Issuu on Google+

АНГИОЛОГИЈА

• Ангиологијата е наука која го изучува системот на крвните садови (systema vasorum). Крвните садови формираат два система: артериски и венски, меѓусебно поврзани со капилари и артериовенски спојници (анастомози).

• Артериите се крвни садови кои ја изнесуваат крвта од срцето. Артеријата претставува еластична цевка која пулсира синхроно со срцевата акција. Тие обично се пружаат праволиниски, да би дошле до својот орган кој го исхрануваат и васкуларизираат. Нивниот калибар, идејќи од срцето према периферија се намалува, се до најситните гранчиња. Се разликуваат два вида на разгранување на артериите: монотомично и дихотомично.


• Кај монотомичното делење се разликуваат два главни типови на рзгранување и тоа: – распрснат тип, при кој артериското стебло набргу по неговото излегување се дели на бројни гранки (пр. a.iliaca interna) – магистрелен тип, при кој издвојувањето на бочните гранки настанува постапно (a.carotis externa). • Кај дихотомичното делење артериското стебло се дели на две речиси еднакви гранки (a.carotis communis). • Артериските крвни садови комуницирааат една со друга и формираат анастомози. Најмалатa артерија што навлегува директно во капиларите се нарекува артериола.

• Вените ја носат крвта од периферијата на телото до срцето. Секоја вена започнува од капиларите со ситни венски гранчиња наречени венули. Идејќи према срцето тие примаат бочни притоки и го зголемуваат пречникот. По своето пространство венскиот систем го надминува артерискиот за 2-3 пати. Се карактеризира со богати анастомози кои формираат венска мрежа или венски сплет. Според локализацијата се делат на површни длабоки. Површните се локализирани во поткожното масно ткиво, додека длабоките во внатрешноста на телото ги придружуваат артериските крвни садови. •

Непосредно преминување на артериола во венула претставува артеро-венска анастомоза. Се среќава во корените на ноктите, јаготките од прстите, цревата, бубрезите, меката мозочна обвивка


• Градба на крвните садови • Ѕидот на крвните садови е изграден од 3 слоја: внатрешен (tunica intima); среден или мускуларен (tunica media) и надворешен сврзноткивен слој (tunica adventitia). Двата внатрешни слоја многу лесно се одделуваат од надворешниот. • Кај артериите трите слоја се добро развиени, а кај вените се исто така присутни трите слоја, при што tunica intima формира дупликатури наречени венски залистоци, кои спречуваат враќањето на крвта под дејство на земјината тежа. • Крвните садови поседуваат сопствен систем на крвни садови, лимфни садови и нерви за васкуларизација и инервација на нивните ѕидови.

1 tunica interna 2. tunica media 3. tunica externa 4.valvula venosa 5. valvula lymhatica


• Поделба на крвните садови

Според својот пречник крвните садови се делат на: 1)големи, со пречник над 3-4мм и претставуваат крвни стебла. Овде спаѓаат каротидните артерии, југуларната вена, a.subclavia, a.axillaris; 2)средни, со пречник 1-3 мм. Во оваа група се вбројуваат: горна тироидна артерија, јазична артерија и вена и др.; 3)мали крвни садови со пречник до 1мм, обично гранки или притоки на средно големите садови.

• •

Лимфен систем Лимфниот систем е составен од лимфни садови (vasa lymphatica) и лимфни јазли (noduli lymphatici). Овој систем ја одведува меѓуклеточната течност од ткивата и како лимфа преку лимфните садови ја носи во срцето. • лимфни садови (vasa lymphatica) Лимфните капилари градат густи мрежи во ткивата. Од мрежите тргнуваат поголеми лимфни садови кои ги придржуваат крвните садови. Во луменот на садовите се наоѓаат залистоци (valvulae lymhaticae), кои овозможуваат ток на лимфата кон срцето. • лимфни јазли (nodi lymphatici) Лимфните јазли се мали, овални или кружни органи вметнати во лимфниот систем. Лимфата во јазелот доаѓа преку доводни садови (vassa afferentia), а ја одведуваат одводни садови (vassa efferentia). Лимфните чворови служат како филтер на лимфата и место каде се ствараат лимфоцитите и моноцитите.


Аорта (aorta) Излегува од левата срцева комора, се протега нагоре и назад и во висина на IV граден прешлен гради лак. Во својот надолен дел аортата се спушта по `рбетниот столб, поминува преку дијафрагмата и навлегува во абдоминалната празнина. Во висина на IV слабински прешлен завршува делејќи се на две завршни илијачни артерии (a. Iliaca communis dextra et sinistra) и средна крсна артерија (a.sacralis mediana). Во однос на насоката и правецот се разликуваат неколку составни делови: нагорна аорта (aorta ascendens), лак на аортата (arcus aortae) и надолна аорта (aorta descendens). Надолната аорта е најдолга и се дели на градна аорта (aorta thoracica) и абдоминална аорта (aorta abdominalis).


Нагорна аорта (aorta ascendens) започнува од аортниот отвор (ostium aortae) на базата на левата комора и се протега нагоре и надесно. Долг е 6 цм, се наоѓа во срцевата ќеса, позади белодробното стебло, а пред преткоморите и белодробната артерија. Од неа како први бочни гранки излегуваат десната и левата коронарна артерија наменети за васкуларизација на срцето.

2. Аортален лак (arcus aortae) е продолжеток на асцендентната аорта и преминува од преден во заден медијастинум, протегајќи се косo налево и назад до телото на IV граден прешлен, од каде започнува торакалната аорта. Аортниот лак е свиткан и конкавен надолу и се префрла преку левиот главен бронх и левиот белодробен корен.


• •

гранки: Од горната конвексна страна на лакот на аортата се одвојуваат 3 артериски стебла: 1) truncus brachiocephalicus, 2) a.carotis communis sinistra и 3) a.subclavia sinistra. - Truncus brachiocephalicus се дели на две завршни гранки: a.carotis comunis dextra и a.subclavia dextra. - A. carotis communis sinistra се одделува од лакот на аортата и се насочува нагоре пред дишникот и преку горниот отвор на градниот кош навлегува во вратот. Двете заеднички каротидни артерии служат за васкуларизација на органите на главата и вратот. - А. Subclavia sinistra излегува од аортниот лак позади a.carotis communis sinistra и се протега нагоре, излегува од градниот кош преку неговиот горен отвор, преминува преку првото лево ребро и влегува во вратот. Двете потклучни артерии ги васкуларизираат горните екстремитети и делови од вратот, мозокот и градниот кош.


• 2. Градна аорта (aorta thoracica) е дел од аортата кој се протега од IV граден прешлен до дијафрагмата. Во почетниот дел се спушта лево, а потоа пред рбетниот столб и доаѓа во близок сооднос со хранопроводот. • Бочни гранки: градната аорта дава две групи бочни гранки: париетални (aa.intercostales posteriores), кои служат за васкуларизација на ѕидовите на градниот кош, висцерални гранки, ги снабдуваат со крв органите на градната празнина.


• • •

II. Вени на градниот кош – се делат на: 1) вени на ѕидот на градниот кош и 2)вени на градната празнина. Вените на ѕидот на градниот кош. Површинските вени во поткожното ткиво од градниот кош формираат богато разгранета венска мрежа. Од неа се издвојуваат венски садови кои анастомозираат со длабоките вени на градните ѕидови и со вени на абдоминалните ѕидови кои претставуваат притоки на v.cava inferior. Длабоките вени најчесто дуплирани по две ја придружуваат истоимената артерија. Најзначајни меѓу нив се: vv. thoracicae internae, vv. intercostalеs posteriors. Тие се притоки на v.azygos и v.hemiazygos. Вените на `рбетниот столб се протегаат по должина на `рбетот и формираат богато разгранети венски сплетови кои ја собираат венската крв од мускулите на грбот и кожата на грбот, прешлените и `рбетниот мозок. Венските сплетови продолжуваат во повеќе собирни венски садови кои се притоки на v.cava superior et inferior.


Вените на градната празнина . Вените на големиот крвоток се групирани во 3 венски системи: систем на срцеви вени, систем на горна шуплива вена и систем на долна шуплива вена. - Системот на горната шуплива вена ја собира венската крв од региите над дијафрагмата и лимфата од целото тело. Во овој систем влегуваат следните вени: 1) десна и лева брахиоцефалична вена (v.brachicephalica dextra et sinistra), ја собираат венската крв од главата, вратот, горните екстремитети и горните делови од ѕидовите на градниот кош. Секоја брахиоцефалична вена настанува со соединување на v.jugularis interna и v.subclavia. На местото на нивното соединување формираат остар агол наречен венски агол. Покрај венските притоки, во брахиоцефаличните вени се влева и целата лимфа од телото. Во десниот венски агол се влева десниот лимфен канал (ductus lymhaticus dexter), а во левиот канал се влева градниот канал (ductus thoracicus).


• - стеблото на горната шуплива вена (v. cava superior) настанува зад првата десна ребрена рскавица со соединување на двете брахиоцефалич ни вени. Од тука се спушта надолу и вертикално и завршува на горниот ѕид од десната срцева преткомора со свој отвор (ostium v.cavae superioris). Во неа се влива v.azygos.


• - Систем на долната шуплива вена (v.cava inferior) настанува во абдоминалната празнина и ја собира венската крв од поддијафрагмалниот дел на телото. • Ја пробива дијафрагмата во нејзиниот средишен тетивен центар со сопствен отвор foramen v.cavae и се протега нагоре до десната срцева преткомора.


• III. Лимфен систем на градната празнина • Кон системот за крвоток е придодаден и лимфниот систем. Лимфниот систем е претставен со лимфни садови и лимфни јазли. Лимфните јазли се групирани во три групи: 1)предни медијастинални лимфни јазли – сместени во предниот медијастиним; 2)задни медијастинални лимфни јазли – сместени во заден медијастимум; 3) трахеални лимфни јазли, групирани околу трахеата, бронхусите и белодробните хилуси.


Лимфните садови се претставени со повеќе мали лимфни садови кои ја собираат лимфата од ѕидовите и органите на градниот кош и се групирани во големи собирни лимфни стебла: - truncus bronchomediastinalis - ductus lymphaticus dexter – ја собира лимфата од десната половина на главата и вратот, десната рака и дел од органите на градниот кош. -ductus thoracicus – е најголем лимфен сад во организмот кој ја собира лимфата од целиот поддијафрагмален дел на телото и левата наддијафрагмална половина од телото. Се влева во левиот венски агол.


Крвни садови на главата и вратот

• Главата и вратот се васкуларизирани од две артериски стебла: заедничка каротидна артерија (a.carotis communis) и потклучна артерија (a.subclavia). • A.carotis communis е големо артериско стебло на предно латералната страна на вратот. Десната заедничка каротидна артерија (a.carotis communis dextra) потекнува од truncus brachiocephalicus, додека левата (a.carotis communis sinistra) е директна гранка на на аортниот лак и е подолга од десната. • Стеблата на двете заеднички каротидни артерии се покриени со m.sternocleidomastoideus.


Carotis interna Carotis externa

Carotis comunis subclavia


• A.carotis communis се дели на две гранки: a.carotis externa et interna. • A) Надворешна каротидна артерија (a.carotis externa) обезбедува васкуларизација на целата глава освен мозокот, окото и внатрешното уво и на дел од вратот. • -.


Б) Внатрешна каротидна артерија (a.carotis interna) – претставува внатрешна завршна гранка од a.carotis communis, a го васкуларизира мозокот и сетилото за вид. Започнува во висина на горниот раб од тироидната `рскавица, а нејзиниот почетен дел е проширен во т.н. каротиден синус (sinus caroticus). Отаму се насочува нагоре, бочно од фаринксот придружена со v.jugularis interna n.vagus. Навлегува во canalis caroticus и преку него до кавернозниот синус. Завршува на долната мозочна страна. Во завршниот дел од неа се издвојува a.ophtalmica наменета за васкуларизација главно на сетилото за вид . Oткако ќе ја пробие тврдата мозочна обвивка завршува со 4 завршни гранки. Овие завршни гранки заедно со завршните гранки од базиларната артерија (a.basilaris) на базата на мозокот формираат Willis – ов артериски шестоаголник (circulus arteriosus cerebri).


Потклучна артерија (a.subclavia) – со своите гранки го васкуларизираат горниот екстремитет и делови од градниот кош, вратот и мозокот. Десната започнува во висина на десниот стерноклавикуларен зглоб како гранка на truncus brachiocephalicus, a левата се издвојува од аортниот лак во висина на 3 граден прешлен. Двете артерии завршуваат на долната страна од соодветната клучна коска и продолжуваат како пазувна артерија a.axillaris.. бочни гранки од кои позначајни се: 1)a.vertebralis е најразвиена гранка која се насочува нагоре, влегува во черепната празнина каде се соединува со спротивната истоимена аретерија формирајќи ја базиларната артерија. Од неа се издвојуваат гранки за васкуларизација на мозокот. 2) truncus thyreocervicalis која дава гранки за тироидната и паратироидните жлезди , фаринкс, ларинкс, трахеа, околните мускули и рбетниот мозок.


Венски крвни садови на главата и вратот Венската крв од главата и вратот ја одведиваат седум парни венски стебла кои му припаѓаат на системот на горната шуплива вена (v.cava superior). Од нив позначајни се: внатрешна југуларна вена (v.jugularis interna). Таа ја собира крвта од черепната празнина, дел од лицето и предната страна на вратот. Надворешна југуларна вена (v.jugularis externa) која е површинска вена и ја собира крвта од ѕидовите на черепот, површинските слоеви на вратот и дел од региите на лицето. Потклучна вена (v.axillaris) која што ја собира крвта од горниот екстремитет.


• Лимфен систем на главата и вратот Лимфатиците на главата и вратот се делат на лимфни јазли (nodi lymphatici) и лимфни садови (vasa lymphatica). • Лимфните јазли се делат на два дела: лимфни јазли на главата и лимфни јазли на вратот. Лимфните јазли на главата се распоредени по должината на линијата што ја означува површинската граница меѓу главата и вратот. Лимфните јазли на вратот се распределени во површинска и длабока група, сместени околу стеблата на поголемите вени. • Лимфните садови се поделени во длабок и површински лимфен систем кои се вливаат во веќе опишаните лимфни јазли, а потоа се собираат во truncus jugularis.


Артерии на раката Артериските садови за горниот екстремитет потекнуваат од пазувната артерија (a.axillaris), која е продoлжеток на потклучната артерија (a.subclavia). Во надлактицата a.axillaris продолжува како a.brachialis, која под превојот на лактот се дели на лакотна артерија (a.ulnaris) и радијална артерија a.radialis. Oвие две артерии се главни садови на подлактот и слегуваат во шаката , каде образуваат два артериски лака: arcus palmaris superficialis, arcus palmaris profundus.


• 1)Пазувна артерија (a.axilaris) – е почетна и главна артерија на раката. Започнува под средината на клучната коска, како продолжеток на a.subclavia..


• Надлакотна артерија (a.brachialis) – е главно артериско стебло на • Брахијалната артерија се проектира на кожата со една линија повлечена меѓу врвот на пазувната јама и средината на превојот на лактот. • Оваа линија се нарекува линија на подврзување и е место каде треба да се притисне артеријата при укажување на прва помош при крварење на истата.


• •

• •

Вени на раката Вените на раката можат да се поделат во две групи: 1)длабоки и 2)површни вени. Длабоки вени на раката – ги придружуваат соодветните артериии, Секоја артерија најчесто е придружена со две истоимени вени. Само пазувната артерија a.axilaris е придружена со една истоимена вена v.axillaris. Во шаката на палмарната страна се наоѓаат по два венски лака и тоа површински и длабок венски палмарен лак, кои ги пратат соодветните артериски палмарни лакови, а како притоки ги примаат вените на прстите. Во подлактот се наоѓаат по две лакотни вени vv.ulnares и радијални вени vv.radiales. Во надлактот паралелно со брахијалната артерија се протегаат vv.brachiales, кои се протегаат нагоре до базата на пазувната јама и со соединување ја чинат пазувната вена v.axillaris. Bo пазувната јама главен венски сад е v.axillaris, која ја собира речиси целата венска крв од раката. Таа настанува во висина на долниот раб на големиот граден мускул (m.pectoralis major), со соединување на двете брахијални вени, а завршуваат кај долната страна на клавикулата, од каде продолжува како потклучна вена v.subclavia.


• •

• •

Површински вени на раката – се наоѓаат во поткожниот слој на раката каде создаваат богата венска мрежа. Тие не се придружнички на артериски крвни садови. Поаѓаат од разгранети површни венски мрежи на прстите и шаката, кои се значително поразвиени на дорзалната страна. Од венската мрежа на дорзалната страна на шаката се издвојуваат два поголеми венски садови: v.cephalica и v.basilica. Од палмарната страна на шaката се издвојува средишната вена на подлактот v.mediana antebrachi. V.cephalica е надворешна и најдолга површинска вена, која од дорзалната венска мрежа се насочува нагоре до пазувната јама каде се влеве во аксиларната вена. V.basilica е внатрешна, пократка и некаде на средината од надлактот се влеве во брахијалната вена. Трите површни вени во превојот на лактот се најчесто паспоредени во вид на буквата М – венско М.


• Артерии на ногата Артериите за долниот екстремитет потекнуваат од бутната артерија (a.femoralis) и бочните гранки на внатрешната бедрена артерија (a.illiaca interna) и тоа: a.glutea superior, a.glutea inferior, a. obturatoria. • Бутна артерија (a.femoralis) претсавува продолжеток на a.illiaca externa. Се протега од средината на lig.inguinale и се насочува косо надолу и навнатре низ предната и внатрешната страна на бутот до поплитеалната јама каде преминува во затколена артерија (a.poplitea). Најголема бочна гранка е длабоката бутна артерија (a.profunda femoris).


Затколена артерија (a.poplitea) се протега од поплитеалната јама до тетивниот лак на m.soleus (arcus tendineus m.solei) каде се дели во две завршни гранки a.tibialis anterior et posterior.


Предна тибијална артерија (a.tibialis anterior) претставува предна завршна гранка на a.poplitea и е главен артериски сад на предниот дел на потколеницата .


• Задна тибијална артерија (a.tibialis posterior) е главен артериски сад на задниот дел од потколеното.


• Вени на ногата • Вените на ногата се делат на две групи:1) длабоки вени, 2)површински вени. Овие два венски системи меѓусебно се поврзани со многубројни анастомози. • Длабоките вени ги придружуваат соодветните артерии и тоа најчесто по две вени за секоја артерија и ги носат истите имиња. Тие се притоки на внатрешната бедрена вена (v.illiaca interna) и бутната вена (v.femoralis). • Површинските вени се сместени во поткожното ткиво. Започнуваат со разгранети венски мрежи на стапалото, кои потоа се собираат во две главни површински вени: мала и голема сафенска вена (v.saphena magna et parva).


• • •

Крвни садови на абдоменот и карлицата Артериски крвни садови Главен артериски сад на абдоменот е абдоминалната аорта, која претставува продолжеток на градната аорта. Абдоминалната аорта со своите бочни гранки ги васкуларизира абдоминалните ѕидови и органите сместени во абдоминалната празнина. Стомачна аорта (aorta abdominalis) e продолжеток на градната аорта (aorta thoracica). Започнува во висина на 12 торакален прешлен и се протега од аортниот отвор на дијафрагмата (hiatus aorticus) до долниот крај на 4 слабински прешлен, каде се дели на звршни гранkи. Во абдоминалната празнина сместена е ретроперитонеално пред рбетниот столб. Десно од аортата се наоѓа v.cava inferior, а лево левиот бубрег и уретерот.


1.Систем на долна шуплива вена (v.cava inferior). Стеблото на долната шуплива вена настанува од венски садови кои собираат крв од долните екстремитети и карличната празнина. Настанува во висина на 5 слабински прешлен со спојување на десна и лева заедничка илијачна вена (v.iliaca communis). Се насочува нагоре по десната половина на рбетниот столб, покрај абдоминалната аорта се до висина на хепарот. Потоа ја напушта абдоминалната празнина низ foramen v.cave. После краток пат во торакалната празнина се влева во десната срцева преткомора. По својот тек v.cava inferior ги прима следните притоки: лумбални вени, тестикуларни или оваријални вени, ренални вени, супраренални вени, хепатични вени и дијафрагмални вени.


Системот на v.portae припаѓа на функционалниот крвоток на црниот дроб. Тој донесува крв од сите дигестивни органи и придодадени жлезди (панкреас, слезина). Системот на v.portae на двата краја е претставен со капиларна венска мрежа. Почетните капилари настануваат во поддијафрагмалниот дел од органите за варење, а завршните се разгрануваат во хепарот. Од завршните капилари поаѓаат венски капилари на хепатични вени кои се влеваат во долната шуплива вена и градат единствен вид на двојна венска капиларизација која е карактеристична само за хепарот. Према тоа системот на вена порте и долната шуплива вена врзани се меѓусебно во хепарот. Стеблото на v.portae настанува зад главата на панкреасот со спојување на три почетни вени: (v.mesenterica superior); долна мезентерична вена (v.mesenterica inferior); и слезинска вена (v.lienalis). Oд тука стеблото се насочува нагоре и надесно и влегува во хепарот каде се дели на лева и десна гранка. Прима повеќе париетални и висцерални притоки.


Ангиологија