Page 1

Информации од E n terprise E ur o p e N e t w o r k Број 02/2017

АКТУЕЛНОСТИ

ПОНУДИ ЗА СОРАБОТКА

УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

Enterprise Europe Network во Македонија во Македонија, продолжува со истото темпо на излегување на е-билтенот, за поефективно запознавање на нашите читатели со најновите понуди и барања за соработка во доменот на бизнисот, технологиите и иновациите.


Актуелности

4TH INTERNATIONAL B2B SOFTWARE DAYS 25-26 АПРИЛ, ВИЕНА, АВСТРИЈА

Б

идете дел од обраќањето и слушнете ги презентациите на светски познатите спикери од

Sand Hill Angels, Atos Centers of Excellence and Innovation, Red Hat и Think Tank ETH Zürich.

ЗОШТО ДА УЧЕСТВУВАТЕ? - Можност да се презентирате пред австриски инвеститори

ШТО НУДИМЕ? Учеството на настанот не се наплаќа КРАЕН РОК ЗА РЕГИСТРАЦИЈА :

Сите фирми кои ќе се регистрираат до 28 февруари ќе бидат земени предвид да бидат едни од 30те фирми кои ќе имаат можност да се презентираат пред бизнис ангели од Австрија. - Б2Б состаноци

Краен рок за регистрација - 18 април Повеќе детали за начинот на аплицирање има на следниов линк: https://www.b2match.eu/softwaredays2017

Закажете состаноци со интернационални фирми за потенцијана соработка. Настанот секоја година е посетен од над 500 фирми кои се во потрага по меѓународни партнерства.

Контакт лице: Александар Филипоски aleksandar.filiposki@yes.org.mk 02 3108 891

Net een.mk

22


Понуди за соработка

БЕЛГИСКА КОМПАНИЈА ИМА ПОТРЕБА ОД СЕНЗОРИ ЗА МЕРЕЊЕ КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХ

Опис: Белгиска компанија има потреба од сензори за прецизно мерење на квалитетот на воздухот во домовите или канцелариите, по можност во комбинација со алгоритми за машинско учење со цел давање препораки за корективни мерки за оптимизирање на квалитетот на воздухот. Компанијата е во потрага по индустриски партнери со сензори кои овозможуваат мерење на квалитетот на воздухот и даваат приказ на учеството на алергени, ПМ 2.5, испарливи органски соединенија и др. во приватни домови, згради и канцеларии. Сензорите треба прецизно и во реално време да ги мерат клучните компоненти на воздухот во затворени простории согласно насоките на Светската здравствена организација. Исто така, сензорите треба да бидат во комбинација со алгоритми за машинско учење со цел обработка на податоци и да давње препораки за оптимизирање на квалитетот на воздухот. Компанијата не е заинтересирана за развој на решението или за продажба. Посакуван тип на соработка е техничка соработка за доусовршување на постоечкото решение и/или користење на готово решение преку договор за лиценца. Контакт: – Александар Филипоски — aleksandar.filiposki@yes.org.mk)

Референтен број: TRBE20170120001 Земја: Белгија

Net een.mk

33


Успешни приказни

ШВЕДСКА КОМПАНИЈА СЕ ПРОШИРУВА ВО БУГАРИЈА СО ЕКСПЕРТСКА ПОМОШ ОД ENTERPRISE EUROPE NETWORK

Мала компанија од Шведска прави индустриска контрола и тестирање на системи во рамките на различни сектори – од преработка на храна и пијалаци до здравствена заштита и пакување на хартии. Со желба да формира подружница во Бугарија, претставник од фирмата стапил во контакт со канцеларијата на Enterprise Europe Network за да добие експертска помош за меѓународно проширување на бизнисот. Во Шведска, советникот од мрежата Enterprise Europe Network работел со компанијата за целосно да ги сфати нејзините потреби и побарувања. За таа цел, тој ја поврзал компанијата со неговиот колега од Русе, Бугарија и заедно организирале настан - Компаниска мисија за оваа фирма од Шведска. Оваа мисија вклучувала состаноци со претставниците на локалните компании, локалните власти како и со Универзитетот во Русе кој е специјализиран во таа дејност. Целата ангажираност на крајот се исплатела со тоа што Шведската компанија започнала производство во Бугарија каде има и своја подружница. Основачот на компанијата од Шведска рекол: „Ние имаме да кажеме само доби работи за Enterprise Europe Network. Благодарејќи на одличната услуга и поддршка, ние сега имаме претставништво во нова земја“.

Net een.mk

44


Успешни приказни

ГРАДЕЊЕ НА ЕКОЛОШКА ИДНИНА Една компанија од централна Романија дизајнира и гради дрвени куќи. Претставникот од оваа компанија имал голема амбиција да го прошири својот бизнис и бил подготвен да ги искористи можностите понудени од страна на новите технологии за подобрување на неговите куќи и проширување на својот пазар. Тој се обратил на локалната канцеларија на Enterprise Europe Network за помош. По средбата, советникот од Enterprise Europe Network го поканил претставникот на романската компанија на меѓународен настан за енергија. Овој настан бил подржан и од Enterprise Europe Network од Унгарија. Претставнкот на романската компанија рекол: „Бидејќи нема други мрежи во мојата област за поддршка на мали и средни компании за интернационализација, Enterprise Europe Network е навистина единствена“. За време на настанот, тие се споиле со еден унгарски претприемач кој градел и промовирал еколошки куќи со решенија за обновливи извори на енергија како соларни панели и генератори за ветар кои целосно ги обезбедуваат потребите за енергија во куќата. Не долго по нивната прва средба, претставниците од двете компании се согласиле да ги споделат своите технологии и стручност во конструкција на еколошки куќи. Денес, благодарение на оваа средба, тие имаат пристап до целосно нови пазари со иновативно решение за станбена зграда која ги интегрира современите технологии за снимање на зелена енергија со извори на биомаса за изолација на ѕид. Двајцата гледаат светла иднина за себе и велат дека ќе ја препорачаат мрежата Enterprise Europe Network на други претприемачи. „Најдов нов партнер со нови идеи кој ќе ми направи мојот бизнис да расте...го должам овој чекор на мојот советник до Enterprise Europe Network кој знаеше како да ги донесе вистинските луѓе на вистинското место во вистинското време“ – рече претставникот од компанијата од Романија.

Net een.mk

55


www.een.mk info@een.mk facebook.com/eiicm twitter.com/eenmk issuu.com/eenmk Тел: +389 (0)2 3293 204 Факс:+389 (0)2 3293 202

Net een.mk

6


7

EEN-MK e-vesnik 2017/02  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you