Page 35

Како што повеќето од луѓето не се сеќаваат на нивните соништа или се сеќаваат само накратко по будењето тоа е често заборавена тема. Но понекогаш и не е. Кога сонуваме нешто навистина возбудливо обично не го заборавиме еден подолг период и останува во нашата свест за споделување и испитување. Но, како што ова мене не ми се случува толку често, обично ги запишувам моите соништа веднаш штом се разбудам. Само колку да запаметам. Токму затоа и ми беше полесно да станам, бидејќи бев на некој начин принуден да го грабнам пенкалото и да пишувам. А ова движење го прогонува спиењето многу. Но што е сонот и зошто сонуваме? Раната теорија на Сигмунд Фројд за соништата сугерира дека соништата се манифестации на нашите најдлабоки желби, мотивации и стравови кои често се поврзани со раните спомени од детството или опсесии. Други теории ги поврзуваат соништа со нашата меморија и дневната рутинска консолидација, како и механизмот за справување кој ни помага да ги решиме нашите свесен прашања во потсвеста. Теории има многу, истражувачите се активни, но сеуште остануваат многу повеќе прашања во областа на истражување

на соништата отколку одговори (патем - оваа научна студија на соништата се нарекува „oneirology “). Сепак, уште еден пресврт во врска со описите на сонувањето што ми се чинеше интересно, беше дека соништата можат да се користат како исполнување на желби. Точно е дека соништата се речиси секогаш многу егоцентрични и главна личност во нив е сонувачот. И како нема ништо невозможно во соништата - зошто да не уживате во убавите како реална симулација паралелна со нашиот реален живот. Иако најчесто не сме во можност да ги контролираме случувањата во нашите соништа , постои исто така и исклучок . Во т.н. луцидно сонување, сонувачот е самосвесен и може да влијае на настаните во сонот и да го живее сонот преку реализација на своето сонување. Колку е само е кул тоа? Но ова обично се случува во моментот кога се будите и сонот не е толку отпорен. Колку од сето ова сте искусиле вие? Дали воопшто ги паметите вашите соништа? Можеби кај некои ова ќе предизвика натамошно размислување за сонувањето и ќе им посвети поголемо внимание на овие работи кои понекогаш, генерално, можат да ни помогнат да се разбереме себе си подобро .

Profile for Volunteers Centre Skopje: VOICES

VOICES SEPTEMBER  

WHAT HAVE YOU DREAMED ABOUT LAST NIGHT? This is one of the questions that we are asking in new issue of VOICES magazines prepared by local a...

VOICES SEPTEMBER  

WHAT HAVE YOU DREAMED ABOUT LAST NIGHT? This is one of the questions that we are asking in new issue of VOICES magazines prepared by local a...

Profile for vcsvoices
Advertisement