Ќе го завршиме процесот на приватизација на фирмите во државна сопственост (ЕМО, Охис, Еурокомпозит, Сувенир, Тутунски комбинат Прилеп). Спроведени се неколку јавни постапки за приватизација на овие компании, при што не се пријавија заинтересирани инвеститори. Во наредниот период преку нови модели за приватизација ќе најдеме стратешки партнери за овие компании. ÈÈ Измена на Законот за данокот на имот за да го скратиме рокот за заверка на договорите за пренос на сопственоста на недвижен имот. Ќе ја разгледаме можноста доказот за платен данок на промет на недвижности да не биде услов при упис на сопственоста. ÈÈ Еквити-фондови - ќе се поддржи формирањето на инвестициски еквити-фондови. Постоењето на вакви фондови е значајно за развојот на економијата, бидејќи преку нив се врши докапитализација на малите и средни приватни претпријатија, коишто имаат потреба од капитал и know how. Завршени се консултациите со приватните пензиски фондови, чии сугестии ќе бидат имплементирани во Предлог-концептот за формирање на еквити-фондови. ÈÈ
ОТЧЕТ на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата „За подобра Македонија“ 2006 - 2011
НЕРЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ОД ПРОГРАМАТА СО ОБРАЗЛОЖЕНИЈА
27
www.vmro-dpmne.org.mk