Page 4

16

ПОНЕДЕЛНИК 20 ЈУЛИ 2009

Љубомир Костовски ога американската јавност на спектакуларен начин се подготвуваше да ја прослави 35-годишнината од првото стапнување на човечка нога на нашиот природен сателит, значи пред пет години, се појавија некои стории кои целосно го расипаа гламурот. Најпрво се појавија мрморења дека космонаутот Нил Армстронг не бил никогаш надвор од орбитата на Земјата и дека, најверојатно, седел заробен во некој воен камп, под силно обезбедување, а дека НАСА само пуштила филм дека некоја нејзина екипа го освојува првиот сосед на небото. Потоа дојдоа и поумерени обвинувања за и околу веродостојноста на она што гледачите тоа утро на 21 јули 1969 година го гледале од малите екрани, наречено инаку - директен пренос од првата прошетка на Армстронг по Месечината. Се појави документарец на Вилијам Карел под наслов „Освојување на Месечината“, кој не оспорува дека на природниот сателит стапнал модулот на експедицијата наречена „Аполо 11“, но дека снимката од тој спектакл е направена претходно и дека не станува збор за никаков директен пренос! Кога се појави тоа остварување, веднаш освои високо признание. Германски продуценти го наградија со ТВ-наградата „Грим прајс“ поради храброста и аргументираноста во соборувањето, условно, на дел од официјалната верзија за експедицијата на „Аполо 11“! Тие настани што се одвивале пред нашите очи, според Карел, се плод на фантазиите на холивудски сценографи, добро платени од властите, кои оделе на ефект на трик-победа во трката со Советите кои веќе биле на прагот да стапнат на правливата почва на нашата Луна.

К

Веќе 40 години траат расправите дека Американците никогаш не стапнале на Месечината и оти тоа било снимено во студијата каде што работел Стенли Кјубрик

За скептиците, спорно е како е направен директен пренос со тогашната телевизиска технологија Пред 35 години, можевме да го видиме овој документарец на сателитскиот канал Дискавери и тоа двапати еднаш за време на прославата, кон крајот на јули 2004 година, а потоа и во август, еден месец потоа. Филмот и кај нас предизвика ментален земјотрес - целата операција на директен пренос на истоварување на американското вселенско летало крај кратерите, кај нас пренесувана преку гласот на познатиот инженер Миливое Југин, да ти била само обично пуштање снимен материјал од видеокасета! Притоа, Карел поаѓа од премисата дека таков пренос, едноставно, технички не бил изводлив. Авторот на документарецот тврди дека она што одеше на малите екрани е снимено во ТВ-студијата на Ем-Џи-Ем во Лондон и тоа како материјал требало да биде американска одмазда за сите оние епизоди од вселенската трка со Советите во кои Москва триумфираше! Ликот на Гагарин, човек кој имаше фигура и насмевка на манекен, зацементиран во свеста на современиците преку прегратката со дебелата сенка на советскиот лидер Хрушчов или гордата прошетка по Црвениот плоштад на Валентина Терешкова со години го засенуваше американскиот поим за водство во модерните технологии. Претседателот Џон Кенеди вети јавно дека САД ќе победат во таа вселенска трка, ставајќи ја цртата токму на површината на Месечината! Значи, победата и, воедно, пресвртот во таа трка морале да бидат доволно убедливи и ефектни за да засенат с` што било претходно на тој план во релацијата со Советите. Оттаму, оние што се сомневаат во вистината дека „Аполо 11“ слетал на Месечината велат дека во НАСА се досетиле однапред да го снимат тој потфат. Чекорењето на Армстронг по правот, потоа сликањето на Олдрин, не смееле да бидат визуелно затемнети од несовршеноста на техниката кога се во прашање преносите на големи далечини. Да не заборавиме дека во тој момент и преносите од далечина на боксерски мечеви на Мухамед Али на Земјата беа со премногу мани, а што ли да се рече за евентуалните проблеми. За таков страв постоеле убедливи причини. Имено, ниту една камера од таа доба (1969 г.) не би можела да одолее на големите температурни разлики, кои на Месечината изнесуваат меѓу цели 150 Целзиусови степени дење и тоа мерени во сенка и минусот од речиси исто толку степени ноќе! Квалитетот на сликата што доаѓа од Месечината, острината, дефинираноста на објектите и другите елементи биле незамисливи со постојната техника на пренос на големи далечини. Оттаму, за скептиците изгледа толку веројатна опцијата дека НАСА не сакала никако да ризикува и комплетниот „пренос“ си го направила долу на Земјата и ни го пуштила од некое видео! Познавачите на техниката на снимање и денес велат дека на минус 80 степени се уништува секаква филмска регистрација на настан, а дека на минус 150 се уништуваат сите батерии за кои знае човековата технологија на нивно производство, односно не би било можно ниту дигитално снимање. Таму горе единствена светлина што стои на располагање на камерманите е сончевата светлина, а при само еден вид светлина не е можно да се има добар контраст, бои и острина на сликата! Посебен момент во таа документарна сторија е стапалото на астронаутот Армстронг - тоа е толку остро, што се гледа секоја шара, вели авторот на документарецот. Тоа не е можно да се направи во реалните услови

За заговорниците дека постои измама еден од главните адути е отпечатокот од стапалото на Армстронг - тоа е толку остро, што се гледа секоја шара. Тоа не било можно да се направи во реалните услови на Месечината

Дали спуштањето е направено во студио? Што друго рече Армстронг на Месечината, а малку се знае за тоа? Малку е познато дека првата реченица што ја кажал Армстронг на Месечината не е онаа „Ова е мал чекор за човекот, а голем исчекор за човештвото“. Вистинската прва реченица е „Среќно, господине Горски“, но таа не е преведена од стручниот штаб преку кој одел преносот - таму реченицата предизвикала конфузија, бидејќи била надвор од договореното сценарио. Тоа „среќно“ се однесувало на соседот од детството на Нил Армстронг (астронаутот стапнал на Месечината кога имал 39 години), кој постојано се карал со сопругата, дури и во присуство на малиот Нил. Во еден момент на таква караница госпоѓа Горски му рекла на мажот дека ќе има секс со неа дури кога ова дете (покажала на Нил) ќе застане на Месечината. За тој момент, во почетокот на 40тите години на минатиот век, ова значело конечна разделба за двојката од заедничката постела. Но, ете, дошло време господинот Горски да ја консумира брачната погодност.

на Месечината. Армстронг имал опрема која со се него тежела 180 килограми, но поради малата гравитација на нашиот природен сателит тој тежел како детуле - имал одвај 30 килограми. Каква трага би оставил тој, а да не бил евентуално кит или слон што легнал на почвата? Таква трага, вели документаристот, едноставно, не е можна на полукаменитата површина. Дилемата околу знаменцето што се виори на Месечината веќе е евергрин-тема за сите скептици околу патувањето на Нил Армстронг и неговите двајца другари. Еден од познатите ТВ-автори и теоретичари - Динко Туцаковиќ, во една дебатна емисија во студиото на белградската државна телевизија, истакна дека таму каде што нема атмосфера нема ниту ветер, а оттаму ниту виорење на каква било ткаенина! Туцаковиќ вели дека во споменатите студија на Ем-ЏиЕм во Лондон во тоа време Кјубрик го снимал филмот „Одисеја 2001“ и дека ги имал потребните реквизити, екипа и мизансцен за да направи таков филм и тоа, според Туцаковиќ, прво го снимил филмот за прошетката на астронаутите на Месечината, што како проект од монтажниот стол излегол под работен наслов „Пореално отколку да сте биле таму“ (!), а потоа си се завртел кон својот авторски проект, според прозата на Артур Кларк. Кјубрик исклучително се разбирал во светлина. Тој ја започнал кариерата како фотограф во „Лајф“, но и во своите проекти секогаш експериментирал со светлината. Историскиот спектакл „Бери Линдон“ е сниман со светлина на свеќа, во некои сцени на „Фул метал џекет“, место во џунглите на Меконг, хероите се „капеле“ во студио (филмот целосно е снимен таму), а тоа навистина не го забележал никој. Кјубрик, наводно, и низ спектаклот за освојувањето на Месечината само докажува дека тој поседува надмоќна визуелна интелигенција.

40 години од стапнувањето на Месечината  

специјален прилог

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you