Issuu on Google+


Импресум Весник на учениците на СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци Издавач: СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци За издавачот: Божанка Минова, директор на училиштето Главен и одговорен уредник: Проф. Влатко Тасев Редакција: Учениците на СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Кавадарци Издавачки совет: Божанка Минова Влатко Тасев Благородна Цветаноска Лилјана Георгиева Коле Станоев Дизајн и графичко техничка обработка: Митко Попов Печати: Јуниор-Сениор Кавадарци Адреса: СОЗШУ “Ѓорче Петров“ Ул. “Шишка“ 23 Кавадарци Тел: 043 412 180 Факс. 043 412 910 E-mail: zsuckavadarci@mt.net.mk Inmediasres.sozsu@gmail.com Содржина: 1. Насловна 2. Кон овој број 3. Моето училиште 4. Разговор со директорката 5. Спортска сала 6. Ден на дрво 7. Тракторски натпревар 8. Земјоделско училиште ГРМ, Словенија 9. Шумарска школа Краљево, Србија 10. Internet, Wikipedia, Yahoo 11. Google, Facebook, YouTube 12. Гроздобер 2009 13. Вино 14. Св. Трифун и Св. Валентин 15. Настани 16. Спелеологија 17. Креактив и Осми март 18. Пушење 19. Рецензија 20. Профил

Кон овој број...

Е

ве по трет пат се појавува на светлото на денот весникот на учениците на СОЗШУ Ѓорче Петров од Кавадарци. Како што ветивме во минатиот број со нови сили и со голем ентузијазам се прифативме за работа и го оформивме и овогодишниот број на нашето гласило IN MEDIAS RES. Нови исечоци од школскиот живот и настани што се случуваат во училиштето, но и други занимливости и преокупации што ја исполнуваат нашата младост - тоа е содржината на страниците од новиот број. Отсега натаму го отвараме IN MEDIAS RES за соработка со надворешни соработници. За таа цел креиравме сопствена имејл адреса: inmediasres.sozsu@gmail.com на која можат да испраќаат свои прилози сите кои сакаат да им се објави нивниот труд. Однапред им се заблагодаруваме на сите кои ќе дадат свој придонес во надградбата на ова скромно училишно гласило. Воедно би сакале и да го најавиме објавувањето на електронската верзија на нашиот весник која е во подготовка и се надеваме дека наскоро ќе заживее и во меѓународниот кибернетски простор.


Моето училиште СОЗШУ „Ѓорче Петров“ - Кавадарци - струки и образовни профили Во училиштето се одвива стручно образование. Застапени се земјоделско-ветеринарната и шумарскодрвопреработувачката струка.

Шумарско-дрвопреработувачката струка работи по реформирана програма со следните образовни профили: - техничар за шумарство и пејзажна архитектура; - техничар за обработка на дрвото. - техничар за мебел и ентериер.

In Medias Res

Земјоделско-ветеринарната струка работи по реформирана програма со следните образовни профили: - техничар за фармерско производство; - лозаро-винарски техничар.

3

За Нас...

СОЗШУ „Ѓорче Петров“ - Кавадарци

Следејќи ги трендовите и потребите на пазарот на труд од областа на дрвната индустрија од оваа учебна година во нашето училиште е воведен нов профил Техничар за мебел и ентериер. Идните техничари за мебел и ентериер ќе се оспособат за проектирање мебел , изработка на мебел и ентериерно уредување на просторот за домување, канцелариски простории, училишни простории и простори со специјална намена, театри, кино сали и др. Користејќи ги практичните знаења од оваа област, идните кадри имаат можност за формирање на сопствен бизнис за изработка на мебел. Амбициите за продолжување на школувањето од оваа област можат да го остварат на Шумарски факултет – Скопје, насока мебел и ентериер.


Разговор со директорката

In Medias Res

СОЗШУ „Ѓорче Петров“ - Кавадарци

4

В

о овој број на In medias res разговараме со директорката на СОЗШУ „Ѓорче Петров“, г-ѓа Божанка Минова, која е активен член на здруженито што делува во областа на средното образование во Република Македонија. Ја замоливме да ни ја претстави накратко оваа асоцијација и да ни каже за активностите што ги има.

На 26 јануари оваа година се изведе

Студиска посета на училиштата во Република Хрватска од страна на четириесет и двајца директори во рамки на здружението на директори на средни училишта ЛИДЕР од Република Македонија. Се оствари плодна соработка и средба со директорите на средните училишта од неколку хрватски града. Го посетија Земјоделското училиште Тесла, гимназијата во Вуковар, средна школа во Плитвице, поморското училиште во Задар и средно стручно училиште во Дубровник. На оваа студиска посета од страна на директорите на средни училишта од Р. Македонија во која учествуваше и нашата директорка се постигнаа неколку цели. Се доби увид во хрватскиот средношколски систем на образование; се разменија информации и се поттикнаа заеднички активности и проекти за воспоставување на мрежа на меѓусебна соработка.

дружението на директори на средни училишта ЛИДЕР претставува една самостојна и моќна асоцијација на директори на средни училишта и ученички домови во земјава. Основачкото собрание се одржа на 29.1.2003 година во Кавадарци. Во состав на нашево Здружение се вклучени 88 средни училишта, 4 центри за деца со посебни потреби, 6 домови во состав на средни училишта и 9 самостојни домови. Во текот на постоење се одржаа неколку средби во различни градови од Македонија. Темите на работилниците и дебатите на сите средби се во врска со: Реформски процеси во образованието; Децентрализација на власта и нејзината улога во сферата на образованието: Релации меѓу образовните институции и локалната самоуправа; Национална програма за образование (2005-2015); Проекти за модернизација на образованието; Кариерен развој на наставниците и директорите; Успешност на комуникација: наставник - ученик - родител.

Интервју

Од март 2005 година, Здружението на директори на средни училишта и ученички домови на РМ повторно е член на Европската асоцијација на директори (ЕСХА) како невладина меѓународна организација. ЕСХА како заедничко семејство на здруженијата од европските земји ни овозможува компаративна размена на искуства, постигнати резултати преку системот на вечно учење, наше секојдневно усовршување.


Изградба на спортска сала

Наскоро...

5 СОЗШУ „Ѓорче Петров“ - Кавадарци

о февруари 2008 година Владата започна со реализација на проектот за изградба на 180 спортски сали во училиштата низ државата. Ова е еден од најголемите проекти на Владата во областа на образованието. Целта е да се создаваат генерации што ќе бидат ориентирани кон спортот и ќе имаат натпреварувачки дух. Нашето училиште одамна копнееше за објект од ваков тип. Сега конечно се оствари долгоочекуваниот сон. Спортската сала започна да се гради и за неколку месеци ќе биде целосно оспособена за работа со ученици. Со изградбата на овој капитален објект, СОЗШУ ,,Ѓорче Петров’’ од Кавадарци го доби единствениот сегмент што и недостасуваше за да биде едно од најмодерните и најопремените училишта во државата и пошироко. Нестрпливо го очекуваме денот на свеченото отварање затоа што тоа ќе биде еден голем настан од посебна важност за учениците и наставниците, како и за сите граѓани од нашиот град.

In Medias Res

В


Ден на дрвото

In Medias Res

А

кцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ по четврти пат се одржa на 11-ти ноември 2009 година. СОЗШУ „Ѓорче Петров“ и овој, четврти пат, активно се вклучи во акцијата со тоа што сите вработени и учениците земаа учество во неа. Акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, успешно е спроведена. Кординатор на оваа акција за тиквешкиот регион беше професорот Киро Спиров. Пошумена е поголема површина од голината наречена „Глишиќки рид“ што се наоѓа на периферијата од градот, а подоцна во рамките на истата акција е пошумена и голината крај село Ресава, близу Тиквешкото езеро. Со тоа нашето училиште даде свој придонес кон оваа благородна идеја да се озелени нашата планета и да се спаси од целосно уништување.

СОЗШУ „Ѓорче Петров“ - Кавадарци

6

Ш

умата, на кој и да е дел од земјината топка, претставува основен, ако не и единствен фактор што го чува земјиштето од ерозија. Шумата е најголемиот заштитник на почвата. Ерозијата на земјиштето - разорувањето на почвата, однесувањето и нејзиното таложење, не зависи од конфигурацијата на теренот, туку, пред се, од тоа дали теренот е обраснат со растителниот свет како составен дел на шумата. Слабите дождови целосно ги задржува со крошните додека на поројните дождови им се спротиставува на тој начин што им ја намалува енергијата на водените капки, така што откако ќе ја потрошат разорната моќ да го носат земјиштето, водата полека истекува низ шумата. Шумата како составен дел на природата е “голем буквар“ од кој човекот постојано учи. Ниту едно човеково откритие не би било и не може да биде осознаено, ако не е присутно во природата. Денес шумарството како дејност, треба да има многу поголемо значење, зашто веќе не е основна поставка само производство на дрво, туку производство на кислород на единица површина, а сето ова се постигнува со засилено пошумување на секоја педа земја создавање на “Фабрики“ за производство на кислород, а шумата е средина во која естетската компонента во голема мера животот го прави убав и среќен.

Ден на дрвото

Елена Атанасова III-2


Тракторски натпревар Н

О

а конкурсот што го организира Здружението на пензионерите од Кавадарци, за есеј на тема Есента на мојот живот, ученичката Микерем Дивјачева ја освои првата наград��. Таа се состоеше од диплома, комплет книги и парична награда .

СОЗШУ Ѓорче Петров од Кавадарци редовно учествува на сите натпревари и конкурси што се однесуваат на средношколската младина со свои претставници кои забележуваат завидни резултати и со тоа достојно го презентираат своето училиште.

Натпревар

7 СОЗШУ „Ѓорче Петров“ - Кавадарци

Н

д нашата општина учествуваа тројца натпреварувачи: - Драги Манев во дисциплина тешки трактори - претставник на Народна техника од Кавадарци; - Спасенка Мишова, ученик од СОЗШУ Ѓорче Петров од Кавадарци; - Горан Гинев, ученик од СОЗШУ Ѓорче Петров од Кавадарци; - Ментор - професор Коце Попов; - Водач на патот - Младен Марковски, секретар на Народна техника од Кавадарци; На одржаниот натпревар е постигнат следниот пласман: Горан Гинев освои второ место и сребрен медал во дисциплината орање со лесни трактори - младинци. Спасенка Мишова освои трето место и бронзен медал во дисциплината орање со лесни трактори жени и младинки.

In Medias Res

а 09. и 10.10.2009 година во општина Новаци се одржа тракторски натпревар на кој зедоа учество натпреварувачи од цела Македонија. Покровител на натпреварот беше Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, а организатори беа: Народна техника на РМ, Сојуз за техничка култура во стопанството на РМ, Народна техника од Битола. Соорганизатори на натпреварот беа Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството на РМ и Регионална стопанска комора од Битола.


Меѓународна

In Medias Res

В

СОЗШУ „Ѓорче Петров“ - Кавадарци

8

о рамките на меѓународната соработка за 2009 година нашето училиште СОЗШУ ,,Ѓорче Петров’’ Кавадарци во периодот од 20 Септември до 10 Октомври оствари плодна соработка со средното земјоделско училиште во ГРМ, Ново Место, Р.Словенија со присуство на наши ученици од земјоделско ветеринарната струка од III и IV година, Петре Стојанов, Донче Китев и Ивана Стојанова под менторство на професор Ефремчо Николов. Учениците учествуваа во берба на јаболки од различни сорти на училишните површини, ги сортираа, калибрираа и ги пакуваа. Учествуваа во процесот на сушење на јаболки и производство на 100% природен јаболков сок, јаболков оцет и јаболкова ракија. Ја посетија краварската фарма и ергелата со расни коњи во склоп на училиштето. Беа на хиподромот и одржаа часови по јавање, а потоа беа во посета на градинарски плантажи и цветни градини како и на училишната продавница со изложбени штандови на словенечки училишни земјоделски производи. Учениците учествуваа исто така и во берба на училишните лозови насади, а изведоа и дегустација на училишно вино во училишната мини винарија. Имаа практична настава по механизција и запознавање со училишната механизација и изведоа обука со трактори. При посетата беа организирани и културни и спортски активности како возење на велосипед по велосипедска патека од училиштето до терените за голф; посета на голф терените и обука на учениците и професорите со голф игра од страна на професионален голф играч; рафтинг и кајакарење по реката Крка. Посета на Ново Место и културноисториските споменици како обележје на градот, на СПА центри и словенечки бањи. Беа во панорамско разгледување на Љубљана и на културно-уметничките обележја на градот. Ја почувствуваа мистиката на Постоинска јама, прошетаа низ улиците на на пограничниот град Снежана, а посебно искуство беше посетата на монденското место на словенечкото приморје Порторож.

Петре Стојанов IV-5


соработка

о мај оваа година нашето училиште учествуваше на меѓунарoден натпревар од областа на шумарството, пејзажната архитектура и дрвната индустрија во Краљево, Република Србија. На овој меѓународен натпревар учествуваа наши ученици кои се натпреваруваа во повеќе дисциплини: сечење на трупци, расклопување на моторна пила, аранжирање на цвеќе и обработка на дрвото и тапацирање. Натпреварите имаа теоретски и практичен дел. Во натпреварот учествуваа сродни училишта од Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Австрија. Учеството беше искористено за обновувањето на пријателските и професионалните врски што до неодамна постоеле меѓу ЗШУ и оваа најстара шумарска школа во Србија, меѓусебно запознавање и стекнување на нови пријателства, искуства и знаења и соработка на професионално ниво. На натпреварот учествуваа учениците од нашето училиште Лелова Катица, Јованов Трајче, Зоран Петров, Драги Маркоски, Јасминка Маркова и Солтир Ристов, под менторство на професорите Керова Станка, Мирова Невенка, Киро Спиров и Зимоски Горан. Нашето училиште на овој меѓународен натпревар го освои првото место во екипна конкуренција.

In Medias Res

В

9 СОЗШУ „Ѓорче Петров“ - Кавадарци

Меѓународна соработка


In Medias Res

СОЗШУ „Ѓорче Петров“ - Кавадарци

10

Интернет (англиски: Internet или the Net; во превод: меѓумрежа или семрежје) е јавно достапен систем на меѓусебно поврзани компјутерски мрежи од целиот свет, кои пренесуваат податоци во форма на пакети со користење на стандардното множество протоколи означено како TCP/IP. Интернет се состои од голем број мали и големи, домашни, деловни владини и невладини мрежи, кои што заедно пренесуваат различни информации и услуги, како електронска пошта, директен разговор, како и меѓусебно поврзани web-страници и други документи од Пајажината (Светски Распространета Пајажина - World Wide Web / WWW ). Наспроти општоприфатеното користење термините интернет и web не се синоними: интернетот е збирка на меѓусебно поврзани компјутерски мрежи, поврзани со бакарни жици, оптичковлакнени кабли, безжични врски и слично, додека пајажината е збирка на меѓусебно поврзани документи со користење хиперврски и адреси ( Uniform Resource Locator / URL ), до кои што може да се пристапи со користење на интернет. Покрај пајажината, интернетот обезбедува и многу други сервиси, како е-пошта, споделување на датотеки итн. Википедија е онлајн енциклопедија со слободна содржина отворена за читање и менување. Таа има изданија во 187 различни јазици спонзорирани од страна на непрофитната Фондација Викимедија. Информациите поврзани со традиционални енциклопедиски теми стојат напоредно со теми од алманаси, газети и актуелни настани. Целта на Википедија е да создаде „свет во којшто секој поединец има слободен пристап до сумата на севкупното човечко знаење.“ Википедија е едно од најпопуларните референтни места на Мрежата, примајќи околу 50 милиони погодоци на ден. Името е кованица од Вики, хавајски збор што значи „брзо“, а бил присвоен да опише еден вид на соработнички софтвер и зборот „енциклопедија“. Јаху! (на англиски Yahoo! Yahoo! Inc.) е Американска јавна корпорација која нуди интернет услуги низ целиот свет а се наоѓа во Санивејл, Калифорнија. Компанијата е позната по својот веб портал, пребарувач, Јаху директориум, електронска пошта, и страници за друштвени медиуми и услуги. Јаху беше основана од Џери Јанг и Дејвид Фило во јануари 1994, а беше инкорпорирана на 1ви Март, 1995. На 13ти јануари 2009, Јаху ја назначи Керол Бартз, поранешен претседател на Аутодеск, за нов главен извршен директор и член на одборот на директори. Според компаниите за анализи на веб сообраќај (Complete.com, ComScore, Alexa Internet и други) домеинот привлекол најмалку 1575 билиони посетители годишно до 2008. Глобалната мрежа на Јаху! страниците се отвара 3.4 билиони пати на ден во просек од октомври 2007. Јаху е втор сајт по посетеност во САД и во светот.


Основачи на компанијата се тогашните студенти Лери Пејџ и Сергеј Брин. Целата приказна ја започнуваат неофицијално во јануари 1997 на Универзитетот Стенфорд, а официјално започнуваат со работа на 7 септември 1998 стартувајќи со својот интернет пребарувач. Со своите сервиси успеваат својата основна дејност, пребарување и рекламирање, да ја прошират на други подрачја како што се: електронска пошта, онлајн мапи, прикажување на видео формати и слично.

YouTube (на македонски: Јутјуб) е популарен интернет вебсајт за размена на видео материјали каде што корисниците можат да поставуваат, гледаат, коментираат и оценуваат видеа од различен тип. За да се постави видео содржина потребна е регистрација, додека за гледање не е (освен во случаите кога материјалот е забранет за помлади од 18 години). Спрема правилата на користење корисниците можат да поставуваат свои изработки или изработки за кои ги имаат допуштено авторските права од корисникот, а забрането е поставување на порнографски материјал, насилство, содржина кој подржува криминал и слично. YouTube го задржува правото на користење, преработување и бришење на поставениот материјал. Митко Попов III-3

Интернет

11 СОЗШУ „Ѓорче Петров“ - Кавадарци

Фејсбук е веб-место за општествено поврзување со слободен пристап која функционира и е приватна сопственост на корпорацијата Фејсбук (Facebook), Inc. Корисниците можат да се придружат на мрежи организирани по градови, работни места, училишта и региони за да се поврзат и комуницираат со други луѓе. Луѓето исто така можат да додааваат пријатели и да им испраќаат пораки, и да ги ажурираат нивните лични профили за да ги известат пријателите за себеси. Името на веб-страницата се однесува на документот ,,фејсбукс” кој ги опишува членовите на универзитетската заедница кој некои американски колеџи и подготвителни училишта го давале на новодојдените студенти, факултети и персонал како начин да се запознаат останатите луѓе на универзитетот.

In Medias Res

Google Inc. или Гугл е американска корпорација специјализирана за интернет пребарувања. Помеѓу корисниците е најпозната по својот пребарувач, но покрај него нуди и многу други сервиси. Главно своите приходи ги остварува преку својот систем на рекламирање. Главно седиште на компанијата, познато под име Googleplex, се наоѓа во Калифорнија.


Производство на црвено вино

In Medias Res

В

СОЗШУ „Ѓорче Петров“ - Кавадарци

12

о просториите на нашето училиште се наоѓа мини винарија која произведува вино во наставни цели. Под менторство на професор Благој Мишковски учениците произведуваат скромни количини вино, а на тој начин го учат древниот занает на преработката на плодовите од виновата лоза – грозјето. Секоја година се избираат најубавите гроздови од школската плантажа и се претвараат во прекрасна напивка. Го замоливме професорот Благој Мишковски да ни ја открие тајната за подготовка на врвното црвено вино Вранец, која тој со задоволство ја прифати.

З

релоста на грозјето при берба зависи од стилот на виното кое сакаме да го добиеме. Сепак, главните параметри за избор на грозјето и времето на бербата е овошниот вкус на грозјето. Грозјето се бере во вистински момент. Треба да биде здраво и умерено ладно. Затоа се бере во утринските часови. Во најкус рок се носи во винаријата за прием, се двои од петелките и потоа се гмечи. Оттука гроздовата каша се пренесува во садовите за ферментација. Се додаваат селекционирани квасци и смесата се меша. Во текот на процесот на ферментација, на површината на садот се формира таканаречена винска капа составена од цврсти делови на зрното. Оваа винска капа се потопува или се оросува со вино, кое се зема од дното на садот. Ова придонесува за екстракција на боја и танин од гроздовата каша. Почетната температура на ферментација е од 18-20 степени Целзиусови, а оптималната од 25-28 степени Целзиусови. Кога винарот ќе заклучи дека виното има доволно добра боја, арома и екстрахирани танини(од 4 – 7 дена) се одвојува од цврстите делови. Тука, како и кај белото вино, се одвојува самоток и фракции на пресата. По пресувањето, се остава да заврши ферментацијата на шеќерот во алкохол. Ова е таканаречен процес на тивка ферментација, за време на која виното ферментира до сувост (без остатоци од шеќер). Со падот на температурите може да се спроведе полесно бистрење на виното со бентонит, желатин, белка од јајце и сл. Следува процес на зреење на виното во садовите или во бурињата. Пред да се филтрира виното, потребни се неколку преточувања (првото е отворено, а другите се затворени). По потреба се извршуваат неколку филтрирања, а последното, пред да се разлее во шишиња, е стерилно. Здравите суви вина со доста алкохол (над 13%) не треба да бидат стерилно филтрирани пред полнење. Во текот на зреењето на виното перманентно се вршат лабораториски анализи, а пред се се следат испарливите и вкупните киселини, слободниот SO2 , Ph и други параметри. Кога виното достигнува зрелост повторно се дегустира и тестира лабораториски, се филтрира и лесно сулфитира. Следува полнење во шишиња. Потоа се бара повод повеќе за да се ужива во убавината на бојата, вкусот и мирисот на произведеното вино и во опуштеноста на духот што ја создава овој божествен производ.

„Во виното е вистината. “

Вино

Донче Китев III-5


Тиквешки гроздобер 2009 К

Микерем Дивјачева III-3

Гроздобер 2009

13 СОЗШУ „Ѓорче Петров“ - Кавадарци

Карневалската процесија која се одвиваше во централното градско подрачје, го отслика винскиот карактер на Kавадарци, претставено преку шеговити и иронични поставки. Градски оркестар, знамиња на градот, фолклор со песни и обичаи беа само дел од интересната програма. Повторно нашето училиште се претстави со две поставки кои се суштинско важни за претставување како на винскиот карактер, така и на еколошкиот аспект за заштита на човековата средина од загадување и уништување.

Општина Кавадарци како карневалски град и членка на ФЕЕК и оваа година негува етно карневал со традиција за претставување на лозарството и винарството во регионот и Република Македонија. Карневалот има меѓународен карактер со учество на гости од Врњачка Бања Република Србија, Будва – Р. Црна Гора, Нови Винодолски – Р. Хрватска, Птуј, Мозирје и Шоштањ – Р. Словенија, Бања Лука -Босна и Херцеговина, Перник – Р.Бугарија, како и гости од Република Македонија од вевчанскиот, прилепскиот и струмичкиот Карневал. Винскиот карневал како еден од позначајните настани на Тиквешки гроздобер ја покажа својата специфичност на гостите кои дојдоа да бидат дел од него.

In Medias Res

авадарци оваа година по осми пат ја продолжи традицијата на непрекинато организирање на Стопанско Културната Манифестација “Тиквешки Гроздобер” како препознатлив белег за Кавадарци и Тиквешијата. Локална самоуправа со вклученост на локалните културни институции од градот: Домот на културата “Иван Мазов Климе”, Детската Градинка “Рада Поцева”, сите основни и средни училишта од градот со носителство на училишните секции, Невладиниот сектор, асоцијации и Здруженија на граѓани, ја организираат Манифестацијата “Тиквешки Гроздобер 2009”.


In Medias Res

Свети Трифун и Свети Валентин о традицијата на нашиот град e всаден обичајот да се слави виното и виновата лоза. Затоа во нашето училиште и оваа година се прослави Денот на лозарите Свети Трифун. Одбележувањето на овој значаен датум за нашиот град се одвиваше во просториите на училиштето. На импровизирано лозје со ученичка драматизација се изведе „закројувањето“, една од најважните фази во обработката на виновата лоза, со белези на семејната традиција. Под менторство на професорите од земјоделската струка, учениците стручно го прикажаа начинот на кроење на виновата лоза. Паралелно со православниот празник на лозарите чиј патрон е Свети Трифун, во нашето училиште се одбележа и католичкиот празник на љубовта чиј патрон е Свети Валентин. Вљубените си разменуваат љубовни пораки, си подаруваат цвеќе, чоколади, кадифени мечиња и подароци во облик на срце, а излозите на продавниците се украсени со најразлични подароци во црвена боја. Секцијата по странски јазици по овој повод, а со цел приближување на западната култура кон нашите ученици, подготви ѕиден весник и кутија во која заљубените ќе можат да стават љубовни пораки. Тие подоцна ќе бидат поделени на оние на кои им се упатени. Универзалноста на љубовта ги надминува границите кои ги поставуваат луѓето, ги руши бариерите и ги соединува сродните души. Иако не припаѓа на нашата традиција сепак овој повод да се слави љубовта е се попопуларен, особено меѓу помладите генерации.

СОЗШУ „Ѓорче Петров“ - Кавадарци

14

В

Празници

Зоран Варадинов IV-5


Спорт и спортски активности

С

Потекло на видовите

In Medias Res

портскиот актив по спорт и спортски активности учествува во сите спортски напревари организирани од Сојузот на училиштен спорт, каде го претставува училиштето со спортски екипи во фудбал, кошарка, ракомет и др. На ден 28.10.2009 во рамките на Мали Олимписки Игри во Кавадарци одржан е натпревар во мал фудбал помеѓу екипите на СОЗШУ,, Ѓорче Петров” и Гимназијата ,,Добри Даскалов“. Нашите ученици победија со резултат 2:1 и се пласираа на републичко натпреварување каде што ќе го претставуваат нашето училиште.

15 СОЗШУ „Ѓорче Петров“ - Кавадарци

П

ред 150 години, на 1 јули 1858 година во Лондон, за прв пат е изнесена научната идеја која долго беше контроверзна, посебно во црковните кругови - теоријата за еволуцијата на растителниот и животински свет, која британскиот научник Чарлс Дарвин ја обработил во своето дело „За потеклото на видовите“ (Тhe Origin of Species). По тој повод учениците од СОЗШУ под менторство на професорите Лилјана Белевска и Живко Атанасов направија изожба со слики и текстови во врска со овој датум. Големото научно дело е на достоен начин презентирано во просториите на нашето училиште. Камчева Сања и Петкова Тања II-2

Настани


Спелеологија

In Medias Res

У

красите (пештерски украси) или акумулативни подземни карстни форми, настануваат секундарно, со излачување на карбонатот од водата во веќе формираните пештери и пропасти. Калциум карбонатот се излачува во вид на калцит (чист CaCO3) или во вид на травертин (при распрскување на водата на некој наклон, се ослободува CO2 при што се излачува травертин). При таложењето калциум карбонатот создава различни облици меѓу кои се разликуваат: сталагмити, сталактити, хелектити, столбови, сливови, завеси (драперии), пештерски бисери, пештерски корали, пештерско млеко и травертински басенчиња, кои во зависност од хемискиот состав можат да бидат во разни бои.

СОЗШУ „Ѓорче Петров“ - Кавадарци

16 Галишката Пештера - Тиквешко езеро

Млади спелеолози, Елена и Соња Чулејца Сталактит претставува пештерски украс кој настанува со таложење на калциум карбонат на пештерската таваница. Почнува да се формира под некоја тесна пукнатина, низ која се слива вода прокапница. Најпрво има форма на мала калцитна цевкичка, а потоа нараснува во ширина и должина од таваницата кон подот. Младите, танки и светли сталактити кои имаат форма на цевчиња се викаат макарони, додека пак хелектити се мошне ретки сталактити кои поради струењето на воздухот растат странично или нагоре. Во СОЗШУ постои планинарска секција која во соработка со планинарското друштво ОРЛЕ од Кавадарци изведува излети и експедиции во поблиската околина на градот.

Спелеологија

Соња Пендева II-1


Младински центар Креактив

Има филмска вечер секој четврток како и интеркултурна вечер секој петок. Тоа е добра шанса за младите да дознаат повеќе за другите земји, да ги запознаат нивните култури преку филмови, музика, храна.... Презентациите за земјите се обично организирани од некој кој е државјанин на таа земја, благодарение на многубројните странски волонтери кои престојуваат во Македонија и кои се заинтересирани за волонтирање и во нашиот младински центар. Љубица Јанчева III-3

Креактив

Во минатото жената немала никакви права. Тогаш таа била изложувана на неправди и разни понижувања. Но со текот на времето сето тоа се изменило. Оттогаш до денешен ден се слави посебен празник кога жената се слави и се украсува со убави и милни зборови. Тој празник е 8-ми МАРТ-денот на жената. За овој празник се напишани и испеани многу песни. Овој празник го слават сите жени без разлика на верата или социјалната состојба. Овој ден е ден кога сите жени заслужуваат внимание. Овде во нашата држава на 8-ми МАРТ жените најмногу се дарувани со цвеќиња со црвена боја кои ја искажуваат вечната љубов. Сања Камчева II-2

8ми Март

17 СОЗШУ „Ѓорче Петров“ - Кавадарци

Ден на жените

In Medias Res

Младинскиот центар е лоциран во центарот на градот; сите тинејџери што сакаат да го поминат своето слободно време овде можат да дојдат од понеделник до сабота (од 11:00 до 21:00ч). Тие можат да се приклучат во многуте активности бесплатно: Часови по француски и англиски јазик, акустична гитара, креативни уметнички работилници, фотографија, жонглирање, разни игри, дебати.... спортски активности на отворено.


In Medias Res

Пушењето - опасност по нашето здравје Ж

СОЗШУ „Ѓорче Петров“ - Кавадарци

18

ивееме во 21 век, софистицирано време каде што доминира цивилизациски поредок. Човечкиот ум ги бележи своите брилијантни достигнувања. Развојот на науката и техниката зема широк замав. Ќе резимираме неколку зборови со кои би го опишале штетното влијание на цигарите врз човечкиот организам. Канцерогените материи што ги содржат цигарите делуваат со разорно дејство врз нашиот организам. Чадот од цигарите, високиот крвен притисок и недостатокот од физичка активност се главните причини за срцев удар. Луѓето кои пушат се двапати повеќе изложени на ризик од срцев удар отколку оние кои не пушат. Колку порано започнуваме со пушење толку повеќе се зголемува и опасноста за нашето здравје во иднина. Говори фактот дека никотинот владее со мозокот што е една од причините што љубителите на цигари не можат да се откажат од овој порок. Цигарите претставуваат легална дрога која што може да се најде на секој киоск во градот. Докажано е дека цигарата не содржи ниту една корисна супстанца. Најновите истражувања докажуваат дека цигарата содржи и повеќе од 10.000 штетни состојки како што се чад, смола, катран... Пасивното пушење исто така создава и низа на разни болести. Затоа доколку се решиме за апстиненција во врска со цигарите, неопходна ни е енормна и цврста волја, која ќе резултира со поволен исход. Животот е едноставен, но поради деструктивноста на нашиот морал ние го правиме да биде комплексен. АНКЕТА Дарко Коцев III-3 1.Дали сте активен пушач на цигари? а)Да б)Не в)Пушев, но се откажав 2.Дали мислите дека цигарите се штетни за вас? а)Да б)Не в)Не знам! г)Можеби 3.Од која возраст почнавте да пушите? а)12-15 б)16-20 в)21-25 г)не пушам 4. Колку кутии цигари пушите дневно? а)1-2 б)2-3 в)може и повеќе 5. Дали планирате да се откажете од цигарите? а) Не б) Да (Размислете, заокружете и откажете се)

Стоп за пушењето

Валентина Дубравац I-5


Рецензија: „Аватар“

In Medias Res

А

ватар е епски научно-фантастичен филм на режисерот Џејмс Камерон. Со буџетот во износ од 237 милиони долари, спаѓа во најскапите филмски проекти на сите времиња. На својата премиера, Аватар заработи од продажбата на картите милиони долари, соборувајќи ги сите рекорди за еден оригинален филм. Филмот достигнува рекордна гледаност и огромна заработка, влегувајќи во листата на најпрофитабилни филмови некогаш снимени.

Но, најскандалозната тема во Аватар е токму главниот лик, младиот хендикепиран Американец Џејк Сали, кој го игра Сем Вортингтон. Пред да им објават војна на племето Нејви, луѓето го испраќаат Сали на планетата (во облик на син аватар), со последна надеж дека ќе пронајде дипломатско решение. Но, на големо изненадување, тој станува еден од нив - сочувствувајќи со нивната мака, решава да ги предводи во борбата против луѓето од Земјата. Ваквото одвивање на дејствата го наметнува познатиот американски концепт: староседелците Нејви, во филмот, имаат потреба од белиот човек да ги спаси, бидејќи како малку развиена раса, не се доволно интелигентни и не се доволно јаки за да им се спротивстават на непријателите. Со други зборови, сиромашните беспомошни жители, немаат друго решение освен да му веруваат на принципиелниот бел човек кој ќе ги избави од неволја. Сините благородни суштества многу потсетуваат на Индијанците кои беа на сличен начин протерани од нивното вековно живеалиште, а ова е уште едно миење на совеста на „доминантната“, раса за сторените дела во минатото.

Аватар

СОЗШУ „Ѓорче Петров“ - Кавадарци

Верувам дека нема некој кој не го гледал овој филм, но сепак еве ја кратката содржина онака како што јас ја видов: - Група на користољубиви луѓе од Земјата ја колонизира далечната планета, која се вика Пандора, со цел да извади огромни количества на скапоцени минерали. Локалните жители на планетата Пандора- високи, сини вонземјани наречени Нејви, живеат на површина којашто е наменета за експлоатација. Тие не сакаат да се преселат, па затоа луѓето ги напаѓаат.



In Medias Res