Issuu on Google+

univerzitetski vesnik

Издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Број 133, август 2012

УС П Е Ш Н A Р Е АЛ И З АЦ И Ј А Н А ПРВИОТ УПИСЕН РОК СО Е Л Е К Т Р О Н С К О П Р И Ј АВ УВ АЊ Е Н А К АН Д И Д АТ И Т Е


О д ре а ли з а ц и ј а т а н а п рв и о т у п и с е н ро к

В

о академската 2012/13 година, според квотите утврдени од Владата на Република Македонија, се предвидуваше да се запишат вкупно 12 051 студент на студиските програми на Универзитетот, од кои 6 784 студенти како редовни студенти во државна квота, 3 891 студент со кофинансирање на студиите и 1 376 вонредни студенти. Според годинашниот конкурс, како резултат на усогласувањето со законската регулатива, се вршеше запишување на студенти на видоизменетите и иновирани студиски програми на повеќето факултети. Годинава се запишува петтата генерација средношколци кои полагаа државна матура, така што нема значајни промени во начинот на селекција на кандидатите, т.е.

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН ПРВИОТ УПИСЕН РОК СО ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ тој се врши само според успехот од средното образование, освен на Архитектонскиот факултет и на уметничките факултети каде што се врши и проверка на знаењата и умеењата на кандидатите. Кај Архитектонскиот факултет вреднувањето на успехот од тестот за склоност за студирање архитектура се вршеше со бодување од 0 до 40 поени, а проверката имаше елиминаторен карактер, т.е. не се рангираа кандидатите што не добиле најмалку 15 поени. Новина во уписната политика беше планираното воведување на електронското пријавување во

рамките на iKnow-проектот. Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот за запишување на прв циклус студии, секој заинтересиран кандидат требаше да се најави на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава. Бројот што кандидатот автоматски го добил од системот за електронско пријавување требаше да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување. Со цел за запознавање на кадарот на единиците на Универзитетот со можностите што ги нуди електронското пријавување, беа одржани повеќе обуки, што придонесе за успешна реализација

Постојани соработници Главен и одговорен уредник

ун и верзи тетски весн и к

Проф. д-р Велим ир Стојковски

К Ко ос ст та ад ди ин на а М Мо ок кр ро ов ва а Б Би иљ ља ан на а Ф Фо от ти ин но ов вс ск ка а М М-р р М Ма ар ри иј ја а Ц Це ен не ев вс ск ка а Т То ом ми ис сл ла ав в Б Ба аш ше ев вс ск ки и Лектор

Заменик главен и одговорен уредник

М-р Илија Пиперкоски

В Ве ес сн на а И И. . Ц Цв ве ет та ан но ов вс ск ка а Техничко уредување

Г Го ор ра ан н М Му ур ра ат то ов вс ск ки и

Универзитетски весник бр. 1 33


на овој проект. За оваа значајна новина, повеќе ќе стане збор во посебен дел на овој број од Весникот. Реализацијата на првиот уписен рок се одвиваше во периодот од 16 до 31 август 2012 година. Во првиот уписен рок, на сите факултети на Универзитетот беа пријавени вкупно 6.604 кандидатидржавјани на РМ. Од нив, на факултетите од техничкo-технолошките науки се пријавија 1.676 кандидати, на природно–математичките науки се пријавија 185 кандидати, на општествените и на хуманистичките науки – 3.343 кандидати, на факултетите од областа на медицинските науки и здравството - 950, на биотехничките 305 и на уметностите - 145 кандидати. Сликата на интересот на кандидатите и годинава е иста како и во претходните години – доминираат општествените и хуманистичките науки: повеќе од половината пријавени кандидати (50,6%) беа определени за овие факултети, потоа на одделни студиски програми на техничките и природно–математичките науки, медицинските науки и здравството, биотехничките науки и на уметностите. За одбележување, во последниве години е и трендот на зголемување на интересот на кандидатите за студирање на техничко–технолошките и на биотехничките науки, пред сè како резултат на процесите за промени, осовременувањето на наставно–образовниот процес, иновирањето на постојните и воведувањето нови студиски програми итн. Во текот на реализацијата на првиот уписен рок, бројот на кандидатите за студирање токму на тие студиски програми ги надминуваше квотите утврдени во Конкурсот. За да им се излезе во пресрет на кандидатите и да им се исполнат желбите за продолжување на образованието на студиите за кои се определиле, по предлог на факултетите, УниверУниверзитетски весник бр. 1 33

УС П Е Ш Н А

И М П Л Е М Е Н Т А Ц И Ј А Н А П О Т С И С ТЕ М О Т

З А Е Л Е К Т Р О Н С К А П О Д Д Р Ш К А Н А У П И С И ТЕ В О Р А М К И Т Е Н А И Н Т Е Г Р И Р А Н И О Т С Т УД Е Н Т С К И

П

И Н Ф О Р М А Ц И О Н Е Н С И С ТЕ М Н А

отсистемот за електронска поддршка на уписите овоз­ можува униформен и централизи­ ран пристап во обработката на по­ датоците, при што секоја катего­ рија на корисници: кандидатите ­ идни студенти на УКИМ, факул­ тетската администрација, конкурс­ ните комисии на факултетите, како и службите и врвната управа во Ректоратот на Универзитетот, на едноставен и на ефикасен начин, со едноставно ползување на сметач поврзан на интернет можат да ги извршат сите активности во врска со уписите. За кандидатите, идни бруцоши на УКИМ, ова поконкретно значи дека само со поседување на активна адреса за е­пошта и сметач со прис­ тап на интернет и пребарувач, тре­ ба да дојдат на интернет–страни­ цата за влез во системот www.upisi.ukim.mk и да креираат свој кориснички про­ фил слично како што тоа го прават и на други веб­портали (како, на пример, оние на социјалните мре­ жи). Откако ќе го активираат својот профил, тие имаат пристап до сис­ темот преку кој можат да ја напра­ ват својата електронска пријава, по пат на внесување на сите свои ге­ нералии, податоците за заврше­

УКИ М

ното претходно образование и по­ стигнатиот успех како во текот на школувањето така и на матурскиот дел, да изберат факултет на кој сакаат да конкурираат и притоа да ги искажат своите приоритети во поглед на изборот на понудените студиски програми. Системот е така дизајниран што ги импле­ ментира сите аспекти на овогоди­ нешниот Конкурс, па во таа смисла се опфатени како редовните и вон­ редните студенти и студентите со кофинансирање, така и студентите во дополнителните квоти за нацио­ налностите и специјалните катего­ рии на кандидати (деца на брани­ тели и други во оваа категорија). Во рамките на овој т.н. студент­ ски портал, кандидатите имаат можност, сè до поднесувањето на документите во трите уписни рока предвидени со Конкурсот, да вршат измени на сите аспекти на својата електронска пријава. Во крајниот чекор на пријавувањето, кандида­ тите добиваат сумарна листа со сите податоци кои ги внеле, како и со пресметаните поени од средното образование онаму каде што се тие релевантни ­ т.н. пријавен лист. Овој пријавен лист, како и другите потребни шаблони/документи пропишани со Конкурсот или од

3


зитетот и годинава се обрати до Владата на РМ, со барање да донесе дополнителна одлука за зголемување на квотите. Владата на РМ, на седницата одржана на 26 август 2012 година, изврши проширување на квотите на: Градежниот факултет, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Машинскиот факултет

и на Фа-

култетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер.

Со реализацијата на првиот уписен рок, на студиските програми на сите факултети на Универзитетот се запишани вкупно 5.313 студенти, и тоа: •

во државната квота – 3.713 редовни;

во категоријата со кофинансирање на студирањето – 1.225 редовни;

вонредни – 185;

надвор од квотата по основа на припадност на заедниците кои не се мнозинство во РМ – 190.

Согласно со роковите во Конкурсот, од 3 до 14 септември следува реализацијата на вториот уписен рок, врз основа на дополнителен конкурс за слободните места за запишување. Во вториот уписен рок исто така ќе се врши запишување на кандидати во рамките на „Проектот 45“ на Владата на Република Македонија. Целта на овој проект кој годинава се реализира третпат е овозможување на услови за стекнување високо образование за граѓани, на возраст 35 години за жени, односно 45 години за мажи, кои не успеале да се стекнат со овој степен на образование во изминатиот период. Запишувањето на оваа категорија студенти се врши врз основа на посебен конкурс објавен од страна на Универзитетот.

4

страна на управата на факултетот (разни изјави, односно шаблони за уплатници), кандидатите ги печа­ тат и заедно со другата потребна документација ги поднесуваат до студентските служби на соодветни­ от факултет на деновите на уписи­ те. Освен тоа, по успешно заврше­ ната пријава, системот им дава на кандидатите единствен идентифи­ кационен број на нивната елек­ тронска пријава кој тие го внесу­ ваат во универзитетскиот пријавен лист. На студентскиот портал за упи­ си, кандидатите имаат пристап до различните видови на ранг­листи: 1. список со освоени поени од сред­ ното образование; 2. прелиминар­ ни ранг­листи (со освоени поени од спроведените тестирања на знае­ њата и умеењата на оние факултети каде што според Конкурсот тие се спроведуваат); 3. конечни ранг­ли­ сти. Преку овој портал, кандида­ тите имаат можност да поднесуваат и приговори, иако согласно со по­ стојната законска регулатива, при­ говорите до факултетските коми­ сии и уни��ерзитетската конкурсна комисија мораат и во хартиена форма да се доставуваат до архи­ вата на соодветната институција. Комуникацијата на кандидатите и студентските служби, односно кон­ курсните комисии е значително олеснета и се извршува електрон­ ски. Со новиот систем, кандидатите треба да дојдат на соодветниот факултет само за да го подадат уни­ верзитетскиот пријавен лист заед­ но со документите кои се потребни согласно со Конкурсот или евен­ туално да поднесат приговор. За кандидатите кои од одредени причини нема да извршат елек­ тронска пријава, предвидена е можност за нивно внесување во системот на деновите на уписите, иако топло им се препорачува на кандидатите сепак да направат електронска пријава. Во таа сми­ сла, на деновите на уписите, онаму каде што за тоа има услови, фа­ култетите ги отвораат своите лабо­ ратории и им овозможуваат на кан­ дидатите, со асистенција на врабо­ тени на факултетот, да ја извршат електронската пријава на сметачи на факултетот пред формално да ја поднесат пријавата до службата за студентски прашања. Во рамките на системот е обезбедена и мож­ ност за електронско пријавување на проблеми, барање за интервенции

и поддршка во фазата на елек­ тронска пријава преку едноставно пополнување и поднесување на електронски формулар со кус опис на проблемот, односно бараната интервенција. Овие поднесоци ќе бидат дневно прегледувани од страна на факултетските админи­ стратори кои или ќе дадат одговор, доколку тоа можат да го сторат, или ќе ги ескалираат до универзи­ тетските администратори, а овие, пак, до тимот за развој на софтве­ рот ако се појави потреба. Придобивките за кандидатите со ползување на новиот систем за електронска поддршка на уписите на УКИМ се евидентни, но неговото значење станува уште поголемо ако се имаат предвид и придобивките за Универзитетот. Имено, за прв пат, формално се унифицира ра­ ботењето на факултетските кон­ курсни комисии кои, за разлика од порано, сега имаат обврска само да извршат верификација на веќе внесените податоци од страна на кандидатите. Самото рангирање, со примена на единствен алгоритам за целиот Универзитет се прави елек­ тронски, што значи, брзо (времето на генерирање на ранг­листите е од ред на големина на неколку секун­ ди), ефикасно (кандидатите доби­ ваат известување за расположли­ воста на ранг­листите на порталот и можат во секое време да ги видат) и точно (заради елиминација на човечкиот фактор и неговиот суб­ јективизам). Уште повеќе, резул­ татите од уписите во електронска форма претставуваат подлога за

Ова а годи н а , за п рвп а

н а Ун и в е р з и т е т о т „ С в . в о т р и т е уп и с н и р о ка

е л е кт р о н с ки с и с т е м з а

н а уп и с и т е в о п р в а г о д

Си стем от, зн а ч и тел н о

о в о г о д и н е ш н и т е уп и с

ус п е х п р и м е н е т м и н а т

уп и с и т е н а Ф И Н КИ и н Универзитетски весник бр. 1 33


добивање на брзи, навремени и точни статистички информации за бројот на пријавени, рангирани и одбиени кандидати, нивниот национален состав и други статистички податоци што им се потребни на службите во Ректоратот на УКИМ и на други органи на државата, и тоа во секој момент пред, во текот и по уписите. Конечно, податоците од уписите во електронска форма на едноставен и лесен начин можат да се пренесат во основниот модул на инте­ грираниот студентски информационен систем, од кој модулот за уписи претставува само дел или да бидат извезени (експортирани) во соодветна форма за

а т , н а с и т е ф а к ул т е т и - ч л е н к и

.   К и р и л и М е т о д и ј “ в о С ко п ј е , ќе с е п р и м е н и ун и ф о р м е н

а п о д д р ш ка н а с п р о в е дув а њ е то

д и н а н а с т уд и и .

о п рера ботен и п одобрен за

си , беш е п робн о, н о со гол ем

т а т а г о д и н а к а ко п о д д р ш к а н а

н а П М Ф. Универзитетски весник бр. 1 33

употреба во некаков друг систем или дополнителна обработка.

Покрај податоците за новозапишаните студенти, во интегрираниот студентски информацонен систем систематски се внесуваат и податоците и за студентите од втора, трета и погорните години на студии. На тој начин, овој систем претставува и практична импле­ ментација на т.н. електронски индекс пропишан со Законот за високото образование. Со неговата дослед­ на и целосна употреба сè повеќе ќе се избегнува корис­ тењето, циркулацијата и архивирањето на хартиени документи и ќе се намалува потребата за физичка интеракција на сите фактори во образовниот процес со факултетската и универзитетската администрација. Во таа смисла, во некоја идна верзија на овој систем се предвидува негово поврзување со информационите системи на надлежните државни институции за размена на податоци, како што е тоа системот на Министерството за образование и наука, Државниот испитен центар, Министерството за финансии и сл. Модулот за уписи, како и целокупниот интегриран студентски информационен систем е проектиран и развиван во изминатите две години од страна на тим стручни лица од редот на наставниот кадар на нашиот Универзитет во рамките и со голема поддршка на проектот iKnow, раководен од проф. д­р Марјан Гушев од ФИНКИ. Во реализацијата свој значаен придонес дадоа и ректорот, проф. д­р Велимир Стојковски, доц. д­р Иван Чорбев и проф. д­р Дејан Ѓорѓевиќ од ФИНКИ, Горан Муратовски од Универзитетскиот ком­ пјутерски центар, како и многу други од администра­ тивните и управните служби на факултетите. Самиот софтверски пакет го изработи фирмата НЕОКОМ од Скопје.

5


ЕРАЗМУС ЗА СИТЕ ЕУ­програма за образование, обука, млади и спорт

РЕЗИМЕ

Еразмус за сите е нова програма на ЕУ за обра­ зование, обука, млади и спорт, предложена од стра­ на на Европската комисија на 23 ноември 2011. Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција која можеме да ја направиме за идни­ ната на Европа. Студирањето во странство ги подобрува вештините на луѓето, личниот развој и способноста за адаптација и ги прави поконкурент­ ни на пазарот на трудот. Сакаме многу повеќе луѓе да имаат придобивки од поддршката што ЕУ ја овозможува. Исто така, треба повеќе да инвести­ раме за да го подобриме квалитетот на образова­ нието и обуката на сите нивоа за да бидеме меѓу најдобрите во светот и да создадеме повеќе работни места и поголем пораст“, рече Андроула Василиоу, комесар за образование, култура, мултилингва­ лизам и млади. Програмата Еразмус за сите ќе ги соедини сите ЕУ и меѓународни шеми за образование, обука, млади и спорт кои во моментот се имплементираат, заме­ нувајќи седум програми со една. Со ова ќе се зголеми ефикасноста, поедноставно ќе се аплицира и ќе се намали преклопувањето и фрагментираноста.

Комисијата предлага зголемување од приближно 70% споредено со сегашниот седумгодишен буџет, со што ќе се алоцираат 19 милијарди евра за новата програма за периодот 2014­2020. Оваа бројка ги зема предвид можните проценки на инфлација и ги вклу­ чува трошоците предвидени за меѓународна сора­ ботка. Новата програма ќе се фокусира на придобивките за ЕУ и влијанието врз системот, преку поддршка на три вида акции: индивидуална мобилност за реали­ зација на студиски престој, во ЕУ и надвор од ЕУ; институционална соработка помеѓу образовни ин­ ституции, младински организации, бизнис­сектор, локални и регионални надлежни органи и невладини организации; поддршка на реформи во земјите­член­ ки за модернизација на образовниот систем и систе­ мот за обука и поддршка за промовирање на инова­ циите, претпиремништвото и вработувањето. Две третини од средствата ќе бидат потрошени на мобилност за да се подобрат знаењето и вешти­ ните.

Преструктурираната форма на новата програ­ ма – заедно со зголемениот буџет за инвестирање – значи дека ЕУ ќе може да овозможи многу повеќе за

6

студентите, луѓето кои сакаат да се обучуваат, младите, професорите, младинските работници и други да ги подобрат своите вештини и можнос­ тите за личен развој и вработување. Програмата Еразмус за сите исто така ќе промовира истра­ жување и студии од областа на европските инте­ грации и ќе го поддржува спортот. Од 2007, во просек 400 000 лица на годишно ниво добиваат ЕУ­грантови за студирање, обука или волонтирање во странство. Во предлогот на Коми­ сијата, оваа бројка се зголемува на скоро 800 000 (во 2010, 560 000 добиле грант во 27 земји­членки).

Околу 5 милиони луѓе, речиси двапати повеќе от­ колку во моментот, можат да добијат шанса да студираат или да посетуваат обука во странство преку грант од програмата Еразмус за сите, нова­ та програма на ЕУ за образование, обука, млади и спорт предложена денеска од страна на Европската комисија. Помеѓу нив ќе бидат околу 3 милиони студенти од високото и стручно образование. Сту­ дентите на втор циклус студии исто така ќе мо­ жат да бидат корисници на новата поставена шема за доделување на кредити. Програмата на Европската комисија, „Еразмус за сите“, ќе овозможи: •

2,2 милиона студенти од високото образование да добијат грантови за реализирање на дел од своите студии или обука во странство (споре­ дено со 1,5 милиони во рамки на програмата која е во тек на имплементација); оваа бројка вклучува 135.000 студенти кои ќе добијат можност да студираат во земја која не е членка на ЕУ, ка��о и студенти кои доаѓаат од земјите кои не се членки на ЕУ за да студираат во Унијата;

735.000 студенти од стручното образование ќе имаат можност да реализираат дел од своето образование или обука во странство (споредено со 350 000 во рамки на програмата која е во тек на имплементација);

1 милион професори, обучувачи и лица кои ра­ ботат со млади ќе добијат средства за да др­ жат предавања или обуки во странство (споре­ дено со 600 000 во рамки на програмата која е во тек на имплементација);

Универзитетски весник бр. 1 33


700 000 млади луѓе ќе отидат на стажирање во компании во странство (споредено со 600.000 во рамки на програмата која е во тек на импле­ ментација);

330.000 студенти на втор циклус студии ќе имаат можност за добивање кредит за финан­ сирање на нивните студии во странство;

540.000 млади луѓе ќе можат да волонтираат во странство или да учествуваат во младинска размена (споредено со 374.000 во рамки на про­ грамата која е во тек на имплементација);

34.000 ќе добијат грантови за „заедничка дипло­ ма“ која вклучува студирање на најмалку две високообразовни институции во странство (споредено со 17.600 поддржани во рамки на програмата која е во тек на имплементација);

115.000 институции/организации кои работат во полето на образованието, обуката и/или младинските активности или други тела ќе добијат средства за воспоставување на повеќе од 20.000 „стратешки партнерства“ за импле­ ментација на заеднички иницијативи и промо­ вирање на размена на искуства и добра прак­ тика;

4.000 образовни институции и компании ќе формираат 400 „алијанси за стекнување на зна­ ење“ и „алијанси за стекнување на секторски вештини“ за промовирање на иновативност, претприемаштво и вработување. Се очекува да започне во 2014 година.

1.

НОВА ПРОГРАМА ЗА НОВИ ПРЕДИЗВИЦИ

Оваа препорака на Европската комисија го надо­ полнува предлогот за усвојување на Регулатива од страна на Европскиот парламент и Советот за воспос­ тавување на Еразмус за сите: една програма за образо­ вание, обука, млади и спорт за периодот 2014­2020. Програмата ги зема предвид приоритетите од страте­ гијата Европа 2020 и иницијативите кои произлегоа од неа. Таа претставува клучна инвестиција во човеч­ киот капитал, инвестиција од која придобивки ќе имаат и поединците и општеството во целина преку обезбедување на раст и просперитет. Во денешно време, кога повеќе од кога било обра­ зованието и обуката се важни за иновациите, продук­ тивноста и растот, особено во овој период на економ­ ска и финансиска криза, потенцијалот на човечкиот капитал во Европа останува неискористен. Треба повеќе да се направи за да се добие сигурност дека системите за образование и обука го обезбедуваат потребното знаење и вештини релевантни за глобали­ зираниот пазар на труд, со цел да им се помогне на младите луѓе и истовремено доживотното учење да стане реалност за сите. Улогата на образованието и обуката при вработувањето е од голема важност за младите кои се најмногу погодени од кризата. Згора на тоа, во образованието сé уште постои родова нееднак­ вост: иако жените ги надминаа мажите во учеството и во запишувањето на универзитет, научните подрачја Универзитетски весник бр. 1 33

остануваат сегрегирани преку помала застапеност на жените во науката и инженерството.

Заедничките заложби за остварување на ЕУ–кри­ териумот за намалување на стапката на лица со слаби резултати во стекнувањето на основни вештини до 15% до 2020 ќе доведат до економски придобивки на дол­ горочен план за ЕУ. Зголемувањето на стапката на лица со високо образование на 40% ќе придонесе за зголемување на БДП за 4% по глава на жител во ЕУ. Можноста системите за образование и обука да ги обезбедат потребните вештини за пазарот на труд ќе придонесе за достигнување на целта од 75% вработе­ ност од стратегијата Европа 2020.

Придонесот на програмата за Европа ќе биде: по­ мош на граѓаните да се стекнат со нови и подобри вештини, јакнење на квалитетот на образованието во образовните институции во ЕУ и пошироко, поддршка на земјите­членки на ЕУ и партнерските земји во процесот на модернизација на нивните системи за образование и обука, правејќи ги поиновативни и промовирајќи активно учество на младите во општес­ твото и воведувајќи европска димензија во спортот. Во исто време, буџетските ограничувања на ЕУ и нејзи­ ните земји­членки налагаат фокусирање на резултати и трошковна ефективност, јакнење на влијанието врз системот и намалување на административните и опе­ ративни трошоци. Клучот за остварување на овие придобивки е јак­ нење на врските и синергијата меѓу програмата и главните ЕУ­приоритети и процеси, особено импле­ ментацијата на стратегиите Европа 2020 и Образо­ вание и обука 2020, како и стратегиите за млади и приоритетите на акцијата за надворешна соработка на ЕУ. Целите кои треба да се постигнат мора да бидат поттикнати од заеднички приоритети и политики за развој; во таа насока, неодамнешната препорака за модернизација на високото образование ги посочува главните области кои треба да бидат поддржани за да се зголеми нивото на запишување, квалитетот, атрак­ тивноста и интернационализацијата на високообра­ зовните системи, како и нивната релевантност за иновативноста.

2. ЗАСНОВАЊЕ НА ПРЕТХОДНИ

ДОСТИГНУВАЊА И ИСКУСТВА

Евалуациите покажуваат дека програмите на ЕУ за периодот 2007­2013 веќе имаат значително влијание врз системот, многу повеќе од придобивките кои ги имаат индивидуалните учесници. Меѓународната со­ работка во високото образование покажа дека ЕУ претставува светска референца и извор на инспирација кога станува збор за реформите во високото обра­ зование. Згора на тоа, тие се инструментални во про­ мовирање на употребата на иновативни пристапи за развој на наставни планови и содржини и транспа­ рентност. Во полето на неформалното образование, помошта што ја обезбедува ЕУ има силно влијание врз образовниот и професионален развој на поединците и таа беше инспиратор и создавач на иницијативата европска волонтерска служба.

7


Сепак, постои комплексен систем на многу про­ грами и акции кои мора да бидат заменети со поеднос­ тавна, насочена структура, која ќе обезбеди поголема рамнотежа меѓу хармонизацијата и флексибилноста. На пример, Програмата за доживотно учење има шест потпрограми, повеќе од 50 цели и над 60 акции. Програмата Млади во акција се фокусира на мобил­ ност и (неформално) образование на младите, додека приближно 80% од средствата на Програмата за дожи­ вотно учење исто така ги опфаќаат младите. Некои од акциите имаат недостаток на критична маса за оства­ рување на долгорочно влијание, или имаат високи административни трошоци. Меѓународната соработка во високото образование исто така се карактеризира со фрагментираност по­ меѓу различни ЕУ­инструменти кои служат за импле­ ментација на слични цели и акции. Во моментот, Комисијата финансира пет програми за соработка во високото образование, со вклученост на различни региони од светот: •

• •

Еразмус Мундус главно се фокусира на мобил­ ност, нудејќи стипендии за студирање на про­ грами од втор и трет циклус на студии кои нудат високо ниво на квалитет и на поддршка на парт­ нерства на универзитети од различни региони во светот; Темпус е програма за градење на капацитети за модернизација на високото образование преку проекти за соработка меѓу универзитети од зем­ јите­членки на ЕУ и нивните партнери од земјите од Западен Балкан и земји од регионите во сосед­ ството на ЕУ; програмите Алфа и Едулинк имаат слични цели и ги опфаќаат земјите од Латинска Америка и зем­ јите од Африка, Карибите и Пацификот; исто така, Комисијата има воспоставено програма за соработка со индустриски развиените земји, која финасира проекти за издавање на заедничка или двојна диплома, проекти за реализација на заеднички мобилности и активности за креирање на стратегии.

Сите овие програми за високо образование имаат слични цели; тие финансираат споредливи, но сепак не многу различни видови на активности, со различни временски рамки и со различни процедури и начини на имплементација. Преголемата фрагментираност со себе носи ризик од преклопувања, го комплицира при­ стапот на потенцијалните корисници и ја ограничува ефикасноста, критичната маса и трошковната оправ­ даност.

Со фокус на приоритети кои ќе ги зголемат при­ добивките за ЕУ и влијанието врз системот, акциите кои ќе бидат поддржани ќе придонесат кон заложбите за отворање на повеќе работни позиции и пораст во согласност со целите на Европа 2020. Економијата ќе има придобивки доколку акции од слична природа имаат слични правила и процедури на имплемента­ ција, на тој начин поедноставувајќи ја работата на корисниците и на институциите кои ја имплементи­ раат. Темелејќи се на постигнатиот успех на програ­ мите за периодот 2007­2013, програмата Еразмус за сите ќе ги земе предвид нивните слаби страни кои беа идентификувани преку евалуациите и ќе ги зајакне

8

синергиите со другите извори на ЕУ­финансирање. Програмата ќе се фокусира на разни акции со транс­ национален карактер, а структурните фондови ќе им даваат поддршка н�� националните и регионалните заложби за модернизација на образовната инфра­ структура на универзитетите, поддржувајќи ја над­ градбата на вештини и обуки, како и мобилност на лицата на пазарот на труд и зголемувајќи го пристапот на незастапените групи во процесот на образование и обука. Акциите од програмата Марија Кири, согласно со иницијативата Хоризонт 2020, ќе поддржуваат мобилност на истражувачи. За целосно да се иско­ ристат синергиите со иницијативата Хоризонт 2020, проекти за заеднички дипломи на трет циклус студии ќе бидат имплементирани само преку акциите на програмата Марија Кири. • • •

Еразмус за сите :

ќе ја зголеми кохерентноста и ќе го зајакне до­ животното учење преку поддршка на формалното и неформалното образование во процесот на образование и обука; ќе го прошири опсегот на стуктурните партнер­ ства, помеѓу различни сектори од образованието и помеѓу бизнис­заедницата и други релевантни страни; ќе обезбеди флексибилност и стимул, така што алокациите на средства помеѓу активности, ко­ рисници и земји подобро ќе ги одразуваат постиг­ натите резултати и влијание.

Името „Еразмус“ е препознатливо во земјите­ членки на ЕУ и во партнерските земји кои учествуваат во програмата како синоним за мобилност со цел за учење, но и како синоним на европски вредности како што се мултикултурализмот и мултилингвализмот. Наместо да се зачува прилично големиот број на бренд имиња, програмата ќе се вика „Еразмус за сите“. Државните и приватните институции кои работат во главните образовни сектори покриени со програмата можат да го користат ова име.

Дополнително, со цел за полесна комуникација и дисеминација, името ќе биде поврзано со главните образовни сектори на следниов начин: “Еразмус висо­ ко образование“, опфаќајќи ги сите видови на високо образование во Европа и на меѓународно ниво; “Ераз­ мус обука“, која ќе ги опфаќа стручното образование и обука, како и образованието на возрасни; “Еразмус училишта“, ќе се однесува на училишното образова­ ние; “Еразмус учество на млади“, ќе го опфаќа нефор­ малното образование на младите.

3. СТРУКТУРА И ГЛАВНИ АКЦИИ НА ПРОГРАМАТА 3.1. Рационализирана структура

Програмата за доживотно учење, меѓународната соработка во високото образование и програмите Млади во акција делат исти општи цели и под­ држуваат активности кои можат да бидат групирани во три широки категории: мобилност со цел за учење; соработка меѓу образовни институции или младински организации; соработка со ЕУ или меѓународна сора­ ботка. Тие имаат слични структури на управување (пр. повик за прибирање на проектни апликации за Универзитетски весник бр. 1 33


транснационална соработка) и методи на имплемента­ ција (директно управување од страна на Комисијата, или, индиректно, преку Извршната агенција или националните агенции). Поради тоа, со цел да се обезбеди поголема кохерентност, синергија и поедно­ ставување и да се обезбедат иновативни механизми за финансирање, структурата на предложената програма ќе поддржува три вида на клучни акции, кои се ком­ плементарни и заемно се зајакнуваат: ­

­

­

Индивидуална мобилност за реализација на студиски престој: За мобилност ќе биде одвоен голем дел од зголемениот сeвкупен буџет. Ова зголемување, заедно со фокусот на квалитетот на студискиот престој, како и концентрацијата на приоритети и заложби, би требало да ја зголемат критичната маса и влијанието надвор од грани­ ците на вклучените поединци и институции. Соработка за иновации и добра практика: Во фокусот ќе биде јакнењето на иновативни парт­ нерства меѓу образовните институции и бизнис­ секторот. За високообразовните институции, фокусот ќе биде ставен на градење капацитети со земјите кои се во непосредна близина на ЕУ, како и стратешки партнерства со развиените економии и економиите во развој. Поддршка на стратешка реформа: Стратешката реформа ќе биде насочена кон: јакнење на алат­ ките и влијанието на отворените методи на коор­ динација во образованието, обуката и младите; имплементирање на стратегијата Европа 2020 и промовирање на стратешкиот дијалог со трети земји и меѓународни организации.

Меѓународна димензија

Во моментот постојат пет програми за соработка со трети земји во областа на високото образование. Тие ќе бидат преструктурирани во три клучни акции на програмата, повторно со силен акцент на мобил­ носта: •

• • •

поддршката на проекти за заеднички дипломи и стипендии на студенти и академски персонал од целиот свет ќе биде проширена и покрај малиот број на универзитети кои можат да учествуваат во моментот; управувањето на меѓународната мобилност ќе биде засновано на сегашниот систем на Еразмус, каде што се доделуваат стипендии врз основа на потпишани меѓуинституционални договори; средствата ќе бидат алоцирани согласно со темат­ ските и географски приоритети на надворешната акција на ЕУ; мерките за градење на капацитети за модерни­ зација на високообразовниот систем исто така ќе бидат преструктурирани; соработката со земјите од соседството ќе биде зајакната преку соедину­ вање на акциите за градење на капацитети и мо­ билности за да се обезбеди системско влијание. Акциите кои во моментот се финансираат преку програмите Алфа, Едулинк и Азијалинк ќе се реа­ лизираат како поддршка за градење на капаци­ тети, развој и модернизација преку заеднички проекти на универзитети од ЕУ и Латинска Аме­ рика, Азија и Африка.

Универзитетски весник бр. 1 33

Специфични акции

Поради нејзините специфични заложби за промо­ вирање на извонредност во образованието и истражу­ вањето, иницијативата Жан Моне ќе продолжи да се реализира како посебна акција во рамките на про­ грамата и ќе ги сподели своите механизми на импле­ ментација. Исто така, со цел да се искористи потен­ цијалот за поедноставување и преструктурирање на структурата на повеќегодишната финансиска рамка, соработката во областа на спортот на ниво на ЕУ ќе биде посебна активност во рамките на програмата. 3.2. Клучна акција 1: Индивидуална мобил­ ност за реализација на студиски престој

Мобилност за стекнување на знаења во меѓународ­ ни рамки – студирање на партнерска институција, држење предавања, стекнување на работно искуство, посетување на обука или учество во проекти за волон­ терство или размена во странство – е од големо значе­ ње и ефективно може да биде промовирана само на европско ниво. Мобилноста за стекнување на знаење има потенцијал: да го подигне нивото на клучните компетенции и вештини кои се релевантни за пазарот на трудот и општеството; да го зајакне учеството на младите во демократските процеси; да ја промовира модернизацијата и меѓународната димензија на висо­ кообразовните институции, од што придобивки би имале и ЕУ и другите земји­учеснички. Значи, мобил­ носта ќе биде зајакната и ќе остане клучен елемент на програмата, со силен акцент на мобилноста на студен­ ти во високото образование.

Со предложениот буџет на Комисијата, програмата може да обезбеди мобилности на околу пет милиони студенти во период од седум години. Во моментот, се поддржуваат околу 400.000 ЕУ­мобилности на годиш­ но ниво. Оваа бројка може да биде зголемена на 700.000 во просек, достигнувајќи до 900.000 во по­ следната година, со вклучени студенти и наставен кадар. Се проценува дека меѓународна мобилност во и од трети земји ќе биде овозможена за околу 135.000 лица во период од седум години. Сепак, мобилноста не е цел сама по себе. Самата програма ќе донесе пого­ леми придобивки за ЕУ, со што ќе се потврдат резул­ татите и целите на мобилноста, што, пак, ќе доведе до потреба од вклучување на мобилноста во кохерентна институционална стратегија за развој. Главниот критериум за финансирање ќе биде квалитетот, потврден преку образовната содржина и наставните методи и методите за учење, признавањето на стекнатите резултати од учењето, јазичната и меѓу­ културната подготовка и подобрените процедури во институциите–домаќини. Поддршката на мобилност преку програмата Еразмус за сите ќе се фокусира на четири клучни активности: ­

мобилност на кадар, главно професори, обучу­ вачи, училишни лидери и лица кои работат со млади;

9


­ ­ ­

мобилност на студенти во високото образо­ вание (вклучувајќи стекнување на заеднички/ двојни дипломи) и студенти кои посетуваат стручно образование и обука; Еразмус­мастер за мобилност на втор циклус студии за студентите преку нов механизам за доделување на кредити; мобилност на млади лица, вклучувајќи волон­ терство и младинска размена.

Мобилност на кадар: Истражувањето е едногласно во врска со клучната улога која ја имаат професорите и училишните лидери во зголемување на нивото на резултати кај учениците и во образовните системи. Со цел да се промовира извонредност во одржувањето на настава, да се развијат иновативни и успешни настав­ ни методи и методи на учење и да се зајакне квалите­ тот во институциите, мобилноста на кадарот во сите образовни сектори ќе биде значително зајакната, вклучувајќи и долгорочна мобилност. Исто така се предвидени повеќе можности за мобилност на лицата кои работат со млади, имајќи ја предвид нивната улога како мултипликатори и промотори на размената на добра практика меѓу младинските организации. За периодот на програмата се предвидуваат 1.000.000 ко­ рисници на овој тип мобилност.

Студенти во високото образование: За да се отсли­ ка зголемената меѓународна димензија во високообра­ зовниот сектор, активностите поврзани со Еразмус­ мобилноста ќе бидат значително зајакнати и проши­ рени на меѓународно ниво, вклучувајќи ги и земјите од соседството, за да се оствари поставениот критериум од 20% реализирана мобилност на студенти во висо­ кото образование. Ова ќе овозможи студентите од Европа да реализираат мобилност на меѓународно ниво, а студентите кои не се од Европа да реализираат студиски престој во ЕУ, на тој начин охрабрувајќи го движењето на таленти и зголемувајќи ја атрактивноста на високото образование во Европа за заеднички при­ добивки на високообразовните институции и системи од ЕУ и од земјите кои не се членки на ЕУ.

Заедничка диплома: Темелејќи се на успехот на Еразмус Мундус, која се имплементираше со инду­ стриски развиените земји, програмата ќе ја зајакне поддршката на мобилност за стекнување на квалифи­ кација во рамки на студиски програми кои нудат ви­ соко ниво на квалитет, имплементирани од страна на ЕУ–универзитети и универзитети од земји кои не се членки. Оваа акција ќе биде отворена за дополнително финансирање од заинтересираните партнерски земји. За периодот на програмата се предвидуваат 34.000 ко­ рисници на овој вид мобилност. Еразмус–мастер: Студиите на втор циклус се од големо значење за подигање на нивото на квалифи­ кации во високото образование и за стекнување на понапредни вештини за работни позиции кои тоа го налагаат. Иако реформите со болоњскиот процес соз­ дадоа многу можности, сепак мал е бројот на мобил­ ности за стекнување на квалификации во ЕУ. Ова делумно се должи на тоа што националните шеми за поддршка на студентите, каде што постојат, насто­ јуваат да бидат многу ограничувачки и поддршката која тие ја даваат не смее да биде искористена во друга земја­членка. Особено се појавува проблем кај сту­

10

денти кои сакаат да завршат целосна студиска про­ грама на втор циклус во друга земја­членка каде што школарината е висока. Со цел да се преземе некоја активност во таа насока, програмата Еразмус за сите ќе воспостави шема за добивање на студентски кредити што на студентите кои сакаат да завршат втор циклус на студии во некоја друга земја­членка на ЕУ или ЕЕА­ земја ќе им даде можност за земање на кредит по поволни услови. Се предвидуваат 330.000 корисници. Студенти кои посетуваат стручно образование и обука: Овозможувањето на пристап на студентите кои посетуваат стручно образование и обука до методи, практики и технологии кои се користат во други земји ќе придонесе за подобрување на нивните можности за вработување во глобалната економија: учењето преку работа е важно за вработување на поединците од сите нивоа на образование, особено сега кога има висока стапка на невработеност на млади и потреба од зголе­ мување на квалитетот и атрактивноста на овој сектор во многу земји во Европа. Поради овие причини, фи­ нансирањето на мобилности на овие студенти ќе биде значително зголемено. Транснационалното стражирање во фирми има висок потенцијал за зголемување на можноста за вработување и ќе биде промовирано за студенти во високото образование и стручното образование и обука. Целта е да се зајакне врската образование – бизнис­сектор, да се промовира претприемаштвото и да се олесни преминот од образование во работа. Кога ќе има можност, тие ќе се насочуваат кон региони од одредени земји или сектори каде што има потреба од стекнување на вештини. Мобилност на студенти во високото образование, во

2. 165.000 корисници

рамките на ЕУ и надвор од ЕУ Мобилност на студенти кои посетуваат стручно

735.000 корисници

образование и обука

Вкупно

2.900.000 корисници

од кои за стажирање

700.000 корисници

Неформално стекнување на знаење: Неформал­ ното стекнување на знаење го надополнува формал­ ното образование. Во таква ситуација мобилноста има силно влијание врз личниот развој, социјалната инклузија и вработувањето на младите. Ова влијание е од особено значење за обесправените млади лица. Затоа, ќе биде зголемена мобилноста на младите преку младинска размена и волонтерство. За овој вид на мо­ билност се предвидени 540.000 корисници. (продолжува во наредниот број)

Универзитетски весник бр. 1 33


Славица Велева е родена на 18.5.1963 година во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје на групата македонски јазик и јужнословенски јазици (еднопредметна насока) во јуни 1986, а од декември истата година работи на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Магистрирала на темата

Во рамките на стручното усовршување добила сертификати од обуките и тренинзите организирани од Филолошкиот факултет во соработка со УСАИД и со Институтот отворено општество: Изработка на наставни планови и програми според Болоњската декларација, Креативна настава и учење, Со читање и пишување до критичко мислење, Обука за социјална правда, Примена на информатичко-компјутерската технологија во наставата и тренинг-програми за изработка на сертифицирани тестови за Б2 и А2-ниво на познавање на македонскиот јазик како странски. Има објавено триCurriculum Vitae Зборообразувањето во есетина научни труПроф. д­р Славица Велева, поезијата на Гане Тодови во наши, во декан на Филолошкиот факултет доровски , а доктористрански списанија и „Блаже Конески“ рала на темата Тензборници и 6 книги каденции во зборообрако автор или коавтор. зувањето на македонНастапувала со рефескиот јазик. Во моментов работи како вонреден рати на научни собири и конференции во земпрофесор на наведената Катедра (по предме- јава и во странство. Повеќе години е учесник на тите современ македонски јазик, зборообра- Меѓународниот семинар за македонски јазик, зување на македонскиот јазик, македонски јазик литература и култура со циклус предавања, - култура на говорот, македонски јазик - веш- тематски предавања на теми од областа на тини на пишување). Во текот на работниот зборообразувањето, македонската лексикограстаж одржувала вежби и предавања по пред- фија и од современиот македонски јазик, а учесметите: современ македонски јазик, граматика твувала и со реферати на научните конференна македонскиот јазик, зборообразувањето во ции. СМЈ и морфологија на СМЈ на сите групи на Од 1995 до 2000 била учесник во меѓународФилолошкиот факултет, како и по предметот ниот проект „Современите промени во словенмакедонски јазик - култура на говорот на Фило- ските јазици од 1945 до 1995 година“. Во рамките зофскиот факултет, Природно-математич- на Центарот за тестирање и сертифицирање киот факултет, Факултетот за ликовни на македонскиот јазик како странски/втор уметности и на Факултетот за драмски уметности и др. Во периодот 2006-2009 водела подго- В о р а м ки те н а п р о цеси те з а и н тегр и р а н о твителна настава по македонски јазик за странските студенти за- деј ств ув а ње и ф ун кци о н и р а ње н а Ун и в ер пишани на УКИМ, организирани од з и тетот „ С в .   Ки р и л и М ето ди ј “ во С ко п ј е Семинарот за македонски јазик, усо гл а сен и со З а ко н от з а в и со ко то о б р а з о литература и култура. Бројот на в а н и е и С та т утот н а Ун и в ер з и тетот, во Ун и студенти со кои работи се движи в ер з и тетски в есн и к ги п р етста в ув а м е р а ко од 200 до 500 по семестар. Во периодот од 1996 до 1999 го- во дн и те о р га н и н а еди н и ци те и п р и др уж дина дополнително работела како н и те ч л ен ки н а Ун и в ер з и тетот. В о з а в и сн о ст јазичен консултант во рекламно- о д о б ем н о ста н а со др жи н и те и а кт уел н и те маркетиншката агенција „Сачи и Сачи“, а во периодот 2000-2006 н а ста н и , во секо ј б р о ј о б ј а в ув а м е б и о гр а ф како предавач по предметот кул- ски п о да то ци н а еден и л и п о в еќе дека н и н а тура на писмено и на усно изразу- ф а кул тети , о дн о сн о ди р екто р и н а н а уч н и вање на македонски јазик во КДС- и н сти т ути . Центар за обука и развој на кадри, а за таа намена изработила и .. -- С С материјали за македонскиот јазик В о о во ј б р о ј ј а п р етста в ув а м е во деловната комуникација. В . В -

-

-

-

-

-

П ПР РО ОФ Ф

В ВИ ИЦ ЦА А

Универзитетски весник бр. 1 33

Д Д Р Р

Л ЛА А--

Е ЕЛ ЛЕ ЕВ ВА А

11


јазик, оформен во 2007 година во рамките на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, учесник е во два проекта: проектот од ТЕМПУСпрограмата (TEMPUS MALTECCSM-SCM-C008B062006) и проектот од УНЕСКО-програмата (УНЕСКО 4643700002). Учествува и во меѓународниот проект SOUTH EAST EUROPEAN PROJECT FOR THE ADVANCEMENT OF LANGUAGE STUDIES ‘SEEPALS,-2010-2013, 511116-Tempus-1-2010-1-XMTEMPUS-JPCR. Учествувала и во следниве национални проекти: проект на Министерството за информатичко општество, за стандардизација на македонската терминологија од областа на информатичко-комуникациската техника; проект на Секторот за евроинтеграции при Владата на РМ, за стандардизација на правната терминологија, проект од Министерството за култура, Македонската информативна агенција и агенцијата „Идеја-плус“, за зачувување на кирилицата. Била ментор на повеќе дипломски работи, магистерски тези и н�� еден докторски труд. Била рецензент на повеќе изданија од областа на јазикот и на неколку универзитетски учебници и прирачници. Во соработка со Педагошкиот совет при Министерството за образование и наука, во 2008 година, како претседател на Комисијата за селекција на учебници извршила стручна експертиза на 15 учебници по предметот македонски јазик за основно училиште. Таа е овластен испитувач и составувач на тестови по македонски јазик како странски во рамките на ЦЕТИС-МАК и е лиценциран лектор по македонски јазик. Била член на Советот на Семинарот за македонски јазик, литература и култура, член на

Советот за македонски јазик во Министерството за култура при Владата на РМ, како и член на Комисијата за изработка на предлог-измени на Законот за употреба на македонскиот јазик, при Министерството за култура на РМ. Во рамките на Факултетот учествувала во повеќе активности: организирање на Третиот и Четвртиот научен собир на млади македонисти; во два мандата била заменик-шеф на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици; повеќе години е член на Наставнонаучниот совет; член на Деканатската управа; учествувала во работата на повеќе стручни комисии за изработка на стратешки документи во рамките на Филолошкиот факултет; била член на уредувачкиот одбор на Годишниот зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“; член на Централната комисија за прием на студенти за учебната 2006/2007, член на Комисијата за приговори за упис на студенти за учебната 2007/2008 и 2009/2010, претседател на Комисијата за упис на студенти за учебната 2010/2011 и 2011/2012 година. Од учебната 2005/2006 била ЕКТС-координатор на четири студиски програми при Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици, а две години била и институционален ЕКТС-координатор. Во рамките на УКИМ била вклучена во подготовките за воведување студии од трет циклус – докторски студии и во формирањето на Школата за докторски студии; во подготовките за примена на европските програми за мобилност и во подготовките за воведување iKnow систем за мрежно поврзување. Од учебната 2009/2010 е продекан за настава на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

бите и анализите од активностите во изминатиот период. Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ беше насочен кон актив­ ностите произлезени од интегратив­ ните процеси на Универзитетот, од КОН ЗАЧУВУВАЊЕ НА КОНТИНУИТЕТОТ Законот за високото образование, од измените во Законот за високото Н А И М Е ТО И Н А П РЕ П О З Н А ТЛ И В И ТЕ образование, од обврските кон бо­ лоњскиот процес и сл. Подолг пери­ В РЕ Д Н О С ТИ од функционирањето на Факултетот се одвива во отежнати услови преди­ звикани од недоволната финансиска, ( П р о г р а м а з а р а б о т а п р и и з б о р о т з а де к а н ) кадровска и административна под­ дршка за имплементација на болоњ­ ВОВЕД ските принципи на студирање, од неформирањето на Советот за финансирање на високото образование, Програмата за работа на Филолошкиот факултет намалувањето на финансиските средства за научно­ „Блаже Конески“ во периодот 15.9.2012­14.9.2016 го­ истражувачка дејност и немањето стратегија и финан­ дина е планирана врз основа на Законот за високото сиска поддршка за кадровско обновување. образование, Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Филолошкиот факултет заедно со Филозоскиот фа­ Методиј“ во Скопје и актите на Факултетот како еди­ култет е еден од основачите на Универзитетот „Св. Ки­ ница на Универзитетот, како и врз основа на соглед­ рил и Методиј“ во Скопје и од таа причина потпи­

Проф. д­р Славица Велева, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

12

Универзитетски весник бр. 1 33


рањето врз традицијата треба да го гледаме како осно­ ва за задржувањето на континуитетот на името и на препознатливите вредности, но и како позиција од која треба да се означи почетокот на изградба на но­ виот лик на Филолошкиот факултет. Заложбите кои ги вложија нашите претходни колеги во издигнувањето на угледот на Факултетот и во создавањето на кадров­ скиот потенцијал (со кој во моментов располага Фа­ култетот) се обврска кон идните генерации. Кадров­ скиот потенцијал (професорите, вработените со нас­ тавно­стручно звање, соработниците, студентите, стручните служби и административно­техничкиот персонал) е силата која може да го издигне Филолош­ киот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ над мо­ ментните проблеми и да го постави на заслуженото место како предводник на реформите во високото образование во Република Македонија и во регионот. Оваа програма е заснована на повеќе стратешки документи за развој на високото образование и висо­ кообразовните институции во рамките на Република Македонија и Европската унија, со цел прифаќање и примена на стандардите на единствениот европски академски простор на кој му припаѓа нашата инсти­ туција.

1. ВИЗИЈА

Ф ­

Факултет препознатлив по својата традиција;

И ­

иновативноста и иницијативноста како дви­ жечка сила;

Л ­ О ­ Л ­ О ­ Ш ­ К ­ И ­

лингвистички центар во регионални рамки, конкурентен и атрактивен во европскиот образовен простор; осовременување и модернизирање на постој­ ните програми и воведување нови;

локален и регионален центар за изучување на националните, регионалните и светските јази­ ци по најсовремени методи и стандарди; оспособување на студентите со квалификации преку кои ќе ги пронајдат најдобрите образов­ ни патеки; широка палета на можности за студирање и за континуирано усовршување;

креативност, квалитет и ефикасност во наста­ вата;

исполнување на различните мисии во општес­ твото засновано на знаење.

2. НАСТАВНА ДЕЈНОСТ

Наставата е основната дејност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, а во реализа­ цијата на оваа дејност еднакви партнери се наставниот кадар и студентите. Партнерство кое треба да се за­ снова на доверба, соработка и заемно почитување на различностите во образовниот систем. Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, и покрај конкуренцијата, сè уште важи за нај­ компетентна установа за продуцирање солиден кадар во областа на филологијата. Оттаму, задржувањето и подигнувањето на квалитетот на наставата се поста­ Универзитетски весник бр. 1 33

вува како предизвик со оглед на квотите што се нало­ жени со уписната политика. Во таа насока, креирањето услови за висококвалитетно изведување на наставата и подигнување на квалитетот на наставата ќе се реализира преку: ­ подетална анализа за примената на студиските програми по принцип на модуларност и осовре­ менување на наставните планови и програми врз основа на опстојни анализи, кои ќе ги вклучат мислењата на професорите, на вработените со наставно­стручно звање, на соработниците, на студентите, на дипломираните студенти и на дел од работодавачите, каде што работат нашите ди­ пломирани студенти; ­ надминување на просторниот проблем преку ра­ ционализација на наставата и со подобра органи­ зација на распоредот со јасни принципи за дефи­ нирање на групите и на термините; ­ обезбедување на квалитетот на наставата преку наградување и стимулирање на професорите, на вработените со наставно­стручно звање, на сора­ ботниците, за иновација во наставата, преку пот­ тикнување на креативноста и тимскиот дух на сту­ дентите, кои ќе ги презентираат своите достиг­ нувања во рамките на Факултетот и надвор од него; ­ овозможување педагошка обука на младиот нас­ тавен кадар во насока на осовременување на нас­ тавниот процес со посебен осврт на образовните резултати; ­ опремување на просторот и набавка на средства и опрема за современа настава. Секој наставник (редовен и вонреден професор, а потоа доцентите и соработниците) би требало да биде опремен со преносен компјутер (note­book), како неопходно помагало за подготовка и за изведување на наста­ вата; ­ поголема динамика во однос на внатрешната евалуација на Факултетот; ­ обезбедување мудл (moodle) платформа за интер­ активна настава, за којашто веќе има обучен кадар на Факултетот; ­ обезбедување на квалитетот на наставата со сле­ дење на успешноста на студентите во совладува­ њето на знаењата предвидени со предметните програми, преку следење на должината на студи­ рањето за секој студент, преку анкетирање на дипломираните студенти, преку следење на кари­ ерата на дипломираните студенти. Филолошкиот факултет ќе води активна уписна по­ литика преку континуирана презентација на програ­ мите и можностите за студирање бидејќи бројноста на студентите е битен услов од кој зависи функциони­ рањето на наставата. Во последните три години, по­ ради нееднаквите квоти за упис на студиските програ­ ми се појави проблем во функционирањето на некои катедри каде што се запишаа голем број студенти (англиски јазик и книжевност, превод и толкување, италијански јазик и книжевност), а за сметка на тоа, кај некои студиски програми бројот на запишани сту­ денти забележително опадна. За жал, во втората група се најдоа студиските про­ грами по македонски јазик и по македонска книжев­ ност и јужнословенски книжевности, кои се најстарите катедри на Факултетот и се со најдолга традиција. Катедрите треба поинтегрирано да дејствуваат во на­ сока на анимирање на студентите од двете катедри

13


преку различни активности, како што се: македонис­ тичките вечери, студентски работилници на теми од областа на македонистиката, теренска настава од зедничките предмети и сл. Факт е дека за надмину­ вање на ваквата состојба треба и заедничка акција на сите институции поврзани со македонистиката и промовирање на проблемот на сите нивоа. Факултетот преку Универзитетот со сите можни средства ќе се залага за почитување на предложените квоти од страна на соодветните катедри и ќе врши еднаква презентација и популаризација на студиските програми, со цел запознавање на идните студенти со сите услови и можности на студиските програми. По­ крај тоа, сите идеи и активности за понуда на нови студиски програми со кои ќе бидеме конкурентни на пазарот на високото образование ќе имаат безрезервна поддршка од страна на Деканатот. Неопходна е изработка на додатокот на дипломата (Diploma Supplement), како инструмент на болоњскиот процес. Дел од факултетите веќе почнаа со негова примена, но ваквиот документ треба да е стандарди­ зиран на ниво на Универзитетот, да е соодветен за европскиот образовен простор и да е јасен за пазарот на трудот. За сите активности неопходна е тесна соработка со Ректоратот за отворените прашања кои се однесуваат на наставата и наставната дејност во насока на реали­ зација на активностите од страна на Ректоратот, со заемно почитување на правата и обврските. Новиот систем на студирање наметнува дополнува­ ње и измени на правилата на студирање во согласност со Законот за високото образование и со Статутот на УКИМ во однос на паралелното студирање, регулира­ ње на дополагањето на втор изборен модул (потпро­ грама) по дипломирањето, и можноста за запишување група изборни предмети (втор) модул за студенти од другите факултети. Со регулирање на овие можности ќе се отвори простор за проширување на дејноста на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во насока на популаризирање и на овој вид студии и ќе се овозможи проширување на наставната дејност. Согласно со измените во Законот за високото обра­ зование и наставните планови, практичната настава треба да добие институционална форма, преку потпи­ шување договори со институции од граѓанскиот и од невладиниот сектор кои се заинтересирани за овој вид соработка. На тој начин би се оформила група поддр­ жувачи и партнери на Факултетот, кои би ги отвориле можностите за практично оспособување на студентите. Ќе се поттикнува теренска настава за програмите каде што има потреба од ваква дејност, со што ќе се овозможи практицирање на истражувачката дејност. Ќе се поттикнува организирање на предавања („клиничка настава“) за студентите од страна на истакнати експерти од јавниот и од приватниот сектор, од земјата и од странство. Ваквата настава се одржу­ ваше по некои предмети и во последните две години и наиде на позитивен прием од страна на студентите како иновација во наставата. Во соработка со Студентскиот парламент ќе се фор­ мира Центар за кариера (и негово поврзување со Кан­ целаријата за кариера при УКИМ), кој интензивно ќе работи во следниве насоки: ­ изнаоѓање можности за усовршување на студен­ тите во универзитетски центри надвор од Репуб­ лика Македонија, користејќи ги можностите за размена, преку потранспарентно информирање за програмите за мобилност од страна на инсти­

14

туционалните координатори и преку вклучување на студентите од Факултетот во Мрежата на Еразмус­студенти; ­ вклучување во он­лајн европската академска мрежа за промовирање на соработката и разме­ ната меѓу студентите, истражувачите и настав­ ничкиот кадар; ­ привлекување нови студенти, нивно соодветно информирање, прифаќање, советување и помош при изборот на студиските програми на Факул­ тетот, преку активна поврзаност меѓу средното и високото образование. Со анализите на уписите во однос на бројот на запишаните студенти по општини и по средни училишта ќе се определу­ ваат целните групи каде што ќе се насочат актив­ ностите за промовирање на можностите за студи­ рање на Факултетот; ­ организирање дополнителни курсеви, тренинзи, обуки, работилници (континуирано учење и усо­ вршување) за веќе завршените студенти, кои имаат потреба од дополнување на знаењата со нови научни и практични достигнувања. Совре­ мените општества ја менуваат позицијата на уни­ верзитетите, факултетите, истражувачките центри во однос на граѓанскиот и на стопанскиот сектор, па оттаму треба да се овозможи пристап до новото знаење преку развивање на овој вид апликативна дејност во рамките на Факултетот. Тој треба да ја искористи креативноста преку интегрирање на неформалното во формалното образование и на дипломците кои се стекнале со вештини и знаења од образовниот процес, а им недостасуваат по­ требните лични вештини и способности, да им понуди континуирано образование. Ваквите ак­ тивности овозможуваат и подобрување на аплика­ тивната дејност на Факултетот во насока на подо­ брување на финансиската состојба, како и зголе­ мување на мотивираноста на вработените за пого­ лем ангажман во овој вид настава, користејќи ги законските можности за дополнителни дејности; ­ поврзување со веќе дипломираните студенти и создавање база (мрежа) на податоци за нивно вработување – создавање алумни (поддржувачи) на Филолошкиот факултет „Блажe Конески“ во Скопје при УКИМ. Во рамките на првиот циклус студии (додиплом­ ски студии) ќе се работи на: ­ систем на евалуација за атрактивноста на студи­ ските програми, според бројот на запишаните и бројот на дипломираните студенти, со што ќе се овозможи проценка за потребите за нивна про­ мена; ­ искористување различни институционални моде­ ли за воведување флексибилни студиски програ­ ми кои ќе можат да одговорат на сите измени предвидени со законските рамки и ќе им овозмо­ жат на студентите продолжување на високото образование на начин кој најдобро им одговара на нивните потреби; ­ интердисциплинарност во студиските програми, со учество на два или повеќе факултети. Ваквите студиски програми се веќе акредитирани кај не­ кои студиски програми од втор и трет циклус, но недостасува ваквиот пристап и во рамките на првиот циклус студии, каде што има најголем број студенти. Во подготовка се заеднички студиски програми за прв циклус студии – модуларни сту­ дии во соработка со два института на Филозоф­ Универзитетски весник бр. 1 33


скиот факултет, а во понатамошната фаза ќе се разгледаат можностите за заеднички студиски програми и со други факултети со сродна дејност. Ваквите заложби се во духот на Декларацијата на студентската конференција на UNICA (Network of Universiteties from the Capitals of Europe), одржана на 25 септември 2010 година во Рим, Италија; ­ задржување на можноста за функционирање на поголем број изборни предмети со што ќе се овоз­ можи студентите сами да го креираат својот про­ фил, во зависност од своите афинитети и потреби; ­ ќе се поедностави процесот на признавање студии и курсеви на ниво на Факултетот со што ќе се зго­ леми мобилноста, при што барањата на студентот се ставаат во центарот на наставната програма и на целиот образовен процес. Со оглед на досегаш­ ните искуства во однос на реализацијата на Ераз­ мус­програмата, на ниво на Универзитетот, Фило­ лошкиот факултет се посочува како најдобар при­ мер во однос на администрирањето на мобилноста и во однос на заверката на семестри, признава­ њето на предметите и префрлувањето на креди­ тите. Во рамките на вториот циклус (магистерски сту­ дии) ќе се работи на: ­ акредитирање нови студиски програми врз основа на потребите на пазарот, во соработка со други факултети и универзитети; ­ формирање база на податоци за одбранети маги­ стерски трудови на Филолошкиот факултет „Бла­ же Конески“ во Скопје при УКИМ; ­ формирање на стручна – консултативна комисија, составена од претседателите на одборите на пост­ дипломските студии и тројца истакнати професо­ ри, која ќе ги разгледува предлозите за темите на магистерските трудови и ќе ги предлага за усво­ јување пред одборите за постдипломските студии; ­ поведување постапка за издавање списание ­ збор­ ник каде што ќе се објавуваат апстрактите од одбранетите магистерски трудови. Во рамките на третиот циклус студии – доктор­ ски студии ќе се работи на: ­ интердисциплинарност и мултидисциплинарност на студиските програми во склоп на Школата за докторски студии на УКИМ. Идејата е со хармони­ зирање на докторските студии да се создаде един­ ствен истражувачки и образовен систем во Европа и да се подигне нивото на квалитетот во таа сфера.

3. НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКА ДЕЈНОСТ И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Недостатокот на буџетски средства за оваа дејност, слабите врски со други институции што се занимаваат со научноистражувачка дејност, како и недоволниот стручно ­ административен кадар за поддршка на оваа дејност, го забави развојот на оваа дејност на Факул­ тетот. Со оглед на фактот дека се подготвува Национална стратегија за научноистражувачка и развојна дејност во Република Македонија (2011­2020), со што ќе се создадат предуслови за нормално извршување и развој на научноистражувачката дејност, по усвојувањето, Факултетот преку соработка со Универзитетот активно ќе се вклучи со сите свои ресурси во искористување на сите законски рамки за обезбедување средства за оваа дејност. Универзитетски весник бр. 1 33

Неопходно е вклучување во меѓународните мрежи за соработка и работа на меѓународни проекти. Треба да се зајакне користењето на поволностите од заед­ ничката програма за мобилност BASILEUS III и Ераз­ мус Мундус Акција 2, во однос на студиски престои и можностите за соработка со партнерите. На тој начин ќе се зголеми интернационалната мобилност, разме­ ната на наставен кадар и на студенти, а и другите интернационални образовни активности ќе се инте­ грираат преку зголемен пристап и праведно учество. Ќе им се дава поддршка на наставниците и сора­ ботниците за учество на меѓународни собири, конфе­ ренции или конгреси преку фондови за таа намена, преку изнаоѓање можности за нови извори на сред­ ства, преку донации и работа на апликативни проекти. Ќе се поддржува организирањето научни собири, конференции и тематски форуми преку кои ќе се про­ мовираат научноистражувачките капацитети и ќе се афирмираат нашите истражувачки кадри. Треба да се искористи можноста за организирање летни истражу­ вачки школи што ќе работат на конкретни кратко­ рочни истражувачки проекти и ќе се финализираат со објавување на резултатите од ваквите истражувања. Ќе се разгледа можноста за зголемување на апли­ кациите за проектите во Министерството за образо­ вание и наука, Министерството за култура и во другите ресорни министерства. Неопходно е обезбедување средства преку интегра­ тивните фондови на Универзитетот, како и преку раз­ вивање и јакнење на соработката на апликативни про­ екти со јавниот и со приватниот сектор, со што Факул­ тетот реално и соодветно ќе се презентира како инте­ лектуален сервис од областа на филологијата. За полесно одвивање на научноистражувачката дејност ќе се овозможи институционален пристап до дигиталните библиотеки и перманентно обновување и осовременување на библиотечниот фонд. Билатералните договори за соработка, во кои е вклучен и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, треба да се искористат за развивање на научноистра­ жувачката дејност преку проекти од заеднички инте­ рес. За таа цел, нужно е потранспарентно и посеоп­ фатно презентирање на договорите на ниво на Факул­ тетот со што ќе се даде простор за вклучување на по­ голем број заинтересирани во нивната реализација.

4. ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ

Оваа дејност во минатиот период резултираше со голем број изданија, но факт е дека постои проблем во однос на нивната дистрибуција и продажба. Затоа, потребно е факултетските изданија да се испраќаат во разни академски и научни центри во земјата и во странство, при што ќе се промовираат нашите научно­ истражувачки резултати, а ќе се создаваат и поволни услови за размена на стручни и квалитетни монограф­ ски и периодични изданија, кои за наши услови се скапи за да се набавуваат. Истовремено ќе се создадат услови и за отворање факултетска книжарница за про­ дажба на изданијата, а со тоа ќе се овозможи тие да не стојат во депоата и нивниот пристап до студентите и до научните работници да стане понепосреден. Средства­ та од продажбата на изданијата ќе се инвестираат за проширување на програмата во издавачката дејност на Факултетот, како и за задоволителни хонорирања на авторите. Треба посериозно да се посвети внимание на поставување и утврдување на принципите во изда­

15


вачката дејност на Факултетот со изработка на акциски план во однос рангирање по приоритет на издавање. За оваа дејност ќе се користат и средства од државни­ те, универзитетските и од сопствените фондови и од интегративните средства од УКИМ. Покрај тоа ќе се работи и на: ­ покривање на трошоците и стимулирање на про­ фесорите, вработените со наставно­стручно звање, соработниците, за изработка на учебници, моно­ графии и учебни помагала, авторизирани мате­ ријали за испити, вежби, практикуми; ­ објавување рецензирани практикуми (вежби и из­ бор на текстови) на веб­страницата на Факултетот, кои ќе се користат за изведување вежби и прак­ тична настава, а студентите ќе можат да ги кори­ стат како авторизирани учебни помагала за изве­ дување практична настава за определени пред­ мети; ­ обезбедување електронски пристап до научните истражувања, објавените научни и стручни трудо­ ви од наставничкиот и соработничкиот кадар на Факултетот; ­ отворање факултетска книжарница за продажба на учебници, скрипти, практикуми, за реализа­ ција на наставата и на изданијата на Факултетот; ­ печатење на списанија и зборници од собири ор­ ганизирани на Факултетот; ­ електронски изданија на Годишниот зборник на Факултетот. Имајќи ги предвид современите технолошки и ко­ муникациски достигнувања на издавачката дејност во насока на „отворен пристап“, ќе се работи на објаву­ вање на електронски верзии на изданијата со што ќе се овозможи пристапност до поголем број корисници и изработка на портал на трудови од наставниот кадар на Филолошкиот факултет за да се има увид во публи­ кациите (за потесната и за пошироката јавност). Покрај тоа, ќе се работи на редовно објавување на веб­страницата за новонабавени книги и новодобиени, а преку членство во Македонските електронски биб­ лиотеки (МЕБ) ќе се обезбеди пристап до повеќе елек­ тронски бази на податоци за областите кои се од инте­ рес на Факултетот. Ретките и исклучително вредни книги од постар датум со кои располага Филолошкиот факултет „Бла­ же Конески“ ќе се чуваат под посебни услови, а дел од нив ќе дигитилизираат, ќе се пресликаат и ќе се уко­ ричат со што ќе се овозможи нивна достапност преку електронските или копираните верзии.

5. КАДРОВСКА ПОЛИТИКА

Една од најважните задачи во овој период ќе биде приемот на млади стручни кадри од кои ќе зависи ид­ нината на високообразовниот процес и реализацијата на студиските програми. Динамиката на вработување на нов кадар за секое испразнето место (по основ на пензионирање и по друг основ) не се почитува од страна на надлежните инсти­ туции, а да се ублажи лошата состојба во однос на кадровската екипираност, решението на овој проблем го согледуваме во две насоки: ­ преку поголеми напори и лобирање до соодвет­ ните државни институции кои се одговорни за вработувања да се обезбедат места за пополнување на дефицитарните кадри. За ваквата политика ќе се бараат согласности и поддршка од УКИМ, од Министерството за образование и наука и од Ми­

16

­

нистерството за финансии. Во оваа насока, неоп­ ходно е Деканатската управа да утврди листа на приоритети за реализација на кадровската поли­ тика; преку ангажирање на истакнати професори и стручњаци во наставата во сите циклуси на студи­ рање. Со оглед на досегашната практика и одржу­ вање на квалитетот на наставата, неопходно е формирање комисија која ќе селектира и ќе пред­ лага, до Наставно­научниот совет, стручњаци од практиката кои ќе учествуваат во изведувањето на наставата.

6. ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ

Во рамките на интегрираниот Универзитет се пра­ веа обиди да се изедначат платите на сите факултети – единици на УКИМ, но не можеше да се изнајде реше­ ние за заеднички правилник, па се остави на факул­ тетите да се приспособат кон генералната рамка што ја понуди Универзитетот. Факт е дека платите на универ­ зитетските професори заостануваат во општествениот и во јавниот статус со платите во однос на експертите во судските, здравствените и која и да е друга општес­ твена дејност. Неопходно е нагласено залагање за по­ дигање на јавниот статус на професорите во високото образование, како и за подобрување на нивните плати преку сите расположливи форми на влијание, во со­ работка со другите единици на УКИМ, со другите декани, преку Ректорската управа, Сенатот, како и иницирање на заеднички активности со другите клуч­ ни чинители (Интеруниверзитетската конференција, Министерството за образование и наука, Владата на РМ) за подигање на општествениот статус на универ­ зитетските професори и нивно изедначување со екс­ пертите од другите области. Во овој период неопходни се сите иницијативи и потенцијали да се насочат кон актуализирање на овој проблем. Финансиите на Факултетот се остваруваат по две основи, од Буџетот на Република Македонија ­ буџет­ ска сметка 603 и буџетска сметка 788, на која се депо­ нираат сопствените приходи кои се остваруваат од партиципација, кофинансирање, од уплати на студен­ ти по разни основи и од апликативната дејност. Како институција од јавен карактер, финансиското работење се заснова на детално изготвени планови за користење на средствата од сопствените приходи, согласно со принципите на трезорското работење. Во рамките на реализацијата на оваа програма ќе се во­ веде практика за транспарентно образложување на сите приходи и расходи пред Деканатската управа. Интензивно ќе се работи на можностите за зголе­ мување на платите на вработените, со зголемување на приходите преку засилување на активностите за по­ качување на бројот на студентите на прв, втор и трет циклус студии, а истовремено и намалување на бројот на испишаните студенти, кои се префрлаат на други факултети; преку рационализирање на наставата; пре­ ку зголемување на бројот на националните и меѓуна­ родните проекти, привлекување на донации и спон­ зорства од институции и компании. Ќе се работи во насока на комерцијализирање на експертски и струч­ ни услуги, заеднички развојно­истражувачки проекти, консултантски услуги што може да ги даде Филоло­ шкиот факултет во рамките на законските одредби. Целокупната активност од овој вид на Факултетот ќе се одвива без бариери, со тимска иницијатива и со адми­ нистративна поддршка. Во таа насока неопходна е Универзитетски весник бр. 1 33


акредитацијата на сертификати за познавање на јазик (по примерот на ЦЕТИС­МАК), со што Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје при УКИМ ќе се издвои како единствена установа за издавање вакви сертификати на ниво на Република Македонија. Непаричните средства на Факултетот (простории, опрема, лаборатории) треба да се проценат и да се упо­ требуваат за активности надвор од наставата, како и за активности достапни за поширок круг заинтересирани преку економска рентабилност. Во таа насока треба да се искористи и можноста за комерцијализација на ра­ ботата на лабораториите – донација на Владата на Република Македонија, според нивните упатства. Покрај овие активности, неопходно е планско тро­ шење на сопствените средства и поголема контрола на приливите и расходите на Факултетот. Најитно е по­ требно софтверско поврзување на Службата на сту­ дентски прашања со Службата за финансово и смет­ ководствено работење, со што ќе се овозможи посис­ темско книговодствено работење преку поголема елек­ тронска контрола на уплатите на студентите, книжење по години и по студиски програми, со цел да се подо­ бри анализата на состојбите при уплатите. Финансискиот план треба да биде реален, со вклу­ чување на дефинирани фондови и стапки за планско трошење. Планот за инвестирање ќе се реализира главно од сопствени средства, наменети за капитални инве­ стиции (предвидени со најновите измени на Законот за високото образование), а ќе се реализираат капи­ тални инвестиции поврзани со компјутерските центри, лабораториите, опремување на кабинетите на профе­ сорите и опремување на библиотеките. Во соработка со Деканатската управа на Филозофскиот факултет, која ќе се одвива поинтензивно во однос на прашањата од заеднички интерес, ќе се работи на уредување на аула­ та, санирање на покривната конструкција, подобру­ вање на вентилацијата на Факултетот, поставување безбедносни камери, како и подобрување на осветлу­ вањето во и надвор од зградата. Посебно внимание ќе се посвети на одржувањето на хигиената и уредување­ то на просторот во Факултетот и надвор од него. Во соработка со Владата на РМ, со МОН и со Ректоратот ќе се работи на забрзување на реализацијата на проек­ тот за изградба на дополнителен објект, во кој ќе бидат сместени централна библиотека, училници и кабинети за професори. Се планираат и следниве активности за инвести­ рање: ­ ажурирање, надградување и редизајнирање на веб­страницата; ­ набавување на систем за оптичко прегледување на тестови; ­ поставување на ЛЦД­информативни монитори на неколку места во аулата, каде што ќе се објавуваат актуелни информации за студентите во врска со испитните сесии, роковите за заверка и упис на се­ местрите, распоредот на часовите и сл.; ­ воведување единствен интегриран информатички систем, односно мрежно поврзување на сите ка­ тедри со Деканатот, кој ќе овозможи подобрување на размената на информации битни за админи­ стративното работење и зголемена ажурност; ­ подобрување на комуникацијата на наставниот кадар, администрацијата и персоналот преку мо­ билна телефонија; ­ со оглед на условите за работа и неопходниот простор за одржување настава ќе се разгледа мож­ Универзитетски весник бр. 1 33

носта за адаптација на сала за професори, со што ќе се овозможи дополнителен простор кој ќе се користи за одбрана на дипломски трудови, одржување состаноци на одбори и на комисии и за други активности.

7. СТУДЕНТИ И СТУДЕНТСКА ОРГАНИЗАЦИЈА

Во изминатиов период, обележан со структурните промени во системот на високообразовната дејност, недостасуваше поврзаноста меѓу студентите и настав­ ниот кадар. Контактите се сведуваа на исполнување на обврските произлезени од студиските програми, на контакти при испити и при индивидуални консулта­ ции. Во процесите на примена на болоњските прин­ ципи, во активностите околу интегративните процеси, во подготовките на измените и дополнувањата на студиските програми во согласност со постојаните измени и дополнувања на Законот за високото обра­ зование, како да се подзаборави на студентите и на нивното мислење. Студентите се партнери и битен сегмент во образовниот процес, па оттаму мора да се споделат повеќе информации меѓу студентите и про­ фесорите, вработените со наставно­стручно звање и соработниците околу резултатите од примената на болоњскиот процес и за самиот систем. Студентското мислење мора да се земе предвид при креирањето на наставната дејност на Факултетот. Во последниве две години се интензивира соработката со студентскиот правобранител на Факултетот, а посебно со студент­ скиот правобранител на УКИМ во насока на решавање на проблемите поврзани со студентските права и обврски. Добрата соработка ќе продолжи и ќе се интензивира со цел превенирање на проблемите про­ излезени од нарушувањето на студентските права. Деканатот ќе дава поддршка и ќе ги поттикнува сите форми на студентско организирање и на актив­ ностите во однос на подобрување на нивниот стандард и за подигнување на квалитетот при нивното студи­ рање, на активностите и на манифестациите во нивна организација. Ќе се стимулира учеството на студентите во научноистражувачките проекти и ќе се мотивира презентацијата на постигнатите резултати. Неопходно е студентите да се вклучат во организи­ рање на собири, конференции и други активности на Факултетот. Ќе се поттикнува организирање на триби­ ни, тркалезни маси и дебати на кои ќе се канат гости од наставниот и соработничкиот кадар, како и од пен­ зионираните професори, и ќе се разработуваат актуел­ ни теми од интерес на студентите. Досегашната практика беше со исполнувањето на обврските предвидени со студиските програми во те­ кот на четири академски години, студентот да се стек­ не со соодветна диплома за завршени студии. Со ова, тој добива стручно звање и само една референца во неговата професионална биографија. Деканатот во таа насока ќе настојува на професио­ нален развој, преку организирање дополнителни обуки по барање на студентите, за подобрување на истражувачките, аналитичките и комуникациските вештини на студентите, надвор од редовниот наставен план. Ќе се изврши интегрирање на двата типа вешти­ ни преку подобрување на наставните методи кон при­ стапот насочен кон студентите, преку употреба на учење на даден проблем: пишување есеи, дискусии, работи во групи.

17


Покрај тоа, Деканатот ќе поттикнува и ќе работи на: ­ организирање дебатни средби меѓу студентите под менторство на наставниот кадар и ќе се воведат денови на дебата, каде што ќе се практикуваат реторските вештини на студентите; ­ стимулирање континуирана евалуација од страна на студентите на наставните практики, како и на останатите услови во кои се изведува наставата, на Службата за студентски прашања и на ЕКТС­ службата; ­ подобра информираност и транспарентност за сите сегменти од образовниот процес (наставните програми), режимот на студирање, распоред на часови, распоред на испити и сл.; ­ организирање совети на студиски програми кои ќе имаат средба со продеканот за настава двапати во семестарот и ќе разменуваат искуства во однос на реализацијата на студиските програми. Деканатот постојано ќе ги поттикнува студентите за отворен пристап кон проблемите и кон информациите и ќе стимулира секакви иницијативи во насока на подобрување на квалитетот на студирањето.

8. СТУДЕНТСКИ СЕРВИСИ

Службата за студентски прашања е еден од најваж­ ните сегменти за комуникацијата Факултет ­ студенти. Првиот и последниот контакт со службите на Факул­ тетот студентите го имаат преку Службата за студент­ ски прашања, при уписот на Факултетот и при издава­ њето уверение за дипломирање. Затоа, функциони­ рањето на оваа служба ќе се третира со највисок прио­ ритет и ќе и се посвети посебно сериозно внимание. Ќе се вложи напор поголемиот дел од потребните сервиси за студентите да бидат во електронска форма и да се сведе на минимум потребата студентот да доаѓа во Службата за студентски прашања. Сите активности ќе бидат во насока на заштедување на времето на студен­ тот за административни потреби и зголемена ефикас­ ност на службите. Во последните две години се работи на подготовки за примена на проектот iKnow (реали­ зација на софтверско решение на студентски инфор­ мациски систем). Во рамките на овој проект, Факул­ тетот активно учествуваше во обуката и во развојот на пилот­решението. Поголем дел од обврските кон про­ ектот се веќе реализирани преку ЕКТС­службата, а во системот се внесени податоците за студентите, настав­ ните планови, студиските програми и наставниот ка­ дар. За студентите по модуларниот систем веќе функ­ ционира и електронскиот индекс. Се прави напор од учебната 2012/2013 година, издавањето на потврдите и листите (уверенијата) за положени испити, форму­ ларите за пријавување на теми за дипломски труд и други документи комплетно да се врши преку iKnow системот по електонски пат, за да се скрати времето на чекање на формалните документи. За осовременување и унапредување на оваа Служба се предвидуваат интензивни обуки за нејзино усовр­ шување. Ќе се работи и на зајакнување на ЕКТС­службата и нејзино мрежно софтверско поврзување со ЕКТС­ко­ ординаторите на катедрите, со институционалниот ЕКТС­координатор и со продеканот за настава за побрз контакт во однос на решавање на проблемите на студентите.

18

Преку ЕКТС­службата ќе се понудат современи електронски сервиси за консултации и за контакти меѓу студентите и професорите.

9. СТРУЧНА СЛУЖБА

Споменатите промени во системот на студирање (прифаќањето на болоњскиот процес), интегративните процеси на УКИМ, како и измените во Законот за ви­ сокото образование резултираа со постојано усовршу­ вање и приспособување на професорите, вработените со наставно­стручно звање и соработниците кон нови­ те потреби. Ваквата динамика не беше соодветна и кај дел од административниот персонал кој не ги следеше тековните промени. Дел од стручните служби мошне бргу се приспособија кон промените и го понесоа најголемиот административен товар во реализацијата на обврските, затоа што беа принудени континуирано да ги следат и да ги применуваат постојаните законски одредби кои произлегуваа од измените во Законот за високото образование и од актите на УКИМ. Дел од службите заостанаа во процесите на преструктури­ рање. Оттаму се планираат активности во насока на преструктурирање, иновирање и усовршување на административно­техничките служби за да се вклучат во процесите. Од особен приоритет е организирање на современа и ефикасна служба за финансиско и мате­ ријално работење, како и служба за студентски сервис, кои претставуваат две битни алки во администрира­ њето на активностите на образовниот процес и вооп­ што на целокупната работа на Факултетот. И во овој случај ќе напоменеме за итна потреба од софтверско поврзување на овие две служби, со што ќе се овозможи интегрирано финансово и материјално работење и целосно оспособен електронски систем за проверка на уплатите на студентите по сите основи. Деканатот ќе води сметка за екипирање и соодвет­ но усовршување, за потребата од вработување на неопходни стучни профили за вршење администра­ тивни работи, за административна поддршка на нас­ тавниот кадар и за непречено одвивање на наставниот процес.

10. ПОЗИЦИЈА ВО РАМКИТЕ НА УКИМ И СОРАБОТКА СО ДРУГИТЕ ФАКУЛТЕТИ

Неопходно е Деканатот да се заложи за поактивно учество со свои претставници во телата на УКИМ, во проектите во организација на УКИМ и во разни уни­ верзитетски комисии. Деканатот преку Ректорската управа и преку двајцата свои претставници во Сенатот на Универзитетот ќе биде конструктивен фактор во решавањето на прашањата и проблемите од суштинска важност за развојот на Факултетот. Сенатот има важна позиција како орган на управување и стручен орган на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, па ќе се засили соработката со нашите сенатори, кои ќе треба поодго­ ворно да ги застапуваат интересите на Филолошкиот факултет во ова универзитетско тело. Ќе се интензивира соработката на Факултетот со другите факултети, како и со соодветните институции во насока на размена на искуства и сознанија во пра­ вец на промовирање на соработката, зајакнување на интеграцијата во рамките на УКИМ, како и споделува­ ње на искуствата во практиката во насока на успешно Универзитетски весник бр. 1 33


спроведување на реформите во рамките на импле­ ментацијата на ЕКТС.

11. ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ТЕЛАТА НА ФАКУЛТЕТОТ

Ќе се стимулира поефикасна и пофункционална работа на телата на Факултетот. Со оглед на досегаш­ ните искуства, поинтензивно ќе се работи на почиту­ вање на транспарентноста и на пофункционален пренос на информации. Деканатската управа, како орган на управување на Факултетот, покрај редовните седници на кои се реша­ ваат прашања од доменот на ингеренциите опреде­ лени со Статутот на УКИМ, ќе има навремени и транс­ парентни информации за сите битни прашања повр­ зани со дејностите на Факултетот. Транспарентноста ќе биде и вертикална, па сите информации од седниците на Деканатската управа ќе бидат презентирани преку раководителите до членовите на катедрите. Покрај донесувањето разни одлуки, Деканатската управа (составена од деканот, продеканите, раководителите на катедрите и претседателот на Студентскиот парла­

*

Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, во наведениот период ќе се обиде да одго­ вори на различните барања и потреби на врабо­ тените, на студентите и на општеството во целина преку кохерентен високообразовен систем, кој ќе се одразува преку транспарентна квалификациска рамка и преку примена на современите достигну­ вања во високообразовната дејност. Факултетот ќе се обиде да ги надмине проблемите со кои се соо­ чуваше во минатиот период, предизвикани од повеќе фактори и ќе се стреми кон активирање на сите кадровски потенцијали и креативни идеи во насока на градење на нов лик на Филолошкиот факултет. На поактивен начин ќе се пропагираат вредностите и достигнувањата на институцијата со обезбедување јасни, транспарентни и навремени информации за професорите, вработените со нас­ тавно­стручно звање, соработниците, студентите, Ректоратот, Министерството за образование при Владата на Република Македонија. Ќе се интензи­

*

мент) ќе има и тематски средби за креирање стратегија за развој на Факултетот. Наставно­научниот совет, како стручен орган, од гласачко тело треба да прерасне во конструктивен по­ лигон каде што ќе може да се сопостават и да се раз­ менат идеи и мислења во насока на одржување и подигање на квалитетот на наставниот кадар и каде што ќе се предлагаат насоки за унапредување на образовниот процес. Во рамките на дејноста на катедрите, треба да се стимулираат активностите, заедничките проекти, деј­ ностите поврзани со заедничкиот интерес на катед­ рите. Индивидуалните научноистражувачки постиг­ нувања на членовите на катедрите треба да бидат сос­ тавен дел од севкупната активност, а посебно внима­ ние треба да се посвети на колегијалниот однос и меѓусебното почитување. Во работата на катедрите ќе се стимулира и соработката со студентите од соодвет­ ните студиски програми. За подобар увид во работата на катедрите и членовите на катедрата ќе се воведе презентација на работата и на активностите во ака­ демската година пред Наставно­научниот совет, а под­ несените извештаи ќе бидат објавени на веб­страни­ цата на Факултетот.

*

вира соработката со Министерството за информа­ тичко општество и администрација и со Државниот просветен инспекторат во насока на превенирање на проблемите и навремено решавање на суштин­ ските прашања поврзани со функционирањето на Факултетот. Покрај тоа, потребно е и одржување врска со медиумите и со јавноста за да се обезбеди разбирање и поддршка за потребите и за активнос­ тите на Филолошкиот факултет и за креирање нов современ изглед. Оваа предлог­програма е остварлива со вклучу­ вање на сите субјекти битни за работата на Фило­ лошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзи­ тетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. За нејзина реализација е потребно: подобра соработка, меѓу­ себно разбирање и доверба, одговорност и профе­ сионалниост, транспарентност, отчетност, почиту­ вање на етичките принципи на однесувањето и доследна примена на Етичкиот кодекс на Универ­ зитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Проф. д‐р Александар Грчев, декан на Стоматолошкиот факултет

Р Е З УЛ ТАТ И В О О Т Е Ж Н АТ И УС Л О В И Н А РАБ О Т Е Њ Е Годишниот извештај на деканот, кој претставува негова законска обврска согласно со позитивната регу­ латива, дава не само генерален, но и конкретен увид во целокупното функционирање, работење и дејствување на Стоматолошкиот факултет во периодот од април 2011 до април 2012 година, земајќи ги притоа предвид како предвидените промени во регулативата која го опфаќа образованието, така и промените во окружува­ њето и односот со неговата наставна база, а во смисла Универзитетски весник бр. 1 33

на реализација и остварување на планот за развој на Факултетот, притоа придржувајќи се кон Предлог­ програмата за работата доставена од страна на дека­ нот при неговиот избор. Извештајот има за цел да ги прикаже вкупните реализирани активности и постигнати резултати во периодот кој е наведен, да го прикаже сето она што е постигнато и спроведено и има важност на фактор на

19


влијание, и остава печат во работата и животот на Фа­ култетот, кој својата функција и, истовремено, своето постоење ги остварува преку трите основни дејности: наставно­образовната, научноистражувачката и висо­ костручната апликативна здравствена дејност. Трите дејности што се вршат како единствена функционална целина како подрачја каде што Факултетот дејствува преку спроведување на образованието на студентите и обезбедување на континуирана едукација на кадарот се заемно врзани и неопходно испреплетени во своето реализирање, а што од друга страна претставува един­ ствен услов за она што значи напредок и успех на оваа високообразовна институција. Во услови на отежнато функционирање на системот на поврзаност на обра­ зовната и здравствената дејност поради фактот што трите дејности се остваруваат во две различни устано­ ви, Факултетот наоѓа начини да ја обезбеди функцио­ налната целина која е неопходна за поврзување на практичното и теоретското подрачје од студиските програми заради нивно одржување на високо квали­ тетно едукативно ниво. Сублимирано, во овој извештај се прикажани како постигнатите резултати на Факултетот, така и пробле­ мите што се појавуваат во текот на работењето. Целта на ваквиот приказ е да се укаже дека резултатите се постигнати во исклучително отежнати услови на рабо­ тење. Имено, во овој период Факултетот дејствуваше во променети услови во однос на минатата година, соочен со многубројни ограничувачки фактори кои во одредени сегменти влијаеја на попречувањето, но по­ ради вложените огромни напори не ја нарушија дина­ миката на реализација на поставените цели и задачи. Ограничувачките фактори посебно се однесуваат на новонастанатите проблеми во реализација на правата од работен однос на двојно вработениот кадар, немож­ ност избраниот кадар да заснова регуларен работен однос и забрана да се одржува настава во рамките на работното време, престанок на работниот однос на ка­ дар на Факултетот кој е вработен и во установата каде што се врши здравствена дејност, недостаток или за­ брана за користење на стоматолошки материјали од страна на студентите, попречување во реализација на предвидената практична настава и сл. Сепак, овие на­ ведени, но не единствени ограничувачки фактори се надминуваат со пронаоѓање на алтернативни решени­ ја во рамките на можностите и на прописите, кои во моментот создаваат услови наставата да продолжи по нејзиниот нормален тек, секогаш водејќи сметка за главната цел ­ да не биде нарушен интересот на сту­ дентите, како и нивното право на квалитетно спрове­ дена едукација. Во овој контекст ќе мора да се потенцираат пробле­ мите и недоразбирањата од сите можни аспекти со Универзитетскиот стоматолошки клинички центар ,,Св. Пантелејмон”, како недоразбирање во поглед на спроведување и почитување на одредбите од Спогод­ бата за уредување на начинот на вршење на трите деј­ ности и уредување на работниот однос на наставници­ те и соработниците и нејзините анекси, што секако влијае врз спроведувањето на целиот наставно­образо­ вен процес, односно врз спроведувањето на сите на­ ставни програми на Факултетот на сите степени и сите нивоа на студирање, вклучувајќи ги и специјализации­ те. Оптимистички гледано, во една идна перспектива, за Факултетот постои надеж дека овие недоразбирања со Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ би биле решени, бидејќи пробле­ мите не се иницирани и настанати од функционални или објективни околности, туку од човечки фактор кој мора да го сфати значењето на установата со која рако­ води, како и нејзината основна функција да врши

20

Во согласност со Законот за висо‐ кото образование и Статутот на Уни‐ верзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, обврска на деканите на фа‐ култетите е, најмалку еднаш во го‐ дината, до наставно‐научните совети и до ректорот на Универзитетот да поднесат извештај за својата работа. Во Универзитетски весник објавува‐ ме дел од извештаите за работа на деканите, кои по својата форма и содржина можат да бидат редак‐ тирани за оваа намена. Во овој број гo објавуваме извешта‐ јот за работата на деканот на Стома‐ толошкиот факултет, проф. д‐р Алек‐ сандар Грчев.

стоматолошка здравствена заштита и да биде настав­ ната база на Факултетот. Ова не претставува формули­ рана интенција на Факултетот, туку тоа е законски одредена обврска Клиничкиот центар да ја остварува и обезбедува функционалната поврзаност со Факулте­ тот, посебно во обезбедувањето на услови за непречено реализирање на струдиските програми на Стомато­ лошкиот факултет, со цел создавање на квалитетен стоматолошки кадар кој ќе биде способен за самостој­ но згрижување на пациентите, а произлезен од доско­ ро единствениот, првиот и најстар Стоматолошки фа­ култет во земјава. Реализацијата на вкупните активности, работење­ то, следењето и решавањето на задачите и проблемите, Факултетот ги остварува преку своите органи и тела, односно преку Наставно­научниот совет со своите избрани помошни тела (одбори и комисии), Дека­ натската управа и деканската гарнитура. Во периодот што го опфаќа овој извештај, во рам­ ките на работата на органите на Факултетот, одржани се неколку редовни седници на Наставно­научниот совет, повеќе седници на Деканатската управа, како и состаноци на помошните тела. Инаку, целокупното работење на Стоматолошкиот факултет во опфатениот период се презентира преку следниве сегменти: наставно­образовна дејност (до­ дипломски), која опфаќа три студиски програми, една на академско и две на стручно ниво; постдип­ ломски студии и докторски студии; научноистражу­ вачка дејност; континуирана едукација; издавачка дејност и техничко­технолошка опременост.

НАСТАВНО­ОБРАЗОВНА ДЕЈНОСТ

Додипломски студии Во април 2011 година се започнува со подготвката и објавувањето на Конкурсот за запишување на нови студенти во учебната 2011/2012 година на Универзите­ тот ,,Св. Кирил и Методиј”, односно на Стоматолошки­ от факултет. Уписната политика во извештајниот период се реа­ лизираше според истата методологија како и минатата година, согласно со севкупната позитивна законска и подзаконска регулитива, односно согласно со Законот за високото образование, Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв и втор циклус универзитетски студии на Уни­ верзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Владата на Република Македонија, во рамките на своите надлежности, донесе Одлука за бројот на сту­ Универзитетски весник бр. 1 33


денти кои се запишуваат на Универзитетот, како за оние чие образование се финансира од буџетот на РМ, така и за студентите кои студираат со самостојно под­ несување на трошоците одредувајќи го бројот на сту­ денти кои можат да се запишат на секоја од студиските програми. Владата на РМ донесува одлука и за дополнителни квоти за запишување на студенти ­ припадници на заедниците кои не се мнозинство во РМ. Со конкурсот беа регулирани следниве прашања: број на слободни места за запишување, критериуми и услови за запишување, времетраење на студиите, износ на средства за студирање, назив на студиската про­ грама, дополнителни квоти утврдени од Владата на Република Македонија, претходно завршено образова­ ние, постапка и рокови за пријавување и запишување, потребна документација на кандидатите. Според Конкурсот, на Факултетот беа запишани и студенти­странски државјани за што е надлежен Рек­ торатот на Универзитетот. Структурата на запишаните студенти укажува дека највисок процент се запишани ученици со одличен успех, а многу помал е процентот на ученици со многу добар и добар успех. За разлика од претходните годи­ ни, оваа учебна година бројот на пријавени кандидати за запишување на студиската програма за доктори по дентална медицина бележи благо намалување, додека расте интересот за запишување на студиската програ­ ма за стручни забни техничари во однос на студиската програма за стручни стоматолошки сестри како студии од високо стручно образование. Во согласност со Конкурсот на УКИМ, со Одлуката на Владата на Р. Македонија за бројот на студенти за запишување во прва година на државните универзи­ тети, на Факултетот бројот на студенти што е запишан во прва година во академската 2010/2011 година е и во согласност со капацитетот за кој високообразовната институција е акредитирана. Бројот на запишаните студенти во учебната 2011/ 2012 година, за сите три студиски програми од прв циклус студии на Стоматолошкиот факултет во Скопје е следен: на сите студиски програми и во сите квоти беа запишани вкупно 155 студенти, од кои 124 доктори по дентална медицина, 21 стручен забен техничар и 10 стручни стоматолошки сестри. Наставно­научниот совет на Стоматолошкиот фа­ култет, на својата редовна седница, едногласно го усвои Извештајот на деканот за запишување на сту­ денти во прва година на додипломски студии во учеб­ ната 2010/2011 година. И оваа учебна година, како и минатата, согласно со Одлуката на Владата, намален е износот на средствата за партиципирање и ��офинансирање на студиите оп­ што на сите факултети, па и на нашиот. Висината на партиципацијата, односно на средствата кои студенти­ те ги плаќаат на име школарина за оние што се запи­ шани во државната квота изнесува 200 евра, а за ко­ финансирање на студиите ­ 400 евра во денарска про­ тиввредност, што навистина е незамисливо за покри­ вање на трошоците за едукација на еден студент по стоматологија. Причината за нагласување на оваа со­ стојба е фактот што стоматологијата е скапа професија во светот, па и кај нас, во поглед на обезбедување мате­ ријали и средства за работа и едукација и нивно одржување, така што сегашната состојба не би можела да се толерира во иднина, затоа што нашата единстве­ на цел е создавање квалитетни кадри кои во иднина ќе бидат самостојни и способни да згрижат пациенти. Во досегашниот период, Стоматолошкиот факултет се стекна со конкретни искуства за суштинската издр­ жаност на едукативниот процесс, кои ја сугерираа по­ Универзитетски весник бр. 1 33

требата од промени и приспособувања на студиските програми пред сѐ кон успешна имплементација на бо­ лоњските принципи, од една страна, и континуирано­ то осовременување на студиите и нивно усогласување согласно со новиот ЗВО, од друга страна. Во учебната 2011/2012 година ја запишавме девет­ тата по ред генерација на студенти кои се запишувааат по кредит трансфер­системот, а втората генерација на студенти по најново изменетите студиски програми од прв циклус студии на Стоматолошкиот факултет. По­ следните измени на студиските програми мораа да бидат направени за да се усогласиме со новиот Закон за високото образование и вградувањето на препора­ ките од Болоњската декларација. Имено, традицио­ налната програма и традиционалниот метод на учење не се доволни за да се образува еден стоматолог ­ док­ тор по дентална медицина, забен техничар или струч­ на стоматолошка сестра, кои ќе можат да одговорат на денешните потреби на пазарот на трудот. Од овие при­ чини, новите студиски програми се карактеризираат со воведување на флексибилност во нив, интегрира­ ност на базичната биомедицинска и стоматолошка наука, како вертикално така и хоризонтално, каде што студентот е поставен во центарот на процесот на учење. Во изминатиот извештаен период, на Факултетот дипломираа 168 доктори по стоматологија, 38 стручни забни техничари и 5 стручни стоматолошки сестри, а вкупниот број на моментално активни студенти на Факултетот изнесува 683. Постдипломски студии Студиите од втор степен или постдипломските сту­ дии кои се организираат на Стоматолошкиот факултет имаат значајно место и претставуваат битен предуслов за кадровскиот развој на Факултетот, односно создава­ ње на научни и специјализирани кадри кои ќе ги следат најновите светски достигнувања во областа на стоматологијата, со што се овозможува врвна стомато­ лошка здравствена заштита, а со тоа и развој и афир­ мираност на македонската стоматолошка наука. Имплементацијата на Законот за високото образо­ вание и вградувањето на препораките на Болоњската декларација се основа за новата студиска програма за втор циклус на студии за магистри на стоматолошки науки на Стоматолошкиот факултет. Во овој контекст, Законот за високото образование, Статутот на Универ­ зитетот и Правилникот на Универзитетот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв и на втор циклус на студии на Стоматолошкиот факултет во Скопје доследно се спроведува. Оваа учебна година по втор пат на Конкурс за за­ пишување на студенти на втор циклус студии на сту­ диските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Ме­ тодиј” во учебната 2011/2012 година, којшто Универ­ зитетот го објавува како заеднички за сите факултети, е запишана нова генерација на студенти на постдип­ ломски студии на Стоматолошкиот факултет по новата студиска програма за втор циклус на студии која беше акредитирана во јануари 2010 година. По завршувањето на објавениот Конкурс беа запи­ шани вкупно 50 студенти на втор циклус студии на на­ шиот Факултет. Студиската програма е организирана како едного­ дишен курикулум, односно се реализира во два семе­ стра со вкупно 60 кредити, а наставата по сите предви­ дени предмети се изведува во рамките на еден семе­ стар. Во изминатиот период, Наставно­научниот совет на Факултетот прифати повеќе теми за изработка на

21


магистерски труд со потенцијал да бидат одбранети во иднина, а со научен степен ­ магистер на стоматолош­ ки науки се стекнаа вкупно 14 кандидати од претход­ ните учебни години. На Стоматолошкиот факултет во Скопје, покрај изведувањето на додипломиските и постдипломските студии согласно со Законот за високото образование, за дипломирани стоматолози се организираат и се спроведуваат специјализации и супспецијализации согласно со Законот за здравствена заштита. Во извештајниов период важно е да се напомене дека специјализациите согласно со новиот Закон за здравствена заштита претрпеа битни промени со цел подобрување на квалитетот на специјалистичките кад­ ри по завршувањето на специјализацијата и стекнува­ ње со стручен назив ­ специјалист, односно супспеци­ јалист. Од Министерството за здравство е донесена и објавена во Службен весник новата регулатива која ги опфаќа специјализациите, на која интензивно Факул­ тетот работеше и се обидуваше да влијае во смисла на подобрување на предложените решенија, почитувајки ги повисоките законски определби. Во оваа насока беа направени и соодветни промени на досегашните пла­ нови и програми за специјализации на Факултетот. Од објавувањето на последниот конкурс за прием на нови специјализанти во 2011 година, Факултетот во изминатиов период не распиша нов. Согласно со доне­ сениот Правилник од Министерството за здравство, услов за распишување конкурс за специјализации претставува претходна акредитација на ментори вра­ ботени во високообразовната установа. До Министер­ ството за здравство во континуитет се испраќаат листи на ментори кои се вработени на нашиот Факултет и кои ги исполнуваат сите други поединечни услови, но до денес повратен одговор нема. Согласно со оваа со­ стојба, Факултетот, за жал, не може да распишува нови конкурси за прием на специјализанти иако интересот за овој вид едукација е исклучително голем поради по­ ставените барања за стекнување со работна лиценца на дипломиран доктор по дентална медицина. Доколку не настанат измени во Законот за здравствена зашти­ та, состојбата на новодипломираните доктори ќе биде исклучително лоша, тие по дипломирањето и полага­ њето на стручниот испит се стекнуваат со основна ли­ ценца, бидејќи за да ги исполнат условите за стекну­ вање со работна лиценца, меѓу другото, дипломирани­ те треба да го задоволат и условот положен специјали­ стички испит. Заради поврзаноста на дејностите во оваа сфера, Факултетот и Стоматолошката комора пре­ земаа низа активности со цел укажување на слабостите кои постојат во сегашната регулатива кои, се надевам, во иднина ќе бидат земени предвид и ќе бидат навре­ мено разрешени. Специјализантите кои ги исполнија условите за полагање на специјалистички испит, го полагаа испи­ тот пред формирани комисии кои го вклучуваат и мен­ торот на специјализантот и се стекнаа со стручен назив ­ специјалист по соодветната област. Министерствово за здравство на РМ донесува по­ себна програма за потребите на државата од специја­ листички и супспецијалистички кадри, врз основа на која здравствените установи донесуваат програма за стручно усовршување, специјализација и супспеција­ лизација на здравствените работници вработени во установата. Во извештајниот период, согласно со програмата на Министерството за здравство за потребите на држава­ та не се запишани нови специјализанти.

22

НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКА ДЕЈНОСТ

Научноистражувачката дејност претставува зна­ чаен развоен фактор за секоја институција. Оттука, неопходно е сите заедно максимално да се ангажираме со цел да се стимулира и да се стави во функција на трансферот на нови знаења и технологии, во функција на максимален развој на стоматолошката наука, а от­ тука и нејзина апликативност во секојдневната стома­ толошка практика. Еден од основните фактори за реализација на мес­ тото и улогата на научноистражувачката дејност во рамките на вкупниот високообразовен процес претста­ вуваат финансиските средства издвоени или воопшто неиздвоени за оваа дејност, со што не се создаваат ни минимални услови за задоволување на основните по­ треби за остварување на нејзината функција како мо­ жен развоен фактор на стоматолошките дисциплини. Истовремено, во овој период, завршен е процесот на изготвување студиска програма за организирање на докторски студии како трет циклус на студии согласно со новиот Закон за високото образование, според кои се напушта досегашниот модел на стекнување научен степен ­ доктор на стоматолошки науки со пријавува­ ње и одбрана на докторска дисертација. Докторските студии на нашиот Универзитет се ор­ ганизирани во оддел за докторски студии со назив: Школа за докторски студии на Универзитетот ���Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а се реализираат од страна на факултетите при УКИМ. Со оглед на сериоз­ носта и значењето на докторските студии, тие се регу­ лирани за сите единици на Универзитетот со един­ ствени акти. Основни карактеристики на третиот цик­ лус студии се следниве: воведување коменторство со можност за институционална соработка, курсеви за стекнување на генерички знаења, како на пр. методо­ логија на истражување, пребарување на база на пода­ тоци, пишување на научни трудови и сл., организира­ ње работилници, семинари и симпозиуми за следење на напредувањето на докторандот. Докторските студии се координираат од Стручниот совет за докторски студии на УКИМ, формиран од страна на Универзитетскиот сенат. Универзитетскиот стручен совет се грижи за објавувањето на конкурсот за трет циклус студии на Универзитетот, ги коорди­ нира студиите и се грижи за нивниот квалитет. Студиската програма за докторски студии на Сто­ матолошкиот факултет е во траење од 3 години (шест семестри), со вкупно 180 кредити и опфаќа 4 модули, и тоа: протетика; превентивно­реставративна стомато­ логија и ортодонција; орална и максилофацијална хирургија и орална патологија и парадонтологија, со можност за признавање на 60 кредити и скратување на времето за студирање за оние што во моментот на упис на студиите имаат целосно оформено, односно завр­ шено постдопломски или втор циклус на студии. По усвојувањето на студиската програма за основа­ ње докторски студии (трет циклус студии) на Стомато­ лошкиот факултет од страна на Универзитетот досега беа распишани два конкурса за прием на кандидати на докторски студии на кои се покажа дека интересот за упис на докторски студии е исклучително голем. На двата конкурса беа примени кандидати кои ги испол­ нуваат условите според наведените прописи. По завршувањето на студиите од третиот циклус и одбраната на докторскиот труд, студентот се стекнува со научен степен: доктор на стоматолошки науки – протетика; доктор на стоматолошки науки – превен­ тивно­реставративна стоматологија и ортодонција; доктор на стоматолошки науки – орална и максилофа­ Универзитетски весник бр. 1 33


цијална хирургија; доктор на стоматолошки науки – орална патологија и пародонтологија. Досегашниот модел на стекнување научен степен ­ доктор на стоматолошки науки со пријавување и од­ брана на докторска дисертација за нови кандидати за­ врши со истекот на минатата година кога беше крајни­ от рок во кој евентуално заинтересирани можеа да поднесат пријава за изработка на докторска дисерта­ ција. Во рамките на предвидениот рок, 31.12.2011 годи­ на, повеќе кандидати поднесоа пријави, кои беа при­ фатени од Наставно­научниот совет на Факултетот по предлог од научниот одбор. Во изминатиов период, со научен степен – доктор на стоматолошки науки се стекнаа: д­р Соња Миндова, д­р Александар Димков, д­р Емилија Стефановска, д­р Кристина Митиќ, д­р Олга Кокочева, д­р Мери Павлеска, д­р Вера Стојано­ ва, д­р Стевица Ристевска, д­р Теута Пустина Красниќи и д­р Зана Агани. Во периодот на кој се однесува овој извештај, со жа­ лење морам да констатирам дека на Стоматолошкиот факултет во Скопје нема ниту еден научноистражу­ вачки проект одобрен и финансиран од Министерство­ то за образование и наука. Ова не значи дека нашиот кадар не е заинтересиран за научноистражувачка ра­ бота, од причина што имаат поднесено повеќе пријави за одобрување на проекти до ресорното Министерство, но тие не наидоа на одобрување. Од друга страна, на конкурс објавен од Универзите­ тот за финансирање на проекти од неговите интегра­ тивни функции, прифатен е еден проект на ас. д­р Ан­ тонио Кирков, кој во моментов е во фаза на реализа­ ција.

На 16.12.2011 се одржа семинар на тема Тераписка ефикасност и безбедност на Оралсепт, со 220 слу­ шатели, а сертификатот за учество носеше 12 бода. Факултетот остана доследен во неговата намера постојано и перманентно да организира различни форми на едукација неопходна за континуирано сле­ дење на новините во областа на стоматологијата. Цел­ та е преку овие форми на континуирана едукација да им се помогне на колегите ­ стоматолози, кои земаа пасивно учество на семинарите во разрешување на одредени професионални дилеми, да се создадат мож­ ности и услови за нивно натамошно континуирано едуцирање, односно лично стручно усовршување. Во мај 2011 година, во Охрид се одржа 18. Конгрес на студентите по стоматологија на Република Македо­ нија, на кој наши наставници и соработници земаа активно учество преку менторство на студентските те­ ми, преку свои презентации, како и со директно актив­ но учество во дискусијата по одредени студентски пре­ зентации.

Во рамките на континуираната едукација, Стома­ толошкиот факултет и понатаму организира предава­ ња и семинари за актуелните проблеми од одредени области во стоматологијата, имајќи го предвид и ин­ тердисциплинарниот приод на стоматолошката струка и наука. Континуираната стоматолошка едукација задолжи­ телно треба да ги опфати сите доктори ­ стоматолози во државата, со цел секој поединец да ги добие неоп­ ходните нови информации, како и да се мотивира активно да учествува во спречувањето на појавата на заболувањата во оралниот медиум. На овој начин, ми­ нималната ангажираност на поединецот ќе резултира во постигнување на максимални ефекти и остварување на целите на секој стоматолог за подобро орално здравје на нашето население. Можам слободно да истакнам дека во изминатиот период, Факултетот на оваа проблематика и отстапи поголем простор и ангажман, односно во овој период беа одржани повеќе стручни собири на кои како пре­ давачи се појавија истакнати стручњаци од земјата и од странство. Во овој период се одржаа неколку семинари, сим­ позиуми и предавања на актуелни теми. На 4.6.2011 година беше одржан семинар на тема: Современ прис­ тап на третманот во пародонталната болест во Скопје, со вкупно 5 предавачи. На него присуствуваа, со пасивно учество, 300 слушатели, а сертификатот за учество носеше 12 бода. На 10.12.2011 се одржа семинар на тема Функцио­ нално­естетска протетска рехабилитација, со исто така 5 предавачи, 250 слушатели, а сертификатот за учество носеше 12 бода. На 13.12.2011 се одржа предавање на тема Естетски композитни ламинати, со 70 слушатели, а сертифика­ тот за учество носеше 8 бода.

Изминатиот период го одбележа напорот на Фа­ култетот да го доопреми и осовремени Компјутерскиот центар за компјутерска проверка на знаење на студен­ тите по стоматологија, од причина што досегашната практика покажа дека овој начин на проверка се по­ кажа доста добар и студентите веќе го прифатија. Во извештајниот период, за разлика од претходните го­ дини, Факултетот мораше да започне, а сега и да про­ должи со обезбедување на средства и опрема неопход­ ни за едукација на студентите поради надминување на проблемите поврзани со недостиг на стоматолошки материјали и опрема. Стоматолошкиот факултет во овој период изработи нова веб­страница на македон­ ски и на англиски јазик, наменета за сите оние на кои Стоматолошкиот факултет им е предизвик за студира­ ње, за веќе запишаните студенти на Факултетот со можности за добивање информации за наставните програми, уписи, конкурси, наставен кадар, органи на Факултетот, постдипломски и докторски студии, од­ брани на магистерски и докторски студии и сл. Факул­ тетот минатата година доби пристап кон новата апли­ кација која претставува електронски студентски сервис воедначен за сите единици на Универзитетот, а која произлезе од законските обврски за воведување на електронски индекс и електронско евидентирање на посетата на наставата. Во иднина би требало да се соз­ даде можност за реализација на обврските за воспос­ тавување на систем за електронско евидентирање на посетата на наставата. Тежината на реализацијата на овие активности потекнува од фактот што наставата на Факултетот се одржува на неговите наставни бази кои се посебни здравствени установи, па затоа е потребно и одобрение од нивното раководство.

КОНТИНУИРАНА ЕДУКАЦИЈА

Универзитетски весник бр. 1 33

ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ

Факултетот, во рамките на издавачката дејност, го продолжи процесот на издавање на стручното списа­ ние наменето за колегите ­ стоматолози, Македонски стоматолошки преглед. Во таа смисла беа отпечатени 3 изданија на списанието, од кои сите три двоброја со голем број на трудови кои третираат теми од сите области на стоматологијата. Освен тоа, списанието се преуреди од еднојазично во двојазично на македонски и англиски јазик, со нов уредувачки одбор.

ТЕХНИЧКО ­ ТЕХНОЛОШКА ОПРЕМЕНОСТ

23


Универ зитет „Св. Кирил и Методиј “ бул. Гоце Делчев бр. 9, 1 000 Скопје, Македонија : +389 2 3 293 293 : +389 2 3 293 202 : ukim@ukim.edu.mk : www.ukim.edu.mk


Univerzitetski Vesnik br. 133