Page 1

Volunteers Centre Skopje Волонтерски Центар Скопје

2014 Annual Report Годишен извештај


About us “Volunteers Centre Skopje� is a non-governmental youth organization created in 2005 by former EVS volunteers. The main goal of the organization is to give non-formal educational possibilities to the young people, in different fields, in local and international level; to promote the idea of volunteerism and to connect young people without reference to their nationality, religion, political, economical or social status. We are putting effort to develop a multicultural civil society, to reinforce the existing democratic structure, to enhance the affirmation of young people through their individual abilities and skills, and to connect the young people with the purpose of their closer cooperation.

Our vision Volunteer Centre Skopje acts as a recognized and influential actor and partner in society that offers equal opportunities and approaches to improve the living standards of young people.

Our mission VCS Skopje is an active provider of information and opportunities for volunteering and nonformal education, both locally and internationally, and has taken an active role in bringing to the use of European funds and programs to youth and their involvement in decision-making and youth information. 2

VCS - 2014 ANNUAL REPORT


За нас „Волонтерски Центар Скопје“ е невладина младинска организација формирана во 2005 година од страна на поранешни ЕВС волонтери. Главната цел на организацијата е да им овозможи неформално образование на младите луѓе во различни области, на локално и интернационално ниво, да се промовира идејата за волонтерството и да се поврзат младите луѓе без оглед на нивната националност, религија, политички, економски или социјален статус. Вложуваме напори за развој на мултикултурно граѓанско општество, да се зајакне постоечката демократска структура, за подобрување на афирмацијата кај младите преку нивните индивидуални способности и вештини, и да се поврзат младите се со цел нивна поголема соработка.

Визија Волонтерски Центар Скопје како активен, признаен и влијателен актер и партнер во општеството кое нуди еднакви можности и пристапи за подобрување на животниот стандард на младите луѓе.

Мисија ВЦС Скопје како активен понудувач на информации и можности за волонтерство и неформална едукација, како на локално така и на меѓународно ниво, приближувајќи ги Европските фондови и програми до младите и нивно вклучување во процесите на донесување на одлуки и младинското информирање.

2014 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ - ВЦС

3


Our team - Н Nikola Stankoski Никола Станкоски President Претседател

Gjoko Vukanovski Ѓоко Вукановски Coordinator for EVS and European projects Координатор на ЕВС и Европски проекти

Sanja Stojcheva Сања Стојчева EVS supervisor and project coordinator ЕВС супервизор и проект координатор

Ivana Angjelovska Ивана Анѓеловска Coordinator of the project “Macedonian Model of United Nations” & EVS mentor Координатор на проектот „Македонски Модел на Обединети Нации“ и ЕВС ментор 4

VCS - 2014 ANNUAL REPORT


Нашиот тим Paul Angles Пол Англес

EVS volunteer 2014/2015 editor of VOICES magazine ЕВС волонтер уредник на магазинот ВОИСЕС

Monika Naglova Моника Наглова

EVS volunteer 2014/2015 responsible for text end design ЕВС волонтер одговорна за текст и дизајн

Jacopo Landi Јакопо Ланди

EVS volunteer 2014/2015 responsible for photography ЕВС волонтер одговорен за фотографија

Marko Nemanič Марко Неманиќ

EVS volunteer 2014/2015 social worker ЕВС волонтер социјален работник 2014 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ - ВЦС

5


Erasmus+ Youth in action / Erasmus+ This year ended the Youth in Action Programme, and new one came to its place called ERASMUS+, even though lots of changes were made, still VCS Skopje continued working with the new programme as it was with the old one, so we still organize EVS projects as well as training courses, youth exchanges, seminars etc. Basically the actions stay the same, just there are some improvements in it and here you can read all details about on this link: http://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/documents/erasmusplus-programme-guide_en.pdf

European Voluntary Service Volunteers Centre Skopje is accredited organization for Coordination, Sending and Hosting EVS volunteers. Our reference number is 2012-SI-30. This year – 2014 – we have sent 10 EVS volunteers to Poland, France, Romania, Slovenia, Lithuania, Austria and Bulgaria and we hosted EVS volunteers coming from France (Sonia Barge) and Poland (Paulina Drzal). The main activity for our EVS volunteers is the VOICES magazine and they can choose in what other activities they want to be involved in. 6

VCS - 2014 ANNUAL REPORT


Programme Млади во акција / Еразмус+ Оваа година официјално заврши програмата Млади во Акција, и сосем нова програма дојде на нејзино место, со наслов Еразмус Плус. Иако настанаа одредени промени во програмата, сепак ВЦС Скопје и понатаму продолжува со својата работа во новата програма, исто како и во старата, што значи дека ние и понатаму имплементираме тренинг курсеви, младински размени, семинари и слично. Основно гледано, акциите останаа исти, само има некои подобрувања и на следниов линк можете да прочитате повеќе за новата програма. http://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/documents/erasmus-plus-programme-guide_en.pdf

Европски Волонтерски Сервис Волонтерски Центар Скопје е акредитирана организација за координација, испраќање и прием на ЕВС волонтери, со референтен број на акредитацијата: 2012-SI-30. Во 2014-та, испративме 10 волонтери од Македонија во Полска, Романија, Словенија, Литванија, Австрија и Бугарија и бевме домаќини на 2 ЕВС волонтери од Франција (Соња Барж) и Полска (Паулина Држал). Главна активност на волонтерите на кои бевме/сме домаќини претставува магазинот ВОИСЕС, а исто така волонтерите можат да изберат и други активности во наша имплементација, за дополнување на својот ЕВС проект. 2014 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ - ВЦС

7


ERASMUS+ PROGRAMME

VOICES magazine VOICES magazine is the main activity of our organization and our media. The entire VCS team including local volunteers, even former EVS volunteers are involved in the magazine in which we are divided into several teams for: design, 2 for translation (1 for Albanian language, 1 for Macedonian), writing articles and proofreading. VOICES is called our EVS project as well. The Magazine is published online every month on 3 languages – Macedonian, Albanian and English, and printed every 4th issue. All issues can be found on our web pagewww.vcs.org.mk or http://issuu.com/vcsvoices/docs

8

VCS - 2014 ANNUAL REPORT


ЕРАЗМУС+ ПРОГРАМА

ВОИСЕС магазин ВОИСЕС магазинот претставува главна активност на нашата организација воедно и наш медиум. Целиот тим на ВЦС Скопје, заедно, со локалните и ЕВС волонтери, вклучувајќи ги и поранешните ЕВС волонтери се инволвирани во работата на магазинот, и сме поделени на неколку тимови за: дизајн, два тима за превод (еден тим за превод на македонски и еден тим за превод на Албански јазик) и тим за пишување на статии и проверка на текстовите. ВОИСЕС е насловот и на нашиот ЕВС проект. Магазинот се објавува на месечно ниво и содржи текстови на 3 јазици- македонски, англиски и албански јазик и во принтана верзија може да се најде секое 4-то по ред издание. Сите изданија на нашиот магазин можете да ги најдете на нашата веб страна www.vcs.org.mk, или на http://issuu.com/vcsvoices/docs.

2014 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ - ВЦС

9


ERASMUS+ PROGRAMME

International projects In 2014 VCS gave support and logistic to different youth organization in the field of Youth in Action/Erasmus+ and helped them in organization several Training Courses and Youth Exchanges.

Part of activities at the Youth Exchange

80 young people took part on international training courses and seminars in Romania, Cyprus, France, Belguim, Poland, Albania, Turkey, Bosnia and Herzegovina, Croatia, Malta, Italy, Serbia, Montenegro and on Youth Exchanges in Bulgaria, Russia, Iceland, Albania and Montenegro.

Дел од активностите на младинската

10

VCS - 2014 ANNUAL REPORT


ЕРАЗМУС+ ПРОГРАМА

Меѓународни проекти Во 2014 година, ВЦС Скопје понуди поддршка и логистика на различни младински организации од земјава и странство, при нивната имплементација на проекти (тренинг курсеви и младински размени), во рамките на Млади во Акција/ Еразмус Плус програмата.

e in Razlog, Bulgaria

Повеќе од 80 млади лица, преку партнерствата на ВЦС Скопје со Европа, беа учесници на меѓународни тренинг курсеви во Франција, Белгија, Полска, Албанија, Турција, Босна и Херцеговина, Хрватска, Малта, Италија, Србија, Црна Гора и на младински размени во Бугарија, Русија, Исланд, Албанија и Црна Гора.

размена во Разлог, Бугарија

2014 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ - ВЦС

11


ERASMUS+ PROGRAMME Training course –“NFE: Let the Young People Learn” was realized by Volunteers Centre Skopje from 1st to 10th of March focus non-formal education as a way of empowering and activating young people and providing them an opportunity for developing life skills needed to succeed. NFE: Let the Young People Learn aimed to tackle non-formal education as important feature of YiA Programme with goal to provide experienced youth workers, leaders and newcomers in the field of youth work an give them opportunity to increase their understanding of non-formal education and abilities to use different methods based on non-formal education especially for empowering young people facing social exclusion and its consequences. Within 8 – days training course that included outdoor challenges, simulations, role plays, group works, discussions as theoretical insights 28 participants coming from Azerbaijan, Russia, Moldova, Georgia, Belarus, Kosovo, Bosnia and Herzegovina, Montenegro, Serbia, Italy, Croatia, Slovakia, Estonia, Czech Republic, Malta, Bulgaria, Poland, Romania, Spain and Macedonia had the opportunity to develop their skills (facilitation, communication, team work and leadership) and increase their knowledge about non-formal education and its methods needed when implementing activities that are relevant to needs of disadvantaged groups.

VCS volunteers on Youth Exchange in Russia 12

VCS - 2014 ANNUAL REPORT


ЕРАЗМУС+ ПРОГРАМА Тренинг курс - “NFE: Let the Young People Learn” беше реализиран од страна на Волонтерски Центар Скопје од 1-ви до 10-ти март 2014, со посебен фокус на неформалното образование како алатка за оспособување и активирање на младите луѓе и овозможување да развијат животни вештини кои се неопходни да се успее. “NFE: Let the Young People Learn” беше насочен кон предизвикување на неформалното образование како многу важен сегмент на програмата Млади во Акција, со цел да произведе искусни младински работници, лидери и новодојденци во светот на младинската работа и да им даде прилика да го зголемат своето разбирање, особено за оспособување на младите луѓе кои се борат со социјална маргинализираност и последиците од тоа. Во рамките на 8-дневниот тренинг курс, кој што вклучуваше предивици на отвоен простор, симулациски игри, работа во групи и дискусии како теоретски вовед, 28 учесници од Азербејџан, Русија, Молдавија, Грузија, Белорусија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Италија, Хрватска, Словачка, Естонија, Република Чешка, Малта, Бугарија, полска, Романија, Шпанија и Македонија ја имаа можноста да ги развијат своите вештини (во сферата на фасилитација, комуникација, тимска работа и лидерство) и да го подобрат своето знаење за неформалното образование и методите, кои се потребни при имплементација на активности кои се релевантни за потребите на маргинализираните групи.

Работилница со деца спроведена од страна на учесниците на обуката

2014 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ - ВЦС

13


ERASMUS+ PROGRAMME

Training courses in the framework of the project “Voice of youth”, supported by the UNDP and the Agency for youth and sport of the Republic of MacedoniaIn the end of 2013 and beginning of 2014, VCS organized three training courses for the needs of the project “Voices of youth”. The first training was on the subject of project cycle management, where the beneficiaries were the members of the youth council of the municipality of Gostivar. The other two trainings were on the subject of active citizenship and social entrepreneurship and the beneficiaries were around 25 young people, selected by open add, to be part of the previously named project, aimed to raise the knowledge, skills and competences of the young people, in order to increase their possibility to get proper employment.

Seminar in France for Euro-Mediterranean cooperation, lead by our former EVS volunteer from France - Sarah Bastable (right)

14

VCS - 2014 ANNUAL REPORT


ЕРАЗМУС+ ПРОГРАМА

Тренинг курсеви во рамките на проектот Гласот на младите, поддржан од страна на УНДП и Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија Кон крајот на 2013 и почетокот на 2014 година, ВЦС организираше три обуки за потребите на проектот Гласот на младите. Првата обука беше на тема менаџмент на проектен циклус, на кој што учесници беа членовите на Советот на млади на Општина Гостивар. Другите две обуки беа на тема на социјално претприемништво и активно граѓанство и корисници на овие обуки беа околу 25 млади луѓе, одбрани преку јавен оглас, да бидат дел од проектот кој е насочен кон подобрување на знаењето, вештините и компетенциите на младите луѓе, со цел да се зголемат нивните можности за идно соодветно вработување.

Учесници на обука во Албанија

2014 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ - ВЦС

15


Intercultural collaboration This year, for first time we hosted intern - MS Joanna Kukier, thanks to the University Program of the city of Lublin, Poland on which Joanna studied Balkanistic - journalism, philosophy, cultural study and knowledge about the Balkans. We hosted her during the summer period in our organization and she was our helping hand in our activities as she wanted to learn from us and our work.

And also we hosted 3 volunteers from France Marion MĐ°rtouret, Robin Sarels and Maxime Galasse by the French Civil Service which were engaged for activities with children and organizing humanitarian action for the Day Care center for street children in Shuto Orizari and they succeeded to collect money for vacation in Ohrid for 40 children from the Center thanks to the project launched by the volunteers on the French crowdfunding platform for funding social initiatives> w w w.kisskissbankbank. com.

16

VCS - 2014 ANNUAL REPORT


Меѓународна соработка Оваа година, за првпат бевме домаќини на практикант - Јоана Кукиер, благодарение на универзитетската програма на градот Лублин, Полска, каде што Јоана студира Балканистика- новинарство, филозофија, културни студии и други познавања поврзани со Балканот. Ние и бевме домаќини за време на летото во нашата организација и таа беше нашата помошна рака при имплементацијата на нашите секојдневни активности бидејќи сакаше да учи од нас и нашата работа. Исто така бевме домаќини на тројца волонтери преку Француски Цивилен Сервис кои беа ангажирани на активности со деца од улица и организирање хуманитарни акции за Дневен Центар за деца од улица во Шуто Оризари кои успејаа да обезбедат средства за одмор во Охрид за 40 деца благодарение на проектот преку кој беа собрани средствата за остварување на оваа цел, аплициран на француската платформа за crowdfunding> www.kisskissbankbank.com. Охрид, август 2014, одмор на 40 деца од Дневниот Центар за деца од улица од Шуто Оризари 2014 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ - ВЦС

17


LOCAL ACTIVITIES

Human Library For the second time we successfully organized this unique event. “Reading living books” was encouraged with the feeling of extra curiosity for confronting with our own prejudices, testing our own beliefs, discovering authentic life stories and coming in touch with another reality, which often is rarely visible. As part of the titles of the literature of “living books” there was: Roma, vegan, feminist, disabled person, gay, ex-alcoholic, ex-drug addicted, animal rights activist, guy with Down syndrome, feminist, person with handicap, EVS volunteer, Muslim girl wearing scarf, Jew, blind person, parkour guy and many other “live books” which were available for the interested “readers”.

Mum who brought her daughter to talk with young entrepreneur, groups of students coming from high schools, two friends not knowing what to expect, Peace Corp volunteer in a need for English speaking book – were just some of the 300 visitors who visited 2nd edition of Living Library organized by Volunteers Centre Skopje on 27 November in City Library ‘Braka Miladinovci’.

A group of readers reading one of 18

VCS - 2014 ANNUAL REPORT


ЛОКАЛНИ АКТИВНОСТИ

Жива Библиотека По вторпат, успешно го реализиравме овој уникатен настан. Читањето на живи книги беше инспирирано со чувството на голема љубопитност за конфронтирање со нашите предрасуди, тестирање на нашите верувања, откривањето на автентични животни приказни и стапување во контакт со поинаква реалност, која вообичаено е ретко видлива. Како дел од репертоарот на живи книги, ние оваа година имавме книга: Ром, веган, феминистка, личности со хендикеп, ЕВС волонтер, муслиманка која е забулена, хомосексуалец, поранешен алхохоличар, поранешен корисник на дроги, борец за правата на животните, личност со даунов синдром, слепа личност, паркур момче, Еврејка и други интересни живи книги, кои беа на располагање за читање од страна на заинтересираните читатели. Мајка која ја донесе својата ќерка да разговара со млад претприемач, група на средношколци од локални средни училишта, двајца пријатели кои не знаеја што да очекуваат, волонтер од мировниот корпус во потрага по книга која говори англиски јазик- беа саме дел од околу 300-те посетители кои учествуваа на второто издание на Жива Библиотека, која беше организирана на 27 Ноември од страна на Волонтерски Центар Скопје, во Градската библиотека Браќа Миладиновци, во Скопје.

the books at the Human Library 2014 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ - ВЦС

19


LOCAL ACTIVITIES

Macedonian model of U The realization of the project Macedonian Model of United Nations (MMUN) by U.S. Peace Corps in the implementation of the Coalition of youth organizations SEGA, together with young people from 10 youth (non-governmental) organizations and students from several high schools in various cities of Macedonia. A group of young volunteers from Volunteers Centre Skopje were part of VCS Team on the MMUN along with 100 young activists in teams representing 13 countries - members of the United Nations. Team on VCS consists of 6 volunteers - delegates Jana Gjorgievska, Alexandra Majstorska, Ines Vatic, Todor Tefov, Elena Danova and Alexandra Dumovska. Distributed in different committees - Advice represent global - political and social spheres of the country Brazil.

The main MMUN Conference, 7th June 2014

20

VCS - 2014 ANNUAL REPORT


ЛОКАЛНИ АКТИВНОСТИ

United Nations (MMUN)

Our delegation on MMUN 2014

Through research methods each delegate was tasked to present his committee-council through prepared Position paper on the state of the country’s council Brazil. The documents prepared by delegates were presented on the main MMUN Conference held on 7 June 2014, where together with other delegates was held the Simulation UN General Assembly. Participants - Delegates in the simulation had the opportunity to debate and addressing the global issues affecting the United Nations. Team members VCS participation on this project can be proud of acquired new knowledge, skills and experience in writing resolutions and vote on the preamble, debating and certainly acquire new friendship. Ines Vatic delegate on the VCS Team has taken the title of Best Delegate of the committee that she represented in the Security Council. 2014 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ - ВЦС

21


LOCAL ACTIVITIES

Македонски модел на Об Реализацијата на проектот Македонски Модел на Обединети Нации (ММОН) од страна на Американскиот мировен корпус, во имплементација на Коалиција СЕГА, заедно со лица од 10 здруженија на граѓани и ученици/студенти од неколку средни училишта, од градови и општини ширум републиката. Група на млади волонтери од ВЦС Скопје беше дел од тимот на ВЦС на ММОН, заедно со други стотина активисти поделени во тимови, кои претставуваа 13 држави- членки на ООН. Тимот на ВЦС се состоеше од 6 волонтери/делегати: Јана Ѓорѓиевска, Александра Мајстороска, Инес Ватиќ, Тодор Тефов, Елена Данова и Александра Думовска, кои поделени во различни комитети (советодавна, глобална, репрезентативна, политичка и социјална сфера) ја претставуваа државата Бразил.

Нашата делегација на ММОН 2014

22

VCS - 2014 ANNUAL REPORT


ЛОКАЛНИ АКТИВНОСТИ

бединети Нации (ММОН) Главната ММОН конференција, 7ми јуни 2014

Преку метод на истражување и прибирање на податоци, секој делегат имаше задача да го претстави својот комитет/група преку однапред припремен Позиционен документ за состојбите во државата Бразил. Подготвените документи од страна на делегатите беа презентирани на главната ММОН конференција, која се одржа во Скопје, на 7-ми Јуни 2014 и каде што заедно со другите делегати се направи симулација на Генералното заседание на собранието на ООН. Учесниците/делегатите на симулацијата имаа можност да дебатираат и да ги адресираат глобалните проблеми со кои се засегнати ООН. Претставниците на ВЦС на оваа симулација можат да бидат задоволни со стекнатите знаење, вештини и компетенции во сферата на пишување на резолуции и гласање за преамбулата, дебатирање, како и можноста за остварување на нови пријателства. Инес Ватиќ, делегат на ВЦС Скопје беше избрана за најдобар делегат на комитетот кој го претставуваше Бразил на Советот за безбедност. 2014 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ - ВЦС

23


LOCAL ACTIVITIES

Youth Initiatives Our volunteers realized and/or took part 4 initiatives as part of the activities of the Coalition of organization “National Youth Council”:

1.“Activating Youth

Organization”

in Drachevo from 15/10/2014 till 30/11/2014 2.“Our education

for young people”

in Studenichani from 15/10/2014 till 30/11/2014 3.“Your small contribution means

a lot to other, help yourself, help others”

in Strumica from 15/10/2014 till 30/11/2014. 4.“Youth against violence” in Skopje from 15/10/2014 till 30/11/2014.

24

VCS - 2014 ANNUAL REPORT


ЛОКАЛНИ АКТИВНОСТИ

Младински Иницијативи Нашите волонтери/членови реализираа или беа дел од четири иницијативи, во рамките на активностите на Коалицијата на организации со назив “Национален Младински Совет”: 1. “Активирање на младинска организација”, во Драчево, од 15.10 до 30.11.2014 година. 2. “Наша едукација

за млади луѓе”

во Студеничани, 15.10 до 30.11.2014 година. 3. “Твоето малку е многу за

другите, помогни си себеси, помогни на другите”,

во Струмица, 15.10 до 30.11.2014 година.

4. “Младите против насилството”, во Скопје, 15.10 до 30.11.2014 година.

2014 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ - ВЦС

25


Support for othe Поддршка на др We collaborate and help 2 Centers in Shuto Orizari: the Association for defense of children rights & Day care center for children from street and Center for Social Initiatives “NADEZ” Shuto Orizari in which we held workshops with children, are helping in the humanitarian activities, support them in realization of their projects, we assist them for their EVS accreditation, and recruit local and international volunteers to help them in their daily activities.

26

VCS - 2014 ANNUAL REPORT


er organizations руги здруженија Ние соработуваме и помагаме два центра во Шуто Оризари: Здружението за заштита на правата на детето со Дневен центар за децата од улица и Центарот за социјални инцијативи НАДЕЖ, каде што нашите волонтери организираат работилници со децата, им помагаме при хуманитарни активности, ги поддржуваме во реализацијата на нивните проекти, им асистираме при ЕВС акредитацијата и регрутираме локални и меѓународни волонтери за помагање во нивните активности на дневна основа.

2014 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ - ВЦС

27


SUPPORT FOR OTHER ORGANIZATIONS

Career support

Кариерна поддршка We give support to Career Center at High School ASUC Boro Petrusevski – Skopje, and the Career Center at the High School “Brakja Miladinovci” in Drachevo by providing workshops for pupils (age 14-18), interactive presentations and trainings with aim to develop their soft skills which will help them in their school for learning, in the communication with other pupils, as well interview simulations, how to write CV and motivation letter, how to present themselves, body language, leadership, volunteering vs working, teamwork, personal branding, learning styles, with all these leading to their personal and professional development. Даваме поддршка и на Кариерните центри при АСУЦ Боро Петрушевски од Скопје и средното училиште Браќа Миладиновци, исто така од Скопје, со реализација на работилници наменети за ученици (на возраст од 14-18 години), интерактивни презентации и обуки наменети за развивање на меки вештини кај учениците, со цел да им помогнат при нивното учење, комуникацијата со други соученици, а исто така имплементираме симулации на интервјуа, како да се напише кратка биографија, како да се претстават себеси, работилници за говорот на телото, лидерство, волонтирањето во споредба со работењето, тимска работа, персоналното брендирање, стиловите на учење...Сите овие активности и работилници се наменети за поголем личен и професионален развој на учениците.

28

VCS - 2014 ANNUAL REPORT


ПОДДРШКА НА ДРУГИ ЗДРУЖЕНИЈА

Workshops in High Schools - Работилници во средни училишта

2014 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ - ВЦС

29


Workshop Работилни Every Spring and Autumn we organize workshops and training sessions in our office lead by our staff, EVS volunteers, as well local volunteers on various topics such as: French lessons, communication skills, journalism, time management, intercultural learning, movie nights, creative writing, how to make impressive presentations with PREZI … with main aim to support our young people in their learning process, help them develop their skills they want, motivate them, activate them and transfer knowledge.

Sonia Barge giving free French lessons - EVS volunteer from France in VCS 2013/2014

30

VCS - 2014 ANNUAL REPORT


ps in VCS ици во ВЦС Секоја пролет и есен организираме работилници и обуки во нашиот центар, кои се раководени од страна на нашиот тим и локалните/ меѓународните волонтери, на различни тематики, како што се: часови по француски јазик, комуникациски вештини, новинарство, менаџмент на време, интер-кулурно учење, филмски вечери, креативно пишување, како да се направат импресивни презентации користејќи ја алатката PREZI... Со главна цел да се поддржат други млади луѓе во нивниот процес на учење, да им се даде можност да се стекнат со вештини по нивен избор, да се мотивираат, да се активираат и да им се пренесе одредено знаење.

2014 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ - ВЦС

31


LOCAL ACTIVITIES

Regional office of the Coalition of youth organizations SEGA As regional office and partner of Coalition SEGA, VCS was as well very active in 2014. We continued with the collection of data from local schools and institutions for the needs of the annual alternative for the implementation of the UN Convention for protection of the children’s rights. In September, VCS organized training for writing projects in the framework of the Erasmus Plus Programme. The beneficiaries of the training were representatives from the member organizations of SEGA and high schools with whom the coalition cooperates with, within a program supported by the “Pestalozzi children foundation”. From August till November 2014, VCS Skopje was local coordinator of a project from Coalition SEGA, supported by the City of Skopje. In these 3 months of activities, VCS coordinated the process of creation of student parliament and student council, in the high school “Vasil Antevski- Dren” from Skopje. As coordinator of the regional office, our delegate – Gjoko Vukanovski attended the EU Youth Conference which was held in Thessaloniki, Greece, 11th -13th of March 2014.

32

VCS - 2014 ANNUAL REPORT


ЛОКАЛНИ АКТИВНОСТИ

Регионална канцеларија на Коалицијата на младински организации СЕГА Како регионална канцеларија на Коалицијата СЕГА, ВЦС беше мошне активен и во 2014 година. Ние продолживме со работата на собирање на податоци од локалните училишта и институции, за потребите за изготвување на годишниот извештај за спроведување на Конвенцијата на ООН за заштита на правата на детето. Во септември, ВЦС организираше обука за пишување на проекти во рамките на Еразмус Плус програмата. Корисиници на овој тренинг беа претставници на организациите членки на Коалиција СЕГА и претставници од средни училишта, со кои што коалицијата соработува, во рамките на проекти поддржани од страна на детската фондација Песталоци. Во перидот август-ноември 2014 година, ВЦС Скопје беше локален координатор на проект на Коалиција СЕГА, поддржан од страна на Град Скопје. Во трите месеци на активности, ВЦС го коодинираше процесот на креирање на ученичко собрание и ученички совет, при средното училиште Васил Антевски- Дрен, од Скопје. Како регионален координатор на Коалиција СЕГА, нашиот координатор Ѓоко Вукановски, учествуваше како младински делегат од Македонија на Младинската ЕУ конференција, во Солун, Грција, во периодот 11-13 март.

2014 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ - ВЦС

33


LOCAL ACTIVITIES

ЛОКАЛНИ АКТИВНОСТИ

Developing strategies and youth policy In 2014, VCS was the main coordinator of the creation of two strategies: The local youth strategy for the municipality of Tetovo, 2015-2019 and the Strategy for the preservation of the cultural heritage between the municipalities of Brvenica (Macedonia) and Bilisht (Albania). The first strategy was supported and financed by the UNDP, and the second strategy was created in the framework of IPA project for cross-border cooperation between Macedonia and Albania.

Креирање на стратегии и младински политики Во 2014 година, ВЦС беше главен координатор на креирањето на две стратегии: Локалната младинска стратегија за Општина Тетово, за периодот 2015-2019 година и Стратегија за зачувување на културното наследство помеѓу општините Брвеница (Македонија) и Билишт (Албанија). Првата стратегија беше поддржана и финансирана од страна на УНДП, а втората беше креирана во рамките на ИПА проект за погранична соработка помеѓу Р. Македонија и Р. Албанија.

34

VCS - 2014 ANNUAL REPORT


Join our activities, learn, discover, make new friendships, expand your knowledge, develop your potential, develop your skills and enjoy. See you... Приклучи се на нашите активности, научи нешто ново, истражувај, склопи нови пријателства, прошири ги своите знаења, развиј го својот потенцијал, развиј ги своите вештини и уживај. Се гледаме ... e-mail: vcs_contact@yahoo.com Address/Адреса: Emil Zola 3/2-3, 1000 Скопје tel/fax: +(389) 2 2772-095 www.vcs.org.mk 2014 ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ - ВЦС

Facebook: https://www.facebook.com/vcs.skopje Twitter: @contact_vcs Youtube: https://www.youtube.com/ user/VolunteersCentreSk 35


Profile for Volunteers Centre Skopje: VOICES

VCS Annual report 2014  

What we did in year 2014? What did we organized? What are our achievements? Who is VCS team? What's new? How to contact us and join us? Expl...

VCS Annual report 2014  

What we did in year 2014? What did we organized? What are our achievements? Who is VCS team? What's new? How to contact us and join us? Expl...

Profile for vcsvoices
Advertisement

Recommendations could not be loaded

Recommendations could not be loaded

Recommendations could not be loaded

Recommendations could not be loaded