руската Федерација во периодот јануари – септември 2012 година Извоз

Увоз

Вкупно

Биланс

Количина во кг

Сума во САД $

Количина во кг

Сума во САД $

Сума во САД $

Сума во САД $

19.818.386,00

22.786.031,00

301.049.544,00

227.815.223,00

250.601.254,00

-205.029.192,00

Компаративен приказ на трговската соработка меѓу Република Македонија и Руската Федерација во период јануари – септември 2012/ јануари – септември 2011 година Вкупна размена

Извоз

Во 000 САД $

Увоз

2011

2012

Индекс

2011

2012

Индекс

2011

2012

Индекс

550.946

250.601

45,6

30.729

22.786

74,3

520.217

227.815

43,8

Големиот пад во вкупната размена се должи на намалувањето на увозот на нафтените масла од речиси 295 милиони САД долари или пад од 71% на увозот на овој производ. Трговска соработка меѓу Република Македонија и Руската Федерација во 2011 година Вкупната трговска размена на Република Македонија со Руската Федерација во 2011 година изнесува 723,3 милиони САД долари, што претставува раст од 24,9% во однос на претходната година. Извозот е 39,6 милиони САД долари и е намален за 14,6%, а увозот од 683,6 милиони САД долари бележи раст 24%. Остварен е негативен трговски биланс од 644 милиони САД долари. Русија е 5-ти најголем трговски партнер на РМакедонија во 2011 година.


БИЗНИС ИНФО

8

МОЖНОСТИ

четврток, 22 ноември 2012, Бр. 116

Трговска соработка меѓу РМакедонија и Руската Федерација во 2011 година Извоз

Увоз

Вкупно

Количина во кг

Сума во САД $

Количина во кг

Сума во САД $

Количина во кг

Сума во САД $

37.408.864,00

39.642.258,00

828.583.424,00

683.656.584,00

865.992.288,00

723.298.842,00

Во поглед на застапеноста на производите во размената, во 2011 година, во структурата на извозот најмногу се застапени: • прехранбени производи (вклучително зеленчук и овошје) – 22,3 милиони САД $; • лекови за малопродажба – 12,6 милиони САД $; • феросилициум - 4,2 милиони САД $; • прибор за каросерии – 2,7 милиони САД $.

Во увозното салдо најголемо учество имаат: • нафтени масла – 560,6 милиони САД $; • природен гас - 62,2 милиони САД $; • производи од железо и челик- 20 милиони САД $; • делови за турбини – 8,4 милиони САД $; • воена муниција – 3,2 милиони САД $.

Трговска размена меѓу Македонија и Русија

Во мил. САД $

2001

2002

2003

2004

2005

2006

2007

2008

2009

2010

Извоз

13.94

14.43

13.74

19.67

21.42

25.02

23,57

32,7

22,5

26,7

Увоз

139.71

125.37

178.97

271.01

424.5

567.5

643,27

939

495,0

552,5

Вкупно

153.65

139.8

192.71

290.68

445.9

592.5

666,84

963,5

517,5

579,3

Суфицит/Дефицит

-125.77

-110.9

-165.23

-251.34

-403.0

-542.5

-619,7

-906,3

- 472,5

-525,8

Глобализацијата на меѓународните економски процеси значајно влијае врз зајакнување на соработката на националните економии. РФ и РМ исто така се вовлечени во овој процес. Тие се дел од сложениот механизам на развојот на светската економија и играат своја одредена улога. Оттука, произлегува неопходност од севкупен развој и зајакнување на двостраните македонско-руски деловни односи: да не бидат под влијане на политичките интереси на страните и да добијат статус на сервис на интересите на народите на двете држави. Одличната геостратегиска положба на Македонија, ниските даноци и оперативни трошоци, добрата инфраструктура, квалификувана работна сила, демократското општество и проактивната улога на владиниот и невладиниот сектор во развојот на националната економија се` уште се непознати за потенцијалните странски инвеститори од Руската Федерација. Новиот момент, создавање на зона на слободна трговија во регионот (ЦЕФТА), како и овозможување примена на дијаголна кумулација на потекло за индустриските стоки од Р. Турција во извозните македонски производи кон пазарите на ЕУ, отвораат нови можности за странските инвестиции. ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ НА РУСИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО МИЛ. ЕВРА ЗЕМЈА

2011 Во мил. евра

Русија

5,19

2010

2009

2008

2007

Вкупно вложувања во мил. САД$ 5,62

-0,76

1,3

2006

2005

2004

Вкупно вложувања во евра 1.5

1,3

1,3

1,4

ТОТАЛ РМ 303,5 295,77 241,01 2.968,7 2.545,2 2.098,6 1.798,6 1.610,2 Приказ на директни инвестиции од Русија во Македонија * Извор: Народна банка на РМ (Вложувања евидентирани според податоците од платен промет на деловните банки и царински декларации) Простор за инвестиции во Македонија постои, инвестиционата клима е позитивна, и со поголема, стратегиска и агресивна промоција на потенцијалите и погодностите за влез на странски инвестиции лесно ќе се привлечат и побрзо ќе се одлучат руските стопанственици да инвестираат во Македонија и да отпочнат со водење бизнис. ОАД „Лукоил“ реализира инвестиционен проект за изградба во РМ синџир на бензиски пумпи, нафтен терминал и придружни објекти. За оваа цел во Македонија веќе се работи ДОО „Лукоил Македонија“ да биде полноправен учесник во продажбата на нафтени деривати на големо и мало на македонскиот пазар. Компанијата досега изгради само 8 пумпни станици од планираните 40 современи пумпи.


четврток, 22 ноември 2012, Бр. 116

РУСКА ФЕДЕРАЦИЈА Географски показатели Површина: Вкупна: 17,098,242 км² Копнена површина 16.377,742 км2 Вода: 720,500 км 2 Главен град: Москва Граници: Aзербејџан 284 км, Белорусија 959 км, Кина (југоисток) 3.605 километри, Кина (јужно) 40 км, Естонија 290 км, Финска 1,313 км, Грузија 723 км, Казахстан 6,846 км, Северна Кореја 17,5 км, Латвија 292 км, Литванија (Калининград -област) 227 километри, Монголија 3,441 км, Норвешка 196 км, Полска (Калининград - област) 432 километри, Украина 1,576 км Население: 142,517,670 милиони (2012) Религии: Руси православни 15-20%, Муслимани 10-15%, други христијани 2% (2006) Етнички групи: Руси 79,8%, Татари 3,8%, Украинци 2%, Башкирци 1,2%, Чуваши 1,1%, други или неодреден 12,1% (попис, 2002 година) Природни ресурси: голема база на природни ресурси вклучувајќи големи резерви на нафта,

БИЗНИС ИНФО природен гас, јаглен, минерали, дрво Јазици: Руски Економски показатели Валута: Рубља БДП паритет на куповна моќ: 2.383 трилиони САД$ (2011) БДП стапка на пораст: 4,3% (2011) БДП по жител: 16.700 САД $ (2011) БДП - по сектори: земјоделство: 4,5%, индустрија: 36,9%, услуги: 58,6% (2011) Работна сила: 75,33 милиони Невработеност: 6,6% (2011) Инвестиции: 23% од БДП (2011) Јавен долг: 8,3% од БДП (2011) Земјоделски производи: жито, шеќер, сончогледово семе, зеленчук, овошје, месо, млеко Индустрии: целосен спектар на руди, производство на јаглен, нафта, гас, хемикалии, метали, сите видови на машинско производство, одбранбена индустрија, напредни електронски компоненти, бродоградба, патен и железнички

9

МОЖНОСТИ транспорт, комуникациска опрема, земјоделска механизација, градежна опрема, електрична енергија, медицински и научни инструменти, потрошувачки добра, текстил, прехранбени производи. Индустриска стапка на пораст: 4,7 % (2011 год.) Извоз: 520,3 милијарди САД долари (2011 год.) Извозни производи: нафта и нафтени производи, природен гас, дрво и производи од дрво, метал, хемикалии. Извозни партнери: Холандија 12,2%, Кина 6,4%, Италија 5,6%, Германија 4.6%, Полска 4,2% (2011) Увоз: 322,3 милијарди САД долари (2011 год.) Увозни производи: машини, возила, фармацевтски производи, пластика, полуготови метални производи, месо, овошје, оптички и медицински инструменти, железо, челик. Увозни партнери: Кина 15,5%, Герм��нија 10%, Украина 6,6%, Италија 4,3% (2011 година)

РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА И ОФИЦИЈАЛНО 156. ЧЛЕНКА НА СВЕТСКАТА ТРГОВСКА ОРГАНИЗАЦИЈА Руската Федерација и официјално стана 156-та членка на Светската трговска организација (СТО). Протоколот за нејзиниот прием стапи на сила на 22.8.2012 година, а претходно беше потпишан, по 18 години преговори, на 11 декември 2011 година во Женева. Според оценките на Светската банка, вкупните ефекти од приемот на Руската Федерација во СТО ќе бидат во дополнителен развој на стопанството со краткорочни ефекти од 3,3 отсто пораст на БДП, а долгорочно од 11 отсто. Руската економија, чија вредност се проценува на 1,9 трилиони американски долари, е деветта по големина во светот и беше најголема досега што беше надвор од СТО. Пристапувањето на Руската Федерација кон Светската трговска организација значи постапно намалување на царинските стапки, почнувајќи од годинава до 2020 година. Производите ќе се намалат за повеќе од една третина веднаш по приемот, а за една четвртина во рок од 3 години. Обврска е просечната царинска стапка за земјоделските производи да изнесува 10,8% наместо сегашните 13,2%, а за индустриските производи 7,3%, наместо сегашните 9,5%.

Правната рамка во која се одвива стопанската соработка меѓу Република Македонија и Руската Федерација

Во последната деценија, создадена е соодветна договорноправна рамка за успешен развој на трговско-економската соработка меѓу Руската Федерација и Република Македонија, преку создавањето на Македонско-руската меѓувладина комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка. Реализацијата на потпишаните меѓувладини документи во претстојниот период е приоритетна задача на двете земји. Оваа година значајно е потпишувањето на Спогодбата за визниот режим меѓу двете земји. Подолу се наведени сите спогодби: ЗАКОН за ратификација на Конзуларната конвенција меѓу Република Македонија и Руската Федерација - МД - 31/03-59. ЗАКОН за ратификација на Спогодбата за трговија и економска соработка, склучена меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација - МД - 49/93 - III. ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за економска и техничка соработка во областа на енергетиката, сообраќајот и врските, водостопанството и земјоделството и во сферата на нестопанските дејности - МД - 7/98-1.

ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за поттикнување и заемна заштита на инвестиции - МД - 7/98-10. ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал -МД-7/98-24. ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за меѓународен патен сообраќај - МД - 7/98-79. ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за соработка во областа на културата, образованието и науката - МД - 60/95 - XIII. ЗАКОН за ратификација на Спогодбата за соработка во областа на заштитата на животната средина и природата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација - МД -16/98 - 370. ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на РМ и Владата на Руската Федерација за соработка и заемна помош во царинските работи - МД-21/98-170. ЗАКОН за ратификација на Спогодбата за редовен воздушен сообраќај меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација - МД -12/02-271. ЗАКОН за ратификација на Меморандумот меѓу Владата на Руската Федерација и Владата на Босна и Херцеговина, Владата на Република Хрватска, Владата на Република Македонија, Владата на Србија и Црна Гора, Владата на Република Словенија за порамнување на меѓусебните финансиски побарувања во однос на порамнување на сметките од стоковниот промет меѓу поранешниот СССР и поранешната СФРЈ - МД - 46/04-1. ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за военотехничка соработка - МД - 49/04-42. ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација во областа на ветеринарството - МД - 49/04-81. ЗАКОН за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за соработка во областа на карантинот и заштитата на растенијата - МД -110/05214.


10

ПОСЕТИ Регионалната комора со седиште во Прилеп на бизнис-средби во Kралево и Валево во Република Србија

БИЗНИС ИНФО

четврток, 22 ноември 2012, Бр. 116

БИЗНИСОТ МЕЃУ РЕГИОНИТЕ МОЖЕ ДА ЈА ВРАМНОТЕЖИ РАЗМЕНАТА

Во организација на Регионалната комора со седиште во Прилеп, во периодот од 14 до 16 ноември 2012 година, се одржаа Македонско-српски бизнис-средби со стопанствениците од регионалните комори на Кралево и на Валево. Стопанската делегација од Прилеп беше предводена од претседателот на Регионалната комора со седипште во Прилеп, Симон Наумоски и извршниот директор Ристо Најдоски. Во составот на делегацијата беа присутни претставници на АД „Витаминка“, Тутунскиот комбинат, Прилепска пивара, Конфекција „Хатра“, Мермерниот комбинат, ЈП „Водовод“ и др. Делегацијата беше придружувана од страна на градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески. На 15 ноември прилепската делегација беше примена од страна на градоначалникот на Кралево и неговите најблиски соработници, при што беа извршени презентации за економските потенцијали и природни ресурси на Прилеп и Кралево, со предлог да се поттикнат компаниите за поголема меѓусебна соработка особено за увоз на македонски производи и намалување на македонскиот дефицит во економската размена. Во просториите на Регионалната комора Кралево се одржаа бизниссредбите, при што во присуство на медиумите се потпиша Спогодба за меѓусебна соработка меѓу регионалнитер комори на Кралево и на Прилеп. Во Кралево делегацијата ги посети производните капацитети на фирмите „Радијатор“ (производител на парни котлови на еколошко гориво-пелети) и „Амига“ (производител на електрични столбови и челични конструкции). На 16 ноември , делегацијата го посети збратимениот град Валево, при што во присуство на градоначалниците се одржа пленарна седница на која присуствуваа над 15 компании од тамошниот регион, кои потоа имаа билатерални средби. Притоа, беше прославена 10-годишнината од потпишувањето на Спогодбата за меѓусебна соработка. Во Валево делегацијата ги посети производните капацитети на графичката индустрија „Босис“ и фабриката за производство на суви сливи, кои како производ се бренд на регионот. До раководството на „Ваљевска пивара“ беше испратена покана да земе активно учество на фестивалот за пиво „Пиво фест Прилеп 2013“, што беше со задоволство прифатена.


четврток, 22 ноември 2012, Бр. 116

Бизнис делегацијата од Данска во посета на Стопанската комора на Македонија

БИЗНИС ИНФО

11

ПОСЕТИ

ПОД ЛУПА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА СКРОМНАТА РАЗМЕНА „ТЕШКА“ 30 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Бизнис делегацијата од Данско - турската комора, составена од 30-тина бизнисмени од најразлични дејности, предводена од Саваш Метин, генерален директор на UNITEE, на барање на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија,оствари деловни сребди со македонски компании во Стопанската комора на Македонија. На средбите беше присутен и македонскиот амбасадор во Данска, Н.Е. Асаф Адеми. На средбата беше истакнато дека надворешно - трговската размена меѓу Македонија и Данска, иако од 2000 година наваму бележи континуиран пораст, сепак таа е незадоволителна согласно потенцијалните можности за соработка. Во 2000 година вкупната размена изнесувала само 11 милиони САД долари, да во 2008 година достигна 36 милиони долари. Глобалната економска криза услови намалување на истата од 2009 година наваму, така што во 2011 година се сведе на 30 милиони САД долари, од кои на страната на извозот имаме 11,5 милиони долари, додека на страната на увозот 19 милиони САД долари или трговски дефицит од 8,5 милиони САД долари на македонска страна страна. За деветте месеци годинава извозот изнесува 4,5 милиони долари а увозот 16 милиони долари, или вкупно 20,5 милиони долари, што во однос на лани е скоро на истото ниво. Во структурата на извозот најголемо е учеството на плоснато валани производи од железо и машки кошули. На страната на увозот доминираат лекови со инсулин, електрична енергија и останати производи за исхрана. Размената, како и вкупната економска сорботка не е на можното ниво, согласно неискористените потенцијали за соработка меѓу дветте земји, како и имајќи ја предвид геогравската близина. -Во таа функција , се и бизнис форумите во Комората, како мост на поврзување на бизнисот од дветте страни, истакна Стојмирка Тасевска, директор на Дирекцијата за застапување на интересите на членките, а останатото секако е бизнис интересот кој ќе го договорат деловните луѓе од двете држави. Претседателот на Данско – турската комора, Саваш Метин, истакна дека иако Македонија е мала земја, претставува атрактивна локација на Балканот, која испраќа позитивни сигнали и во услови на криза и влева доверба за инвестирање и искористување на економските потенцијали на Р.Македонија. Тој заклучи дека оваа посета на данската делегација е прва и означува почеток за понатамошна соработка. Пред присутните 30 дански и 20 македонски компании беа презентирани инвестициските можности на земјава одделно по сектори, а беа одржани и билатерални среби меѓу претставници на компании од двете земји. Наташа Димеска Стојаноска


БИЗНИС ИНФО СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА

12

Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија расправаше за Предлог-законот за трговија на зелените пазари

четврток, 22 ноември 2012, Бр. 116

ИМ ДОАЃА КРАЈОТ НА „ДИВИТЕ“ ПАЗАРЏИИ

Во Групацијата на пазари при Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија се расправаше за Предлог-законот за трговија на зелените пазари, изработен од Министерството за економија (15.1.2012 година). Предлог-законот што се подготвува веќе извесен период и во кој процес Групацијата на пазари е активно вклучена, е оценет како добар. Тој ќе ја дефинира работата на зелените пазари, но во исто време треба да ги даде очекуваните ефекти во правец на решавање на „сивата“ економија, намалување на невработеноста и справување со нелојалната конкуренција, посочи на сеницата претседателот на Групација, Благој Дивитаров. Присутните претставници од пазарите посочија на неколку членови во Предлог-законот во кои, според нив, треба да се направат одредени приспособувања и измени со цел да може да се постигнат предвидените цели - да се стави ред во работата на зелените пазари, пред се`, преку дефинирање на статусот на закупците на тезги. Со цел регулирање на дејноста трговија на пазарите, организаторите на пазари иницираа изработка на Стратегија за дејноста, со активности со кои во следниот период би се поддржале индивидуалните производители - трговци на тезгите на пазарите, со цел да се потенцира и одвои домашното производство од закупците на тезги препродавачи, како и инкорпорирање на Групацијата на пазари во организации со меѓународен карактер. Овие активности ќе бидат дел од планот за работа на Групацијата на пазари во рамките на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија за 2013 година. Даниела Михајловска Василевска

Семинар за превенцијата од создавање на лоши пласмани

ДЕТЕКТИРАЊЕ НА ПРВИЧНИТЕ ЗНАЦИ НА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Стопанската комора на Македонија во соработка со Академијата за банкарство и финансии од Република Србија, на 16 ноември 2012 година, организираше еднодневен семинар на тема: „Првични знаци на предупредување во превенцијата од создавање на лоши пласмани”. Целта на семинарот беше учесниците да осознаат и да научат за сеопфатноста на моделот на наплата на побарувањата за правните лица, важноста од соодветна проценка на бонитетот на клиентите (кредитен рејтинг), критериумите за утврдување на потенцијално проблематичните клиенти, начините на решавање на потенцијално проблематичните клиенти, влијанието на потенцијално проблематичните клиенти во финансиските извештаи на доверителите. Целни групи на овој семинар пред се` беа вработените во банките кои работат во секторот - работа со правни лица (account и relationship менаџери), директори на филијали и вработени кои се занимаваат со управување со ризик и наплата на проблематични кредити. На овој едукативен настан беше презентирана важноста на наплатата на побарувањата во услови на криза, целосен пристап за наплата на побарувања на клиентите, анализа на рејтингот и нејзиното значење за потенцијалните проблеми во сервисирање на обврските на клиентите према банката, важност на мониторингот на фаза детектирање на потенцијалните проблеми, квалитативни и квантитативни знаци на предупредување, третман на клиентот по откривање на потенцијални проблеми, влијанието на лошите пласмани врз финансиските извештаи на банката како доверител. Предавач на овој настан беше Александар Василски кој дипломирал на Факултетот за бизнис-студии, Гренобл, Франција (Grenoble Ecole de Management, France). Семинарот беше спроведен во форма на интерактивна дебата, работа на практични случаи, презентација на секојдневни примери, а се` со цел за доближување на оваа проблематика до учесниците. На нив им беа доделени соодветни сертификати за стекнатите знаења и вештини. Анита Митревска


13 БИЗНИС ИНФО ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ – ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСTИКА

четврток, 22 ноември 2012, Бр. 116

ЕЛЕКТРОНСКАТА ТРГОВИЈА СÈ УШТЕ НЕ Е ДОВОЛНО ЗАЖИВЕАНА

Деловните субјекти се помасовно во земјава ги употребуваат информатичкокомуникациски технологии

Развојот и навлегувањето на информатичко-комуникациските технологии во сите пори на општеството има големо влијание врз економските и социјалните промени во него. Глобалните комуникации, електронската трговија и интернетот му носат многу придобивки, уште поголем развој, Информатичко-комуникациски технологии во деловните субјекти според бројот на вработени, 2012 економска експанзија и демократија во % на развиениот свет. Деловни субјекти според бројот на Вкупно вработени И во Република Македонија (10+) (10-49) (50-249) (250 +) се наметна потребата за мерење и Деловни субјекти, вкупно 100,0 100,0 100,0 100,0 следење на некои показатели кои Деловни субјекти со компјутер 91,9 90,7 97,8 97,9 87,9 86,1 96,4 97,9 укажуваат на степенот на развојот Деловни субјекти со пристап на интернет Деловни субјекти кои вработиле специјалисти за ИКТ/ИТ 17,3 13,5 30,5 61,9 на информатичкото општество, Вработиле или се обиделе да вработат лица со специјалистички вештини за ИКТ, 2011 10,4 8,9 15,2 30,5 2,9 2,5 4,5 8,7 како што се: опременоста со Имале потешкотии да ги пополнат работните места за кои се потребни специјалистички вештини за ИКТ, 2011 информатичко-комуник ациски Обезбедиле обука за развој или надградба на вештините за ИКТ, 2011: 6,6 4,2 13,8 38,6 технологии (на пр., компјутер, - за специјалисти за ИКТ/ИТ - за другите вработени 12,5 10,8 17,7 35,0 пристап и тип на интернетска На вработените им обезбедуваат далечински пристап до системот на е-пошта, документите или 36,0 33,7 44,0 61,4 поврзаност), степенот, намената на апликациите на претпријатието вработените им обезбедуваат преносливи уреди кои овозможуваат мобилна конекција на 25,5 22,8 34,2 59,7 нивното користење, информатичката На интернет за деловна употреба Деловни субјекти со сопствена веб-страница 48,2 44,8 60,0 85,9 писменост, бенефициите и пречките - веб-страницата обезбедува онлајн нарачување 7,6 7,5 6,6 14,5 при користењето на ИКТ кај Електронско праќање или примање на податоци во формат кој овозможува нивно автоматско 32,7 31,0 37,9 55,7 обработување различни категории претпријатија, - за праќање платежни инструкции до финансиски институции 21,8 20,1 27,5 42,3 домаќинства, поединци и во јавниот - за праќање или примање информации за продуктите (каталози, цени) 24,6 23,9 27,3 32,3 - за праќање или примање na транспортни документи 13,9 13,7 14,0 19,3 сектор. - за праќање или примање na податоци до/од јавната администрација 18,3 16,9 23,3 35,1 Со цел да се одредат Електронска размена на информации со добавувачите или купувачите во синџирот на 32,8 32,4 33,4 40,6 снабдување достапноста и начинот на користење Електронска и автоматска размена на информации во рамките на деловниот субјект 47,0 44,6 55,8 74,0 на одредени информатичко- - електронска размена на информации за продажбата или за набавките со софтвер за која било 42,0 39,6 50,9 65,5 комуникациски технологии, внатрешна функција Имаат ERP софтвер за споделување информации 13,0 10,7 20,9 41,8 Државниот завод за статистика, од Имаат CRM софтвер за управување со податоци за клиентите 16,3 14,4 23,6 35,6 2005 година започна да спроведува статистички истражувања од областа на информатичкото општество според типот на корисниците. Користење на информатичко-комуникациски технологии, по дејности, 2012 во % Дејност според Националната класификација на дејностите (Рев.2)

Деловни субјекти со 10 или повеќе вработени, вкупно Деловни субјекти со компјутер Деловни субјекти со пристап на интернет Деловни субјекти кои вработиле специјалисти за ИКТ/ИТ Деловни субјекти со сопствена веб-страница Веб-страницата обезбедува онлајн нарачување Електронско праќање или примање на податоци во формат кој овозможува нивно автоматско обработување Електронска и автоматска размена на информации во рамките на дел.субјект Имаат ERP софтвер за споделување информации Имаат CRM софтвер за управување со податоци за клиентите Деловни субјекти кои имале е-трговија (е-продажба/е-набавки), 2011 Веб-продажба, 2011: примиле нарачки за стоки или услуги преку веб EDI продажба, 2011: примиле нарачки преку EDI-пораки во договорен формат, пр., EDIFACT, XML Е-набавки, 2011: испратиле нарачки преку ВЕБ или EDI Употребиле интернет за интеракција со јавната власт, 2011 Добивање информации од веб-страниците на јавната власт Добивање формулари од веб-страниците на јавната власт Враќање на пополнети формулари електронски, пр., царински, даночни

Преработувачка индустрија; Снабдување со ел.енергија, вода

Градежништво

Трговија

Оддел

Оддел

Оддел

Оддел

Оддел

Класа

Група/ Класа

10-33; 35-39

41-43

45-47

58 - 63

49-53; 55, 56; 68; 6974; 77-82

64.19, 64.92, 65.11, 65.12, 65.20, 66.12, 66.19

26.1-26.4; 26.8; 46.5; 58.2; 61; 62; 63.1; 95.1

Информации и комуникации

Останати нефинансиски дејности

Финансиски дејности

ИКТ сектор

100,0 88,0 84,2 13,9 46,1 4,9 28,0

100,0 89,7 88,8 14,7 38,2 4,8 24,1

100,0 96,6 91,1 17,9 48,9 7,5 39,7

100,0 100,0 98,0 60,4 82,9 17,4 46,5

100,0 92,4 87,5 15,0 48,9 11,7 32,3

100,0 100,0 100,0 89,2 97,3 24,3 78,4

100,0 100,0 100,0 76,4 90,4 16,7 54,7

42,8 11,0 10,6 6,7

31,8 7,8 5,4 3,3

61,7 18,5 24,8 10,0

68,8 32,3 45,8 36,9

39,7 8,7 15,5 9,4

64,9 32,4 48,6 24,3

84,5 42,1 59,0 40,2

0,3

6,1 1,1

18,0 8,0

6,8 1,7

13,5 0,0

18,7 6,8

4,4 69,7 60,9 62,5 32,6

3,0 74,9 59,4 57,0 20,6

6,7 76,2 68,8 72,4 38,5

21,6 96,1 91,4 90,7 39,4

3,2 73,3 65,4 66,7 35,5

10,8 97,3 97,3 97,3 86,5

31,0 100,0 90,3 92,8 43,7

19,3 4,9

41,2 3,6

23,0 3,1

28,8 10,5

25,5 4,4

18,9 -

45,9 14,5

4,2 0,8

-

Е-тендирање: понуда на стоки или услуги во електронски системи за јавни набавки: во својата земја (РМ) во земјите на ЕУ


14

БИЗНИС ИНФО ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ – ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСTИКА

четврток, 22 ноември 2012, Бр. 116

Она што е особено интересно и на што ќе се осврнеме во овој текст е употребата на информациско-комуникациски технологии кај деловните субјекти. Според последното објавено Употреба на интернет за интеракција со органите на јавната власт, според бројот на вработени, 2011 соопштение од оваа област, во Република во % Деловни субјекти според бројот на Македонија, во јануари 2012 година, 87% Вкупно вработени од деловните субјекти со 10 и повеќе Enterprises according to the number of Total employees вработени имале широкопојасен пристап (10+) (10-49) (50-249) (250 +) на интернет. Во јануари 2012 година, 33% Деловни субјекти со пристап на интернет, 2012 100,0 100,0 100,0 100,0 од вработените во деловните субјекти со Употребиле интернет за интеракција со органите на 84,0 82,2 90,6 97,8 10 или повеќе вработени при вршењето јавната власт, 2011 на работните задачи користеле компјутер Користеле услуги на е-влада во текот на 2011, за: 74,1 71,6 82,2 95,9 најмалку еднаш неделно, а 28% од Добивање информации од веб-страниците на јавната власт вработените, најмалку еднаш неделно Добивање формулари од веб-страниците на јавната 75,8 73,8 82,0 97,8 користеле компјутер со пристап на власт Враќање на пополнети формулари електронски, пр., 38,9 34,8 52,3 76,7 интернет. царински, даночни Приближно една четвртина Пријава за ДДВ, целосно електронски третирана 26,7 23,9 35,9 52,6 (26%) од деловните субјекти, на своите Пријава за социјални придонеси, целосно електронски 27,0 24,1 37,5 50,1 вработени, за деловна употреба, им третирана интернет за пристап до тендер документи 36,7 35,7 38,7 53,1 обезбедиле преносливи уреди со кои се Употребиле во електронски систем за јавни набавки овозможува мобилна конекција на интернет, а 36% за своите вработени обезбедиле Употребиле интернет за понуда на стоки или услуги во далечински пристап до системот на електронски системи за јавни набавки: во својата земја (РМ) 27,6 26,2 32,3 42,1 е-пошта, документите или апликациите на во земјите на ЕУ 4,8 4,6 5,7 6,3 претпријатието. Евидентирано е дека 17% од деловните субјекти (10+) имале вработено лица со специјалистички вештини за ИКТ/ИТ. Најголем процент на вработување на специјалисти за ИКТ/ИТ е забележан кај големите претпријатија со 250 или повеќе вработени (62%). Во текот на јануари 2012 година, 33% од деловните субјекти (10+) испраќале или примале електронски податоци во формат кој овозможува нивна автоматска обработка (пр., EDI, EDIFACT, XML), а 47% имале електронска и автоматска размена на информации во рамките на деловниот субјект. Дури 84% од деловните субјекти со пристап на интернет, употребиле интернет за интеракција со органите на јавната власт во 2011 година, било за добивање информации, добивање формулари, за електронско враќање на пополнети формулари преку веб-страниците на јавната власт, или за административни процедури целосно електронски реализирани. Околу 28% од деловните субјекти со пристап на интернет во 2011 година понудиле стоки или услуги во електронски системи за јавни набавки во земјава. Девет проценти (9%) од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени, реализирале е-трговија во текот на 2011 година, односно купувале или продавале стоки или услуги преку компјутерски мрежи (преку веб или EDI), веб-продажба реализирале 5,3%, а веб-купувања вршеле 4,8% од деловните субјекти. Состојбите во областа на користењето на информатичко-комуникациските технологии во нашата земја најдобро можат да се согледаат при споредба со соодветните податоци за земјите на ЕУ и земјите од нашето опкружување. За таа цел ќе дадеме еден преглед на Широкопојасен пристапна интернет каj нефинансиските претпријатија со 10 или повеќе вработени, 2011 (% од претријатијата) Широкопојасна Фиксна Мобилна конекција широкопојасна широкопојасна (фиксна или Интернет пристап мобилна) конекција конекција ЕУ (27) 95 89 87 47 МК 82 76 74 24 Бугарија 87 74 68 34 Грција 93 82 76 38 Романија 79 57 54 15 Словенија 97 95 92 50 Хрватска 96 84 80 41

Веб-страница, користење е-Влада и е-трговија кај нефинансиските претријатија (10+), 2011 сет податоци од областа на информатичкото општество за 2011 година, објавени од страна на Евростат. (%наод претријатијата) Во 2011 година, во земјите на ЕУ (27), 95% од претпријатијата од нефинансискиот сектор со 10 или повеќе вработени имале пристап на интернет, а 89% имале широкопјасно поврзување на интернет (фиксно или мобилно). Во земјите на Европската унија сè повеќе Е-купување е-Влада-поднесување (дале нара преку инте формулари до вебе-Влада-добивање страниците на јавната и/или други информации од вебВеб-страница со


(% од претријатијата)

Широкопојасна конекција Фиксна Мобилна (фиксна или широкопојасна широкопојасна конекција конекција Интернет пристап мобилна) ЕУ (27) 95 89 87 47 четврток, 22 ноември 2012, Бр. 116 15 МК 82 76 74 24 Бугарија 87 74 68 34 Грција 93 82 76 38 Романија 79 57 54 15 Словенија 97 95 92 50 се зголемува широкопојасна конекција на интернет, и80тој пораст изнесува од Хрватска употребата на мобилната96 84 4127% во 2010 година на 47% во 2011

БИЗНИС ИНФО ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ – ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСTИКА

Веб-страница, користење е-Влада и е-трговија кај нефинансиските претријатија (10+), 2011 (% од претријатијата)

EU27 МК Бугарија Грција Романија Словенија Хрватска

Веб-страница

69 52 45 64 34 74 66

Веб-страница со можност за онлајн нарачување 17 10 11 14 10 12 11

е-Влада-добивање информации од вебстраниците на јавната власт 74 60 69 82 47 89 72

е-Влада-поднесување формулари до вебстраниците на јавната власт, комплетно електронски 69 62 66 87 39 77 63

Е-купување (дале нарачки преку интернет и/или други компјутерски мрежи) 35 8 10 13 9 25 39

Е-продажба (примиле нарачки преку интернет и/или други компјутерски мрежи) 15 7 6 9 4 13 22

година. За споредба, во 2011 година, во нашата земја, широкопојасен пристап на интернет имале 76% од нефинансиските претпријатија (10+), додека во Бугарија 68%, во Грција 76%, во Хрватска 80%, а во Словенија 92%. Во 2011 година, 69% од претпријатијата во земјите на ЕУ(27) доставувале официјални формулари до веб-страниците на органите на јавната власт, целосно електронски, а во нашата земја тоа го вршеле 62% од претпријатијата. Сопствена веб-страница на која можело да се изврши онлајн нарачка на производи или услуги имале 17% од претпријатијата во земјите на ЕУ(27), во Бугарија 11%, во Словенија 12%, во Грција 14%, а во Македонија 10%. Електронската трговија сè уште не е доволно заживеана во нашата земја, а и во земјите од поблиското соседство. Податоците за претходната година покажуваат дека од претпријатијата (нефинансиски, со 10 или повеќе вработени) е-продажба реализирале: во нашата земја 7%, во Бугарија 6%, во Грција 9%, а во ЕУ (27) 15%. Се забележува малку поголемо учество на претпријатијата со реализирани е-набавки од оние со е-продажба, и тоа: во нашата земја 8%, во Бугарија 10%, во Грција 13%, а во ЕУ (27) Широкопојасно и мобилно поврзување на интернет во деловните 35% од претпријатијата субјекти според бројот на вработени, јануари 2012 направиле е-набавки. И н те р н е то т, (10+) (10-49) (50-249) (250 +) особено широкопојасниот Широкопојасна конекција (фиксна 87,3 85,4 96,1 97,9 интернет сè повеќе се или мобилна) омасовува нудејќи широка Мобилна конекција лепеза на корисности (широкопојасна или друга 32,6 30,2 41,4 60,0 во различните сфери на мобилна) човековото општество. % Значајно за една земја не е 120 само нивото на достапност 97,9 96,1 на новите технологии, туку 100 87,3 85,4 нивната намена, односно 80 користењето на можностите 60,0 што тие ги нудат, дали тие ќе 60 се употребуваат за креативни 41,4 32,6 достигнувања, развивање на 40 30,2 нови технологии, апликации 20 или, пак, создавање на нови вредности кои ќе 0 придонесат за унапредување (10+) (10-49) (50-249) (250 +) и целокупен развој на општеството. Широкопојасна конекција (фиксна или мобилна) Овие динамични промени наметнув а а т Мобилна конекција (широкопојасна или друга мобилна) обврска статистиката, односно мерењето на степенот на развојот на информатичкото општество преку одредени клучни показатели, да е во постојан процес на ревидирање и унапредување.


БИЗНИС ИНФО САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

16

Семинар од 9 октомври до 27 декември 2012 година

“СЕОПФАТНА ОБУКА ЗА ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ ВО 3 МОДУЛИ”

Финансискиот менаџмент е од витално значење за секоја компанија, особено за оние кои имаат цел подобрување на профитабилноста, ликвидноста и солвентноста. Целта на обуката е сеопфатна едукација на менаџерите за финансискиот менаџмент, неговиот јазик, алатки и техники, со цел стекнување знаења, вештини и компетенции за нивно ефективно користење во работењето. Обуката е организирана во три модули (нивоа), при што во првиот модул се даваат основите на финансискиот менаџмент и истата е наменета и за финансиски и не-финансиски менаџери. Вториот модул е продолжение на првиот модул и нуди средно ниво на знаења од областа на финансискиот менаџмент преку обработка на поголем број на области и теми, на ниво на додипломски студии на економските факултети. Третиот модул нуди напредни теми од областа на финансискиот менаџмент и обработка на специјални случаеви и анализа на најдобрите практики од оваа област, на ниво на напредни курсеви од областа на корпоративните финансии. Обуката се реализира со користење на алатките на Microsoft Excel и препорачливо е секој слушател да има свој notebook компјутер. За секоја тема се предвидени вкупно по три часа (два часа предавања и еден час практични вежби). На крајот на секој модул, сите учесници ќе се стекнат со Сертификат за успешно завршена обука за Финансиски менаџмент. МОДУЛ 1: На обуката за Финансиски менаџмент – модул 1: “Финансиски извештаи, финансиска анализа, финансиско планирање, контрола и левериџ“ ќе бидат опфатени следните теми: 1. Основи на финансискиот менаџмент - Цели и функции на финансискиот менаџмент - Претпријатието, капиталот и финансискиот менаџмент - Претпријатието и капиталот - Вложување, трошење и циркулација на средства 2. Финансиски извештаи - Елементи на финансиските извештаи - Биланс на состојба - Биланс на успех - Извештај за акумулирана добивка - Извештај за готовинските текови o Готовински текови од оперативни активности o Готовински текови од инвестициони активности o Готовински текови од финансиски активности - Данокот и цената на туѓиот капитал 3. Финансиска анализа - Анализа на финансиски показатели o Показатели на ликвидноста o Показатели на активноста

o Показатели на задолженоста или показатели на левериџот o Показатели на покритието o Показатели на профитабилноста o Показатели на пазарната вредност o Анализа на трендот o Дипон (Du Pont) анализа o Компаративни показатели o Корисност и ограничувања на рацио-анализата 4. Финансиско планирање - Предвидување (планирање) на продажбата - Планирани (Про Форма) финансиски извештаи – Метод процент на продажба - Анализа на планирањето - Планирање на капацитет - Процес на финансиско планирање - Видови и структура на поединечните планови 5. Временска вредностна парите - Концепт на идна вредност - Период на вкаматување - Идна вредност на ануитет - Концепт на сегашна вредност - Сегашна вредност на серија различни и еднакви идни вредности - Пресметка на сегашна вредност на непрекинати парични текови - Пресметка на депозити - Амортизација на заеми - Пресметка на стапката на растеж и на каматната стапка 6. Финансиска контрола- буџетирање и левериџ - Анализа на оперативна преломна точка o Графикон на преломот o Пресметка на преломната точка o Готовинска оперативна преломна точка o Употреба на анализата на оперативната преломна точка - Оперативен левериџ - Финансиска преломна анализа - Графикон на преломот - Пресметка на преломот - Финансиски левериџ - Комбиниран оперативен и финансики левериџ - Употреба на левериџот и планирањето во контролата 7. Ризик и принос - Ризици и стапки на принос - Дефинирање и мерење на ризикот o Дистрибуција на веројатноста o Мерење на ризикот o Очекувана стапка на принос o Континуирани и дискретни дистрибуции на веројатноста o Стандардна девијација o Информации содржани во стандардната девијација o Просек на варијанса o Коефициент на варијација - Поимно дефинирање на портфолио - Ризик на портфолио - Коваријанса на приносите - Очекуван принос на портфолиото - Модел на карактеристичен правец o Системски ризик мерен со бета - Модел за одредување на цената на вложениот

четврток, 22 ноември 2012, Бр. 116

капитал –CAPM - Пазарна линија на хартија од вредност - Импликации врз вреднувањето на претпријатијата

МОДУЛ 2: На обуката за Финансиски менаџмент – модул 2: “Финансиски пазари и инвестиции“ ќе бидат опфатени следните теми: 1. Вреднување на хартии од вредност - Вреднување на обврзници o Стапка на принос до достасувањето (YTM) - Вреднување на акции o Вреднување на приоритетни акции o Вреднување на обични акции 2. Планирање на долгорочни вложувања (капитално буџетирање) - Карактеристики на инвестиционото одлучување - Постапка за планирање на долгорочните вложувања - Kлучни компоненти на процесот на инвестиционо одлучување o Должина на периодот на експлоатација o Цена на капиталот наменет за вложување o Содржина на финансиските ефекти o Kомпоненти на готовинските текови на инвестицијата 3. Kритериуми за оценка на финансиската ефикасност на инвестиционите вложувања - Инвестициони критериуми кои не се базирани врз - концептот на временска вредност на парите o Период на враќање на инвестицијата o Просечна стапка на принос на инвестициите - Инвестициони критериуми кои се базирани врз концептот на временска вредност на парите o Метода на нето сегашна вредност o Методот на индекс на профитабилноста. - Метод на интерна стапка на рентабилност - Ризикот и менаџерските опции за оценка на - исплатливоста на инвестицијата o Вкупен ризик на проектот o Метод на компјутерска симулација o Менаџерски опции 4. Долгорочно финансирање - Пазар на капитал o Функции на пазарот на капитал o Учесници на пазарот на капитал o Организација на пазарот на капитал и долгорочни - хартии од вредност - Пазар на долгорочни хартии од вредност


четврток, 22 ноември 2012, Бр. 116

17 БИЗНИС ИНФО САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

o Улогата на инвестиционите банки на примарниот пазар на капитал o Привилегиран упис o Вредност на правото на акција o Почетно финансирање - Долгорочни обврски o Термински заеми o Лизинг o Долгорочни обврзници o Преференцијални акции (приоритетни) o Обични акции - Конвертибилни хартии од вредност - Опции o Опции за акции - Варанти 5. Менаџмент со обртен капитал и краткорочно финансирање - Трансформација на обртниот капитал и циклуси на конверзија - Менаџмент на готови пари и пазарни хартии од вредност - Кредитен менаџмент и управување со побарувањата - Стандарди за кредитирање и политика на наплата на побарувањата - Менаџмент на залихи - Извори на краткорочно финансирање o Спонтано финансирање o Обврски према добавувачите (Трговски кредит) o Договорно финансирање o Факторинг МОДУЛ 3: На обуката за Финансиски менаџмент – модул 3: “Трошок на капитал и напредни техники на вреднување и структура на капитал“ ќе бидат опфатени следните теми: 1. Трошок на капиталот - Одредување на безризична стапка - Трошок на долгот - Трошок на приоритетни акции - Трошок на сопственички капитал (главница) - Пристап со моделот на одредување на цената на вложениот капитал (CAPM) - WACC модел 2. Вреднување на хартии од вредност - Вреднување со модел на дисконтирани готовиснки текови o Дисконтирани слкободни готовински тековиСтапка на принос до достасувањето (YTM) - Релативно вреднување 3. Структура на капитал - Теоретски разгледувања за важноста на структурата на капиталот - Трошоци на банкротството - Менаџмент на структурата на капиталот 4. Политика на дивиденди - Пасивна во однос на активна политика на дивиденди o Неважност на дивидендите o Аргументи за важноста на дивидендите - Политика на дивиденда - Дивиденди во акции и поделба на акциите - Откуп на акции - Исплата на дивиденди 5. Спојувања и други начини на реструктуирања на претпријатија - Извори на вредноста - Стратешко купување - Преземања, лицитациски понуди и одбрани - Дивестирање - Реструктуирање на сопственоста 6. Меѓународен финансиски менаџмент - Оценка на исплативоста на вложувањата и фактори на ризик - Менаџмент со курсните ризици o Фактори кои влијаат на движењето на курсевите

7. Специјални теми од областа на финансискиот менаџмент 8. Проверка на знаењето Обуките се наменети за: • Повисокиот и средниот менаџмент на компаниите • Финансиските директори и вработени во секторот финансии во бизнис секторот, јавната администрација и јавните претпријатија • Вработени во секторот сметководство во бизнис секторот, јавната администрација и јавните претпријатија • Претприемачите • Финансиските аналитичари • Бизнис стратези • Финансиски консулатнти • Специјалисти во секторт за интерна контрола и ревизија • Проект менаџери • Контролни и сметководствени аналитичари • Дипломирани на факултети за економија, бизнис администрација, информатика • Студенти на последипломски студии за економија, бизнис администрација, информатика Предавач: Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и на Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Со оглед на фактот дека секој модул претставува заокружена целина, сите заинтересирани учесници можат да се пријават за учество на целиот пакет или ќе одберат пооделни модули зависно од потребите. Динамика на модулите: Октомври, Ноември, Декември 2012 година (два пати неделно од 15-18.00 часот) Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт лице : Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057, Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: anita.mitrevska@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

18

четврток, 22 ноември 2012, Бр. 116

„КАКО ДА ГО ЗГОЛЕМИТЕ ВАШИОТ ИЗВОЗ! ПРЕДИЗВИЦИ НА ИЗВОЗНИОТ БИЗНИС“ (Семинар наменет за извозните компании од Република Македонија)

14 декември 2012 година, 9:30-16.00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат Со цел на извозните компании да им се доближат современите трендови на глобалниот пазар и да ги насочи кон квалитетно планирање на извозните операции, Стопанската комора на Македонија на 22 ноември 2012 година, организира еднодневен семинар на тема „Како да го зголемите вашиот извоз!-Предизвици на извозниот бизнис“. Обуката ќе се реализира во периодот од 9.30 до 16.00 часот, во сала 1, на 5 кат. Семинарот е дизајниран на начин кој овозможува: • Совладување на методологијата за креирање на стратегии за извоз; • Совладување на методологијата за изготвување на ефективни маркетинг планови за извоз; • Сознавање на логиката на различните нецарински бариери на глобалниот пазар; • Специфики на преговори и бизнис култура на поединечни земји. ПРИСТАП Програмата на семинарот комбинира предавања и размена на искуства. Тој ќе им овозможи на слушателите да изградат зајакната рамка на знаења во областа на современиот извоз, со акцент на вештините за влез на странските пазари кои гарантираат редуциран деловен ризик. На семинарот ќе се вклучат и гостипредавачи од реномирана македонска извозна компанија. Семинарот ќе се реализира во четири посебни модули. ПРОГРАМА Модул 1: Стратегии за извоз Постоењето на стратегијата за извоз во една компаније овозможува превземање определени активности и акции во насока на постигнување на целите од истата. Во овој модул ќе се образложи неоходноста од изготување на стратешки планови за извоз и видови на стратегии. Исто така во ова поглавје ќе се анализираат разликите помеѓу стратегиите за извоз на постоечите и на новите пазари. Овој дел од семинарот ќе им помогне на компаниите да ја разберат важноста на стратешките планови за извоз, и да ги совладаат техниките за изготвување на квалитетна и сеопфатна стратегија за извоз. Модул 2: Маркетинг план за извоз Честа причина за неуспех на извозните зафати на компаниите е слабоста во фазата на планирањето за извоз. Стручно изготвениот маркетинг план за извоз е неопходен документ што на компанијата и’ помага да ја оствари извозната стратегија. Тој дава одговор на сите прашања во врска со чекорите за имплементација на извозната стратегија и претставува водич за постигнување на стратешките цели. Неговото изготвување претпоставува донесување одлуки за влијанието на извозот врз растот на компанијата, како и за обемот и природата на извозната активност. Маркетинг планот за извоз, исто така, помага компанијата да го задржи фокусот врз поставените извозни цели. Овој дел од семинарот ќе им помогне на компаниите да ја разберат важноста на маркетинг планирањето за извоз, и да ги совладаат техниките за изготвување на квалитетен и сеопфатен маркетинг план за извоз. Модул 3: Нецарински бариери на глобалниот пазар Модулот е посветен на различните категории нецарински бариери во меѓународната трговија што често пати го отежнуваат слободниот проток на стоки и услуги. Ќе бидат презентирани причините за донесување политики за воведување на нецарински мерки од страна на владите, како и последиците од нивната примена за глобалната надворешно-трговска размена. Посебен акцент ќе биде ставен на нецаринските мерки во периодот на актуелната финансиска криза. Модул 4: Бизнис култура и преговори Секој пазар има свои специфики. Се разликува по различните барања и желби на потрошувачите. Тој пазар според карактеристиките на потрошувачите се разликува од пазарот во кој работи извозната компанија. За да се постигнат одлични деловни резултати и да се освои нов пазар, компанијата треба да има јасна слика за тие специфики и за бизнис културата во истата. Модулот е посветен на карактеристиките и бизнис културата на поедини земји и начините на водење преговори.

За предавачoт: М-р Олга Михајлова Тикваровска е долгогодишен менаџмент консултант со искуство во советување во областите на маркетингот, деловното планирање, стратешкиот менаџмент, пазарните информациски системи, човечките ресурси, организацискиот развој и корпоративните комуникации. Работела за приватни клиенти од производствените индустрии и услугите во Македонија, како и за нарачатели од јавниот и невладиниот сектор. Во последните 15 години била ангажирана како постојан соработник на проекти на Светската банка, УСАИД, УНДП, ЕУ и ИФЦ. Била дел од врвните раководства на Агенцијата за приватизација и Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување. Обука во областа на извозната промоција завршила во Австралија (Austrade); обука во областа на менаџментот во САД (USIS); обука во областа на инвестициската промоција во Швајцарија (MIGA); и обука во областа на меѓународниот маркетинг во САД (Atlanta Management Institute). Од 2010 година, таа е носител на меѓународниот сертификат за професионалци во областа на менаџмент консалтингот - CMC® .

Сите учесници на семинарот ќе добијат: работен материјал; ручек и одвежување; сертификат за учество на семинарот. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 12 декември 2012 година. Контакт лице : Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074, Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт лице : Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054, Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: lence@mchamber.mk


четврток, 22 ноември 2012, Бр. 116

19 БИЗНИС ИНФО САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Еднодневен семинар

Меѓународни деловни средби на Саемот за претприемништво во Србија

,,БИЗНИС БАЗА 2012“ ВО БЕЛГРАД

Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија организира учество на Меѓународните деловни средби на 30 ноември 2012 година во Белград, Србија. Настанот се организира во рамките на Меѓународниот саем за претприемаштво ,,БИЗНИС БАЗА 2012“, што ќе се одржи од 29 ноември до 01 декември 2012 година, во хала 1 во Белградскиот саем. Организатори се партнерите од Европската мрежа за претприемаштво на Србија и Стопанската комора на Луксембург. Како дополнителна програма за поддршка на малите и средни претпријатија на 29.11.2012 година ќе има деловни средби и во Инџија, со организирана посета на индустриската зона. Сектори кои ќе бидат застапени на Меѓународните деловни средби се: • • • • • • •

градежна индустрија и материјали; дрвна индустрија; електроиндустрија и материјали; метална индустрија; обновливи извори на енергија; рециклирање и информатичка технологија.

На Меѓународните деловни средби Ви се овозможува да ги запознаете потенцијалните меѓународни деловни партнери, да остварите директни контакти со претставниците на странските претпријатија, да размените искувства, примери на добри пракси и да воспоставите деловна соработка. Учеството на Меѓународните деловни средби е бесплатно. Можете да се пријавите наследниот линк: http://www.een-matchmaking.com/bridge2balkan2012 Контакт: Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија Контакт лице : Лазо Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090, Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: laze@mchamber.mk

Контакт лице : Софче Јовановска Тел: ++ 389 2 3244060, Факс:++ 389 2 3244088 E-адреса: sofce@mchamber.mk

Советување

„ЗАШТИТАТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ И БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА -ОБВРСКИ НА ТРГОВЦИ И ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ СПОРЕД ПРАВОТО ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, НАДЗОР И САНКЦИИ“ 27 ноември 2012 година, 10:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1, на 5-ти кат

Со цел да се унапредат знаењата на стопанските субјекти во врска со законските обврски за заштита на потрошувачите, како и да се разменат мислења и искуства во врска со спроведувањето на законската регулатива во оваа област, Стопанската комора на Македонија на 27 ноември 2012 година организира советување на тема: „Заштитата на потрошувачите и бизнис заедницата - Обврски на трговци и даватели на услуги според правото за заштита на потрошувачите на Република Македонија, надзор и санкции“. Советувањето ќе се одржи во сала 1, на 5-ти кат, во терминот од 10 до 16 часот. Теми на семинарот: • Заштита на потрошувачите во договорите со трговците и со давателите на јавни услуги - - последици од нечесни одредби во потрошувачките договори! • Правни последици за трговците и давателите на услуги поради пуштање во промет на небезбеден производ, непочитување на обврски за сообразност на производите и по основ на дадена гаранција во домашното и споредбеното право. • Правни последици за трговците поради непочитување на обврски: за означување на цените, информирање на потрошувачи, како и при забрането нечесно пазарно однесување и недозволено рекламирање на стоки и услуги – домашни и споредбени искуства.


БИЗНИС ИНФО САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

20

четврток, 22 ноември 2012, Бр. 116

• Новини во заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредит, новини во Законот за финансиски услуги на далечина и други актуелни прашања од банкарските договори за потрошувачите. Советувањето е наменето за раководители��е на правните служби и службите за грижа за корисници/потрошувачи на трговците со стоки за широка потрошувачка, давателите на јавни услуги (продажбата на електричната енергија од дистрибутивната мрежа, топлинската енергија, јавните телекомуникациски услуги, поштенските услуги, услугите за превоз на патниците во јавниот градски и приградски сообраќај, снабдувањето со вода за пиење, одводот на отпадните води и одржувањето на чистотата), банките и другите финансиски институции. Исто така, советувањето ќе биде корисно и за раководителите на одделите за маркетинг/промоција кај трговците и давателите на јавни услуги, но и за маркетинг агенциите. Предавачи на семинарот се: д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска е редовен професор на Правниот факултет “Јустинијан Први” -Скопје на предметните програми: облигационо право, на првиот циклус на студии; договорно право и право на интелектуална сопственост, задолжителни предмети на вториот циклус студии; како и отштетно право, потрошувачко право, конкурентско право, интернет право, право на осигурување и обезбедување трансакции и договори на автономната трговска, како изборни предмети. . Претседател е на Правната група на Организацијата на потрошувачите на Македонија. Учесник е на повеќе меѓународни семинари од областа на облигационото право, правото на интелектуалната сопственост и правото за заштита на потрошувачите. Автор е на повеќе од 130 научни и стручни трудови. Како дел од работна група учествувала во подготовка на повеќе законски проекти, меѓу другите - Законот за денационализација, Законот за земјоделско земјиште, Законот за сопственост и други стварни права, Законот за заштита на потрошувачите, Законот за заштита на топографијата на интегралните кола, Законот за облигациони односи, Законот за индустриската сопственост и бројни подзаконски прописи. Била ангажирана како правен експерт од страна на европската комисија, во процесот на реформа на потрошувачкото законодавство на Црна Гора. Професор д-р Валентин Пепељугоски, Адвокат, роден е во Прилеп, во 1962 година. Дипломира на „Правниот факултет“ во Скопје, во 1985 каде и докторира во 2003 година на тема „Заштита на правата од индустриска сопственост од нелојална конкуренција“. Учествувал во донесувањето на повеќе закони и подзаконски акти.Учествувал во многу работни групи во земјата и во странство од областа на интелектуалната сопственост, конкуренцијата и потрошувачкото право. Автор односно коавтор е на 6 универзитетски учебници и преку 40 научни и стручни трудови, во земјата и странство. Како адвокат ги застапува најпознатите домашни и странски компании од областа на банкарството, ИТ секторот, софтверот и енергетиката. д-р Неда Здравева е доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и е наставник на предметните програми: облигационо право на првиот циклус на студии; договорно право и право на интелектуална сопственост, задолжителни предмети на вториот циклус студии; како и отштетно право, потрошувачко право, интернет право, и договори на автономната трговска, како изборни предмети. Член е на Правната група на Организацијата на потрошувачите на Македонија. Учествувала на бројни конференции и обуки од областа на облигационото право, и особено потрошувачкото право, како и правото на интелектуална сопственост. Автор е на триесетина научни и стручни трудови, објавени во земјата и странство. Учествувала во подготовката на измени и дополнувања на Законот за облигационите односи и Законот за заштита на потрошувачите. д-р Ненад Гавриловиќ е доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и е наставник на предметните програми: облигационо право на првиот циклус на студии; договорно право и право на интелектуална сопственост, задолжителни предмети на вториот циклус студии; како и отштетно право, потрошувачко право, конкурентско право, интернет право, право на осигурување и обезбедување трансакции и договори на автономната трговска, како изборни предмети. Член е на Комисија за јавни услуги и Комисија за енергетика и домување на Организацијата на потрошувачите на Македонија. Учествувал на семинари, конференции и обуки од областа на облигационото право, вклучително и потрошувачкото право, правото на интелектуална сопственост и конкурентското право. Има објавено повеќе од триесет научни и стручни трудови, објавени во земјата и странство. Бил член на Работната група за измени и дополнувања на Законот за облигационите односи За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: работен материјал; ручек и одвежување; сертификат за учество на семинарот. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 23 ноември 2012 година.


четврток, 22 ноември 2012, Бр. 116

21 БИЗНИС ИНФО САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар

“ЗАКОН ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ” -Нов закон во легислативата на Република Македонија-

29 Ноември 2012 година, 9:00-16:30 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 4, на 5-ти кат Новиот Закон за архивски материјал е резултат на согледувањата за современите потреби од посоодветно нормативно регулирање на материјата сврзана со заштитата, чувањето, користењето и обработката на архивскиот материјал, инспекцискиот надзор и надлежностите на Државниот архив на Република Македонија. Како основа е земен постојниот закон за архивска граѓа, но ќе бидат внесени бројни новини и подобрувања кои во голема мерка го менуваат и дополнуваат овој закон и сочинуваат нов законски текст. Целта на овој семинар е да се запознаат заинтересираните страни со новата современа правна рамка за уредување на прашањата за канцелариското и архивското работење на имателите на јавен и приватен архивски и документарен материјал. Целна група: Лица вработени во секторите за општи и правни работи и секторите за човечки ресурси во трговските друштва, за управителите, односно менаџерите, адвокатите, како и за сите лица кои во своето секојдневно работење имаат некакви допирни точки со предметната материја.

Содржина:

• Предмет, цел и содржина на законот за архивски матерјал; • Електронски архивски и документарен материјал; • Јавен архивски и документарен материјал; • Приватен архивски и документарен материјал; • Надлежност на државниот архив на Република Македонија; • Користење на јавен архивски материјал; • Надзор; • Прекршочни одредби.

Предавачи: 1. М-р Љупчо Фармакоски, државен советник за правни и нормативни работи во Министерството за инфромтичко општество и администрација. Тој е дипломирал на правниот факултет Јустинијан први во Скопје, а потоа магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања на отсектот Менаџмент на човечки ресурси. Изминатите години е ангажиран во подготвувањето на повеќе закони и тоа како член на работната група за изготвување на Законот за електронско управување, член на работната група за анализа, измена и дополнување на Законот за управна постапка и сл. 2. Д-р Иван Алексов, раководител на сектор за средување и обработка на архивски матерјал, Државен Архив на Република Македонија

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: работен материјал; учeк и освежување; сертификат за присуство на семинарот. Рок за пријавување: 27 ноември 2012 година


БИЗНИС ИНФО

22 BSI

четврток, 22 ноември 2012, Бр. 116

TM

ISO 9001:2008 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Компанија од Црна Гора бара да откупува јаболки од Република Македонија од сортите ајдаред, златен и црвен делишес, гремит смит, муцо, глостер - прва класа, калибража од 75 до 85 мм франко Подгорица. Валидност до: 5.6.2013 година Белгиска компанија бара застапник во Република Македонија на бетон во боја кој се употребува за подни облоги за внатрешни површини, ваквиот бетон врши замена на подни плочки, многу е декоративен,целосно е водотпорен и не фаќа прашина. Валидност до: 5.4.2013 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на бојлери, сончеви колектори, резервоари за топла вода и радијатори. Уредите се со оперативен концепт за економско и еколошко греење. Валидност до: 5.3.2013 година Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на риба. Валидност до: 6.02.2013 година Компанија од Германија нуди решенија за оптимално искористување на енергијата. Валидност до: 6.02.2013 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на инструменти за анализа на квалитет на воздухот и водата, како и издувните гасови. Валидност до: 6.02.2013 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на брановидни цевки и кондензатори. Валидност до: 6.3.2013 година Грчка компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на машини за автоматско етикетирање и машински линии за полнење кечап. Валидност до: 6.3.2013 година

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на хидроизолациони материјали, фотоволтаични хидроизолациони мембрани, битуменски ленти мембрани, комплетен систем за покривање што не пропушта вода. Валидност до: 6.3.2013 година Компанија од Израел заинтересирана е да откупува земјоделски производи од Република Македонија, домати, пиперки, кромид и овошје. Валидност до: 7.4.2013 година Компанија од Грција бара соработка со

увозници на храна и пијалаци за пласман во Република Македонија. Валидност до: 7.4.2013 година Компанија од Грција бара соработка со компании во Република Македонија специјализирани за електрични инсталации и автоматизација. Валидност до: 7.4.2013 година Романска компанија е заинтересирана за идна соработка со македонски компании кои работат на полето на електричната енергија (производство, транспорт, дистрибуција) и др. Валидност до: 13.02.2013 година


БИЗНИС ИНФО

четврток, 22 ноември 2012, Бр. 116 BSI

23

TM

ISO 9001:2008 FS 549642

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на индустриски смукалки и постројки за вшмукување. Валидност до: 13.02.2013 година Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на чевли, кожни додатоци, чанти, паричници, ремени и др. Валидност до: 13.3.2013 година Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на маслиново масло. Валидност до: 13.4.2013 година Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на земјоделски машини. Валидност до: 13.4.2013 година Компанија од Турција заинтересирана е да соработува со компании од металната индустрија во Република Македонија со понуда на суровини и хемиски адитиви за леење на железо и челик. Валидност до: 14.02.2013 година Компанија од Србија бара соработка со македонски фабрики кои произведуваат електрични апарати за пласман на греjачи, цевни, патрон, керамички и галвански греjачи и опрема, наменети за индустријата, угостителска и пекарска опрема, апарати за домаќинство и широка потрошувачка. Валидност до: 14.3.2013 година Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на термостати за радијатори со чија помош се штедат милиони тони нафта или кубни метри природен гас и придонесуваат кон намалување на емисиите на СО2. Валидност до: 15.4.2013 година Компанија од Австрија бара дистрибутер во Република Макдонија за пласман на грејни апарати на биомаса. Валидност до: 15.4.2013 година Компанија од Белгија бара соработка со текстилни фабрики и фабрики за

производство на чанти во Република Македонија за пласман на копчиња. Валидност до: 15.4.2013 година Реномирана компанија од Р. Македонија продава комплет фабрика со автоматска линија за производство на чист природен течен јаглен двеоксид, квалитет наменет и за производство на Coca-Cola, Pepsi Cola, со капацитет од cca 1.000 kg / h готов производ, со машина за полнење на течен јаглен двеоксид во боци од 2,5 - 50 литри, со две статични цистерни и една најмодерна цистерна за превоз на течниот гас до купувачите, со два извора (бунари) на вода и со сопствена концесија за земјиштето. Цена по договор. Локацијата на објектот е во околината на Битола, до границата со Грција. Валидност до: 5.10.2013 година Компанија од Турција бара соработка со здравствени установи во Република Македонија за пласман на лабораториска опрема. Валидност до: 15.4.2013 година Компанија од Црна Гора заинтересирана е за соработка со македонски компании кои произведуваат градежни материјали, електроинсталатерски услуги и материјали наменети за изведба на градежни објекти. Валидност до: 15.5.2013 година Компанија од Индија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на автоматски и полуавтоматски машини за полнење и пакување. Валидност до: 16.3.2013 година Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на хидроизолациони материјали, фотоволтаични хидроизолациони мембрани, битуменски ленти мембрани, комплетен систем за покривање што не пропушта вода. Валидност до: 6.3.2013 година Компанија од Израел заинтересирана е да откупува земјоделски производи од Република Македонија, домати, пиперки,

кромид и овошје. Валидност до: 7.4.2013 година Компанија од Грција бара соработка со увозници на храна и пијалаци за пласман во Република Македонија. Валидност до: 7.4.2013 година Компанија од Грција бара соработка со компании во Република Македонија специјализирани за електрични инсталации и автоматизација. Валидност до: 7.4.2013 година Компанија од Грција бара соработка со компании во Република Македонија кои се занимаваат со енергетски производи и системи. Валидност до: 7.3.2013 година Компанија од Грција бара соработка со македонски компании кои вршат откуп на цврст отпад, сакаат да го обработуваат како суровина за производство на цврсти горива за затоплување на објекти и производство на биогорива за патен сообраќај и авиотранспорт, како и евентуално производство на енергија. Валидност до: 7.3.2013 година Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на инвертори за заварување и опрема. Валидност до: 16.3.2013 година Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на флуоресцентни производи за осветлување. Валидност до: 16.3.2013 година Компанија од Турција заинтересирана е за пласман на потопни пумпи во Република Македонија. Валидност до: 16.3.2013 година

Ова е само дел од богатата Понуда и Побарувачка на Стопанската комора на Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб-портал www.mchamber.mk Контакт: Мирјана Коцева Е-адреса: Mirjana@mchamber.mk Тел:3244-035; Факс: 3244-088


24

БИЗНИС ИНФО

четврток, 22 ноември 2012, Бр. 116


четврток, 22 ноември 2012, Бр. 116

БИЗНИС ИНФО

ʔʑʟʝʞʏ

25


БИЗНИС ИНФО

26

ПОКРОВИТЕЛИ

четврток, 22 ноември 2012, Бр. 116

НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПРЕМИУМ покровители

Покровители

INDUSTRIES

СИЛВЕР Покровители

Стопанска комора на Македонија дос тапни насек аде ...

Ве очекуваме на веб-порталот на комората Дознајте повеќе: www.mchamber.mk

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk

Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088 ic@mchamber.mk


Бизнис ИНФО број 116 од 22 ноември 2012