Page 1

Електронски информатор

УНАСМ БИЛТЕН Г О Д И Н А

С О Д Р ЖИ Н А: *УНАСМ, КСС и ССМ потпишаа Меморандум *Агенција за привремено вработување „Партнер“ *Интервју со Претседателот на СО на НСМО г-дин Ристо Пејовски *Семинар: Колективно договорање *Семинар: Преговарање и Лобирање *Женските прашања се и синдикални права!

2 0 1 1 ,

Б Р . 0 2

Ф Е В Р У А Р И — М А Р Т

2 0 1 1

УНАСМ, КСС И ССМ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ На ден 22 февруари 2011 година во хотелот “Арка“ во Скопје трите синдикални конфедерации, Унијата на независни и автономни синдикати, Конфедерацијата на слободни синдикати и Сојузот на синдикатите на Македонија, потпишаа “Меморандум за синдикална соработка“. Во меморандумот конфедерациите се обврзуваат на заеднички дејства за сите значајни прашања од синдикалниот и општествениот живот во Република Македонија. „Вложивме доста напори како да дојдеме до заедничка соработка. Ќе гледаме документот што го потпишавме да не биде само декларација, туку да стане основа за имплементација, односно заживување на она што денес го договоривме. Се надевам дека со тесната соработка на трите конфедерации ќе ја повратиме и ќе ја оправдаме довербата на членството и на сите работници“ – изјави Слободан Антовски, претседател на Унијата на независни и автономни синдикати. - „Документот на кој ги ставивме потписите за соработка значи нова ера во синдикалното движење во Република Македонија. Ова е сериозен чин на воведување одговорност во синдикалното движење и голем придонес во уредувањето на социјалната состојба во земјава. Нашата идеја е заедничко застапување на интересите на вработените пред социјалните партнери“ – истакна претседателот на ССМ Живко Митревски при потпишувањето на Меморандумот. – „Заедништвото се однесува на пристапот кон Владата, кон работодавачите и институциите, исто така значи подобрување на колективното договарање на сите нивоа. Сакам да нагласам дека спогодбата меѓу трите конфедерации не е од затворен тип, туку дека е отворена кон сите други синдикални организации, па и кон работниците кои не се синдикално организирани“ – додаде Митревски. Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Раско Мишкоски рече дека до пред една година една ваква средба и ваква одлука за соработка беше незмислива. – „Иако Светската и Европската конфедерација на синдикати и Меѓународната организација на трудот настојуваа и вложуваа напори, синдикатите во Македонија секогаш имаа различни мислења за иста сфера. Во изминатава година, меѓутоа, почна процес на приближување и на заедништво на синдикатите и резултатите веднаш се почувствуваа. Ние сме подготвени да се бориме за правата на работниците без оглед на кој синдикат припаѓаат“ – изјави Мишкоски. На чинот на потпишување присуствуваа Петер Михалчик и Ениса Селимовиќ, членови на “PAG“ и претставници на Светската конфедерација на синдикатите, како и Емил Крстаноски, претставник на Меѓународната организација на трудот. Денешниот настан е круна на настојувањата од страна на ИТУЦ, ЕТУЦ и МОТ во изминатите две години.


СТР.2

АГЕНЦИЈА ЗА ПРИВРЕМЕНИ ВРАБОТУВАЊА „ПАРТНЕР“

„Нудиме брзо и сигурно решение за сите кои имаат потреба од привремени вработувања, без оглед на периодот за кој е потребно ангажирањето“

Агенцијата за привремени работи Партнер исклучиво е насочена кон обезбедување на привремени работници, со максимална флексибилност како кон клиентите, така и кон работниците, секогаш задржувајќи го бараното ниво на квалитет, искуство и знаење. Основањето на Агенцијата е извршено со усогласување и реорганизирање на Младинската задруга Партнер согласно член 22 од Законот за Агенции за привремени вработувања. Агенцијата за привремени работи Партнер е со лиценца тип „А“, регистарски број 1, архивски број 08-2818/2 од 12.05.2010 година. Во текот на своето досегашно 20-годишно работење, Агенцијата за привремени вработувања Партнер има остварено деловна соработка со сите значајни институции и фирми во Република Македонија. Агенцијата е членка на EUROCIETT (Европска конфедерација на приватните агенции за вработување), Националната федерација на Агенции за привремени вработувања на Македонија, Стопанската Комора на Македонија и Сојузот на Стопански Комори. Агенцијата за привремени вработувања Партнер има сертификат за управување со квалитет ISO 9001:2008. Агенцијата нуди комплетна услуга дефинирана со Законот за евиденциите од областа на трудот (Службен весник на РМ 16/2004). Агенцијата за своите услуги наплаќа провизија во зависност од бројот на ангажираните работници и должината на ангажирањето. Доколку бројот на ангажираните привремени работници е континуиран во период од еден месец или подолго, со полн фонд на работни часови, износот на провизијата изнесува: -до 30 (триесет) ангажирани лица 10% на бруто плата -до 40 (четириесет) ангажирани лица 9% на бруто плата -до 50 (педесет) ангажирани лица 8% на бруто плата -над 50 (педесет) ангажирани лица 7% на бруто плата Агенцијата за привремени работници Партнер е регистриран ДДВ обврзник и на висината на износот на провизијата пресметува 18% ДДВ. Директор на Агенцијата за привремени работници Партнер е г-дин Раде НЕНАДИЌ.

ЕЛЕКТРОНСКИ

ИНФОРМ АТОР


ГОДИНА 2011,

БР.02

СТР.3

Интервју со Претседателот на Синдикалната организација на Независен синдикат на машинскиот персонал при УНАСМ г-дин Ристо Пејовски ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА ЈП МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ - АД ТРАНСПОРТ ФОРМИРА СВОЈА СИНДИКАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА ЗА ДА БРКА РЕПРЕЗЕНТАТИВНОСТ -НОВ ПАТ КОН ЌОРСОКАКПретседателот на Синдикалната организација на Независен синдикат на машинскиот персонал г-дин Ристо Пејовски е вработен во ЈП Македонски железници - АД Транспорт Скопје, Македонија. Како синдикалец доста покажува резултати во унапредувањето и промовирањето на работничките права во железничкиот сообраќај. Главен иницијатор на повеќе штрајкови во заштитата на правата на работниците и поборник на законските регулативи кои ги вклучува работниците.

г-не Пејовски, дали членовите од вашата синдикална организација посетуваат едукативни обуки, семинари, за унапредување на работничките права ? ДА, нашите членови посетуваат разни видови на обука од сферата на трудот. Таква обука беше и пред неколку дена која се случи во конгресмената сала на Скопски саем каде беа претставници од холандскиот синдикат CNV Internationaal кои зборуваа за методологијата на постигнување на колективните договори и начин на преговарање. Но, од самите дискусии и размена на информации со нив се дојде до заклучок дека вакви семинари треба повеќе да се организираат и на ниво на работодавци со цел да го почувствуваат духот на синдикалците. Не е доволно само да се едуцираат синдикалните работници на овие теми од причина што немаат соодветен соговорник за решавање на проблемите што се соочуваат работниците со своите работодавци. Ова го говорам затоа што во дискусиите се соочив со фактот дека сепак генерално имаме проблем со лидерскиот потенцијал на работодавци или менаџерски тимови каде што во поново време се користи овој термин, иако многу и не сакам да го користам затоа што во мојот работен круг нема поеднинци кои го заслужуваат епитетот на менаџер. Како синдикална организација како ја потенцирате соработката со ЈП Македонски железници АД Транспорт ? Дали имате редовна комуникација со менаџерскиот тим на компанијата ? Комуникацијата со менаџерскиот тим не е на добро ниво, така што веќе 4 – 5 месеци немаме никаков контакт со генералниот директор на МЖ АД Транспорт г-дин Оливер Деркоски каде требаше да се разговара на теми безбедноста на железничкиот сообраќај, колективниот договор, систематизација и покачување на плата и друго. Но, игнорирањето од страна на тимот оди до таа мера што за овој проблем е известен и министерот за транспорт и врски г-дин Миле Јанакиески на ден 27 јануари 2011 година каде и од него немаме никаков одговор.


СТР.4

„Недоволен слух од страна на менаџерите во фирмата за проблемите на работниците“

„Обновен е возниот парк во ЈП Македонски железници АД Транспорт во висина од 250 000 евра“ вели Пејовски

„Постоење на непотизам во фирмата“

Каква е безбедноста во железничкиот сообраќај во Република Македонија ? Дали ЈП Македонски железници АД Транспорт се соочува со проблеми ? Безбедноста во железничкиот сообраќај е во многу лоша состојба. Знаете дека во последната година се случија две големи железнички несреќи во кои за среќа немаше жртви. Но, кога укажав на проблемите одма следеше мое отстранување од работа со тенденција до отказно решение, но сепак овие проблеми треба да бидат од заеднички интерес на работодавачот и синдикатот, и за чудо проблемите останаа сеуште актуелни и ни една педа не е мрднато во правец на решавање на проблемите. Дали е точна информацијата дека генералниот директор на ЈП Македонски железници АД Транспорт формирал синдикална организација ? Која е улогата на синдикатот во подобрувањето на работничките права ? Моментално, колку синдикални организации делуваат во АД Транспорт ? Во моментот во АД Транспорт функционираат вкупно шест синдикални организации од кои со четири потпишавме меморандум за соработка и тоа, Синдикат на вработените во подружница за влеча на возови, Синдикат на железничарите на Македонија, Независниот синдикат на машински персонал на Македонија и Автономен синдикат на машински персонал. Но, потенцирам дека и генералниот директор г-дин Оливер Деркоски на ЈП Македонски железници АД Транспорт за да ги реши проблемите на своја рака регистрирал синдикат чиј претседател е еден од раководителите за набавки во АД Транспорт, а негови членови му се последните вработени од АД Транспорт од 27 декември 2010 година каде имаат 160 членови, втора тура на членови му се партиските симпатизери и на крај му се третиот ешалон кои му се психички лабилните личности на кои им се закануваат или ги уценуваат по разни обиди за да бидат членови. Намерата му е до 01 февруари 2011 година да постигнат бројка до 300 членови. Намерата на Деркоски му е да постигне репрезентативност на ниво на претпријатие и во законска регулатива да може своето полтронче да го потпише колективниот договор но на штета на работниците. Оваа констатација му ја кажав и на менаџерскиот тим на МЖ АД Транспорт на собирот на членовите на кој беше организиран од страна на четирите синдикати на ден 24 јануари 2011 година. г-дин Пејовски, Што се случува со имотот на ЈП Македонски железници АД Транспорт ? Дали постои непотизам во АД Транспорт ? Во периодот на директорувањето на г-дин Оливер Деркоски во време од 8 месеци се отуѓија објекти од фирмата за банални суми од 600 евра кои им беа делени на телевизиски куќи, сe обнови возниот парк на менаџерскиот тим во висина од 250 000 евра, поради недостаток на кадар од чуварска служба се зголеми криминалот во МЖ АД Транспорт. Зголемен е непотизмот со вработувања на членови од потесното семејство на генералниот директор и директорот на товарен сообраќај и се разбира за ова нема слух. Лично што мислете за подобрување на комуникацијата со АД Транспорт и синдикатот ? Се плашам дека постои реална можност да се радикализа незадоволството, иако јас лично не го посакувам затоа што синдикатот спрема мое убедување е да ги лоцира проблемите и укажува на нив или со други зборови синдикатот е сервис на работодавачот. Но, одговорност за било каков негативен епилог во фирмата на дадената ситуација ја има генералниот директор. г-дин Пејовски, Ви благодариме на интервјуто и во иднина Ви посакуваме плодна работа на професионален план како и во унапредувањето на работничките права. Ви благодарам.

ЕЛЕКТРОНСКИ

ИНФОРМ АТОР


ГОДИНА 2011,

БР.02

СТР.5

СЕМИНАР ЗА КОЛЕКТИВНОТО ДОГОВАРАЊЕ И СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ Во деновите 21 и 22 февруари, во Скопје, во хотелот “Арка“, се одржа завршниот семинар “Улогата на секторското колективно преговарање во јакнењето на социјалниот дијалог – структурна и суштинска содржина на секторските колективни договори“. Семинарот е организиран од страна на Австриската агенција за развој (Austrian Development Cooperation) и Меѓународната организација на трудот (International Labour Organization). Средбата е дел од проектот “Консолидирање на правните и институционалните основи на социјалниот дијалог во земјите на Западен Балкан и Молдавија“. Главната цел на семинарот беше јакнење на бипартитниот социјален дијалог, пренесување на знаењата за вредностите, целите и организирањето на соодветни облици на колективно договарање. Меѓу другите цели е подобрување на соработката меѓу трите македонски синдикални конфедерации – Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) и Унијата на независни и автономни синдикати (УНАСМ), чии претставници учествуваат на семинарот. Предавачи беа Петар Михалчик и Ениса Селимовиќ, членови на PAG. Петер Михалчик зборуваше за “Бипартитниот социјален дијалог – неговите вредности, цели и институции“ и “Колективните договори – суштина на социјалниот дијалог“, како и за улогата на синдикатите во демократијата, зголемувањето на видливоста на синдикатите и на синдикалните реформи. Ениса Селимовиќ даде осврт на темите “Прашања поврзани со родовите во колективното договарање и колективните договори“. На семинарот учествуваше и Емил Крстановски од МОТ, како и претставници од работодавачите, Владата и на Светската и Европската конфедерација на синдикати (ITUC – ETUC – PERC). На семинарот меѓу другото се водеше и панел дискусија за новите можности во колективното договарање, односно усвојување на Меморандум за синдикална соработка на ССМ, КСС и УНАСМ.

Семинар за ПРЕГОВАРАЊЕ И ЛОБИРАЊЕ На ден 05 феруари 2011 година се одржа семинар на тема: „Преговарање и Лобирање“ во организација на УНАСМ. На семинарот беа претставници од сите регионални организации на УНАСМ (Прилеп, Делчево, Скопје, Охрид и Струга), членови на УНАСМ од Гостивар, Свети Николе и од Независниот синдикат

на

железнии

АД

машинскиот

персонал

Транспорт.

Предавачи

од на

ЈП

Македонски

семинарот

беа

претставниците од CNV International, Mr.Kampherbeek Hendrik и Mr. Katerberg Thie. На семинарот се истакна за преговарањето преку дефинирање дека преговарањето е основно средство за да добиете она што го сакате од останатите. Тоа е така дизајнирана комуникација со која се постигнува договор кога двете заинтересирани страни имаат заеднички но истовремено и спротивставени интереси. Процесот низ кој треба да се помина за да се приближат гледиштата и ставовите на заинтересираните страни е всушност преговарањето. Резултатот треба да биде спогодба, потпишување колективе договор со работодавецот, продажба, победување или со еден збор постигнување на заедничкиот интерес за одредената работа. Преговарањето како вештина е неопходно за секој успешен менаџер. Во сите функции што ги врши еден менаџер (планирање, екипирање и организирање, контрола и раководење), вештините на преговарање се неопходни. Преговарањето е особено значајно и во процесот на донесување одлуки.


РЕГИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА УНАСМ ДЕЛЧЕВО СВЕТОЗАР МАРКОВИЌ ББ 92000 ДЕЛЧЕВО, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Координатор: Димитар МОМЧИЛОВ Тел: +38933410281 Email: unasmdelcevo@yahoo.com

УНИЈА НА НЕЗАВИСНИ

РЕГИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА УНАСМ ОХРИД

АВТОНОМНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА Ул: „Васил Ѓоргов“ бр.32, 1000 Скопје, Р.Македонија Тел: +38923230307

БУЛЕВАР ТУРИСТИЧКА ЗГР. РЕМИС 2 – ЛОКАЛ 3 6000 ОХРИД, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Координатор: Благоја ИВАНОСКИ Тел: +38946251077 Email: unasm_ohrid@yahoo.com

Email: info@unasm.org.mk РЕГИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА УНАСМ ПРИЛЕП за издавачот: Слободан АНТОВСКИ уредува:

Рубинчо АРИЗАНКОСКИ

Електронски информатор УНАСМ Билтен Email: unasmbilten@gmail.com

Ул: „СОТКА ЃОРЃИОСКИ“ ББ (х.Скопје) 7500 ПРИЛЕП, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Координатор: Гоце БЛАЖЕСКИ Тел: +38948410999 Email: unasmpp@gmail.com РЕГИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИЈА УНАСМ СТРУГА

www.unasmpp.weebly.com www.ozunasm.weebly.com

ГРАДСКИ ПАЗАР ББ (на спрат) 6330 СТРУГА, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Координатор: Драгица ПОПОСКА Тел: +38946784495 Email: unasmstruga@yahoo.com

ЖЕНСКИТЕ ПРАШАЊА СЕ И СИНДИКАЛНИ ПРАШАЊА! Солидарноста не прави посилни! -Застапеност на жената во колективните преговарања Дури во граѓанското општество кон крајот на 18 век се разгласи повикот за еднакви права на жените. Имаше повеќе причини за тоа. Како прво, декларацијата на универзалните човекови права врз основа на природното право во Франција и Соединетите држави довела до тоа да се поставуваат барања за еднакви права на жените. Граѓанското општество не ги пушташе жените како директни конкурентки во производниот процес. Тие беа исклучени од многу економски, политички и дури приватни одлуки. Жените имаа ограничени можности на образование, без моќ на управување со својот имот, не можеа да потпишуваат договори и да прифатат работа без дозвола од мажот. Во правото на развод и грижа за децата тие беа еклатантно дискриминирани. Истовремено беше поставена основата за тоа, да можат да се ангажираат и експлоатираат работнички за најниски плати. Оваа ситуација беше хранливо тло за првите јавни барања за еднакви права и можности за жените. Во Македонија помеѓу жените и мажите сеуште постојат неправедни разлики во економската и другите сфери, особено кај немнозинските и маргинализираните заедници. Но, сепак тука може да се спомнат и факторите кои влијаат врз успехот или неуспехот во градњето на Gender прашањата во синдикалните организации. Фактори кои треба да произлегуваат од страна на синдикатот се: -дали се слуша гласот на жената во синдикатот, дали ги има во телата на одлучувања, вклучување на жените во колективното преговарање, да бидат членови во надзорните и извршните тела, жената да биде унапредувана и поддржувана во својата работа, да се објавуваат активности на синдикатот во врска со правата на жената каде што може да биде и стратегија за привлекување на нови членови. Еднаквоста меѓу мажите и жените е основно право на заедничка вредност на ЕУ но и неопходен услов за постигнување на раст на ЕУ, вработување и социјална кохезија.

UNASM Newsletter  

Electronic informant

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you