Page 2

14

ПОНЕДЕЛНИК 20 ЈУЛИ 2009

Малиот чекор Продолжение од 13 страница

употреблива за астронаутите, облека која останува сува, очила кои не се замаглуваат, напредокот во електрониката, средствата за комуникација, дизајнирањето на простор во кој нема горе-долу с` до начинот на кој денес се предава наука во училиштата се само некои од придобивките од трката до Месечината. Денес повеќе од илјада вештачки сателити кружат или се стационирани во Земјината орбита и помагаат во пренесувањето на информации, испраќаат податоци за времето, за вегетацијата, загадувањето, движењето на луѓето... Негативните аспекти како интерконтиненталните балистички ракети, на пример, не изостанаа. За светот на крајот на 60-тите години на минатиот век - идеолошки поделен, изморен од Виетнамската војна, потресен од студентските движења, решен да расчисти со колонијалната ера, исплашен од студенилото на Студената војна и жестоката трка во атомско вооружување - 20 јули беше ден на обединување во заедничкиот успех. Но, возбудата и чувството на единство спласна до средината на седумдесетите години на минатиот век. Некои тоа го припишуваат на смртта на Сергеј Корољев во 1974 година, најзаслужниот за советската вселенска програма, по што СССР почна сериозно да заостанува... Други сметаат дека енормните трошоци од една и негостољубивоста на Месечината ги урнаа соништата за „населување“ на најблиското космичко тело од каде што во некоја далечна иднина човекот би тргнал во посериозно истражување на Вселената. Акцентот сега е ставен на изградба на вселенски станици како попрактични и поевтини проекти, кои на научниците им овозможуваат почиста слика за видливата Вселена. Сепак, можеби најпресуден момент е сфаќањето дека со епохалниот пат до Месечината и стапката на Армстронг, човекот едноставно сфати колку е мал во однос на просторот од таа страна на небото. Во Вселената, која се претпоставува дека е голема барем 15 милијарди светлосни години (една светлосна година е 9,4 билиони километри), човекот успеа да мине само една светлосна секунда (речиси 300.000 километри), а проекциите за можен пат на Марс завршуваат со поразувачкото сознание дека евентуалните патници, кои би патувале повеќе од три години до најблиската планета, никогаш не би можеле да се вратат назад. На американскиот „Војаџер 1“, од една од две сонди близнаци лансирани во 1977 година, му беа потребни речиси 30 години да излезе од она што се нарекува последна граница на Сончевиот систем и покрај тоа што се движи со брзина од над 60.000 километри на час. Да пристигне до најблиската ѕвезда ќе му бидат потребни дури 75.000 години. Но, предизвикот останува. (Д.Ч.)

Екипажот на „Аполо11“ заедно со поранешниот американски претседател Џорџ Буш во 2004 година: Мајкл Колинс, Нил Армстронг и Баз Олдрин

Првите двајца луѓе што летнаа во вселената: Јуриј Гагарин и Алан Шепард

Жешка трка за освојување на студената вселена Димитар Чулев ССР го испрати првиот вештачки сателит во вселената, прв испрати човек во орбитата, првата жена-космонаут беше Русинка, првата прошетка во отворена вселена ја направија Русите... Сепак, САД успеаја први да испратат човек на Месечината. Така се одвиваше и така заврши жестоката трка меѓу ривалите СССР и САД за остварување на наивното уверување дека вселената може да се освои. „Во очите на светот, првиот во вселената значи прв, вториот во вселената е втор во с` друго“, на овој начин Линдон Џонсон во времето кога беше потпретседател на Џон Кенеди ја објасни мотивацијата на Американците да бидат први во освојување на космосот. Постои општа согласност дека трката за освојување на вселената беше про-

С

Кога Русите го лансираа „Спутник“, во Америка имаше панична реакција должување или поинаква форма на трката во вооружувањето што се одвиваше за време на студената војна помеѓу двете ривалски суперсили. Зад благородната цел да се излезе надвор од земјата и да се ѕирне во непознатата вселена, сепак, стоеше студената милитантна логика дека оној што може да испрати комуникациски сателит во вселената ќе може да го шпионира непријателот, а истите ракети што ќе можат да однесат човек во вселената или да го спуштат на Месечината сигурно можат да „спуштат“ атомска бомба на непријателска цел. Иако беше така, сепак, никој не може да ги оспори постигнувањата што ги направи човекот кога во почетокот на втората половина на минатиот век со грандиозни чекори зачекори во студената вселена. За официјален почеток на освојување на вселената се смета 4 октомври 1957 година, кога СССР успешно го лансира во Земјината орбита првиот вештачки сателит „Спутник 1“. Тоа, воедно, беше и сигнал за старт на вселенската трка: само четири месеци подоцна, по низа срамни неуспешни обиди, САД го лансираа својот „Експлорер 1“. Иако историчарите сакаат да потсетат дека ракетите ги интересирале луѓето барем 2000 години, а Кинезите биле водечки во таа технологија, три имиња се врзуваат за она што светот ќе го нарече мозок на освојување на вселената. Рускиот научник Константин

Циокловски кон крајот на 19 век размислувал за повеќестепени ракети полнети со течно гориво, со што се третира и за татко на ракетната технологија. Но, Вернер фон Браун, германски ракетен научник кој се приклучил на тимот ангажиран за вооружување на нацистичка Германија, е творец на првата ракета, германската „А-2“, која во 1942 година првпат успеа да стигне до вселената. Многу познатите и озлогласени ракети „Фау 2“ се наследник на „А2“, а нивниот дострел од 300 километри и носивост од 1.000 килограми се покажаа како одлични „носачи“ на смрт во германското ракетирање на Британија. Иронично, но токму програмата што требаше да направи воен пресврт во германска корист на крајот на Втората светска војна претставува почеток на остварувањето на човековиот сон да излезе надвор од матичната планета. Американците по крахот на Хитлерова Германија ги привлекоа најспособните германски ракетни стручњаци, вклучувајќи го и Фон Браун во САД, и ги вклучија во сопствената програма за освојување на вселената. Русите имаа свој човек, Сергеј Корољев, колега по ракетно инженерство на Фон Браун, но се чини - малку поуспешен. Корољев ја дизајнира ракетата „Р7“ што го испрати „Спутник“ во вселената. Четири месеци пред Американците, што беше причина за огромна вознемиреност во американската јавност. Во обид да ја повратат технолошката предност и во паничната реакција, која некои ќе ја наречат „Спутникова криза“. Светот со стравопочит го посматраше тоа што СССР и САД го прават „од таа страна“ на небото. Истата 1957 година во „Спутник 2“ во вселената е испратено првото живо суштество, кучето Лајка, а трката ја зеде и првата жртва. Бидејќи не постоеше технологија што би ја заштитила, а уште помалку да ја врати на земјата, Лајка умре од стрес и прегревање во моментот кога стигна во орбитата. Три години подоцна, Советите ги испратија кучињата Белка и Стрелка, кои успешно го преживеаја патувањето. Американците на предизвикот одговорија со испраќање две африкански шимпанза, иако вредните хроничари на вселенските освојувања тврдат дека токму САД ги испратија првите живи суштества во вселената – овошни вошки – во 1946 година во заробена германска ракета „Фау 2“. Следува нов шок. На 12 април 1961 година, Јуриј Гагарин стана првиот космонаут и воопшто првиот човек кој

во советскиот „Восток 1“ ја виде Земјата од орбитата. Летот траеше еден час и 48 минути. Само 23 дена подоцна, во мисијата „Фридом 7“, Алан Шепард стана првиот Американец кој стигна во вселената, но неговото име никогаш нема да биде запаметено. Тој, едноставно, го имаше хендикепот да биде втор. Следува првиот истовремен лет на двајца космонаути во два вселенски брода: Герман Титов и првата жена Валентина Терешкова во јуни 1963 година во „Восток 6“. На 18 март 1965 година, прв пат во отворена вселена и надвор од бродот „Васход 2“ „прошета“ Алексеј Леонов. СССР и САД се горди на своите подвизи, останатиот дел од човештвото со разбирлива завист гледа на вселенскиот натпревар на „супериорните“ нации. Преку американската програма „Маринер“ и руската „Венера“ во раните шеесетти беа испратени првите космички бродови и сонди кон Венера кои испратија разочарувачки податоци за крајно негостољубивата површина и атмосфера на планетата која во римската митологија е идентификувана со богињата на убавината. „Маринер 4“ во 1965 беше првата сонда што мина покрај Марс и испрати одново разочарувачки фотографии од Црвената планета, за која долго и наивно се веруваше дека е ишарана со канали и можеби – населена. Американските мисии „Пионир“ се упатуваа кон подалечните планети, а „Војаџер“ стана првиот летачки објект направен од човекот што ќе го напушти Сончевиот систем, летајќи со фантастична брзина од 17 километри во секунда или малку над 60.000 километри на час. Но, светската јавност беше преокупирана со Месечината! Американскиот претседател Џон Кенеди беше тој кој во 1961 година пред Конгресот ја постави целта – во рок од една деценија Американците да испратат човек кој ќе згазне на природниот Земјин сателит. Тоа се случи осум години подоцна на 21 јули 1969 година. Бројни мисии, американски и руски, го подготвуваа теренот за историскиот чекор на Нил Армстронг. Уште во 1959 советската „Луна 1“ беше првата сонда што слета на Месечината, а во септември 1968 година, желки лансирани во советската „Зонда 5“ беа првите живи суштества што летале околу Месечината. Иронично, но на Армстронг му успеа она што не го можеше Ахил - беше побрз од желката во освојувањето на Месечината.

40 години од стапнувањето на Месечината  

специјален прилог

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you