Page 1


Здружението на граѓани за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром ВО МОЈОТ СВЕТ – Скопје постои веќе 7 месеци. За своето постоење има направено повеќе активности кои се во согласност со неговата програма. Главната цел на ВО МОЈОТ СВЕТ е третманот на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром. Интерес на Здружението е зголемување на свеста кај граѓаните и општеството за подобро утре. Исто така здружението се залага за подобрување и промовирање на подобри стандарди на живот на оваа категорија на граѓани, подобрување на социјалните права и слободи, едукација, пренесување на искуствата и „најдобрата пракса“ од развиените земји, животна средина и екологија, поттикнување и подржување на научно истражувачка дејност и друго. Со ова се надеваме дека во Република Македонија ќе се создаде позитивна клима за адекватен третман на лицата со овие синдроми. Здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ преку своите активности и реализирани проекти се обидува да ја подобри ситуацијата на лицата со овие синдроми. Програма на здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ: 1. Спроведување и поддршка на научно истражувачка дејност 2. Издавање на едукативен материјал 3. Организирање на обуки, семинари, трибини и тркалезни маси 4. Спроведување на кампањи и јавни дебати 5. Проекти за интегрирање 6. Хуманитарни акции 7. Еколошки акции и развивање на Еко свеста 8. Идентификација на полињата каде постои загрозување на правата на овие лица 9. Заштита и промовирање на правата на овие лица 10. Културни манифестации 11. Организирање на летен камп 12. Отворање на дневен центар Во досегашните реализирани проекти или проекти кои се во тек се вбројуваат: 1. Информативно-едукативна едиција 2. Панел дискусија 3. Донирање на прехранбени производи 4. Отворање на линија за донирање во VIP 5. Зајакнување преку знаење (Со помош од Американската амбасада) 6. Проект за помош на социјално загрозените семејства за третман на нивните деца со Аутистичен спектар на нарушувања 7. Донирање на играчки 8. Учество во семинарот организиран од UNICEF во Македонија на тема „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“ 9. Отворање на линија за донирање во ONE 10. Организација на хуманитарен хепенинг


Што е аутизам ? Кои се причините за појава на аутизмот ? Кои се симптомите на аутизмот? Дијагностицирање? Прогноза? Од перспектива на родител Образовни стратегии на развивање на вештини и игра кај предучилишни деца со аутистичен спектар на нарушувања Образовните потреби и можностите на децата со аутизам Сензорна интеграција Совети за управување со сензорни разлики во домот и заедницата Вовед во Применета Анализа во Однесувањето (АВА – Applied Behavior Analysis)

5 12 16 30 34 42 46 3


Што е аутизам ? Кои се причините за појавата на аутизмот? Кои се симптомите на аутизмот? Дијагностицирање? Третман? Прогноза?

4


Дефиниција

Во 1943 година, Американскиот педијатар Leo Kanner го објаснил однесувањето на 11 деца со аутизам. Нему му припаѓа заслугата за сместување на аутизмот во независна единица на класифицирање. Во своето изложување „Аутистично нарушување на афективниот контакт“, Kanner ги претстави обрасците на однесување кои се специфични за аутизмот. Во ова истражување Kanner за прв пат опиша 11 деца кои покажувале тешки недостатоци во говорот, потешкотии во социјалната интеракција и повторувачки и стереотипни однесувања.

Аутизмот е најсериозната форма на манифестирање на аномалии во развојот на личноста, која влијае на можноста на личноста да има контакт со други лица. Се карактеризира преку многу голема тешкотија при одговор на социјалните контакти и можноста да комуницира. Некои лица со аутизам, можат да имаат и други невролошки симптоми, епилепсија, Даунов синдром, итн. Еден критериум кој има значење кај аутизмот е полот. Аутизмот се појавува 4 пати повеќе кај машките деца, отколку кај женските деца.Во своето истражување на шизофренијата, швајцарскиот психијатар Eugen Bleurer за прв пат го користи терминот аутизам во 1911 година со цел да се однесува на една група на симптоми во шизофренијата, каде што аутизмот го дефинирал како „одвоеност од реалноста придружена од доминантност на внатрешниот живот“.

5


Причини Не се познати причините за појава на аутизмот. Се смета дека имаат генетска основа. Од кога започна да се истражува аутизмот и неговите причинители, постоеле и постојат многу претпоставки за неговата појава, од постара возраст на родителите, посебно на мајката, постоење на претходни случаи во фамилијата, трауми, болест и земање на антибиотици од страна на мајката за време на бременоста, недостаток на кислород за време на породувањето и др. Консензусот помеѓу истражувачите на аутизмот е дека генетските фактори доминираат. Според последните истражувања можно е 4 до 6 гени да се одговорни во појавата на аутизмот, и други 20 до 30 гени кои придонесуваат за појава на аутизмот.

Авторот на истражувањето Schellenberg кажува дека постојат силни докази дека се афектирани гените со аутизам на 7-от хромозом и исто така има докази за гените на 3-от, 4-от и 11-от хромозом. Исто така фактори кои се смета дека придонесуваат за појава на аутизмот или за зголемување на симптомите се: одредени видови на храна, заразните болести, тешките метали, растворувачи, издувни гасови, пестициди, фталати и феноли кои се користат во изработката на пластичните производи, алкохол, пушењето цигари, дроги и вакцини.

6


Симтоми Личноста која има аутизам може да покажува повеќе аутистични симптоми. Главни симптоми Тежината на симптомите варира значително од личност до личност. Сепак, сите луѓе со аутизам имаат некои основни симптоми во следниве области:

Социјални интеракции и меѓучовечки односи Симптомите може да вклучуваат:

- Позначајни проблеми во невербалната комуникација, како што е гледањето очи во очи, изрази на лицето и држење на телото - Неможноста да воспостави пријателства со деца на иста возраст - Недостаток на интерес за споделување на радоста, грижите или успехот со другите луѓе - Недостаток на емпатијата. Луѓето со аутизам имаат потешкотии во разбирањето на чувствата на другите луѓе, како што е болката или тагата.

Вербална и невербална комуникација Симптомите може да вклучуваат: - Каснење во говорот или недостаток од него. Околу 50% од луѓето со аутизам не прозборуваат. - Проблеми во започнување на разговор. Исто така, луѓето со аутизам имаат потешкотии во одржување на континуитетот на разговорот. - Стереотипен јазик и употреба на повторувачки зборови. Луѓето со аутизам повторуваат една реченица или фраза кои неодамна ги слушнале повеќе пати (ехолалија). - Потешкотија во разбирањето на ставовите на лицата со кои водат разговор. На пример, лицето со аутизам може да не разбере кога некој се шегува. - Можат да ја протолкуваат комуникацијата од збор до збор и не се во можност да ја разберат пораката.

7


Намален интерес за активности или игра Симптомите може да вклучуваат: - Невообичаено внимание врз играчките. Помалите деца со аутизам често се фокусираат на делови од играчките, како што се тркалата на автомобилот и не игра со целата играчка. - Преокупација со одредени теми. Постарите деца и возрасните, често се фасцинирани од возаниот распоред или временските извештаи. - Потреба за единството / симетријата и рутина. На пример, дете со аутизам секогаш треба да јаде леб пред салатата и ќе инсистира секој ден да оди по истиот пат до училиште. - Стереотипно однесување. Ова се состои од плескање на рацете или лулкање на целото тело.

8


Симптомите на детството Симптомите на аутизам најчесто се забележуваат прво од страна на родителите или други лица во првите 3 години од животот на детето.

Други симптоми Околу 10% од луѓето со аутизам имаат некоја форма на вештини на научник, посебни таленти, но ограничени, како што е учењето на листи, пресметување на датуми, цртање или музички талент. Многу луѓе со аутизам имаат невообичаени сетилни перцепции. На пример, тие може да опишат благ допир како болен, или тежок допир како смирувачка сензација. Другите може да не почувствуваат никаква болка.

Иако аутизмот е присутен од раѓање, знаците на ова нарушување може тешко да се идентификуваат или дијагностицираат во текот на раното детство. Родителите често стануваат загрижени кога нивното дете не сака да биде држен во раце, кога се чини дека не е заинтересиран за играње и кога не зборува. Исто така, родителите се збунети околу способноста на детето да слуша. Често детето со аутизам се чини дека не слуша, но на моменти се чини дека слуша бучава на растојание, како што е свирката на возот. Со почетокот на рана и интензивна терапија, повеќето деца ја подобруваат нивната способност во релациите со другите, да комуницираат и да се грижат за себе како што растат. Спротивно на верувањата за децата со аутизам, многу малку се целосно социјално изолирани, или живеат во нивниот свет.

9


Дијагностицирање Лицето за кое се смета дека има аутизам треба да биде прегледано од екипа на специјалисти. Оваа екипа е составена од педијатар, психијатар, психолог, невролог, логопед, дефектолог, педагог.

Третман За да се има успех во работата со лицата со аутизам, потребно е да се започне со ран третман. Раниот третман започнува од 2 до 3 година. Затоа е многу важно да постои и рана детекција. Најчесто користени терапии се: - медицинскиот третман - модификација во исхраната (специфични диети) - применета бихејвиорална анализа (АВА) - третман и образование на хендикепирани деца поврзани со аутизам и комуникативни проблеми (ТЕАССН) - систем на комуникација преку размена на слики (РЕСЅ) - вербална бихејвиорална анализа (VBA) - логопедски третман - физиотерапија - сензорна интеграција - терапија за здобивање на автономија на вештините - терапија преку игра - терапија со животни - музико-терапија

10


Прогнозата Многу фактори придонесуваат за долгорочниот исход на третманот на децата со аутизам. Некои од овие фактори можат да се контролираат, а некои не можат. Овие фактори се: -Когнитивна способност (Истражувањата покажаа дека децата со иста возраст, со ист интензитет, конзистентност на третманот и ист третман, може да имаат различни резултати. Ова, се верува дека се должи на когнитивната способност на секое дете.) -Возраст на која започнува терапијата (Документирано е дека децата со АСН имаат најголема корист во раните години. Раната интервенција е критична за да се обезбеди максимален напредок. Ова не значи дека постарите деца немаат корист од третманот, кај нив е потешко да се израмнат развојните јазови кои настануваат. Затоа се препорачува интервенцијата да се направи што е можно поскоро.) -Квалитетен третман (Квалитетниот и правилен третман е многу важен за да добиеме подобри резултати и видливи промени во однесувањето на детето.) -Интензитет на третманот (Децата со аутизам се соочени со сериозен предизвик не само да се обидат да се надминат развојните јазови кои веќе постојат, но, исто така, тие треба да го задржат нивното учење во чекор со своите врсници и да се осигураат дека јазот нема да се зголеми. Ова претставува вистински предизвик. Со оглед на многуте недостатоци кои се често присутни со аутизмот, важно е сите области да се изучуваат интензивно и систематски. Истражувањата постојано покажуваат дека голем обем на часови е идеален за да се зголеми напредокот на детето во учењето.) -Доследност (Со цел да се зголеми напредокот, важно е дека целиот тим мора да се среќава редовно за да формулираат сеопфатен план, така што третманот може да биде конзистентен. Ова исто така важи и за конзистентност помеѓу родителите и тимот. Родителите треба да бидат вклучени во развивањето на знаења и експертизата во третманот со цел да им помогнат на своите деца да учат полесно и да ги генерализираат вештините.)

11


ОД ПЕРСПЕКТИВА НА РОДИТЕЛ Elizabeth Shaffer

12


Забележав уште на почетокот дека мојот син не беше весел како и другите бебиња. Тој често имаше инфекции на увото, но инаку беше здраво дете. Почнав да забележувам дека преферира да игра сам и не иницира интеракции со нас или да се обиде да комуницира со нас за неговите потреби или со гестови или усно. Јас побарав помош уште на почеток бидејќи мојата професионална позадина како професионален терапевт ми даде до знаење да ги идентификувам раните знаци на предупредување дека нешто не е во ред со неговиот развој. Тој беше оценет од страна на екипа за рана интервенција на 12 месеци и започна да користи логопедски услуги на 15 месеци за решавање на доцнењето во експресивната комуникација. Потоа околу 18-от месец беше дијагностициран со амблиопија и неговиот јазик почна да драстично да опаѓа и тој стана повеќе социјално повлечен и играше со часови во својот сопствен свет редејќи ги неговите возови во совршен ред. На 27 месеци беше дијагностициран со Аутизам од педијатриски невропсихолог две недели пред да се преселиме во Скопје, Македонија од Соединетите Американски Држави. Бев убедена дека ќе најдам помош во нашиот нов дом. По пристигнувањето во Македонија направив обилно истражување и бев изненадена дека има минимални ресурси за нашиот син, па јас смислив план за него од средствата што ги имав. Ова значеше негово вклучување во предучилишна установа, вработување на дефектолог кој ќе работи со него дома два пати неделно, и осмислување на сензорна програма за него, меѓу другите интервенции. Јас, исто така се потрудив да се погрижам и за мене, па бев во можност да му го дадам целото мое трпение и внимание кое му беше потребно, а кое беше големо во почетокот.

BOMOJOT CBET и јас, преку “Зајакнување Преку Знаење” - Серијата за Образовна Свест, настојуваме и се надеваме да обезбедиме почетни ресурси за решавање на овие предизвици.

13


Време е да го промениме начинот на кој ги гледаме децата како растат Како што растат, децата постојано учат нови работи. Ова се само некои од работите на кои треба да обрнете внимание додека вашите деца растат. Бидејќи секое дете се развива со свое темпо, вашето дете може да ги достигне овие пресвртници пред или после другите деца на негова возраст. Користете го ова како водич и доколку имате ненаква загриженост, разговарајте со вашиот лекар. • До крајот на 7-от месец, повеќето деца се способни да: - Да ја свртат главата кога ги повикувате - Да се насмеат доколку им се насмеете - Да одговори на звук со звуци - Да ужива во играњето

7

Месеци

• До крајот на првата година (12 месеци), повеќето деца се способни да: - Користи едноставни гестови (мавтање со раката чао-чао) - Испушта звуци како што се „ма“ и „да“ - Имитираат во нивната игра (удираат со рацете кога удирате и вие) - Одговараат кога ќе им се каже „не“

12

Месеци

• До крајот на првата година и половина (18 месеци), повеќето деца се способни да: - Да се преправаат во играта (разговор на телефон играчка) - Да покажат на предметите што им се интересни - Да го погледнат предметот кога ќе им го покажете и ќе им кажете да погледнат - Користат неколку поединечни зборови без помош

18

Месеци

14


• До крајот на втората година (24 месеци), повеќето деца се способни да: - Користат реченици составени од 2 до 4 зборови - Следат едноставни инструкции - Стануваат позаинтересирани за другите деца - Покажуваат на предметите или сликите кога се именувани

24

Месеци • До крајот на третата година (36 месеци), повеќето деца се способни да:

- Покажуваат наклонетост кон соиграчите - Користат реченици составени од 4 до 5 зборови - Ги имитираат возрасните и соиграчите (трчаат кога трчаат и другите деца) - Играат фантазија со кукли, животни и луѓе (нахрани го мечето)

36

Месеци • До крајот на четвртата година (48 месеци), повеќето деца се способни да:

- Користат реченици составени од 5 до 6 зборови - Следи команди во 3 чекори (Облечи се. Исчешлај ја косата и измиј го лицето) - Соработуваат со другите деца

48

Месеци

15


Образовни стратегии на развивање на вештини и игра кај предучилишни деца со аутистичен спектар на нарушувања 16

Трајчова Маја, дефектолог Цветковска Ивана, дефектолог


Карактеристичните симптоми се опишани како тријада на нарушувања кои вклучуваат забавен и нарушен социјален развој, нарушен развој во комуникацијата со ограничени интереси и стереотипни однесувања. За да им се помогне на децата со аутистичен спектар на нарушувања и останатите развојни нарушувања, особено е важно да се фокусираме и да делуваме во најраните години на развојот, кои се најважните години за учење. Раната возраст е клучна за процесот на учење кај сите деца ,а особено за децата со аутистичен спектар на нарушувања. Раната интервенција со соодветниот начин на воспитание и образование му помага на детето да развие важни социјални, комуникативни вештини и вештини за играње кои ќе обезбедат база за понатамошно учење. Потребни се рани интервенции кои ќе бидат насочени и кон родителите, кои ќе им помогнат да го поминат процесот на дијагностицирање на развојниот проблем и воедно да ги разберат потешкотиите кои децата ги имаат. Од друга страна родителите се оние кои најдобро го познаваат своето дете, начинот на кој функционира и што го мотивира. Соработката на стручните лица и семејството е основна.

17


Области во кои детето има потешкотии се: - Комуникација - Социјална интеракција - Сознавање - Сензорни потешкотии - Потешкотии во спиењето и исхраната - Потешкотии во развивање на вештини за самопослужување - Опсесија или инсистирање на одредени ритуали - Стравови и фобии од секојдневни нешта - Потешкотии во груба и фина моторика, моторно планирање - Потешкотии во перцепцијата на просторот и времето - Фокусирање на неважни детали и занемарување на целината - Потешкотии во проценката на сопствената безбедност и безбедноста на другите - Неспретност Овие потешкотии имаат сериозни импликации на секојдневното функционирање на децата и воедно на воспитно-образовниот процес.

18


Ефективна програма за предучилишни деца со посебни потреби Позитивните ефекти од раната интервенција за секое дете со развоен проблем се јасно познати. Многу медицински лица преферираат да почекаат и да видат како ќе се развива детето, отколку веднаш да алармираат за проблемот. Од тука раната интервенција за овие деца често е задоцнета. Кога веќе е воспоставена дијагнозата треба веднаш да се започне со интензивен програм на работа. Ефективните воспитно - образовни интервенции за децата со посебни потреби се базираат врз: 1. Соодветна содржина на курикулумот 2.Околина која го поддржува учењето и стратегии генерализирање 3. Потреба за предвидливост и рутина 4. Функционален пристап кон проблематичните однесувања 5. План за премин од предучилишен во училишен систем 6. Вклученост на семејството и околината

за

Содржина на курикулумот за работа со посебни потреби Полиња на работа кај деца со посебни потреби се: 1. Способност за внимавање 2. Способност за имитација 3. Јазични и комуникативни способности 4. Моторни вештини 5. Адаптивни вештини и вештини за само-помош 6. Вештини за игра и рекреација 7. Пред академски и академски вештини

19


Развивање на вештини кај децата со посебни потреби

1. Развивање на вештини за грижа за себе кај децата со посебни потреби Децата со симптоми на аутизам како и другите деца со посебни потреби имаат потешкотии во учењето на основните вештини за грижа за себе. Потребна им е помош, многу вежбање и повторување, планирано учење и трпение за да усвојат наједноставни и посложени вештини. Со оглед на тоа што родителите се први едукатори на децата, совладувањето на овие вештини треба да започне најрано, во домашни услови под водство на терапевтите и дефектолозите.

Основни вештини неопходни за грижење за себе се: • Вештини за јадење • Вештина за употреба на тоалет • Вештини за одржување лична хигиена • Вештини за облекување

20


Основни принципи за вежбање и вршење на овие вештини се: • Секоја вештина треба да биде поделена на мали, едноставни, последователни чекори • Чекорите може да се усвојуваат почнувајќи од првиот - наназад или од последниот - нанапред, но не смееме да преминеме на наредниот чекор доколку не сме сигурни дека детето го има усвоено претходниот • Чекорите може да ги учиме со употреба на физички налози и помош, вербални налози, учење со помош на видео материјал, учење со помош на слики и визуелни распореди и учење по модел и со помош на врсниците • Учењето треба да биде поткрепено со награда и/или пофалба • Учењето на овие вештини треба да започне откако ќе го подготвиме детето за учење • Како детето ќе ги совладува вештините, помошта и моделирањето од возрасниот треба да се намалува и да се поттикнува независност во изведувањето на истите • Откако ќе се совлада вештината се преминува на генерализирање во однос на материјалот и околината

21


2. Развивање на вештини за комуникација Комуникација е секој процес преку кој еден систем се поврзува со друг, користејќи канал кој ги поврзува двата система. Човечката комуникација се бави со смислата на вербалната информација (презентирана вербално или напишано) и невербалната информација (изглед на јазик, телесните движења, користење на просторот). Основни елементи: пренесувач, порака (пренесена преку канал – физичката средина на пренос на пораката), примач и одговор.

Развојот на комуникативните вештини кај децата со аутистичен спектар на нарушувања и други развојни проблеми, мора да земе во предвид: - Дали детето покажува намера за комуникација - На кој начин детето комуницира - Дали детето започнува и реагира на комуникативните интеракции - Дали детето има стратегии за одржување на комуникацијата - Дали детето има импресивен говор За да може детето да го научиме да комуницира потребно е пред се да: - Развиваме намера и желба за комуникација - Воспоставиме ефикасна и соодветна форма на комуникација - Прошириме комуникациските функции - Зголемиме мотивацијата за комуникација - Развиваме способност да одговори на комуникација и да започне комуникација - Развиваме стратегии за да ја одржи и поправи комуникацијата

22


3. Развивање на интерес и на вештини за игра Да се игра значи да го поминува времето забавувајќи се со различни играчки или игри. Децата со симптоми на аутистичко нарушување често покажуваат ограничено ниво на интерес за игра. Може постојано да се окупирани со делови од објекти, да се врзани за невообичаени предмети или да имаат фиксација од тесен интерес (само букви или бројки). Може да покажуваат големо знаење и меморија на одредени поими, места и слично. Овие специфични интереси го отежнуваат вклучувањето во смислена игра со врсници, како и прилагодувањето на промени во рутините или промени во околината. Целта е детето да успее да ги прошири своите интереси, да може да ги научи и да ги искористи своите способности во посоодветен начин на игра. Начини како да се стекнат способности за игра: • Покажете му соодветен начин на вклучување во игра и пристапување кон врсниците • Помогнете му вербално или рака на рака да научи нови соодветни начини на употреба на играчките • Спојте нова играчка со позната и менувајте го редот на употреба • Внесувајте нови играчки постепено и играјте со новата играчка постепено подолго • Охрабрете употреба на различни сензорни материјали за да се зголеми флексибилноста на играта • Охрабрете го детето да истражува нови предмети низ структурирана игра • Вклучете ја омилената играчка на детето во нови активности • Имитирајте омилени активности на детето и поттикнете ја имитацијата кај него • Давајте му соодветен избор на детето, почитувајќи ја неговата личност

23


4. Збогатување на социјалните игри и развивање на социјални вештини Децата со симптоми на аутистичко нарушување имаат потешкотии во интеракцијата со врсниците и возрасните. Најчест проблем е читањето на говорот на телото, социјалните пораки од другите и неразбирањето на социјалните правила. Однесувањата кои го овозможуваат врзувањето на детето со друга личност како што се погледот во очи, насмевката, пристапувањето или барањето на другите, се развиваат со различен степен и може да не се генерализираат од страна на родителот или оној кој што се грижи за детето. Сензорните потешкотии го отежнуваат примањето на физичките, визуелните и аудитивните информации и контактот со другите и го оневозможува соодветниот одговор на тоа. За да се зголеми интеракцијата на детето со другите, потребно е да се зголеми контактот со очи и приоѓањето кон другите и зголемување на способноста за вклучување во реципрочна игра со врсниците.

• Потребно е детето да се вклучи во активности кои вклучуваат чекање на ред, менување на ред и делење на просторот и материјалите • Поттикнување на детето да му пристапи на врсникот кој ја користи неговата омилена играчка • Набљудувајте ги детските знаци на вознемиреност и преголема стимулација. Помогнете му да се справи со нив • Вклучете моторна компонента за да се задржи детскиот интерес и внимание (стол што се ниша, топка, лулашка) • Користете сензорни материјали да се зголеми контактот со очи • Вклучете го детето во активности кои се мотивирачки за него и кои вклучуваат близина и контакт со врсник или возрасен

24


Предлози на игри за децата со посебни потреби и со аутистичен спектар на нарушувања Еден од најважните начини низ кој вашето дете учи – е играта. Таа не само што дава можност за интелектуална, физичка и социјална стимулација туку ја зајакнува и способноста за набљудување и концентрација, се зголемува координацијата, се стимулира имагинацијата и креативноста. Повеќето деца имаат потешкотии или пак не знаат како да си играат. Нивните интереси се ограничени и често ги повторуваат. Често ни се случува детето да пружи отпор во вклучување на игра со друго дете или пак ако играат секогаш сакаат да биде по нивните услови. Без разлика каква е играта на вашето дете ви предлагаме неколку практични совети на игри кои би можеле да ги играте заедно:

ТАКТИЛНИ ИГРИ • Во плиток сад ставете слој брашно/песок, во него со прсти цртајте форми, фигури, бројки или тоа што го сака вашето дете. Потрудете се и двете раце да ги движи во сите насоки (нагоре, надолу, лево, десно) • Земете кутивчиња со различни големини и ширина и полнете ги со песок , со раце или со лопатка, па истурајте ги на рацето на детето или закопајте ги рацете во песок. • Правете купчиња од песок како планина па возете колички нагоре и надолу , направете пат на кој ќе има старт и крај и тркајте се. • Доколку имате сув песок или брашно можете да сипете вода на него, потоа да замесите тесто или пак да правите песочни фигури со помош на модели. • Во подлабок сад ставете вода и пенлива купка и направете пена, потоа ставајте ја на рацете на децата и обидувајте се да ја вратите назад или дувајте ја . • Наполнете пластично проsирно шише со вода и во него ставајте ситни предмети, цепкани парчиња од хартија и семиња.

25


• Надувајте балон и трудете се да го пикнете под вода, или балонот пуштете го да плови по водата. • Играјте си со пластични играчки како на пример рипчиња, жапчиња, бротчиња кои може и да испуштаат звук или само да прскаат вода, каменчиња кои ќе потонуваат, школки, плута и сл. • Со затворени очи допирајте предмети во кутија и погодувајте што се, или по налог барајте одреден предмет.

ИГРИ ЗА РАМНОТЕЖА И ДВИЖЕЊЕ • Прво поставете ја штицата на подот и одете по неа без да паднете од неа, потоа под штицата поставете и греда (како клацкалка) и обидете се да одите по неа внимателно одржувајќи рамнотежа. • Обидете се по штицата да одите држејќи во раката топка или кренете ја високо над главата • Земето го вашето дете за нозете и натерајте го да оди на раце или фатете го за раце и научете го да скока • Најлесен начин да се научи детето да скока е доколку можете да го ставите на трамболина , стар душек , перници и сл. • Помогнете му на вашето дете да ги истражува можностите на движење на сопственото тело преку качување, лазење, скокање, а за тоа користете кутии, тунели, јаже. • Охрабрувајте го вашето дете да скока, да подскокнува и прескокнува. За да биде поинтересно користете музика (ритмичка). • Подавајте си со топка , шутирајте, играјте си куглање. • Земете ќебе и легнете го детето во ќебето и лулајте го. Гледајте телото на детето да се смени во сите позиции. • Лулајте се на лулашки и правете нешто забавно, на пример пејте песни, земете топка и подавајте се или едноставно со плескање на рацете оттурнувајте се еден од друг.

26


ИГРИ ЗА ФИНА МОТОРИКА • Земете монистри за нижење во различни бои и нижете ги на врвката, можете да нижете паралелно и да му давате инструкции на детето да ве следи. • Пред детето поставете кутија со облека. Облекувајте се и глумете пред огледало. Оставете го детето самостојно да се облекува и соблекува. • Во кутија или торбичка ставајте најразлични семиња. • Земете штипки и облека и научете го вашето дете да ја закачува облеката. За да биде играта поинтересна, оставете го детето да ги закачува штипките на облеката. • Земете врвки во најразлични бои и играјте врзувајќи ги врвките. • Потрудете се вашето дете да научи да сече со ножички. • Играјте игри со сложувалки.

ВИЗУЕЛНИ, АУДИТИВНИ, ОЛФАКТИВНИ ИГРИ • Направете картички со едноставни поими и на посебен картон нацртајте ги сите. Пред детето ќе го поставите картонот со сите поими и ќе му давате една по една картичка соодветно да ја реди. Целата игра вербално ќе ја опишуваме. • Замаме кутии во различни бои и топчиња со различни бои. Кутиите ги ставаме пред детето и секое топче по боја треба да го ставиме во соодветната кутија по боја. • Заедно со детето одиме надвор и собираме различни видови на цвеќиња и растенија и ги ставаме во кутија. Секое цвеќе или растение да го допираме и мирисаме за да ги забележиме различните мириси и текстури. Потоа можеме да ги лепиме на бели листови. • Доколку е време вашето дете да си легне, пред да заспие изиграјте една весела игра, земете ги ламбите и во темната соба запалете ги, следете ги со поглед движењата на светлото, правете бавни и потоа брзи движења или светлото нека отскокнува и сл. • Ставете ги инструментите пред детето и вие одберете со кој инструмент ќе почнете да свирите, дајте му и на детето да одбере и заедно создавајте музика

27


ПРЕД УЧИЛИШНИ ИГРИ • Ставете различни картички, играчки или било каков материјал пред детето, но гледајте секој да се повторува во пар. Од детето се бара на секое да му најде пар и да ги спои • Земаме објекти или правиме картички со поими на кои главен акцент ќе се стави на бојата • Сортирањето може да се прави и по форма, големина, текстура • Играјте со азбуката и на создавање на поими • Секогаш читајте му приказни и тоа нека биде поткрепено со илустрација • Идентификувајте броеви и бројте по редослед, на се од околината ставете му број • Пејте песнички со броеви (броенки) • Спојувајте броеви со количина • Споредувајте или спојувајте големо/мало, високо/ниско, празно/ полно Секогаш користете го времето кога детето се игра да научи нешто без разлика дали е дома или надвор.

28


ШТО СТИМУЛИРААТ ОВИЕ ИГРИ: • Делуваат воспитно и образовно • Развој на мислењето, меморијата и комуникацијата • Развој на говорот • Креативна и творечка игра • Социјализација • Вештини за секвенционирање • Делуваат на емоционалниот и интелектуалниот развој • Препознавања и визуелизација • Развој на способноста за следење на инструкции • Аудитивна вештина • Координација на око-рака • Свесност на сопственото тело • Тактилно искуство и тактилна дискриминација • Визуелна и аудитивна стимулација и дискриминација • Развој и збогатување на чувството за мирис и вкус • Ориентација за сопственото тело и движењата преку облекување и соблекување • Моторното планирање • Билатерална координација (симетрична и асиметрична) • Развивање на чувството за положбата на сопственото тело во просторот, одредување на централниот дел на телото • Груба и фина моторика • Вестибуларна и проприорецептивна стимулација Играта треба да е секојдневие за децата со посебни потреби. Ова се само неколку идеи за играње со децата. Треба да се користи секој момент и можност за збогатување на детските искуства преку игра и развивање на нивниот интерес и вештини.

29


Образовните потреби и можностите на децата со аутизам М-р Јасмина Трошанска

30


За родители и професионалци - Децата со аутизам не го применуваат наученото во нови ситуации. Стереотипноста и ригидноста го нарушуваат вниманието. Потребно е да се работи на намалување на тие карактеристики (тоа се трајни карактеристики кои не можат да се отстранат). - Децата со аутизам имаат тенденција да се повлечат и да не учат од социјалните интеракции помеѓу возрасен и дете. Подготовка на привлечна средина за да се избегне повлекувањето на детето. - Ограничено разбирање на налози. Индивидуален пристап и употреба на посебни едукативни постапки. - Не покажуваат иницијатива за работа и тешко извршуваат задачи самостојно. Поради тоа е неопходна подготовка на структуирани активности со постојано поттикнување и награди. - Се концентрираат на еден специфичен аспект на задача, додатно поттикнување може да го насочи кон другите аспекти. - Наученото е ограничено само на контекстот во кој е учено. - Механичко учење без разбирање на смислата. Што детето навистина знае и посветување на внимание на смислата на она што детето го научило. - Склоност на враќање кон ригидно и стереотипно однесување при учење на нови работи.

Новите работи да се учат со мали чекори.

31


При работа со децата со аутизам треба да се внимава на : - Одредување на нивото на комуникација со детето - Активностите да се организираат во зависност од комуникацијата, интересот на детето и развојното ниво на кое се наоѓа. -Подготовка на физичка структура, распореди и системи за индивидуална работа со децата. - Секојдневно почитување на индивидуалниот распоред на активностите на секое дете. - Во учењето на децата со аутизам да се користи водење, допир, звук, слики или зборови. Вербалите инструкции и покажувањето имаат најмал ефект, додека пак водењето има најголем ефект.

32


Корисни WEB страни (pecs) www.pecs.com www.do2learn.com www.augresources.com www.card.ufl.edu www.medicine.uiowa.edu/autismservices/visual_supports http://trainland.tripod.com http://www.tlsbooks.com/ www.attainmentcompany.com www.communicationaids.com www.donjohnston.com http://gupress.gallaudet.edu www.hemera.com www.inspiration.com www.intellitools.com www.kidaccess.com www.mayer-johnson.com www.popinandcompany.com http://www.helpkidzlearn.com/ www.proedinc.com http://www.mousetrial.com/downloads.html www.silverliningmm.com www.bbbautism.com www.eslkidstuff.com http://www.abaresources.com/free2.htm http://autismforum.net/forums/news.php

33


Сензорна интеграција Elizabeth Shaffer, OTR/L

34


Дали некогаш сте се запрашале зошто моето дете има одредено однесување или зошто едноставни задачи се толку тешки за вашето дете?

Со разбирање на принципите на сензорната интеграција, може да се најдат одговори на многу збунувачки прашања во врска со тоа зошто детето се однесува на одреден начин и да се изнајдат насоки за тоа како да им се пријде на овие однесувања. Во моето искуство, повеќето деца со нарушувања во развојните вештини имаат одложување во способноста да се интегрираат и да ја процесираат сензорната информација. Исто така преку моето професионално искуство ,открив дека ако најпрвин го решиме одложувањето во сензорната обработка кај децата , другите вештини како што се облекување, јадење, внимание, моторната координација и комуникацијата ќе дојдат полесно како што телото и мозокот работат подобро за да ги абсорбираат новите информации. Децата и возрасните со аутистичен спектар на нарушувања (АСН), како и оние со други пречки во развојот, често имаат потешкотии во обработката и интегрирањето на сензорните информации на нивните тела и средината. Понекогаш едно или повеќе сетила се или над или под прагот на стимулација. Таквите сензорни проблеми може да бидат основната причина за ваквите однесувања како што се бесот, лулкањето, вртењето, мавтањето со рацете и лошите навики во исхраната.

35


Сензорната интеграција е вроден невробиолошки процес и се однесува на интеграцијата и толкувањето на сензорната стимулација на животната средина од страна на мозокот. Спротивно на тоа, сензорната интегративна дисфункција е нарушување во кое сензорните информации не се интегрирани или организирани соодветно во мозокот и може да предизвикаат различни степени на проблеми во развојот, обработката на информациите и однесување. Општата теорија на сензорната интеграција и третманот првично биле развиени од страна на Д-р A. Jean Ayres од студиите по невролошките науки и оние кои се однесуваат на физичкиот развој и нервномускуларната функција. Сензорната интеграција гледа како детето или возрасниот ги интегрира сите сетила, но се фокусира првенствено на трите основни сетила; тактилни (допир), вестибуларни (движење) и проприоцептивни (свест за сопственото тело). Нивните поврзувања започнуваат да се формираат пред раѓањето и продолжуваат да се развиваат како личноста созрева и се поврзува со околината. Трите сетила не се само меѓусебно поврзани, туку исто така се поврзани и со други системи во мозокот. Иако овие три сензорни системи се помалку познати од визуелните и аудитивните системи, тие се од клучно значење за нашиот опстанок. Меѓусебниот однос меѓу овие три сетила е комплексен. Во суштина, тие ни овозможуваат да се доживуваме, да протолкуваме и да одговориме на различни стимули во нашата средина.

Сензорни системи на сензорна интеграција:

36

Тактилен систем (чувство на допир): Тактилниот систем ги вклучува нервите под површината на кожата, кои праќаат информации до мозокот. Овие информации вклучуваат благ допир, болка, температура и притисок. Овие играат важна улога во согледувањето на животната средина, како и заштитните реакции за опстанок.


Дисфункција во тактилниот систем може да се види преку следниве типови на однесување: - Се повлекува кога ќе биде допрен - Одбива да јаде одредени типови на храна и/или да носи одредени видови на облека - Се жали кога му се чешла косата или кога му го миете лицето - Одбегнува да му е извалкана едната рака (пр. лепак, песок, кал, боја) - Користи еден прст наместо цела дланка за да манипулира со предметите. Дисфункција на тактилниот систем може да доведе до погрешна перцепција на допир и/или болка (хипер или хипо сензитивност) и може да доведе до самонаметната изолација, генерална раздразливост, расеаност и хиперактивност. Вестибуларен систем (чувство на движење): Вестибуларниот систем се однесува на структурите во внатрешното уво (полу-кружните канали) кои го детектираат движењето и промените на позицијата на главата. На пример, вестибуларниот систем ни кажува кога главата е исправена или навалена (дури и кога ни се затворени очите). Дисфункцијата во рамките на овој систем може да се манифестира во два различни правци: - Некои деца може да се преосетливи на движење и имаат страшни реакции и да се плашат од обични движечки активности (пр: лулање, лизгање, рампи, спуштање). Исто така можат да имаат проблеми при учењето да се качуваат или да се спуштаат по скали или ридови; и можат да бидат загрижени при одење или лазење по нерамни и нестабилни површини. Како резултат на тоа, изгледаат исплашено во просторот. Во целина, овие деца изгледаат како да се несмасни. - Во друга крајност, детето може да бара многу интензивно сензорно искуство, како што е прекумерното вртење на телото како вртлог, скокање, и/или вртење. Овој тип на дете покажува знаци на хипоактивен вестибуларен систем; односно, тие се обидуваат постојано да го стимулираат нивниот вестибуларен систем.

37


Проприоцептивен систем (свест за сопственото тело): Проприоцептивнуит систем се однесува на деловите на мускулите, зглобовите и тетивите кои му обезбедуваат на лицето потсвесно да ја знае положбата на телото. Кога проприоцептивниот систем функционира ефикасно, положбата на телото на поединецот автоматски се подесува во различни ситуации, на пример, проприоцептивниот систем е одговорен за обезбедување на организмот со потребните сигнали за да ни овозможи да седиме правилно на стол и да одиме во кривина непречено. Исто така тоа ни овозможува да манипулираме со предмети користејќи фина моторика, како што се пишување со молив, користење на лажица за јадење супа и да ја закопчаме кошулата.

Вообичаени знаци на проприоцептивната дисфункција се: - Несмасност, тенденција за паѓање - Недостаток на свест за положбата на телото во просторот, чудни телесни позиции - Минимално или никакво лазење кога се млади - Тешкотии при манипулирање на мали предмети (копчиња, сусти) - Тешкотии при користење на прибор за јадење или јадење на невешт начин - Отпорност на нови моторни активности Друга димензија на проприоцептивниот систем е праксијата или моторното планирање. Ова е способноста за планирање и извршување на различни моторни задачи. Со цел овој систем да функционира правилно, мора да се потпре на добивање на точни информации од сензорните системи и потоа да ги организира и да ги интерпретира овие информации ефикасно и ефективно.

38


Визуелен систем (сетило за вид): Гледање е способноста на окото да се фокусира и да открива слики. Откако овие слики ќе бидат откриени мозокот мора да исфилтрира што видел и да им стави значење на сликите.

Знаците на дисфункција се гледаат од следново однесување: - Детето ја игнорира неговата визуелна средина - Одбегнува контакт со очите - Има продолжено внимание на детали од предметите Детето кое има аутизам има потешкотии во спознавањето која визуелна информација е важна и која не е.

Аудитивен систем (сетило за слух): Некои деца со сиромашни аудитивни вештини може да не обрнат внимание на некои звуци и може да не успеат да го регистрираат она што им е кажано, додека друг пат тие можат да пререгистрираат звук и не можат да го насочат, со што изразуваат вознемиреност на звук кој некој друг не може да го слушне. Може да биде тешко да разбере она што некој го кажува во моментот додека мозокот ги обработува другите звуци во средината и не ги филтрира звуците што се поважни.

39


Импликации: Во принцип, дисфункцијата во рамките на овие системи се манифестира на многу начини. Детето може да биде над или под прагот на сензорната информација; нивото на активност може да биде или невообичаено високо или невообичаено ниско; детето може да биде во постојано движење или да чувствува благ замор. Покрај тоа, некои деца можат да се вртат помеѓу овие две екстреми. Координативните проблеми кај грубата и/или фината моторика се заеднички кога овие три системи се дисфункционални и можат да резултираат во одложување во говорот/јазикот и во академските достигнувања. Во поглед на однесувањето, детето може да стане импулсивно, лесно да му се одземе вниманието и покажува општ недостаток на планирање. Некои деца можат да имаат потешкотии во прилагодувањето на нови ситуации и може да реагираат со фрустрација, агресија или со повлекување. Евалуацијата и третманот на основните сетилни интегративни процеси се врши од страна на професионални терапевти и/ или други обучени професионалци со специјализирана обука и искуство во работата со сензорна интеграција. Целите на терапијата на сензорната интеграција се: 1. Да му обезбеди на детето сензорни информации, кои ќе му помогнат во организирање на централниот нервен систем, 2. Да му помогне на детето во инхибиција и/или модулирање на сензорните информации, 3. Да му помогне на детето во обработката на организиран одговор на сензорните стимули, 4. Да му ја подобрат способноста самостојно да ги врши секојдневните вештини.

40


More information on Sensory Integration Websites: • www.sensoryintegration.org.uk – Sensory Integration Network for UK & Ireland • www.sifocus.com - International Online Magazine with good articles focusing on Sensory Integration. • www.sensory-processing-disorder.com – Sensory Processing Disorder Website • www.sintetwork.org – Sensory Processing Disorder Foundation • www.fhautism.com or www.eurospanbookstore.com (European Distributor)– Future Horizons Inc. Leader in Books and resources for ASD • www.ateachabout.com – Henry Occupational Therapy Services, Inc. Books: • Sensory Integration and the Child, Author: A.J. Ayres, Western Psychological Services, 1979 • Building Bridges Through Sensory Integration, 2nd Edition, Authors: E. Yack, S. Sutton, P. Aquilla, Future Horizons, INC. • The Out-of-Sync Child: Recognizing and Coping with Sensory Integration Dysfunction Author: Carol Kranowitz, Perigee 1998 • The Out-of-Sync Child Has Fun: Activities for Kids with Sensory Integration Dysfunction, Author: Carol Kranowitz, Perigee 2003 • Making it Easy: Sensorimotor Activities at Home and School, Authors: M. Haldy and L. Haack, Psychological Corporation, 1999 • The Sensory-Sensitive Child: Practical Solutions for Out-of-Bounds Behavior, Authors: Karen A. Smith and Karen R. Gouze, William Morrow,2004

41


Совети за управување со сензорните разлики во домот и заедницата 42

Elizabeth Shaffer, OTR/L


Обработка на визуелните чувства - Користете природна светлина секогаш кога е можно и намалете го користењето на флуоресцентна светлина - Охрабрете го вашето дете да носи наочари за сонце за да се намали изложеноста на јака светлина, или затемнети стакла на обични наочари - Обезбедете му слики од важни луѓе и работи кои ќе му помогнат да се ориентира - Намалете го нередот и другите визуелни одвлекувачи на внимание во областите каде што сакате вашето дете да се смири или да учествува во одредени активности

Обработка на вербалните звуци и звуците во позадина - Намалете ја бучавата во позадина кога вашето дете треба да слуша кога некој зборува - Осигурајте се дека вашето дете знае кој е изворот на звук или од каде тој доаѓа - Размислете за слушалки кои ја намалуваат бучавата кога вашето е хиперсензитивно на звуци - Зголемете ја изложеноста на ритмичка музика и песни, посебно музиката која му се допаѓа нему

Обработка на чувството на допир од друг и чувствувањето на предметите - Дозволете одредено време вашето дете да ги проучува непознатите предмети преку устата и други тактилни начини на истражувања - Зголемете го пристапот на вашето дете на допири преку удобни перници, ќебиња и торбесто столче во форма на грав - Обезбедете му на вашето дете да носи еластична долна облека како што се бициклистички панталони - Обезбедете му цврсти прегратки наместо наизменично допирање, дозволете му на вашето дете да го започне допирот и го менувате во зависнот од неговото ниво на толеранција

43


Обработка на гравитацијата и движењето - Обезбедете му различни можности за игра каде вашето дете ја мрда главата во разни позиции како што се горе-долу, лево-десно, нанапред-наназад, горе-доле и околу - Ако вашето дете е вознемирено во врска со висината или одењето по нестабилни или делумно отворени површини, бидете сигурни дека детето гледа каде се движи и контролирајте го неговото движење, почнувајќи од помали движења и кога ќе забележите дека е сигурно, започнете со различни движења како што с отскокнување, да биде фрлен во воздух или да биде ротиран - Дозволете му на вашето дете да отскокнува, да рипа и да се врти во редовни интервали во текот на денот, особено пред да побарате од него да седне и да внимава, како за времетраење на јадењето - Зголемете го пристапот да преместува предмети, како што се столчиња што се нишаат, нишалки, бротчиња, и предмети од забавен карактер

44


Обработка на вкусот и мирисот - Дозволете му на вашето дете да ја види, помириса и почувствува храната пред да биде замолено да јаде - Намалете ја или елиминирајте ја изложеноста на штетните мириси како што се хемиските средства за чистење - Зголемете ја изложеноста на пријатни мириси како што се цвеќињата или храната во смисла на ориентација во просторот, на случувања или на луѓе - Дозволете му на вашето дете да ги истражува лековитите растенија што се јадат како што се босилек, оригано или жалфија - Вклучете го вашето дете во подготовката на едноставни јадења како што се цедење на портокал за сок или месење тесто

Свесност за сопственото тело - Овозможете му на вашето дете доволно време да го истражува своето тело и да ги учи различните делови на телото гледајќи ги своите нозе и раце додека се движи наоколу; ставањето на налепници на своите нокти од нозете и рацете може да го зголемат визуелното внимание - Вклучете го во игри со туркање и влечење како што е „веслај, веслај, веслај во бродот“ дозволувајќи му на детето само да одреди колку силно и брзо ќе весла - Направете место каде вашето дете ќе може безбедно да се качува и да се симнува и менувајте ги со цел да се зголеми неговата сила и издржливост - Обезбедете кутии кои внатре имаат работи кои го мотивираат и за чие отворање е неопходно да се има сила во рацете и умешност да се отворат и затворат

45


46

Вовед во Применета Анализа во Однесувањето (АВА – Applied Behavior Серафимовски-Дика Analysis) Драган ----------------------------------------Лаура Александра Серафимовски Дика


Методата Lovaas е терапевтско истражување во однесувањето, интензивно манифестиран на различни начини кај децата кои манифестираат аутизам и други слични нарушувања.Оваа метода е позната и како метода UCLA (University of California, Los Angeles), која се базира врз клиничко искуство од повеќе од 30 години од страна на клиничкиот психологот Dr. O. Ivar Lovaas. Објавените резултати во 1987 година предизвикаа голем интерес, бидејќи до тој момент не постоеле истражувања кои покажале дека стратегијата во однесувањето може да донесе толку добри резултати. Во своето истражување Dr. Lovaas направил споредба помеѓу 3 групи од по 20 деца со аутизам. Експерименталната група била формирана од деца кои добиле терапија од 40 часа неделно. Првата контролна група била формирана од деца кои добиле терапија од 10 часа неделно, придружена со други терапии. Втората контролна група била формирана од деца кои не добиле никаков тип на терапија.

Добиените резултати се следниве: - Постои една група на деца кои после терапијата не покажале карактеристики на аутизам. 40% од децата кои работеле 40 часа неделно дома имале нормално однесување до моментот кога се запишале на училиште, на 7 годишна возраст. - Во првата контролна група имало деца кои покажале значително подобрување, но сеуште имале аутистични карактеристики. Голем број од децата останале со потешкотии во говорот или пречки во развојот. - Во втората контролна група се покажало дека имало многу мали подобрувања или никакви. Последователните резултати покажале дека најмалите деца откако ја следеле програмата за време од 2 или повеќе години, добиле 30 поени во коефициентот на интелигенција.

47


Применета анализа во однесувањето Применетата анализа во однесувањето првично е опишана од страна на B.F. Skinner во 1930 година. Принципите и методите на применетата анализа во однесувањето се применува успешно во многу случаи за да се развие широк спектар на вештини кај учениците со и без посебни потреби.

Што е применета анализа во однесувањето (АВА)? Применетата анализа во однесувањето е научен пристап кон разбирање на однесувањето и како тоа е под влијание на животната средина. "Однесување" се однесува на сите видови на акции и вештини (не само лошо однесување) и "Животна средина" ги опфаќа сите видови на физички и социјални настани кои би можеле да се менуваат или да бидат сменети од едно однесување. Науката на анализа на однесувањето се фокусира на принципите (што се општи закони) за тоа како функционира однесувањето, или како се одвива учењето. На пример, еден принцип на применета анализа ва однесувањето е позитивното засилување. Кога однесувањето е проследено со нешто што е ценето (награда), ваквото однесување најверојатно ќе се повтори. Низ децениите истражувања на полето на однесувањето, оваа анализа има развиено многу техники за зголемување на позитивното однесување и намалување на негативното однесување или на однесувањето кое може да му наштети на процесот на учење. Применетата анализа во однесувањето е употребата на оние техники и принципи кои се адресирани кон решавањето на важни општествени проблеми и да се донесат значајни промени во однесувањето.

48


Кој може да има корист од применетата анализа во однесувањето? Овие методи се користат успешно кај различни ученици од сите возрасти, со и без пречки во развојот. Во почетокот на 1960-тите, аналитичарите започнале да работат со млади деца со аутизам и со сродни нарушувања. Тие пионери користеле техники во кои возрасните биле насочени во најголем дел од наставата, како и некои во кои децата го презеле водството. Од тоа време, широк спектар на овие техники се развиени за изградба на корисни вештини кај учениците со аутизам од сите возрасти. Овие техники се користат и во структурирани ситуации (како што е формалната настава во училиштата) и во повеќе "природни" секојдневни ситуации (како што е за време на игра или оброк дома), во работа 1-на-1, како и групна настава. Тие се користат за развој на основните вештини како што се гледање, слушање и имитирање, како и кај комплексните способности како што се читање, разговарање и преземање на перспектива на другите. Употребата на принципите и техниките од оваа применета анализа во однесувањето за да им се помогне на лицата со аутизам за да живеат среќен и продуктивен живот се прошири брзо во последниве години. Денес, применетата анализа во однесувањето е широко призната како безбеден и ефикасен третман за аутизам.

Што е истражување на применетата анализа во однесувањето за аутизмот? Стотици објавени истражувања покажаа дека одредени АВА техники можат да им помогнат на поединци со аутизам да учат специфични вештини, како на пример како да комуницираат, да развијат односи, да играат, да се грижат за себе, да учат на училиште, да успеат во работата, да учествуваат целосно и продуктивно во семејството и активностите во заедницата, без оглед на нивната возраст. Голем број на рецензирани студии ги испитуваат ефектите на комбинирање на повеќе АВА техники во сеопфатна, индивидуализирана програма за интензивна рана интервенција кај децата со аутизам.

49


"Сеопфатен" се однесува на фактот дека интервенцијата се однесува на сите видови на вештини: комуникација, социјални, самозаштита, игра, моторни, пред академски и така натаму. "Рано" значи дека интервенцијата почнува пред возраст од четири години за повеќето деца. "Интензивен" значи дека АВА методите се користат за да се организираат голем број на можности за учење за секое дете секој ден во структурирани и во неструктурирани ситуации, со 25-40 часа неделно, за време во кое децата активно ги учат и практикуваат вештините. Тоа беше направено така што малите деца со аутизам ќе имаат искуства како типични мали деца, кои имаат илјадници шанси секој ден да учат преку интеракција со нивните родители и останатите. Овие студии покажале дека многу деца со аутизам кој добиле 1-3 години од овој тип на третман имале големи подобрувања на тестовите за нивните когнитивни, комуникациски и адаптациски вештини. Некои од децата кои учествувале во почетокот на интензивната терапија АВА за најмалку 2 години стекнале доволно вештини да одат во редовните училишта со мала или со воопшто никаква помош. Другите деца во студиите научиле многу вештини преку интензивната терапија АВА, но не доволно за да функционираат самостојно во редовните училишта. Низ студиите, мал процент од децата имале релативно мало подобрување. Многу е тешко да се предвиди однапред колку може да едно дете да има напредок со овој третман. Потребни се повеќе истражувања за да се утврди зошто некои деца со аутизам реагираат позитивно на раната интензивна АВА терапија од другите. Во некои студии, интензивниот АВА третман бил спореден со помалку интензивен АВА третман, типичен за раната интервенција или други посебни образовни и мешани методи на интензивно и неинтензивно ниво. Децата со аутизам кои добиле интензивен АВА третман имале поголеми подобрувања во повеќето вештини од децата кои учествувале во други интервенции. Родителите чии деца добиле интензивен АВА третман пријавиле помал стрес од родителите чии деца примиле други третмани.

50


Дали применета анализа во однесувањето дава резултати кај постарите ученици со аутизам? Да. Истражувањата покажале дека многу АВА техники се ефективни за градење на вештини кај сите возрасти на деца, адолесценти и возрасни со аутизам или сродни нарушувања. Покрај тоа, АВА методите се корисни и за помагање на поединци и нивните семејства со некое тешко однесување кое може да го придружува аутизмот, без несакани ефекти на лековите или други третмани. Голем број на програми комбинираат повеќе АВА техники во сеопфатни третмански програми за млади и возрасни лица со аутизам. Многу од овие поединци научиле да работат и живеат успешно во нивните заедници благодарение на АВА третманот. Сепак, досега, не се направени истражувања на интензивен АВА третман со постарите лица, како што се направени со малите деца.

51


Што вклучува интервенцијата во применетата анализа во однесувањето? Правилно користена, интервенцијата АВА за аутизам не е од типот "една големина одговара на сите", туку претставува пристап кој се состои од сет на програми или вежби. Напротив, секој аспект на интервенција е прилагодено на вештините на секој ученик, потребите, интересите, параметрите, како и ситуацијата во семејството. Од тие причини, програмата АВА за еден ученик може да изгледа поинаку од програмата за друг ученик. Но, вистински, сеопфатната АВА програма за учениците со аутизам има одредени заеднички работи: • интервенцијата е дизајнирана и надгледувана директно од страна на квалификувани и добро обучени терапевти • детална проценка на вештините на секој ученик, како и параметрите на ученикот и семејството за да се утврдат почетните цели • избор на цели кои се значајни за ученикот и семејството • тековни објективни мерења на напредокот на ученикот • чести прегледи на податоците за напредокот од страна на терапевтите, така што целите и процедурите можат да се менуваат • упатство за сличните развојни цели во областите на здобивање со одредени вештини (на пример: комуникација, социјални, самозаштита, игра и забава, моторни и академски вештини) • вештини расчленети на мали делови или чекори кои се полесни за совладување и подучени од поедноставно кон посложено • акцент на вештините што ќе им овозможи на учениците да бидат независни и успешни и на краток и на долг рок • употреба на повеќе процедури – во режија на возрасните и во режија на ученикот за да се промовира учењето на различни начини • многу можности - конкретно планирани и кои се случуваат природно - за секој ученик да се здобие со практични вештини секој ден, во структурирани и неструктурирани ситуации • постојана интервенција за многу часови секоја недела • изобилство на позитивни стимулатори за корисни вештини и за соодветно социјално однесување • ставање акцент на позитивните социјални интеракции за да се направи учењето забавно

52


• неодобрување за однесувањата кои се штетни или го спречуваат процесот на учење • користење на техники за да им се помогне на научените вештини да можат да ги употребуваат на различни места, луѓе, и да им овозможи на учениците да се здобијат со нови вештини во различни ситуации • обука на родителите и членовите на семејството за да можат да ги учат и поддржат вештините за време на типичните семејни активности • редовни средби помеѓу членовите на семејството и терапевтите за да планираат програмите, да се врши преглед на напредокот и да се направи корекција доколку е потребно

Какви подобрувања може да се очекуваат од применетата анализа во однесувањето? Адекватната и правилна интервенција АВА може да им помогне на децата со аутизам да имаат значајни промени во повеќе области. Но, повеќето ученици бараат внимателно планирана настава и практика на повеќето вештини, па не се случуваат брзи промени. Како што споменавме порано, квалитетна АВА програма се адресира на широк спектар на вештини, но фокусот е секогаш на поединецот, па целите се разликуваат од ученик до ученик, во зависност од возраста, нивото на функционирање, семејните потреби и интереси и други фактори. Стапката на напредок се разликува од еден ученик на друг. Некои се здобиваат со вештини побрзо, а некои побавно. Всушност, некој ученик може да направи брз напредок во една вештина, а за некоја друга му треба повеќе време.

53


Одвивање на терапијата ABA A). Делови и етапи ABA вклучува 2 дела и 3 етапи. Деловите се однесуваат на методите на учење и вклучуваат: - тековни програми, каде детето учи неколку работи (најчесто речиси механички); - делот за генерализација каде овие научени работи се вклучуваат во секојдневниот живот и кои стануваат дел од неговиот систем на вредности. Етапите се однесуваат на начинот на аплицирање на терапијата. Тие се: - предтретман: вклучува промена во однесувањето vis a vis на детето, семејството и средината околу него, ова е прилагодување во однесувањето на детето и вклучува земање контрола над неговото однесување. - терапија: вклучува голем број на програми кои се однесуваат на тоа детето да научи многу работи, развој на сите однесувања кои недостасуваат и нивно генерализирање. - социјализација и обид за интеграција на детето во заедницата и на училиште: се појавува после одреден период на терапија (6 месеци - 2 години), каде детето има стекнато доволно животни вештини, социјални вештини и говор, така што кога ќе се интегрира во градинка да има помал степен на фрустрација за неможноста да се усогласи со другите деца.

B). Режим на работа Методот ABA се базира врз оперативна условеност, која вклучува формирање на автоматизми во однесувањето. Така, сите работи кои детето ги учи по механички пат, после одредено време тие се дел од неговата структура, ги асимилира, стануваат негови автоматизми.

54


ПР: Иако детето научило механички една команда „прегрни ме“, после одреден период тој ќе прегрнува секојпат кога ќе се радува за нешто, без некој да му каже да го направи тоа. Постојат три аспекти на оперативна условеност кои произлегуваат во врската однесување – средината околу него, и тие се:

- Претходник - Однесувањето - Резултат Во користењето на оперативната условеност (која го олеснува начинот на учење) се прибегнува кон техниката наречена дискретно испитување.

Дискретното испитување е составено од : 1. Дискриминативен стимул, или претходник на однесувањето/ барање. Ова е упатство или прашање поставено на детето, претставува начин преку кој на детето му се покажува дека од него се очекува одговор и дека наградата е валидна.

2. Одговор/Акција/Однесување на детето подразбира: - утврдување од страна на тимот на еден точен одговор, прифатен. - постоење на временски рок во кој треба детето да даде одговор, максимум 5 секунди. Ако овој период е надминат, одговорот нема да се смета како точен, се затвора дискретното испитување и се повторува дискриминативниот стимул. - ексклузивно прифаќање на однесувањето кое се бара, се забранува одобрување на било какво друго однесување во време кога детето мора да даде одговор, хистеричното однесување или автостимулирачкото не можат да бидат прифатени во исто време со одговорот, дури и ако тој е точен.

55


3. Зајакнувачки стимул: - Оваа награда се дава кога детето дава точен одговор веднаш. Не треба да има одложување на доделување на наградата во почетокот на програмата. Се препорачува да ја придружува вербална пофалба. Може да биде доделена кај децата кои се во понапреден стадиум во терапијата, но на крајот на лекцијата. - Давањето награда, како непосредна последица на бараното однесување, ќе ја зголеми веројатноста за повторно појавување на однесувањето. - Се дава само на точни одговори, треба да се чува надвор од дофатот на деца кога не се на лекција, надвор од работните сесии. Важна улога во оваа терапија има помошта, претставен преку помошта која му се дава на детето во извршувањето на некоја задача. Постојат неколку видови на помош, од кои најчесто се користат следните: - Физичка помош - Демонстративна или помош преку имитација - Позициона помош - Помош за врска - Вербална помош - Помош за вербална флексија

56


Целата терапија вклучува неколку видови на програми спроведени за време на лекциите. Овие програми се наменети за формирање на однесувањето. Се става акцент врз однесувањето поврзано со автономијата, социјализацијата, когнитивниот развој, говорот, емотивноста, се интервенира во однесувањето за намалување или исчезнување на стереотипите и развојот на моториката кај децата. Д-р Lovaas и неговите колеги препорачуваат да се започне со терапијата што е можно порано, по можност пред детето да наполни 5 години, но идеално е пред да наполни 3,5 години. Треба да му бидат предавани основните социјални вештини, образовни вештини и вештини од секојдневниот живот. Исто така, стереотипното однесување може да се намали полесно на оваа возраст, може да се прекине или може да се појават и ситуации каде што нема да се воспостават. Програмата вклучува интензивна терапија еден-на-еден, се состои од 40 часа неделно, 6-8 часа дневно, 5-7 дена во неделата, две или повеќе години. Резултатите од истражувањата на Lovaas покажуваат дека важноста на одржување на бројот на часови носи голема корист за детето. Наставата во сесии обично трае 2-3 часа со паузи. Интензитетот на терапијата значи дека постои потреба да се воспостави „тимска програма“, која најчесто се состои од најмалку три лица, сите овие лица ќе ја завршат програмата за обука. Учеството на семејството е многу важен елемент во третманот, бидејќи истражувачите откриле дека научените вештини во клиниките и во специјалните одделенија не се валидни во домашна средина, доколку не постои родителска инволвираност во програмата на третманот на детето.

57


Придобивки од терапијата АВА Lovaas и неговите колеги сметаат дека преку навремена интервенција, мал, но доволен број на деца со аутизам и со слични нарушувања можат да се здобијат со нормална интелектуална функција и образовна функција на возраст од 7 години. За оние деца кои не успеваат да се здобијат со нормални функции се тврди дека таму е значително намалувањето на несоодветното однесување и го асимилираат основниот јазик. Оваа терапија се применува до денес (според истражувањата) со најголем успех кај децата до максимум 7 години. Но, резултатите се неверојатни: околу 45% од децата успеале, по период од 2-3 години да бидат речиси како и секое друго дете (нормално), 30% прават скокови и големи подобрувања во нивната состојба (но сепак остануваат со одредени посебни потреби), околу 10-15% немаат никакви очигледни подобрувања. Децата од првата категорија, 45%, се интегрирани во редовни училишта и го продолжуваат својот живот без никаква помош од никого.

Терапијата се однесува на одредена категорија на деца, подобноста е дадена од страна на три фактори: 1. Возраста (од 2 до максимум 6 -7 години) 2. Без никакви други сериозни состојби (аудиовизуелни, моторни) 3. Има минимум коефициент на интелигенција 35

58


For more general information about behavior analysis and ABA, see: www.apbahome.net [The Association of Professional Behavior Analysts] www.abainternational.org [The Association for Behavior Analysis International] www.BACB.com [Behavior Analyst Certification Board] www.apa.org/crsppp/archivbehav.html [American Psychological Association Archival Description of Behavioral Psychology] www.behavior.org [Cambridge Center for Behavioral Studies]

For more information about research supporting ABA as treatment for autism, see: www.behavior.org/autism [The Cambridge Center for Behavioral Studies Autism Page] www.surgeongeneral.gov/library/mentalhealth/chapter3/sec6. html#autism [US Surgeon General's Report on Mental Health] www.health.state.ny.us/nysdoh/eip/menu.htm [Clinical Practice Guideline, New York State Department of Health Early Intervention Program] seab.envmed.rochester.edu [Journal of Applied Behavior Analysis]

59


Биографија Ивана Цветковска Има дипломирано на Филозофскиот Факултет во Скопје, Институт за Дефектологија во 2006 година. Во јули, 2005 и мај, 2006 зема активно учество на Специјалната Олимпијада на Македонија како волонтер. Наредните 2007-2008 година работи во Дневниот Центар Ангели, со лица со различни посебни потреби. Од 2009 до денес работи во приватната детска градинка Лилипут, во Скопје како дефектолог кој работи и врши инклузија на децата со аутизам.

Маја Трајчова Има дипломирано на Филозофскиот Факултет во Скопје, Институт за Дефектологија во 2005 година. Во 2005 и 2006 година работи како дефектолог-волонтер во Основното Училиште Димо Хаџи Димов, каде се врши инклузија на децата со посебни потреби во редовниот воспитно-образовен процес. Од 2007 до денес работи во приватната детска градинка Лилипут, во Скопје како дефектолог кој работи и врши инклузија на децата со аутизам.

М-р Јасмина Трошанска М-р Јасмина Трошанска, дефектолог, Монтесори педагог. 7 години работи и истражува во областа на образованието на децата со аутизам. Следи и посетува голем број на семинари и работилници за аутизам и посебното образование, како слушател или спикер, во Република Македонија и надвор од неа веќе 10 години.

60


Elizabeth J. Shaffer, OTR/L Окупационален терапевт со 10 годишно искуство во обезбедувањето на специјални терапевтски интервенции кај децата со повеќе нарушувања и општи одложувања во развојните вештини на училиште, клинички, болнички и домашни услови. Елизабет имала интензивни обуки во повеќе области во интервенцијата за подобра работа со децата со Аутистичен спектар на нарушувања и е сертифицирана во Евалуација во сензорната интеграција и третманот од страна на Western Psychological Services (WPS). Исто така е мајка на две машки деца, од кои едното е дијагностицирано со Аутизам.

Драган Серафимовски-Дика Дипломиран специјален психопедагог на Универзитетот од Букурешт, Факултетот за психологија и едукативни науки, Секција по Специјална Психопедагогија. Има речиси 8 годишно искуство во работата како терапевт во работа со децата со аутистичен спектар на нарушувања. Своето работно искуство го има стекнато во работа во дневни центри во Романија, како терапевт во дневниот центар Св. Михаил, кој припаѓа на фондацијата „Деца во неволја - Романија“ (“Сhildren in distress - Romania”).

Лаура Александра Серафимовски Дика Дипломиран специјален психопедагог на Универзитетот од Букурешт, Факултетот за психологија и едукативни науки, Секција по Специјална Психопедагогија. Има долгогодишно искуство како терапевт и коордонатор на индивидуални програми (ABA, PECS, Логопедија) во работата со децата со Аутистичен спектар на нарушувања. Своето работно искуство го има стекнато како терапевт во дневниот центар Св. Михаил, кој припаѓа на фондацијата „Деца во неволја - Романија“ ("Сhildren in distress - Romania"), во клиниката Св. Серафим од Сарафов (која припаѓа на невладината организација „Асоцијација за ментално здравје на детето“, Букурешт, Романија), работа како професор психопедагог во работата со деца со нарушувања во слухот и други нарушувања, во Училиштето за глуви бр.1, Букурешт, Романија.

61


BO MOJOT CBET и Elizabeth Shaffer и се заблагодаруваат на Американската амбасада за сета поддршка што ја дадоа за да ни помогнат да ја реализираме нашата мисија за јакнење на Македонските граѓани со повеќе знаење и ресурси за подобар пристап на потребите на децата со посебни потреби и особено на децата со аутистичен спектар на нарушувања.

Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата , откритијата и заклучоците, или препораките изнесени овде се на авторот(ите), и не ги одразуваат оние на Стејт Департментот на САД.

62


Печатница: Графомак - Кичево Графички дизајн Кристина Георгиевска www.kls.com.mk

63


64

Разбирање на посебните потреби на децата со аутистичен спектар на нарушувања  

Разбирање на посебните потреби на децата с

Advertisement