Специјализирано списание за градежништво и транспорт • Излегува четири пати годишно
Година V • Број 19
20 години Фимако • CAT • Liebherr R9250 Electric Volvo L25F • Atlas Copco • Gehl V330 • Metso • Wurth • Schmitz Cargobull
СОДРЖИНА Претставуваме: Од уреднички агол........................................................................................3 20 години Фимако .........................................................................................4 CAT Grade Control.........................................................................................8 Liebherr R9250 Electric..............................................................................11
Издавач: КУКОМ дооел - Скопје
Volvo L25F........................................................................................................14 Atlas Copco - Minetruck MT5020 ............................................................17 Gehl V330............................................................................................................20
Главен и одговорен уредник: Благоја Дрнков Графички уредник: Филип Даскаловски Постојани соработници: Агрон Сулејман, Зоран Коцев, Сашо Наумовски, Андријан Трипунов Маркетинг: Благоја Дрнков, Наташа Спасовска Адреса на редакцијата: „Коста Шахов“ 6-1/1 1000 Скопје
Sandvik DX700R................................................................................................24 Metso - Интелигентни решенија............................................................26
Занимливости, вести... ESCO Ultralok Mining Tooth System.......................................................29 IFOY награда за виљушкарот Toyota Triago 80.................................33 Wurth - TRIATHLON – програма на моторни масла...........................36 Оплата ..............................................................................................................40 Ќерамиди...........................................................................................................44 lotuls - Base Protection............................................................................46 ADR-превоз на опасни материи..............................................................49
Сите права задржани. Ниту еден дел, текст или фотографија не смее да се репродуцира или дистрибуира на било кој начин или на било кој јазик, без претходна согласност од редакцијата на Г и Т. Г и Т е тромесечна ревија.
Trанспорт Mercedes Vito..................................................................................................51 Ford F-150.........................................................................................................54 Schmitz Cargobull S.CS Genios...............................................................58 Zeligson............................................................................................................61 Walmart WAVE.................................................................................................64
www.g-t.com.mk
02 3223 531 2
Година 5 • Квартал 3
Wrightbus New Routemaster....................................................................67
Од уреднички агол Каде водат нашите патишта? Во развојот на индус тријата, добрата инфра структура гарантира по ловина од успехот. Без разлика со каква дејност сакате да се бавите, прво што ќе ве интере сира е поврзаноста на дадената локација со комунална инфраструк тура односно со ене р гија, телекомуникации, водовод, канализација, скла дирање на отпад, потоа ефикасни патиш та и накрајот квалитетна работна сила и се разбира прецизни и јасни закони. Што ние како држава,од тие елементарните услови, досега понудивме на заинтересираните, домашни и странски инвестито ри? Можеби вистинското прашање би гласело што од горенаведените предуслови Македонија подоб ро ги има исполнето од балканските конкуренти па и пошироко. Ако се ограничиме само на делот на патната инфраструктура, моменталната ситуација воопшто не изгледа ветувачка. Ако реално погледнеме, на пример со очите на странски инвеститор кој сака да вложи во некој капацитетот во источниот дел од земјата? Тесни “џадиња“ кои притоа и не се оддр жавани во некоја прифатлива како-таква состојба, ги поврзуваат населените места и градовите од истокот. За некој брз и безбеден камионски превоз воопшто не станува збор. Од странско-инвеститор ски аспект, без тежина па дури и несериозни се на шите објаснувања дека веќе е започната градбата на современ пат кој ќе ги поврзува Скопје и Штип. Одговорот: па добро, кога ќе ги завршите, ќе ја земеме во предвид и вашата понуда – делува поразително. Истата слика за патната инфраструктура се повто рува и низ централна Македонија каде што главната сообраќајница, автопатот “Александар Велики“ е во прилично риунирана состојба и бара сериозна ре конструкција, а и на западот на државата транспор тот функционира само некаде до пред Гостивар. Ќе повториме уште еднаш, ова е моменталната слика
на условите по кои би требало да сообраќаат домашните и странските транспортери. Изградбата и оддржувањето на квалитетни и брзи сообраќајни ци е ѓаволски скапа работа и врзува големи фи нансиски средства. Таа инвестиција своите по зи тивни ефекти ги испорачува на подолг рок а тоа не секогаш се поклопува со политиките на владеачките гарнитури кои најчесто се усмерени кон постигну вање на краткорочни резултати. Оттука треба без резервно да се поддржи започнатата изградба на веќе започнатите автопатски делници но од ова место и да се предупреди на квалитетно оддржува ње на веќе постоечките патишта. Да се оттргнеме еднаш од балканскиот менталитет на размислување: ете изградивме, што повеќе од ова? Одговорот е – оддржување! Знаеме дека и тоа чини пари, но да се повториме уште еднаш, инвестирањето во инфра структурата се исплати на подолг рок, тоа можеби и највеќе се однесува на патната мрежа. За останатите компоненти од потребната инфра структура, за која нели најпрвин прашуваат инвес титорите, ќе се осврнеме во идните броеви од списанието и тоа со посебен осврт на еколошкиот аспект на производството во кој секако спаѓа и собирањето, третирањето и регенерацијата на инду стрискиот и градскиот отпад. Само како најава - во оваа дејност сериозно заостануваме во однос на развиениот свет а токму во неа се кријат и огромни економски потенцијали.
Ви посакувам пријатно читање Главен уредник Благоја Дрнков
Година 5 • Квартал 3
3
20 години Фимако
Постигнатото во минатото - поттик за иднината Беше тоа време-невреме кога го баравме нашиот пат што ќе не однесе кон посветлата иднина. Неизвесноста ни беше доброутро, загриженоста добровечер, а денот беше исполнет со надеж за из лез од натежнатото секојдневие.
Во тоа време, пред точно 20 години, со јасна визија за иднината и исто толку години искуст во, група вредни луѓе ја основаа фирмата Фимако. Со мисли насочени кон перспективи те на тогаш сé уште алтернативната иднина во која секојдневните грижи кои натежнуваа над нашите души ќе бидат заменети со радост што ја носи сработеното, во Фимако се ангажираа на нашите градежници да им понудат ефикасни
4
Година 5 • Квартал 3
алатки со кои полесно ќе го градат патот кон подобрата иднина што сите желно ја оче ку вавме. За да се оствари тоа не беше доволно само да се влезе во трговијата со градежни машини - потребно беше да се вложи многу труд и време и на нашите вредни мајстори по стојано да им се презентираат најновите тех нолошки достигнувања во опремата за гра дежништво и да се обезбеди нивен најбрз сер вис, обука и резервни делови. Така беше тогаш, а така е и сега - прогресот никогаш не застанува, така што и после 20 успешни години продажба на нови и употре бувани машини за градежништво, главно во делот на механизацијата за нискоградба, истите мотиви ги движат ентузијастите од Фимако кон нови постигнувања. А нив ги има многу на број, за кои потврда е и постојаното приклучување на нови врвни светски произво дители на опрема во богатото портфолио на оваа фирма. Најновите имиња кои ја осознаа професионалноста на вработените во Фимако и во нивни раце го доверија своето присуство на нашиот пазар се Bell, Kaeser, Green Power и Strassmayr.
Денес, кога Фимако прославува две децении од своето постоење, неговата продажна програма се состои од широка гама производи кои целосно го затвораат технолошкиот процес за изград ба на патишта, од почеток до крај, и неа ја сочинуваат следните светски производители:
BOMAG - опрема за набивање, финишери и фрези
GREEN POWER генератори за струја
BELL - артикулирачки дампери
MATHEIU - улични чисталки и метларки
CEDIMA - машини за сечење асфалт и бетон
MASSENZA опрема за управување со битумен
KAESER - мобилни градежни компресори
ELE лабораториска опрема MARINI - асфалтни бази
6
Година 5 • Квартал 3
Фирмата располага и со сервис со магацин за резервни делови со преку 500 категории на различни резервни делови, масла и мазива и потрошен материјал. Сервисната служба е достапна во секое време како во гарантниот период, така и после него, со поддршка на домашни и странски експерти и сервисери. Продадените преку 1.000 најразлични машини низ цела Македонија и пошироко само ги потврдуваат квалитетот на производите и до вербата во тимот на Фимако што ја имаат купувачите. За нивното задоволство од услугата да биде комплетно, посетите на големите светски и регионални саеми, индивидуалните
посети на производителите, демо презен та циите и семинарите се составен дел од основните активности при презентациите на новите технолошки достигнувања. Така беше во минативе дваесет години, така ќе биде и понатаму, бидејќи постигнатото во ми натото е поттик за иднината.
Година 5 • Квартал 3
7
CAT Grade Control
Лесно како видео игра Иновативната Grade Control технологија ќе биде стандардна за популарниот CAT 323 багер.
8
Година 5 • Квартал 3
Добра вест за сите гра дежници - CAT 323 багерот стандардно ќе доаѓа со иновативната Grade Control технологија која штеди гориво и работна сила. Овој фабрички интегриран и калибриран систем зна чително му помага на опе раторот да ја извршува ра ботата брзо, ефи касно и прецизно со помош на по зиционирање во реално време и претходно внесе ни податоци за контрола на ископот, кои се по ка жува ат на стандардниот мо нитор во каби ната. Со контрола на нагибот, системот помага опера торот на машината копањето да го из врши правилно со помалку циклуси на работа, ште дејќи не само време туку и пари со помалку потрошеното гориво и материјали, притоа ми ни мизирајќи ја и потребата за контрола на сработеното и помошна опрема за тоа. Сé на сé, тој ја зголемува целокупната ефикасност на работата, но и безбедноста на градилиш тето. Досега Grade Control технологијата се нудеше како опција, за која сé повеќе купувачи пра
шуваа барајќи начин како да ги намалат трошоците за работа. Затоа и во CAT одлучија во иднина Grade Control системот да биде дел од сериската опрема на багерот 323. Од перспектива на работникот, оваа технологија е лесна за разбирање и употреба. Тој едно ставно треба во системот да ја внесе вер тикалната појдовна позиција со допирање на позната точка како референтна или со бавно спуштање на палката додека ласерскиот зрак не биде детектиран. Потоа се внесува дла бочината на копање или вредноста на нагибот во однос на појдовната точка и системот со помош на сензорите кои добро се заштитени од оштетувања, ги мери потребните движења на стрелата и корпата и тоа го покажува на дисплејот. Со еден збор, лесно како видео игра! Најновите испитувања во кои се споредуваат машини со и без Grade Control технологијата покажуваат дека заштедата на гориво за да се изврши истата работа е околу 6 отсто. Знаејќи колку е долг работниот век на машините на CAT, тоа значи дека со текот на годините ќе се наталожат илјадници евра заштеди само од помалку потрошеното гориво. Ако пак се вклучат и заштедите од дополнителните кон Година 5 • Квартал 3
9
троли на сработеното кои веќе не се толку потребни, тогаш тие се уште позначајни. Овој систем ќе биде достапен за купувачите на CAT 323 во Европа и Северна Америка до крајот на годинава, а оние кои сакаат уште поголема прецизност и ефикасност во ра ботата лесно можат да го надградат со 3D способности. За повеќе информации за Grade Control системот, неговите можности и вооп што за понудата на CAT, обратете се до Текноксгруп Македонија. Основан во 1925 година, Caterpillar денес е водечки светски производител на градежни и рударски машини, дизел и мотори на CNG, индустриски гасни турбини и дизел-електрич
10
Година 5 • Квартал 3
ни локомотиви. Оваа компанијата, која во 2009 година беше рангирана како 44-та најголема во светот, поседува имот вреден од 89 ми лијарди долари и вработува 125.000 луѓе. Препознатлива како лидер секаде каде има работа за работење, клучен дел од долгороч ната стратегија на компанијата е вложувањето во развојот на нови технологии. Багерот CAT 323 спаѓа во средноголемата категорија и е еден од поуспешните модели. Негови пре познатливи карактеристики се штедливата работа и моќноста, а сега со новата Grade Control технологија исчекорува уште еден степен понапред од конкуренцијата.
Liebherr R9250 Electric
Моќен багер на струја Алтернативните извори на енергија наоѓаат примена и во најмоќните работни машини. Примерот со импозантниот хидрауличен багер,Liebherr R9250 Electric, најдобро го илустрира трендот на електрификација кој веќе ја за фати и најтешката класа на багери наменети за површински рударски копови.
Година 5 • Квартал 3
11
Примероци од Liebherr R9250 Electric се испо рачани на клиенти од Русија, а тој податок најдобро ја илустрира наменската употребна вредност на машините кои наместо со дизел ски аграгати се придвижуваат со помош на електромотор. Секако дека рударските повр шински копови не се места за прикажување на помодарство туку примената на електричната енергија како главен погон носи со себе многу попрактични предности отколку што е тоа со чувувањето на природната средина. Работата при екстремно ниски или високи температури, економичноста при експлоатацијата и поед ноставното оддржување претставуваат одлучу вачки предности кога говориме за локации со екстремни работни услови, и не само таму, туку секаде каде што има пристап до моќен извор на електрична енергија.
Механика Во стандардната изведба багерот доаѓа со современ дизелски агрегат од Cummins кој има работен волумен од огромни 45 литри, распоредени во V12 конфигурација. Макси малната моќност на оваа енергана изнесува 1.287 КС а како илустрација на капацитетите нека послужи големината на резервоарот за нафта кој збира цели 5.440 литри. Кај електричната изведба целиот тој склоп е заменет со трифазен електромотор, со моќно ст од уште поголеми 1.408 КС (1.050 kW),кој се врти на 1.500 или на 1.800 вртежи во минута.
12
Година 5 • Квартал 3
Огромната силина на електромоторот доаѓа до израз во случај кога е потребен голем вр тежен момент а директното покренување на двете главни хидраулични пумпи, поради от суството на конверзија на силината од меха ничка во електрична, позитивно се одразува на економичноста при екплоатација. Оперативната тежина на багерот со импре сивни димензии, изнесува 250 тони во случај на вградена ровокопачка корпа, и три тона повеќе кога е вградена товарна лопата. R9250 Electric се потпира на екстремно цврста че лична кутијаста рамка изведена на три нивоа. Можноста за работа и при најтешки екплоа тациски услови е обезбедена од погонот на гасеници кој овозможува брзина на движење на багерот до максимални 2.7 км/ч. Иако гледано лаички оваа брзина делува прилично скромно треба да се напомене дека таа е ре чиси двојно поголема отколку кај аналогните конкурентските модели. Многу поважен пода ток од брзината на движење, кај овој тип ма шини, е брзината и ефикасноста на извр шу вање на еден работен циклус а тука моќната хидраулика на “големото швајцарско момче“ е неприкосновена: максималниот притисок за погон изнесува 320 bar додека за вртење на машината 350 bar. Целиот хидрауличен систем има капацитет од импресивни 4.050 литри.
Работен амбиент Ако една работна машина се проектира за работни услови при кои температурата може да варира помеѓу -40 и 500C веднаш станува јасно дека работното место на операторот
спаѓаат во доменот на високите стандарди одамна одомаќени кај машините на Liebherr.
Капацитети и одржување
треба да е вонсериски добро изолирано. Зго ра на тоа, тешките работни услови и големиот капацитет бараат додатно изолирана кабина и лесна контрола на командите. Сето тоа го има во R9250 Electric со напомена дека и најсит ниот детаљ е изведен со посебно внимание. Комфорната работа на операторот додатно е подобрена со отсуство на вибрации и бучава поради употребата на електромотор како ос новен погон. Според специфичните работни услови баге рот може да се порача со специјална опрема за загревање (со предгреење) или пак за ла дење. Во двата случаи клима уредот работи во оптимален режим обезбедувајќи беспрекорно чист воздух во кабината. Останатите својства како што се прилагодување на седиштето, пре гледни инструмнети, сензитивни команди, ...
Од многуте опции кои стојат на располагање за монтирање на корпи и лопати, кои се из бираат спрема видот на материјалот со кој се работи, може да се одберат приклучоци со капацитет помеѓу 13 и 17 m3. Интересен е податокот кој говори за можноста 95 % од вградените материјали да имаат можност за рециклирање. Кога се води таква грижа за екологијата, останатите карактерис тики секако дека мора да ги исполнуваат високо поставените стандарди според кои сите компоненти мора да обезбедуваат макси мална ефикасност и голема издржливост а притоа да биде строго запазен односот на трошоци спрема обработен тон-материјал. Тој однос кај Liebherr R9250 Electric е најповолен и тоа не само наспроти конкурентите туку и кај самиот производител.. Кога станува збор за оддржувањето најпрвин паѓа во очи капакот поставен на задниот дел од левата страна. Кога тој ќе се подигне сер висерот има целосен преглед на сите течности на машината. Редовните сервисни интервали се предвидени со продолжен рок а се изве дуваат во многу кратко време, така да багерот брзо може да се врати во работна состојба.
Адекватност за нашиот пазар Рударството во нашата земја веќе втора година бележи пораст а тенденцијата е на поната мошно зголемување на производството. Хи драу личните багери со голем капацитет на одредени површински копови едноставно не маат алтернатива. Нивното ангажирање значи зголемен обем на работа, зголемена продук тивност и се разбира, се што оди заедно со тоа. Од друга страна ангажирањето на висока та технологија во производен процес само по себе ги подигнува стандардите на повисоко ниво а тоа значи и влегување во друштвото на технолошки развиени општества. Година 5 • Квартал 3
13
Volvo L25F
Голем во сé освен во димензиите Шведските градежни машини се познати во светот по две работи - големината и издржливоста.
14
Година 5 • Квартал 3
Но, светот на градежништвото не стои, рабо тата постојано си тече, се менува и понекогаш е полесно таа да се заврши со мала, отколку со голема машина. А полесно им е и на оние кои имаат големи машини да направат мали, отколку на оние кои имаат мали да направат големи. Volvo е еден таков голем производител, а серијата F од утоварувачите на тркала една таква мала машина. Оваа серија составена од два модела, L20F и L25F, спаѓа во категоријата компактни утоварувачи и како и останатите машини на Volvo, големи или мали, сеедно, се одликува со истите особини: голема моќност, голема ефикасност, голема безбедност во ра ботата, голема економичност и голема издрж ливост. Со еден збор, компактните утоварува чи на Volvo се големи во сé освен во димензиите. Наменети се за работа секаде каде ја има нискоградбата, изградбата на објекти, земје ните работи, манипулација со разни матери јали, комуналните дејности, каменоломите, расадниците, земјоделството… Овој пат повеќе ќе се осврнеме на поголемиот модел L25F, кој со идеалното искомбинираните габарити, сила и комфор во работата, заедно со големите корпи за товарање и воопшто широк избор сестрани и повеќенаменски приклучоци пра ват овој модел да биде полн можности и значаен фактор за зголемување на продуктив носта на секоја компанија. Важна негова конструктивна карактеристика е хидростатскиот погон со осцилирачки зглоб кој овозможува лесно маневрирање и управу
вање, што во содејство со целосната блокада на диференцијалите на двете оски гарантира оптимална влечна сила и максимална безбед ност при работата дури и на нерамен или не стабилен терен, што често е случај. Системот на хидраулична брза спојка овозможува заме на на приклучоците за неколку секунди, а сигурната и удобна кабина му влева доверба на операторот и овозможува тој да се усредо точи на продуктивноста, без грижа за својата и безбедноста на другите. Поклопецот на мо торот што се подигнува со помош на гасни амортизери овозможува лесно сервисирање и непречен пристап од тлото до компонентите, филтрите и сите точки за проверки, а издрж ливиот мотор од сопствено производство во дечка економичност во својата класа. Ни малку за запоставување е и тоа што 95% од машината може да се рециклира кога таа ќе го заврши својот животен век, кој, како и кај останатите било мали, било големи градежни машини на Volvo, може да трае со децении. Секојдневната доверливост, без разлика каква работа тој ден ја чека оваа машина, е овозмо жена и со изборот меѓу паралелна или Z-стрела. Корпите кои стојат на располагање зависат од тоа, но генерално можат да бидат за општа намена (од 0,85 и 1,0 m³), за лесни материјали (од 1,2 и 1,4 m³), таканаречената 4-во1 со запци и волумен од 0,8 m³ и специјално изведената корпа за високо кипање од 1,1, односно 1,2 m³. Нивната широчина, во завис ност од изведбата, се движи меѓу 1,8 и 2,0 Година 5 • Квартал 3
15
метри, а висината на кипање е во распон од 2,34 до 3,61 метри. Должината на целата машина, која повторно зависи од стрелата и видот на корпата, се движи меѓу 5,0 и 5,5 метри, широчината е 1,74 метри, а височината со подигната корпа меѓу од 4,05 до 4,95 метри. Опсегот на дофат се движи од 8,37 до 8,96 метри, меѓуоскиното растојание е 2,13 метри, а работната тежина од 4,8 до 5,14 тони. Секако, L25F може да биде опремен и со други работ ни приклучоци, од кои најчесто се среќава вилушката за подигнување со тежиште од 500 mm. Без разлика што е прикачено на овој модел, за негова ефективна работа се грижи хидрау личниот систем со интегриран систем за ла дење и термостатички контролиран проток од 55 l/min под притисок од 23 MPa. На хидрау личниот цилиндар му се потребни 6 секунди за подигнување на товарот, 2 за празнење на кор пата и 4 за нејзино спуштање. Погонот се до бива од четирицилиндричен Tier III/Stage 3A дизел мотор со 49,5 KS кои ги добива од 3,1 литри работна зафатнина при 2.300 вртежи во минута, што најдобро кажува за неговата долготрајност. Максималниот вртежен момент од 178,6 Nm се пренесува на сите четири тркала преку двостепена трансмисија, која ово з можува брзина од 5, односно 20 km/h, како нанапред, така и наназад. Зглобот на кар данот има агол на осцилација од ±38°, а трка лата се од 18“. Во удобната кабина, една од најпространите во класата, на централната позиција е плочата со инструментите, а ергономската повеќе на
16
Година 5 • Квартал 3
менска управувачка палка и потполно подеси вото седиште се само некои од особеностите кои го намалуваат заморот на операторот. Тој, пак, има добра видливост во сите насоки преку широките стаклени површина на сите четири страни. А сите знаеме дека добриот преглед над приклучокот и насекаде околу машината и битен како за побрза и попрецизна работа, така и за подобра безбедност на градилиш тето. Но, за секој случај, тука се и сигурносниот појас и сертифицираниот систем на кабината за заштита при превртување. Освен со греење, кабината е опремена со системи за одмаглу вање, одмрзнување и филтрирање на воздухот, за работа при високи надворешни температу ри може да се нарача и клима уред, а ако некој сака ќе добие и радио. Во тој случај, звучната изолација која ја намалува бучавата на 75 dB(A), повеќе ќе дојде до израз.
овластен дилер за VOLVO Градежни машини ул. ЛЕРИНСКА бр. 68а моб.: +389 78 383 484 / тел.: +389 02 615 52 50 e-mail: info@mgk.mk www.mgk.mk
Atlas Copco - Minetruck MT5020
Хоризонтален камион Minetruck MT 5020 можете да го сретнете само под земја. Тоа е природен амбиент за работа на камионот кој има задача ефикасно да пренесува големи товари а при тоа да има минимална височина на конструкцијатаи извонредни маневарски способности.
Година 5 • Квартал 3
17
Камион со облик како тој на Minetruck MT5020 среќаваат само професионалните работници вработени во рударската индустрија. Големата носивост, моќниот мотор, потоа специфичните работни услови, зголемените можности за ма неврирање,...претставуваат само дел од карак теристиките кои мора да бидат вклопени во робусната конструкција која има ниска силуета со максимална височина адаптирана на тунел ските коридори за транспорт. Atlas Copco на ова поле има долга традиција, па кога говори ме за моделот MT5020 најголемо внимание посветуваме на подобрувањата направени во однос на неговиот претходник MT5010.
се обуени во пневматици од полн профил. Со максимална брзина, која под полн товар може да изнесува 39.2 км/ч, камионот достиг нува највисок однос на пренесен товар за оп ределено време,кажано поинаку тој располага со најголема ефикасност во однос на целата конкуренција. Зглобното хидраулично управу вање е конструирано со идеја за постигнување голема покретливост додека времето на расто варање од само 15 секунди е уште еден по казател кој говори во прилог на зголемување на ефикасноста која Atlas Copco ја посветува на своите нови машини.
Работен амбиент Механика Од основните специфики на овој камион пред се ги истакнуваме моќниот мотор, зглобното управување и погонот на сите тркала. Со макси малната височина од 315цм се детерминира вградувањето на сите механички компоненти. Поради таа причина моторот е сместен пара лелно со возачот, најниската точка на камио нот е поставена на само 455цм од тлото, па дури и амортизерите се поставени под голем агол. Вкупната тежина на MT5020 изнесува 42 тона а капацитетот на приколката 50 метрички тони. Конструкцијата ја движи мотор од 650 КС и вртежен момент од 3.084 Nm, тој е производ на Cummins и со своите 19 литри работен волумен распредени во 6 линиски цилиндри, припаѓа на старата школа на градење на ра ботни мо тори.Менувачот, од планетарен тип, има 6 степени за движење напред и два за на зад и ги покренува сите четири тркала кои пак
18
Година 5 • Квартал 3
Возачкото опкружување е од чисто камионски тип. Големите стаклени површини овозможу ваат добра видливост на сите страни а камери те поставени на задниот дел обезебедуваат ви зуелно покривање и на тој дел од работниот простор. Амортизацијата на камионот која има од 140 мм заедно со воздушната суспензија на возачкото седиште овозможуваат комфо рен
престој преку целиот работен ден. Возачката кабина е висока 284 цм и секако ги исполнува ROPS/FOPS безбедносните критериуми. Вле зот во кабината е максимално олеснет со по себните скали и држачи, внатре во кабината има место уште за еден оператор (на пр. ин структор) а производителот посебно ја истак нува грижата која е водена за звучна изолација на возилото. Токму тој момент заедно со капа цитетниот клима уред ќе знаат престојот во кабината да го направат пријатен а со тоа да обезбедат и максимална ефикасност на ра ботата.
рани. Причина за тоа е прилагодување на по себните услови во кои е предвидено да рабо тат овој тип машини. Инаку MT5020 е оперативен до температура на околината од 520C. Резервоарот има капацитет од 844 лит ри што на прв поглед се чини како енеромно голем, но кога тој податок ќе се поврзе со потрошувачката од 57 литри на час (при полно оптеретување), значи дека возилото треба да полни нафта на секои 15 часа работа. Механичарите, со MT5020 не би требало да имаат многу работа. Сите контролни точки се поставени на едно место а и сите течности се
Капацитети и одржување Сите склопови на Minetruck MT5020, како што се моторот, менувачот, хидрауличната инста лација, електронските уреди и електричните инсталации, се посебно обработени и изоли
дополнуваат повотрно на централизирано ме сто. Хидрауличниот систем се грижи за потпира њето потоа за сопирачките, за истоварувањето на товарот, а силата се црпи од хидрауличен резервоар од 239 литри. Во секој случај едноставното одржување и долгите интервали на редовни сервиси се особина која го краси овој специјален камион, исто како што е случај и со останатите спе цијални машини на Atlas Copco.
Година 5 • Квартал 3
19
Gehl V330
Алтернатива вредна внимание Големите имиња имаат големи планови составени од големи коцкички, кои оставаат и големи празнини меѓусебе.
20
Година 5 • Квартал 3
Кога се бира работна машина, прво се гледа кај големите имиња - помалите секогаш се во нивна сенка. Но, покрај неоспорниот квалитет, големите имиња како големи играчи го креи раат пазарот онака како тие сметаат дека треба и како нив им одговара, често оставајќи големи простори кои не им се исплатува да ги покриваат. Малите имиња, пак, за да се избо рат да влезат во видокругот на купувачите по веќе се трудат да понудат нешто поинакво, нешто што другите воопшто го немаат или го немаат во таков облик. Тоа што се мали им е предност бидејќи им овозможува флексибил ност што големите ја немаат, ниту можат да си ја дозволат. И динамичноста во развојот и ра ботење то е на нивна страна, така што секој купувач ќе направи умен избор ако ја разгледа понудата на малите имиња - ќе се изненади што тие имаат да понудат. Компанијата Gehl од Висконсин, САД, е произ водител на градежна опрема. Основана пред точно 155 години, оваа компанија според го лемината не е мала, но бидејќи е специја лизирана за мали машини многумина мислат дека е. Таа всушност е најголемиот произво дител на земјоделски машини (без трактори) во Северна Америка, но имиџот на мал про изводител идеално се надградува на гамата производи и како таков Gehl го негува тоа. Така сметаат и во француската група Manitou BF во чиј состав Gehl денес делува, но го почитуваат како рамноправен партнер и сите свои ресур си низ целиот свет ги ставаат на располагање
на неговите клиенти. А тие, како и секогаш, бараат да платат помалку, а да добијат повеќе. Кај Gehl тоа и го добиваат, но во мало пакува ње - сите машини на оваа компанија се ком пактни. Сфаќајќи каде лежи силата на малите, нивниот центар за истражувања и развој е сé само не мал. Опремен со врвна технологија, неговите инженери овозможуваат Gehl да ги предводи трендовите во технологијата и пос тојано да ја проширува гамата производи, ос танувајќи секогаш верен на стекнатата ре путација на оригиналност, иновативност и сигурност. Овие особености го красат и мали от натоварувач V330, кој по многу нешта се вклопува во барањата на купувачите, а по не кои и ги надминува. Таква е и неговата главна карактеристика - вертикалното подигнување на товарот, која ќе биде добредојдена во олеснувањето на работата за многу бизниси од различни дејности. Лансиран под мотото „Туркајќи ги границите на иновативноста ги турка и вертикалните граници“, овој мал натоварувач е способен во скоро вертикална линија да подигне товар од 1,5 тони на точно 3.332 милиметри височина. За тоа не е потребен многу моќен мотор - 72 коњски сили се доволни, кои кај овој модел на Gehl се добиваат од 3,3 литарски Yanmar Tier III Година 5 • Квартал 3
21
Кабина на Gehl V330 се карактеризира со максимум комфор и ергономски организирани електронски команди, кои можат да бидат рачни, ножни, со џојстик или за две раце. Големиот поклопец на моторот се потпира со гасни амортизери и овозможува лесно и без бедно одржување на машината, чии каракте ристики, дополнети со робусноста по кои се познати производите на Gehl, значително се прошируваат со All-Tach системот за приклу чоци кои ја истакнуваат универзалноста на оваа мала машина со големи карактеристики.
турбо дизел мотор. Неговите 294 Nm мак си мален вртежен момент се надградени со ви сокоперформансниот преносен систем и стан дардната хидраулика со проток од 89 или опционалната од 132 l/min. Притисокот од 220,6 бари и во двата случаи овозможува целосна контрола над товарот дури и кога е највисоко подигнат, а со тоа и лесно, брзо и безбедно завршување на сите работи, колку и да се напорни и обемни. За тоа придонесува и меѓуоскино растојание долго 1,26 метри кое ја зголемува стабилноста на 3,87 метри долгата, 1,83 метри широката и 2,08 метри високата машина и и овозможува поглатко маневрирање и движење со брзина од максимални 13 km/h, кои со опционалната двостепeна трансмисија се зголемуваат на скоро 20. Уникатната конструкција на работ ната рака овозможува добра прегледност од страните и чист директен поглед на корпата со капацитет од 0,45 m³ широка 1,88 метри, чии рабови се засилени со плочи од дебел челик обезбедувајќи дополнителна сила и издржли вост. Со растојанието од тлото од 23 санти метри и стандардните 14.00x17.5 пневматици лесно се справува со нерамните и неуредени терени, а резервоарот од 40 литри му овоз можува долги периоди на работа.
22
Година 5 • Квартал 3
овластен дилер за VOLVO Градежни машини ул. ЛЕРИНСКА бр. 68а моб.: +389 78 383 484 / тел.: +389 02 615 52 50 e-mail: info@mgk.mk www.mgk.mk
Sandvik DX700R – Површинска ударна дупчалка
Со шведски челик низ камен и бетон Sandvik е шведска компанија основана во далечната 1862 година која во моментот своите активности ги насочува кон производство на алати потоа работни машини за рударството како и ангажман во градежната индустрија.
24
Година 5 • Квартал 3
Серијата DX700 на хидраулични површински ударни дупчалкина пазарот е појавена во 2007 година и тоа во изведба без кабина што значи дека командувањето на дупчалката се изведува преку далечинска команда па оттаму и “R” (Remote) во името на машината. Минатата година врз иста основа претставена е изведба со ка бина (FOPS и ROPS) за операторот па затоа и последната буква од името е отстранета.
Механика Дупчалката Sandvik DX700R првенствено се користи за сечење на асфалтни и бетонски блокови, потоа при отварање на терен за цев ководи како и за отварање на бушотини за темели. Површинската ударна дупчалака може максимално да буши дупки со пречник од 76 па до 115 mm, се во зависност од цврстината на материјалот низ кој треба да се делува. Дуп чењето на цврсти карпи, како најцврст приро ден материјал, може да се изврши со макси мален пречник до 51 mm. Без разлика дали се работи за варијанта со или без кабина, механичката основа е иден тична. За погон на дупчалката и на хидраулич ните линиски пумпи како и за притисок на воздушната пумпа за испирање, се користи дизел мотор со потекло од Caterpillar кој испорачува 228 КС. Погонската група е поста вена наспроти зглобната ра ботна рака со што се обез бедува избалансираност на целата конструкција. Упра ву вањето со дупчалката се врши преку да лечинска ко манда а ако од некои при чини е оневозможен ра дио контактот тогаш дале чин ската командна плоча може едноставно да биде поврзна со кабел.
Компактни димензии Природата на работните задачи на DX700R бара чести преместувања на машината. Конструкторите внимавајќи на тој факт овоз можиле при транспорт димензиите да изне суваат само 720 на 360 cm. Инаку кога е во работна сосотјба зглобната рака во хори зонтална состојба има должина од 475 cm до дека столбот за бушење во вертикална полож ба достигнува домаксимални 770 cm од толото. Оперативната тежина од 13.800 kg оди пов торно во прилог на олеснетите транспортни можности.
Сестраност Дупчалаката Sandvik DX700R е дизајнирана за работа и при најсложени услови. Зглобниот ударен механизам може да се врти во сите насоки па затоа е овозможено дупчење под разли агли и низ површини кои се поставени исто така под различен агол. Флексибилноста на додатоците кои стојат на располагање овозможуваат извршување на работи во широк опсег и низ површини од различен материјал. Иако според габаритите дупчалката на Sandvik спаѓа во класата на средно големи дупчалки, извонредниот квалитет на вградените компо ненти и можноста за опремување со нај раз лични додатоци, оваа дупчалка ја креваат на повисоко ниво од конкурентите во својата класа.
Адекватност за нашиот пазар Широкиот спектар на можности за дупчење низ разни материјали заедно со можноста за лесен транспорт ја прават машината погодна при извршување на гра дежните работи. Дупчалката своја адекватна примена може да најде и кај помалите камено ломи но сепак градежништвото се чини дека било во прв план при поректирањето на Sandvik DX700R. Година 5 • Квартал 3
25
Интелигентни решенија
Повеќе отколку трошок Долготрајната профитабилност на каменоломите зависи од квалитетот на редовното сервисирање и резервните делови кои се користат за машините. Инвестицијата во квалитетни делови, посебно оние што се трошат најмногу, како и оптимизираниот дизајн на работните облоги кои ја дефинираат дробилката, всушност несат неспоредливо повеќе профит од заштедата остварена со купување на евтини делови или облоги. И времето на дробење, застоите во работата на машината и количината материјал кој не е потребен или не ги задоволува пропишаните критериуми влијаат на вкупните трошоци на производство.
26
Година 5 • Квартал 3
Кога се набавуваат резервни делови за дро билката, критериумот „било што, само да е поевтино“ не е правилниот избор, затоа што поевтиното не значи и дека е и најисплатливо. Она што ќе го вградите во дробилката има клучна улога за максимално искористување на инвестицијата што сте ја направиле. Добивка та или загубата на крајот повеќе зависи од работните облоги и потрошниот материјал от колку од опремата. Од оваа гледна точка можеби ќе се чудите што се може да тргне наопаку ако се одлучите да “заштедите” на трошоците за делови. Па нели тие се само трошок?! Пред да се направи голема и скапа грешка неопходно е да размислите уште ед наш. Погрешните или несоодветни делови мо жат да предизвикаат сериозни деформации на работните облоги на дробилката, што води кон нејзино преоптоварување. Ако се случи тоа, се ризикува целокупната исправност на дробил ката и може да доведе до оштетување на неј зините главни компоненти. Кај ваквите сери озни штети нема друг избор освен машината да се испрати на поправка или ремонт. Не треба да се објаснува што ќе значи тоа за работата на каменоломот.
Дизајнот на реботните облоги е исклу чително битен Дали за заштеда од 10 или 20% на цената на работните облоги вреди да се ризикува? Сигурно не - квалитетните делови, заедно со оптимизираната геометрија на работните об логи не само што ќе ја минимизираат можно ста за дефекти, туку ќе помогнат и за намалу вање на отпадот и потрошувачката на енергија и подобрување на квалитетот на финалниот производ, а ќе го продолжат и векот на траење на машината. Сé на сé, долгорочно тоа значи големи заштеди и повеќе профит. Дизајнот на работните облоги на дробилката може да придонесе за поголема продажна цена на финалниот производ, но и да предиз вика бројни негативни ефекти врз бизнисот. Машините во производство се најскапи додека
стојат а цената на застојот, директна или индиректна е добро позната на сите вклучени во производството на агретати и преработката на минерали. Работните облоги го определу ваат капацитет на дробилката. Со други збо рови, тие се инструментот што дефинира колку и што каменоломот произведува. Несоод вет ните облоги за конкретната намена може добриот материјал да го претворат во отпад и прав. Бирање најевтини опции за одржување на скапа и суштинска опрема е сигурен пат кон намалување на вредноста на инвестицијата, продуктивноста, зголемување на трошоците за работа и трошењето премногу енергија, а со тоа всушност и создавање загуби.
Година 5 • Квартал 3
27
Внимавајте на вкупните трошоци Metso има развиено програма која ги симулира ефектите што работните облоги со оптимална конструкција може да го имаат врз процесот на дробење. Пресметките покажуваат дека работните облоги влегуваат со максимални 8 отсто во вкупните трошоци во процесот на производство на исклучително абразивни ма теријали а овј процент е значајно помал кај останатите. Ако сопственикот на дробилка се одлучи за оригинални облоги со гарантиран квалитет соодветни за неговата апликација, истите ќе ја зголемат продуктивноста во про изводствениот процес за најмалку 2% преку елиминирањето на непланираните сервисни интервенции, а за исто толку ќе се намали и производството на материјали кои неможе да се продадат или нивната цена е значајно пониска од саканиот производ. Крајниот ре зултат е зголемување на заработувачката за сума која десетици пати ја надминува евен туалната заштедеа при купувањето на поевтини облоги. Покрај зголемената издржливост и унапреде ниот квалитет на финалниот производ, соод ветно конструираните облоги може драма тично да ја намалат потрошувачката на елек трична енергија по тон производ. Сора ботката со Metso гарантира примена на нај новите светски достигнувања во прцесот на преработка на минерали и производство на фракции. Сервисниот тим на Метсо е постоја но достапен и потребни се максимални 24 часа
28
Година 5 • Квартал 3
до пристигнувањето на сервисната екипа на саканата локација. Портфолиото на сервисни услуги покрај стандардните сервисни интер венции вклучува и редовна превентивна кон трола и одржување на опремата, како и ком бинирани пакети на резервни и потрошни делови и нивно вградување од стручни лица. Сите сервисни услуги се насочен кон опти мизирање на перформансите на опремата во производствениот процес и зголмување на нивната вредност за корисникот.
ESCO Ultralok Mining Tooth System
Кога поскапото всушност е поевтино Во време кога цените на опремата и трошоците за работа се сé повисоки, за да се биде конкурентен, па и воопшто да се опстане, треба да се штеди на секој чекор. Но, дали секогаш?
Година 5 • Квартал 3
29
Нашиот човек, таков каков што го дал господ, по природа си е ем штедлив, ем снаодлив. Кога треба да се штеди на секое поле, иновативнос та на луѓето е повеќе од добредојдена за мената на скапите резервни делови со за менски или произведени во сопствена режија е нешто што не може секој да го стори, барем не успешно. За среќа, кај нас има многу спо собни луѓе и фирми кои излегуваат на крај со огромни предизвици на ова поле, но за жал и тие мора да штедат, па така често она што ќе го купат или направат не е со потребниот квалитет. Англиската изрека „не сум доволно богат за да купувам евтино“ треба да нé потсети дека не треба при штедењето да се надмине линијата под која заштедата всушност создава загуба. А таа често е незабележлива, дури и за најис кусните во својата област. Посебно кога се работи за скапа опрема чија цена има (пре) многу нули, бидејќи ако најскапата машина е онаа што не работи, онаа која работи погреш но е уште поскапа. Токму затоа секој треба да ја пронајде својата линија под која не смее да се оди во штедењето. Во продолжение ќе ви диме како водечка фирма во Македонија го стори тоа кај дел од својата опрема која е од клучно значење за целокупниот процес на производство. Се работи за систем од заби и адаптери за корпите на багерите за ископ на материјал,
30
Година 5 • Квартал 3
кои заради својата постојана подложеност на огромни напрегања брзо се трошат и често кршат. Токму тоа е причината во нив да се гледа предмет што лесно и многукратно поевтино може да се замени со некој произведен во сопствена режија. Но, испитувањата на таквите заби направени споредбено со Ultralok забите од компанијата ESCO, покажаа дека некогаш поскапото всушност е поевтино. Американската корпорација ESCO, прет ста вувана во Македонија од фирмата С.С.А. од Скопје, е производител на опрема за инду с тријата, градежништвото и рударството спе цијализиран за работни делови и компоненти кои најмногу се трошат. Нивното 101-годишно искуство во оваа област ги прави специјалисти за конструирање делови кои со својата упо треба долгорочно ќе носат најголеми заштеди. Таков е и иновативниот и ефикасен Ultralok систем кој одговара на зголемените барања на клиентите, а е применлив кај секоја рударска и градежна машина. ESCO забите имаат аеродинамичен изглед, мала висина на носот на забот, единствен триаголен облик и мазен преод од забот кон адаптерот. Палетата облици на забите е при лагодена за различни примени зависно од видот на машината, корпата и материјалот што се копа. Тие се со подобри перформанси од постоечките заби, со што се обезбедува подолг век на траење, а со тоа и поретка нивна замена, односно помалку застои на машината поради
тоа. Предностите на ESCO Ultralok системот во однос на постоечкиот систем на заби што се користи во моментов се анализирани со директна споредба на искористеноста на забот добиена со неговата цврстина, хомоге ност и долготрајност, што заедно со едностав ната замена влијае за поголема економичност, подобра безбедност во работењето и зголе мена ефикасност. Значајно е да се напомене дека при замената на ESCO забите се фрла само 30-40% од неискористениот заб односно 1 до 1,2 kg (но виот ESCO заб прикажан на фотографијата е со тежина од 3,4 kg и е со соодветен облик за оптимален ископ, заради што и е користен во анализата), додека адаптерот ос та нува на корпата и се користи и понатаму. Од друга страна, кај постоечките заби со тежина на новиот заб од 10 kg, се фрла целиот неискористен заб, односно 6-7 kg, бидејќи
забот нема адаптер, туку се менува комплетно. Од оваа гледна точка, искористеноста на ESCO забите е околу три пати поголема во однос на искористеноста на ло кално произведените заби. Треба да се има предвид и дека постоечките заби се поставуваат во П профил кој има улога на адаптер и истиот никогаш не се зема во предвид како трошок, а се изра ботува во локална работилница и има исклу чително висока цена на производство. ESCO забите се изработени со специјална рецептура на легиран мангански челик и со процес на термичка обработка кои се кријат во тајност. Со тоа се добива производ - заб со цврстина од неверојатни 514 Бринели, карак теристични како за површинскиот слој на за бот, така и по целиот негов пресек, со што се обезбедуваат мала, скоро исклучена можност од кршење, хомогеност на материјалот по целата негова должина и неверојатна отпор ност на абење, што овозможува долготрајно користење на забот, кое во однос на локалните заби со цврстина од просечни 211 Бринели изнесува најмалку 30%. Замената на ESCO забите се врши со едно ставна алатка или со обичен штрафцигер, без употреба на чекан, брзо и едноставно на са мото место, што ги прави неспоредливи во однос на било кој друг систем на заби, особе но во однос на локалните заби чија замена се врши во работилница. Застојот во работата е Година 5 • Квартал 3
31
минимален, а бројот на работници кои учеству ваат во замената се сведува на еден. Со ова се обезбедува поголема економичност и подоб ра ефикасност во работењето на машината. Со оглед на фактот дека на еден адаптер од говараат повеќе видови - облици на заби, можна е употреба на друг вид заб на истиот адаптер доколку машината се премести од една на друга локација за копање на друг материјал. Значи, со едноставна замена само на забот се обезбедуваат поодбра искори с теност на машината и оптимизација на про цесот на работа преку оптималното полнење на корпата и рамномерноста на работење на машината, што во целост повторно придоне сува кон зголемена ефикасност и економич ност во работењето.
32
Година 5 • Квартал 3
Препорака При избор на заби за корпи за багери, како два основни неопходни параметри треба да бидат наведени соодветниот облик на адаптерот и забот за конкретната машина и примената, како и конкретна цврстина на забот искажана во Бринели, која, како гаранција на долготрајност на забот, треба да има вредност над 500.
Народен Фронт 3-3/22, Скопје тел: (02) 3136 373 sales@ssa.com.mk info@ssa.com.mk / www.ssa.com.mk
IFOY награда за виљушкарот Toyota Triago 80
Признание за виљушкарот на Toyota Наградата на IFOY во 2014 година за виљушкари со носивост до 3.5 тона му е доделена на моделот Toyota Traigo 80. Новата изведба, на докажаниот пренесувач на товар, ја краси зголемена силина, лесно управување и пред се високо ефикасна работа.
Година 5 • Квартал 3
33
Главните фактори за да се избере Toyotа Traigo 80 се продуктивноста и енергетската ефи касност. Со Traigo 80 поголемата брзина на возење и подигнување на товар, во комбинаци ја со поголема моќност на забрзување ја зго лемуваат продуктивноста и до 20%. Ова го прави еден од енергетски најефикасните ви лушкари во неговата класа. Toyotа ја лансира 8FBMT25 серијата, подобро позната како Traigo 80, минатата година. Во IFOY тестот, 3,5-тонецот постигна висока про дуктивност и ефикасност благодарение на Тојота AC моторот без потреба од оддржува ње, ново развиен систем за контрола и поло гичен распоред на компонентите. Виљушкарот постигнува брзина на возење до 19 км на час со товар а брзината на дигање на товарот е зголемена на 0,68 m/s, без и 0,48 m/s со натоварен виљушкар. Токму порадо тоа Тraigo 80 е погоден како за лесни така и за тешки транспортни задачи. Во однос на продуктивноста, ефикасноста на електричниот виљушкар во IFOY тестирањето беше натпросечна, додека потрошувачката на енергија е помала од просекот на пазарот. Во сите возни категории - H (со високи перфор манси), P (ефикасност) и S (стандардно) виљушкарот е енергетски поефикасен отколку просекот во својата класа. Оттука Toyota со право тврди дека Traigo 80 стана за околу 20 проценти поефикасен. За време на IFOY тестирањето, Traigo 80 остави впечаток на солидно изработена и исклучи телно цврста машина. Без разлика дали се работи за капакот на батеријата, страничните панели или контактот со останати компоненти - сите елементи се изработени од цврст челик. Пластичните компоненти, како на пример оние на инструмент таблата, се подеднакво робусни и отпорни на физички оштетувања. Како стандардна опрема во Triago 80, Toyota помеѓу останатото го вградува и Системот за Активна Стабилност (SAS). Благодарение на посебен синхронизатор, управувачот е секо гаш во идеална позиција при случај на пра
34
Година 5 • Квартал 3
волиниското движење. Останатите карак те рис тики ја вклучуваат SAS задната оска со можност за заклучување во свиоци, автоматско ограничување на аголот на навалување и ограничување на брзината на поместување со кренати виљушки и во случај кога виљушките се поставени на автоматско одржување на хоризонтална положба за време на навалува ње. Се на се, IFOY тестот покажа дека SAS системот речиси секогаш гарантира високо ниво на безбедност и продуктивност. Traigo 80 на тестот исто така покажа импре сивен резултат со врвната прегледност на сите страни, потоа со неговата пространа и модер на кабина како и со бројните опции за прила годување на работното место на операторот, како би се одговорило на сите негови спе цифични потреби. Компактниот дизајн значи дека Traigo, помеѓу останатото, може да се ракува лесно и да се маневрира низ тесен простор.
Брзината на “маст“-от е зголемена и може да се контролира преку мини-рачка на десната стра на веднаш до потпирачот за раце. Амортизи рањето при подигнување сега е активно дури и при најниска позиција на виљушката. Низ “мастот“ видливоста е исто така подобрена: комплетно редизајнирана и со поширок опсег (кревање висина до 3.300 мм), на операторот му обезбедува чист видик се до крајот на виљушките. Сегментите може да се вовлечат, заштедувајќи голем дел од просторот и обез бедувајќи “мастот“ секогаш да биде во најтесна позиција создавајќи одлична линија на видли вост. Покрај тоа, редизајнираниот заштитен покрив обезбедува подобрена видливост, пра вејќи го идеален виљушкар за работа на ви сочина.
овластен дилер за VOLVO Градежни машини ул. ЛЕРИНСКА бр. 68а моб.: +389 78 383 484 / тел.: +389 02 615 52 50 e-mail: info@mgk.mk www.mgk.mk
Година 5 • Квартал 3
35
TRIATHLON – програма на моторни масла
Квалитет изграден врз искуство! Подмачкувањето на активните единици во механиката е нужна потреба, но специјалистите гледаат и неколку чекори понапред, низ температурните осцилации, еколошката прифатливост, како и прилагодливоста кон технологи јата
36
Година 5 • Квартал 3
Потребата за квалитетни масла и мазива на станала со развојот на механиката и инду с тријата, при што инженерите востановиле дека треба да се контролира триењето на спрег натите работните површини кои се наоѓаат во релативно движење. Дополнително се појави ле и потребите за пренос на силата и топлина та, како и потребите за ладење и заштита од корозија, заради што и производителите на ваквите продукти имаат широк асортиман. Експертот во оваа област, германскиот Würth, во својата Triathlon програма нуди масла за четиритактни мотори, двотактни машини, ме нувачи, диференцијали, трактори, сопирачки, како и разни хидраулични и останати индус три ски масла и мазива. Кога зборуваме за моторните масла во автомобилите, нивната улога е да овозможат непречена работа на моторот штитејќи ги активните метални еди ници, но исто така и да ја одведат топлината од местото каде што се создава, притоа спре чувајќи настанување наслаги и/или коро зија. Успешноста во креирањето на квалитетни
производи е верификувана со одобренијата за прво вградување на овие масла во многу возила, меѓу кои и групацијата Volkswagen, Mercedes и други. Иако производството на масла може едно ставно да се опише, како збир на 78% базно масло и 22% адитиви, грижата на инженерите е далеку поголема, бидејќи третира многу раз лични области. Речиси половина од адитивите се користат за постигнување на саканиот вис козитет на маслото, за да се избегнат варија циите на различни температури. Поголема вискозност значи помала течност на маслото и е обратно пропорционална со внатрешното триење. Изборот на вистинскиот температурен опсег му овозможува на потрошувачот избег нување на пад на притисокот во системот за подмачкување, повисоките температури, зго леменото испарување и губитокот на масло, како и намалување на абењето на местата на допирот. Маслата на Würth постојано се следат низ лабораториски испитувања за да одговараат на трендовите за современите возила, при што се смета дека во земјите на ЕУ просечната старост на возилата е шест години, додека во нашиот регион таа надминува 11 години. Но вите автомобили имаат подолги интервали на замена, кои можат да изнесуваат и меѓу 10 и 30 илјади километри во текот на една година. Дополнително, законските регулативи кои се
Година 5 • Квартал 3
37
однесуваат на заштитата на човековата сре дина ги лимитираат производителите на авто мобили во поглед на емисијата на честички, па оттука и маслото има значајна улога во пос тигнувањето на стандардите. Сите Triathlon масла на Würth се произведуваат во Германија, а палетата на производи вклучува и специјални серии за автобуси, транспортни возила и земјоделски машини. Würth-ов водител за избор на масло Препораките за користење на масло помагаат за секое возило да се пронајде соодветното масло, без разлика дали е за мотор или трансмисија. Како? Многу едноставно: 1. изберете вид на возило (патничко, товарно) 2. изберете производител на возило 3. изберете модел 4. изберете тип И на тој начин го добивате соодветното масло за своето возило. www.wuerth.de/oilguide или на www.wurth.com.mk
38
Година 5 • Квартал 3
ВУРТ МАКЕДОНИЈА дооел ул. Борис Трајковски 93, 1000 Скопје тел: 02/ 272 80 80 www.wurth.com.mk
Оплата
Погача без тепсија не бива Како што без тепсија не може да се направи погача, така и без оплата не може да се бетонира.
40
Година 5 • Квартал 3
Во суштина обичен калап во кој се сипува и со кој се моделира бетонот или друг сличен градежен материјал, оплатата е важен фактор за квалитетот на изведбата на секоја градба. Користа од неа ја увиделе уште старите Римјани, кои со помош на систем потпирачи како предци на денешната оплата ги граделе куполите на монументалните градби што егзи стираат и сега, после два милениума. Сепак, нејзината употреба станува неизоставна дури по откривањето на цементот и посебно по армираниот бетон, во 19 век.
Првите оплати биле изведувани со плочи и дрвени колци за потпирање, што набргу било заменето со штици и метални потпирачи, со што е овозможена посистематска и повеќе кратна нивна употреба. Со развојот на индус тријата, рачното правење оплата од страна на мајсторот-ѕидар на самото место на градба е заменето со употреба на значително поефи касните системи на фабрички подготвени оплати со стандардни облици и димензии, под држани со нови методи за нивно потпирање и прицврстување. Денес се користат комплици рани современи системи на оплати со интег рирана подвижна платформа кои се помес туваат рачно, со дигалка или самостојно со помош на хидраулика. Високиот степен на предмонтажа ја олеснува целата постапка - го поедноставува планирањето на градбата и нивната употребата, со што значително се забрзува изведбата, посебно кај големите и сложени градби, како што се браните, индус триските кули за ладење, мостовите и слично. Од оплатата и нејзината изведба не зависи само визуелниот квалитет на сработеното - тоа е само она што се гледа и освен што бара дополнителна работа при нанесувањето на
Година 5 • Квартал 3
41
слоевите малтер или друг површински матери јал, во основа не може да предизвика некаква штета. Вистинскиот проблем е она што не се гледа, она што е внатре во структурата на бе тонираното, а кое со лошо изведена оплата може да предизвика пукање на бетонот и нама лување на неговата цврстина и издржливост. Исто така, исправното зацврстување на опла тата со стабилизатори и потпирачи е од клучно значење за нејзината носивост и самата без бедност на работата. Како привремена конструкција што го држи бе тонот во саканата форма додека не созрее и зацврсти, оплатата мора да исполнува бројни функционални критериуми: мора да биде от порна на удари и абење, да биде доволно цвр ста за да не се деформира при сипувањето на бетонот, не смее да се деформира ниту под
42
Година 5 • Квартал 3
дејство на водата, а површината која доаѓа во допир со бетонот треба да биде мазна, не смее да впива многу вода и мора лесно да биде отстранлива без да го оштети површинскиот слој. За зголемување на ефикасноста, пак, оплатата треба да може да се користи пове ќекратно и да има одреден степен на флек сибилност, без притоа да се компромитира прецизноста на нејзиното поставување на саканата форма и димензии. Деловите од оплатата што доаѓаат во допир со бетонот се изработуваат од штици, дрвени пло чи, иверка, медијапан, лесонит, челични лимови, армиран полиестер, па дури и од цврст текстил. Потконструкцијата која се поставува меѓу нив и носечката конструкција се прави од дрвени гредички, челични профили или метал ни елементи-носачи со полн или решеткаст профил, најчесто изработени од железо или алуминиум. И носечката конструкција, чија уло га е да го обезбеди и преземе оптоварувањето од тежината на бетонот, може да биде од дрво или метал. Сето ова се поврзува со жица, ар матура, навојни елементи, специјални клешти и слично. Генерално, оплатите може да се класифици раат според материјалот, системот на поставу вање, намената или некои други нивни карак теристики. Така, имаме класични оплати кои се прават на самото место и најчесто се од дрво, преносни оплати што се користат за едностав ни форми (ѕидови, преградни плочи) кои се метални или комбинирани со дрво, оплати со сложена форма наменети за столбови или
градби со закривени ѕидови-тавани (тунели, мостови), комплицирани оплати за специјална намена (брани, потпорни ѕидови) и слично. Понатаму среќаваме поместувачки оплати што се користат кога градбата која има големи димензии се изведува етапно, лизгачки оплати кои континуирано се поместуваат по висина за бетонирање на високи градби (силоси, стол бови), естетски оплати кои служат за визуелно обликување на фасадни и слични површини, па и текстилни оплати за санација. Кај пос ледните две може да се дозволи дел од опла тата да остане заробен во бетонот, било во функција за постигнување на саканиот облик, било заради практични причини за нејзино прецизно поставување. Пред поставувањето, површината на оплатата која доаѓа во допир со бетонот треба да се прегледа и да се санираат евентуалните оште
тувања, а пред леењето на бетонот да се пре мачка со средство против негово лепење. При симнувањето на оплата треба да се исклучи секаква употреба на сила, а после тоа таа да се исчисти и заштити за понатамошна упот реба.
Година 5 • Квартал 3
43
Ќерамиди
Ем красат, ем штитат Не случајно како синоним за дом се вели „кров над глава“ - често запоставениот дел од градбата има и украсна, и заштитна функција.
Ќерамидите во градежништвото се среќаваат уште во стариот век - Грците своите храмови ги имаат покривано со дрвени или глинени пло чи, а имаат користено и мермер. Интересно е тоа што кај овие градби се среќаваат и посебни изведби на ќерамиди: со отвори за вентилација, канали за одведување на водата, во облик на седло, рабни елементи, украсни… За живеа лиштата, пак, населението било поскромно и користело скоро исти ќерамиди како и оние и ден-денес се среќаваат на старите куќи кај нас. Генијалноста на нивната едноставна конс трукција во облик на заоблени плочки кои по должина конусно се собираат е заслужна за нивното опстојување низ вековите. Лесни за производство, уште полесни за поставување, нив ната конструкција во целост ги за дово лу вала сите барања - дождот без проблем се одведува од по крив от, а заради конусната форма сами се заглавуваат една со друга и на тој начин „заеднички“ се држат силните ве тришта да не ги оддуваат.
44
Година 5 • Квартал 3
Но, не било секогаш и секаде така - позначи телната употреба на ќерамидите започнала во средниот век кога властите во градовите заради заштита од пожари донесуваат про писи живеалиштата да се градат од незапаливи материјали. Тогаш дрвото и сламата започну ваат да го отстапуваат местото на циглите и ќе рамидите. Во регионите од Европа каде снегот е постојан декор на зимите се јавуваат еден друг вид ќерамиди - рамни со дупче низ кое се
провлекува клинецот со кој се прицврстуваат за кровната конструкција, бидејќи се погодни за кровови со поголем нагиб неопходен сне гот да не се задржува. Заради слични причини, на други меридијани се развиле други облици ќерамиди. Но, ќерамидите освен што ја вршат функцијата на заштита на објектот од атмосферски вли јанија, имаат и изолациска улога. Ако нивниот дизајн треба да биде таков да го одведуваат дождот или снегот подалеку од нашите глави, изолациските карактеристики завист исклу чиво од мате ри јалот. Секако, изолациските својства не се еднакво потребни во сите кли матски подрачја, така што изборот на матери јал за ќерамидите зависи и од тоа. Низ текот на историјата се користеле повеќе видови мате ријали за производство на ќерамиди, примар но во зависност од нивната локална достап
ност, а секундарно и од моменталниот развој на техноло ги јата. За подрачја како нашето, каде дождот, снегот, сонцето и ветрот се ре довно присутни, глината се пока жала како идеален материјал - ја има насекаде, лесно се обликува, доб ро ја одведува водата, а уште подобро штити од жештината. За да се користи за ќерамидите, таа треба да биде високо квалитетна и внимателно обработена, бидејќи од тоа директно зависти трајноста. Според процесот на производство, глинените ќерами ди можат да бидат обликувани во калапи или извлекувани под притисок. И двата процеса овозможуваат ќерамидите да бидат направени
со рабови и жлебови за меѓусебно прицврсту вање, што овозможува тие да се прават со по големи димензии од класичните заоблени ќе рамиди, а со тоа и нивно побрзо поставување. Денес, неоправдано, не се размислува многу за ќерамидите. Нивната понуда е приспособе на на климатските услови на подрачјето каде се продаваат, така што изборот главно се пра ви врз основа на нивната цена. Повеќе внима ние обрнуваат само архитектите на кои им е битна естетиката на објектот, така што освен од глина, денес се среќаваат ќерамиди од бетон, метал, дрво, полимер, па дури и стакло, а во најново време наместо нив се вградуваат сончеви колектори. Година 5 • Квартал 3
45
Base Protection
добра чизма, глава чува Ако работникот кога е на терен го болат нозете од заштитните обувки, ништо од работата.
46
Година 5 • Квартал 3
Ниту едно парче од облеката не е толку важно како обувките. Додека кај другото естетската улога е примарна пред заштитната, кај обувките тоа е спротивно - тие пред сé ги штитат нозете. Ова посебно важи за работниците, било во фабричка хала, било на терен, кои во секакви временски услови мора да ги извршуваат свои те задачи. Тие го немаат тој луксуз да бираат кога и каде да излезат да работат и ако е премногу топло или премногу ладно да чекаат со скрстени раце природата да им се смилува. Ако со топлото време, барем кога обувките се во прашање и може некако да се излезе на крај, кога е ладно ако работникот мисли на тоа како да ги згрее нозете, тогаш ништо од ра ботата. Но, најлесно е да се направат топли обувки - тоа го може секој. Тие, како заштитна опрема, мора да бидат ергономски одвнатре, а издржливи однадвор. Треба и добро да изгле даат и лесно да се одржуваат, оти изгледот на работната униформата, чиј составен дел се и обувките, е огледало на имиџот на фирмата. А тоа во денешниот свет е еднакво важно колку и професионалните вештини на нејзините вра ботени. Една таква фирма, чии вработени своите про фесионални вештини ги користат за да ја по добрат ефикасноста на работниците преку нивниот комфор во работата, е италијанската Base Protection, која е специјализирана за обувки. Иако млада (основана е во 2005 год.), уште од самите почетоци оваа компанија до кажа дека знае како да го следи патот на успехот - нејзините 12 вработени првата годи на остварија промет од 2 милиона евра, кои веќе наредната беа скоро удвоени. Заслуга за
тоа има квалитетот во работата и технолошки те иновации преточени во основниот концепт на делување - производството на обувки кои се безбедни и лесни, не ги потат нозете и не заморуваат. За да се постигне сето тоа, истовремено со нивниот дизајн и оригиналност се работи и на истражувањата и развојот на производите. Стручниот тим на Base Protection има патен тирано неколку технологии кои го менуваат начинот на размислување во производството на работни обувки. Уште од самиот почеток целта беше да се создадат обувки скроени според морфологијата на стапалата. Тоа што го имаа и сé уште го имаат на ум се оптимално обликувани обувки според сечие стапало ин дивидуално, опремени со сензори за следење на здравствената состојба на лицето што ги носи, но додека светот го достигне тоа тех нолошко ниво работниците ќе бидат повеќе од задоволни со имплементираните технологии Dry’n Air за циркулирање на воздух во ѓонот, Tpu Skin против замор, Sticking за идеално прилепување без лизгање и на влажни повр шини и SlimCap лесната заштитна капа за прстите направена без употреба на метал. Со еден збор, безбедноста, комфорот и стилот се искомбинирани на начин да дадат обувки кои секојдневно ќе носат без грижа за нивната трајност, здравјето на оној што ги носи или нелагодноста притоа предизвикана од нив ниот груб работнички изглед. Резултатот е видлив и со голо око: нивните обувки не се тешки и естетски не многу атрак тивни како што е вообичаено, туку лесни, ком форни и со функционален индустриски дизајн, така што луѓето можат и сакаат да ги носат дури и после работното време. И не само тоа
Година 5 • Квартал 3
47
- целиот процес, од изборот на материјал, преку производство, па сé до амбалажата и дистрибуцијата, е организиран така да има најмало влијание врз човековата околина. Во својата обемна производствена програма, Base Protection има девет основни линии заштитни обувки наменети за употреба во сите индустриски гранки: градежништвото, тешката индустрија, услужните дејности, одржувањето, земјоделието, инфраструктурата, занаетчист во то… Секоја линија се состои од бројни
48
Година 5 • Квартал 3
различни модели, чија вкупна бројка надминува сто и педесет. И изборот на големини е им пресивен - прилагоден на дејноста и вооби чаениот состав на работниците во неа, се движи од 34 до 49. Колку за комплетирање на понудата, во своето производствено портфо лио Base Protection има и чорапи и влошки за обувките. Секако, сите производи на Base Protection ги задоволуваат најновите норми за заштита при работа и ги поседуваат потребни те сертификати.
ADR-превоз на опасни материи Со цел да се зголеми безбедноста на учесниците во патниот сообраќај во Европа, особено при превозот на материи кои се опасни по здравјето на живите суштества и околината, во 1957 година потпишана е Европската спогодба за меѓународниот патен превоз на опасни материи (АДР), на која пак Република Македонија пристапи на 17 ноември 1991 година, а во сила нејзината примена стапи од 18 април 1997 година. По дефиниција, опасните материи претставу ваат супстанции или производи, за кои прево зот е забранет или одобрен само под одреде ни околности во согласност со прописите утврдени во АДР Спогодбата. Притоа, опасните материи врз основа на своите карактеристики (во зависност од видот на опасноста) се поделени во 9 класи и тоа: Класа 1 - Експлозивни материи и предмети, Класа 2 - Гасови, Класа 3 - Запалливи течности, Класа 4 - Запалливи материи, Класа 5 - Оксиди рачки материи и органски пероксиди, Класа 6 - Отровни и заразни материи, Класа 7 - Радиоа ктивни материи, Класа 8 - Корозивни (нагри зувачки) материи и Класа 9 - Други опасни материи и производи. За секоја класа на опасните материи пос тојат налепници во форма на правоаголен ромб (наречен дијамант ). Опасните материи се превезуваат во затво рена и непропустлива амбалажа, со цел да се спречи губење или истурање на нивната содр жина.
Брзината на движењето на моторното во зило со кое се превезуваат опасните материи не смее да премине 80% од најголемата доз волена брзина определена според видот на патот со сообраќајните знаци поставени по крај патот, а во никој случај не смее да биде поголема од 70 км/ч, а во случај при превоз на отрови максимално дозволената брзина изне сува 60 км/х. Возила кои влечат/шлепуваат други возила натоварени со опасни материи максималната брзина е ограничена на 40 км/х. Според прописите на АДР Спогодбата, до колку опасните материи се превезуваат во патниот превоз задолжително е потребно на самото возило и на сите негови страни да се постават соодветни ознаки кои служат за оз начување, предупредување и информирање. Возилата, како и приклучните возила кои превезуваат опасни материи, мора да бидат означени со таблички во правоаголна форма со големина од 400 х 300 мм, со рефлектирач ка портокалова боја, со црн раб и максимална широчина од 15 мм.
Година 5 • Квартал 3
49
Портокаловата табличка може да биде празна или на неа да бидат впишани одредени броеви кои меѓусебно се одделени со хори зонтална црта. Притоа во горната половина се впишува бројната ознака на опасноста, а во долната половина бројот на опасната матери ја која се превезува (нумерирана со 4 цифри) согласно класификацијата на Обединетите Нации. Обележаните портокалови таблички за превоз на опасни материи се наречени и (“Кемлерови таблички”).
Возилата кои превезуваат опасни материи покрај основната, мора да ја поседуваат след ната дополнителна опрема: најмалку 3 против пожарни апарати со сув прав, 2 самостојни знака за предупредување (трепкачки лампи) независни од електричната опрема на вози лото, 2 триаголника за означување на запрено то возило на пат, 2 знаменца за означување на возилото кое превезува опасни материи, клинести подметнувачи на тркалата, вреќа со песок, лопата, канта и други помошни рачни средства непоходни за собирање на евен т у ално истурените опасни материи. Како директни учесници во превозот на опасни материи со свои задолженија и обвр ски се јавуваат: производителот, испраќачот (шпедитер), превозникот (сопственик на пре возното средство), возач, совозач или при дружник, примач и инспектор/советник за превоз на опасни материи. Според АДР Спогодбата, покрај другите документи за транспорт задолжителни се транспортен документ од испраќачот до пре возникот (АДР документ), упатство за посебни те мерки за безбедност и АДР сертификат за
50
Година 5 • Квартал 3
возачот. Во контекст на наведеното, превоз на опасни материи во патниот сообраќај можат да вршат само возачи кои се стручно оспосо бени за таков вид на превоз и кои наполниле 21 година.
Возачите кои превезуваат опасни материи мора да имаат сертификат за стручна оспособеност на возачите на моторните во зила за превоз на опасни материи соодветен за опасните материи и видот на возилото. Возачите исто така треба да посетуваат основен курс за превоз на опасни материи, како и специјалистички курс за превоз на опасни материи во резвоари и цистерни. По завршувањето на курсот секој кандидат мора да полага испит, кој го спроведува Државна испитна комисија, формирана од Министерството за транспорт и врски. На кандидатот кој успешно го положил испитот му се издава АДР Сертификат, во кој се наведени класите на опасни материи кои може да се превезуваат. АДР Сертификатот се обновува секои 5 години. Возачите кои превезуваат опасни материи мора да имаат лична заштитна опрема, која се носи за време на натовар, истовар и во итни случаи. Опремата за лична заштита задолжи телно опфаќа: цврста капа (шлем), заштитни очила со странична заштита, ПВЦ ракавици, ПВЦ чизми, сигнален елек со рефлектирачки ленти, рачна батериска ламба со против екс плозивна изведба и кутија за прва помош. Андријан Трипунов
Mercedes Vito
Дојде последен и застана на чело Новиот Mercedes Vito се појави последен во низата новитети меѓу доставните возила од лесна категорија и веднаш ги покажа амбициите да го презеде предводничкото место во својата класа.
Година 5 • Квартал 3
51
Она што досега го знаевме за Vito веќе не важи. Измените се толку длабоки и суштински, што слободно може да го третираме како со сема нов модел во понудата, кој принудно ја прати во пензија досегашната концепција што Mercedes ја нудеше со својот лесен доставен модел. А тој, во споредба со сегашниот, како случајно да го има истото име - само мал дел заеднички работи го поврзуваат. Сé друго ос вен името е ново, различно отколку што било досега. На името ќе се навратиме уште, но треба и да појасниме зошто новиот Vito е навистина нов и зошто на конкурентите не им остава многу простор за докажување. Значајно е тоа што Mercedes повторно ја враќа моноволуменската V класа во понудата, што придонесе при конструирањето на Vito да се применуваат построги критериуми. Тоа е забе лежливо како однадвор, така и одвнатре, но и на работите кои не се гледаат. Однадвор ди зајнот на Vito е во склад со другите доставни модели на Mercedes - грубите црти дополнето со робусно изведените детали се карактери стика која треба да ја долови издржливоста. Внатрешноста, пак, во суштина оддава спро тивен впечаток - нејзиното доближување до патничките возила не е изразено само со изборот на материјалите, туку и со мноштвото напредни технички решенија. Тие, делувајќи како надградба на сé она што не се гледа кај новиот Vito му овозможуваат да се пофали со најголема носивост и најмала потрошувачка во сегментот.
52
Година 5 • Квартал 3
Тука доаѓаме до најсуштинската измена, а тоа е дека во иднина полесните и поевтини ва ријанти на Vito ќе бидат со погон на предните тркала. Зошто е тоа направено е повеќе од јасно - додека шемата со задни погонски трка ла е посупериорна кај оптоварено (а посебно кај преоптоварено) возило, најмногу во однос на управливоста, полесната кон струкција со погон на предните тркала овоз можува пого лема економичност и возни својства на (полу) празно комби поблиски до автомобилите. За да сé биде покриено, Mercedes ќе го нуди Vito и со погон на сите тркала. Моделите со преден погон ќе бидат опремени со 1,6 литарски дизел со 88 и 114 KS, а останатите со познатиот 2,2 литарски агрегат со 136, 163 и 190 KS. Од менувачите, на располагање ќе бидат шестсте пен мануелен и седумстепен автоматски, што е придобивка од V класата и единствен случај во светот на доставните возила. Во поглед на изведбите, новиот Vito ќе може да се пофали со навистина широка понуда од две меѓуоскини растојанија (кои се исти како и досега - 3.200 и 3.430 mm), три должини (4.895, 5.140 и 5.370 mm) и четири тежински варијанти (2,5, 2,8, 3,05 и 3,2 тони). Според намената, товарниот Vito ќе биде понуден како затворено комби возило и комбинирано доставно возило со два реда седишта означено како Vito Mixto, додека патничка варијанта ќе доаѓа во три верзии - функционалната Tourer Base, прила годливата Tourer Pro и премиум изведба Tourer Select. Секако, новиот Vito ќе биде на рас полагање и како шасија со кабина. Во својата најголема верзија, Vito има зафатнина на
просторот за товар од 6,6 m³, додека верзијата со најголема носивост е декларирана за 1.369 kg. Сите верзии на новиот Vito, кој во продажба ќе се најде во октомври по цени кои ќе стартуваат од 17.990 евра без ДДВ, имаат сервисни интервали од 40.000 километри или две години. Mercedes ја претстави првата генерација на Vito во 1996 година, како наследник на моде лот MB 100. А тој всушност беше само по модерна интерпретација на комби возилото Imosa F1000 L, кое Германците во 1980 година го добија како мираз купувајќи ја шпанската фабрика во местото Виториа. Оттаму е и името на новиот модел, кој го замени дебело заста рениот комби што Шпанците го произведуваа на основа на механиката од DKW стара некол ку децении, поточно од 1963 година. Замената на еднолитарскиот трицилиндричен двотактен мотор од 38 KS со 1,8 литарски дизел од Mercedes со 43 KS во основа беше единствената
крупна техничка измена сé до 1981 година, кога MB 100 дојде на свет. Сепак и тој, како наследник на во Шпанија доста популарниот доставен модел, ја имаше неговата основна конструкција - крута шасија и мотор и погон напред, што беше уникатен случај во гамата на Mercedes. Појавувањето на Vito значеше це лосно раскрстување со ваквиот концепт и имплементација на вообичаената погонска шема за германскиот производител, за да сега, по скоро две децении, под притисокот на економските, еколошките и трендовските при чини, биде повторно понуден и со погон на предните тркала. Mercedes од првите две генерации на Vito има
продадено скоро 1,2 милиони примероци. - Најголема новост кај новиот Vito е тоа што ќе биде на располагање со погон на предните, задните или сите четири тркала - Vito ќе се произведува со две меѓуоскини растојанија, три должини и три каросериски изведби - Во својата најголема доставна верзија Vito има зафатнина на просторот за товар од 6,6 m³, додека верзијата со најголема носивост е декларирана за 1.369 kg - Во просек новиот Vito ќе биде за 20% поеко номичен од сегашниот - Цените на Vito во Германија ќе стартуваат од 17.990 евра без ДДВ - Сервисните интервали на новиот Vito изне суваат 40.000 километри или две години Година 5 • Квартал 3
53
Ford F-150
Леб и игри Желно очекуваната премиера на американската мускулеста легенда, новиот Mustang, на годинешниот салон на автомобилите во Детроит беше засенета од една друга ѕвезда на штандот на Ford- новата генерација на F-серијата пик-апи.
54
Година 5 • Квартал 3
Познати како со децении најдобро продаван модел во САД, овие пик-апи имаат големо значење не само за Ford, туку и за целата американска автомобилска индустрија, бидеј ќи секоја нивна нова генерација ги трасира насоките по кои ќе се движат трендовите на пазарот. Овој пат тие се во согласност со добата во кое живееме - дизајнот на новиот модел е построг, габаритите зголемени, тежи ната намалена, а економичноста подобрена. Изгледот на тринаесеттата генерација на ус пеш ниот пик-ап можеше да се наслути од ланскиот концепт Atlas, чии особености доста верно се пренесени и во серискиот модел. Тежината му е намалена за добри 320 kg со употребата на и лесни материјали насекаде низ возилото и високоотпорна алуминиумска легура за каросеријата, која и понатаму е по ставена на шасија. Но, за разлика од прет ходните 23%, сега 77% од неа се направени од челик со висока цврстина. Помалата тежина во содејство со иновативните технички решенија во погонските групи му ја намалува потрошу вачката од досегашните 10,2 на 7,8 литри на 100 km. Гледајќи ги овие бројки, се чини дека нео правдан беше стравот дали купувачите ќе го прифатат ова возило кое имаше голема улога во креирањето на американскиот начин на живеење со скромниот по зафатнина 2,7 литарски EcoBoost мотор. Освен со овој со времен твинтурбо агрегат со старт-стоп систем, F-150 ќе се нуди и со нов атмосферски 3,5
литарски V6, исто толкав EcoBoost мотор и докажаниот 5,0 литарски V8, кој работи на обичен, 87-октански бензин.Ford официјално ги има објавено техничките податоци за ос новниот 3,5 литарски мотор, кој ќе располага со 283 KS и 345 Nm, како и за помалиот EcoBoost од 2,7 литри (325 KS и 508 Nm). Со овој мотор F-150 ќе има носивост од 1.020 kg и ќе може да влече приколка тешка дури 3.855 kg. Само во производствените капацитети за овој сосема нов мотор во својата фабрика во Охајо, Ford инвестираше 500 милиони долари. Стартувајќи со оваа генерација на F-серијата, Ford ќе започне со вградување и на нова десетстепена трансмисија, а ќе го врати и ди зел моторот во понудата. Колку нам и да ни е чудно како може едно вака големо и тешко возило да се нуди само со бензински мотори, на Американците им е чудно зошто Ford вооп што размислува за негова дизел варијанта, бидејќи тој се продава суперодлично и без него. Како и да е, некој ќе остане да се чуди можеби тоа ќе бидат токму дизел-скептиците, затоа што за него Ford подготвува сосем нов трилитарски V6 агрегат, кој со своите карак теристики во целост треба да се вклопи во филозофија врз основа на која е конструиран масивниот пик-ап. Како и да звучи сето ова, сепак има уште нешто - овој дизел мотор кој се развива под кодното име Lion, нема да се појави пред 2018 година. Колку за информа
Година 5 • Квартал 3
55
ција, Ford и порано подготвуваше дизел вер зија на F-150, но рецесијата од 2008 година ги исфрли овие планови далеку од можноста за реализација, со што последен модел со дизел мотор остана неговата деветта генерација, ко ја се произведуваше од 1992 до 1996 година. Во креирањето на овој модел директно учест вуваа и купувачите - шест прототипа од него (три со челиченсандак,а три со алуминиумски, но без да им го кажат тоа) во 2011 година беа испратени на различни клиенти - рудник за злато во Невада, изградба на брана во Пенсилванија и служба за одржување на дал новодска мрежа во планините на Северна Каролина. Нивните мислења значително при донесоа за подобрувањето на практичноста и конструктивните особини на товарниот сандак за прв пат направен од лесниот материјал, а резултатите од овие „on-line тестирања во
56
Година 5 • Квартал 3
живо“, за неговата цврстина. Овие шест про тотипа, кои за две години заедно акумулираа повеќе од 560.000 километри, сé уште се во експлоатација кај наведените компании. За популарноста на Ford F-150 кај купувачите заслужна е и навистина импресивната понуда. Трите каросериски варијанти (со единечна кабина со 2 врати, продолжена со 2+2 и двојна кабина со 4 врати) се распределени на пет меѓуоскини растојанија, од 3,11 до 4,16 метри. Габаритите на овој пик-ап се во согласност со американските сфаќања за мерките - во за висност од изведбата Ford F-150 е долг меѓу 5,32 и 6,36 метри, широк 2,03, а висок 1,95 метри. Погонот може да му биде само на зад ните или на сите четири тркала, засега само преку шестстепен автоматски менувач. Бидејќи е наменет и за работа, и за задоволство, гамата генерално му е поделена на два дела - работ ниот се состои од XL и XLT изведбите, а луксузниот од Lariat, King Ranch и Platinum варијантите. Ако за првите се одлучуваат околу 70% од купувачите, кај останатите тие ќе бидат позадоволни, затоа што нивната значително повисока цена Ford ја компензира со мноштво богата опрема и иновативни технички системи кои се среќаваат кај автомобилите. Моделите со турбо мотори ќе имаат активна решетка на маската која ја подобрува енергетската ефи касност и аеродинамиката, нови техникалии се среќаваат и во внат решноста, а не е ште дено на нив ниту за подобрување на без бедноста и функцио налноста во секој ас пект на користењето на едно вакво возило. Така, на списокот оп рема на Ford F-150 ќе се сретнат ставки ка ко што се LED свет лата, активниот сис тем за пар кирање, сигурносните појаси
на надувување за задните седишта, камерата со поглед од 360°, 8-инчниот инфо дисплеј... Цените на новиот F-150 во САД започнуваат од 26.615 долари, додека врвните изведби повеќе од двојно ја надминуваат таа сума. Нарачките за него веќе започнаа да се примаат, а првите испораки се очекуваат во последниот квартал годинава. Ford ја има претставено првата генерација на F-серијата уште во 1948 година. Понудата која се состоеше од пик-ап, камион, затворен камион, шасија со кабина и специјални извед би за школски автобуси, сите распоредени во осум тежински категории како осум различни модели означени од F-1 до F-8, уште на поче
токот си го направи своето за популарноста на овој модел. Гладта на пазарот за вакви возила беше причина да се претставуваат нови ге нерации на секои три-четири години, период кој и сега не е многу поголем - сегашната ге нерација издржа пет години. Во 1999-та, кога веќе наголемо беше најдобро продавано во зило во САД, Ford ги одвои F-250, F-350 и поголемите во посебна Super Duty серија, но тоа не му наштети во зачувувањето на лидер ската позиција на пазарот. Така, овој пик-ап е апсолутен американски шампион во продажба веќе 37 години по ред - лани од него се про дадоа 763 илјади примероци. На второто место повторно е пик-ап, моделот Silverado на Chevrolet, со постигнати 480 илјади возила, а на
третото Toyota Camry (408 илјади). Во целиот свет, Ford F-150 е на импресивното четврто место со 920 илјади продадени примероци. Од дванаесетте досегашни генерации на F-серијата, Ford има продадено 34 милиони примероци. - Изгледот на тринаесеттата генерација на F-150 по ништо не оддава впечаток дека овој пик-ап е за 320 kg полесен од претходникот - Новиот F-150 е долг меѓу 5,32 и 6,36 метри, широк 2,03, а висок 1,95 метри - И покрај камионската големина, Ford го нуди F-150, барем засега, само со бензински мотори - Ford F-150 опремен со новиот 2,7 литарски EcoBoost V6 мотор на отворен пат да може да помине 30 милји со еден галон гориво, што е еквивалентно на 7,8 литри на 100 километри - Ford F-150 веќе 37 години по ред е нај продавано возило во САД - лани од него се продадоа 763 илјади примероци
Година 5 • Квартал 3
57
Schmitz Cargobull S.CS Genios
Нова генерација генијалци Инвестицијата на Schmitz Cargobull од повеќе од 30 милиони евра во нови технологии и проширување на капацитетите во фабриката во Алтенберге започ на да ги дава првите резултати.
58
Година 5 • Квартал 3
Не случајно Schmitz Cargobull е предводник на индустријата на полуприколки. Гледањето однапред на глобалниот раст преку новите технологии му овозможи зголемување на про метот за 7,5%, на 1.645 милијарди евра, оства рени со испорачаните 45.300 единици во деловната 2013/2014 година. Со новите инвес тиции во производствениот процес оваа број ка годинава треба да порасне на 47.500 испораки, кои ќе му донесат приходи од околу 1,8 милијарди евра. Јасно, за остварување на ваква цел не е до волно само просто проширување на капа ци тетите, туку и воведување иновативни техно логии кои ќе овозможат креирање нови производи според потребите на купувачите. Schmitz Cargobull направи и повеќе од тоа инвестицијата во комплетно новата линија за производство на I-профили во матичната фа брика ја следеше и конструирање на новата генерација полуприколки под името Genios, чие производство веќе започна. Овој тип профили се произведуваат со ладно обликување (валање), што овозможува елими нирање на процесот на заварување - галвани зираните профили сега се прицврстуваат со навојни елементи. Овој иновативен процес, единствен во индустријата на полуприколки,
обезбедува исклучително ниво на квалитет и создава значителни предности - материјалот веќе не е подложен на топлинските стресови од заварувањето и има поголема структурална стабилност, прецизноста во производството е доведена до совршенство, а за да се одговори на барањата на клиентите практично во секоја фаза на производството се можни корекции на местата и елементите за прицврстување. Покрај сé, во текот на експлоатацијата компо нентите на полуприколката лесно можат да бидат заменети во случај на потреба од поправка. Заради тоа и новоразвиената шасија на Schmitz Cargobull е најдоверлива од ваков тип што досега е направена. Најочигледните
Година 5 • Квартал 3
59
придобивки за клиентите се зголемено опто варување што полуприколките можат да го издржат, поголема флексибилност при транс порт на специјални товари, зголемена безбед ност заради елиминирањето на шевовите од заварувањето и поголемата стабилност пос тигната со поцврсти навојни елементи на местата кои треба да бидат засилени. Новата технологија за производство на Schmitz Cargobull е надградена со користе њето на иновативната модуларна конструк ција на полуприколките, која овозможува ши рок спектар добиен со комбинирање на раз лични тркала, распоредот на оските и другата опрема. Така, сега наместо досегаш ните 280 заварени варијанти, производствени от ранг ќе биде стандардизиран со само 20 типа изведби. Во моментов и двата производ ствени процеса се одвиваат паралелно, но
веќе кон крајот на годинава три четвртини од производите на Schmitz Cargobull ќе ги имаат имплементирано новите технологии. За потен цијалите на оваа конструкција најдобро кажу ва тоа што во иднина за сите европски земји ќе биде произведувана само една „основна“ шасија, која ќе биде надградувана со компо ненти, модули и опрема според потребите на пазарот и индивидуалните барања на кли ен тите. Прв претставник од новата генерација кај кој се применети овие врвни технологии во кон струкцијата и производството е стандардн ата полуприколка со цирада S.CS Genios. Наново конструираното тело и модуларната шасија на S.CS Genios не само што овозможуваат по добри перформанси отколку порано, туку и полесно товарање и обезбедување на товарот. Новата полуприколка Schmitz Cargobull за прв пат на јавноста ќе ја покаже на салонот на комерцијални возила IAA во Хановер кон кра јот на овој месец. - Новата Genios генерација полуприколки од Schmitz Cargobull има модуларна шасија - Модуларноста на конструкцијата овозможу ва поголема флексибилност, повисока носи вост и подобра безбедност - Процесот на површинска заштита со галва низација на елементите овозможува Schmitz Cargobull да дава 10-година гаранција против ‘рѓосување на своите полуприколки - Модерниот процес на производство овозмо жува наместо досегашните 280 заварени ва ријанти, да бидат потребни само 20 типа из ведби
Адреса: ул.2 б.б., нас.Илинден, Скопје Факс: 2 572 - 001 • Телефон: 02 2 581 - 561 www.cargobull.com
60
Година 5 • Квартал 3
Zeligson
Последниот Мохиканец Во американската камионска индустрија егзистира еден вистински раритет во глобализираната денешнина - независниот производител Zeligson.
Година 5 • Квартал 3
61
Просто е неверојатно денес да се наиде на ваков пример - производител на камиони кој не е под капата на некој познат и глобално ра ширен производител на возила, туку делува независно. Такви имиња има повеќе низ светот, но по правило само во земји кои се далеку од индустриски развиенот запад. Но, ете, и во срцето на Соединетите Држави, во Тулса, Оклахома, постои еден таков и се вика Zeligson. Основан е пред скоро седумдесет години како дел од Crane Carrier Company, која на почето кот се занимаваше со конверзија на воените вози ла останати од втората светска војна за цивилна употреба. Својот прв сопствен камион го има направено во 1953 година, по што сле деше период на „специјализација“ во областа што ја избраа како најперспективна - возила за тешка работа, како што се миксери за бетон, кранови, дупчалки за бунари за вода и тражење нафта, камиони за носење трупци, работа во
62
Година 5 • Квартал 3
рудниците, на аеродромите… Сметајќи дека најдобра за тоа е ретко применуваната кон струкција со полукабина и мотор сместен од страна на шасијата (Cab Beside Engine), тие го развија овој концепт како примарна архитек тура за своите возила која и ден-денес ја користат. Во текот на децениите сопственоста над Zeligsonкако засебна компанија или дел од матичната Crane Carrier Company, преминува ше неколку пати од рака во рака, но никогаш ни блиску до некој производител на возила специфичноста на правецот на развој и намената на високо специјализираните камио ни од оваа марка беа над нивните амбиции. Така, Zeligson беше и остананезависен од
трендовите на пазарот и тераше по патот из бран по сопствено убедување. А тој, покрај споменатата шасија со полукабина и мотор отстрана, го одведе и до едно друго, исто така ретко користено конструктивно решение со ниска кабина сместена пред моторот (Low Entry, Engine Behind Cab). Ваквата архитектура најчесто се среќава кај камионите за работа на аеродромите, автодигалките и други специ јализирани намени каде слободната висина над кабината е битна за функцијата. Такви се и американските камиони за собирање ѓубре кои се примарен пазар за Zeligson, а како ку риозитет треба да наведеме дека постојат и изведби наменети за работа во земјоделство
то, но не за превоз туку како земјоделски машини. Најпознати нивни модели се сериите Century со полукабина и Centurion со ниска кабина и двојни команди (два управувачки столба и два комплета на педали), чии цврсти шасии напра вени од I-профили ги имаат користено и други производители - AM General за воените ка миони, како и Carpenter и Wayne за школските автобуси. Денешната гама на Zeligson се состои од LET2, LET2 CC, LDT2 и MR сериите со ниска кабина, DR, WS и AG со полукабина и
моделот COE2 кој единствен има класична конструкција (Cab Over Engine). Се опремуваат со Cummins мотори и главно Allison трансми сии, а напредните решенија како што се Ridewell 60/40 ослонувањето со управлива задна оска, моторите конвертирани за работа на компримиран природен гас и хидрауличниот хибриден старт-стоп систем на Eaton ги пра ват уште поегзотични егземплари во светот на тркала. Податоците за волуменот на произ водството не се познати.
Година 5 • Квартал 3
63
Walmart WAVE
Штедете пари, живејте подобро Tоа е слоганот на американскиот ланец дисконти Walmart. Да видиме како тие го применуваат на своето работење.
64
Година 5 • Квартал 3
Во 2005 година, Walmart ја објави својата намера за една деценија двојно да ја зголеми ефикасноста на својата флота за транспорт и достава. Заради таа причина дел од камионите на овој американски трговски гигант беа пре правени да работат на биогориво кое се до биваше од остатоците од маслото користено за подготвување храната во нивните објекти. Иако резултатите се успешни (досега е постиг нато 84-процентно зголемување на економич носта, но најмногу заради подобрата органи зираност на доставата), сепак проектот беше преамбициозен најмногу заради огромниот број возила и уште поголемиот број километри што тие го поминуваат. Заради тоа стратезите на американскиот тр говски ланец преминаа на друга тактика - тие предложија, а раководството прифати да биде изработен суперкамион на иднината. По долго време планирање и подготовки и кратко време конструирање, проектот кој беше наречен WAVE, што е кратенка од Walmart Advanced Vehicle Experiment, застана на своите тркала. Бидејќи во светот на камионите веќе постојат многу напредни технологии кои само чекаат да бидат имплементирани, тие се концентри раа кон полуприколката, која во соработка со Great Dane Trailers скоро целата ја изработија од јагленородни влакна. Долга 16,15 метри, таа е најголемото нешто во светот направено од овој екстраскап и ултралесен материјал, со чи ја примена тежината во однос на класичните полуприколки и е намалена за повеќе од 1.800 kg. Во футуристички обликуваната кабина возачот сместен на централната позиција го опкружува ентериер како во компјутерски надзорен цен тар од причина што сé што како информација му се испраќа е дигитално, а и (скоро) сé што е команда тој го праќа на ист начин - ништо друго освен најосновните команди поврзани со во зењето (педалите за гас и кочница, мигавците, бришачите и слично) не е како кај конвенцио налните камиони. Ниту погонската група не е таква - WAVE се задвижува од сериски хибрид
но поврзани микро-турбина и електромотор. Овој влекач, направен во соработка со екс пертите на Peterbilt и Capstone Turbine, како погонско гориво може да користи дизел, био дизел, природен гас, течен нафтен гас или било што слично што готвачите во супермар кетите на Walmart ќе му подготват. Со колку точно камиони располага Walmart не успеавме да дознаеме. Велат околу 6.000, заед но со 55.000 приколки, но веројатно и тие не можат да ги пребројат оти оваа компанија која е најголем светски малопродажен ланец со промет од околу 500 милијарди долари годиш но, располага со околу 4.700 продавници само во САД. Но затоа точно знаат дека секој нивни возач во просек годишно поминува по околу 100.000 милји (160 илјади километри), или вкупно 700 милиони милји, што е 7,5 пати
Година 5 • Квартал 3
65
повеќе отколку што земјата е оддалечена од сонцето. Ако Walmart заштеди само по еден литар гориво на секои 100 km, годишно ќе собере сума од 11 милиони долари. Бидејќи просечната потрошувачка на американските камиони надминува 40 l/100 km, двојното зголемување на економичноста на флотата ќе му остави 233 милиони долари повеќе на салдото секоја година. Во САД Walmart вработува 1,4 милиони луѓе, пет пати повеќе од вториот по големина работодавач IBM.
66
Година 5 • Квартал 3
Wrightbus New Routemaster
Иднина со вкус на минатото Пред некоја година, скоро истовремено, Скопје и Лондон бараа производител за своите нови градски автобуси. Барањата им беа слични: новите автобуси требаше да го вратат духот на минатото на градските улици.
Година 5 • Квартал 3
67
Разликата беше во тоа што Скопје сакаше се гашноста да ја спои со од земјотресот насилно прекинатото носталгично минато, а Лондон преку новите технологии да погледне нана пред, во футуристичката иднина, за што му требаше и малку повеќе чист воздух. И во па рите, секако - нашите потрошија 41 милион евра за 217 автобуси, а Англичаните 213 милиони фунти (266 милиони евра по сегаш ниот курс) за 600 примероци. Сé започна во 2007 година, кога конзерватив ниот градоначалнички кандидат Борис Џонсон во својата кампања вети враќање на црвените двокатни Routemaster автобуси, кои под притисок на безбедносно-еколошките норми беа „протерани“ од улиците на Лондон две години пред тоа. Остварувањето на ветувањето не беше ниту малку едноставно - овие автобуси беа во служба на јавниот превоз половина век, време за кое лондонските градски власти неколку пати безуспешно се обидоа да ги заменат со посовремени модели, но легендар ниот Routemaster со квалитетот и издржли воста ги надживеа сите свои несудени нас ледници. Познат по својот пргав менталитет, Борис Џонсон не се даваше така лесно. Веднаш откако дојде на власт најпрво распиша јавен конкурс за идеја, концепција и дизајн на современиот Routemaster, а веднаш потоа и тендер за негово производство. Неговите ар гументи, како одговор на критиките на опо нентите дека тоа е непотребно расфрлање со
68
Година 5 • Квартал 3
пари во време кога на пазарот веќе постојат голем број модерни автобуси што во целост ги задоволуваат потребите за секаков вид град ски транспорт, беа дека освен што ќе помогне во подобрувањето на квалитетот на воздухот и ќе им понуди неспоредливо искуство на патниците во Лондон, новиот Routemaster ќе демонстрира и дека Британците како нација сé уште ги имаат задржано своите способно сти за врвен дизајн, напреден инженеринг и квалитетно производство. Колкав беше предизвикот илустрира фактот што иако претквалификациската постапка на тендерот ја поминаа шест производители - Alexander Dennis, EvoBus (односно Mercedes), Hispano Carrocera, Optare, Scania и Wrightbus, само три од нив можеа да одговорат на ба рањата да произведат двокатни автобуси со капацитет од најмалку 87 патници, три врати, две скалила за горниот кат и задна платформа која се отвора и затвора, задвижувани со хибридна технологија која ќе ги направи за 40% поефикасни од конвенционалните авто буси со дизел мотор, од кои треба да имаат и за исто толкав процент помала емисија на азотни оксиди и за 33% помалку цврсти честички во издувните гасови. Плус на сето ова, тие требаше да бидат и за 15% поеко номични од хибридните модели кои веќе беа во употреба во Лондон. Победник на тендерот беше производителот Wrightbus од Северна Ирска со проектот New Bus for London, чиј дизајн со стакла кои ди
јагонално асиметрично се спуштаат, едното околу задниот дел, а второто од десната стра на кај возачот кон предницата, лондонското претпријатие за јавен превоз веднаш го па тентираше како икона на градот. Ваквото за стаклување не само што е стилски потпис на новиот Routemaster, кој инстантно беше наречен Borisbus и Borismaster, туку овоз можува и скалилата кои водат кон горниот кат да бидат осветлени со природна светлина. За погон на автобусот долг 11,23 метри, широк 2,52, висок 4,39 метри и тежок 12,65 тони е употребена сериска хибридна дизел-елек трична погонска група, без никаква транс мисија, во која Siemens ELFA II синхрониот електромотор од 185 kW и 2.500 Nm со перманентни магнети е тој кој единствено го задвижува возилото - 4,5 литарскиот четири цилиндричен Cummins ISBe Euro VI дизел мотор со 185 KS работи само како генератор за литиум-јонските батерии од 75 kWh, кои се полнат и со регенерација на силата на кочење. Како резултат на тоа емисијата на јагленород диоксид е редуцирана за 47% (на 640 g/km) и е постигната економичност од 11,6 поминати милји со еден галон гориво, што е еквивалент но на потрошувачка од 24,35 l/100 km, измерена на лондонската рута 159 која минува низ
најстрогиот центар на градот. Според произ водителот, New Routemaster ги задоволува европските ECE 107 норми. Првото свое возење, на презентацијата, лон дон скиот автобус од новиот милениум го заврши баксузно - остана без гориво. Но, тоа не го спречи да започне со освојувањето на симпатиите на јавноста и пред пуштањето на првите возила во употреба, на крајот од февруари 2012 година. Неистомислениците на Џонсон, пак, продолжија со критиките истак нувајќи дека секој примерок од овој автобус ќе ги чини граѓаните на Лондон уште по 62.000 фунти годишно, колку што изнесуваат тро
Година 5 • Квартал 3
69
шоците за вработување кондуктери кои не наплатуваат карти, туку единствено се за должени за безбедноста на патниците, од носно внимаваат за време на возењето некој да не паднат од задната платформа кога таа е отворена. Како и да е, Wrightbus New Routemaster низ улиците на Лондон веќе опслужува десет линии, чиј број ќе се зголемува паралелно со испораката на возилата, која треба да биде комплетирана до 2016 година. Освен на ра чаните 600 примероци од него, Лондон
70
Година 5 • Квартал 3
истовремено ќе набави уште толку конвенцио нални (и помалку скапи) автобуси со хибриден погон, бидејќи практика е секои седум години да се обновува возниот парк на градскиот сообраќај, период кој со новиот Routemaster се очекува да се продолжи двојно, на целиот предвиден век на траење на автобусите. - По кратко отсуство, легендарните црвени Routemaster автобуси повторно се на улиците на Лондон, овој пат во современо издание - Уникатниот дизајн на Wrightbus New Routemaster е патентиран како икона на градот - Британскиот печат не штедеше пофални зборови и за ентериерот на новиот Routemaster - Граѓаните на Лондон ги опслужува флота од 8.500 градски автобуси, од кои 20% ќе бидат хибридни во 2016 година кога ќе заврши набавката на нарачаните 1.200 нови возила - Во периодот од 1956 до 1968 година беа произведени 2.876 примероци од оригинал ниот AEC Routemaster, од кои 1.280 сé уште се во употреба
Модел: Volvo EW140B Година: 2006 Работни саати: 9778 Општа состојба: одлична Инсталација за чекан + брза спојка Цена: 56.000 + 18% Моб.: 078 383 484
Нови и репарирани виљушкари
Се за автомобилизмот,...
... кај нас и во светот
Metso Mining and Construction Technology ul. Njudelhiska 2-1/6, 1000 Skopje tel: +389 2 3063 667 / fax: +389 2 3061 989 mob: +389 78 321 103 e-mail: vasko.salamovski@metso.com