Page 3

15

ПОНЕДЕЛНИК 20 ЈУЛИ 2009

Тамара Грнчароска овекот стапна на Месечината пред четириесет години и на тоа застана. Четири децении освојувањето на Вселената остана на историските снимки од вселенскиот брод „Аполо 11“, на кои астронаутите Баз Олдрин и Нил Армстронг на 20 јули 1969 година чекорат по Mесечината. Малкумина се сеќаваат на оние што подоцна беа таму во другите мисии на „Аполо“. Револуцијата која тогаш ја доживеа човештвото денес е само краток филм, инспирација за холивудските блокбастери и музички хитови, која се губи во свеста на новите генерации, за кои Месечината и понатаму останува „неосвоеното“ небесно тело. Во меѓувреме, интересот на вселенските истражување се насочи кон градењето вселенски станици, кон планетата Марс, кон другите галаксии, ставајќи го во втор план лунарниот систем. Но, во 2004 година, тогашниот американски претседател, Џорџ Буш, ја обелодени програмата „Соѕвездие“ за освојување на Вселената, со враќање на човекот на Месечината до 2020 година и создавање колонија. Навидум, веќе стореното, се постави пред вселенските програми, пред с`, на НАСА, но и на другите држави, како нов предизвик. На 17 јуни оваа година стартуваше првата фаза од реализацијата на тој план, со лансирањето на двојната мисија на НАСА за Извидување на лунарната орбита (ЛРО) и Испитување на лунарните кратери и сателитите (ЛЦРОСС), кои ќе собираат податоци за површината на Месечината, но и за хемиските елементи, кои ги содржи, пред с`, ќе трага по замрзната вода во кратерите на северниот и на јужниот пол од Земјиниот сателит. ЛРО ќе орбитира околу Месечината една година, при што со помош на софистицираните инфра-уреди ќе направи тродимензионални мапи на Месечината со прецизност од еден метар, какви што досега немало. Цел е да се пронајдат соодветни места за слетување на планираните идни мисии на човекот. Ќе се мери и радијацијата на површината за да се утврди ризичноста за идните астронаути и колонизатори на Месечината. „Прво, сакаме да ги идентификуваме безбедните места за слетување“, вели Рич Вондрак, научник кој работи на проектот. „Потоа, сакаме да ги истражиме изворите на Месечината и, на крај, да добиеме појасна слика за вселенската радијација и кол-

Ч

Човештвото мора да се прошири доколку сака да преживее ку таа може да биде штетна за луѓето“, нагласува Вондрак. Проектниот менаџер на мисијата, Крег Тулеј, ја објаснува потребата од ЛРО како неопходност во насока на подготовките за подолготраен престој на човекот на природниот сателит. Втората компонента од мисијата, ЛЦРОСС, на 9 октомври, со помош на ракетата „Кентаур“ ќе биде истрелана во еден од месечевите кратери - Менделеев, Годар Ц или Џордано Бруно, избрани според нивната разновидност на терен, состав и илуминација. За тоа кој од кратерите ќе биде цел на истражувањето ќе се знае 30 дена пред стартувањето на ракетата „Кентаур“. Ракетата има цел да ја погоди внатрешноста на еден од кратерите и притоа да создаде експлозија, која во Вселената би исфрлила голем облак од прав и, евентуално, мраз, низ кој четири минути подоцна би поминало ЛЦРОСС и би собрало примероци од хемискиот состав на „облакот“. Веднаш потоа вториот сателит би паднал на Месечината. Целиот настан би траел 120 секунди и би бил сниман од ЛРО, кој ќе се наоѓа неколку километри над ударот. Тоа телескопски би било видливо и од Земјата.

Враќањето на човекот на Месечината НАСА почна да ја спроведува програмата „Соѕвездие“ за враќање на човекот на Месечината до 2020

Информациите кои потоа би ги испратиле софистицираните инструменти, од кои е составено ЛЦРОСС, би ја одгатнале мистеријата дали на Месечината има вода, а со тоа и водород и кислород, кои во подоцнежните мисии би можело да бидат искористени за дишење и за производство на гориво. Досега не е докажано присуство на вода на Месечината, иако во 1998 година мисијата наречена „Лунарен набљудувач“, детектирала големо количество водород во длабоките кратери, каде што температурата никогаш не се искачува над -270 Целзиусови степени. НАСА се сомнева дека кратерите на половите на Месечината, кои никогаш не биле изложени на сончева светлина, кријат замрзната вода стара милијарди години и која поради тоа била заштитена од испарување. Истражувањето кое ќе ја чини НАСА 504 милиони долари, е првата фаза од програмата „Соѕвездие“ за враќање на луѓето на Месечината, како лансирна рампа за освојување на планетата Марс, која вкупно би чинела околу 150 милијарди долари. Сега иднината на „Соѕвездие“ зависи од новиот американски претседател Барак Обама, кој веќе назначи комисија, која треба да ја „прегледа“ вселенската програма на Буш и да даде свое мислење за неа до крајот на август. Најголема закана за целата програма моментно се финансиите, смета конгресменот Пит Олсон, кој ќе ја мониторира препораката од комисијата во август. Според него, проблемот на НАСА е што „ние имаме визија, но немаме посветеност за неа“. „НАСА секоја година се бори за да ги добие средствата кои ~ се потребни и тоа треба да се спречи“, смета Олсон. Споредувајќи ги средствата кои ги добивала НАСА за време на мисијата на „Аполо“ пред 40 години и денес тој вели дека тогаш биле издвојувани 4 проценти од државниот буџет на САД, додека сега само половина процент. Алан Бин, астронаут кој го управуваше „Аполо 12“, зборувајќи за мотивацијата и за финансиите за мисијата за враќање на човекот на Месечината, вели: „Гледам ист сјај во очите на НАСА, истите добри работи кои н` движеа нас, освен што не гледам пари, со кои ќе може да се заврши работата“. Втората работа која, според експертите, би можело да ја забават мисијата е технологијата на вселенските бродови, која многу малку напреднала од времето на стапнувањето на човекот на Месечината. „Ние го изодевме патот до Месечината, а потоа го затворивме тоа во гаражата“, вели Џин Кернан, исто така, астронаут од времето на „Аполо“. Според него, техничарите повеќе се посветени на усовршувањето на ракетите отколку на вселенските капсули. Токму тие причини - технички пропусти, ја принудија американската вселенска агенција НАСА да го одложи лансирањето на вселенската лабораторија за истражување на Марс, која требаше да стартува на есен идната година. Мајкл Грифин, поранешниот шеф на НАСА, кој ја создаде програмата „Соѕвездие“, во едно свое интервју можеби најпрецизно ја опишува состојбата во која сега се наоѓа вселенската програма. Сметајќи дека работењето на вселенските станици премногу долго ја задржале Америка во пониската орбита, додека другите земји, како Кина, стануваат нејзини конкуренти во Вселената, тој вели дека „ние треба да се вратиме на Месечината, бидејќи тоа е следниот чекор“. „Тоа е само неколку дена оддалеченост од дома. Марс е само на неколку месеци од Земјата. На долг рок, човештвото мора да се прошири доколку сака да преживее“, рече Грифин.

40 години од стапнувањето на Месечината  

специјален прилог

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you