Page 1

ОУ Кочо Рацин с.Ивањевци

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ за прво одделение наставник-Весела Богдановик

МЕСТОТО ВО КОЕ ЖИВЕАМ И МОЈОТ ДОМ

                                        

ноември-декември 2011/2012


ЦЕЛИ ПО ПРЕДМЕТИ

ЦЕЛИ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Да се поттикнува на разликување и изговарање на гласовите правилно во различна местоположба;да се вежба понење преку интерперетација на стихови и кратки драмски дела прилагодени за возраста во кои со радост ке учествуваат;да води слободен разговор со други лица и да ги развива основните начела на мегусебно договарање,разбирање и одговарање;да слуша истрајно и да разбира туѓ говор;

да се воведе во медиумска култура;да открива и доживува елементи на литературните творби и умее да извлече поука-порака;да умее да твори стихови и кратки текстови со помош на наставникот;да раскажува тестови по серија слики;да стекне навики за правилно користење на телефон и водење културен телефонски разговор;да се навикнува на користење на списанија и енциклопедии како извори на знаење.

                                                                                    


ЦЕЛИ ПО ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА Да разликува и препознава листопадни и зимзелени дрвја;домашни и шумски животни и користа од нив;

да ги знае карактеристиките на местото во кое живее-разлики село-град,разлики во животот и работата на населението според местото на живеење,професии,предности и недостатоци,поважни објекти,обележја на нашата татковина;празници семејни и државни;

                

                         

Да се развива почит кон членовите на своето потесно и пошироко семејство и да


се продлабочи чувството на семејна припадност;да ги знае и прифака правилата и обврските на членовите на семејството,взаемно помагање;семејни празници;

                             да умее да го штити своето здравје и правилно и здраво да се храни;

                        да умее да користи облека соодветна на годишното време и временските услови;да научи како може да го користи своето слободно времe; да ги знае карактеристките на годишно време зима и метеоролошките појави во зима како и да учествува во кратки истражувња ;

                

да се запознае со животните кои живеат на Северен пол како и воопшто живеалиштата некогаш и денес и да го сфати значењето на енциклопедиите и


компјутерт како извори на знаења .

ЦЕЛИ ПО МАТЕМАТИКА Стекнување и утврдување на претставите за поимите. Воочување на положба на предметите,проценка блиску-далеку;воочување на мегусебна положба на предметите;споредување,редење низи;класифицирање по еден и два признаци,воочување на предмети според релативноста на некој предмет или објект спореден со два други сродни;решавање танграми,сложувалки,лавиринти и едноставни проблемски ситуации;работа со задачи зададени на компјутер.

                            

                      

ЦЕЛИ ПО ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ Вежби за правилен развој на телото и мускулите како и за отклонување на лесни телесни деформитети-кифоза сколиоза;Развој на ситна мускулатура;залет,затрчување и увежбување на изведување на природни форми на движења;разни видови скокања,правилен доскок со амортизирање;скок во нисочина и далечина;одење во такт на музика и танцување во ритм и по дадена кореографија со развој на сопствена креативност;лазења,провлекувања,дигање и правилно изведување на штафетни игри;оспособување за тимска работа,помагање и договарање;зајакнување и унапредување на здравјето.


ПО МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ

ЦЕЛИ

Да пее песни различни по карактер и содржина;со разновидна ритмичко-мелодиска линија;да се оспособува за активно слушање музика;да усвојува движења во музичко-ритмички активности;запознавње на своето тело како инструмент;запознавање со некои детски музички интрументи ,изработка и свирење на нив.

                                                  ЦЕЛИ ПО ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ Да се поттикене на поцелосно ликовно изразување на преметите и објектите;сигурност и прецизност на раката;да се поттикнува и развива креативноста и фантазијата при цртање,сликање,обликување,моделирање со стандардни и природни матријали и комбинирање на истите;да умее да врши реална проценка на сопствен и туѓ труд;да се воспитува истрајност;да умеат да користат ИКТ во ликовното изразување.


тематско планирање-месото во кое живеам и мојот дом  

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ за прво одделение ноември-декември 2011/2012 наставник- Весела Богдановик ОУ Кочо Рацин с.Ивањевци ЦЕЛИ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗ...

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you