Vitalia рецепти

Page 12

Подготовка: 20 минути. Готвење: 45 минути. Сложеност на подготовка: Средна

Оброкот за 1 лице содржи: Калории

300kcal 15%

Јаглехидрати

35g

Протеини

17g

Масти

9g

1.7% 34% 12.8% % - од дневно препорачаните вредности

состојки:

100 г - соја трошки Виталиа 1 ------ црвена бабура 1 ------ жолта бабура 1 ------ тиквичка 1 ------ модар патлиџан 1 ------ домат 1 ------ кромид 1 ------ морков (поголем) 2 ------ чешниња лук 5-6 --- шампињони (поголеми) 350 мл сос од домати 250 мл вода 1 ½ --- кафена лажичка Вита зачин Виталиа ½ ----- кафена лажичка црн пипер ½ ----- кафена лажичка црвен пипер малку ладно цедено сончогледово масло Виталиа малку магдонос

Подготовка:

т е н л По нчук Зеле

1. Потопете ја сојата со околу 400 мл врела вода и оставете ја да отстои. 2. Бабурите, тиквичката и модриот патлиџан пресечете ги надолж на половина и наредете ги во тавче за печење, а ако ви остане простор, дополнете го со неколку шампињони на кои сте им ги извадиле рачките. Со лажичка извадете ја средината од тиквичката и модриот патлиџан. 3. Останатиот зеленчук, вклучувајќи ја и извадената средина од тиквичката и модриот патлиџан исечкајте го на ситни коцки и ставете го да се пржи во подлабоко тавче на малку масло. Додадете ја и добро исцедената соја, и пржете додека водата од зеленчукот не испари, или околу 15-тина минути. 4. Пред да го тргнете тавчето од оган, додадете го мешаниот зачин, црвениот и црниот пипер, и малку ситно исечкан магдонос и добро промешајте. 5. Со испржената смеса наполнете ги бабурите, тиквичката, модриот патлиџан и шампињоните. Измешајте го доматниот сос со 250 мл вода и залејте во тавчето околу полнетиот зеленчук. 6. Печете во загреана рерна на 200°C околу 1 час, или додека тиквичката не омекне (боцнете со виљушка за проба). Декорирајте со малку ситно исечкан свеж магдонос и послужете додека е топло. 12

Забелешк а: Овие состојки се доволни за 4 лица. Совет: Можете со истата смеса да наполните и компири, домати, па дури и да свиткате некоја сарма со листови од лоза.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.