Issuu on Google+

ПОНЕДЕЛНИК 20 ЈУЛИ 2009

НИЕ И МЕСЕЧИНАТА Предизвикот на човештвото - да испрати човек на Месечината - беше исполнет на денешен ден пред 40 години

Нил Армстронг за време на прошетката околу лунарниот модул кој се спушти во Морето на тишината

Малиот чекор с` уште е тешко да се измери Димитар Чулев

„В

ерувам дека нашата нација треба да ~ се посвети на целта до крајот на оваа деценија човекот да слета на Месечината и безбедно да се врати на Земјата. Ниеден друг проект во претстојниот период нема да има поголемо значење за човештвото, ниту позначајно за долгорочното истражување на Вселената и нема да биде посложен и поскап од овој. Меѓутоа, тоа нема да значи само спуштање на еден човек на Месечината, тоа ќе биде достигнување на целата нација“.

Зборовите на Нил Армстронг останаа овековечени засекогаш во меморијата Со овие зборови, на 25 мај 1961 година, американскиот претседател Џон Кенеди се обрати до Конгресот и побара да биде поддржан во напорите Американците да се спуштат на Месечината до 1970 година. Според мислењето на Кенеди, остварувањето на тој потфат би ја засилил американската одбранбена стратегија, би бил двигател на американското стопанство и позитивно би влијаел на имиџот на земјата. Предизвикот на Кенеди беше исполнет осум години подоцна, на 20 јули 1969 година, кога вселенскиот брод „Аполо 11“ со астронаутите Нил Армстронг, Едвин Баз Олдрин и Мајк Колинс слета во „Морето на тишината“ на површината на Месечината. Шестотини милиони луѓе на Земјата преку телевизиските екрани го следеа спуштањето, кое коментаторите го означија како еден од клучните моменти на 20 век, а зборовите на Армстронг ќе останат овековечени: „Ова е мал чекор за човекот, но голем исчекор за човештвото“.

Со задоцнување од една секунда (Месечината е оддалечена околу 290.000 километри од Земјата) овие зборови пристигнаа на Земјата, но иако Армстронг прв стапна на природниот Земјин сателит, ТВгледачите на Земјата прв го видоа Олдрин. Едноставно, Армстронг немаше кој да го сними. Во својот есеј „Симболиката на потфатот“ командантот на мисијата подоцна напиша: „Нашата цел, кога минатиот јануари бевме избрани за овој лет, ни изгледаше речиси недостижна. Во сето тоа имаше многу непознато, непотврдени идеи, непроверени машини. Месечевиот модул никогаш пред тоа не летал... многу факти за површината на Месечината беа непознати“. Тоа беше победа на науката. Стручњаците на НАСА беа речиси сто отсто уверени дека модулот и неговиот ракетен систем ќе функционираат иако лунарниот модул, кој во орбитата на Месечината се одвои од ракетниот систем „Аполо“ никогаш не бил тестиран во услови без атмосфера и на гравитација далеку послаба од таа на Земјата. А, само две години пред „Аполо 11“ полета првиот брод од оваа мисија „Аполо 1“, која заврши катастрофално: При лансирањето (27 јануари 1967) во астронаутската капсула изби пожар во кој загинаа Вирџил Грисом, Едвард Вајт и Роџер Чејфи. Наредните мисии во Вселената беа лансирани без луѓе, с` до „Аполо 7“, кој во октомври 1968 година во Земјината орбита ги поведе астронаутите Волтер Шира, Дон Ајсл и Волтер Канингам. Два месеца подоцна, во декември, вселенскиот брод „Аполо 8“ пристигна до Месечината, а астронаутите Џејмс Ловел, Френк Борман и Вилјем Андерс се првите луѓе кои кружеа во орбитата на Месечината во мисија, која преку снимањето на површината на Земјиниот природен

Шестотини милиони луѓе на Земјата на телевизиските екрани го следеа спуштањето на Месечината, а некои се обидуваа да го видат од Земјата, како овие луѓе на Флорида

сателит требаше да го лоцира најсоодветното место за мисијата на „Аполо 11“. „Аполо 9“ прв во Земјината орбита го однесе месечевиот модул (ЛЕМ) на пробни маневри, а „Аполо 10“ на 10 мај 1969 година имаше задача да го направи истото тоа, но во орбитата на Месечината... И така, само две години по катастрофата на „Аполо 1“ на 16 јули 1969 година од вселенскиот центар „Кејп Кенеди“ беше лансиран „Аполо 11“, кој на Месечината требаше да го однесе командниот модул „Колумбија“. Ракетата „Сатурн V“, долга 111 метри, која требаше да го исфрли „Аполо“ во Вселената, полета во 9,32 часот. Четири дена подоцна Армстронг му јави на Хјустон дека лунарниот модул „орел“ слетал. Во 22,56 часот по американско време, Армстронг го напушти модулот и слезе на површината. Дваесет минути подоцна му се придружи Баз Олдрин. Тогаш двајцата имаа по 39 години. Заедно, облечени во скафандри и седум пати полесни поради послабата Месечева гравитација, ги поставија американското знаме,

уредите за регистрирање сеизмичката активност, направија снимки на Вселената од површината на Месечината на која нема атмосфера и за 21 час собраа 21 килограм материјал. Колинс, кој ја имаше таа „среќа“ да остане „горе“, ги чекаше во „Колумбија“ за да ги врати назад на Земјата каде што беа спектакуларно дочекани. Уште десет астронаути стапнаа на површината на Месечината, до 1972 година кога екипажот на „Аполо 15“ постави споменик во име на загинатите во освојувањето на Вселената, но 21 јули 1969 година беше почеток на крајот на трката кон и за Вселената. Едноставно, целта (засега) беше постигната. Значењето на потфатот и воопшто освојувањето на Вселената беше повеќестран. Тие стапнаа на местото што беше резервирано за Господ, што не ги остави рамнодушни припадниците на најразличните религии. Уште повеќе, шокот е дочекан со уште пошокантниот скептицизам, особено меѓу верниците, дека освојувањето на Месечината воопшто и не се случило. Приказната за „монтираното“ слетување и по четири децении е актуелна речиси исто колку и во 1969 година, а благодарение на Интернетот и на напредокот на аудиовизуелната технологија, на разни веб-страници се вртат „оригинални“ снимки, кои ја докажуваат измамата на столетието... Оние кои сакаат да знаат за да веруваат, ги гледаат позитивните ефекти од трката во Вселената. Технологијата, благодарение на трескавичниот натпревар да се пристигне прв, отиде подалеку од ракетите, физиката, астрономијата. Почнувајќи од „ситници“ во домаќинствата, како тефлонските садови, на пример, испитувања на материјали во бестежински простор, подготвувањето храна која би била Продолжува на страница 14


14

ПОНЕДЕЛНИК 20 ЈУЛИ 2009

Малиот чекор Продолжение од 13 страница

употреблива за астронаутите, облека која останува сува, очила кои не се замаглуваат, напредокот во електрониката, средствата за комуникација, дизајнирањето на простор во кој нема горе-долу с` до начинот на кој денес се предава наука во училиштата се само некои од придобивките од трката до Месечината. Денес повеќе од илјада вештачки сателити кружат или се стационирани во Земјината орбита и помагаат во пренесувањето на информации, испраќаат податоци за времето, за вегетацијата, загадувањето, движењето на луѓето... Негативните аспекти како интерконтиненталните балистички ракети, на пример, не изостанаа. За светот на крајот на 60-тите години на минатиот век - идеолошки поделен, изморен од Виетнамската војна, потресен од студентските движења, решен да расчисти со колонијалната ера, исплашен од студенилото на Студената војна и жестоката трка во атомско вооружување - 20 јули беше ден на обединување во заедничкиот успех. Но, возбудата и чувството на единство спласна до средината на седумдесетите години на минатиот век. Некои тоа го припишуваат на смртта на Сергеј Корољев во 1974 година, најзаслужниот за советската вселенска програма, по што СССР почна сериозно да заостанува... Други сметаат дека енормните трошоци од една и негостољубивоста на Месечината ги урнаа соништата за „населување“ на најблиското космичко тело од каде што во некоја далечна иднина човекот би тргнал во посериозно истражување на Вселената. Акцентот сега е ставен на изградба на вселенски станици како попрактични и поевтини проекти, кои на научниците им овозможуваат почиста слика за видливата Вселена. Сепак, можеби најпресуден момент е сфаќањето дека со епохалниот пат до Месечината и стапката на Армстронг, човекот едноставно сфати колку е мал во однос на просторот од таа страна на небото. Во Вселената, која се претпоставува дека е голема барем 15 милијарди светлосни години (една светлосна година е 9,4 билиони километри), човекот успеа да мине само една светлосна секунда (речиси 300.000 километри), а проекциите за можен пат на Марс завршуваат со поразувачкото сознание дека евентуалните патници, кои би патувале повеќе од три години до најблиската планета, никогаш не би можеле да се вратат назад. На американскиот „Војаџер 1“, од една од две сонди близнаци лансирани во 1977 година, му беа потребни речиси 30 години да излезе од она што се нарекува последна граница на Сончевиот систем и покрај тоа што се движи со брзина од над 60.000 километри на час. Да пристигне до најблиската ѕвезда ќе му бидат потребни дури 75.000 години. Но, предизвикот останува. (Д.Ч.)

Екипажот на „Аполо11“ заедно со поранешниот американски претседател Џорџ Буш во 2004 година: Мајкл Колинс, Нил Армстронг и Баз Олдрин

Првите двајца луѓе што летнаа во вселената: Јуриј Гагарин и Алан Шепард

Жешка трка за освојување на студената вселена Димитар Чулев ССР го испрати првиот вешта��ки сателит во вселената, прв испрати човек во орбитата, првата жена-космонаут беше Русинка, првата прошетка во отворена вселена ја направија Русите... Сепак, САД успеаја први да испратат човек на Месечината. Така се одвиваше и така заврши жестоката трка меѓу ривалите СССР и САД за остварување на наивното уверување дека вселената може да се освои. „Во очите на светот, првиот во вселената значи прв, вториот во вселената е втор во с` друго“, на овој начин Линдон Џонсон во времето кога беше потпретседател на Џон Кенеди ја објасни мотивацијата на Американците да бидат први во освојување на космосот. Постои општа согласност дека трката за освојување на вселената беше про-

С

Кога Русите го лансираа „Спутник“, во Америка имаше панична реакција должување или поинаква форма на трката во вооружувањето што се одвиваше за време на студената војна помеѓу двете ривалски суперсили. Зад благородната цел да се излезе надвор од земјата и да се ѕирне во непознатата вселена, сепак, стоеше студената милитантна логика дека оној што може да испрати комуникациски сателит во вселената ќе може да го шпионира непријателот, а истите ракети што ќе можат да однесат човек во вселената или да го спуштат на Месечината сигурно можат да „спуштат“ атомска бомба на непријателска цел. Иако беше така, сепак, никој не може да ги оспори постигнувањата што ги направи човекот кога во почетокот на втората половина на минатиот век со грандиозни чекори зачекори во студената вселена. За официјален почеток на освојување на вселената се смета 4 октомври 1957 година, кога СССР успешно го лансира во Земјината орбита првиот вештачки сателит „Спутник 1“. Тоа, воедно, беше и сигнал за старт на вселенската трка: само четири месеци подоцна, по низа срамни неуспешни обиди, САД го лансираа својот „Експлорер 1“. Иако историчарите сакаат да потсетат дека ракетите ги интересирале луѓето барем 2000 години, а Кинезите биле водечки во таа технологија, три имиња се врзуваат за она што светот ќе го нарече мозок на освојување на вселената. Рускиот научник Константин

Циокловски кон крајот на 19 век размислувал за повеќестепени ракети полнети со течно гориво, со што се третира и за татко на ракетната технологија. Но, Вернер фон Браун, германски ракетен научник кој се приклучил на тимот ангажиран за вооружување на нацистичка Германија, е творец на првата ракета, германската „А-2“, која во 1942 година првпат успеа да стигне до вселената. Многу познатите и озлогласени ракети „Фау 2“ се наследник на „А2“, а нивниот дострел од 300 километри и носивост од 1.000 килограми се покажаа како одлични „носачи“ на смрт во германското ракетирање на Британија. Иронично, но токму програмата што требаше да направи воен пресврт во германска корист на крајот на Втората светска војна претставува почеток на остварувањето на човековиот сон да излезе надвор од матичната планета. Американците по крахот на Хитлерова Германија ги привлекоа најспособните германски ракетни стручњаци, вклучувајќи го и Фон Браун во САД, и ги вклучија во сопствената програма за освојување на вселената. Русите имаа свој човек, Сергеј Корољев, колега по ракетно инженерство на Фон Браун, но се чини - малку поуспешен. Корољев ја дизајнира ракетата „Р7“ што го испрати „Спутник“ во вселената. Четири месеци пред Американците, што беше причина за огромна вознемиреност во американската јавност. Во обид да ја повратат технолошката предност и во паничната реакција, која некои ќе ја наречат „Спутникова криза“. Светот со стравопочит го посматраше тоа што СССР и САД го прават „од таа страна“ на небото. Истата 1957 година во „Спутник 2“ во вселената е испратено првото живо суштество, кучето Лајка, а трката ја зеде и првата жртва. Бидејќи не постоеше технологија што би ја заштитила, а уште помалку да ја врати на земјата, Лајка умре од стрес и прегревање во моментот кога стигна во орбитата. Три години подоцна, Советите ги испратија кучињата Белка и Стрелка, кои успешно го преживеаја патувањето. Американците на предизвикот одговорија со испраќање две африкански шимпанза, иако вредните хроничари на вселенските освојувања тврдат дека токму САД ги испратија првите живи суштества во вселената – овошни вошки – во 1946 година во заробена германска ракета „Фау 2“. Следува нов шок. На 12 април 1961 година, Јуриј Гагарин стана првиот космонаут и воопшто првиот човек кој

во советскиот „Восток 1“ ја виде Земјата од орбитата. Летот траеше еден час и 48 минути. Само 23 дена подоцна, во мисијата „Фридом 7“, Алан Шепард стана првиот Американец кој стигна во вселената, но неговото име никогаш нема да биде запаметено. Тој, едноставно, го имаше хендикепот да биде втор. Следува првиот истовремен лет на двајца космонаути во два вселенски брода: Герман Титов и првата жена Валентина Терешкова во јуни 1963 година во „Восток 6“. На 18 март 1965 година, прв пат во отворена вселена и надвор од бродот „Васход 2“ „прошета“ Алексеј Леонов. СССР и САД се горди на своите подвизи, останатиот дел од човештвото со разбирлива завист гледа на вселенскиот натпревар на „супериорните“ нации. Преку американската програма „Маринер“ и руската „Венера“ во раните шеесетти беа испратени првите космички бродови и сонди кон Венера кои испратија разочарувачки податоци за крајно негостољубивата површина и атмосфера на планетата која во римската митологија е идентификувана со богињата на убавината. „Маринер 4“ во 1965 беше првата сонда што мина покрај Марс и испрати одново разочарувачки фотографии од Црвената планета, за која долго и наивно се веруваше дека е ишарана со канали и можеби – населена. Американските мисии „Пионир“ се упатуваа кон подалечните планети, а „Војаџер“ стана првиот летачки објект направен од човекот што ќе го напушти Сончевиот систем, летајќи со фантастична брзина од 17 километри во секунда или малку над 60.000 километри на час. Но, светската јавност беше преокупирана со Месечината! Американскиот претседател Џон Кенеди беше тој кој во 1961 година пред Конгресот ја постави целта – во рок од една деценија Американците да испратат човек кој ќе згазне на природниот Земјин сателит. Тоа се случи осум години подоцна на 21 јули 1969 година. Бројни мисии, американски и руски, го подготвуваа теренот за историскиот чекор на Нил Армстронг. Уште во 1959 советската „Луна 1“ беше првата сонда што слета на Месечината, а во септември 1968 година, желки лансирани во советската „Зонда 5“ беа првите живи суштества што летале околу Месечината. Иронично, но на Армстронг му успеа она што не го можеше Ахил - беше побрз од желката во освојувањето на Месечината.


15

ПОНЕДЕЛНИК 20 ЈУЛИ 2009

Тамара Грнчароска овекот стапна на Месечината пред четириесет години и на тоа застана. Четири децении освојувањето на Вселената остана на историските снимки од вселенскиот брод „Аполо 11“, на кои астронаутите Баз Олдрин и Нил Армстронг на 20 јули 1969 година чекорат по Mесечината. Малкумина се сеќаваат на оние што подоцна беа таму во другите мисии на „Аполо“. Револуцијата која тогаш ја доживеа човештвото денес е само краток филм, инспирација за холивудските блокбастери и музички хитови, која се губи во свеста на новите генерации, за кои Месечината и понатаму останува „неосвоеното“ небесно тело. Во меѓувреме, интересот на вселенските истражување се насочи кон градењето вселенски станици, кон планетата Марс, кон другите галаксии, ставајќи го во втор план лунарниот систем. Но, во 2004 година, тогашниот американски претседател, Џорџ Буш, ја обелодени програмата „Соѕвездие“ за освојување на Вселената, со враќање на човекот на Месечината до 2020 година и создавање колонија. Навидум, веќе стореното, се постави пред вселенските програми, пред с`, на НАСА, но и на другите држави, како нов предизвик. На 17 јуни оваа година стартуваше првата фаза од реализацијата на тој план, со лансирањето на двојната мисија на НАСА за Извидување на лунарната орбита (ЛРО) и Испитување на лунарните кратери и сателитите (ЛЦРОСС), кои ќе собираат податоци за површината на Месечината, но и за хемиските елементи, кои ги содржи, пред с`, ќе трага по замрзната вода во кратерите на северниот и на јужниот пол од Земјиниот сателит. ЛРО ќе орбитира околу Месечината една година, при што со помош на софистицираните инфра-уреди ќе направи тродимензионални мапи на Месечината со прецизност од еден метар, какви што досега немало. Цел е да се пронајдат соодветни места за слетување на планираните идни мисии на човекот. Ќе се мери и радијацијата на површината за да се утврди ризичноста за идните астронаути и колонизатори на Месечината. „Прво, сакаме да ги идентификуваме безбедните места за слетување“, вели Рич Вондрак, научник кој работи на проектот. „Потоа, сакаме да ги истражиме изворите на Месечината и, на крај, да добиеме појасна слика за вселенската радијација и кол-

Ч

Човештвото мора да се прошири доколку сака да преживее ку таа може да биде штетна за луѓето“, нагласува Вондрак. Проектниот менаџер на мисијата, Крег Тулеј, ја објаснува потребата од ЛРО како неопходност во насока на подготовките за подолготраен престој на човекот на природниот сателит. Втората компонента од мисијата, ЛЦРОСС, на 9 октомври, со помош на ракетата „Кентаур“ ќе биде истрелана во еден од месечевите кратери - Менделеев, Годар Ц или Џордано Бруно, избрани според нивната разновидност на терен, состав и илуминација. За тоа кој од кратерите ќе биде цел на истражувањето ќе се знае 30 дена пред стартувањето на ракетата „Кентаур“. Ракетата има цел да ја погоди внатрешноста на еден од кратерите и притоа да создаде експлозија, која во Вселената би исфрлила голем облак од прав и, евентуално, мраз, низ кој четири минути подоцна би поминало ЛЦРОСС и би собрало примероци од хемискиот состав на „облакот“. Веднаш потоа вториот сателит би паднал на Месечината. Целиот настан би траел 120 секунди и би бил сниман од ЛРО, кој ќе се наоѓа неколку километри над ударот. Тоа телескопски би било видливо и од Земјата.

Враќањето на човекот на Месечината НАСА почна да ја спроведува програмата „Соѕвездие“ за враќање на човекот на Месечината до 2020

Информациите кои потоа би ги испратиле софистицираните инструменти, од кои е составено ЛЦРОСС, би ја одгатнале мистеријата дали на Месечината има вода, а со тоа и водород и кислород, кои во подоцнежните мисии би можело да бидат искористени за дишење и за производство на гориво. Досега не е докажано присуство на вода на Месечината, иако во 1998 година мисијата наречена „Лунарен набљудувач“, детектирала големо количество водород во длабоките кратери, каде што температурата никогаш не се искачува над -270 Целзиусови степени. НАСА се сомнева дека кратерите на половите на Месечината, кои никогаш не биле изложени на сончева светлина, кријат замрзната вода стара милијарди години и која поради тоа била заштитена од испарување. Истражувањето кое ќе ја чини НАСА 504 милиони долари, е првата фаза од програмата „Соѕвездие“ за враќање на луѓето на Месечината, како лансирна рампа за освојување на планетата Марс, која вкупно би чинела околу 150 милијарди долари. Сега иднината на „Соѕвездие“ зависи од новиот американски претседател Барак Обама, кој веќе назначи комисија, која треба да ја „прегледа“ вселенската програма на Буш и да даде свое мислење за неа до крајот на август. Најголема закана за целата програма моментно се финансиите, смета конгресменот Пит Олсон, кој ќе ја мониторира препораката од комисијата во август. Според него, проблемот на НАСА е што „ние имаме визија, но немаме посветеност за неа“. „НАСА секоја година се бори за да ги добие средствата кои ~ се потребни и тоа треба да се спречи“, смета Олсон. Споредувајќи ги средствата кои ги добивала НАСА за време на мисијата на „Аполо“ пред 40 години и денес тој вели дека тогаш биле издвојувани 4 проценти од државниот буџет на САД, додека сега само половина процент. Алан Бин, астронаут кој го управуваше „Аполо 12“, зборувајќи за мотивацијата и за финансиите за мисијата за враќање на човекот на Месечината, вели: „Гледам ист сјај во очите на НАСА, истите добри работи кои н` движеа нас, освен што не гледам пари, со кои ќе може да се заврши работата“. Втората работа која, според експертите, би можело да ја забават мисијата е технологијата на вселенските бродови, која многу малку напреднала од времето на стапнувањето на човекот на Месечината. „Ние го изодевме патот до Месечината, а потоа го затворивме тоа во гаражата“, вели Џин Кернан, исто така, астронаут од времето на „Аполо“. Според него, техничарите повеќе се посветени на усовршувањето на ракетите отколку на вселенските капсули. Токму тие причини - технички пропусти, ја принудија американската вселенска агенција НАСА да го одложи лансирањето на вселенската лабораторија за истражување на Марс, која требаше да стартува на есен идната година. Мајкл Грифин, поранешниот шеф на НАСА, кој ја создаде програмата „Соѕвездие“, во едно свое интервју можеби најпрецизно ја опишува состојбата во која сега се наоѓа вселенската програма. Сметајќи дека работењето на вселенските станици премногу долго ја задржале Америка во пониската орбита, додека другите земји, како Кина, стануваат нејзини конкуренти во Вселената, тој вели дека „ние треба да се вратиме на Месечината, бидејќи тоа е следниот чекор“. „Тоа е само неколку дена оддалеченост од дома. Марс е само на неколку месеци од Земјата. На долг рок, човештвото мора да се прошири доколку сака да преживее“, рече Грифин.


16

ПОНЕДЕЛНИК 20 ЈУЛИ 2009

Љубомир Костовски ога американската јавност на спектакуларен начин се подготвуваше да ја прослави 35-годишнината од првото стапнување на човечка нога на нашиот природен сателит, значи пред пет години, се појавија некои стории кои целосно го расипаа гламурот. Најпрво се појавија мрморења дека космонаутот Нил Армстронг не бил никогаш надвор од орбитата на Земјата и дека, најверојатно, седел заробен во некој воен камп, под силно обезбедување, а дека НАСА само пуштила филм дека некоја нејзина екипа го освојува првиот сосед на небото. Потоа дојдоа и поумерени обвинувања за и околу веродостојноста на она што гледачите тоа утро на 21 јули 1969 година го гледале од малите екрани, наречено инаку - директен пренос од првата прошетка на Армстронг по Месечината. Се појави документарец на Вилијам Карел под наслов „Освојување на Месечината“, кој не оспорува дека на природниот сателит стапнал модулот на експедицијата наречена „Аполо 11“, но дека снимката од тој спектакл е направена претходно и дека не станува збор за никаков директен пренос! Кога се појави тоа остварување, веднаш освои високо признание. Германски продуценти го наградија со ТВ-наградата „Грим прајс“ поради храброста и аргументираноста во соборувањето, условно, на дел од официјалната верзија за експедицијата на „Аполо 11“! Тие настани што се одвивале пред нашите очи, според Карел, се плод на фантазиите на холивудски сценографи, добро платени од властите, кои оделе на ефект на трик-победа во трката со Советите кои веќе биле на прагот да стапнат на правливата почва на нашата Луна.

К

Веќе 40 години траат расправите дека Американците никогаш не стапнале на Месечината и оти тоа било снимено во студијата каде што работел Стенли Кјубрик

За скептиците, спорно е како е направен директен пренос со тогашната телевизиска технологија Пред 35 години, можевме да го видиме овој документарец на сателитскиот канал Дискавери и тоа двапати еднаш за време на прославата, кон крајот на јули 2004 година, а потоа и во август, еден месец потоа. Филмот и кај нас предизвика ментален земјотрес - целата операција на директен пренос на истоварување на американското вселенско летало крај кратерите, кај нас пренесувана преку гласот на познатиот инженер Миливое Југин, да ти била само обично пуштање снимен материјал од видеокасета! Притоа, Карел поаѓа од премисата дека таков пренос, едноставно, технички не бил изводлив. Авторот на документарецот тврди дека она што одеше на малите екрани е снимено во ТВ-студијата на Ем-Џи-Ем во Лондон и тоа како материјал требало да биде американска одмазда за сите оние епизоди од вселенската трка со Советите во кои Москва триумфираше! Ликот на Гагарин, човек кој имаше фигура и насмевка на манекен, зацементиран во свеста на современиците преку прегратката со дебелата сенка на советскиот лидер Хрушчов или гордата прошетка по Црвениот плоштад на Валентина Терешкова со години го засенуваше американскиот поим за водство во модерните технологии. Претседателот Џон Кенеди вети јавно дека САД ќе победат во таа вселенска трка, ставајќи ја цртата токму на површината на Месечината! Значи, победата и, воедно, пресвртот во таа трка морале да бидат доволно убедливи и ефектни за да засенат с` што било претходно на тој план во релацијата со Советите. Оттаму, оние што се сомневаат во вистината дека „Аполо 11“ слетал на Месечината велат дека во НАСА се досетиле однапред да го снимат тој потфат. Чекорењето на Армстронг по правот, потоа сликањето на Олдрин, не смееле да бидат визуелно затемнети од несовршеноста на техниката кога се во прашање преносите на големи далечини. Да не заборавиме дека во тој момент и преносите од далечина на боксерски мечеви на Мухамед Али на Земјата беа со премногу мани, а што ли да се рече за евентуалните проблеми. За таков страв постоеле убедливи причини. Имено, ниту една камера од таа доба (1969 г.) не би можела да одолее на големите температурни разлики, кои на Месечината изнесуваат меѓу цели 150 Целзиусови степени дење и тоа мерени во сенка и минусот од речиси исто толку степени ноќе! Квалитетот на сликата што доаѓа од Месечината, острината, дефинираноста на објектите и другите елементи биле незамисливи со постојната техника на пренос на големи далечини. Оттаму, за скептиците изгледа толку веројатна опцијата дека НАСА не сакала никако да ризикува и комплетниот „пренос“ си го направила долу на Земјата и ни го пуштила од некое видео! Познавачите на техниката на снимање и денес велат дека на минус 80 степени се уништува секаква филмска регистрација на настан, а дека на минус 150 се уништуваат сите батерии за кои знае човековата технологија на нивно производство, односно не би било можно ниту дигитално снимање. Таму горе единствена светлина што стои на располагање на камерманите е сончевата светлина, а при само еден вид светлина не е можно да се има добар контраст, бои и острина на сликата! Посебен момент во таа документарна сторија е стапалото на астронаутот Армстронг - тоа е толку остро, што се гледа секоја шара, вели авторот на документарецот. Тоа не е можно да се направи во реалните услови

За заговорниците дека постои измама еден од главните адути е отпечатокот од стапалото на Армстронг - тоа е толку остро, што се гледа секоја шара. Тоа не било можно да се направи во реалните услови на Месечината

Дали спуштањето е направено во студио? Што друго рече Армстронг на Месечината, а малку се знае за тоа? Малку е познато дека првата реченица што ја кажал Армстронг на Месечината не е онаа „Ова е мал чекор за човекот, а голем исчекор за човештвото“. Вистинската прва реченица е „Среќно, господине Горски“, но таа не е преведена од стручниот штаб преку кој одел преносот - таму реченицата предизвикала конфузија, бидејќи била надвор од договореното сценарио. Тоа „среќно“ се однесувало на соседот од детството на Нил Армстронг (астронаутот стапнал на Месечината кога имал 39 години), кој постојано се карал со сопругата, дури и во присуство на малиот Нил. Во еден момент на таква караница госпоѓа Горски му рекла на мажот дека ќе има секс со неа дури кога ова дете (покажала на Нил) ќе застане на Месечината. За тој момент, во почетокот на 40тите години на минатиот век, ова значело конечна разделба за двојката од заедничката постела. Но, ете, дошло време господинот Горски да ја консумира брачната погодност.

на Месечината. Армстронг имал опрема која со се него тежела 180 килограми, но поради малата гравитација на нашиот природен сателит тој тежел како детуле - имал одвај 30 килограми. Каква трага би оставил тој, а да не бил евентуално кит или слон што легнал на почвата? Таква трага, вели документаристот, едноставно, не е можна на полукаменитата површина. Дилемата околу знаменцето што се виори на Месечината веќе е евергрин-тема за сите скептици околу патувањето на Нил Армстронг и неговите двајца другари. Еден од познатите ТВ-автори и теоретичари - Динко Туцаковиќ, во една дебатна емисија во студиото на белградската државна телевизија, истакна дека таму каде што нема атмосфера нема ниту ветер, а оттаму ниту виорење на каква било ткаенина! Туцаковиќ вели дека во споменатите студија на Ем-ЏиЕм во Лондон во тоа време Кјубрик го снимал филмот „Одисеја 2001“ и дека ги имал потребните реквизити, екипа и мизансцен за да направи таков филм и тоа, според Туцаковиќ, прво го снимил филмот за прошетката на астронаутите на Месечината, што како проект од монтажниот стол излегол под работен наслов „Пореално отколку да сте биле таму“ (!), а потоа си се завртел кон својот авторски проект, според прозата на Артур Кларк. Кјубрик исклучително се разбирал во светлина. Тој ја започнал кариерата како фотограф во „Лајф“, но и во своите проекти секогаш експериментирал со светлината. Историскиот спектакл „Бери Линдон“ е сниман со светлина на свеќа, во некои сцени на „Фул метал џекет“, место во џунглите на Меконг, хероите се „капеле“ во студио (филмот целосно е снимен таму), а тоа навистина не го забележал никој. Кјубрик, наводно, и низ спектаклот за освојувањето на Месечината само докажува дека тој поседува надмоќна визуелна интелигенција.


40 години од стапнувањето на Месечината