Page 1

ОПЕРАТИВЕН ПЛАН ЗА НАСТАВЕН ЧАС ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК УЧИЛИШТЕ ДАТУМ НАСТАВНИК ОДДЕЛЕНИЕ ТЕМА ИНТЕГРАЦИЈА СО НАСТАВНИ ПРЕДМЕТИ НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ НАСТАВНА СОДРЖИНА

ООУ,, ДАМЕ ГРУЕВ“ - ГРАДСКО 07. 12 . 2010 година ВЕРА ТРЧКОВА

Трето - IIIб Мојот роден крај Македонски јазик, Математика Македонски јазик Обработка на басна ,, Неблагодарна свиња“

 Да ја научат содржината на басната, правилно да ја читаат, да го збогатат речникот со нови зборови и да се оспособат за определување на содржинска структура на текстот. ОРГАНИЗАЦИОНИ Фронтална, групна

КОНКРЕТНА ЦЕЛ

ФОРМИ НА РАБОТА НАСТАВНИ МЕТОДИ И ТЕХНИКИ НАСТАВНИ СРЕДСТВА

СЛЕДЕЊЕ И ОЦЕНУВАЊЕ

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

Воведна активност

Разговор, демонстративна, текст метода, објаснување, презентирање, техника Крстозбор Учебник, работен лист, прибор за цртање и пишување, апликации за расположение, чек – листа за оценување на групите. Ја следам работата на учениците во групите и нивното презентирање и формирам мислење кое го забележувам во чек – листа. Да умеат да читаат изразно, да определуваат содржинска структура на текстот. ТЕК НА АКТИВНОСТИТЕ Учениците ги делам во три групи. Секоја група добива крстозбор. Со решавање на крстозборот се добива поимот басна. Како се вика човекот кој пишува басни? Дали се сеќавате на некои басни? Им го истакнувам на табла насловот на басната,, Неблагодарна свиња“ од најголемиот светски баснописец


Езоп.

Учечко – поучувачка активност

Евалуативна активност

Изразно им ја читам басната. Обавувам краток разговор за прочитаното: За што се зборува во басната? Што се кажува во неа? Какво чувство побуди кај вас? Како се претставени дабот и свињата во басната? Што е басна? Еден ученик ја чита басната, а потоа разговараме по прашања. Влечат броеви од 1 до 4 и ги одредувам групите. Секоја група добива работен лист со упатство за работа. Прва група: Да одговорат на прашањата. Втора група: Со заокружување да определат: тема, место , време на настан и ликови. Трета група: Измешаните главни мисли да ги подредат по редослед според раскажувачките целини и да ги запишат на линиите. Четврта група: Да се илустрира секој дел од басната, да се исече напишаната главна мисла од листот и да се залепи кај илустрацијата. На еден ученик му давам диференцирана задача – Да илустрира што најмногу и се допаднало од басната. Следи презентација на групите , a потоа извлекување на поука, која се запишува во тој момент. Поука: Да се грижиме и да ја чуваме природата. Се утврдува расположението на учениците на часот со помош на апликации со различно расположение.

Оперативен план за наставен час по македонски јазик -  

ООУ,, ДАМЕ ГРУЕВ“ - ГРАДСКО Македонски јазик, Математика Ја следам работата на учениците во групите и нивното презентирање и формирам мислењ...

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you