Issuu on Google+

Lesson Челик ПРСТЕНЧЕ И

Наставен предмет Математика и Ликовно образование

I Одделение Време за реализација Два часа

Методи

ИКТ

Игра,демонстартивна и илустративна метода, разговори практична работа

Power Point, Paint

ЦЕЛИ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПОСТИГНАТ:    

 

Усвојување на математички поими и представи ( отворена и затворена линија, внатре-надвор-на ) неопходни за понатамошно математичко образование Практична примена на усвоени математички знаења и практични вештини во секојдневниот живот Доживување на математиката како пријатно искуство Воведување во примена на ИКТ со користење на алатките за цртање обојување и влечење во Power Point и Paint со цел користење на технологија при процесот на утврдување на стекнати знаења и креативно изразување Стекнување навики за прифаќање правила и нивно почитување како предуслов за соработка и создфавање позитивна работна клима Цртање разни видови линии со нестандардни ликовни материјали на нестандардни подлоги


ВОВЕД ВО АКТИВНОСТА Цртање отворени и затворени линии на асфалт со помош на шишиња полни со вода на кои претходно сме направиле мали отвори. За време на оваа актривност учениците ја покажуваат својата креативност и соработуваат. Линијата што ја нацртало едно дете ја затвора неговот другарче и ја именува како затворена. Наставникот покажува лични примери и активно учествува во ова учење низ игра.

ЗАДАЧИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ:         

Учениците седнуваат во круг со своите столчиња Со своите раце формираат затворена линија и ја играат играта “Дома -Надвор” Запознавање со правилата на играта преку раскажување на првачето Евгенија Играње на играта Играње на играта во училишниот двор Составување круг затворена линија со пластичен дидактички материјал (групна работа) Вежбање внатре-надвор-на линија Претставување отворени и затворени линии со вуница Работа во парови и примена на ИКТ со два типа задачи 1. Составување на прстенче со влечење на делови поставени на слајд во Power Point презентација 2. Затворање и обојување затворени линии во Paint


ПРОЦЕС: Активностите ги започнуваме седнати на столчина во круг и со подавање на рацете ја затвораме и затвараме линијата дидека едно од децата според инструкциите на наставникот застанува внатре и надвор од затворената линија. За да виде поинтересно внатрешноста од линијата направена од нашите раце ја именуваме како “Дома” а надворешноста “оди надвор”. Потоа играме игровни ситуации од типот – оди надвор да ми донесеш камче – влези дома да јадеш – излези надвор да купиш леб... Со правилата на играта прстенче не запознава првачето Евгенија кој ја научило играта од својата баба. За играње е потребно прстенче скриено помеѓу дланките. Дететео во кое се наоѓа прстенчето поминува по ред кај сите дечиња и внимава да не се примети каде го испуштил прстенчето. Потоа децата погодуваат додека не откријат и така го добиваме новиот играч. Потоа играта се игра и на блиската ливада во дворот на училиштето. Потоа учениците во работната просторија добиваат задача преку групна соработка да состават затворена линија од платичен дидактички материјал. Штом е линијата спремна постапуваат според инструкции на наставникот и скокаат внатре-надвор-на линија. Со вуница и лепило представуваат отворени и затворени линии во кои според вербални инструкции на наставникот поставуваат математички плочки. Следува работа во парови со примена на ИКТ со два типа на задачи 1. Составување на прстенче со влечење на делови поставени на слајд во Power Point презентација 2. Затворање и обојување затворени линии во Paint Изработките се снимаат како слики и се ставаат во папките со електронски изработки на учениците.

ЗАКЛУЧОК: Учениците вежбаа претставување отворени и затворени линии и поставување внатре-надвор-на линијата.Практично применуваа математички знаења.Усвојуваа и почитуваа правила на нова игра .Ги користеа алатките за цртање и обојување во Power Point и Paint со што компјутерот е доживеан како интересен инструмент за утврдување на знаење и постигнати цели .


ДЕЛ ЗА НАСТАВНИКОТ: Играта не бара голем простор за игра,нити посебни реквизити и обележан простор со што е лесна за често изведување. Освен реализираниот пример за наставна примена на играта ПРСТЕНЧЕ ,истата е погодна и за примена за време на утринските средби или како реагенс за време на паузите помегу работни активнсти кои го оптеретиле ученикот.

ОБРАЗОВЕН ЛИНК Со додавање правила и задолженијана оној кај кого се наога прстенчето играта може да се прилагоди за постигање на различни цели од наставната програма за повеке наставни предмети во прво одделение. Пример-Додека играчот со прстенчето го врти кругот може да добие задача да каже по една реченицасо која би го опишал другарчето кај кое поминува.Може да пее песна или да рецитира стихотворба кој треба да се утврди. Детето кај кое сега паднало прстенчето и кое сега ке биде новио играч на средината може да добие задача најпрвин да извлекува прашање од дадена наставна содржина по ЗО или Математика како услов да ја продолжи играта. По предметот Математика со помош на повеке прстенчиња може да се врши нивно класифицирање по големина и ширина(по еден или два признаци).Со помош на прстнче може да се исцртуваат кружни форми како замена за линијар и да се прават шари со нив. ПРСТЕНЧЕ НА КОМПЈУТЕР Учениците од прво одделение играта можат да ја илустрираат во Paint,да составуваат прстенче со влечење на поставени форми во Word . Moжат да подредуваат прстени во растечка или опагачка низа(истите поставени во Word работен лист подготвен од наставникот.) Можат да учествуваат во давање на свои идеи и предлози за изгледот на видео клип избор на музика и усно креирање на текст кој би стоел како појаснување на видео записот додека наставникот го составува видео клип во Windows Live Moviemaker.

Преку Skype може да контактираат со ученици од други училишта при што би се реализирала наставна содржина – Раскажување доживувања

наставник Весела Богдановиќ


Prstence