GT08

Page 1

Специјализирано списание за градежништво и транспорт • Излегува четири пати годишно

Година II • Број 8

Caterpillar D6K • KOMATSU HD405-7 New Holland С-серија • Liebherr PR 724 Litronic SPANOS • JLG мodel G12-55A • VDL Futura 2 Iveco Daily • Хисар Компани


СОДРЖИНА Претставуваме: Од уреднички агол. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 3 Современ снагатор. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 4 ДВА ДОБРИ БРЕНДА, ПОДОБРИ РЕЗУЛТАТИ . . . . . . . . . . . 8 ЖОЛТА РЕВОЛУЦИЈА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 12 Издавач: КУКОМ Скопје Главен и одговорен уредник: Благоја Дрнков

TOP TOWER 4000 Еволуција на иднината. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 14 МАКСИМАЛНО „ПАМЕТЕН“ ИЗРАМНУВАЧ. . . . . . . . . . . . . 18 ДА ИМАА ЕГИПЈАНИТЕ ПУМПИ ЗА БЕТОН…. . . . . . . . . . . 20 Употребувано и употребливо . . . . . . . . . . . . . . . . . . 22

Графички уредник: Марјан Крстев

ТРИ ВО ЕДНО . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 24

Постојани соработници: Агрон Сулејман, Зоран Коцев, Љупчо Михајловски

Дозволете, јас ќе подигнам . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 30

Маркетинг: Благоја Дрнков Адреса на редакцијата: „Коста Шахов“ 6 1/1 1000 Скопје

БАГЕРИ НА ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 28 ПОВЕЌЕ ОД ПАРТНЕР ОД ДОВЕРБА. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 34 УНИВЕРЗАЛНА СЕАЛКА. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 37 МАЛ И МОЌЕН. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 38 Рамно како стакло!. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 40 Trанспорт

Сите права задржани ниту еден дел, текст или фотографија не смее да се репродуцира, или дистрибуира на било кој начин или на било кој јазик без претходна согласнос од редакцијата на Г и Т. Г и Т е тромесечна ревија.

www.g-t.com.mk

02 3223 531 2

Година 2 • Квартал 4

Ортак во сино. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 42 ПОТВРДУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТИТЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 46 Автобуско гнездо . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 48


Од уреднички агол

Соочување со резултатите 1. Секој крај значи некој нов почеток. Тој филозофски аспект на завршетокот на една и на почетокот на друга, нова, година, секој пат одново нѐ тера да се осврнеме на сработеното и да погледнеме напред во иднината, во перспективите на нашата реалност. А како нам ни помина изминатава година? Би рекле, и не толку драматично како на моменти што се чинеше дека ќе биде, и исто така не толку црно какви што беа песимистичките прогнози на одредени аналитичари. Неповолните економски/финансиски случувања кај нашиот јужен сосед, кај потенцијалните инвеститори предизвикуваат поприлична непријатност и воздржаност. Дали овој, на прв поглед голем хендикеп ќе знаеме да го свртиме во наша предност? Мудрите креатори на економските макро политики, секако дека би ги пронашле патиштата за искористување на моментот кој се однесува на „плашливоста на капиталот“ и би ги пронашле начините за негово пренасочување

кон нашата држава. Во неколку наврати нашите најодговорните луѓе од економските ресори, го истакнуваат овој факт како наша стратегија, но ниту еднаш не успеавме да видиме конкретни чекори во тој правец. Не е доволно да се чека капиталот едноставно да се пресели од југ кон север, тоа само од себе сигурно нема да се случи, туку треба да се создадат конкретни предуслови за сигурен трансфер на бизнисите од несигурните кон постабилните држави. Дали ќе ја чекаме разврската на грчката должничка криза за потоа да се обидеме да го искористиме моментот, или пак ќе знаеме да ги предвидиме состојбите па навремено ќе реагираме, тоа највеќе ќе зависи од знаењето и умеењето на најодговорните луѓе во државата. 2. Нѐ радува фактот кога ќе ја погледнеме проекција на буџетот на РМ за идната година, во која се предвидени значајни средства за капитални инвестиции. Ризикот е јасен, тие инвестиции даваат резултат на долг рок, додека краткорочниот ефект, најчесто политички мотивиран, им отстапува место на крупните инвестиции од кои општеството профитира низ генерации. Од наш агол гледано тоа значи само едно: ангажирање на градежната оператива на подолг рок! А градежната оператива при нејзината работа посредно или непосредно, покренува голем

апарат на придружни дејности. Да, секако тука спаѓаат и градежните како и цела лепеза на специјални работни машини. Не еднаш, од ова исто место, сме истакнале колку е тоа корисно за целото општество. Изградбата на патната инфраструктура, железниците, објекти за производство на енергија, водоводните мрежи, гасоводи, нафтоводи, ... сѐ се тоа инвестиции кои освен што се враќаат многукратно, ги обезбедуваат и основните предуслови за понатамошни инвестиции во стопанството. 3. Од содржините на бројот, што одвај чека да биде прелистан и прочитан од Вас, можеме да ги издвоиме темите во кои се осврнуваме на прирачните мајсторки алати, потоа багерот на Caterpillar, гасеничарот на New Holand, снаодливиот Bobcat како и на прилозите за нашите успешни компании. Секако дека не забораваме и на интересот на читателите кои се занимаваат со транспортните средства. Како ексклузивна рубрика, ја подготвивме репортажата од пробните возења направени во околината на Торино, при светската промоција на новата гама на Iveco Daily. Пријатно дружење со нашето списание! Благоја Дрнков Година 2 • Квартал 4

3


Caterpillar D6K

Современ снагатор Catеrpillar со моделот D6K ја потврдува посветеноста кон докажаните, класични вредности. Булдожерот треба да биде цврст, постојан, силен и се рабира поставен на гасеници. Современата технологија, во облик на бројни чипови, вградена е со намера класичната постава да функционира контролирано и максимално ефикасно

4

Година 2 • Квартал 4


Секогаш ќе постои потреба од извршување на тешките работи за уредување на градежните земјишта и подготовка на терените за градење. Тие тешки физички работи можат ефикасно да се извршат само со цврсти булдожери, изградени од екстра силни и издржливи материјали и ефикасен и прооден механизам способен да се движи низ секакви подлоги и по сите временски услови. Моделот D6K има едноставна ознака, придвижуван е со шестцилиндерски дизел мотор од 125 КС и способен да одговори на сите предизвици. Шасијата му е изработена од едно парче, преносот му е изведен преку гасеници, а сето останато е дел од современата приказна наречена – Caterpillar.

Возачко опкружување Ако се погледне работното место на операторот никој не би можел да претпостави дека од тоа место може да се управува и да се извршуваат толку тешки задачи. Всушност би рекле дека „хардверот“ односно надворешниот дел на булдожерите со текот на времето е многу малку променет, но во делот на ракувањето и

оперирањето со машината, кај современите производи е направена вистинска револуција. Тоа секако дека со полно право можеме да го констатираме и за овој модел на Cat. Од возачкото седиште прегледноста е одлична, седиштето е изведено со воздушна суспензија, а сите команди се интегрирани во двете рачки со електрична команда. Со десната палка се командуваат аголот и движењето на булдожерот, а левата палка е резервирана за контролирање на правецот и брзината на движењето. На неа исто така е сместен и едноставниот прекинувач за избор на движењето напред или назад. На подницата се наоѓа само една педала која служи за сопирање. Вгардената опрема може да се бира во зависност од условите во кои се работи, па така, ефикасното греење на кабината може да се надополни со греење на седиштето додека за проветрувањето и чистиот воздух се грижи ефикасниот клима уред со вграден филтер за прочистување на воздухот. Секако дека и таблата со инструменти е опремена со сите контролни уреди кои притоа се лесно читливи. Навигацискиот уред со голем и читлив екран доаѓа како дополнителна опција.

Година 2 • Квартал 4

5


Механика Во срцето на целата „железарија“ сместен е нов шестцилиндарски комон реил дизел од сопствено производство. Ако подетално се погледне архитектурата на овој мотор се добива впечаток како да е преземен од некоја луксузна лимузина. Турбо моторот има вградено по 4 вентили на секој цилиндар, компримираниот воздух се лади во посебен ладилник а вбризгувањето се одвива под надзор на контролната електроника. Максималната силина од 125 КС ја испорачува при само 2.100 вртежи додека огромниот вртежен момент на располагање е речиси при самото стартување на моторот. Носечката структура е изработена од еден дел и е дизајнирана да може да ги издржи сите механички удари при товарењето како и усукувањата кои се јавуваат при движењето на машината кога е натоварена. Со роботско, длабоко заварување,

на основната структура се споени и останатите носечки елементи. Преносот до гасениците се одвива преку хидростатичен систем кој овозможува меко пренесување на силината и тоа независно на двете страни на машината. Долговечноста на преносот се базира на планетарниот запчаник кој покрај тоа има и долги сервисни интервали.

6

Година 2 • Квартал 4

Широчината на гасениците може да се бира помеѓу 560 и 760 мм а минималната оперативна тежина на машината изнесува 12.886 кг. Во оваа класа на машини очекувана е можноста за употреба на разни приклучни додатоци наменети за извршување на специфични работни задачи. Широкиот спектар на овој вид специјални додатоци, наменети за употреба во D6K, во целост ја потврдува употребливоста на машината.

Одржување Еден од клучните фактори при калкулирање на исплатливоста на работните машини секако дека е нивното лесно и евтино одржување. Длабоко свесни за тој факт, во Caterpillar посветуваат големо внимание на одржувањето и сервисните интервали. На предната страна на D6K поставен е решеткаст капак со чие отворање се пристапува до алуминиумскиот ладилник и до хидраулично управуваниот вентилатор наменет за него. Со тоа сите прашања околу одржувањето на системот за ладење едноставно и ефикасно се решаваат. Контролата на останатите уреди се извршува преку капакот поставен на левата страна на машината. Сите контролни точки се групирани токму на тоа место па оттука следењето на флуидите и нивната замена е максимално поедноставена. Во соработка со дилерот на Caterpillar, корисникот може да договори далечинско пратење на сите параметри на машината и според состојбата навремено да прими сигнали за редовни сервиси или пак за потребните интервенции. Сѐ во функција на ефикасноста и економичноста на работата!


336D Хидрауличен багер

www.teknoxgroup.com

Текноксгруп Македонија Дооел Антон Попов б.б. 1000 Скопје, Република Македонија

tel. +389 2 2527 205 contact-mk@teknoxgroup.com www.teknoxgroup.com


KOMATSU HD405-7

ДВА ДОБРИ БРЕНДА, ПОДОБРИ РЕЗУЛТАТИ Не е премногу сложено да се создаде добар бренд - сложено е да се остане добар бренд

8

Година 2 • Квартал 4


Македонија, колку и да е мала, има нешта по кои е позната и ценета во светот. Едно такво нешто е и прилепскиот мермер „Сивец“, на којшто му нема рамен. Но, она што природата ни го дала не би имало кој да го цени, ако остане таму каде е. Човекот е тој кој му дава душа на студениот мермер, но тоа може да се види само кога мермерните плочи ќе си дојдат на своето место, кога ќе ги красат величествени зданија кои со него изгледаат уште повеличествено. А како што најдолгиот пат започнува со еден чекор, така и секоја мермерна плоча мора најпрво да се извади од пазувите на земјата. Суштината на квалитетот на мермерот не лежи само во неговиот состав и изглед, туку и во хомогеноста, така што неопходност е да се ископуваат што поголеми блокови, од кои подоцна се сечат плочите со потребните димензии. Ако не е така, прилепскиот мермер не би бил тоа што е, туку би бил само обичен мермер. Заради тоа, Мермерниот комбинат од Прилеп

неодамна со помош на македонскиот застапник за Komatsu, Теиком Тим од Битола, ја осовремени својата механизација со нов дампер за превоз на големите камени блокови. Изборот не случајно падна на Komatsu, бидејќи зачувувањето на имиџот на брендот „Бел Сивец“ директно зависи од квалитетот и ефикасноста на опремата која се користи при неговото производство. Интересно е и тоа што на јапонски, името Komatsu, како што се вика градот во кој е основана компанијата, значи мал бор. Сепак, во производственото портфолио на Komatsu нема ништо мало - иако тежи скоро 35 тони, дамперот со ознака HD405-7 кој од неодамна е во експлоатација во Мермерниот комбинат, е еден од помалите во гамата на Komatsu. Најголемиот нивни дампер има мотор од 2.610 kW, тежина од 576 (не, не е грешка) и носивост од 327 тони, а за свртување му требаат 32 метри простор. Не е ни за изненадување, бидејќи Komatsu е еден од најголемите производител во светот на тешка

Година 2 • Квартал 4

9


механизација и мора да има производ за секого. За потребите на рудник каков што е Мермерниот комбинат, повеќе се потребни маневарските способности отколку вкупниот капацитет, па затоа и нивниот избор беше овој модел, долг 8,5 метри, широк 3,66 и висок 4,15 м, кој има пречник на свртување од 14,4 метри. Располага со две хидропневматски ослонето оски, шасија од челик со висока цврстина и 15,2 литарски шестцилиндричен мотор од 371 кЊ, со кој постигнува максимална брзина од 70 км/ч. Погонот му е на задните тркала преку седумстепена автоматска трансмисија, а може да превезува 27,3 кубни метри товар со максимална тежина од 41 тон, и тоа на максимална нагорнина од 35%. Опремен е со гуми со димензии 18.00 Р33

10

Година 2 • Квартал 4

и резервоар за гориво од 484 литри, во моторот собира 50 литри масло, за менувачот се потребни 90, за диференцијалите 75, за хидрауликата 129, а за ослонувањето 44 литри. Кабината е направена според сите безбедносни стандарди, а опремена како и секој полуксузен автомобил - со клима уред, електрично задвижувани и затемнети стакла, радио касетофон…


Година 2 • Квартал 4

11


ЖОЛТА РЕВОЛУЦИЈА New Holland ја претстави својата нова С-серија на машини за изградба со најсовремена технологија до сега, која е проследена со еколошка насоченост, економично користење и сопственост, сѐ со цел да се стигне до највисоки перформанси. Новина се моторите со напредни стандарди за емисии на штетни гасови и ниво на бучавост Кога сме веќе кај еколошкиот момент една од поставените задачи за експерти од New Holland е секако елиминирањето на азотните оксиди (NOx). Тешките честички се опасни за човековите респираторни органи, а азотниот оксид предизвикува токсични реакции. Во борбата за поеколошки и подобар живот постојано се бараат методи за намалување на емисијата на штетните гасови, па воведувањето на стандардот Tier 4 е само чекор понатаму. Постоечката технологија EGR, што претставува повторна циркулација на издувните гасови во просторот за согорување

на горивото сега е надградена со дополнително ладење и употреба на филтер за тврди честички. Сето ова е сега дел од стандардот Tier 4 кој го применуваат сите производители на мотори во машините за изградба. New Holland оваа технологија ја дополни и со системот SCR, кој претставува селективна катализаторска редукција на загадувачите.

12

Година 2 • Квартал 4


Издувните гасови не се ладат повторно и даваат поголем простор за согорување, а воедно и хемиски се чистат со SCR системот кој во себе има посебна течност AD Blue–Urea. Ова веќе одлично функционира кај товарните возила. Овој систем има две предности. Во просторот за согорување има само смеса на гориво и чист воздух.Така се доаѓа до процес на подобро согорување и помал степен на загадување. Истовремено нема намалување на ефикасноста на моторот, а ни зголемување на

потрошувачката. Процесот на согорување се одвива при повисоки температури и со тоа се добива поголема стапка на искористеност. Тврдите честици потполно согоруваат, а NOx се чисти во хемиската реакција, од која имаме мешавина на издувните гасови и уреа. Нивото на уреата практично е на ниво од 5% од горивото. Системот SCR не е чуствителен на ниски температури, лесен е за транспорт и користење.

Година 2 • Квартал 4

13


MARINI

TOP TOWER 4000

Еволуција на иднината Првата генерација на Асфалтната база „TOP TOWER 3000“, изградена врз принципот на одржлив развој, беше и понатаму подобрувана и како резултат на тоа се појави новиот модел: TOP TOWER 4000

14

Година 2 • Квартал 4


Во последните неколку години MARINI и групацијата FAYAT се фокусираа на развој на иновативни решенија на асфалтни бази, посветувајќи внимание на технолошко-еколошките прашања (значително намалени емисии во атмосферата, ниско ниво на бучава, ниска потрошувачка на енергија, високата стапка на рециклиран материјал, ...) и на модуларниот концепт (лесен транспорт, брзо склопување и евентуално понатамошно расклопување, употребата на мобилни челични основи, итн ...). Покрај тоа, со голема леснотија се можни разни модификации и подобрувања - дури и во подоцнежните фази - со поставување опрема за обезбедување на иновативните технологии достапни на пазарот (топол-микс асфалт, чист битумен, течни и цврсти адитиви, употреба на висока содржина на рециклиран материјал и сл.). Горенаведените карактеристики стојат зад успехот на Асфалтната база “TOP TOWER 3000“, која е на пазарот веќе три години и веќе високо ценета од страна на главните изведувачи во оваа област. По иницијалниот успех, групацијата FAYAT одлучи да развие нов модел, во кој се вградени сите иновации на претходникот плус нови подобрувања, со кои сега TOP TOWER 4000 е на врвот во однос на квалитетот и побарувачката на пазарот. Моделот TOP TOWER 4000 ги одржува предностите на единицата за сушење-филтрирање. Одлуката да се постави филтерот и силосот за сопствен филер директно над сушарата, не само што ја намалува основата на базата, туку таа има и многу позитивно влијание врз потрошувачката на електрична енергија на базата, благодарение на оптимизираниот проток на гасови (пократки, делумно изолирани сушара-филтер канали) и

враќањето на топлинската енергија што зрачи надвор од сушарата. Како заклучок, иновативниот дизајн на овој тип Асфалтна база доведува до значителни заштеди, како во потрошувачката на електрична енергија, така и на гориво. Затоа, оваа база придонесува за намалување на емисиите на CO2 и да функционира во целосна согласност со принципите на одржлив развој. Суштинскиот дел TOP TOWER базата - единицата за мешање - е комплетно редизајнирана, почнувајќи од ситото кое е целосно обложено (за намалување на нивоата на бучава и загубата на топлина). Големи напори се направени за да се олесни замената на мрежата на ситото и сервисирањето; благодарение на новиот систем - патент на MARINI - мрежите на ситото може многу брзо да се демонтираат и да се заменат, а пристапните места се поголеми и поудобни. Пристапот кон силосите за готова маса, преку скали и рампи (поголеми како што е предвидено со новите европски стандарди - без вертикални скали) е полесен на тој начин овозможувајќи да се стигне до сите сервисни места директно од кабината без притоа да се стапне на земја. Со цел да се намали нивото на бучавата и емисијата на CO2, мешалката и силосот за складирање топла маса, како и количката за транспорт, се целосно или делумно обложени: на тој начин што сите елементи кои произведуваат бучава или емисија на пареа се редизајнирани и оптимизирани. TOP TOWER 4000 е единствената Асфалтна база чија структура е целосно дизајнирана да се усогласи со сеизмичките норми кои се стандардизирани во целиот свет.

Година 2 • Квартал 4

15


TOP TOWER е синтеза од тековната соработка со најстручните и најголеми клиенти, со што се овозможи MARINI да ја поднови и подобри базата посветувајќи особено внимание на управување со производството, рутинско одржување и потрошувачката на енергија. Искуството и работата на групацијата FAYAT

резултираа со функционална и ефикасна Асфалтна База, одговарајќи на барањата на пазарот. TOP TOWER 4000 е замислена да биде референтен производ за клиентите со нови барања и ориентираност кон квалитет.

INDUSTRIAL POWER TOOLS

16

Година 2 • Квартал 4


Година 2 • Квартал 4

17


Liebherr PR 724 Litronic

МАКСИМАЛНО „ПАМЕТЕН“ ИЗРАМНУВАЧ Оваа машина се карактеризира со исклучителни својства за рамнење, пред се поради ширината на „ножот“ како и големиот број елaстични компоненти. Нерамнините на теренот ги „голта“ и овозможува оптимална работа преку електронскиот Litronic систем за контрола, што овозможува лесно, безбедно и прецизно фино израмнување. PR 724 Litronic е особено економичен, поради неговата моќ на конверзија во сите брзини на движење

18

Година 2 • Квартал 4


Моделот од четвртата генерација PR 724 е со агрегат од 120 kW (161 KS) и како сите Liebherr има пренос преку хидраулика, а вистинска вредност е Litronic електронскиот систем за контрола при работата. Хидрауличниот систем овозможува непречена работа во помали или поголеми брзини и работи потполно автоматизирано во склад со потребата за влечна сила. Потребните движења може да се изведат брзо и точно, независно од подлогата, дали станува збор за груб и нерамен терен, или пак тврд-мек, секако влева посебна доверба при работата. Како и кај сите булдужери од четвртата генерација на Liebherr, најважната функција за менување на насоката ( со двојно напојување) директно е интегрирана во системот и се регулира со посебна рачка, а може да се активира и бестепениот состав, во зависност од потребите. Тоа се однесува кога joystick рачката е во својот највисок степен. Компактниот хидраулички од на „ножот“ придонесува машината да има извонредна распределба на тежината. Заедно со другите багерски состави и компоненти и со 812 mm (32 “) широчина на трагата на „гасеницата“, PR 724 се оценува како еден од моделите со најдобри перформанси во својот сегмент. Кога кон ова ќе се додаде и одличниот агрегат кој се карактеризира со низок степен на потрошувачка на гориво и емисија на штетни гасови, многу компании често се одлучуваат оваа машина да биде дел од нивниот оперативен парк. Уште една предност на PR 724 секако е добрата прегледност од кабината, што е важен елемент во работата на булдожерите. Кабината кај оваа четврта генерација се карактеризира со извонредна внатрешност. Ергономската поставеност му овозможува на операторот идеални услови за работа. Инструменталната табла на која се интегрирани сите главни функции на машината

е централно поставена, при што се мислело на позицијата на операторот. Непречениот поглед на „ножот“ или на другите делови од опремета се со цел за што попрофесионално, поефектно и побрзо да се завршат работите е уште еден елемент плус. Внатрешните облоги се за да се апсорбира бучавоста. Заедно со системот за контролата на брзината на хидрауличкиот систем и мошне мираната работа на дизелскиот мотор го намалуваат нивото на бучавоста далеку под стандардите. Liebherr PR 724 Litronic е со работна тежина од 19,8 тони. Новина во оваа четврта генерација од неодамна е воведувањето на префит сетови за контрола на машината од врвни производители. Тие ги содржат сите потребни компоненти за врдаување на ласер или GPS уреди за контрола на дозерот и оптимално се адаптираат на базата од машината. На тој начин се активираат сите операции и во рамките на хидрауликата и електрониката на дозерот.

Година 2 • Квартал 4

19


ПУМПИ ЗА БЕТОН SCHWING

ДА ИМАА ЕГИПЈАНИТЕ ПУМПИ ЗА БЕТОН… SCHWING групата е светски број 1 производител на машинерија поврзана со бетонот - од дозерите, преку миксерите и пумпите за свеж бетон, па сé до уредите за рециклирање на стариот бетон

20

Година 2 • Квартал 4


Да се доделуваше Нобелова награда за градежништво, тогаш првата сигурно би отишла во рацете на оној што го пронашол. Без него, сигурно сé уште би живееле во пештери и колиби. Но, по една таква награда заслужуваат и тие што ги пронашле миксерот и пумпите за бетон - без првите, градежништвото не би било индустрија, туку би се свело само на индивидуални зафати со несебична помош на комшиите и пријателите, а без вторите би отишло само чекор-два понатаму и би стигнало само до ниво на мала приватна иницијатива, бидејќи работите на секоја малку поголема градба би траеле толку долго, што чекањето да се заврши би изгубил секаква смисла. Додека миксерите продуктивно работат нонстоп, пумпите се тие кои го „оживуваат“ бетонот, создавајќи реалност од замислите на архитектите, без разлика за што се работи: за станбени или деловни објекти, тунели, мостови, стадиони… Да имале старите Египјани пумпи за бетон, и пирамидите би биле поголеми. Најголемиот светски производител на целокупна механизација поврзана со бетонот, групата SCHWING, во својата понуда има огромен број пумпи за бетон - од стационарни, преку оние кои се монтираат на миксери, камиони, приколки, па до специјални изведби во вид на дигалки и такви кои се наменети за конкретни работи, како, на пример, за бетонирање тунели. Основните принципи на нивната работа се базираат на двоцилиндрични хидраулични пумпи, кои работејќи

според „боксер“ принципот, бетонот од миксерот под притисок, преку зглобниот цевковод, во една течна и хомогена состојба го испорачуваат до местото каде треба да се налее. Во квалитетот на излеаниот бетон своја улога има и конструкцијата на цевководот, нешто што само со долгогодишно искуство какво што го има SCHWING може да се научи. Иако, како што споменавме постојат повеќе изведби, типичната пумпа за бетон е монтирана на камион, кој освен со нејзината конструкција, е опремен и со специјални контратегови кои му ја овозможуваат потребната стабилност при работата. Телескопската и зглобна конструкција на цевководот овозможува тој да ги „заобиколува“ препреките, како што се постоечките градби, крановите, дрвјата и слично. SCHWING произведува вакви пумпи веќе 35 години и во моментов во својата програма ги има повеќе, со капацитет меѓу 90 и 163 м³ бетон на час, кој го исфрлаат под максимален притисок од 85 до 108 бари. Во зависност од верзијата, хоризонтално можат да се растегнат до максимални меѓу 19,5 и 53,4 метри, а во висина да достигнат меѓу 23,1 и 57,24 метри. Се монтираат на камиони со 2, 3, 4 или 5 оски, а во моментов во подготовка е и модел кој ќе се испорачува на механичка основа на камион со 6 оски.

Година 2 • Квартал 4

21


Многу често, обемот на превземените работни задачи не дозволува купување на нова специјализирана опрема. Сепак решение постои – набавка на половна опрема

Употребувано и употребливо Купувањето на нова специјализирана опрема, најчесто за оперативците од градежниот бизнис значи изложување на голем финансиски издаток, или пак жртвување на ефикасноста на работата. Дали тоа мора да биде така, или пак постои и алтернативна опција?

22

Година 2 • Квартал 4


Скратување на временските рокови, заштеда на пари, повторна употреба на материјалите за одржливост на бизнисот – се само некои од придобивките кои ја зголемуваат популарноста на половната опрема во денешниот свет на градежништвото. Како одговор на овие барања, Spanos нуди значајана палета на високо квалитетна половна опрема за различна намена: асфалт и патен сектор, производство на бетон, камиони, машини за земјени работи, итн. во одлична состојба и по светски конкурентни цени. Со половната опрема, Spanos обезбедува поевтини производи со квалитет кој е споредлив со нивните нови колеги т.е. нуди прифатлива алтернатива за новите машини. Не е невообичаено, што на новата опрема понекогаш и треба извесно време за постигнување на потребните перформанси; од друга страна, користената градежна опрема може да се покаже како многу ефикасна, бидејќи таа е веќе употребувана во слични услови, а со тоа додатно се потикнува работната активност. Имајќи предвид дека стабилниот градежен бизнис подразбира запазување на цврсти рокови, и дека купувањето на опрема претставува прашање на доверба, Spanos гарантира дека половната опрема во целост е проверена и во исклучителна оперативна состојба. Сите машини се целосно сервисирани, обновени и тестирани; нивните техничари ги потврдуваат оперативните и функционалните карактеристики до најситниот детал. Пред да ги понудат своите користени продукти, тие поминуваат детален

преглед извршен со користење на најновата технологија. Притоа машните го поминуваат и целосниот процес на оптимизацијата. Покрај опремата, Spanos обезбедува целосна поддршка преку добро организиран пост продажен сервис, со искусен персонал кој говори странски јазици и е обучен со комјутерски вештини Преку темелно следење на квалитетот и перформансите, нивните клиенти се убедени дека без обзир на придавката “користен“ Spanos половната опрема е безбедна и функционална. Во зависност од потребите на клиентите, асортиманот на опрема на Spanos е широк и вклучува разни брендови, тоа значи дека не се нуди во нивната главна линија на производи. За секој производ од втора рака, Spanos нуди широк спектар на резервни делови, се со цел максимизирање на инвестицијата преку продолжување на работниот циклус. Ова покажува дека купувањето на Spanos половна опрема, вклучува не само функционални и целосно сервисирани производи туку и посебни, дополнителни компоненти за машините. Сметајќи дека заштедата на трошоците, добрите перформанси, зголеманата продуктивност, претставуваат предуслови за исполнување на очекувањата на клиентите, понудата на издржливи користени машини води кон исполнување на сите градежни задачи. Лесно достапни, со докажан квалитет, проверен сервис и пристапни цени, Spanos половната опрема е совршен избор за одржување на градежниот бизнис и покрај турболентниот економски момент. Година 2 • Квартал 4

23


Bobcat TR35160

ТРИ ВО ЕДНО Со целиот спектар од уреди кои може да се приклучат, ова остварување реално комбинира можност за експлоатација на три машини одеднаш: работна платформа, телескопски натоварувач и кран. Палетата ротирачки телескопски подигачи на Bobcat овозможува постојана ротација, подигање и вртење над пречките, брзо и прецизно позиционирање, достапност и зголемување на обемот на работна површина.

24

Година 2 • Квартал 4


Денес Bobcat компанијата е неприкосновен лидер, во производството на компактна опрема (53% глобален удел на пазарот), нудејќи им на сите шест континенти, најширокиот спектар на мали натоварувачи, натоварувачи со телескопска „рака“, компактни багери и миникамиони со комбиниран систем на ротација. Телескопските натоварувачи Bobcat може да се поделат условно на мали, средни и големи. Со ширина помала од два метри, моделите Т2250, Т2556, Т2566 се најмалите од палетата на производи. Со товарен капацитет од 2.2 тони за Т2250 и 2.5 тони за Т2556 и Т2566. Максимална висина до пет метри е за Т2250, 5.6 м за Т2556 и 6.5 метри за Т2566. Благодарение на компактните димензии, оптимален сооднос моќност / тежина, двостепенната хидростатична трансмисија со погон на двата моста и богатата палета на работни тела, понудени од Bobcat, тие се незаменливи во областа на земјоделството, сточарството, индустриски сектор и градежништвото. Просечната големина на средната категорија на телескопски натоварувачи Bobcat, е со максимален товар од 3.5 тони и лифт од 7.1 до 12.0 метри. Лесната и здрава унифицирана рамка овозможува на овие машини да креваат еднакви, па дури и поголем товар од машини од иста класа со поголема сопствена тежина. Моделот Т3571 е дизајниран со оптимални параметри за работа со секакви материјали, а моделите Т35100 и Т35120 имаат идеална товарна

графика, со стабилизатори на тркалата и можат да бидат опремени со самонивелирачки систем (опција нуди и за Т3571L), претворајќи ги во идеални машини во случаите бараат подвижност, прецизност и максимална стабилност. Нудејќи четири тони максимален капацитет на подигање од 14 до 17 метри височина, големите модели на телескопски натоварувачи Bobcat T40140 и Т40170 се опремени со „рака“, разработена и произведена со помош на најмодерни технолошки достигнувања во машинството. Со едноставен дизајн, новата „рака“е лесна и здрава, опремена со интегриран систем за нивелација при распнување со максимален товар. Благодарение на AMA (Aggravating Movements Arrestor) системот за контрола на оптовареноста со работењето со товарите што секогаш е сигурно и безбеден. На крајот се и ротирачките телескопски натоварувачи Bobcat : TR35160 (3,5 т/16м), TR45190 (4,5 т/19м), TR50210 (5т/21м) и TR40250 (4т/25м). Bobcat TR35160 нуди ново ниво на многустраност и ефикасност во палетата ротирачки телескопски натоварувачи. Со вртење на 400 степени, тие овозможуваат да се покренат и позиционираат точно големи, гломазни и тешки товари. Со целиот спектар од прикачените уреди, тие реално ги комбинираат можностите на 3 машини во едно: работна платформа, телескопски натоварувач и кран. Овој ротирачки телескопски натоварувач Bobcat овозможува постојана ротација, подигање и Година 2 • Квартал 4

25


вртење над пречките, брзо и прецизно позиционирање, достапност и зголемување на обемот на работна површина. Електронски контролираниот систем и составот за обединување на хидраулични кругови овозможува сите функции на „раката“ да се спроведуваат истовремено и пропорционално. Стабилноста на машината се следи постојано и при пречекорување на дозволените нејзините вредности се активираат светлосни индикатори за преоптоварување. За ова свој придонес дава

26

Година 2 • Квартал 4

компактната шасија, која е ергономска и издржлива конструкција. Со тоа се постигнува значителна моќ дури и при максимален товар. Сите елементи се многу важни и во склопот сигирност и безбедност. Благодарение на ротирачката „рака“, новиот Bobcat TR35160 може да врши многу различни работи на места на градилиштето од иста позиција. Поставувањето и подготвеноста за акција трае многу кратко, само неколку минути. Користејќи многу приклучоци, неговата ефикасност добива максимални димензии.



Иновации од италијанските Venieri

БАГЕРИ НА ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН Venieri е традиционален италијански производител, чија специјалност е производство на машини со врвна техника на копање. Во своето шестдецениско постоење компанијата успеа да се наметне на пазарот, а во поново време може да се пофали и со сериозните достигнувања во развојот на машини со алтернативни горива, што е во согласност со современите тенденции за економичност и заштита на околината.

28

Година 2 • Квартал 4


Сосема реално е дека типичните мали производители на машини за копање во последните години го намалија производството под притисок на моќните светски компании, но има и такви кои достојно се одржаа на пазарот под овој налет. Оние кои ги задржаа своите позиции, се покажаа доста флексибилни и иновативни, а потврда за тоа се многуте производи кои им конкурираат, не само по цената, туку по квалитетот и технологијата на светските лидери. Токму таков е примерот со компанијата Venieri - производител со претензии да биде што повеќе иновативен, се разбира ако не може да биде рамноправен на пазарот. Малкумина знаат дека ова е првиот, или барем еден од првите во светот, кои користеле хидростатичен погон за градежни машини (1968 година). Во 1999 година Venieri го заврши успешно својот проект за електричен минибагер утоварувач, наречен ЕТ400. Италијанските инженери ја постигнале планираната цел и создале електрична машина со технички параметри, конкурентна на еден од водечките брендови минитоварачи и минибагери, управувани со дизел мотори. Конструкторите не кријат дека технологијата е позајмена, односно е на основните принципи од технологијата на електромобилите. Поточно новиот електричен модел е базиран на стандардниот минибагер-утоварувач 1.33, развиен уште во 1996 година (маса 3,3 тони 4х4х4). ЕТ400 бил патентиран за во Европа и САД, но не е произведен сериски поради

се уште резервираноста на клиентите за машини на алтернативни горива на крајот на дваесеттиот век. Десет години подоцна трендовите почнуваат да се менуваат и Venieri подготви обновена верзија на ЕТ400. Димензиите-ширина 1350 и висина 2000 милиметри, останале исти, а новината е мошне моќниот акумулатор, кој издржува нормално оптоварување во текот на еден работен ден. Компанијата веќе многу размислува за развој на машини со хибриден погон, па дури и планира да ја користи технологијата на водородни келии. Вистинска новина во понудата на Venieri се хибридноелектричните утоварувачи 2.63 E и 5.63В. На првиот работната маса му е 4,4 тони, користи шема на погон на тркалата 4х4х4 и може да работи со кофа со капацитет од 0,7 до 1 кубен метар, а кај него италијанските инженери комбинирале електромотор (44 КЅ) и четирицилиндерски 1,5-литарски дизел мотор Perkins 404D-15 (38 КЅ). Максималната комбинирана моќност на двата агрегати е 60 КЅ. Дополнително има електромотор со моќност од 20 КЅ, кој обезбедува независен погон за хидрауличната опрема и пумпи. Акумулаторот е со капацитет е 80 V/150 Ah. Како опција се нуди и никел металхидриден. Од Venieri тврдат дека преку хибридните погони се постигнува до 50% заштеда на гориво. Venieri 5.63В е 6,3 тонски хибридно-електричен утоварувач со зафатнина на корпата 1,1-1,7 кубни метри. Максималната комбинирана моќ е 89 КЅ. Година 2 • Квартал 4

29


Телескопска платформа – JLG мodel G12-55A

Дозволете, јас ќе подигнам Телескопската платформата G12-55A опремена е со погон на сите четири тркала, може да ги управува сите четири тркала и може да подигне товар од 2.3 тони на максимална висина од речиси 17 метри.

30

Година 2 • Квартал 4


Кој не би посакал таков механички пријател на своето градилиште. Прооден по сите терени, снаодлив и вешт при акција, и робусен, економичен и едноставен при експлоатацијата. Токму таква е телескопската платформа на американскиот производител JLG. Ако го прифатиме фактот дека патот до производството на врвна специјална машина од оваа категорија, се развива и усовршува со децении, тогаш ќе ни стане јасно дека производителот својата кариера во производството на специјална опрема, машини и додатоци, ја гради уште од крајот на шеесетите години на минатиот век. Значи, кога говориме за моделот G12-55A мислиме на најистакнатиот претставник од шестчленото семејство на G-серијата. Влезниот претставник во оваа одважна група е моделот G5-18A кој може да подигне товар од 2.5 тони на висина од 5.5 метри, и кој може да се пофали со истите можности како и нашиот разгледуван модел односно со управување и придвижување на сите четири тркала како и со голем број на додатоци кои се ставаат на располагање. Ние продолжуваме со разгледување на најистакнатиот модел од G-серијата кој, разбирливо, претставува врв на понудата и кој е облагодарен си сите помагала од врвната технологија.

Возачко опкружување Моторот на G12-55A е поставен странично, а главна причина за ваквото решение е во обезбедувањето на одлична видливост на сите страни од кабината. Можноста да се знае точно каде треба да се постави и делува долгата телескопска рака е надополнета со исполнување на строгите ROPS/FLOPS безбедносни стандарди. Операторот исто така може да ужива во пријатната температура која ја обезбедува клима уредот исто како и во (опционално) квалитетниот аудио уред. Инаку оперирањето и со најсложените задачи се изведува со

едноставно движење на централниот џојстик. Од прилагодливото и амортизирано седиште со едноставно вртење на копчето може да се избере и начинот на управување со тркалата.

Механика Основните механички карактеристики кои потоа се покажуваат како одлучувачки за ефикасно извршување на работните задачи, претставуваат погонот и управувањето на сите четири тркала. Тоа што може да го изведе погонот на четири тркала, кој пак е искомбиниран со минималната оддалеченост на машината од тлото за 457см и кој е опремен со специјални пневматици на Firestone, можеме да го претпоставиме. Но, прикаската добива доза на воодушевување со споменување на можностите на управувањето со сите тркала. Веќе споменатиот позиционер сместен на дофат на раката на операторот, овозможува бирање на погон само на предните тркала, кој служи за “обичен превоз на товарот“ (максималната брзина притоа изнесува 32 км/ч), потоа погонот 4x4 кој се користи при отежнати услови и лизгава подлога (задните тркала се вртата во спротивна насока од предните) и на крајот погонот 4x4 при што предните и задните тркала се вртат во иста насока. Последнава опција се користи кога е потребно машината да се движи странично. Инаку моторот задолжен за погон на машината и хидрауличните пумпи, е современ дизелски агрегат испарачан од Cummins, располага со работен волумен од 4.4 литри и испорачува 140 КС. Механичките капацитети на моделот G12-55A говорат за подигнување на товар со максимална тежина од безмалку 5.5 тони, до максимална височина од 17 метри.

Одржување За управување и техничко одржување на специјалкава потребна е претходна обука. Таа ја изведуваат фабричките инструктори Година 2 • Квартал 4

31


и тоа во договор со корисникот. Ако се земе предвид податокот дека JLG своите производи ги продава на сите континенти и дека поседува широка претставничко/дилерска мрежа, овие обуки не би требало да претставуваат никаков проблем. Инаку сервисирањето одзема навистина малку време додека за евентуалните неправилности, производителот става на располагање 24 часовна “он лајн“ стручна поддршка.

Впечатоци Иако со моделот JLG G12-55A може да се извршуваат широк спектар на работи сепак машината најпродуктивна се покажува при употребата во изградба на конструкции за мостови, потоа во рафинериите и секако при изградба на метални градежни конструкции. Кога говориме за универзалноста, ако се земат предвид 15-тината различни додатоци,од тие за подигнување на палети, табли, куки со сајли,... па се до оградени платформи за работници, станува потполно јасно дека оваа машина би била добредојдена на секое градилиште. Целиот товар при изведувањето на градежните објекти го изнесуваат основните работни машини. Во втор план секогаш се ставаат специјалните машини кои со својата вештина незабележливо знаат неколкукратно да ја подигнат продуктивноста на работата. JLG G12-55A секако дека е типичен претставник на вторава група машини односно во многу корисните и употребливи специјалки.

32

Година 2 • Квартал 4



DOKA ОПЛАТИ И СИСТЕМИ

ПОВЕЌЕ ОД ПАРТНЕР ОД ДОВЕРБА За секоја работа ви се потребни партнери на кои можете да се потпрете

34

Година 2 • Квартал 4


Ако се нема целосна доверба во партнерите, работата нема да биде завршена, или, што е уште пострашно, ќе биде лошо завршена. А кога градежништвото е во прашање, лошо завршената работа значи катастрофа, во буквална смисла на зборот. Затоа, никакви компромиси и импровизации не треба да се земаат предвид, бидејќи ризикот е преголем, иако острата конкуренција која притиска да се гради што побрзо и што поевтино, знае да доведе до искушение. За да не се случуваат такви работи, потребни се партнери од доверба, кои ќе предвидат и со квалитетот на своите производи и услуги ќе елиминираат секаков ризик, дури и кога понекогаш свесно ќе се замижи на едното око. Компетентноста што ја има групата Doka во градежништвото ја прави токму таков партнер. Стручноста и квалитетот со кој се проектирани и изработени нивните системи едноставно ги ослободуваат од грижи градежниците кои ги користат. Како еден од водечките светски лидери во развојот, производството и дистрибуцијата на оплати, имаат создадено цел систем со

кој практично се покриваат сите потреби за секаква градежна работа во сите области на градежништвото. Освен да се гради брзо и евтино, нивните иновативни решенија овозможуваат тоа да биде и безбедно. Доказ дека е така се самите почетоци на австриската компанија во педесеттите години од минатиот век, која името го има добиено како кратенка од Donaukraftwerke, првиот свој проект за изградба на електрични централи на Дунав, вклучително и подземните тунели и бетонските брани, за кои тие ги имаат проектирано првите свои модуларни оплати. Генијалноста на нивниот изум доведува до нивно брзо ширење низ целиот свет и денес Doka има 140 свои застапништва во повеќе од 70 земји, кои прават годишен промет кој во 2008 речиси достигна милијарда евра. Јасно, за толкава голема бројка потребна е и голема палета производи, кои едноставно не можат ниту да се набројат, а уште помалку да се опишат. За секоја намена (изградба на плочи, ѕидови, скали, но и тунели, мостови, брани…) се развиени голем Година 2 • Квартал 4

35


број разни форми, а покриени се и помошните потреби на градежниците - од разни кутии за пренос и чување на компонентите, преку скелиња и помошни скали, па сѐ до заштитни и работни платформи, меѓу кои и такви кои се способни сами, без помош на дигалка, да се „искачуваат” кат по кат како напредува градбата, ако се работи за облакодер, односно поместуваат метар по метар

во случај на мост, брана, тунел, кула за ладење на електроцентралите… Иако нејзините производи се познати на нашите градежници, Doka официјално не е застапена на нашиот пазар - најблиските контакти се во Софија, Белград, Загреб, Сараево, Јесенице, Сплит, Атина и Драч.

Прва интернет телевизија посветена на градежништвото и архитектурата! Доколку сакате да Ве видат во регионот и пошироко... Застапник за Македонија - КУКОМ, www.kukom.com.mk, +389 2 3223-531

36

Година 2 • Квартал 4


MultiScreen MS250

УНИВЕРЗАЛНА СЕАЛКА MultiScreen MS250 е производ Gibson Engineering & Manufacturing Ltd. и претставува мобилна универзална сеалка. Оваа сеалка е составена од два дела кој може да пресее потребен материјал и до 100 тони за еден час. Таа е единствена во дизајнот, со адаптибилна конструкција и со тоа и мошне функционална, а може да се влече по патот од повеќето стопански, комерцијални возила и автомобили со погон 4х4. По пристигнувањето на лице место може да се трансформира од позиција

за транспорт за позиција на сеење, без некој посебен алат, за што се потребни помалку од 5 минути. Со моќност од 10 КС воздушно ладениот дизел мотор е истовремено моќен и неверојатно економичен. Оваа универзална сеалка е совршено решение за сеење на следниве материјали: камен, горниот слој на почвата, издробен бетон, песок, чакал, отпадоци од градежни работи, јаглен и издробен асфалт.

Година 2 • Квартал 4

37


HILTI TE 3000-AVR

МАЛ И МОЌЕН Кога зборуваме за рачен алат, лаиците-аматери помислуваат на клучеви и клешти, а професионалците на Hilti

38

Година 2 • Квартал 4


Контроверзното минато на компанијата која сега е најголем работодавец во кнежевството Лихтенштајн (основана е 1941 година од страна на познат нацистички активист), недвосмислено ги има поставено здравите основи на нејзиното успешно делување. Развојот без компромиси и перфектниот квалитет на изведбата, од Hilti создадоа име на кое слепо му се верува и кое е глобален лидер во производството на помошни алатки за градежништвото, во сите негови гранки и фази. Бидејќи ретко која работа на градежниците започнува од нула, односно од гола ливада, потребно е најпрво локацијата да се исчисти и подготви за градба. Тогаш на сцена стапуваат екипите за рушење, кои ја имаат можеби најтешката задача од сите - до вчера употребливата и функционална градба треба да ја претворат во купишта градежен отпад, кого камионите ќе го однесат некаде далеку од густо урбанизираните средини. А бидејќи токму урбаната околина не дозволува употреба на тешката механизација, која работата би ја средила далеку побрзо и поефикасно, од кршачите на бетон и стручните раце на нивните оператори зависи и брзината на расчистувањето на локацијата, а со тоа и количината силна бучава која ќе ги доведува жителите на соседните градби до работ на трпението. Токму тука и лежи парадоксот на овој вид алати - колку се помоќни, толку се поефикасни и побрзи, но и побучни, и обратно, ако се потивки, тогаш ќе им треба многу повеќе време за завршување на истата работа. Новата генерација на кршачи на бетон од Hilti го крши ова пред многу децении воспоставено правило. Редефинирајќи ја сопствената улога, тие ги внесуваат електро-пневматските чекани во сосема нова димензија. Најголемиот меѓу нив, моделот TE 3000-AVR, опремен

со полигонално сечило дава моментно чувство на неговата сила и покрај ниското ниво на вибрациите, кои досега беа единствен критериум за моќта на една ваква алатка. Идеален е за електрични и водоинсталатерски работи на веќе постоечки објекти, а со ефикасноста што ја има лесно може да ги прати во историјата и тешките пневматски дупчалки за чија работа е потребен бучен и гломазен компресор. Виртуелно работи без прашина, секачите имаат способност за самоострење, а AVR системот за активна редукција на вибрациите овозможува подолги периоди на работа, без потреба од технолошка пауза како за работникот, така и за алатката. Електромоторот со моќност од 2 kW е без четкички, со што се продолжени неговите сервисни интервали и целокупниот век на траење. Самата алатка е тешка 30 килограми, што заедно со петметарскиот продолжен кабел за нејзино напојување ја прави исклучително мобилна во искусните раце на секој оператор. Располага со ударна енергија од 68 џули, а со

декларираните 860 удари во минута има импресивен капацитет од кршење на 6 тони бетон на час. Заради минималните вибрации кои не надминуваат 7 m/s², дозволеното време на непрекината работа изнесува 4 часа. За секој случај, располага со сервисен индикатор и систем кој ги спречува интерференциските пречки на радио и телевизиските сигнали.

Година 2 • Квартал 4

39


Рачни алатки

Рамно како стакло! Со алатките на Multiquip, наменети за обработка на свежо нанесен бетон, потребната ѕидарска вештина се сведува на едноставно ракување со специјалните алатки. За перфектно нанесената бетонска структура веќе се погрижиле американските конструктори

40

Година 2 • Квартал 4


Multiquip е американски специјализиран производител на алатки и рачни машини, наменети за помош на специјалистите за извршување на градежните работи. Фирмата постои од 1973 година, време во кое Multiquip на светскиот пазар успеа да се наметне како водечки во својата област. Во портфолиото на фирмата се запишани повеќе дејности, од уреди за црпење на гас и нафта па се до опрема за аеронаутиката, но во случајов ние ќе се задржиме на опремата наменета за градежништвото, поточно на рачните алати за обработка на свежо нанесен бетон. Секој професионален градежен работник ја знае специфичната тежина на работата која започнува од моментот кога бетонот ќе биде истурен од мешалката. Без разлика дали се работи за полнење на армирани столбови, носачи или пак за нанесување на бетонски плочи, алатките од Multiquip ќе знаат да помогнат до таа мера што ќе ве направат зависни од нив. Логично би било описот на раположливите алати да го започнеме од наједноставните прирачни средства. Мноштвото разновидни гребла наменети за грубо разнесување на бетонот, потоа рамналки за првично нивелирање, па се до рачните пердашки за фина обработка и мазнење на бетонските површини, претставуваат базни алатки без кои едноставно не се може. Како втора група, би можеле да ги разгледаме моторизираните алатки. Кај нив мали бензиски мотори се грижат за набивање, хомогенизирање или пак за рамнење на бетонските површини. Специфика за овие рачни алатки претставува вибрацискиот систем на работа, имено, со помош на осовини поставени на ексцентри вибрациите се пренесуваат до металната површина која служи како мазналка. Во зависност од фрекфенцијата на вибрациите како и од големината на нејзината амплитуда, овие алатки можат да послужат за

погрубо рамнење или пак за фино мазнење на бетонската површина. Во секој случај, хомогеноста на бетонската маса ќе биде загарантирана. За обработка на поголемите бетонски површини предвидени се хоризонтални решеткасти рамначи. Помеѓу најпознатите производи од овој тип е моделот Concrete Truss Screed - CNZL. Неговата употребна вредност највеќе доаѓа до израз при нанесување на индустриски или комерцијални бетонски подови. Бензискиот мотор со силина од 5.5 КС се грижи за создавањето вибрации, а широчината на работното дејство може да се регулира помеѓеу 1 и 6 метри. Цврстата челична решетка ја обезбедува постојаноста на конструкцијата додека фино обработениот алуминиум се грижи обработените површини да добијат високо ниво на глазура. Максималната должина на обработка изнесува околу 2,5 метри во минута но таа секако зависи од помошта на работниците односно од квалитетот и грубоста на нанесениот бетонски слој. Од ден на ден градежниците се соочуваат со задачата за зголемување на квалитетот и ефикасноста на работата. Индустријата за градежни алатки и рачни машини со сите сили се труди да придонесе кон остварување на тие цели. Американците од Multiquip претставуваат многу добар пример за тоа, без нивните алтки едноставно би се вратиле на нивото од пред неколку децении. Година 2 • Квартал 4

41


Светска промоција на Iveco Daily

Ортак во сино Со многу големи амбиции и со исто толкава доза самоувереност Iveco настапува со најновата генерација на моделот Daily. Основа за својот оптимизам наоѓаат во производните погони сместени во Шпанија, Бразил и Кина и корисниците разместени низ 160 земји од сите континенти.

42

Година 2 • Квартал 4


Многу интересно делува комбинацијата од чисто камионски елементи и најновата технологија од автомобилската индустрија. Дека успешно можат да се спојат класичната носечка рамка, задниот погон и робусното ослонување, со најсовремени дизелски комон реил агрегати и со апликацијата на сите електронски контролни системи, на најдобар начин покажува новата, осма генерација на Iveco Daily. Некој ќе забележи на фактот дека на Iveco му е лесно да конструира нов модел кога зад себе има акумулирано 33 годишно производно искуство и преку 2,5 милиони продадени единици само од овој модел, исто така и на тоа дека групацијата Fiat/ во која припаѓа Iveco/ располага со огромно искуство во производството на комон реил дизелски агрегати, и притоа тие забелешки ќе бидат целосно точни. Елементарната логика навестува дека соработката би претставувала добитна комбинација.

Сепак оваа комбинација претставува само почеток. Првиот контакт со новиот комерцијалист на Iveco ни открива уште цела дузина технолошки изненадувања. Моторната понуда се состои од два целосно нови агрегати со работен волумен од 2.3 и 3.0 литри. Со примена на специфични напојувања и турбо полначи, инженерите успеале да конструираат Еуро 5 мотори со максимална силина која се движи од 106 па се до рекордните во класата, 205 КС. Најпотентниот мотор ги користи сите достигнувања од Multijet II генерацијата, опремен е со двоен турбо, пиезоелектрични бризгалки и меѓуладење на воздухот. Максималниот вртежен момент од цели 470 Nm го постигнува при само 1.500 вртежи во минута. Но, кога се во прашање моторите, тоа не е се. Предвидена е и EEV изведба на исто така трилитарски мотор кој троши земјен гас. Овој мотор располага со 136 КС и подготвено ги пречекува еколошките Еуро 6 норми кои на сила ќе стапат 2014 год. Година 2 • Квартал 4

43


Механичката основа ја заокружуваат новоразвиените 5 и 6 степенски трансмисии. И кај нив инженерите завршиле добра работа. Менувањето е лесно и прецизно, повеќе налик на лимузинските отколку на комерцијалните претставници. Амбициозноста на проектот се огледа во проектираната бројка на продажба, која би требало да се движи околу 100 илјади единици на годишно ниво. За задоволување на овие апетити на купувачите, ангажирани се производните погони во Шпанија, Бразил и Кина. А потенцијалните

44

Година 2 • Квартал 4

интересенти навистина има и што да одберат. Ним на располагање им се ставаат, освен споменатите 6 мотори, уште и 5 вида на трансмисии како и 8 различни меѓуоскини растојанија. Максималниот корисен волумен на Daily во фургонска изведба изнесува, повторно рекордни во класата,17.2 кубици, додека тежинското оптеретување може да достигне до 7 тони. Кога на едно место ќе соберат сите механички комбинации заедно со бројната и разновидна понуда на можни надградби и лично персонализирање, се доаѓа до неверојатната бројка од околу 7 ијади можни различни изведби. Вистински рај за корисниците кои ќе можат купениот Daily да го прилагодат токму според своите потреби и специфики но


истовремено и вистинска мора за претставниците на Iveco расподелени во над 160 земји, кои по се изгледа ќе треба да ангажираат цели тимови за хомологација. Впечатоците од првите промотивни возења на новиот Daily, говорат за впечатлив напредок во работното опкружување на возачот. Тој освен што ќе може да ужива во мирното и безбедно возење, ќе може во секое време да оставри и комуникација со својата фирма. Во зависност од возената изведба, а пробавме буквално од се по нешто, Daily искажува специфичен карактер. Тој може да биде транспортер-мини бус варијанта, камионски - верзијата со три седишта и отворен товарен простор, како и товарно-фургонската изведба. Варијабилноста на понудените изведби, просторот за приговори од типот: дали можеби за нашите потреби имате...? го сведува на познат комерцијален одговор: да секако! При конструкцијата земени се во предвид и спецификите на различните културолошки

навики, па заклучокот за неограничените можности за персонификација и прилагодување добива практична потврда. Ако пак се погледне листата на понудени надградби, и лаичкото око ќе забележи дека ниту една од многубројните градски служби не е занемарена. И не само тие, туку и транспортерите кои претпочитаат превоз на помал број патници сега ќе имаат сигурен пријател на кого ќе можат да се потпрат. Новиот Daily настапува многу амбициозно а истовремено и со голема доза самоувереност. Причините за тоа се повеќе од очигледни, нашата редакција во околината на Торино и практично имаше прилика да се увери во тоа. Домашниот увозник на Iveco, Cargomax од Скопје, во новоотворениот продажно сервисен центар, новиот Daily веќе го понуди на македонскиот пазар.

abc - brother auto moto centar Tel. 02 2650 156

Кредит без камата 345.000,00 ден + ДДВ повратен

Рата 5.100 ден. • носивост 910 кг. • гаранција 2 год. • 5,8л/100 км

Година 2 • Квартал 4

45


VDL Futura 2 е Автобус на годината 2012

ПОТВРДУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТИТЕ Туристичкиот автобус VDL Futura 2, најнови модел на холандскиот производител, е избран за Автобус на годината 2012. Титулата Coach of the Year 2012 е доделена од меѓународното жири Bus & Coach of the Year, составена од новинари на водечките изданија за автобуси од 19 европски земји

46

Година 2 • Квартал 4


Меѓународното жири ја додели титулата по темелна проценка на тридневен тест на кандидатите, што се одржа на почетокот на јуни во норвешкиот град Арендаш Во трката за наградата со свои модели учествуваа шест водечки европски автобуски производители, а секој од учесниците требаше да се усогласи со претходно наведените критериуми: туристички автобус со должина над 12 метри со две или три оски; минимални стандарди Еуро-5 и старт на производството на моделот не порано од почетокот на 2009 година. По детални анализи шанса за титулата добија: шпанскиот Irizar i6 integral, шведските Scania Touring 6x2 и Volvo 9500, германските Setra S416GT. HD/2 и Viseon C13, како и холандскиот VDL Futura 2. Сите автобуси беа опремени со автоматски менувач.За време на тестовите секој од кандидатите беше отценет по критериуми кои ги опфаќаат сите аспекти на автобусите: удобност и погодност на возачот и патниците, управување, опрема, однесување на патот, безбедност, динамика, маневрирање, дизајн, квалитет на изработка, материјали ... За жал победникот е само еден и наградата е само една. Таа отиде кај VDL Futura 2 - последниот модел на Холанѓаните, чија премиера беше во септември 2010 година. На тестот Холанѓаните се претставија со 12,9 метри верзија FHD2-129/410, со две оски, опремен со мотор Paccar / DAF

MX300S, 12,9 литарски 6-цилиндри, моќност од 410 КЅ и максимален вртежен момент од 2000 Nm, со Еуро-5 + EEV. Менувачот е целосно автоматизиран 12-степен ZF AStronic 12 AS2001-BO со интардер. VDL Futura е дел од новата гама туристички автобуси произведени во Валкенсваард крај Ајндховен. Моделот се нуди со должина од 12,2 и 12,9 метри со две оски или со должина од 13,1, 14 и 14,9 метри – со три оски. FHD2 е со височина 3665 mm. Членовите на жирито ги истакнаа следниве карактеристики на VDL Futura: одлично однесување на патот и лесното управување,возачката кабина (која е пространа и ергономска),како и комфорот за патниците, кој е исто така на високо ниво. Лесната конструкција на автобусот пак овозможува ниска потрошувачка на гориво и ефикасност на трошоците за транспортните компании кои работат со моделот. На последно место е и конкурентската цена при висок квалитет на автобусот и вградените материјали. Со ова VDL Bus & Coach го потврди минатогодишниот успех, Bus of the Year 2011 стана градскиот модел на холандскиот производител Citea. Сегашната награда Coach of The Year му беше врачена на добитникот за време на меѓународниот автобуски саем Busworld 2011 што се одржа во белгискиот град Кортрејк од 21 до 26 октомври.

Година 2 • Квартал 4

47


Во посета на нашите пријатели од Хисар Компани

Автобуско гнездо За сите професионалци што се бават со долголиниски транспорт на луѓе и добра, посетата на Хисар Компани значи добивање на целосна услуга и обезбедување предуслови за сигурно и безгрижно извршување на зададените задачи

48

Година 2 • Квартал 4


Одлуката на Европската Унија да ги укине визите за патување на нашите граѓани претставуваше вистинска пресвртница за компаниите чија основна дејност е патниот транспорт. Новосоздадените услови наметнуваа и рекомпонирање на услугите како и подигнување на општиот квалитет на понудата при што мораше да се запазат високите европски стандарди. На прв поглед сложена и тешка задача, од една страна зголемена потреба од транспорт а од друга страна запазување на високото техничко ниво на патните возила. За среќа, и кај нас постоеа компании кои подготвено ги дочекаа новите услови. Стекнатото искуство заедно со благовремена подготовка во правец на приспособување кон новите предизвици, Хисар Компани ја смести помеѓу лидерите во областа на патниот траснпорт . За потврда се упативме во компанијата и уште со првиот впечаток ни се потврдијаги најавените очекувања. Се на едно место и тоа поставено според највисоките технички стандарди. Започнуваме по ред. Комплексот на Хисар Компани е сместен на излезот од Скопје, во индустриската зона, Визбегово. Освен големата сопствена база на автобуси и просторот за преработка на минибуси, во комплексот место наоѓаат и големиот сервисен центар, продавницата за резервни делови како и современиот центар за технички преглед на возила. Тргнуваме во разгледување, но најпрвин краток осврт на самата компанија. Хисар Компани е друштво формирано, пред се, за транспорт но исто така и за производство на минибуси и автобуси. Бројната флота на сопствени луксузни автобуси за долголиниски транспорт, во базата навраќа само за координирање на возниот ред како и за редовно одржување. Големо внимание во компанијата се придава на сопственото производство. Стручните екипи на Хисар Компани веќе имаат стекнато доволно искуство во прилагодувањето на минибусовите кон потребите на клиентите. Секој корисник може да избере изведба прилагодена спрема неговите специфични желби. А може да се специфицира речиси секоја компонента, започнувајќи од седиштата, преку клима уредите Година 2 • Квартал 4

49


па сѐ до аудио и видео опремата. Оплатите исто како и текстилните уметоци, се изработуваат од сопствено производство а се вградуваат во договор со нарачателот. Сѐ се става во функција на исполнување на желбите на корисникот. Кога веќе еднаш ќе ја совладате технологијата на производството тогаш ремонтот и сервисирањето на автобуси и камиони ќе дојде како природен след на работите. Клиентите доаѓаат од целиот регион на бившата федерација а си заминуваат изненадени од резултатот. Често се случува сопствените репарирани автобуси воопшто и да не ги препознаат. Следен природен чекор, со кој се заокружуваат услугите, претставува регистрација на возилата и издавање на хомологации и потврди за исполнување на европските стандарди за меѓународен транспорт. Во оваа прилика, од широкиот спектар на производи и услуги кои ги нуди Хисар Компани, акцентот би сакале да го задржиме на станицата за технички преглед на возилата. И веднаш наидуваме на специфика. Овде можат технички да се прегледуваат и регистрираат автобуси и камиони, и тоа започнувајќи од лесната комерцијална програма па се до возила од најтешката категорија. За таа

50

Година 2 • Квартал 4

цел, дел од вкупно 60-те вработени издвоени се во посебен објект, кој располага со вкупна површина од 250 м2 и кој е опремен со најсовремени уреди за проверка на исправноста на возилата. Во случај на детектирање на евентуална неисправност на некој склоп или уред, во кругот на Хисар Компани поставена е и одлично опремена продавница за резервни делови. Со цел отстранување на посериозните недостатоци тука е сместен и современ сервисен центар. Врвните мајстори, претходно стекнати со богато искуство и опремени со најсовремена сервисна опрема, се грижат за извршување и на најсложените зафати. На површина од цели 1.000 м2 и организирани според теркот на најсовремените стандарди, овде успешно се извршуваат ремонти на мотори и менувачи, потоа диференцијали и ретардери но исто така и ласерско центрирање на предница. Нашиот краток престој го завршуваме побогати за едно сознание: и кај нас постојат фирми организирани според примерот на најсовремените европски и светски норми и стандарди. Вистинско топло гнездо за големите лимени професионалци.


428Е Комбинирка

www.teknoxgroup.com

Текноксгруп Македонија Дооел Антон Попов б.б. 1000 Скопје, Република Македонија

tel. +389 2 2527 205 contact-mk@teknoxgroup.com www.teknoxgroup.com


Кога ќе пораснам сакам да бидам


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.