Page 1

НОВА ЕРА ЗА ПРОБИШТИП

ТОНИ ТОНЕВСКИ


НОВАТА ЕРА ПОЧНУВА

ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ 1. ДОИЗГРАДБА НА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА КО НЕОКАЗИ Опис на проектот: Проектот опфаќа изградба на сообраќајници, изградба на водовод и канализација и поставување на енергетски ефикасни светилки во индустриската зона. Вредност на проектот: 15 000 000 денари Извор на финансирање: Европска инвестициона банка и Буџет на Општината Рок: крајот на 2017 година

2. ИЗРАБОТКА НА ВОДИЧ ЗА ИНВЕСТИТОРИ Опис на проектот: Овој водич ќе ги содржи сите податоци и поволности што ги нуди Општина Пробиштип за инвестирање и развој на локалната економија. Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

3. ГАСИФИКАЦИЈА НА ПРОБИШТИП Опис на проектот: Со приклучувањето на Општина Пробиштип на гасоводната мрежа ќе се овозможат значително пониски трошоци за греење на домаќинствата и на компаниите, како и пониски трошоци за енергенти на производствените капацитети што го користат гасот. Проектот ќе се реализира доколку се обезбеди финансиска поддршка од Владата на Република Македонија. Извор на финансирање: Буџет на РМ Рок: 2021 година

4. ОТВОРАЊЕ НА БИЗНИС-ИНКУБАТОР Опис на проектот: Со овој проект се предвидува реконструкција на еден од постојните општински објекти, внатрешно преуредување и овозможување на канцелариски простор за млади претприемачи кои започнуваат сопствен бизнис. Вредност на проектот: 2 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината/меѓународни финансиски институции Рок: 2019 година

5. РЕАЛИЗАЦИЈА НА СТРАТЕГИЈАТА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ Опис на проектот: Во текот на 2016 година беше изработена Стратегија за локален економски развој со јасно дефинирани активности и насоки за дејствување, кои во наредниот период ќе бидат целосно реализирани. Вредност на проектот: 5 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината/меѓународни финансиски институции Рок: 2020 година

4


5

6. ПОКРИВАЊЕ НА ГРАДСКИОТ ПАЗАР ВО ЗЛЕТОВО Опис на проектот: Со покривањето на градскиот пазар во Злетово значително ќе се подобри квалитетот на услугите кои ги нуди овој градски пазар. Вредност на проектот: 3 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2019 година

7. РЕАЛИЗАЦИЈА НА ВТОРАТА И НА ТРЕТАТА ФАЗА ОД ХС „ЗЛЕТОВИЦА“ Опис на проектот: Втората и третата фаза ќе овозможат наводнување на 4 500 хектари, како и изградба на неколку хидроцентрали на Злетовска Река. Проектот ќе се реализира доколку се обезбеди финансиска поддршка од Владата на Република Македонија. Вредност на проектот: 60 000 000 евра Извор на финансирање: Меѓународни финансиски институции/Буџет на РМ

8. РАЗВОЈ НА ЛЕСНОВО КАКО ТУРИСТИЧКИ ЛОКАЛИТЕТ Опис на проектот: И во наредниот период ќе останеме посветени на искористување на потенцијалите за развој на туризмот. По изготвувањето на урбанистичката документација, ќе бидат овозможени парцели за изградба на хотел и угостителски објекти, како и за викенд-куќи. Дополнително, со инвестиции во подобрување на инфраструктурата и поставување на нова урбана опрема, Лесново ќе го добие заслужениот епитет „туристички бисер“ на Општина Пробиштип. Вредност на проектот: 10 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината/меѓународни финансиски институции Рок: 2021 година

9. РАЗВОЈ НА ПОНИКВА КАКО ЗИМСКОРЕКРЕАТИВЕН СПОРТСКИ ЦЕНТАР Опис на проектот: Во наредниот период ќе продолжиме со инвестиции за развој на Пониква како туристички зимски центар. Токму затоа, најпрвин ќе започне изградба на комуналната инфраструктура, како и овозможување на парцели за изградба на нови објекти. Проектот ќе се реализира доколку се обезбеди финансиска поддршка од Владата на Република Македонија. Вредност на проектот: 5 000 000 евра Извор на финансирање: Буџет на РМ/меѓународни финансиски институции Рок: 2021 година

10. ПОДДРШКА НА МЛАДИТЕ ЗА РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО ПРЕКУ ОРГАНИЗИРАЊЕ ТРИБИНИ, ОБУКИ, САЕМИ, ПОМОШ ПРИ АПЛИЦИРАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД МЕЃУНАРОДНИТЕ ФОНДОВИ Опис на проектот: Младите, несомнено, имаат потреба од поддршка и размена на искуства неопходни за постигнување на позитивни резултати и успеси во приватниот сектор. Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: континуирано

НОВО УТРО, НОВИ ПОБЕДИ


НОВАТА ЕРА ПОЧНУВА

ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА 1. ПРОМЕНА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ИНСТАЛАЦИЈА ВО ООУ „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ Опис на проектот: Промена на електричната инсталација поради потребите на училиштето. Вредност на проектот: 500 000 денари Извор на финансирање: Буџет на РМ Рок: 2018 година

2. ПРОМЕНА НА СТОЛАРИЈАТА СО ПВЦПРОИЗВОДИ ВО ПУ „ВАНЧО ТРАЈКОВ“ ВО ПРИГРАДСКАТА НАСЕЛБА ПРОБИШТИП Опис на проектот: Промена на столаријата со ПВЦ-производи во ПУ „Ванчо Трајков“ во приградската населба Пробиштип. Вредност на проектот: 2 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на РМ Рок: 2019 година

3. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОКРИВНАТА КОНСТРУКЦИЈА И ПРОМЕНА НА ПОКРИВНИОТ ПОКРИВАЧ ВО ПУ „ВАНЧО ТРАЈКОВ“ ВО ПРИГРАДСКАТА НАСЕЛБА ПРОБИШТИП Опис на проектот: Реконструкција на покривната конструкција и промена на покривниот покривач во ПУ „Ванчо Трајков“ во приградската населба Пробиштип. Вредност на проектот: 2 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на РМ Рок: 2018 година

4. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОКРИВНАТА КОНСТРУКЦИЈА И ПРОМЕНА НА ПОКРИВНИОТ ПОКРИВАЧ ВО ООУ „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ ВО ПРОБИШТИП Опис на проектот: Реконструкција на покривната конструкција и промена на покривниот покривач во ООУ „Браќа Миладиновци“ во Пробиштип. Вредност на проектот: 3 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на РМ Рок:2018 година

5. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОДОТ НА СПОРТСКАТА САЛА ПРИ ООУ „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ - ПРОБИШТИП Опис на проектот: Реконструкција на подот на спортската сала при ООУ „Браќа Миладиновци“ - Пробиштип. Вредност на проектот: 1 500 000 денари Извор на финансирање: Буџет на РМ / Буџет на Општината Рок: 2019 година

6


7

6. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВНАТРЕШНИТЕ ЅИДОВИ И ПРОМЕНА НА ВРАТИТЕ НА УЧИЛНИЦИТЕ ВО ООУ „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ Опис на проектот: Реконструкција на внатрешните ѕидови и промена на вратите на училниците во ООУ „Браќа Миладиновци“. Вредност на проектот: 2 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на РМ Рок: 2019 година

7. ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ФАСАДА НА ООУ „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ - ПРОБИШТИП Опис на проектот: Изградба на ЕЕ фасада на ООУ „Браќа Миладиновци“. Вредност на проектот: 3 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на РМ / Меѓународни финансиски институции Рок: 2020 година

8. ИЗГРАДБА НА САНИТАРЕН ЈАЗОЛ ДО УЧИЛНИЦАТА ЗА ДЕЦАТА ОД ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ПУ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – ЗЛЕТОВО Опис на проектот: Изградба на санитарен јазол до училницата за децата од прво одделение во ПУ „Кирил и Методиј“ – Злетово со цел подобрување на условите за престој на првоодделенчињата. Вредност на проектот: 600 000 денари Извор на финансирање: Буџет на РМ Рок: 2019 година

9. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОКРИВОТ НА ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ Опис на проектот: Промена на покривната конструкција во ООУ „Никола Карев“. Вредност на проектот: 4 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на РМ Рок: 2020 година

10. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОКРИВОТ НА СПОРТСКАТА САЛА ВО ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ Опис на проектот: Со проектот ќе се изврши санација на покривот на спортската сала, а учениците и граѓаните ќе добијат уште еден солиден спортски терен. Вредност на проектот: 3 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината/Буџет на РМ Рок: 2019 година

11. ПРОМЕНА НА МЕТАЛНИТЕ ПРОЗОРЦИ СО ПВЦ И ПОСТАВУВАЊЕ ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ФАСАДА НА ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ Опис на проектот: Промена на металните прозорци со ПВЦ и поставување енергетски ефикасна фасада на ООУ „Никола Карев“. Вредност на проектот: 4 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на РМ/меѓународни финансиски институции Рок: 2021 година

НОВО УТРО, НОВИ ПОБЕДИ


НОВАТА ЕРА ПОЧНУВА

12. ПРОМЕНА НА ВОДОВОДНАТА ИНСТАЛАЦИЈА, ЅИДНИТЕ И ПОДНИТЕ КЕРАМИЧКИ ПЛОЧКИ И ПРОМЕНА НА ДЕЛ ОД САНИТАРИИТЕ ВО САНИТАРНИТЕ ЈАЗЛИ ВО ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ Опис на проектот: Промена на водоводната инсталација, ѕидните и подните керамички плочки и промена на дел од санитариите во санитарните јазли во ООУ „Никола Карев. Вредност на проектот: 400 000 денари Извор на финансирање: Буџет на РМ Рок: 2018 година

13. ПРОМЕНА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ИНСТАЛАЦИЈА ВО ГЕОЛОШКО-РУДАРСКАТА ЗГРАДА ПРИ СОУ „Н.Н. БОРЧЕ“ Опис на проектот: Промена на електричната инсталација поради потребите на училиштето. Вредност на проектот: 500 000 денари Извор на финансирање: Буџет на РМ Рок:2018 година

14. ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ФАСАДА НА ГИМНАЗИСКАТА ЗГРАДА ПРИ СОУ „Н.Н. БОРЧЕ“ Опис на проектот: Реконструкција и изградба на енергетски ефикасна фасада на гимназиската зграда при СОУ „Н.Н. Борче“. Вредност на проектот: 1 500 000 денари Извор на финансирање: Буџет на РМ/меѓународни финансиски институции Рок: 2019 година

15. ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ФАСАДА НА ГЕОЛОШКОРУДАРСКАТА ЗГРАДА ПРИ СОУ „Н.Н. БОРЧЕ“ Опис на проектот: Реконструкција и изградба на енергетски ефикасна фасада на Геолошко-рударската зграда при СОУ „Н.Н. Борче“. Вредност на проектот: 1 500 000 денари Извор на финансирање: Буџет на РМ/меѓународни финансиски институции Рок: 2020 година

16. КОМПЛЕТНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА САНИТАРНИТЕ ЈАЗЛИ ВО ДВЕТЕ УЧИЛИШНИ ЗГРАДИ ПРИ СОУ „Н.Н.БОРЧЕ“ Опис на проектот: Комплетна реконструкција на санитарните јазли во двете училишни згради при СОУ „Н.Н.Борче“. Вредност на проектот: 650 000 денари Извор на финансирање: Буџет на РМ Рок: 2020 година

17. НАГРАДИ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ МЕНТОРИ Опис на проектот: Доделување на награди за наставниците ментори на ученици кои освоиле I, II или III место на државните и на меѓународните натпревари. Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: континуирано

8


9

18. НАГРАДИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ КОИ ПОСТИГНАЛЕ ВРВНИ РЕЗУЛТАТИ НА ДРЖАВНИТЕ И НА МЕЃУНАРОДНИТЕ НАТПРЕВАРИ Опис на проектот: Награди за учениците кои постигнале врвни резултати на државните и на меѓународните натпревари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: континуирано

СПОРТ И МЛАДИ 1. ИЗГРАДБА НА ИГРАЛИШТЕ ЗА БАСКЕТ ВО НАС. КАМЕЊАР Опис на проектот: Од страна на Агенцијата за млади и спорт е изработена техничката документација, а Општина Пробиштип претходно ја одреди локацијата и ги заврши административните постапки за издавање одобрение за градба. Со изградбата на ова игралиште за баскет, жителите на нас. Камењар ќе добијат нов спортски терен за рекреациј, но и за развој на спортските вештини и потенцијали. Извор на финансирање: Буџет на РМ/Општина Пробиштип Рок: 2018 година

2. ИЗГРАДБА НА ИГРАЛИШТЕ ЗА БАСКЕТ ВО ЗЛЕТОВО Опис на проектот: Од страна на Агенцијата за млади и спорт е изработена техничката документација, а Општина Пробиштип претходно ја одреди локацијата и ги заврши административните постапки за издавање одобрение за градба. Со изградбата на ова игралиште за баскет, жителите на Злетово ќе добијат уште еден репрезентативен спортски терен. Извор на финансирање: Буџет на РМ/Општина Пробиштип Рок: 2018 година

3. ДОИЗГРАДБА НА БАЗЕНОТ ВО ЗЛЕТОВО Опис на проектот: Базенот во Злетово, кој е започнат со изградба многу одамна, конечно ќе ја добие својата намена. Со поставување на неопходната опрема за функционирање на базенот, како и со уредување на околниот простор, овој дел од Злетово ќе биде најпосетеното место во летниот период. Во завршна фаза е изработката на техничката документација, по што ќе започне имплементацијата на проектот. Вредност на проектот: 10 000 000 денари Извор на финансирање: меѓународни финансиски институции Рок: 2018-2019 година

4. ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ФУДБАЛСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО ЗЛЕТОВО Опис на проектот: Со проектот ќе се изврши обновување на теренот, како и целосна реконструкција на објектите на фудбалското игралиште. Вредност на проектот: 1 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

НОВО УТРО, НОВИ ПОБЕДИ


НОВАТА ЕРА ПОЧНУВА

5. ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ ПРИ ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ Опис на проектот: Проектот ќе опфати реконструкција на тениското и на ракометното игралиште, игралиштето за баскет и атлетската патека, како и поставување на ново осветлување на терените. Вредност на проектот: 6 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

6. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ИГРАЛИШТЕТО ВО С. ПИШИЦА Опис на проектот: Со реконструкцијата на постојното игралиште и поставување на нови спортски реквизити, жителите на с. Пишица ќе добијат подобрени услови за спорт и рекреација. Вредност на проектот: 850 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2019 година

7. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОВЕЌЕНАМЕНСКОТО СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО С. ДОБРЕВО Опис на проектот: Со реконструкцијата на постојното игралиште и поставување на нови спортски реквизити, жителите на с. Добрево ќе добијат подобрени услови за спорт и рекреација. Вредност на проектот: 700 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2019 година

8. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КОШАРКАРСКОТО ИГРАЛИШТЕ ПРИ ООУ „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ Опис на проектот: Со поставувањето на нов асфалтен слој, реконструкција на трибините и со поставувањето на нови спортски реквизити, покрај подобрените услови за спортување на учениците од ООУ „Браќа Миладиновци“, младите од Пробиштип ќе добијат уште еден спортски терен со кој ќе се естимулираат здравиот психофизички развој и развој на спортот. Вредност на проектот: 1 500 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината/Буџет на РМ Рок: 2017 година

9. ИЗГРАДБА НА ИГРАЛИШТЕ ВО М.В. ШИЛЕК Вредност на проектот: 1 100 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

10. ИЗГРАДБА НА ФИТНЕС-ЗОНА НА ОТВОРЕНО ВО СПОМЕН-ПАРКОТ Опис на проектот: Поставување на фитнес-опрема во спомен-паркот кој претходно ќе биде соодветно уреден. Вредност на проектот: 3 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината/Буџет на РМ Рок: 2021 година

10


11

11. ИЗГРАДБА НА ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО С. ЗЛЕТОВО Опис на проектот: Уредување на простор за најмалите сограѓани, поставување на детски реквизити и урбана опрема. Вредност на проектот: 3 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

12. ИЗГРАДБА НА МАЛИ ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА ВО ПОВЕЌЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА Опис на проектот: Изградба на мали детски игралишта во повеќе населени места (Стрмош, Турско Рудари, Д.Стубол). Вредност на проектот: 4 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2021 година

13. КОНТИНУИРАНА ПОДДРШКА НА СПОРТСКИТЕ КЛУБОВИ Опис на проектот: Општината и во наредниот период ќе продолжи со поддршка на спортот и спортските друштва. Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: континуирано

14. ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ ВО СОРАБОТКА СО МЛАДИТЕ Опис на проектот: Известувања на веб-страницата на Општината за потребата од одредени донации, во соработка со Црвениот крст и со НВО-секторот при организирање на хуманитарните акции. Рок: континуирано

15. ПОДДРШКА НА МЛАДИТЕ ЗА РАЗВОЈ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО ПРЕКУ ОРГАНИЗИРАЊЕ ТРИБИНИ, ОБУКИ, САЕМИ, ПОМОШ ПРИ АПЛИЦИРАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД МЕЃУНАРОДНИТЕ ФОНДОВИ Опис на проектот: Младите, несомнено, имаат потреба од поддршка и размена на искуства неопходни за постигнување позитивни резултати и успеси во приватниот сектор. Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: континуирано

16. СТИПЕНДИИ ЗА НАЈДОБРИТЕ Опис на проектот: Општина Пробиштип ќе продолжи со доделување стипендии за најдобрите матуранти во продолжувањето на нивните студии. Вредност на проектот: 300 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: континуирано

НОВО УТРО, НОВИ ПОБЕДИ


НОВАТА ЕРА ПОЧНУВА

ИНФОРМАТИЧКИ РАЗВОЈ 1. ЕЛЕКТРОНСКО ПОВРЗУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ СО ЦЕЛ ПОЛЕСНА И ПОЕФЕКТИВНА КОМУНИКАЦИЈА Опис на проектот: Електронско поврзување на општинските институции со цел полесна и поефективна комуникација. Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

2. ПОСТАВУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТИВНИ КИОСЦИ ЗА ИНФОРМИРАЊЕ НА ТУРИСТИТЕ И ЗА ЛЕСНО ПРОНАОЃАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИТЕ МЕСТА Опис на проектот: Овие информативни киосци ќе имаат цел поголема промоција на туристичките места и знаменитости кои треба да бидат посетени од страна на туристите. Вредност на проектот: 600 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2019 година

УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ 1. ДОПОЛНУВАЊЕ И ПРОШИРУВАЊЕ НА ГЕНЕРАЛНИОТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН Опис на проектот: Проширување на опфатот на ГУП Вредност на проектот: 2 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2021 година

2. ДОНЕСУВАЊЕ НА НОВИ ДЕТАЛНИ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ Опис на проектот: Изработка на повеќе детални урбанистички планови за делови од градот и населените места поради надминување на важноста на постојните ДУП, како и изработка на нови за местата за каде што нема изработено ДУП. Вредност на проектот: 7 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: континуирано

12


13

3. ДОВРШУВАЊЕ НА ИЗРАБОТКАТА НА ГИССИСТЕМОТ ЗА ПРОБИШТИП И ЗЛЕТОВО Опис на проектот: Создавањето на ваков систем е од огромна важност за достапноста на податоците кои постојано ги следат граѓаните и компаниите. Општина Пробиштип ја започна постапката за ваков систем. Извор на финансирање: Буџет на Општината/меѓународни финансиски институции Рок: 2020 година

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА 1. САНАЦИЈА НА ЈАЛОВИШНАТА ДЕПОНИЈА Опис на проектот: Во соработка со МЖСПП се работи на изнаоѓање најсоодветниот начин за санација на јаловишната депонија. Проектот ќе се реализира доколку се обезбеди финансиска поддршка од Владата на Република Македонија. Вредност на проектот: 5 000 000 евра Извор на финансирање: Буџет на РМ Рок: 2020 година

2. УРЕДУВАЊЕ НА КЕЈОТ НА ЗЛЕТОВСКА РЕКА ВО ЗЛЕТОВО Опис на проектот: Регулација и уредување на дел од кејот на Злетовска Река во Злетово. Вредност на проектот: 10 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината/меѓународни финансиски институции Рок: 2021 година

3. ДОУРЕДУВАЊЕ НА КЕЈОТ НА РЕКА КИСЕЛИЦА Опис на проектот: Продолжување со уредувањето на кејот на река Киселица во нас. Пробиштип. Вредност на проектот: 4 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината/меѓународни финансиски институции Рок: 2020 година

4. РЕГУЛАЦИЈА НА РЕЧНОТО КОРИТО НА ЗЛЕТОВСКА РЕКА КАЈ С. ТРИПАТАНЦИ Опис на проектот: Чистење и уредување на речното корито на Злетовска Река кај с. Трипатанци. Вредност на проектот: 3 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината/Буџет на РМ Рок: 2019 година

НОВО УТРО, НОВИ ПОБЕДИ


НОВАТА ЕРА ПОЧНУВА

5. ИЗГРАДБА НА РЕГИОНАЛНА ДЕПОНИЈА Опис на проектот: Изградба на регионална депонија на веќе утврдена локација. Вредност на проектот: 30 000 000 евра Извор на финансирање: Буџет на РМ/меѓународни финансиски институции Рок: 2021 година

6. ЗАТВОРАЊЕ НА ДЕПОНИЈАТА „ОЗРЕН“ Опис на проектот: Во текот на 2017 година ќе биде затворена депонијата „Озрен“, а сметот до изградбата на регионалната депонија ќе се носи во Свети Николе, за што веќе има Одлука од страна на Советот на Општина Пробиштип. Извор на финансирање: Буџет на Општината/меѓународни финансиски институции/Буџет на РМ Рок: 2017 година

7. ИЗРАБОТКА НА СТУДИЈА ЗА КВАЛИТЕТОТ И СОСТАВОТ НА ПОДЗЕМНИТЕ ВОДИ Опис на проектот: Целта на оваа студија е добивање на релевантни параметри за составот и квалитетот на подземните води и можноста за нивно искористување за повеќе намени. Вредност на проектот: 500 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2019 година

8. ПОСТАВУВАЊЕ НА МЕРНИ СТАНИЦИ ЗА МЕРЕЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ Опис на проектот: Покрај поставените две мерни станици за мерење на квалитетот на воздухот, ќе бидат поставени две дополнителни мерни станици кои покрај PM-честичките, ќе ги мерат и останатите параметри на загадување на воздухот. Вредност на проектот: 1 500 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

9. ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЗИМСКИ И ЛЕТНИ КАМПОВИ ЗА ДЕЦАТА ОД ОСНОВИТЕ УЧИЛИШТА ЗА РАЗВОЈ НА ЕКОЛОШКАТА СВЕСТ Опис на проектот: Со цел развој на еколошката свест кај децата уште од најмала возраст, ќе започне организирање на зимски и летни кампови од едукативен карактер. Извор на финансирање: Буџет на Општината/Буџет на РМ Рок: 2018 година

10. НАБАВКА НА НОВИ СОВРЕМЕНИ ВОЗИЛА ЗА СОБИРАЊЕ СМЕТ Опис на проектот: Набавка на нови современи возила за собирање смет кои ќе се користат од страна на ЈКП. Вредност на проектот: 12 000 000 денари Извор на финансирање: меѓународни финансиски институции Рок: 2021 година

14


15

РАЗВОЈ И ОДРЖУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ 1. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ФАСАДАТА НА ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА Опис на проектот: Реконструкција на фасадата на општинската зграда со што освен што ќе се подобри ликот на објектот, ќе се придонесе и за заштеда на енергија. Вредност на проектот: 3 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2020 година

2. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ФАСАДИ НА СТАНБЕНИ ЗГРАДИ НА УЛ. ЈАКИМ СТОЈКОВСКИ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ Опис на проектот: Станбените згради кои се лоцирани во централното градско подрачје се многу стари, а нивните фасади се доста оштетени. Токму затоа, во наредниот период ќе започне реконструкција на дел од овие станбени згради со што најголем бенефит ќе имаат токму жителите. Вредност на проектот: 10 000 000 денари Извор на финансирање: меѓународни финансиски институции Рок: 2021 година

3. ОСНОВАЊЕ НА ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА Опис на проектот: Во текот на 2018 година ќе започне постапката за основање на јавно претпријатие за производство на електрична енергија кое ќе работи посветено токму на искористувањето на потенцијалите и ресурсите за производство на електрична енергија. Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

4. ПОСТАВУВАЊЕ НА СОНЧЕВИ ПАНЕЛИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА Опис на проектот: На повеќе објекти во општинска и државна сопственост, на различни локации ќе бидат поставени сончеви панели за производство на електрична енергија. Извор на финансирање: Меѓународни финансиски институции/Буџет на Општината Рок: 2019 година

НОВО УТРО, НОВИ ПОБЕДИ


НОВАТА ЕРА ПОЧНУВА

5. ПОСТАВУВАЊЕ НА ТУРБИНИ НА ГЛАВНИТЕ ВОДОВИ ВО СЕКУНДАРНАТА ВОДОВОДНА МРЕЖА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА Опис на проектот: Поставување на турбини на главните водови во секундарната водоводна мрежа за производство на електрична енергија. Извор на финансирање: меѓународни финансиски институции Рок: 2019 година

ИНФРАСТРУКТУРА КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ 1. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СТАРИОТ ЦЕВКОВОД ЗА ПРОБИШТИП Опис на проектот: Проектот ќе опфати промена на постојниот дотраен цевковод од с. Ратавица до Пробиштип во должина од 3 км. Вредност на проектот: 19 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината/меѓународни финансиски институции Рок: 2019 година

2. ОБНОВУВАЊЕ НА ПУМПИТЕ ВО С. РАТАВИЦА Опис на проектот: Реализацијата на овој проект ќе овозможи набавка и монтажа на нови пумпи, автоматизација на пумпите и реконструкција на трафостаницата во с. Ратавица. Вредност на проектот: 18 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината/меѓународни финансиски институции Рок: 2019 година

3. ИЗГРАДБА НА СИСТЕМ ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ТЕХНИЧКА ВОДА НА ИНДУСТРИСКИТЕ КАПАЦИТЕТИ И НАВОДНУВАЊЕ НА ЗЕЛЕНИТЕ ПОВРШИНИ Опис на проектот: Поврзување со цевководот од ХС Злетовица до индустриската зона КО Неокази и индустриската зона - блок 2.1. Проектот ќе се реализира доколку се обезбеди приватен инвеститор. Вредност на проектот: 24 000 000 денари Извор на финансирање: јавно-приватно партнерство Рок: 2019 година

4. ИЗГРАДБА НА СИСТЕМ ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ ВО С. ДРЕНАК Опис на проектот: Изградба на нов систем за водоснабдување до с. Дренак и обезбедување на квалитетно водоснабдување. Вредност на проектот: 1 500 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

16


17

5. ДОИЗГРАДБА НА ВОДОВОДНИОТ СИСТЕМ ЗА С. ТУРСКО РУДАРИ Опис на проектот: Во изминатиот период беа изградени доводен цевковод и препумпна станица, преостанува уште изградбата на резервоар за вода и изградба на секундарната мрежа со што и жителите на ова населено место ќе добијат редовно и квалитетно водоснабдување. Вредност на проектот: 4 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

6. ИЗГРАДБА НА СИСТЕМ ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ ЗА С. ЈАМИШТЕ Опис на проектот: Проектот се предвидува изградба на зафат, резервоар за вода и изградба на доводен цевковод. Со реализацијата на овој проект, конечно ќе се реши деценискиот проблем со водоснабдувањето и на жителите на с. Јамиште. Општината ќе ја изготви проектната документација и бидејќи станува збор за населено место кое спаѓа во категоријата на подрачја со специфични развојни потреби, ќе се обиде да обезбеди средства за реализација од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Вредност на проектот: 3 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината / Буџет на РМ Рок: 2020 година

7. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЧЕШМИ ВО ПОВЕЌЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТA Опис на проектот: Со овој проект ќе продолжи реконструкцијата на чешмите во повеќе рурални средини (Гризилевци, Стрисовци, Стрмош) како и уредување на просторот околу нив. Вредност на проектот: 1 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: континуирано

8. ИЗГРАДБА НА КОМПЛЕТНА ИНФРАСТРУКТУРА ВО М.В. ЛЕГОВЕЦ Опис на проектот: Со цел поддршка на младите брачни двојки во решавање на станбеното прашање, во тек е урбанизација на локацијата предвидена за реализација на проектот „Купи куќа за млади“. По урбанизацијата, со поддршка од Владата на РМ ќе биде изградена и потребната комунална инфраструктура. Проектот ќе се реализира доколку се обезбеди финансиска поддршка од Владата на Република Македонија. Извор на финансирање: Буџет на РМ Рок: 2021 година

9. ИЗГРАДБА НА КОМПЛЕТНА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА 7.5 Опис на проектот: Проектот ќе опфати изградба на улици, канализациска и водоводна мрежа, како и поставување на ново улично осветлување со ЕЕ светилки. Вредност на проектот: 8 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

НОВО УТРО, НОВИ ПОБЕДИ


НОВАТА ЕРА ПОЧНУВА

10. ДОИЗГРАДБА НА ИНФРАСТРУКТУРАТА ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА КО НЕОКАЗИ Опис на проектот: Со овој проект ќе биде изградена целосната инфраструктура во оваа индустриска зона, а ќе биде опфатена и изградба на инфраструктура за с. Неокази. Вредност на проектот: 15 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината / Европска инвестициона банка Рок: 2017 година

11. СТАВАЊЕ ВО ФУНКЦИЈА НА КОЛЕКТОРОТ И НА ФИЛТЕРСТАНИЦАТА ЗА ОТПАДНИ ВОДИ ВО С. РАТАВИЦА Опис на проектот: Со цел решавање на долгогодишниот проблем на жителите на с. Ратавица, но и со цел унапредување на животната средина, Општината ќе обезбеди средства за изградба на пречистителна станица за отпадни води. Вредност на проектот: 2 000 000 евра Извор на финансирање: меѓународни финансиски институции Рок: 2020 година

12. ИЗГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИСКИ КРАК НА УЛ. „СКОПСКА“ Вредност на проектот: 500 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

13. ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ЛЕВИОТ КРАК ОД ЗЛЕТОВО НА КОЛЕКТОРСКИОТ СИСТЕМ ВО ЗЛЕТОВО Опис на проектот: Во текот на 2017 година ќе се изработи проектна документација за соодветно стручно решение за реализација на овој проект, по што ќе следува и негова реализација. Вредност на проектот: 20 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината/меѓународни финансиски институции Рок: 2020 година

14. ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА С.ТУРСКО РУДАРИ НА КОЛЕКТОРСКИОТ СИСТЕМ ВО ЗЛЕТОВО Опис на проектот: Со приклучувањето на с. Турско Рудари на колекторскиот систем во Злетово ќе се реши еден од најгорчливите проблеми на жителите на ова населено место, а значително ќе се влијае врз подобрување на квалитетот на животната средина. Вредност на проектот: 10 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината/меѓународни финансиски институции Рок: 2020 година

15. ЗАТВОРАЊЕ НА АТМОСФЕРСКИОТ КАНАЛ МЕЃУ УЛИЦИТЕ „3-ТИ АПРИЛ“, „ПЛАВИЦА“, „ДОНЕ БОЖИНОВ“ И „ЈОРДАН СТОЈАНОВ“ Опис на проектот: Затворање на атмосферски канал помеѓу улиците „3-ти Април“, „Плавица“, „Доне Божинов“ и „Јордан Стојанов“ и изградба на тротоари на овој дел. Вредност на проектот: 1 300 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

18


19

16. ЗАТВОРАЊЕ НА АТМОСФЕРСКИОТ КАНАЛ НА УЛ. „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ Опис на проектот: Затворање на атмосферскиот канал на улицата „Браќа Миладиновци“ кој во моментов е отворен и освен што предизивкува загадување на животната средина, ја загрозува и безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Вредност на проектот: 600 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА 1. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТОТ Д. СТУБОЛ – Г. СТУБОЛ Опис на проектот: Овој патен правец во должина од 2 км, кој на одредени места е во многу лоша состојба, ќе биде целосно реконструиран со поставување нов асфалтен слој. Општината веќе ја изработува проектната документација, а ќе се обиде да обезбеди средства со поддршка од Владата на РМ. Проектот ќе се реализира доколку се обезбеди финансиска поддршка од Владата на Република Македонија. Вредност на проектот: 7 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на РМ / Буџет на Општината Рок: 2018 година

2. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТОТ ЗЛЕТОВО–ДРЕВЕНО Опис на проектот: Реконструкцијата на патниот правец ќе опфати поставување нов асфалтен слој со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот на овој патен правец кој води и кон с. Лесново. Проектот ќе се реализира доколку се обезбеди финансиска поддршка од Владата на Република Македонија. Вредност на проектот: 20 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на РМ/меѓународни финансиски институции Рок: 2020 година

3. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТОТ ПРОБИШТИП–КРУПИШТЕ Опис на проектот: Овој патен правец, кој е една од главните сообраќајни артерии за поврзување на Општина Пробиштип со останатите градови, е во многу оштетена состојба. Од страна на Владата на РМ е изготвена техничката документација за целосна рехабилитација во должина од околу 20 км. Проектот ќе се реализира доколку се обезбеди финансиска поддршка од Владата на Република Македонија. Вредност на проектот: 5 000 000 евра Извор на финансирање: Буџет на РМ/меѓународни финансиски институции Рок: 2019 година

4. ИЗГРАДБА НА ПАТ ДО С. ШТАЛКОВИЦА Опис на проектот: Асфалтирање на патен правец од с. Турско Рудари до с. Шталковица во должина од 3 км. За реализацијата на овој проект, Општината веќе ја изготви потребната техничка документација. Вредност на проектот: 25 000 000 денари Извор на финансирање: меѓународни финансиски институции Рок: 2020 година

НОВО УТРО, НОВИ ПОБЕДИ


НОВАТА ЕРА ПОЧНУВА

5. ИЗГРАДБА НА ПАТ ДО ЛОКАЛИТЕТОТ РАТКОВА СКАЛА Опис на проектот: Со изградбата на пристапниот пат до локалитетот Раткова скала ќе се зголеми посетеноста на овој локалитет кој е заштитено подрачје и претставува туристичка атракција за посетителите. За реализација на овој проект, Општината веќе ја изготви потребната техничка документација. Вредност на проектот: 26 000 000 денари Извор на финансирање: меѓународни финансиски институции Рок: 2021 година

6. ИЗГРАДБА НА ПАТ ДО С. ПЕСТРИШИНО Опис на проектот: Изградба на пат до с. Пестришино во должина од 4 км. Со цел успешна реализација, Општината ќе ја изготви техничката документација за изградба на овој патен правец и ќе се обиде да обезбеди средства со поддршка од Владата на РМ. Проектот ќе се реализира доколку се обезбеди финансиска поддршка од Владата на Република Македонија. Вредност на проектот: 10 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината/Буџет на РМ Рок: 2019 година

7. АСФАЛТИРАЊЕ НА ПАТОТ ДО С. ЈАМИШТЕ Опис на проектот: Во текот на 2016 година се изврши пробивање, поставување на пропусти и тампонирање на патот до с. Јамиште во должина од 3 км. Во периодот што следува ќе се изврши и асфалтирање на овој патен правец со поддршка на АФПЗРР со оглед што ова населено место спаѓа во категоријата на подрачја со специфични развојни потреби. Проектот ќе се реализира доколку се обезбеди финансиска поддршка од Владата на Република Македонија. Вредност на проектот: 15 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината/Буџет на РМ Рок: 2018 година

8. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТОТ ДО С. КУНДИНО Опис на проектот: Со оглед на тоа што овој патен правец е доста оштетен на неколку локации, во наредниот период ќе се изврши реконструкција на пристапниот пат до с. Кундино. Проектот ќе се реализира доколку се обезбеди финансиска поддршка од Владата на Република Македонија. Вредност на проектот: 1 000 000 денари Извор на финансирање:Буџет на Општината /Буџет на РМ Рок: 2018 година

9. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТОТ ДО С. СТРМОШ Опис на проектот: Реконструкција на патот до с. Стрмош кој во моментот е во многу оштетена состојба. Вредност на проектот: 3 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2017 година

10. ИЗГРАДБА НА ПАТ ОД С. ГОРНО БАРБАРЕВО ДО С.ДОЛНО БАРБАРЕВО Опис на проектот: Изградба на пат од с. Горно Барбарево до с. Долно Барбарево. Проектот ќе се реализира доколку се обезбеди финансиска поддршка од Владата на Република Македонија. Вредност на проектот: 1 000 000 денари Извор на финансирање:Буџет на Општината/Буџет на РМ Рок: 2019 година

20


21

11. РЕКОНСТРУКЦИЈА И ПРОШИРУВАЊЕ НА ПАТОТ ДО С. МАРЧИНО Опис на проектот: Реконструкција на оштетен дел и проширување на одредени места на патот до с. Марчино. Вредност на проектот: 2 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

12. ДОИЗГРАДБА НА ПАТНИОТ ПРАВЕЦ ДО М.В. КОСТОМАР Опис на проектот: Проектот опфаќа изградба на патен правец до м.в. Костомар во должина од 1 700 метри. Во моментот Општината ја изработува потребната документација. Проектот ќе се реализира доколку се обезбеди финансиска поддршка од Владата на Република Македонија. Вредност на проектот: 15 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината / Буџет на РМ Рок: 2019 година

13. ИЗГРАДБА НА ПАТ ДО СРТЦ ПОНИКВА Опис на проектот: Изградба на пат од с. Турско Рудари до СРТЦ Пониква во должина од 11,5 км. Проектот ќе се реализира доколку се обезбеди финансиска поддршка од Владата на Република Македонија. Вредност на проектот: 5 000 000 евра Извор на финансирање: Буџет на РМ Рок: 2018 година

14. АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ ВО С. ДРЕВЕНО Опис на проектот: Асфалтирање на локални улички во с. Древено Вредност на проектот: 3 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

15. АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ ВО С.ТУРСКО РУДАРИ Опис на проектот: Асфалтирање на локални улички во должина од 650 метри. Вредност на проектот: 5 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

16. АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ ВО С. ЗЛЕТОВО Опис на проектот: Асфалтирање на улички во с. Злетово во должина од 1км. Вредност на проектот: 5 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

17. АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ ВО С. ПЛЕШЕНЦИ Опис на проектот: Асфалтирање на улички во с. Плешенци во должина од 1км. Вредност на проектот: 8 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2017 година

НОВО УТРО, НОВИ ПОБЕДИ


НОВАТА ЕРА ПОЧНУВА

18. АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ ВО С. ЛЕЗОВО Опис на проектот: Асфалтирање на улици во с. Лезово. Вредност на проектот: 2 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

19. АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ ВО С. ТРИПАТАНЦИ Опис на проектот: Асфалтирање на улици во с.Трипатанци. Вредност на проектот: 2 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

20. АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ ВО СРТЦ ПОНИКВА Опис на проектот: Асфалтирање на улици во СРТЦ Пониква според изготвен проект за туристички развој на Пониква. Вредност на проектот: 20 000 000 денари Извор на финансирање: меѓународни финансиски институции Рок: 2021 година

21. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. „ИЛИНДЕНСКА“ Опис на проектот: Проектот ќе опфати поставување на нов асфалтен слој, нови тротоари и улично осветлување со ЕЕ-светилки. Вредност на проектот: 20 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2019 година

22. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. „3-ТИ АПРИЛ“ Опис на проектот: Реконструкцијата ќе опфати изградба на атмосферска канализација, изградба на тротоари и санација на асфалтниот слој. Вредност на проектот: 15 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2019 година

23. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. „Х.Т.КАРПОШ“ Опис на проектот: Проектот ќе опфати поставување на нов асфалтен слој, ново улично осветлување со ЕЕ-светилки и нови тротоари. Вредност на проектот: 4 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

24. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. „ЦРН ВРВ“ Опис на проектот: Проектот ќе опфати поставување на нов асфалтен слој, ново улично осветлување со ЕЕ-светилки и нови тротоари. Вредност на проектот: 1 300 000 Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2017 година

22


23

25. АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛ. „БРЕГАЛНИЧКА“ Опис на проектот: Изградба и асфалтирање на улица „Брегалничка“ во нас. Пробиштип. Вредност на проектот: 1 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2019 година

26. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД УЛИЦА „ЈОРДАН СТОЈАНОВ“ КОН УЛ. „КОЧО РAЦИН“ Опис на проектот: Со овој проект ќе се изврши реконструкција на оштетените делови, како и изградба на тротоари на улицата. Вредност на проектот: 1 500 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2019 година

27. АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦА – КРАК ОД УЛ. „ЈАКИМ КРЧОВСКИ“ Опис на проектот: Изградба на улица – крак од ул. „Јаким Крчовски“ (зад зградите) Вредност на проектот: 1 500 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

28. АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦА – КРАК ОД УЛ. „11 ОКТОМВРИ“ Опис на проектот: Асфалтирање на улица – крак од ул. „11 Октомври“ (зад зградите) Вредност на проектот: 1 500 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

29. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. „ПАВЕЛ ШАТЕВ“ Опис на проектот: Целосна реконструкција на ул. „Павел Шатев“ со вадење на коцката, поставување на нов асфалтен слој, уредување на паркинг-простор, Вредност на проектот: 5 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2019

30. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. „МАКЕДОНИЈА“ ВО С. ЗЛЕТОВО Опис на проектот: Целосна реконструкција на главната улица „Македонија“ во с. Злетово. Вредност на проектот: 15 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината/меѓународни финансиски институции Рок: 2020 година

31. ИЗГРАДБА НА ПАРКИНГ-ПРОСТОР НА УЛ. „МИРО БАРАГА“ Опис на проектот: Изградба на паркинг-простор на ул. „Миро Барага“ (под фудбалското игралиште). Вредност на проектот: 2 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2019 година

НОВО УТРО, НОВИ ПОБЕДИ


НОВАТА ЕРА ПОЧНУВА

32. ИЗГРАДБА НА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА ОД ПРОБИШТИП ДО ЗЛЕТОВО Опис на проектот: Изградба на велосипедска патека во должина од 4 км. Вредност на проектот: 7 000 000 денари Извор на финансирање: меѓународни финансиски институции Рок: 2020 година

УРЕДУВАЊЕ НА ТРОТОАРИ 1. ИЗГРАДБА НА ТРОТОАРИ НА „МИРО БАРАГА“ Опис на проектот: Со овој проект ќе бидат изградени тротоари на потегот од просториите на Агенцијата за вработување до спојот на улицата со ул. „Даме Груев“. Вредност на проектот: 4 300 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2017 година

2. ИЗГРАДБА НА ТРОТОАРИ НА ДЕЛ ОД УЛ. „3-ТИ АПРИЛ“ Опис на проектот: Изградба на тротоари на дел од ул. „3-ти Април“ (кон Аква парк). Вредност на проектот: 1 500 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

3. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРОТОАРИ НА УЛ. „НАДА МИХАЈЛОВА“ Опис на проектот: Реконструкција на постојните тротоари на ул. „Нада Михајлова“, една од најголемите и најфреквентните улици во градот Пробиштип. Вредност на проектот: 3 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2020 година

4. ИЗГРАДБА НА ТРОТОАРИ НА УЛ. „ИЛИНДЕНСКА“ Опис на проектот: Со проектот за целосна реконструкција на оваа улица ќе биде опфатена и изградбата на нови тротоари. Вредност на проектот: 2 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2019 година

5. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРОТОАРИ НА ДЕЛ ОД УЛ. „ЈОРДАН СТОЈАНОВ“ Опис на проектот: Со овој проект ќе се изврши реконструкција на тротоари на дел од ул. „Јордан Стојанов“ на потегот од кружниот тек на „Лиса гара“ до спојот со улиците „Илинденска“ и „Гоце Делчев“. Вредност на проектот: 2 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

24


25

6. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРОТОАРИ НА УЛ. „ЦРН ВРВ“ Опис на проектот: Со проектот за целосна реконструкција на улицата ќе се опфати и реконструкција на постојните тротоари. Вредност на проектот: 500 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2017 година

7. ИЗГРАДБА НА ТРОТОАРИ НА ДЕЛ ОД УЛ. „КОЧО РАЦИН“ Опис на проектот: Изградба на тротоари на дел од ул. „Кочо Рацин“. Вредност на проектот: 3 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2019 година

8. ИЗГРАДБА НА ТРОТОАРИ НА УЛ. „ДОНЕ БОЖИНОВ“ Опис на проектот: Изградба на тротоари на ул. “Доне Божинов“. Вредност на проектот: 800 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2019 година

9. ИЗГРАДБА НА ТРОТОАРИ НА ДЕЛ ОД УЛ. „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ Опис на проектот: Изградба на тротоари на дел од ул. „Димитар Влахов“. Вредност на проектот: 1 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2019 година

10. ИЗГРАДБА НА ТРОТОАРИ НА УЛ. „28-МИ АВГУСТ“ Опис на проектот: Изградба на тротоари на ул. „28-ми Август“. Вредност на проектот: 750 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2020 година

11. ИЗГРАДБА НА ТРОТОАРИ НА УЛ. „ПАРТИЗАНСКА“ Опис на проектот: Изградба на тротоари на ул. „Партизанска“. Вредност на проектот: 900 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2020 година

12. ИЗГРАДБА НА ТРОТОАРИ И ИЗГРАДБА НА ПОТПОРЕН ЅИД НА УЛ. „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Опис на проектот: Изградба на тротоари и изградба на потпорен ѕид на ул. „Гоце Делчев“, на делот во непосредна близина на ООУ „Браќа Миладиновци“. Вредност на проектот: 1 500 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

НОВО УТРО, НОВИ ПОБЕДИ


НОВАТА ЕРА ПОЧНУВА

УРЕДУВАЊЕ НА ПАРКОВИ И НОВИ ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ 1. ИЗГРАДБА НА МИНИПАРК ВО НАС. КАМЕЊАР Опис на проектот: Овој проект ќе опфати изградба на минипарк со поставување на нова урбана опрема, осветлување и детски реквизити. Вредност на проектот: 3 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

2. ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА ДВОРОВИТЕ НА ОПШТИНСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ Опис на проектот: Со овој проект ќе продолжат инвестициите за уредување на училишните дворови и нивно одржување. Извор на финансирање: Буџет на Општината / Буџет на РМ Рок: континуирано

3. ИЗГРАДБА НА СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ НА ЗЕЛЕНИТЕ ПОВРШИНИ Опис на проектот: Со изградбата на системот ќе се овозможи постојано наводнување на зелените површини, а ќе се олесни и начинот на одржување на зеленилото. Вредност на проектот: 4 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

4. КОМПЛЕТНА РЕКОНСТРУКЦИЈА И ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА СПОМЕН-ПАРКОТ Опис на проектот: Со проектот ќе се опфати хортикултурно уредување на просторот, поставување на нова урбана опрема, ново осветлување, како и поставување на детски реквизити. Вредност на проектот: 5 500 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината/меѓународни финансиски институции Рок: 2019 година

УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ 1. ЕЕ НА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО ЦЕЛАТА ОПШТИНА СО ЛЕД-СВЕТИЛКИ Опис на проектот: Преку промена на постојните живини со ЕЕ ЛЕД-светилки, освен што ќе се подобри квалитетот на уличното осветлување, значително ќе се намали и трошокот за електрична енергија кој Општината во моментов го издвојува од својот буџет. Вредност на проектот: 20 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината/меѓународни финансиски институции Рок: 2021 година

26


27

2. ИЗГРАДБА НА НОВИ СИЈАЛИЧНИ МЕСТА НА ДЕЛОТ ОД Т.Н. МАРИЧАНСКИ МОСТ ДО УЛ. „КОЧО РАЦИН“ Опис на проектот: Со поставувањето на новите сијалични места на делот од т.н. Маричански мост до ул. „Кочо Рацин“, ќе се осветли и овој дел во должина од 650 метри. Вредност на проектот: 2 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општинатата Рок: 2018 година

3. ИЗГРАДБА НА НОВИ СИЈАЛИЧНИ МЕСТА ВО СЕЛАТА КАДЕ ШТО НЕМА ОСВЕТЛУВАЊЕ Опис на проектот: И во иднина ќе се продолжи со континуирано поставување на нови сијалични места на територијата на Општина Пробиштип, како и со редовна замена на постојните светилки. Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: континуирано

НОВО УТРО, НОВИ ПОБЕДИ


НОВАТА ЕРА ПОЧНУВА

ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ 1. ИЗРАБОТКА НА ПРОГРАМА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА СЕЛСКИТЕ - ПОЛСКИ ПАТИШТА Опис на проектот: Изработка на програма за одржување на селските - полски патишта на територијата на Општина Пробиштип. Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

2. РЕГУЛАЦИЈА И РЕДОВНО ЧИСТЕЊЕ НА РЕЧНОТО КОРИТО НА ЗЛЕТОВСКА РЕКА Опис на проектот: Регулација и редовно чистење на речното корито на Злетовска Река (покрај Трипатанци, Лезово, Трооло, Гајранци, Гујновци, Пишица). Извор на финансирање: Буџет на Општината / Буџет на РМ Рок: континуирано

3. РЕАЛИЗАЦИЈА НА ВТОРАТА И ТРЕТАТА ФАЗА ОД ХС ЗЛЕТОВИЦА Опис на проектот: Втората и третата фаза ќе овозможат наводнување на 4 100 хектари, како и изградба на неколку хидроцентрали на Злетовска Река. Проектот ќе се реализира доколку се обезбеди финансиска поддршка од Владата на Република Македонија. Вредност на проектот: 60 000 000 евра Извор на финансирање: меѓународни финансиски средства / Буџет на РМ

28


29

4. УРБАНИЗАЦИЈА НА ПИШИЧКА БРАНА И ИЗГРАДБА НА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ИЗЛЕТНИЧКО ТУРИСТИЧКО МЕСТО Опис на проектот: Урбанизација на Пишичка брана и изградба на инфраструктура за излетничко туристичко место. Проектот ќе се реализира доколку се обезбеди финансиска поддршка од Владата на Република Македонија. Вредност на проектот: 20 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината/меѓународни финасиски институции / Буџет на РМ Рок: 2021 година

ТУРИЗАМ 1. РАЗВОЈ НА ЛЕСНОВО КАКО ТУРИСТИЧКИ ЛОКАЛИТЕТ Опис на проектот: Со овој проект ќе се опфати урбанизација на Лесново, изградба на етномаало и поддршка за изградба на хотели и одморалишта. Вредност на проектот: 10 000.000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината/меѓународни финансиски институции Рок: 2021 година

2. РАЗВОЈ НА ПОНИКВА КАКО ТУРИСТИЧКИ ЛОКАЛИТЕТ Опис на проектот: Асфалтирање на улици, изградба на ски-лифтови и жичница, изградба на пречистителна станица, изградба на комунална инфраструктура, уредување на локација за алпинизам. Проектот ќе се реализира доколку се обезбеди финансиска поддршка од Владата на Република Македонија. Вредност на проектот: 5 000 000 евра Извор на финансирање: Буџет на Општината / Буџет на Влада на РМ/ меѓународни финансиски институции Рок: 2021 година

3. ИЗГРАДБА НА ОДМОРАЛИШТЕ – ЕДУКАТИВЕН КОМПЛЕКС ВО СРТЦ ПОНИКВА Опис на проектот: Со цел полесно организирање на едукативни кампови за учениците, ќе се изгради ново одмаралиште на Пониква. Вредност на проектот: 10 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината/меѓународни финансиски институции Рок: 2020 година

4. ПОСТАВУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТИВНИ КИОСЦИ ЗА ТУРИСТИТЕ ЗА ИНФОРМИРАЊЕ И ЛЕСНО ПРОНАОЃАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИТЕ МЕСТА Опис на проектот: Овие информативни киосци се во насока на подобрување на туристичката понуда и привлекување на туристите. Вредност на проектот: 1 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2019 година

НОВО УТРО, НОВИ ПОБЕДИ


НОВАТА ЕРА ПОЧНУВА

КУЛТУРА 1. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КИНОСАЛАТА ПРИ ДОМОТ НА КУЛТУРАТА „ЗЛЕТОВСКИ РУДАР“ Опис на проектот: Со овој проект ќе се изврши целосно преуредување на внатрешноста на киносалата, следено со нови аудиовизуелни ефекти. Проектот ќе се реализира доколку се обезбеди финансиска поддршка од Владата на Република Македонија. Вредност на проектот: 300 000 евра Извор на финансирање: Буџет на Општината / Буџет на РМ Рок: 2019 година

2. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА САНИТАРНИТЕ ЈАЗЛИ ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА „ЗЛЕТОВСКИ РУДАР“ Вредност на проектот: 1 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

3. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА САНИТАРНИТЕ ЈАЗЛИ ВО КИНОСАЛАТА ПРИ ДОМОТ НА КУЛТУРАТА „ЗЛЕТОВСКИ РУДАР“ Вредност на проектот: 1 500 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината / Буџет на РМ Рок: 2019 година

4. РЕКОНСТРУКЦИЈА И АДАПТИРАЊЕ НА ХОЛОТ НА КИНОСАЛАТА ВО ЛИКОВНО АТЕЛЈЕ Опис на проектот: Еден дел од холот на киносалата ќе биде уреден и наменет за ликовно ателје. Вредност на проектот: 500 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општинатата Рок: 2019 година

5. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВНАТРЕШНОТО УРЕДУВАЊЕ НА ДОМОТ НА КУЛТУРАТА „ЗЛЕТОВСКИ РУДАР“ Опис на проектот: Ќе се изврши целосна реконструкција на внатрешноста на просториите, промена на подовите, промена на канцеларискиот мебел. Вредност на проектот: 10 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината / Буџет на РМ Рок: 2019 година

6. ДОИЗГРАДБА НА МИНЕРАЛОШКАТА ЗБИРКА Опис на проектот: Во периодот што следува ќе продолжат градежните работи за доизградба на минералошката зборка, лоцирана во центарот на градот, а Пробиштип ќе ја добие првата збирка на ретки минерали во регионот. Вредноста на проектот: 7 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината/Буџет на РМ Рок: 2018 година

30


31

СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА 1. УРЕДУВАЊЕ НА НОВИ ПРОСТОРИИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ Опис на проектот: Уредување на нови простории за потребите на Дневниот центар за лица со посебни потреби со нова опрема и современи материјали за работа со овие лица. Вредност на проектот: 4 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината / Буџет на РМ Рок: 2019 година

2. ИЗГРАДБА НА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО ПРОБИШТИП Опис на проектот: Изградба на нова детска градинка со цел зголемување на капацитетите за престој на дечиња. Општината ќе ја обезбеди локацијата и потребната инфраструктура за изградба на овој значаен објект. Извор на финансирање: Буџет на РМ Рок: 2021 година

3. БЕСПЛАТНА ГРАДИНКА ЗА ДЕЦА ОД СЕМЕЈСТВА ОД СОЦИЈАЛЕН РИЗИК Опис на проектот: Со покривање на средствата за престој во градинка за децата од семејства од социјален ризик ќе се овозможи еднаков пристап до детските градинки за сите дечиња и подобра социјализација на децата од ранливите категории. Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 и потоа континуирано

4. ИЗГРАДБА НА ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА Опис на проектот: Изградба на дом за стари лица, во соработка со Владата на РМ. Извор на финансирање: Буџет на РМ Рок: 2021 година

5. ПРОМЕНА НА ПОКРИВОТ НА Т.Н. КОЛЕКТИВНА ЗГРАДА (ЦЕНТРАЛНО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ) Опис на проектот: Со промената на покривот на оваа зграда, значително ќе се подобрат условите за граѓаните кои живеат во неа, а од друга страна ќе се даде можност за идни инвестиции во внатрешноста на овој објект. Вредност на проектот: 2 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2019 година

6. КОНТИНУИРАНА ПОДДРШКА И ПОМОШ НА СТАРИТЕ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА ПРЕКУ АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦА ВОЛОНТЕРИ Опис на проектот: Ќе продолжиме со ангажирање на лица волонтери кои секојдневно им помагаат на старите и изнемоштени лица и на лицата со оштетен вид и телесен инвалидитет. Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: континуирано

НОВО УТРО, НОВИ ПОБЕДИ


НОВАТА ЕРА ПОЧНУВА

7. НАБАВКА НА НОВИ МАШИНИ ЗА ПЕРЕЊЕ АЛИШТА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА Опис на проектот: Со цел подобрување на квалитетот на услугите кои ги нуди детската градинка, како и постојаната грижа за условите за престој на децата, ќе се набават нови машини за перење алишта. Вредност на проектот: 1 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

ЗДРАВСТВО 1. ПРОМЕНА НА АЗБЕСТНИОТ ПОКРИВ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ ДОМ Опис на проектот: Со промената на азбестниот покрив, покрај подобрување на условите во Здравствениот дом, ќе се влијае и врз подобрување на животната средина. Проектот ќе се реализира доколку се обезбеди финансиска поддршка од Владата на Република Македонија. Извор на финансирање: Буџет на РМ Рок: 2019 година

2. ОРГАНИЗИРАЊЕ ТРИБИНИ ЗА ЗНАЧЕЊЕТО НА ЗДРАВАТА ИСХРАНА Опис на проектот: Организирање на повеќе трибини со разни целни групи на кои од страна на стручни лица ќе им бидат презентирани бенефитите од здрава исхрана, како и можните последици од консумирање храна која може да биде штетна за здравјето на граѓаните. Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: Континуирано

32


33

БЕЗБЕДНОСТ И ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА 1. РЕГУЛАЦИЈА НА СООБРАЌАЈНИОТ РЕЖИМ СОГЛАСНО СО ИЗРАБОТЕНИОТ СООБРАЌАЕН ПРОЕКТ ЗА ОПШТИНА ПРОБИШТИП Опис на проектот: Регулација на сообраќајниот режим согласно со изработениот Сообраќаен проект за Општина Пробиштип. Вредност на проектот: 500 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

2. ПОСТАВУВАЊЕ НА НОВА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА СО ЦЕЛ ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ЗА СИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО СООБРАЌАЈОТ Опис на проектот: Проектот опфаќа поставување на хоризонтална и сообраќајна сигнализација со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот за сите учесници. Вредност на проектот: 700 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: континуирано

3. НАБАВКА НА НОВИ, СОВРЕМЕНИ ПРОТИВПОЖАРНИ ВОЗИЛА Опис на проектот: Набавка на нови современи возила за потребите на ТППЕ Пробиштип. Вредност на проектот: 150 000 евра Извор на финансирање: меѓународни финансиски институции Рок: 2019 година

4. ОБНОВУВАЊЕ И ПОСТАВУВАЊЕ НА НОВИ ХИДРАНТНИ МЕСТА ВО ОПШТИНАТА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ПОЖАРНАТА Опис на проектот: Со проектот се предвидува обнова, но и поставување на нови хидрантни места во Општината со што ќе се зголеми ефикасноста на ТППЕ. Вредност на проектот: 1 000 000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2018 година

НОВО УТРО, НОВИ ПОБЕДИ


Toni Tonevski - izborna programa 2017-2021  

Тони Тоневски кандидат за градоначалник на општина Пробиштип. Изборна програма локални избори 2017