Issuu on Google+

LessonКИБРИТЧЕТО-БУКВАРКО Lesson Челик Наставен предмет

I Одделение

Математика, Македонски

Време за реализација Два часа

Методи

ИКТ

Игра,игра на улоги,демонстрација,илустративна метода,практична работа

Microsoft Office Word, Microsoft One Note, Windows media player

ЦЕЛИ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПОСТИГНАТ:         

Визуелно препознавање од македонското кирилско писмо Препознавање “читање ” на своето име Именување на првата и последна буква од напишан збор Оспособување за визуелно препознавање “читање ” на цели зборови имиња на предмети поставени како апликации во One Note апликација на Microsoft Office Составување на зборови како целина од букви со цел стекнување на претстава за составот на зборовите и улогата на секоја буква како дел од целината-збор Бележење на поени во табела на Microsoft Office Word Проценка на бодовна состојба и прогласување на победник Стекнување претстава за различни извори за учење (интернет, видео клипови, енциклопедија) Визуелно препознавање составување и читање зборови во One Note апликација


ВОВЕД ВО АКТИВНОСТ Воведната активност се изведува на отворено. Со помош на компјутер ја слушаат и пеат песната “Бушава азбука”. Посебно ги радува тоа што компјутерот е надвор заедно со нас каде се забавуваме и учиме сонегова помош. По примерот на актерите од видео записот на серијата “Бушава азбука” кој го гледаме преку Windows media player учениците се обидуваат и самите да креираат букви во парови со спојување на рачиња и свиткување на своите тела.

ЗАДАЧИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ:           

Пеење на песната Бушава азбука со помош на компјутер Разгледување на книгата Бушава азбука и именување на буквите во неа Играње на играта на бивата, на буквата... Препознавање на сопствените имиња напишани на писма Кажување на првата и последната буква од своето име Составување на своето име од букви скриени во писмо Игра: што би било во името ако се избрише буквата... Играње на играта кибритче со именување на буквата каде што паднало кибритчето и кажување на предмети на таа буква Бележење на поени во Word табела Пребројување на поени и прогласување на победник Визуелно препознавање, составување и читање на зборови во One Note апликација

РЕСУРСИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ:

http://www.youtube.com/watch?v=1To_P7kwsds


ПРОЦЕС:

Ученици ја разгледуваат книгата Бушава азбука и ги именуваат буквите. Наставникот ги потикнува да кажуваат на што ги потсетува секоја буква и да кажуваат предмети кои започнуваат со неа. Преку ненаметливо следење на играта и дискусиите на учениците наставникот стекнува представа кој ученик кои букви ги препознава а кои претставуваат потешкотија. Следува препознавање на имињата напишани на посебни писма. Учениците добиваат задача секој да го пронајде писмото со своет име а потоа да ја именува првата буква и да го каже бројот на букви во неговото име. Во писмата се наоѓаат буквите од името па учениците имаат задача да ги состават. Играме: што би било ако во името Цане се избрише буквата Ц... и слични примери за да се воочи значењето на секоја буква како дел од целината. Заостварување на целите на овој час наставникот ја прилагоди играта кибритче со тоа што ја играме на следниот начин: На маса се поставени листови во бои на кои на секој посебно е испишано по една буква. Се договараме да играме по ред а поените да ги бележиме во подгорвена табела во Word на малиот лаптоп. Играчот го шутка кибритчето поставено на крајот на масата, именува буква каде што паднало кибричето, кажува предмет на таа буква и добива поени според бројот на точни одговори. Така играат сите ученици во повеќе круга. На крајот се бројат поените и се прогласува победник. Следува визуелно препознавање, составување и “читање” зборови со користење на One Note апликацијата подготвена од страна на наставникот. На посебни страни поставени се апликации од омилени предмети – децата го именуваат предметот на сликата пронаоѓаат на кое место на страна е напишан зборот, од измешаните букви ги одбираат соодветните и на исцртаната линија го пишуваат повторно зборот со составување на буквите (прилог број 2).


ЗАКЛУЧОК: Учениците ги утврдија своите знаења за големите печатни букви од македонското печатно писмо, ги препознаваа и читаа своите имиња. Стекнаа представа за составот на зборовите и улогата на секоја буква во зборот. Препознаваа составуваа и читаа зборови во One Note апликација но бележеа поени во Word табела.

ЗА НАСТАВНИКОТ За играње на играта кибритче потребно е замо едно кибритче и небара специален простор нити исцртување на терени за игра што ја прави погодна за честа примена. Преку оваа игра наставникот добива можност да ги провери знаењата на учениците на сосема неприметлив начин и да изврши проценка за постигањата на секое дете поединечно без да биде детето ставено во позиција да биде уплашено како за време на испитување. ОБРАЗОВЕН ЛИНК Играта кибритче во прво одделение може да биде применета за остварување на различни цели по повеќе наставани предмети доколку се прилагоди соодветно. Истата игра на оваа возраст покажа одлични резултати при реализирање на цели од предметитие Макеконски јазик и Математика а детален увид од тие активности можете да проследите на следниов линк:

http://www.youtube.com/watch?v=3IPDgM-ro3g

КИБРИТЧЕ НА КОМПЈУТЕР Учениците од прво одделение може да ги цртаат своите впечатоци од играта во Paint да обојуваат букви и да ги печатат со помош на наставникот. Можат да пишуваат кратки електронски писма и да ги испраќаат преку електронска пошта со помош на мученициментори. Можат да бележат поени вo Word или Exel табела за време на играта. Преку Skype може да ги споделуваат правилата на игра со другарчиња од други училишта.

наставник Весела Богдановиќ


ПРИЛОГ БРОЈ 1 Детален опис на основната игра

КИБРИТЧЕ Во студените зимски денови кога надвор било многу ладно, децата дома ја играле играта кибритче. Во оваа игра можат да учествуваат повеќе деца. Потребен материјал: - Празно кутивче од кибритче со напишани броеви на секоја страна; - Маса за играње; - Тетратка и молив за запишување на точните одговори. Правила на играта: Децата седнуваат околу масата. Се договараат со извлекување на подолго и пократко стапче од кибритче каков ќе биде редоследот на учесниците во играта. Првиот играч го поставува кибритчето на работ на масата, но половина кибритче лежи на масата, а другата половина не лежи. Ученикот го свиткува палецот и показалецот како кога игра џамлии. Го удира кибритчето во делот кој не лежи на масата за да летне во воздух превртувајќи го неколку пати. Тоа паѓа на страна на која пишува некој број. Тој број се запаметува и играта започнува со собирање на секој нареден број што следниот ученик ќе го заврти со кибритчето, или множење или одземање во зависност која е целта на часот. Секој точен одговор се забележува во тетратка и победува оној ученик кој ќе има најмногу точни одговори.


ПРИЛОГ БРОЈ 2



Kibritceto Bukvarko