Issuu on Google+

ЖЛЕЗДИ СО ВНАТРЕШНО ЛАЧЕЊЕ (glandulae endocrinae

Во ендокрини жлезди се вбројуваат: •Хипофиза (gl. pituitaria s. hyphophysis) •Epифиза (corpus pineale s.epiphisis cerebri) •Тироидна жлезда (gl. thyroidea) •Паратироидна жлезда (gl.parathyroidea) •Надбубрежни жлезди (gll.suprarenales) •Семеник (testis) •Јајник (ovarium) •Ендокрин дел на панкреас


Хипофиза (gl pituitaria s.hypophysis) – е мал непарен орган во облик на зрно грашок, со дијаметар од околу 1 см, прикачена преку инфундибулумот на хипоталамусот, а сместена во турското седло (sella turcica) на черепната база. Изградена е од два лобуси преден и заден, кои меѓусебно се разликуваат и во нивниот развој и во структурата.


• -Предниот лобус – аденохипофиза е поголем, се лачат сл. Хормони: хормон на раст или (STH) или (hGH), ACTH, TSH, prolaktin, FSH i LH • • Задниот лобус – неврохипофиза е од нервно потекло, содржи аксони и нервни завршетоци, кои меѓусебно се поврзани со глија клетки кои служат како потпора. • Се депонираат два хормони кои ги создава хипоталамус: vasopresin i oksitocin


Штитна жлезда (gl.thyroidea) е најголема вратна жлезда со внатрешно лачење. Со помош на фиброзни влакна е прилепена за предната и бочните страни на гркланот и дишникот и затоа при голтање и зборување се движи заедно со нив. Тешка е 25-60 грама. Тироидната жлезда е изградена од 2 резна: десен (lobus dexter) и лев (lobus sinister) поврзани со стеснување на штитната жлезда (isthmus gl. thyroidae). Предната страна на жлездата е веднаш под кожата и може да се палпира единствено кога жлездата е зголемена. (пр.струма). Надворешната страна на лобусите е покриена со мускулите содржани во средниот лист од вратната фасција. Внатрешната страна лежи на гркланот и дишникот и доаѓа во сооднос со n.larungeus recurens.


• •

Паратироидни жлезди (gl parathyroideae) се наоѓаат на задната страна на лобусите на штитната жлезда, помеѓу нејзината фиброзна и фасцијална обвивка. Имаат големина и облик на зрно од леќа и обично ги има 4: две горни и две долни Тешко се разликуваат од ткивото на штитната жлезда, а лачат паратхормон (PTH) кој го регулира нивото на калциумот во крвта.


• • • • •

Надбубрежни жлезди (gll.suprarenales) , десна и лева, тешки 5-7 грама, во ретроперитонеалниот простор во висина на 12 торакален прешлен, цврсто споени за латералните страни на `рбетниот столб. Жлезденото ткиво на надбубрежната жлезда е изградено од периферен, кортикален дел (cortex ) и централен, медулуларен дел или срж (medulla). Кората на надбубрегот е од нефрогено потеклo и е изградена од клетки групирани во три зони: - зрнеста зона (zona glomerulosa) - влакнеста зона (zona fasciculate) - мрежеста зона (zona reticurais) Cortex gl.suprarenalis лачат минералокортикоиди, гликокортикоиди и андрогени Мedulla лачи адреналин и норадреналин


НЕРВЕН СИСТЕМ (SYSTEMA NERVOSUM) Нервниот систем е збир на високо диференцирани органи, на најголем степен на еволуција, Овој систем го одликуваат 3 основни функции: 1. сензорна функција која претставува способност на забележување, рецепција и регистрирање на промените во човековото тело, како и во надворешната средина надвор од телото; 2. асоцијативна функција која овозможува објаснување на регистрираните промени; 3. моторна функција која претставува одговор на ефекторните органи, напречно пругастите и мазни мускули, срцевиот мускул, жлездените клетки и слично, во вид на складни и циљани мускулни контракции или секрециии на соодветните жлезди. На крајот кората на мозокот, како најсложен дел на централниот нервен систем овозможува мисловна дејност, изразување на волја и чувства, како и други највисоки интелектуални функции.


ГРАДБА НА НЕРВНОТО ТКИВО •

Основна анатомска и функционална единица на градбата на нервниот систем е нервната клетка или невронот. Тој се одликува со способност да ствара и пренесува дразби на други неврони или клетки на други органи, како и способност за сопирање на преносот на дразбите. Нервната клетка е составена од средишен проширен дел, кој се вика тело на нервната клетка, како и два вида продолжетоци на нервната клетка. Дендрити се пократки директни продолжетоци на цитоплазмата на невронот кој ја пренесуваат дразбата центрипетално, према телото на невронот, а нивниот број се движи од 2-15..


Аксон или неврит, е подолг продолжеток на нервната клетка, кој некогаш може да биде долг и до 1 метар. Обично секоја нервна клетка има по еден аксон, кој дразбата ја спроведува центрифугално од телото на нервната клетка. По должината на аксонот, можат да се оделуваат колатерални гранчиња скоро под прав агол, додека нивниот терминален дел се дели во завршни гранчиња слично на крошна од дрво (телодендрон).

Невроните, преку своите аксонски и дендритински продолжетоци остваруваат меѓусебни контакти или синапси, создавајќи на тој начи повеќеструки синџирести функционални системи на голем бриј неврони, со што се овозможуваат најсложени функции на нервниот систем.


Нервното ткиво, со оглед на изгледот, бојата и градбата го чинат сивата, белата и ретикуларната маса. Сивата маса (substantia grisea) изградена е од тела на нервните клетки, чија цитоплазма содржи пигмент и карактеристични Nisslovi телца. Се наоѓа на површината на хемисферите на големиот и малиот мозок, додека кај рбетниот мозок се наоѓа длабоко внатре. Substantia alba- бела маса е изградена е од продолжетоци на нервните клетки, кои по напуштањето на сивата маса добиваат миелинска обвивка. Периферното нервно влакно, освен оваа обвивка добибва и т.н Шванова кошулка или Шванова обвивка. Formatio reticularis- ретикуларната маса, се наоѓа на местата каде низ сивата маса се провлекуваат снопови на бела маса и има мрежест изглед. Сивата маса богата со невроглија се вика пивтиеста или желатинозна супстанца (substantia gelatinosa).


Рефлексен лак – го претставуваат нервните елементи кои ги пренесуваат дразбите од рецепторите, преку центрипеталниот неврон, рефлексниот центар, центрифугалниот неврон до ефекторот, кои извршува одредно дејство. Со здружување на нервни клетки се образуваат рефлексни лакови. Најпрост рефлексен лак образуваат два неврони, аферентни и еферентни..


ПОДЕЛБА НА НЕРВНИОТ СИСТЕМ А. Функционална поделба на нервниот систем Во функционална смисла, нервниот систем се дели на соматски и вегетативен. Соматскиот, анималниот или цереброспиналниот нервен систем, прима дразби од надворешната средина и на нив реагира, го контролира дејството на попречно пругастата мускулатура на трупот и екстремитетеите, како и поедните органи, како што се јазикот, гркланот и ждрелото. Овој дел од нервниот систем овозможува воспоставување складен однос меѓу организмот и надворешната средина и се наоѓа под влијание и контрола на свеста и волјата.


• Автономен или вегетативен нервен систем ги инервира и ја контролира функцијата на внатрешните органи,  мазната мускулатура на кожата и крвните садови и  жлездите со внатрешно излачување.  Овој систем воглавно е независен од влијанието на свеста и волјата и е составен од два дела:  симпатичен и парасимпатичен, кои се антагонисти, но се во меѓусебна спрега и нивниот однос нормално е урамнотежен во фаза на мирување


Б. Морфолошка поделба на нервниот систем • Во морфолошки поглед нервниот систем се дели на центарлен и периферен. • Централниот нервен систем е составен од рбетниот мозок (medulla spinalis), која е сместена во коскениот рбетен канал и мозок (encephalon) кој се наоѓа во коскената черепна празнина. • Периферен нервен систем – сите нервни структури кои се наоѓаат надвор од черепната празнина и рбетниот канал. • го сочинуваат рбетните нерви (nn. Spineles), мозочните или кранијални нерви (nn.craniales) и ганглионите кои се придодадени на нервите и тие го поврзуваат ЦНС со сите делови на организмот.


АВТОНОМЕН ИЛИ ВЕГЕТАТИВЕН НЕРВЕН СИСТЕМ (SYSTEMA NERVOSUM AUTONOMICUM)

Автономниот нервен систем ја регулира постојаната и непрекината работа на сите внатрешни органи,  ја инервира целокупната мазна мускулатура на човечкото тело и сите жлезди, повеќето без влијание на волјата и свеста на човекот. Разликуваме симпатички и парасимпатички дел на овој систем Симпатичкиот нервен систем, • го зголемува метаболизмот, • ја забрзува срцевата работа, • ги стеснува крвните садови и • го зголемува крвниот притисок, • ги шири бронхиите и • ги шири зениците (мидријазис).


• Спротивно на ова, парасимпатикус го намалува метаболизмот, • го забавува работењето на срцето, • ги шири крвните садови, • го спушта крвниот притисок, • ги стеснува бронхиите и • ги стеснува зениците (миозис). • За ова дејство одговорни се хемиските материи кои ја стимулираат работатата на симпатикус (адреналин) и на парасимпатикус (ацетилхолин).


Од анатомски аспект АНС се дели на: Центрелен дел – во склоп на ЦНС Периферен дел – во склоп на ПНС Од функционален аспект центрелниот дел е поделен на : Краниосакрален или парасимпатичен дел на АНС Тораколумбален или симпатичен дел на АНС Центарот на симпатикус во ЦНС е сместен во страничните рогови на рбетниот мозок од 8 вратен до 2 слабински сегмент на м.с.


• •

• 1.Truncus sympathicus 2.Ganglion cervicothoracicum 3. Ganglom cervicale mediun 4.Ganglion cervicale superius 6.Plexus celiacus; 7. plexus mesentericus superior 8.Plexus mesentericus inferior

Симпатичко стебло (truncus sympaticus) се протега од бочната страна на `рбетниот столб, почнувајќи од атласот до тртичната коска, а е составен од 21-23 п��равертебрални ганглиони, кои меѓусебно се поврзани со интерганглиски споеви (rami interganglionares). Разликуваме: вратен, граден, слабински, крсен и тртичен дел на симпатичкото стебло. Вратниот дел има 3 ганглиони, горен, среден и долен, градниот дел го чинат 11-12 ганглиони, а најзначајни гранки на градниот дел се n.splanchnicus major et minor, кои се завршуваар во стомачниот нервен сплет. Стомачниот дел го чинат 4 ганглиони, карличниот 4, додека тртичниот дел го чини еден непарен тртичен ганглион.


• Парасимпатичкиот дел на автономниот нервен систем ги инервира внатрешните органи, а нивниот центар лежи во јадрата на черепнитекранијалните нерви: n.oculomotorius (III), n.facialis(VII), n.gossopparyngeus (IX) n.vagus (X). Се работи за парасимпатичките јадра на споменатите нерви, кои се наоѓаат во мозочното стебло. • Во бочните рогови на рбетниот мозок, помеѓу 2 сегмент на крсниот дел на рбетниот мозок се наоѓа centrum parasimpaticym sacrale.


(NN.craniales)

Разликуваме 12 пара на кранијални нерви кои излегуваат од мозочното стебло, освен 1 и 2 кранијален нерв, а се означени со редни броеви од I-XII. Според природата на влакнта што ги содржат ги делиме на: сетилни или сензорни нерви (I,II,VIII), моторни нерви (III,IV,VI,XI,XII) и мешовити (V,VII,IX,X). Мешовитите нерви содржат моторни и сезитивни влакна. Прасимпатични нервни влакна, за инервирање на мазните мускули, крвните садови и жлезди имаат III, VII. IX и X кранијален нерв.


I.мирисни нерви

(nn.ojfactorii) ги има 15-20, поаѓаат од мирисното поле на носната лигавица (area olfactoria), поминуваат низ решетестиот лист (lamina cribrosa) на ситестата коска (os ethmoidale) и завршуваат во мирисната главица bulbus olfactorius. II.виден нерв (n. opticus), се протега од мрежницата (discus nervi optici), до оптичката крстосница (chiasma opticum) и претставува дел на мозокот, односно остаток од мозочниот пат за вид


III. (n.oculomotorius), со своите моторни влакна ги инервира сите надворешни мускули на очното јаболко, освен m.obliqus superior m.rectus и lateralis, а со своите парасимпатички влакна ги инервира двата мазни мускули на очното јаболко: m.ciliaris m.sphincter pupillae. IV. (n.trochlearis) е моторен нерв и служи за инервација на m.obliqus superior.


• •

V. (n.trigeminus), е најголем кранијален нерв со сензитивен корен за инервација на кожата од лицето, предниот дел од главата, делови од очната празнина, лигавцата од носната празнина и параназалните синуси, усната празнина, забите и делови од увото и моторен корен кои ги инервира мастикаторните мускули. Завршува со 3 гранки и тоа: n. ophtalmicus, n.maxillaris и n.mandibularis. VI. (n. abducens) е моторен нерв за инервација на m.rectus lateralis. VIII. (n.vestibulocochlearis) е составен од 2 дела: pars vestibularis, кој му носи на мозокот впечатоци за рамнотежа и ориентација во просторот, додека pars cochlearis пренесува слушни впечатоци.


VII. лицев (n.facialis) е мешан нерв составен од моторен дел кој ги инервира мимичните мускули, m.stapedius од средното уво и дел од надхиоидните мускули; сензитивен дел составен од густо рецепторни влакна кои тргнуваат од papillae fungiformis и парасимпатички дел наменет за плунковите, солзните и носните жлезди.


IX. (n,glossopharyngeus) е мешовит нерв составен од моторни влакна кои ги инервираат мускулите од мекото непце и голтникот; сензитивни влакна кои ја инервираат лигавицата на голтникот и заднaта третина од јазикот, додека густаторецепторните влакна пренесуваат впечатоци за вкус и парасимпатички влакна кои ја инервираат паротидната ложа. X. (n.vagus) е мешовит нерв чии моторни влакна ги инервираат мускулите на мекото непце, фариксот и ларинксот; сензитивните влакна ја инервираат лигавицата од ларинксот и долниот дел на фаринксот, и парасимпатички влакна, кои ги инервираат органите од градната и абдоминалната празнина.


XI. помошен нерв (n.accessorius) е чист моторен нерв наменет за инервација на m. sternocleidomastoi deus и m.trapezius. XII.подјазичен нерв (n.hypoglossus) е моторен нерв наменет за инервација на сите мускули на јазикот и еден од надхиоидните мускули.


• Спинални нерви (nn.spinales)

Од рбетниот мозок (medulla spinalis), се издвојуваат 31 пар спинални нерви. Од тоа: 8 вратни (nn.cervicales), 12 градни (nn.thoracici), 5 слабински (nn.lumbales), 5 крстни (nn.sacrales) и 1 тртичен (n.coccygeus). Предните гранки на спиналните нерви, освен торакалните, меѓусебно се анастомозираат градејќи нервни сплетови (plexus), кои ја инервираат кожата и мускулите на трупот и екстремитетите. Предните гранки на градните нерви, се викаат меѓуребрени нерви (nn. intercostalеs). Задните гранки на спиналните нерви се делат на латерална и медијална гранка, кои со своите моторни гранки ги инервираат длабоките мускули на грбот, а со сензитивните гранки, кожата на заданата страна на главата, вратот и трупот.


Секој спинален нерв настанува со спојување на 2 корени: преден (radix anterior), кој содржи моторни влакна и заден (radix posterior), кој содржи сензитивни влакна и на кој е придодаден ganglion spinale. Двата корени се спојуваат во ниво на меѓупрешленскиот отвор (foramen intervertebarale) и градат стебло на спиналниот нерв кое е кратко. Стеблото се дели на 4 гранки: предна (ramus anterior), задна (ramus posterior), ramus meningeus, која се враќа во рбетниот столб за инервација на обвивките на `рбетниот мозок и споjнички гранки (rr.comunicantes), кои го поврзуваат `рбетниот нерв со стеблото на симпатикус.


Plexus cervicalis

• Plexus cervicalis – вратниот нервен сплет настанува од предните гранки на 1-4 вратен нерв. Моторните гранки на овој сплет ги инервираат пред`рбетните, скаленските и подхиоидните мускули, m.strenocleidomastoideus , m.trapezius, а неговата најдолга и најзначајна гранка е n.phrenicus, кој ја инервира дијафрагмата. • Сензитивните гранки на овој сплет ја инервираат кожата на бочната и предната страна на вратот и горниот дел на градниот кош •


Plexus bracnialis,

• • •

Plexus bracnialis, рамениот нервен сплет го градат предните гранки од 58 вратен и 1 граден нерв. Завршните гранки на рамениот нервен сплет се: мускулно кожен нерв (n.musculocutaneus), средишен нерв на раката (n.medianus), лакотен нерв (n.ulnaris), внатрешен кожен нерв на надлактицата (n.cutaneus brachi medialis), внатрешен кожен нерв на подлактицата (n. cutaneus antebrachii medialis), n.radialis и пазушен нерв / n. axillaries. Наведените терминални гранки ја инервираат кожата и мускулите на горниот екстремитет во целост.


• Plexus lumbalis,

• слабински нервен сплет, настанува со спојување на предните гранки на првите 4 слабински нерви.(L1-L4) • Најголеми гранки се n.femoralis i n. obturatorius, кои го инервираат бутот


• Plexus sacralis, • крсниот нервен сплет, настанува со спојување на предните гранки од 4 и 5 слабински (L4L5) и предните гранки на 1,2 и 3 крсен нерв.(S1S3).Завршна гранка е n. ischiadicus (zadna strana na but)


Plexus coccygeus,

• тртичниот нервен сплет, настанува од предните гранки од 1 тртичен нерв и анастомотичните гранчиња од предните гранки на S4 и S5 , односно 4 и 5 крсен нерв. • Ганглии, нервни јазлиганглиони се нервни творби придодадени на капиталните или спиналните нерви, изградени од групирани тела на нервните клетки.


ЦНС

• Два основни делови на ЦНС се: мозокот и `рбетниот мозок. Мозокот (encephalon), лежи во черепната празнина, додека `рбетниот мозок (medulla spinalis) се наоѓа во `рбетниот канал. Мозокот е составен од преден (prosencephalon), среден (mesencephalon) и заден (rhombencephalon). • Prosencephalon, предниот мозок, го зафаќа најголемиот дел од черепната празнина и се дели на: голем мозок (telencephalon – cerebrum) и меѓумозок (diencephalon).


• Mesencephalon, средниот мозок се наоѓа во задниот дел на средната черепна јама (fossa cranialis media) и лежи меѓу предниот и заднот мозок. • Rhombencephalon е сместен во задната черепна јама (fossa cranialis posterior) и се состои од продолжен мозок (medulla oblongata), мозочен мост (pons), мал мозок мал мозок (cerebellum) и неговите шуплини, IV мозочна комора (ventriculus quartus).


Truncus cerebri

Truncus cerebri (мозочно стебло) составено од medulla oblongata, pons, стеснување на мозочното стебло (isthmus rhombencephali), и среден мозок (mesencephalon).


• Во центарлните делови на ЦНС се наоѓаат шуплини кои се викаат мозочни комори. Во средишните делови на хемисферите на големиот мозок, се наоѓа парна, бочна мозочна комора (ventriculus lateralis), која преку Monroovite отвоти е поврзана со централната шуплина на меѓумозокот, третата мозочна комора (ventriculus tertius). • Третата мозочна комора преку средишниот канал на средниот мозок (aqueductus cerebri), поврзана со четвртата мозочна комора, со централната шуплина на rhombencephalon (ventriculus quartus).


ГРАДБА НА ЦНС

• •

На макроскопски пресеци на ЦНС, јасно се забележуваат два обоени дела, потемно обоениот дел е сива маса (substantia grisea), додека посветлиот дел (substantia alba). Сивата маса е изградена од тела на нервните клетки, невроглии, дендрити и почетните делови на аксоните. Во функционален поглед, таа ги претставува центрите на нервниот систем, во кои се врши обработка, координација и интеграција на доспеаните дразби. Сивата маса на површината на големиот и малиот мозок се вика (cortex cerebri I cortex cerebelli). Сивата маса во мозочното стебло, распоредена е во вида на јадра, додека во `рбетниот мозок има изглед на столбови (collumnae griseae).


Ретикуларната супстанца ( formatio reticularis), е составена од поголеми островца на сивата маса, меѓусебно одвоени со снопови на бела маса, која ги гради патиштатат на ЦНС. Поголеми добро ограничени групации на клетки ги чината ретикуларните јадра (nuclei reticulares). Formatio reticularis, се простира од `рбетниот мозок до меѓумозокот и многу добро е поврзана речиси со сите делови на ЦНС.


Во состав на белата маса (substantia alba) влегуваат аксонските продолжетоци на нервните клетки обвиткани со миелинска обвивка, дендрити и олигодендроцити, ка��о и глијални клетки.. Белата маса е систематизирана во патишта на ЦНС, кои се делат на: •асоцијативни, •комисурални и •проективни. Првите две групи се воглавно куси патишта, при што асоцијативните патишта ги врзуваат сивите маси на иста страна на ЦНС, додека комисуралните патишта, ги спојуваат контралатералните- спротивни половини на исти дел на ЦНС. Посебно се значајни проективните патишта, кои ги поврзуваат одалечените делови на ЦНС, а тие се делат на сензитивни и моторни.


• Сензитивните патишта се нагорни нервни патишта, кои пренесуваат дразби од различни периферни структури према ЦНС. Преку овие патишта до сензитивните области на кората на големиот мозок, се пренесува осетот за допир, топло, ладно, болка, вибрација и положба на делови на телото во просторот. Посебна група на овие патишта претставуваат сетилните или сензорни патишта, како што се акустичкиот и оптичкиот пат, патот за мирис и др. • Моторните патишта се надолни и пренесуваат импулси од ЦНС према периферијата. Најзначајните моторни патишта поаѓаат од моторните области на кората на големиот мозок и завршуваат во јадрата на кранијалните нерви или јадрата на `рбетниот мозок.


MEDULLA SPINALIS)

• `Рбетниот мозок, како дел на ЦНС, во целост се наоѓа во `рбетниот канал (canalis vertebralis). Долг е од 42-45 см, тежок 30 грама, Кај возрасни се протега од предниот лак на атласот до вториот слабински прешлен. • На `рбетниот мозок разликуваме 2 задебелувања: вратно (intumescentia cervicalis) и слабинско (intumescentia lumbosacralis), од кои излегуваат нервите за горните и долните екстремитети.


• Делот од `рбетниот мозок кој одговара на еден пар спинални нерви, се вика сегмент на рбетниот мозок (segmentum medullae spinalis). Овој мозок има 31 сегмент, колку и спинални нерви. • Сегмент на `рбетниот мозок, претставува основна морфолошка и функционална единица на medullae spinalis.


• Завршниот дел на `рбетниот мозок е во вид на конус и се вика conus medullaris. • Од коничниот врв до тртичната коска се протега рудимент на `рбетниот мозок кој нема нервни елементи наречен (filum terminale), околу кој се распоредени крсните нерви во вид на коњска опашка (cauda equina).


• •

Градба на `рбетниот мозок `изграден од сива и бела маса. Сивата маса е поставена длабоко околу централниот канал (canalis centralis) H. Сивата маса ја чинат 2 предни (cornu anterius), два задни (cornu posterius) и два бочни рога (cornu laterale). Овие рогови по цела должина `рбетниот мозок образуваат соодветни столбови: columna anterior, columna posterior, columna lateralis. Предниот столб на попречен пресек е широк и кус и во него лежат моторните јадра, задниот дел е тесен и долг и припаѓа на системот на сензитивни патишта. Бочниот столб содржи вегетативни центри на симпатичниот и парасимпатичниот автономен нервен систем.


Белата маса на рбетниот мозок (substantia alba), ја обвиткува сивата маса и со помош на жлебови поделена е на 3 парни надолжни врвци или снопови: - преден сноп (funiculus anterior) - бочен сноп (funiculus lateralis) - заден сноп (funiculus posterior) Низ овие снопови, поминуваат значајни нагорни и надолни нервни патишта.


ПРОДОЛЖЕН МОЗОК (MEDULLA OBLONGATA)

Продолжениот мозок е дел од ромбастиот мозок, кој се протега од `рбетниот мозок (medulla spinalis) до мозочниот мост (pons), при што минува низ големиот окципитален отвор (foramen magnum). • Долг е 2,5 см, а на него се разликува долен цилиндричен дел кој се наоѓа во кичмениот канал и горен сплоснат и проширен дел, кој се наоѓа во черепната јама и лежи на clivus..


•

1. Midbrain 2. Pons 3. Bulbopontine sulcus 4. Medulla oblongata 5. Decussatio of the pyramids 6. Gracile tubercle 7. Mediam aperture of the fourth ventricle 8. Choroid plexus 9. Fastigium 10. Fourth ventricle 11. Superior medullary velum 12. Lamina tecti 13. Cerebral aqueduct 14. Decussation of the superior cerebellar peduncles


1. Glossopharyngeal nerve 2. Vagus nerve 3. Hypoglossal nerve 4. Accessory nerve 5. First cervical spinal nerve 6. Spinal root of accessory nerve

Градбата на продолжениот мозок е опфатена со сивата и белата маса. Во состав на substantiae griseae, влегуваат јадрата на мозочните нерви, ретикуларните јадра и релејни јадра. Во продолжениот мозок се наоѓаат јадрата на IX, X, XI, XII и делумно V и VII мозочен нерв. Во ретикуларната формација (formation reticularis), се наоѓаат многу важни вегетативни центри, како што се: центарот за дишење, работата на срцето, регулација на крвниот притисок, кашлица и кивање. Белата маса на продолжениот мозок (substantia alba), ја градат голем број на надолни и нагорни патишта.


Pons

1. Sensory root of trigeminal nerve 2. Pons 3. Vestibulocochlear nerve 4. Facial nerve 5. Abducent nerve 6. Medulla oblongata 7. Motor root of trigeminal nerve 8. Basilar sulcus

• Мостот (pons e проширен дел на мозочното стебло кое е сместено во базиларниот дел на окципиталната коска, помеѓу продолжениот мозок и средниот мозок. Бочните делови се споени со малиот мозок. Долг е просечно 2,5 см, а широк до 3,5 см. • На вентралната страна на мостот се наоѓа sulcus basilaris, за поминување на истоимената артерија, а на бочната ивица на оваа страна излегува V мозочен нерв, со помош на 2 корени


Градбата на понсот е од сива и бела маса. Substantia grisea ja чинат: јадрата на мозочните нерви, ретикуларната формација и релејните јадра. Во понсот лежат јадрата на V, VI, VII, и делумно VIII мозочен нерв. Во ретикуларната формација се наоѓа центарот за жвакање, како и некои други важни центри. Substantia alba е изградена од голем број на нервни патишта Ретикуларната супстанција и јадрата припаѓаат на екстрапирамидалниот моторен систем и учествуваат во некои рефлексни акции. Позади и над понсот и medulla oblongata, се наоѓа IV мозочна комора (ventriculus quartus) и


MESENCEPHALON •

• •

• •

Средниот мозок е најкраток дел од мозочното стебло, кој лежи меѓу мостот – понсот и меѓумозокот. Долг е 15 мм. Изграден е од 3 основни дела: 1. преден дел на среден мозок го чинат мозочните краци (crura cerebri, а назад 2 пара брегчиња colliculi. 2. среден, најголем дел е капа на мозочните краци (tegmentum mesencephalicum), во која се наоѓаат јадрата на III, IV и делумно V кранијален нерв, ретикуларна формација и релејните јадра, меѓу кои посебно се оделува црвеното јадро (nucleus rubber) и црната супстанца (substantia nigra) и 3. заден дел (tectum). Nucleus rubber, при различни ставови и движења на телото ги ускладува контракциите на различни мускулни групи, како одговор на надразнетоста на вестибуларниот апарат и рецепторите на длабокиот сензибилитет.


1.Crus cerebri 2. Substantia nigra 3. Nucleus ruber 4. Aqueductus cerebri 5. Lamina tecti 6. Lobulus centralis

• Substantia nigra, припаѓа на екстрапирамидалниот систем, а учествува во регулирањето на споредните движења кои секогаш ги пратат волевите движења. Резултатот на нејзина дисфункција добро се гледа кај Паркисонова болест и други нервни заболувања.


Функционалните одлики на средниот мозок се поврзани главно со улогата на неговите јадра, од кои некои претставуваат важни рефлексни центри. Исто така неговата ретикулкарна супстанција има улога во активирањето на мозокот и одржувањето во будна состојба, како и во координацијата на рефлексните дејства.


CEREBELLUM

• Малиот мозок се наоѓа зад понсот и продолжениот мозок, од кои е одделен со шуплинта на четвртата мозочна комора. Лежи во задната черепна јама (fossa cranialis posterior). Има должина од 10 см, а тежок е 150 грама.


Малиот мозок е составен од 2 странични делови: лева и десна хемисфера (hemipsherium cerebelli) и средишниот дел кој се вика црв (vermis). Површината на малиот мозок е избраздена со концентрични пукнатини (fissurae cerebelli), кои ги ограничуваат истовидни вијуги (folia cerebelli).


1.Vermis 2.Central lobule 3.Anterior lobe 4.Superior cerebellar peduncle 5.Middle cerebellar peduncle 6.Nodule of vermis 7.Inferior cerebellar peduncle 8.Flocculus 9.Posterior lobe

На средината на предниот раб на cerebellumot, добро е изразена напречна вдлабнатина (fasigium), ограничена напред со јазиче (linguala cerebelli), a позади со џумка (nodulus cerebelli), кои припаѓаат на црвот. Малиот мозок е поврзан со мозочното стебло со помош на 3 пара маломозочни ножиња: горно, средно и долно (pedunculus cerebellaris superior, medius et inferior).


Градба на малиот мозок . Малиот мозок е изграден од сива и бела супстанца. Substantia grisea ја образува кората (cortex cerebelli) и јадра (nuclei cerebelli) кои се наоѓаат во белата маса. Најголемото јадро е запчесто јадро (nucleus dentatus), во висина на неговиот хилус е nucleus emboliformis и постои уште тркалесто јадро (nucleus globosus) и крвно јадро (nucleus fastigii). Во сивата маса на малиот мозок се наоѓаат центрите за автоматско регулирање на волевите и полуволевите движења, центрите за регулирање на мускулниот тонус при разни ставови и положби на телото и центрите за вестибуларна рамнотежа на телото. Substantia alba на малиот мозок се наоѓа меѓу кората и јадрата на малиот мозок. Во составот на белата маса влегуваат 3 пара на маломозочни ножиња, кои го поврзуваат малиот мозок со мозочното стебло и низ кои минуваат многубројни патишта на ЦНС.


DIENCEPHALON

Меѓумозокот го продолжува средниот мозок, а сместен е помеѓу десната и левата хемисфера на големиот мозок, со кој е покриен од сите страни, освен од долната со која налегнува на телото на клинестата коска. Централната шуплина на диенцефалон е третата мозочна комора ( ventriculus tertius), која има изглед на тесна пукнатина поставена во сагитална рамнина. Во состав на меѓумозокот влегуваат: thalamus, metathalamus, epithalamus, subthalamus i hypothalamus.


Таламусот е најголема сива маса на меѓумозокот,. Тој е најважен субкортикален сензитивен центар. Таламусот исто така се јавува како посредник во координацијата и начинот на вршење на автоматските движења, одржување на телесната рамнотежа и мускулниот тонус. Епиталамусот е најмал дел на меѓумозокот. Најважен дел од него е епифизата која претставува ендокрина жлезда. Метаталамус��т се наоѓа под задниот пол на таламусот, претставен со двеиспачувања, внатрешно и надворешно коленесто тело, кои претставуваат субкортикален акустички, односно оптички центар.


1. Thalamus 2. Hypothalamus 3. Midbrain 4. Pons 5. Interthalamic adhesion 6. Anterior commissure 7. Optic chiasma 8. Mamillary body 9. Pineal body 10. Tectum of midbrain 11. Lamina terminalis 12.Interventricular foramen

Хипоталамусот е најважен дел на меѓумозокот кој се наоѓа под предниот дел на таламусот. Хипоталамусот е поврзан со петелка со хипофизта. Во состав на хипоталамусот се наоѓаат бројни јадра.


О ГОЛЕМ МОЗОК (TELENCEPHALON) Л Е М М О З О К ( T E L E N C Големиот мозок е морфолошки и функционално најразвиениот дел на енцефалон. Тој го покрива E форма на половина меѓумозокот, средниот мозок и малиот мозок. Теленцефалонот во целина има ореова јатка и со својата конвексна страна е свртен кон черепниот покрив, P а со базалната страна лежи во fossa crani anterior, crani media, tentorium cerebelli. H на две хемисфери. поделен по сагитална рамнина со надолжна пукнатина (fissure longitudinalis) Површината е поделена преку поплитки и подлабоки бразди (sulci cerebri)Aна мозочни витки (guri cerebri). Повеќе витки образуваат мозочни резени (lobi cerebri). Во секоја хемисфера се наоѓа L централна празнина наречена бочна комора (ventriculus lateralis). O N


• На мозочната хемисфера се опишуваат 3 страни: • горно надворешна која е испакната на пет резни: челен резен (lobus frontalis), темен резен (lobus parietalis), слепоочен резен (lobus temporalis), тилен резен (lobus occitalis) и острово (insula).


Резените меѓу себе се разграничени со бразди: средишна бразда (sulcus centralis-Roland), која ги одделува челниот и темениот резен, бочна бразда (sulcus lateralis-Sylvius), која ги двои слепоочниот и темениот резен, теменотилна бразда (parietoocipitalis) која двои темениот и тилниот резен и напречна тилна бразда (sulcus occipitalis transversus) која нејасно го одвојува слепоочниот и тилниот резен. Долната страна на хемисферата е прилично рамна и на неа се гледа бочната бразда која го одделува челниот од слепоочниот резен од долната страна.


• •

Кората на големиот мозок е поделена на функционални полиња и центри кои се делат на примарни, секундарни и асоцијациони. Примарни кортикални полиња се примарно сензитивни и сензориелни патишта и примарно моторни од кои трагнуваат моторните патишта. Примарното сензитивно поле ја опфаќа gurus postcentralis и задниот дел на lobus paracentralis на внатрешната страна на хемисферата. Во него се завршуваат патиштата. Примарното видно поле (area striata) се наоѓа на внатрешната страна на окципиталниот лобус. Примарното слушно поле е локализирано на рорно-внатрешните делови на на слепоочниот резен guri temporalis transversi. Примарното моторно поле ја опфаќа прецентралната вијуга (gyrus precentralis) и задниот дел на парацентралниот лобус (lobus paracentralis) и парецентралната вијуга (gyrus pracentralis). Од ова поле поаѓаат најголем дел од директните моторни паришта кои ги контролираат елементарните моторни функции.


Субкортикалните јадра и базалните ганглии (nuclei basales), се сива маса во внатрешноста на хемисферата, опкружени со бела маса. Базални јадра се: -испругано тело (corpus striatum), најголемо субкортикално јадро, сместено во средниот дел на хемисферата. Го сочинуваат nucleus caudatus и nucleus lentiformis. Nucleus lentiformis е составено од 2 дела: бледо јадро (globus pallidus) и љушпа (putamen). Испруганото тело заедно со малиот мозок е вклучено во екстрапирамидалниот моторен систем, кој ги регулира автоматските покрети на човечкото тело и тонусот на мускулите, а исто татака овозможува автоматска контрола на волевите движења, давајќи им прецизност и хармоничност – -клауструм (claustrum) – му припаѓа на мирисниот систем - бадемасто тело (corpus amigdaloideum) кој исто така му припаѓа на мирисниот систем.


А) centrum semiovale – средишна бела маса се наоѓа помеѓу кората и субкортикалните јадра. Низ неа минуваат многубројни нагорни и надолни патишта , кои ја поврзуваат кората на големиот мозок со различни делови на ЦНС. Б) мозочните капсли, се снопови на бела маса кои се наоѓаат помеѓу субкортикалните јадра. Постојат 3 капсли, од кои најважна и најголема е capsula interna, која од внатре ги ограничува thalamus и nucleus caudatus, а од надвор nucleus lentiformis. Низ внатрешната капсула поминуваат најважни проекциони патишта на ЦНС, така да и мали крварења доведуваат до тешки пореметувања во сферата на движењата , што е познато како мозочен удар.


. В) comissurae cerebri, мозочни комисури, градат снопиви на нервни влакна кои ги поврзуваат соодветните центри на десната и левата хемисфера. Комисури на големиот мозок се: - жулесто тело (corpus callosum) – најважна комисура низ која поминуваат приближно 200 милиони нервни влакна. - мозочен свод (fornix) - предна мозочна спојка (comissura cerebri anterior)- содржи олфактивни влакна.


Мирисен мозок (rhinencephalon) и лимбичен систем е составен дел на теленцефалон и со своите делови се наоѓа на базалната и медијалната страна од мозочните хемисфери. Тој е најстара формација од предниот мозок кој кај човекот рудиментирал, но затоа еден дел т.н. лимбичен систем добил ново функционално значење. Освен олфактивната функција некои негови делови учествуваат во контролата и регулирањето на повеќе вегетативни дејства, некои ендокрини функции, сексуалното однесување и репродукција, а исто така и во чувствата, памтењето, расположението, учењето идр. Најважна формација на лимбичкиот систем е хипокампусот (formatio hypocampi) каде се локализирани функциите: памтење на свежи настани и учење.


ventriculus lateralis)

• • • •

Бочна мозочна комора (ventriculus lateralis) e централна шуплина на мозочната хемисфера која има форма на потковица и со својата испакнатост ги опфаќа nucleus caudatus и thalamus. Со третата мозочна комора комуницира преку меѓукоморниот отвор (foramen interventriculare –Monro). Бочната комора се протега низ четирите основни резни на мозочната хемисфера и на неа се разликуваат следните делови: преден рог (cornu anterius) сместен во фронталниот резен централен дел (pars centralis) содржан во париеталниот лобус заден рог (cornu posterius) сместен во окципиталниот лобус и долен рог (cornu inferior) локализиран во темпоралниот лобус.


ПАТИШТА НА ЦЕНТРАЛНИОТ НЕРВЕН СИСТЕМ (ЦНС) Патиштата ја градат белата маса на ЦНС. Во зависност од тоа кои делови на нервниот систем ги поврзуваат можат да бидат: - асоцијациони- кои поврзуваат различни точки на ист дел на ЦНС, на премер две точки на иста хемисфера. - комисурални – кои поврзуваат делови на ЦНС на спротивните страни (на пр.2 исти точки на спротивните хемисфери) - проекциони – кои поврзуваат одалечени делови на ЦНС, (на пр. Кората на хемисферата со пониски делови на ЦНС). Проекционите патишта се од посебно значење и можат да се поделат на: моторни, сензитивни и сензориелни.


МОТОРНИ ПАТИШТА  Надолни еферентни патишта  Спроведуваат импулси од ЦНС кон ефекторните органи • Се делат на : 1)директни (свесни) 2)индиректни(екстрапирамидални, субкортикални, несвесни)


• Директните моторни патишта, кортикални поаѓаат од кортикален моторен центар и одат до сивата маса на рбетниот мозок и моторните јадра на кранијалните нерви • Тие спроведуваат импулси за волни движења на напречно пругастите мускули • Најзначајни се: Tractus corticospinalis Tractus corticonuclearis


• Tractacus corticospinalis поаѓа од примарното моторно поле, минува низ  задниот крак на capsula interna  Crus cerebri од среден мозок  Преден дел на pons  И medula oblongata • (decussatio pyramidum) и завршуваат во моторните јадра на предните рогови на medulla spinalis. Од мотрните јадра поаѓаат моторни влакна на спиналните нерви (nervi spinales).


• (tractus cotriconuclearis), е моторен пат кој го поврзува примарното моторно поле на кората на големиот мозок со • јадрата на моторните нерви (nervi craniales), сместени во мозочното стебло.


• 3.Екстрапирамидални патишта, се несвесни, индиректни патишта кои поаѓаат од • сукортикалните моторни јадра и од екстрапирамидалната зона од кората на големиот мозок. • Тие пренесуваат импулси за регулација на автоматските сложени волни движења и регилација на мускулниот тонус.


Сензитивни патишта • Сензитивните патишта се • нагорни, чии рецептори се наоѓаат во кожата, поткожното ткиво, зглобните чаури, периостот, мускулите и нивните тетиви, внатрешните органи и ѕидовите на крвните садови. • Ги делиме на свесни, кои допираат до примарното сензитивно поле во кората на големиот мозок и несвесни, кои се завршуваат во субкортикалните сензитивни центри. • Патиштата за свесен сензибилтет имаат 3 неурони: приферен, централен и кортикален и од нив најважен е спиноталамичкиот пат и системот на медијален лемискус.


(tractus spinothalamicus), e главен пат за површниот сензибилитет, со кој се пренесува осетот за допир, болка и температура (топло, ладно). Периферниот неврон, поаѓа од рецепторите сместени во кожата на трупот и екстремитетите, а завршува во сензитивните јадра на задните рогови на рбетниот мозок. Одовде поаѓа централен неврон, кој преминува на спротивната половина на `рбетниот мозок и мозочното стебло, до латералното јадро на таламусот. Кортикалниот неврон го поврзува таламусот со примарното сензитивно поле на кората на големиот мозок, каде овој пат завршува.


• Спиноцеребеларен пат, пат на несвесен длабок сензибилитет, ги поврзува рецепторите за длабок сензибилитет, преку кората и јадрата на малиот мозок, со црвеното јадро (nucleus rubber) и таламусот • Овој пат е важен за рефлексно одржување на рамнотежата на човечкото тело во мир и при движење.


Сензориелни патишта

• Во сензориелни патишта спаѓаат оптичкиот, •

акустичкиот, густативниот, олфактивниот и вестибуларниот пат. Виден (оптички пат) ги прима и пренесува светлосните дразби. Оптичкиот пат поаѓа од рецепторите кои реагираат на светлост и боја, а се наоѓаат во мрежницата на окото. Дразбите се пренесуваат со оптичкиот нерв (n.opticus), оптичката крстосница (chiasma opticum) и оптичката лента (tractus opticus) се до надворешното коленасто тело на меѓумозокот. Од тука поаѓа оптичката радијација (radiatia optica) која завршува во примарното оптичко поле (area striata) на окципиталниот лобус од големиот мозок


МОЗОЧНИЦИ (MENINGES)

: надворешна или тврда (dura mater), средна или пајажинеста (arachnoidea mater) и внатрешна или мека (pia mater). Помеѓу коските на черепот и dura mater се наоѓа епидурален простор, кој постанува манифестен кога доаѓа до прскање на a.meningea mediae или некоја од нејзините гранки (epiduralen hematom). Помеѓу dura mater и arachnoidea е spatium subdurale, а помеѓу arachnoidea и pia mater се наоѓа spatium subarachnoideum, кој е исполнет со ликвор, во кој “плива” мозокот и рбетниот мозок.


• • •

Мозокот го исхрануваат 4 големи артерии: (a. carotis interna dextra et sinistra) и десна и (a.vertebralis dextra et sinistra). Внатрешните каротидни артерии, по влегувањето во черепот се делат на a.cerebri anterior, dextra et sinistra и a.cerebri media dextra et sinistra. Десната и левата вертебрална артерија се спојуваат и градат базиларна артерија (a.basilaris), која се завршува со поделба на десна и лева задна мозочна артерија (a.cerebri posterior dextra et sinistra). Артериите на каротидниот и вертебробазиларниот систем се поврзани меѓусебно на базата на мозокот, градејќи Wilisov артериски мозочен круг (circulus arteriosus cerebri).


• 1. olfactory bulb 11. mammilary body 2. olfactory tract13. trigeminal nerve 6. optic chiasma14. pons7. optic nerve15. trochlear nerve8. optic tract16. abducens nerve10. opening where the infundibulum attaches18. spinal cord.20. medulla oblongata



Централен Нервен Систем