GT20

Page 53

ЛИЗИНГ И КРЕДИТ

Во услови на органичени финансиски ре­ сурси, една од можностите до автомобил е по пат на лизинг или купување на автомобил пре­ ку наменски потрошувачки кредит (автомо­бил­ ски кредит). Лизингот е активност која се однесува на подвижен и недвижен предмет, при која ко­ рисникот на лизинг го определува предметот на лизинг кој е купен или произведен од страна на давателот на лизинг и се дава на користење на корисникот на лизинг за договорен вре­мен­ ски период, во замена за плаќање на надомест за користење на предметот на лизинг, врз ос­ нова на договорот за лизинг кој е склучен меѓу давателот и корисникот на лизинг спред усло­ вите определени во него. Под поимот давател на лизинг се подразби­ ра правно лице кое дава еден или повеќе предмети на користење на корисникот на ли­ зинг, за одреден временски период, под усло­ вите во договорот за лизинг. Додека корисник на лизинг се дефинира како правно или фи­ зичко лице кое го прима предметот на лизинг за употреба според договор за лизинг. Според Законот за лизинг постојат два вида на лизинг и тоа: • финансиски лизинг (лизинг со кој се пре­ несуваат сите ризици и користи кои произ­ле­ гуваат од сопственоста на еден предмет (под­ вижен или недвижен) при што со истекот на определен временски период сопственоста може, но не мора да биде пренесена) и

• оперативен лизинг (претставува секој ли­ зинг кој не е финансиски лизинг). Во Република Македонија даватели на лизниг можат да бидат домашни и странски трговски друштва, кои имаат основано свои подружници во Република Македонија. Кога сакате да дојдете до автомобил еден од начините е со склучување на договор за лизинг во писмена или електронска форма меѓу давателот и корисникот на лизинг, со кој давателот го дава предметот (во конкретниот случај автомобил) на користење на корисникот според условите наведени во договорот за определен временски период. Договорот за лизниг задолжително се за­ верува кај нотар и содржи: опис на предметот (видот на автомобилот), вкупната вредност на автомобилот, износот на аконтацијата, вре­ мен­ски период на кој е склучен договорот за лизинг, вкупен износ на надоместокот што го плаќа корисникот на лизинг, број и износ на одделени плаќања и рокот на нивното при­ стигнување. Од моментот на приемот на возилото ко­ рисникот е должен да го осигура возилото кое е предмет на договор за лизинг кај друштво за осигурување, се додека возилото не биде вра­ тено на давателот на лизинг. Исто така, корисникот на лизинг е одгово­ рен за одржување на возилото кое е предмет на договор за лизинг во добра работна сос­ тојба и нормална употреба, при што самиот Година 5 • Квартал 4

53


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.